build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вистината за Велес и велешката топилница !

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Вистината за Велес и велешката топилница !
    Posted: 01-Sep-2011 at 17:02
Ќе проработи ли велешка Топилница?
01 септември 2011   15:56 GMT

Скопската компанија „Метрудхем" која во 2009 година ја купи велешката топилница МХК Злетово за утре најави презентација на наодите од „Студијата за оцена на влијанието врз животната средина".

 

На презентацијата на која треба да бидат присутни управителот на компанијата Тони Димитриоски и советникот за технички прашања, Васил Саздов најверојатно ќе биде отворено и прашањето дали топилницата ќе почне со работа.

 

Понудата од два 2,25 милиони евра на скопската компанија ја одобри швајцарската фирма „Минеко", која е најголемиот доверител на МХК „Злетово", во чиј состав е топилницата.

 

На осмиот меѓународен тендер за продажба на топилницата учествувала и турската компанија „Јалим Дисти Карет", која најави изградба на трговски центар на местото на фабриката.

 

Кјуби Македонија се жалеше дека Метрудхем не може да биде газда на Топилницата, се додека Апелацискиот суд од Скопје не се произнесе по нивната жалба за продажба на комбинатот. Кјуби Македонија е еден од поголемите доверители во МХК Злетово.

http://www.makfax.com.mk/267198/kje_proraboti_li_veleshka_topilnica_
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Sep-2011 at 15:04

Рестарт на велешка топилница најавија газдите од Метрудхем

Велешката топилница да се рестартира. Со ваква најава излегоа газдите од Метрудхем, откако деновиве до надлежните институции пратиле известување за своите намери за рестарт на топлиницата и фабриката за хемиски ѓубрива во Велес.

Направиле студија според која издувните гасови од преработката на цинкот и оловото ќе ги сведат на минимум. Според најавите на менаџментот на Метрудхем, студијата предлага високи технолошки решенија за намалување на опасноста по животната средина.

- Во изработката на анализата користиме домашни и светски експерти кои освен филтрите ќе воведеме нова технологија која во последните филтри ќе внесе неопасни честички и ќе се минимизира влијанието врз животната средина, изјави Тони Димитриоски – директор на Метрудхем Дооел.

Инвестицијата е 150 милиони долари, а само 100 милиони ќе се користат за реализација на студијата за минимизирање за штетното влијание врз велешани и околината.

Најавите се дека ќе се вработат околу илјада луѓе, а во делот на производство ќе се користи истата базна технологија. Но само што најавија рестартирање, силна реакција стигна и од зелената коалиција од Велес. Им порачаа на газдите, парите да си ги инвестираат во друго место, a не во фабриката како што ја нарекуваат „убиецот на велешани“.

- Прво не се добродојдени во Велес, второ ќе се соочат со пекол тука и ако мислар со 150 милиони долари да го купат здравјето на велешани, тогаш направиле погрешни пресметки, изјави Игор Смилев од зелената коалиција.

- Ќе му честитам на оној министер кој ќе издаде А интегрирана дозвола на онаа распарчена топилница, изјави Ненад Коциќ од Вила Зора.

И од општина Велес ги подржуваат ставовите на невладините организации. Во телефонски разговор со градоначалникот Петров тој вели дека останува на ставот дека технички не може да се направи минимизирање на загадувањето во Велес. Газдите да престанат со манипулација на јавноста дека може да се случи минимизирање на опасноста од загадување и додава дека ако Метрудхерм има намера да ја рестартира топилницата тоа да го направи на друго место, а не во Велес.

Кире Коцевски

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=79656
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Sep-2011 at 15:10
i uste nesto,cifrata ne e za zanemaruvanje 

Планирано е топилницата да произведува 100.000 тони годишно цинк и олово и 100.000 тони вештачко ѓубриво во фабриката во Згрополци. Според проценките, 300 милиони евра треба да изнесува годишниот обрт на инвеститорот првата година откако ќе почне со производство. Планирани се 1.000 директни вработувања и уште 2.000 од страна на кооперантите

http://www.time.mk/read/bc318a3e78/7386044c98/index.html

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Sep-2011 at 16:32
За Велешка тополница како што знам кога е градена е избрана погрешна локација според ветровите и целиот облак иде према градот. Да била на другата страна нема да ја има оваа катасрофа сега. Дури и оние идеи за град меѓу Скопје и Свети Николе имаше некој муабет дека наводно идејата е многу постара и првенствено е дадена за постепена дислокација на населението од загадената земја, така проблемов е доста сериозен. Од друга страна ова друштво за заштита, со цела почит кон маката што ја имаат, мислам дека настапува премногу параноично и бескомпромисно и рестартурање во никој случај (со разбирање за таквиот став кој го имаат) за што мислам дека треба некое друштво за економска сигурност да им даде некој контрааргумент. Е сега за да не бидам погрешно протолкуван, далеку од тоа дека се залагам за оној булдожерски пристап како во Кина каде црна металургија брефта во центар на град, паѓа дожд од железна прашина и никој "а" не кажува. Од друга страна дислокација на толкав објект практично значи иста цена како и нов, така да е прашање колку е тоа исплатливо и дали има некој што би се нафатил нешто такво да финансира дури и под претпоставка дека ќе добие голема државна субвенција за дислокација на тополницата од еколошки причини. Затоа мислам дека ветување и изградба и транспарентно на увид на сите засегнати и општина и здружение, да се изградат најсовремени системи за заштита и намалување на емисии, ако треба и бетонски бункер ли хауба како го викаа тоа што се планира во Скопска Железара, ако треба и многу повисок оџак за да честичките бидат ноисени од ветер многу подалеку, и ако треба се ова на државна сметка како одговорност према Велес. Со добра еколошка инвестиција дури и нема да биде ова прашање на компромис меѓу екологија и економија, туку ќе биде и двете.

