build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 64>
Poll Question: Рeкoнcтрукција на oбјектoт на Влада на РМ
Poll Choice Votes Poll Statistics
21 [22.34%]
30 [31.91%]
0 [0.00%]
1 [1.06%]
7 [7.45%]
23 [24.47%]
12 [12.77%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 10-Feb-2012 at 00:36
Во контекст на културното наследство и новата фасада би сакал за тоа малце повеќе да се дебатира.
Скопје е специфичен случај каде многу малце е останато од пред втората светска војна и како европска држава Скопје не го доживеал тој романтичарски период во кој се градат градби со декорации, споменици и слично.

Денес Скопје е воглавном изграден во постмодерен стил, кој ни во светски рамки не е поминат низ процесот да се смета како културно наследство, баш следам на пример за случаи во Лондон, Мелбурн, каде многу од овие градби едноставно исчезнуваат пред се бидејќи како опшество сеуште ја нема таа историска дистанца и носталгија по овие објекти. Минималистичкиот пристап уште помалку помага, бидејќи многу е тешко опшеството да се поврзе и идентификува со објекти кои навидум немаат прикаска позади себе.

За културното наследство одлучува државата и народот преку својата свест и емоции. Ако сака нешто да се зачува мора да се промовира тоа на позитивен начин. Нема сомнение секоја нова влада може да си игра со културното наследство како сака, но останува на народот и одредени групации да ја штитат.

Во Скопскио случај таа архитектура се врзува како социјалистичко наследство и тоа од денешен аспект и политички амбиент ја прави политички неподобна, со што работите се комплицираат, и не помага што како и на форумов се напаѓаат премногу остро и наврелдиво оваа нова визија и групата која ја промовира.
Не помога што од почеток на секоја иницијатива се удри доста екстрeмно од разни групации а посебно од опозицијата, па на крај целиот процес се претвори во наша и ваша архитектура. Па сега имаме екстремен случај каде опозицијата ги бојкотира сите објекти на Скопје 2014, а другите ке форсираат само тоа.
Со тоа рововите станаа премногу длабоки од двете страни, а вистинската дискусија што треба да се зачува се изгуби.

Ако се продолжи вака има да имаме нов центар при секоја нова влада, или пак нов централен плоштад.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2526
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 10-Feb-2012 at 02:33
Реакцијата ни од далеку не е толку агресивна како акцијата која ја предизвика.

Која визија? Па ако сакаме во Скопје да го збришеме „неподобното“ соц наследство тогаш градов не треба веќе да постои. Реално, скоро се во градов е направено пост 45-та. Ама ете булеварите, мостовите, школите, болниците, градинките, стотици станбени и деловни згради итн не се неподобни, само ексЦК, МНТ (а верувам и на поштата/телекомот ќе им дојде редот) се неподобни.

Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 10-Feb-2012 at 07:40
Originally posted by fichot

Реакцијата ни од далеку не е толку агресивна како акцијата која ја предизвика.

Која визија? Па ако сакаме во Скопје да го збришеме „неподобното“ соц наследство тогаш градов не треба веќе да постои. Реално, скоро се во градов е направено пост 45-та. Ама ете булеварите, мостовите, школите, болниците, градинките, стотици станбени и деловни згради итн не се неподобни, само ексЦК, МНТ (а верувам и на поштата/телекомот ќе им дојде редот) се неподобни.



