build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Poll Question: Дали треба да се реконструира објекто
Poll Choice Votes Poll Statistics
47 [94.00%]
3 [6.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица
    Posted: 10-Oct-2011 at 08:08
09.10.2011, 21:20

Ќе добие ли Скопје музеј за 26 Јули?

Нов објект или нова постановка за предземјотресно Скопје

Старата железничка станица или делови од неа е можно да се трансформираат во посебен музеј на 26 јули. Според она што се зборува, предвидено е ревитализација на старата железничка станица, каде што, наводно, би требало да бидат сместени експонатите што се зачувани уште од времето на земјотресот, а се уникатни.

Од Музејот на град Скопје ги демантираат овие информации, кои ги оценуваат како шпекулации, но потврдија дека, сепак, наголемо се размислува како да бидат изложени материјалите што се чуваат во музејскиот објект. Она што го потврдуваат е дека, најверојатно, тие експонати ќе бидат дел од нова, постојана музејска поставка, која ќе биде поставена во самиот музеј, а не во посебен објект надвор од музејот.

„Кај нас се чуваат делови од железниот лустер што е зачуван од времето на земјотресот, а стоел во железничката станица, како и еден од часовниците. Во моментов се размислува како тие да бидат изложени, за што има повеќе идеи“, велат во Музејот на град Скопје.

Нашите соговорници негираат дека постојат идеи за посебен музеј, туку, најверојатно, предметите ќе бидат дел од постојана музејска поставка во рамките на музејот, поточно на источната страна, каде што се лоцирани и буквите на Тито. Просторот на источната страна, како што објаснуваат надлежните, е подновен и сега се размислува како најрационално да се искористи бидејќи е празен. Според нив, експонатите што би биле изложени, а ќе потсетуваат на времето од земјотресот, ќе бидат поделени во неколку фази, опфаќајќи го предземјотресно и постземјотресно Скопје, за што тврдат дека не им е потребен многу голем простор бидејќи се работи за макети што не заземаат голем простор. Но, во никој случај, велат тие, не може да се менува стариот дел од Старата железничка станица од надворешната страна бидејќи е споменик на културата од втора категорија.

Во Општина Центар не сакаа да коментираат што е предвидено да се гради на местото на Старата железничка станица и дали, евентуално, таму е предвидено да никне музеј. Само не' упатија на деталниот урбанистички план. „За Деталниот урбанистички план Стара железничка станица е почната процедура за донесување, усвојување. Тој е објавен на веб-страницата на Општина Центар, каде што може да го погледнете и да видите што е предвидено на посочената локација за која прашувате“, гласеше официјалниот одговор од општина Центар. Сепак, од ДУП Стара железничка станица не може да се види многу, освен дека за просторот околу старата станица е предвидено да биде површина наменета за културата.

„Утрински весник“ веќе објави дека во последната верзија на Деталниот урбанистички план за овој простор се предвидува обнова и развој на разрушениот дел на Старата железничка станица, кој, практично, е планиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс што треба да се гради на просторот меѓу Музејот на град Скопје и „Рамстор“. (Ж.Х.З.-Д.Т)

Статијата е прочитана 216 пати.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=3BF2375218EADA4099B6925F2A282CB6
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3761
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Oct-2011 at 08:18
Definitivno  sum protiv obnova na starata Zeleznica!Taa treba taka da ostane, da se vidi sto se slucuvalo. Toa go custvuvas koga ja gledas starata zeleznica! Ako ja pod ili nagradat(kako i da e) togas definitivno kje izgubime nesto sto e znacajno za ovaj grad. Da se renovira fasadata i vnatresnite prostorii (BEZ DA GO SMENAT NADVORESNIOT LI) togas ajde, zosto da ne. Se pocesto zabelezuvam deka se unistuvaat simbolite na Skopje, eve primer Kale ili pak namesto kameniot most, od drugata godina kje bide mostot oko simbolot na skopje(a ziti se kakva istorija ima mostot oko? hahaha da, se gradel vo 2010Crazy )
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Oct-2011 at 12:39
PreviousПа дај да не градиме ништо ново и да не ги обновуваме работите што веќе ги имаме, ако не. Одамна подржувам изградба или обнова како сакате на Старата Железничка станица во нејзината првобитна, целосна форма, како пред земјотресот. Дури бев за тоа тука да се смести и градската управа на град Скопје. Мислам дека таква идеја имаше и од Пенов, но не е битно. Ако се обнови, сто посто некој нема да заборави што се случувало, а ако не знае си има и видео записи и фотографии, како сведоштва на едно време и настан.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Oct-2011 at 13:26
Јас би прифатил да се додаде стаклена/метална конструкција.
Така би се гледал стариот дел а сепак би бил заштитен.
Со тоа и ќе се зачува меморијата за музијот (ќе си ја исполнува функцијата) а и ќе може да се заштити.