Направиле студија според која издувните гасови од преработката на цинкот и оловото ќе ги сведат на минимум. Според најавите на менаџментот на Метрудхем, студијата предлага високи технолошки решенија за намалување на опасноста по животната средина.

- Во изработката на анализата користиме домашни и светски експерти кои освен филтрите ќе воведеме нова технологија која во последните филтри ќе внесе неопасни честички и ќе се минимизира влијанието врз животната средина, изјави Тони Димитриоски – директор на Метрудхем Дооел.

Инвестицијата е 150 милиони долари, а само 100 милиони ќе се користат за реализација на студијата за минимизирање за штетното влијание врз велешани и околината.



Edited by lslcrew - 02-Sep-2011 at 16:42
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3553
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Sep-2011 at 15:10

29.10.2008 - Турскиот инвеститор Јалим Дис Тиџарет си замина од Македонија

Велешкиот суд денеска ја потврди одлуката што оваа фирма ја соопшти уште пред 5 месеци, кога мнозинството доверители во велешка Топилница ја дисквалификува нејзината понуда вредна 3 милиони и 300 илјади евра. Јалим не влезе во изборот оти наводно имал банкарска гаранција покуса за 100 евра...

Со одлука на судот во Велес, конечно е дозволено на Турците да им биде вратена и банкарската гаранција вредна еден милион евра. И покрај тоа што понудија еден милион и 100 илјади евра повеќе од конкурентите скопски Метрудхем, турските инвеститори се откажаа од купување на топилницата тврдејќи дека во Македонија бизнис групи местат тендери и продажби на фирми.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=40017&egId=14

Јалим Дис Тиџарет фирмата која сакаше на местото каде денес сеуште е комбинатот за тешка индустрија да изгради трговски центар си замина од Велес.

Банкарската гаранција од еден милион евра судот ја ослободи, турската компанија парите можe да си ги повлече. Ова значи крај на можноста градот 100% да се ослободи од триестгодишниот загадувач на животната средина.

Екологистрите сметаат дека се пропушти идеалната шанса Велес да се спаси од „црниот аждер“ а сепак просторот на кој е изграден комбинатот да прерасне во трговски објект во кој свое вработување ќе најде дел од армијата невработени велешани.
http://www.lisica.mk/statija/1756

02.09.2011 - Екологистите го кренаа гласот на можното рестартирање на Топилницата

Веста за можното рестартирање на Топилницата ја изненади јавноста особено еколошките друштва во Велес. На денешната средба со новинарите во Скопје, фирмата Метрудхем што ја купи Топилницата, обелодени дека има намера да ја рестартира фабриката и за тоа да вложи дури 150 милиони долари, Сто милиони за нова физибилити студија и педесет за инсталирање на нова производствена постројка.

Ваквата вест наиде на силен отпор кај екологистите. Им порачаа на газдите на Топилницата дека не се добредојдени во градот.

„Тука ве чека пекол. Зошто појадокот со новинарите го држат во Скопје а не во Велес. Значи толку е нивниот почит кон граѓаните на Велес. Значи таму гледам луѓе кои што им е страв да се соочат со велешката јавност. Парите вложете ги на друго место и ќе ви бидат многу побрзо вратени отколку парите вложени во Велес, без благослов од граѓаните", рече Игор Смилев ЕГ Грин Пауер.

„Доколку постои некаков политички договор во позадина за рестартирање на фабриката,тогаш на велешани им останува да се борат за својата иднина . Ние друго место за живеење немаме ние Велес не го даваме и еве јавно ги повикувам граѓаните на Велес од денеска да бидат на готовс за покажување на граѓански отпор во однос на можното рестартирање на топилницата", рече др. Ненад Коциќ, ЕД Вила Зора.

Велешките екологисти на сопствениците па и на институциите им порачаа дека ниту 150 милијарди долари и илјада нови работни места нема да ги вратат изгубените животи и здравјето на заболените од тридецениското загадување на Топилницата.

http://www.lisica.mk/statija/16798

06.09.2011 - Велешани не сакаат да проработи Топилницата

Не ја сакаме Топилницата во градот, реагираат анкетираните велешани на евентуалното рестартирање на фабриката за велешкиот портал lisica.mk. Огорчени од веста, велат дека нема да дозволат повторно да му се случи еколошка катастрофа на градот.

