build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 64>
Poll Question: Рeкoнcтрукција на oбјектoт на Влада на РМ
Poll Choice Votes Poll Statistics
21 [22.34%]
30 [31.91%]
0 [0.00%]
1 [1.06%]
7 [7.45%]
23 [24.47%]
12 [12.77%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 24-Jan-2012 at 23:37
Неправда во текот на архитектурата

Модерната архитектура како процес се јавува во почетокот на минатиот век (Виена, 1901) и за кратко време таа навлезе во многу земји во светот. Скопје не е надвор од овие текови во архитектурата. Веќе меѓу двете светски војни, како резултат на малку поповолните економски услови, ќе се градат објекти со чисти и складни форми и без орнаменти. Тоа е зградата на денешната Градска болница, зградата на Етнолошкиот музеј и ресторанот „Метропол“.
По Втората светска војна се изградија повеќе објекти со строга линеарност и геометризам, кои сепак претставуваат чекор напред од дотогашната градба. Подоцнежниот период е уште позначаен, особено по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тоа е време на силен замав на интернационалниот стил, со градбата на Историскиот архив на Скопје, зградата на ЦК СКМ (сега Влада на РМ), Универзитетскиот кампус и Културниот центар. Токму по овој период се јавуваат и првите знаци на напуштање на интернационалниот стил, со цел што повеќе да дојде до израз духот на нашето поднебје, како и да се воспостави изгубениот континуитет со традицијата. Се градат првите објекти на модерниот регионализам, како што е народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Комплексот на музеите и МАНУ.
Меѓутоа, со изградбата на трговскиот центар „Мавровка“ – две изразито закосени кули со ѕид завеса, ортогонално поставени и поврзани со еден заеднички базис се јавува доцната модерна архитектура. Таа по својата идеологија е прагматична и технократска; многу од стилските идеи на модерната ги извртува и преувеличува со цел на сите можни начини да вдахне нов живот на една архитектура што изумира. Наспроти оваа, се јавува и постмодерната архитектура со својата двосмисленост – делумно модерна, делумно нешто друго. Таа наоѓа уште поголем број приврзаници меѓу нашите архитекти. Тоа е разбирливо, бидејќи „нешто друго“ секогаш може да најде инспирација во формите од нашето богато архитектонско наследство, како на пример: лачните отвори на Камени мост на реката Вардар, цилиндричните форми на Старата скопска тврдина, разните видови куполи на Даутпашиниот амам или формите и материјалите на старите цркви и манастири во државава. Зачетокот на оваа архитектура е тесно поврзан со градбата на телекомуникацискиот центар (поштата).
Постмодернизмот има уште две карактеристики: првата, настојувањето преку објектите да комуницира со јавноста низ поетски слики од кои некои се на метафизичка основа; втората, да се проектираат објекти со повторно користење на класичните форми, но со нова технологија, иницирајќи еден нов тек на рамките на оваа архитектура – постмодерен класицизам. Овој класицизам кај нас наполно се потврдува со сите објекти од проектот „Скопје 2014“. Меѓутоа, тука има уште нешто да се додаде. По ослободувањето на Грција, Бугарија и Србија од Отоманската Империја, нивните капитални објекти имаа можност да се градат во духот на времето – класицизмот. Ние, како држава, бидејќи таа можност не сме ја имале, тоа го правиме денес, пак во духот на времето, но сега во врвот на светските текови на архитектурата, постмодерниот класицизам. И до тука нема ништо спорно!
Еден ваков поширок вовед требаше да се даде за во целост да се одговори на идејата дали треба или не треба да се менува фасадата на зградата на Владата.
Објектот не е случајно граден, туку е граден по првонаграден проект оценет од еминентни професори на љубљанскиот, загрепскиот и на скопскиот универзитет. Тој со својата архитектура и ненадминати детали претставува значајна алка во тековите на современата скопска архитектура. Секое нарушување на таа алка значи кршење на тековите на архитектурата и нанесување огромна штета на нашата архитектура. Како потврда на ова е што сите околни земји, особено Грција и Брисел, ни завидуваат токму на врвното мајсторство во современата архитектура што е постигната со овој објект. Покрај овие, има уште некои моменти што треба да се истакнат. Прво, зградата претставува специфична сеизмичка градба, така што секое нарушување на товарите на фасадните платна може да има катастрофални последици – едноставно речено таа може да се урне! Второ, презентираните пет конкурсни трудови со ништо не ја надградуваат постојната фасада, напротив, се под нивото на современоста. Трето, авторот на проектот ја пренесува и кај нас идејата на знаменитите архитекти Ван ден Брук и Бакема за разноликост во просторот што овозможува непречено ширење на урбаната поставка.
Од сето ова произлегува како да му пречи некому што зградата носи предзнак ЦК и таа треба да се смени и да изгледа како зградите што ги граделе некои кралеви или цареви! Тоа е сосема погрешно! Од историјата на архитектурата е познато дека сите оние објекти што имаат повеќезначна архитектура, тие се повеќе ценети и повеќе опстојуваат на забот на времето.
Оттука, идејата за промена на фасадата на зградата е во најмала рака смешна. Замислете некој во Катар да побара застаклените палати да им се сменат во класични форми, бидејќи такви објекти немале! Или, ѕидините на Кремљ, бидејќи не се модерни, наполно да се застаклат! На што би личело тоа? На ништо!
Едно е јасно, сé додека во номенклатурата на Владата едно министерство не носи предзнак УРБАНИЗАМ, ќе ни се случуваат вакви пропусти во архитектурата. Па, се наметнува прашањето како може нашата земја, една од најзаостанатите земји во Европа во делот на комуналното уредување, да нема министерство за урбанизам, а Франција наполно уредена има не едно, туку четири. Со ова сé е кажано.