Сепак ова прашање мислам дека Скопјани треба сами да си го решат.
Навистина сентименталноста кон овој објект го имаат скопјани и тие треба да кажат „да“ или „не“ или пак до кој степен ќе се обнови/реновира/реставрира...
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3761
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Oct-2011 at 14:01
Originally posted by StreetStruck

PreviousПа дај да не градиме ништо ново и да не ги обновуваме работите што веќе ги имаме, ако не. Одамна подржувам изградба или обнова како сакате на Старата Железничка станица во нејзината првобитна, целосна форма, како пред земјотресот. Дури бев за тоа тука да се смести и градската управа на град Скопје. Мислам дека таква идеја имаше и од Пенов, но не е битно. Ако се обнови, сто посто некој нема да заборави што се случувало, а ако не знае си има и видео записи и фотографии, како сведоштва на едно време и настан.


Slikata ne mozes da ja meris so objekt sto mozes da go gledas na zivo.....
Jas sepak mislam deka kje se pravi golema greska ako se cepka muzejot!
Eve jas primer do sega sum bil nekolku pati so drugari i stranci vo Skopje prvoto sto kje prasat e, sto se slucilo so zgradava? A najinteresno i e kako ostanal casovnikot i SAMIOT MUZEJ (znaci interesno e sto mozat da go vidat muzejot vo orginalen izgled posle zemjotresot)
Sto deka kje ima nadgradba itn? Togas kje ima samo fantazii namesto tuka vednas da se vidi kako bilo....STETA navistina...


Edited by my Macedonia - 10-Oct-2011 at 14:01
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Oct-2011 at 16:14
Previous Очигледно имаме различни "фантазии". Сакале ние или неќеле мора да се извршат градежни зафати бидејќи во скоро време ќе почнат да се расцепуваат глави од паднати блокови од Музејот. И на крај да се вратам за "фантазиите". Мене ќе ми било многу помило, ако ја видам старата железничка станица во својот целосен сјај, како во некое минато време, отколку ваква каква што е. Целото место околу ја покажува само неумешноста да се изведе тоа што се сакало, а тоа е да се долови ефектот што го имал земјотресот, бидејќи околината е запуштена и оставена на забот од времето. И сигурен сум дека доколку се обновува, ќе се замешаат доста професионални кадри кои би можеле и да ја оживеат Железничката, а од друга страна да остане како потсетник за катастрофата. Сепак Железничката била еден од помонументалните и поубавите објекти во Скопје.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Oct-2011 at 16:59
 И ја сум да се врати железничката станица како што си беше од пред земјотресот, без разлика што ке ја пренаменат, само да биде квалитетно и автентично изработено.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Oct-2011 at 17:23
Дефинитивно треба да му се даде функција на тоа место и објект.
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Oct-2011 at 19:53
Не можам да разберам неколку работи.

Јас не се мешам нападно во активностите за други градови, како Кичево, Битола, Охрид и сл... каде што не живеам, би можел само да кажам што би ми се допаѓало или не (а не категорично да тврдам што чини или не). Но да не терам друг муабет сега ...

Музејов да се обнови бидејки и онака целиот простор сега е за никаде, несреден, а мислам дека би можел да се обнови во истата форма и градба, но со поразличен материјал во боја да речеме (бар во друга нијанса), со што би се потенцирало дека тој дел би срушен во земјотресот. Секако дека идејава е сааатот да си остане каков што е, како и делот кој го преживеал земјотресот.