Според нив, ниту 150 - те милиони долари што сопственикот сака да ги вложи за реконструкција и ревитализација на производствените погони, нема да им го замени здравјето. За некои од нив пак ова има политичка заднина, ги пренесува мислењата на велешани порталот.

„Јас триесет години работев во Топилница, од неа егзистирав. Сега сум пензионер, но болен сум. Јас сум против тоа фабриката повторно да проработи, и мислам дека сите треба да бидеме ако се грижиме за иднината на нашите деца,"

„Никако не сум за повторно да ја отворат Топилницата. Сите знаеме зошто, заради големиот број на починати и уште поголемиот број на заболени наши сограѓани од карцином. Сето тоа е од тешките метали што со децении ги дишевме."

„Сите знаеме со какви ли не болести се соочуваме и ден денес од таа Топилница. Нема шанси повторно да проработи."

„Зад сето ова има политика. Ако некој сака да ја отвори тоа може да го направи надвор од градот. Тука на ова место каде што е сега не дозволуваме. Нека имаат милост барем за децата и идните поколенија."

Ова се мислењата на граѓаните на Велес изнесени на во анкетата на lisica.mk.

Иако изненадени и шокирани од ваквата вест, велешани се надеваат дека надлежните институции нема да дозволат повторно да го преживуваат тридеценискиот еколошки холокауст. Им даваат целосна поддршка на екологистите во борбата против загадувањето, кои јасно и гласно им порачаа на сопствениците дека не се добредојдени тука, заклучува порталот.
http://www.plusinfo.mk/vest/14324/Veleshani-ne-sakaat-da-proraboti-Topilnicata


Edited by Max - 10-Sep-2011 at 15:12
Back to Top
elektricar View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Aug-2011
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote elektricar Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Oct-2011 at 10:48
Бидејќи деновиве е актуелен рестартот на топилницата за цинк и олово во Велес сакам со сите да споделам зошто Јас лично и повеќето Велешани сме против рестартирањето на овој ’’УБИЕЦ’’

Topilnica Good Veles Kaput video #1
Topilnica Good Veles Kaput video #2
Topilnica Good Veles Kaput video #3


http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1885&stID=4342

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=1806&stID=424

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=20991&idg=2&idb=462&rubrika=Po%7Bta

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2193&stID=20209

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2203&stID=20684

http://star.utrinski.com.mk/?pbroj=1250&pr=7&stID=3238

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1251&stID=3336

http://tirekovmirece.com/Novost/%D0%A2%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4E958FCE62435849AEC7C2A5A30B4488

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8F1E2D8FBDC92F4B836FF01F80146F84


п.с Не дека на Велес и Велешани не ни требаат работни места и работанапротив ни требаат многу ама ова е премногу

изворите се гледаат во самите веб адреси а користени се статии од дневник,вест,утрински,тирековмирече, јутјуб.....
АКО СИ ПОСИЛЕН ОД МЕНЕ НЕ ЗНАЧИ И ДЕКА СИ ПОПАМЕТЕН !
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 30-Oct-2011 at 12:42
За ова мислам дека терба да се ангажираме сите ние, како индивидуи, да не се дозволи рестартирањето на топилницата!

Ако има некој добра идеја што како да се прави, нека споделува овде.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 30-Oct-2011 at 13:44
Електричар префлрив некои постари постови за оваа тема во нишкава има погоре го има и мојот став. Ако ви текнува уште некој пост може да го посочите, ќе го префрлам.

Да се дополнам има една нелогика во целава работа. Зашто постојано се кризира и се плаши населението дека ако се рестартира ќе работи под исти стандарди како и предходн. Јас немам никакви технички детали, ама знам дека за да проработи треба интегрирана еколошка дозвола, а таква сигурно нема да ја добие со иста заштита како од пред 4 децении кога се пуштала. Дури еве и да се дислоцира, пак каде воопшто ќе се најде место за ваква топилница кога па тамошното локално население ќе биде тенденциозно информирано и плашено дека истиот велешки убиец сега нив ќе им се сервира. Дали ние некогаш планираме да градиме железарница некаде или ќе бидеме првата држава без железарница. Па неможеме такви луксузи да дозволиме, дури и да се гради нова, треба некоја будала јавно да каже дека тоа ќе биде велешката преместена и готово да тргне бранот, стадото. Се е ствар на терминологија и се манипулир амногу со овој случај. Дали е некој до толку будала да помисли дека некој ќе фрла Кадмиум во воздух, и дали е некој уште толку побудала на помисли да фрла кадмиум во воздух, јас мислам не. Железарницата има поддршка од мене да се рестартира, со притоа без никакви забушавања да ги исполнат сите еколошки очекувања и ако треба месечно да се констролира екологијата од неколку независни комисии, дали од зелена коалиција, од општина, од министерство, кој што сака да му дозволуван пристап до терен и до информации, да се постават јавни мерачи и тогаш слободно да се стартува
. Само се сее страв, и општината ја сваат пред свршен чин да изиграва популизам и да се солидаризира со зелена коалиција, иако сум сигурен дека и они искрено сакаат да се рестартира.