тоа ми е поентата, во скопје има многу малку останато или изградено пред втората светска војна, а денес се соочуваме со еден опшествен тренд кој оди наспроти пост модерните идеали во архитектурата, и тука е судирот кој што го читаме по форумов секојдневно.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 10-Feb-2012 at 14:35
Ако ги тргнеме сите дискусии кои се поврзани со социо-политичките случувања и состојби и во однос на авторски права има еден многу есенцијален проблем со решението број еден па и број пет, а тоа е истиот проблем кој го наведов при поставувањето на „стилската старомодна“ ограда на мостот гоце делчев. Имено јас до сега не сум видел а не сум ниту чул некој објект кој концептуално е изграден во понов стил да се надградува или да се модифицира со елементи кои потекнуваат од постар стил. За сметка на тоа обратниот сооднос е доста застапен, како модерната купола на рајхстагот или стаклената пирамида во лувр. Освен тоа концептот на комбинација на два стила со суштински различни концепти произведува и друг проблем. Сега неможам да ја најдам сликата која ја постираше мислам или гитар или кловер, каде што се споредува уставниот суд/ античкиот музеј како класичен концепт на еден од еклектичните стилови каде објектот има голем преден дел и секогаш симетричен за да симболизира авторитет и ред, во споредба со МОБ кој како објект од модерната е динамичен и разигран преку својата асиметричнонст. Во дадениов случај објектот на владата е очигледно асиметричен и разигран што е во контраст на тоа што терба да го претставува фасадата во некој од еклектичните стилови односно симетричност.
За разлика од ова во обратниот однос (надградби кои потекнуваат од помлад стил) сепак помодерните елемнти се прилагодени кон суштината на постоечкиот објект и не се косат со симетријата на оригиналнот објект. Во горенаведените случаи тоа е премногу очигледно преку симетричноста на куполата и пирамидата.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Online
Posts: 1928
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 10-Feb-2012 at 15:44
Originally posted by mirakuliks

Имено јас до сега не сум видел а не сум ниту чул некој објект кој концептуално е изграден во понов стил да се надградува или да се модифицира со елементи кои потекнуваат од постар стил. За сметка на тоа обратниот сооднос е доста застапен, како модерната купола на рајхстагот или стаклената пирамида во лувр.


da, megutoa vo ovie 2 slucaja ima edna sustinska razlika, sto e i glavnata pricina za negativnite stavovi koi poveketo arhitekti go imaat za sk 2014. primerite sto gi navede se uspesni obidi da se nadgradi ili izkombinira moderen del i eden star postoecki objekt. glavniot akcent e na toa ovaa kombinacija da e dobro vklopena, da go pocituva postoeckiot objekt i sekako da se dobie dobar kraen efekt. vakvi uspesni primeri ima nasekade, bez razlika dali se raboti za vmetnuvanje na sovremen del vo star objekt ili na sovremen objekt pomegu stari objekti.

za razlika od niv, skopje 2014 ne probuva da se vklopi vo postoeckata struktura, niti da ja pocituva, tuku da ja pokrie i sokrie. toa e najgolemiot problem so ovoj proekt. takov e primerot so MOB, so glavnata posta, filharmonijata, GTC, metropol, Elem, domot na arm, kulite nasproti bristol, mostot goce delcev, vladata, mostot oko i dr.

ke imav golema poddrshka za proektot ako probaa da se vklopat i ja pocituvaa postoeckata arhitektura, dali preku urbanistickiot plan ili preku stilot i materijalite na novite gradbi. ke dadam nekolku proizvolni primeri: okolu MOB da izgradea objekti koi ke go definiraa platoto, ke se spustaa kon rekata i ke se dobie ubav komplex na objekti od kulturen karatker, okolu kameniot most da se izgradat lesni lebdecki mostovi, za da dojdese samiot most do izraz, okolu postata da se izgradat objekti so sovremen stil koj ke se vklopi so nea dali preku materijalot ili dizajnot...
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 830
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 10-Feb-2012 at 18:51
Originally posted by xnx


da, megutoa vo ovie 2 slucaja ima edna sustinska razlika, sto e i glavnata pricina za negativnite stavovi koi poveketo arhitekti go imaat za sk 2014. primerite sto gi navede se uspesni obidi da se nadgradi ili izkombinira moderen del i eden star postoecki objekt. glavniot akcent e na toa ovaa kombinacija da e dobro vklopena, da go pocituva postoeckiot objekt i sekako da se dobie dobar kraen efekt. vakvi uspesni primeri ima nasekade, bez razlika dali se raboti za vmetnuvanje na sovremen del vo star objekt ili na sovremen objekt pomegu stari objekti.