Авторот е поранешен државен секретар по урбанизам

     
Автор: Васил Василевски

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=124121133393&id=13&prilog=0&setIzdanie=22487
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 25-Jan-2012 at 00:31
Пред да биде и овој професионалец нападнат со секакви можни погрдни зборови, добро би било да се прочита што пишувал претходно (од таму и последниот пасус).

Лично, не се сложувам со сите негови ставови по сите теми, но сепак во случајов се постави многу етички и напиша еден доста одмерен текст (јас имам поинаков став за сегашните случувања и донекаде разбирам што сака да каже со Грција, не и со Брисел, но веројатно е алузија на пошироко подрачје). Понатаму, сметам дека објектов за кој зборуваме тука припаѓа на регионалната Модерна, но сепак тоа се нијанси во размислувањата. Исто така, не би се сложил дека СК2014 е постмодерен класицизам, најмалку од досега реализираното.

Edited by mladen_s - 25-Jan-2012 at 00:32
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 25-Jan-2012 at 02:05
Originally posted by mladen_s

Пред да биде и овој професионалец нападнат со секакви можни погрдни зборови, добро би било да се прочита што пишувал претходно (од таму и последниот пасус).

Лично, не се сложувам со сите негови ставови по сите теми, но сепак во случајов се постави многу етички и напиша еден доста одмерен текст (јас имам поинаков став за сегашните случувања и донекаде разбирам што сака да каже со Грција, не и со Брисел, но веројатно е алузија на пошироко подрачје). Понатаму, сметам дека објектов за кој зборуваме тука припаѓа на регионалната Модерна, но сепак тоа се нијанси во размислувањата. Исто така, не би се сложил дека СК2014 е постмодерен класицизам, најмалку од досега реализираното.
добро, сепак поентата е да нагласи дека да изградиш нов објект во класицизам не е многу страшно, страшно е да применуваш класицизам на модерен објект
можеби така спомнал сметајќи дека се градат објекти со нагласок на класицизам, според модерни стандарди
инаку го прочитав од буква до буква цел и потполно се согласувам со се и би било штета ако некој најде политичка или лична замерка на еден ваков издржан текст Smile
особено ми се допаѓа што за разлика од други критичари, овој се обидел да „не образова“ и го ценам тоа


Edited by zabegan - 25-Jan-2012 at 02:06
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 25-Jan-2012 at 15:45
Еден од најубавите објекти во скопје! Ова е равно на криминал, не ми е јасно како може да им паѓа на памет да го избришат еден од симболите на скопје! Ова е стварно катастрофа!
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 25-Jan-2012 at 16:05
najubav objekt vo skopje?!?!?!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4475
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 25-Jan-2012 at 16:35


Во право си! Во Македонија is more like it.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 25-Jan-2012 at 18:10
а што е битно кому колку му бил убав стилот на објектот? никогаш не разбрав
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12037
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 26-Jan-2012 at 00:34

Едно е јасно, сé додека во номенклатурата на Владата едно министерство не носи предзнак УРБАНИЗАМ, ќе ни се случуваат вакви пропусти во архитектурата. Па, се наметнува прашањето како може нашата земја, една од најзаостанатите земји во Европа во делот на комуналното уредување, да нема министерство за урбанизам, а Франција наполно уредена има не едно, туку четири. Со ова сé е кажано.