Знам дека сега ќе има одговори, гајле ти е тебе од Скопје да збориш за Велес, или некои слични коментари, само не на темата дали треба или не треба да се пушта во употреба. Да ве замолам да се воздржиме од тие "дебати
".
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Oct-2011 at 22:30
@ elektricar

Зошто не ја поканите целата таа екипа што сака да ја рестартира топилницата, ако се толку убедени во нивните аргументи, да се преселат со нивните фамилии и да живеат во Велес, и тоа баш во некоја од населбите каде што би била највеќе на удар од загадувањето. Ако се согласат, нема зошто да не им верувате на слатките зборови. Но бидејќи јасно нема да се согласи никој од нив, ниту најнаивните ќе нема веќе на што да им веруваат.

Велешани, многумина се со вас! Бидете сложни и одете до крај во борбата. Рестартирање на топилницата би било злосторство од колосални размери. Ако сте единствени, ако цел град се дигне на нозе, мислам дека „рестартирачите“ немаат шанси. Но имам слушнато муабети (барем на времето), дека доста Велешани не се против, туку баш преферираат топилницата повторно да проработи (поради можност за вработување, а и општиот економски ефект врз градот). Тоа се разбира е многу кратковидо, но доколку е точно, борбата за спречување на рестартирањето нема да биде толку лесна. Сепак мора да се добие.




Originally posted by lslcrew

Да се дополнам има една нелогика во целава работа. Зашто постојано се кризира и се плаши населението дека ако се рестартира ќе работи под исти стандарди како и предходн. Јас немам никакви технички детали, ама знам дека за да проработи треба интегрирана еколошка дозвола, а таква сигурно нема да ја добие со иста заштита како од пред 4 децении кога се пуштала. Дури еве и да се дислоцира, пак каде воопшто ќе се најде место за ваква топилница кога па тамошното локално население ќе биде тенденциозно информирано и плашено дека истиот велешки убиец сега нив ќе им се сервира. Дали ние некогаш планираме да градиме железарница некаде или ќе бидеме првата држава без железарница. Па неможеме такви луксузи да дозволиме, дури и да се гради нова, треба некоја будала јавно да каже дека тоа ќе биде велешката преместена и готово да тргне бранот, стадото. Се е ствар на терминологија и се манипулир амногу со овој случај. Дали е некој до толку будала да помисли дека некој ќе фрла Кадмиум во воздух, и дали е некој уште толку побудала на помисли да фрла кадмиум во воздух, јас мислам не. Железарницата има поддршка од мене да се рестартира, со притоа без никакви забушавања да ги исполнат сите еколошки очекувања и ако треба месечно да се констролира екологијата од неколку независни комисии, дали од зелена коалиција, од општина, од министерство, кој што сака да му дозволуван пристап до терен и до информации, да се постават јавни мерачи и тогаш слободно да се стартува. Само се сее страв, и општината ја сваат пред свршен чин да изиграва популизам и да се солидаризира со зелена коалиција, иако сум сигурен дека и они искрено сакаат да се рестартира.

Знам дека сега ќе има одговори, гајле ти е тебе од Скопје да збориш за Велес, или некои слични коментари, само не на темата дали треба или не треба да се пушта во употреба. Да ве замолам да се воздржиме од тие "дебати
".

Не се работи за железарница, туку за топилница на олово и цинк. Таков извор на загадување е во врвот на најопасни индустриски капацитети кои може да го „задесат“ некој регион, а камо ли да биде практично во самиот град:
41°43'40.53"N 21°45'44.39"E
(и со неповолна ружа на ветрови)


А тоа со еколошките дозволи и стандарди, сето тоа звучи многу убаво, но проблемот е што во пракса извесно нема да функционира ништо налик на тоа. И воопшто нема потреба да ја гледаме работата низ призма кој бил од Велес, а кој не. Рестартирање на таа топилница, ова општество и оваа држава ќе ги чини многу повеќе од нејзиното неработење. Ние треба да се фокусираме на справување со последиците од нејзиното работење во минатото.


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2011 at 22:56
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Oct-2011 at 23:40
без замерка,така ја најдов информацијава,така ја ставам-не е моја идеа

Велешани vs. Топилница! (фото)
недела 30 октомври, 2011 во 20:44 | Објавено во Македонија, Фото & Видео од Здраво
Велешани на оригинален начин го изразуваат својот револт и се спротиставуваат на рестартирањето на Топилницата. Тие пред некое време со симнати гаќи позирале за оваа фотка која денеска е вистински хит по социјалните мрежи, a и добро се вклопи во сегашните активности и целата иницијатива против рестартирањето