И откако ќе се реновира повторно, објектот ќе биде еден од поубавите не само во Скопје, туку и пошироко.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 10-Oct-2011 at 20:26
можеби ќе ви звучи чудно но Јас немам став дали да се реконструира старата железничка или да остане како споменик на една трагедија.Би оставил поупатени на вакви теми да предложат решение.Не се сметам компетентен за коментирање на културни објекти со ваква или слична судбина/историја.Треба историчари,културни дејци, археолози и архитекти да кажат каква е положбата на вакви објекти во светот и да се размисли што да се прави понатака
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3761
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Oct-2011 at 20:50
Gorco daj ne preteraj so gradovite, ista drzava e, a deka se mesam za Skopje, toa moja rabota e...
Gjoko ti si vo pravo, no sigurno znes deka arhiolozite, arhitektite itn. kje kazat toa sto im se dopagja na nekomu....
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Oct-2011 at 21:06
да ,ама сигурно знаат повеќе од мене на таа тема,едноставно не би се осудил нешто да тврдам,вака треба-вака не треба
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Oct-2011 at 22:33
Јас ќе се надоврзам на предходно кажаното од СтритСтрак, Митатос, Хуго, Горчо итн. Сметам дека треба да се реконструира објектот, но предходно да се отстранат сите статички ризични делови, зашто тамо до скоро висе, ако не сеуште, бетонски блокови на парче арматура. Реконструкцијата треба да биде или афтентична или па ултра модерна но под услов строго да го следи габаритот. Симболика дека објектот предходно бил разрушен мора да се запази,а ко е афтентичен тоа потешко би одело, додека модернизам само по себе тоа ќе го отцрта. Дури и еднаш предходно преложив, сега незнам каде е таа монтажа, може да се менува ширината и немора да ја следи истата онаа што била предземјотресот и тоа преку задржување на стилот со варирање во бројот на столбовите во средина. Исто и да се запази можноста во иднина оваа железничка станица да и се врати и функцијата како идна лрт/метро станица.

Горчо те молам да не ги дискредитраме соговорниците по ниеден основ, најмалку по место на живеење, сообено што се работи за главен град кој е сопственост на сите граѓани. Да не треба после да се заплеткуваме и да бришеме постови, молам да прекратиме со таа дискусија.

Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Oct-2011 at 00:38
Originally posted by lslcrew

Исто и да се запази можноста во иднина оваа железничка станица да и се врати и функцијата како идна лрт/метро станица.


Сакав и ја истово да го пишам прееска и добро што го пиша за да се покрене здрава дискусија. Имено Старата Железничка е позиционирана идеално и како да била проектирана за денешниов град, за сегашново време (што и не се сомневам дека некој мислел малку повеќе од денес). Ако архитектите и планерите во градов кои би работеле на проектов имаат визија, дефинитивно треба да и ја вратат функцијата, заради иднината на Скопје како град со огромен потенцијал. Со самото реализирање на Јужен Булевар (дај Боже што поскоро да се изгради, но како и да е самиот развој на градов ја наметнува изградбата, независно од времето), ќе се види значењето на првобитната и оригиналната функција на железничката станица.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Oct-2011 at 15:35
themac3donian bas se soglasuvam treba da se sredi stariov del ama da se naprai nov-star del od staklo metal ili nesto taka...!
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 12-Oct-2011 at 09:42
Мило ми е што највеќето се со став за реконструкција на овој објект.

Секако дека истиот ми можел да се комбинира и како ЛРТ станица во долниот заден дел или подрумот (доколку се направи Јужен Бул. за едно 50 години), додека во најголем дел другиот дел треба да биде Музеј на Град Скопје.

Под идејава за реконструкци, подразбирам дека делот кој не беше срушен ќе остане каков што е, вклучувајки го и часовникот.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 714
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Oct-2011 at 13:45
Не е лошо и делот што би се реновирал да биди музеј на железницата во Македонија
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11886
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-Oct-2011 at 20:41


За таква работа е потребна пруга до просторот каде што ќе бидат експонатите од возниот парк. Еве го предлогот на Vladimir_P:
http://mz-rail.atwebpages.com/museum/museum.html

Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 31-Oct-2011 at 22:28

Денеска случајно на ова налетав:


Проектов е од 2004 та година.

Автори:

prof. Boris Cipan
Miodrag Radonjic - Bato
Ranco Hristov

Повеке инфо на  http://www.ajvarhrrm.com.mk/pro/pr109/pr1.html

Мене ми се допаѓа проектов.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Oct-2011 at 22:49
Мене ич не ми се допага ,ја губи автентичноста.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.