za razlika od niv, skopje 2014 ne probuva da se vklopi vo postoeckata struktura, niti da ja pocituva, tuku da ja pokrie i sokrie. toa e najgolemiot problem so ovoj proekt. takov e primerot so MOB, so glavnata posta, filharmonijata, GTC, metropol, Elem, domot na arm, kulite nasproti bristol, mostot goce delcev, vladata, mostot oko i dr.

ke imav golema poddrshka za proektot ako probaa da se vklopat i ja pocituvaa postoeckata arhitektura, dali preku urbanistickiot plan ili preku stilot i materijalite na novite gradbi. ke dadam nekolku proizvolni primeri: okolu MOB da izgradea objekti koi ke go definiraa platoto, ke se spustaa kon rekata i ke se dobie ubav komplex na objekti od kulturen karatker, okolu kameniot most da se izgradat lesni lebdecki mostovi, za da dojdese samiot most do izraz, okolu postata da se izgradat objekti so sovremen stil koj ke se vklopi so nea dali preku materijalot ili dizajnot...


Прво тука не станува збор за вметнување на стар или нов објект помеѓу нови то ест стари објекти, туку станува збор за изменување на дел од физичкиот изглед на објектот.
Второ ова не е нишка за ск2014 туку нишка која изолирано го гледа проблемот со избор на нова фасада на владата.
И трето да затскриваш некој објект со други објекти не е нималку толкав преседан како изгледот на самиот објект да се трудиш со сила да го скриеш, имено и ти самиот рече има многу примери каде модерни стојат до стари објекти и јас ќе ти кажам има уште толку стари меѓу модерни објекти и обратно кои не толку соодветсвуваат на околниот контекст ама се застапени и не нешто трагично во споредба да се прешминкува објект од помлад стил во постар стил, без разлика кои ид а е се причините.


Edited by mirakuliks - 10-Feb-2012 at 18:53
Back to Top
Izveduvac View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 13-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Izveduvac Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 10-Feb-2012 at 22:08

Interesno mi e deka na forumov se drzi edna teza-deka klasicizmot veke nigde ne se proektira

 Znaci –sakam da objasnam deka vo svetot  se proektira I vo klasicizam.

Primer koga ima dogradba, cesto ne se pravi vo najsovremena arhitektura, tuku ke zadrzuva klasicnata arhitektura

 http://www.bdp.com/en/Sectors/Heritage-and-Culture/?tab=Projects

 (ova e br 2 biro vo UK) pogolemi I do Norman Foster> Kaj Istite dogradbata e klasicna, znaci ja poddrzuvaaat istorijata na svojata drzava.

 Priemr na edno od najdobrite biroa  Sheppard Robson vo UK, koga se raboti za nacionalna istorija stanuvat najdobri klasicari

http://www.e-architect.co.uk/images/jpgs/london/london_building_aw050507_085.jpg

 

Povtoruvanjeto deka na zapad se proektira samo najsovremena arhitektura  ne drzi, bidejki ima mnogu golem pazar za klasicnata arhitektura

 Eve sajt do edna od top 100 kompanii vo UK

http://www.insall-architects.co.uk/

 vo top 100 od proektiranje, vo UK

http://www.insall-architects.co.uk/

Znaci  sajt na edna od podobrite proektantski vo UK,

 pritoa ima I drugi  niz evropa,  pobarajte ke najdete, ne lupajte samo: nema

 

Ima paralelen pazar na klasicni objekti, I istiot ne e poddrzan od mediite bidejki se kosi so potrosuvackoto opstestvo.

Istoto se zasnova na brzite promeni. Ako enterier ne se menuva na sekoi 5-10 godini ke se srusi konceptot. Sekoj otpor kon promenite  vlijae negativno na segasnoto potrosuvacko drustvo.

Zamislete go samo dubai po 30 godini, Ste bile vo Loret det Mar,? Jas sum bil I ne mi teknuva pak da idam. Gradce kade hotelite se napraveni pod tekovno vlijanie, bez licno ili vonvremensko vo arhitekturata, I istoto ne go tera turistot pak da se vrati.

  

p.s. Okolu avtoskite prava.

Izmena e izmena, mala golema, grda ubava, prifatliva neprifatliva.  za Pravoto e isto(osven vo nedemokratski sitemi).