Инаку, тие на денешната средба со министерот за животна средина Абдилаким Адеми и со градоначачникот на Велес Горан Петров, биле уверени дека министерството нема издадено одобрение за започнување со работа на Топилницата во Велес, туку од страна на инвеститорот било доставено писмо за целта на компанијата.
На средбата, Адеми бил запознаен со актуелната состојба околу рестартирање на Топилницата во Велес од страна на фирмата „Метрудхем“ и проблемите со кои се соочуваат велешани од нејзината работа.
Тој ја изразил својата заложба за решавање на овој проблем, образложувајќи ги надлежностите на министерството за животна средина во делот на постапката за оценка на влијанието врз животната средина која треба да ја спроведе министерството со засегнатите страни.
На средбата, како што информираат од ресорното министерство, бил донесен заклучок за континуирана комуникација на министерството, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните со цел носење на соодветни решенија за надминување на состојбите со загадувањето во Велес, предизвикани од работењето на Топилницата.
http://daily.mk/cluster3/0d4c1ef2f9547c376f2f6128f8f8b4d0/972318/veles-e-mobiliziran
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 31-Oct-2011 at 01:19
Една од забуните што предходни ги набројував е и тоа што од компанијата има целосен молк што планираат да биде различно во работењето и загадувањето од тоа предходно. врз основа на што планираат да извадат интегрирана еколошка дозвола. Ако тоа е транспарентно нема причина да не се восди здрава дебата. Да е до мене ја би оставил простор да како што е зелената коалиција и оние кои што се за поддршка на рестартирањето се организиараат исто така и после одреден период кога ќе се изнесат сите аргументи да биде и првиот случај на локален референдум. Зашто сегашната ситуација каде што една организација постојано присутна медиумски, таквиот амбиент создава погрешна слика за целокупното расположение околу рестартирањето, дали тоа на општинско или градско ниво како ќе се договорат. Пак ќе ја повторам една реченица од предходно. Дали е некој до толку будала да помисли дека некој ќе фрла Кадмиум во воздух, и дали е некој уште толку побудала на помисли да фрла кадмиум во воздух, јас мислам не.
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 31-Oct-2011 at 10:30
Значи, каква и да се извади дозвола, и под ЕУ стандарди да е (а кај нас не е), кога имаш топилница практично во центар на населено место (<5км од центарот), џабе ти е и филтри и пречистителни станици и интегрирани еко дозволи. Џабе!
Back to Top
elektricar View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 01-Aug-2011
Location: Veles
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote elektricar Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Nov-2011 at 20:34
Пред скоро една година разговарав со еден инспектрор за животна средина кој е задолжен за големи компании и иако тогаш немаше никакви индиции дека е можно рестартирање на топилницата отворифме дискусија за ова на кое тој ми рече дека практично е невозможно они да добијат еколошка дозвола затоа што ако ги исполнат сите услови да ја добијат ќе ги коштала колку нова па и повеќе одколку нова да изградат, што значи нема да проработи, но во тој разговор исто така човекот ми напомена дека постои можност и бес таа дозвола да проработи ако тоа на референдум го дозволат граѓаните на Велес или ако тоа го дозволи државата особено ова фторово многу ме плаши бидејќи ако проработи многу корист може да има буѕетот и којзнае што може да се очекува во иднина .
АКО СИ ПОСИЛЕН ОД МЕНЕ НЕ ЗНАЧИ И ДЕКА СИ ПОПАМЕТЕН !
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Nov-2011 at 21:00
јас имам близок роднина што живее одма до топилницата и пред 6-7 години заболе од мултиплекссклероза,па сега дали е топилницата причина или нешто друго незнам,само знам дека млад човек лежи безпомошен закован во кревет за навек

Edited by gjoko - 02-Nov-2011 at 21:01
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Nov-2011 at 00:11

Чедо Петров: На Македонија и' треба топилница

Поранешниот директор на велешкиот комбинат е убеден дека ако „Метрудхем“ вложи две третини од 150 милиони евра во екологијата, нема да има никакви проблеми по животната средина

Иван Бојаџиски


Штип – „Македонија треба да има топилница. Ние сме земја со големо рудно богатство, а до сега утврдените резерви овозможуваат работа на рудниците за олово и цинк во наредните 30 години. Геолозите прогнозираат дека во нашите планини се крие рудно богатство кое им овозможува работа на рудниците и во наредните стотина години. Од овој аспект гледано, Македонија има потреба од топилница која ќе даде голем импулс на националната економија“.

Ова го тврди Чедо Петров, кој во периодот од 2000 до 2003 година беше генерален директор на велешката топилница. Тој за „Утрински весник“ детаљно појаснува зошто таков објект е потребен и како може безболно да се реши еколошкиот аспект на што најмногу се инсистира, и поради што дури и премиерот Никола Груевски предложи Топилницата да се дислоцира.

„Ние не знаеме, или не сакаме да си го почитуваме големиот потенцијал во нашето рудно богатство за од него економски да профитираме како држава. Во таа смисла е и потребата Македонија да има топилница изградена според највисоки технолошки достигнувања. Одговорно тврдам дека новите светски технологии ја обезбедуваат неопходната хармонија меѓу екологијата и економијата. Во светот има многу примери за таква хармонија. Таков пример е топилницата во Пловдив, Бугарија, која е речиси во самиот град и не создава проблеми врз квалитетот на животната средина“, вели Петров.