Ќе се задржам само на овој дел. Искрено не гледам фајде од министерство со предзнак УРБАНИЗАМ. Предзнакот не значи буквално ништо, нашето општество покажува таква една неверојатна плиткост во секоја сфера, што и од авион се гледа дека сето тоа во најдобар случај би било про-форма, а во полош (и поверојатен) случај, во такво министерство би се сконцентрирале моќ и ингеренции за крупни но елегантни злоупотреби, со што ситуацијата во урбанизмот дополнително би се влошила. Нам очајно ни треба општествена реформа, не бирократска.

Патем може ли некој да фрли повеќе светло врз наведениот пример за Франција, звучи интересно ако е точно.


Edited by Cloverstack - 26-Jan-2012 at 00:35
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 26-Jan-2012 at 01:23
Господинот Василевски најверојатно мисли на следниве француски министерства:

- Министерство за екологија, одржлив развој, транспорт и домување
- Министерство за земјоделство, храна, рибарство, рурално и регионално планирање
- Министерство за градски средини
- Министерство за рурални подрачја

http://en.wikipedia.org/wiki/French_government_ministers

Нашиот (политички) пандан во овие области се:

- Министерство за животна средина и просторно планирање
- Министерство за транспорт и врски
- Министерство за локална самоуправа

Clover, како што и самиот изведуваш исправен заклучок, не ми останува ништо друго освен да те цитирам

Originally posted by Cloverstack

Нам очајно ни треба општествена реформа, не бирократска.



Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 26-Jan-2012 at 14:37
Originally posted by spaceman091

najubav objekt vo skopje?!?!?!


Еден од најубавите, кој во скопје на прсти се бројат! Што се фатиле со оваа класикава коа врска немаат, имаме најголема чаршија на балканот со други зборови имаме стро јадро(стар град) кое секој туриста што ќе дојде во оваа наша државичка повеќе ќе го привлече него бил кој од хибридине на вардар. И наместо да си ја средиме чаршијана ние го уништуваме и она убаво наследство од модерната архитектура што ни е останато. Несватливи работи ни се дешаваат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1817
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 27-Jan-2012 at 17:03
Честито барок
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 27-Jan-2012 at 17:44
Originally posted by alexsend

Честито барок


Ај па и домот во барок да ти сија
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 27-Jan-2012 at 17:54
http://www.okno.mk/node/16516
 

Владата најави изградба на пет јавни куќи во барокен стил

 
Владата на Република Македонија на својот интернет – портал денеска објави дека планира да изгради пет јавни куќи чии фасади ќе бидат во барокен стил.
 
Оваа одлука беше донесена поради евидентно присутната агресивност меѓу преродбениците од машкиот пол, која што веќе почнува да ѝ штети на самата Преродба

 
Rollin
Back to Top
ink View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 01-Dec-2010
Location: Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote ink Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 27-Jan-2012 at 18:22
Още барок?! Shocked
По мое скромно мислене, това веке граничи со лудост.
Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 27-Jan-2012 at 18:32
Tочно ...ЛУДОСТ!
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 27-Jan-2012 at 18:51
neznam sto e ama ludost e odamna pominato!!!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 27-Jan-2012 at 18:54

И онака се луди...

Но си правам некои претпоставки.... каква дијагноза би им се поставила... ако случајно... случајно им текне и одлучат да го реновираат Градски Ѕид, поготово кулите... и притоа одберат нешто по мерка на Скопје 2014.

Back to Top
antiuser View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote antiuser Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 27-Jan-2012 at 19:13
Јеби га ..кој губи има право да се љути..така  и вие  "модернисти".
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 27-Jan-2012 at 19:15

Originally posted by antiuser

Јеби га ..кој губи има право да се љути..така  и вие  "модернисти".

Еднаш постаив прашање, ама не го одговори тој на кого беше наменето.

Дечко пишуваш книга, добро ти се продава, читана е, доаѓа друг газда у издавачка куќа и вика ужасна е твојата книга, и он ќе ја мењава. Ќе дозволиш ли?

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 27-Jan-2012 at 19:16

Сите губиме... само некои се свесни а некои не за тоа...

Единствени што добиваат се оние кои го спроведуваат...



Edited by FoSsiL - 27-Jan-2012 at 19:43
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.