Неговиот став е дека ако компанијата „Метрудхем“ е подготвена да вложи 150 милиони евра во Топилницата во Велес, од кои две третини би биле за решавање на еколошките потреби на подрачјето, тогаш е јасно дека Велес и Македонија ќе имаат топилница со технологија која стопроцентно води сметка за животната средина.

„Сопствениците на топилницата во Пловдив во нејзината технолошка модернизација вложија 70 милиони евра и со тие пари ги решија и сите еколошки проблеми. Лично сметам дека со ваков стратешки капацитет на добивка ќе бидат и трите македонски рудници за олово и цинк ’Саса‘, ’Злетово‘ и ’Тораница‘, кои покрај двете топилници во Бугарија ќе имаат алтернатива“, вели Чедо Петров.

Свое мислење во однос на оваа жешко прашање во македонската екологија и економија има и Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица.

„На топилницата во Пловдив нашиот рудник и' продава концентрат кој денес, за разлика од порано, е селективен, а не колективен. Оваа топилница е со електролиза, технологија која бара селекција на оловниот и на цинковиот концентрат и токму таков концентрат ние го произведуваме. Тој на светскиот пазар постигнува повисоки цени и нашето работење го прави профитабилно. Од овој аспект гледано ние денес не можеме да кажеме дали во некоја блиска или подалечна иднина нашиот концентрат ќе го продаваме на Топилницата во Велес. Ние немаме никакви информации во однос на технологијата која се предвидува за новата топилница, без оглед дали таа ќе се гради на сегашната локација или на друго место. Од пазарен аспект, пак, технологијата за селективни концентрати е подобро решение, бидејќи такви се 90 проценти од топилниците во светот“, вели Прохоров.

И за „Саса“ од големо финансиско значење се транспортните трошоци и секое нивно намалување ја зголемува профитабилноста на рудникот. Во таа смисла подобра опција е топилница што поблиску до рудниците. Во стручната јавност се говори дека раководството на „Саса“ је преферира топилницата во Бугарија, бидејќи е на руската компанија „Солвеј“, во чија сопственост е и рудникот кај Македонска Каменица. Прохоров ги демантира таквите информации.

„Ние во Пловдив носиме 50.000 тони цинков и 40.000 тони оловен концентрат, а со овој топилнички капацитет ’Солвеј‘ нема никакви допирни точки. Работиме на строго економски основи“, укажува Прохоров.

Инаку, во времето на социјализмот велешката топилница „Злетово“, како дел од еден заокружен производен систем во рамките на сложената организација „Злетово – Саса“ беше со можност на годишно ниво да преработи 200.000 тони колективен концентрат од кој се произведуваше 100.000 тони метали. Половина од ова производство се обезбедуваше од домашните рудници за олово и цинк, а другата половина од увоз.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=341081C992E28E429734399FD7A3B8EB
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1919
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Nov-2011 at 00:51


Истиот човек во чиешто директорување МХК Злетово тонеше во долгови, нашол да зборува за технолошко-еколошки решенија ?

Велешани воопшто не ги интересира со колкав капацитет работела топилницата во минатото, исто како што и сега воопшто не ги интересира со колкав капацитет би работела доколку биде рестартирана.

Единствениот рестарт на топилницата е можен надвор од Велес и надвор од било кое место населено со живи растителни и животински организми.

Надвор од било кое место населено со живи растителни и животински организми, топилницата слободно нека си работи со колкав капацитет ќе им текне на нејзините сопственици, но истовремено и со исполнување на најстрогите и најригорозните еколошки стандарди, бидејќи и во пустината има ред кој природата си го воспоставила и не смее да се оди против тој ред.

Edited by Dexter26 - 23-Nov-2011 at 00:53
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Nov-2011 at 14:47

Селење на Тополница ќе чини над 150 милиони евра! Кој ќе плати?

imitrov@kapital.com.mk">Петре Димитров / Биљана Здравковска-Стојчевска

Ако Метрудхем се согласи со предлогот на премиерот Груевски за дислокација на Топилницата од Велес на некое друго место, државата ќе треба да покрие дел од дополнителните трошоци. Измената на генералниот урбанистички план на Велес, која ја подготвува градоначалникот Горан Петров, дава сигнали дека опцијата за дислокација е сè поверојатна

Евентуалната дислокација на Топилницата од Велес на некоја друга локација, за која деновиве на големо се дискутира во јавноста, би чинела најмалку 150 милиони евра, покажува пресметката на неколку менаџери и инженери, поранешни вработени во Топлницата, кои ги ангажираше „Капитал“, а кои поради чуствителноста на темата побараа да останат анонимни.

„Целокупната дислокацијата на дел од постројките од Топилницата, заедно со изградбата на нови делови би чинела најмалку 150 милиони евра, што е речиси иста сума која новите сопственици планираат да ја инвестираат во рестартирање на Топилницата. За да се дислоцира една инсталација каква што е Топилницата во Велес треба прво сопствениците да се сигурни дали остануваат на технологијата која досега се користеше или ќе направат некои измени и подобрувања, дали новата локација која ќе им биде понудена ќе им ги задоволува основните потреби за работа пристапен пат, железница, доволно вода за процесот, доволно голем реципиент за прифаќање на отпадните води и снабдување со електрична енергија и други енергенти и дали новата локација ќе биде доволно оддалечена од населено место или објекти на кои ваквата индустрија би имала штетно влијание“, објаснуваат експертите за „Капитал“.

Според нивните проценки, мал дел од средствата би се обезбедиле со сечење и продавање како старо железо на дел од опремата која е дотрајана и таа која не може да се дислоцира.

„Зградите кои не мораат да се рушат исто така можат да се продадат или пренаменат. Тоа на сопствениците на Топилницата може да им донесе многу повеќе од сумата потрошена за купување на истата и тоа да им биде почетен капитал за да започнат со некои активности. Можат дури и да заработат, со продажба на старото железо, на објектите и на некои од машините, ако не сакаат да се плеткаат во дислокации, кампањи, обезбедување дозволи“, велат експертите кои ги ангажиравме, кои потенцираат дека проценката која ја објавуваме ексклузивно е направена за многу кратко време со претпоставки, без да се прават детални пресметки за кои се потребни многу податоци, подолго време и треба сериозно да се вложи труд.

При евентуалната дислокација на Топилницата се отвора и прашањето дали обврската за чистење на фабричкиот простор и депонијата ќе ги преземе државата, која е сопственик на земјиштето на кое се наоѓаат погоните на Топлницата.

Градоначалникот на Велес
ја брише Топилницата од планот!?


Она од што најмногу се вознемириле од Метрудхем е најавата од градоначалникот на Велес, Горан Петров, дека за да се спречи рестартирањето на Топилницата ќе го сменат Генаралниот урбанистички план и на просторот на кој се наоѓа Топилницата ќе предвидат да се гради нешто сосема друго. Со тоа всушност градоначачникот, кој е кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, праќа сигнал дека Топилницата никогаш нема да проработи во Велес и дека таа сигурно ќе се дислоцира на друго место.

Од Метрудхем велат дека се многу изненадени со најавите за измени во планот и дека ако тоа се случи целосно ќе ги смени нивните бинзис-планови и ќе ги попречи во реализацијата на нивната инвестиција од 150 милиони евра. Токму поради тоа можат да бараат и отштета од државата. Инаку, предлогот за дислокација на Топилницата дојде лично од премиерот Груевски, а јавно беше поддржан и од министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми.

ШТО МОЖЕ ДА СЕ ДИСЛОЦИРА?

Експертите велат дека нема многу што да се дислоцира од најзагадувачкиот дел на Топилницата, односно погонот за окрупнување на олово-цинковиот концентрат и согорување на сулфур и погонот за производство на сулфурна киселина.

Дислокацијата на овие погони според експертите кои ги ангажиравме би чинело околу 40 милиони евра. Во евентуално новата локација инфраструктурата би чинела повеќе од 20 милиони евра, а погонските згради со конструкција за поставување на опремата би чинеле околу 25 милиони евра.

„Системите за суво отпрашување би можеле да се дислоцираат во новата локација. Печката за олово и цинк секако треба на ново да се гради така што трошокот за тоа може да се каже дека е тековна работа, но опремата може да се демонтира и пресели. Рафинеријата за цинк и кадмиум исто така треба да се преѕида ако се користи старата постапка, а ако се избере друга постапка тогаш тоа би била нова инвестиција која би чинела околу 10 милиони евра. Во секој случај ливните машини, системите за отпрашување и некои други помали агрегати можат да се дислоцираат. Рафинеријата за олово и рафинеријата за сребро и злато можат да се дислоцираат комплетно“, коментираат експертите кои ги ангажиравме.

Од Метрудхем велат дека тие воопшто не размислуваат за дислокација. Во барањето кое го доставиле до Министерството за животна средина тие бараат да добијат дозвола за рестартирање на локацијата и инфраструктурата на Топилницата за цинк и олово во Велес, која престана со работа во јули 2003 година.

“Во текот на минатите речиси 8 години голем дел од објектите и опремата се руинирани и не може да се инсистира на тоа дека на локацијата има постоечка инсталација. Затоа, Проектот за производство на олово и цинк ќе се третира како проект за нова инсталација“, пишува во писменото известување кое управителот Тони Димитривески го доставил до Министерствто за животна средина, а во кое бара Министерството да го определи обемот на оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Управителот на Метрудхем, Димитриевски во јавноста важи за близок соработник на премиерот Груевски, кои во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт беше директор на УЈП.

Кој е Метрудхем?

Метрудхем стана газда на велешката Топилница во 2008 година откако победи на тендер за продажба на фабриката во стечај, кој го организираше стечајниот управник Радослав Кипровски. Како најголем доверител во Топилницата со 63% од побарувањата се јавуваше фирмата со седиште во Швајцарија, Минеко. Сегашниот претставник на Метрудхем, Александар Билбилов, истовремено се јавува и како директор на канцеларијата на Минеко во Македонија.Како сопственик, пак, на фирмата Метрудхем се јавува извесна Хајленд интернешнал инвестментс холдингс, која е регистрирана во градот Тортола на Британските девствени острови.

Ако се оди на дислокација,
Метрудхем ќе бара пари од државата?!


„Нашиот проект и бизнис-план е предвиден за локацијата во Велес. На наша страна се сите правни аргументи, па затоа при евентуална дислокација ние ќе треба доброволно да се откажеме од тоа што сакаме да го реализираме, вели за „Капитал“, Александар Билбилов, портпарол на Метрудхем.

„Доколку дојде до дислокација тоа ќе предизвика многу големи дополнителни трошоци од тие што ги планира инвеститорот. Разликата при евентуална дислокација некој ќе треба да ја плати“, вели Билбилов.

Според него, Владата и Метрудхем досега воопшто не разговарале за дислоцирање на Топилницата и за тоа кој би ги покрил дополнителните трошоци. Второто сценарио, кое никој не го посакува, е инвеститорот целосно да се повлече доколку не му помине студијата која моментално ја разгледува Министерството за животна средина, со која треба да добие дозвола за почнување со работа. Третото сценарио, кое би одело на штета на граѓаните и државата е инвеститорот Метрудхем да ја тужи државата на Арбитражниот суд во Лондон, за попречување на инвестицијата. „Тоа е сценарио кое никој не го посакува“, вели Билбилов.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/76768/selenje_na_topolnica_kje_chini_nad_150_milioni_evra!_koj_kje_plati_.aspx?iId=2474
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 07-Dec-2011 at 22:07

АПСУРДНО ОБJАСНУВАЊЕ ЗА ОДБИВАЊЕТО НА ТУЖБАТА НА „ЗЕЛЕНАТА КОАЛИЦИJА“

Велешкиот суд мерел дали Топилницата загадувала во времето на СФРЈ

Велешкиот суд ја одбил тужбата на велешката „Зелената коалиција“ против државата бидејќи не можело да се докаже во кој период е сторено загадувањето на градот - дали во самостојна Македонија или во времето на СФРЈ.

Ова е образложението што судијката Билја Јачева го напишала и кое вчера беше објавено на веб-страницата на Судот. Што се однесува до второто барање - да се отстрани депонијата со згура тешка 1,7 милион тони и да се изврши замена на загадената велешка почва, со пресудата се тврди дека изворот на опасност може да се спречи со соодветни мерки на начин и во постапка предвидена со посебен закон. 

- Од изведените докази не може да се утврди фактот во кој период е настанато загадувањето на почвата на јавните зелени површини, дали во периодот по осамостојувањето на Република Македонија или претходно, не може да се утврди која катастарска парцела предмет на тужбеното барање е контаминирана, со кој метал е контаминирана, во кој процент над дозволеното, до која длабочина на почвата и кој е потребниот начин на ремедијација на јавните зелени површини и за санација на депонијата - пишува во образложението. 

Тужителите првично се изненадени од објаснувањето и најавуваат жалба.

- Образложението е надвор од сите очекувања, не би сакал да го коментирам. Мислам дека кога ќе стигнеме во Стразбур, ќе ни се смеат. Ако од една страна од петни жили ги бараме нашите права како правен наследник на СФРЈ, сега од друга страна, миеме раце дали загадувањето е сторено тогаш во Југославија или сега во Македонија - изјави Ненад Kоциќ, член на „Зелената коалиција“.

Таа се состоеше од седум граѓански здруженија, заедно со општина Велес. Тие бараа од државата да ги обесштети за тридецениското труење кое е резултат на работа на топилницата за олово и цинк, која работеше од 1974 до 2004. Тужителите не бара пари, туку државата да изврши замена на земјата до 50 см на јавните површини во градот, околу училиштата, детските градинки и парковите, како и дислоцирање на депонијата со згура, која и натаму е емитер на тешки метали. И земјата и депонијата и денес се богати со олово и кадмиум, кои се опасни за здравјето на луѓето, иако топилницата не работи осум години.

(П.П.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2BC43ED06C36AC41856BBCAE986DB0DA
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 07-Dec-2011 at 23:09
Иако моето место на живеење не е Велес, не сакам да слушам никакви бројки или статистики.Таа топилница доволно била штетна досега и при рестарт би била истото - тивок убиец.
Малку ми е нелогично (да не користам потежок збор) во некаков неврзан муабет да чујам луѓе кои не се жители на Велес, па велат нешто во смисла па ќе имаат работа, а се бунат за околината итн.И во такви муабети ги прашувам таквите луѓе каков би бил животот на работник во Топилница со висока плата ако не дај Боже тој работник би ја потрошил на лекување на своето дете, заболено како последица на истата фабрика?
Секој проблем на градот Велес е проблем и на државата Македонија и обратно.
Против рестартирање!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Dec-2011 at 01:40
уште еднаш ке кажам,јас имам близок роднина што живее близу до топилницата и за жал на 27 години заврши во инвалидска количка без одговор од лекарите зошто,која е причината за болеста и на што се должи трагедијата.за мене и за другите во семејството неважат никакви бројки ни објаснувања,тие важат за луѓе што немаат никакви маки па разгледуваат статистички показатели на хартија.нас хартија не не интересира,пред нас го следаме резултатот на топилницата
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.