 Platon mi e drag, no vistinata mi e podraga-Aristotel

 Gi cenam lugeto koi imaat stav,

Licniot stav  cesto se kosi so momentalni dopaganja ili bliskosti,no pritoa toj ne se promenuva. Vazi nadvor od partiskite opredelbi.  Stavot e toj  sto nas ne razlikuva od primitivcite I zivotnite.

 

 

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 10-Feb-2012 at 22:44

Тотално избегнувам да ти реплицирам, ама пак си конфузен. Сам влегуваш во стапица. Велиш доградби. Па сосема очекувано е доградбите на класичните објекти во најголем број случаи да бидат во истиот стил. Но тоа не значи дека во нормалниот развиен свет од ново, или ако сакаш боље de novo, па и економскион термин за нова инвестиција greenfield, се градат објекти во стилови од пред пар векови.

Грешам, има впрочем во Казахстан, Азербејџан и уште некоја транзициски обогатена земја од нафта и ниска работна сила. Тука е и Кина наравно. Ама зар сакаме со овие да се такмичиме? 

Она што најмногу како граѓани на оваа држава ме боли што самите себеси не се цените како индивидуи, како плаќачи на данок, туку дозволувате да ве заведе некаква виша сила.

Искрено Изведувач те замолувам да не постираш по којзнае кој пат конфузни и никакви квалитетни постови и дури да ни кажуваш кое проектантско биро колку вреди, кога тие не градат од ново, тие само проектираат за веќе постоечки објекти.

И уште една ствар. Упорно се убацуваш на МКЦ. Да ти кажам две ствари. Во државата, по некое правило има објекти од висок ризик и значење за државата и објекти од локално значење. Без никакво деградирање на МКЦ, али тоа е објект од локално значење. Влада на РМ е институција од државно значење. Таа не репрезентира сите. Владата креира политики дали ќе живееме мизерно или уште помизерно. Не е Владата локално катче за хеви метал и рок испразнуење. Плус, многу битна ствар, не се смени ниту костурот на МКЦ, ниту физиономијата на објектот, ниту пак смислата на објектот како таков. Кај Владата станува збор за од корен промена. Зошто да не се оди само на промена на старите алуминиумски профили, прозорците, кровот, партерното уредување и изолацијата? Зошто мора сета таа реконструкција узалуд да потроши толку многу народни пари? За нечиј ќејф? Ја би рекол да.

Класично однесување на луѓе кои немаат аргументи е оддалечување од поентата преку поезија и филозофија. За пари на народот се работи, не за фрази од политичка филозофија. Таа важи на факултет кај мене, ама у реалноста важи стандардот на народот.

И ко за крај, МКЦ буди спомени кај мене и кај уште 10 000 младичи у Скопје. Владата е синоним за секој граѓанин, и за оној кој не плаќа струја и за оној кој е најголем плаќач  на даноци. Е тука е разликата, без никакво омаловажување на објектот како нечие дело. Али коа ќе влезеш у МКЦ не те пречекува огромен детектор.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 10-Feb-2012 at 23:15
@Izveduvac

Мене пак ми е интересно дека упорно ја вртиш истата расипана плоча и избегнуваш да дадеш одговор на конкретни прашања.

Значи, во интерес на дискусијава да се сложиме дека во светот се практицира употреба на класицизам при изведба на нови објекти и дека е сосема коректно истиот да се практицира во Скопје.

Но зошто на овој објект, зошто не на нови објекти кои би можеле да се изградат на мноштвото празни парцели во центарот на Скопје? Зошто да се осквернави овој објект, наместо да се направи нов објект за владата? Зарем тоа не би било идеално решение за сите?

Дај ми разумен одговор на ова прашање без забегување со твоите лични и субјективни идеолошки перцепции, бидејќи истите не се релевантни во една сериозна дискусија и ќе бидат избришани од форумот во понатамошниот тек на дискусијата.


Edited by pbanks - 10-Feb-2012 at 23:16
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 10-Feb-2012 at 23:57
Originally posted by makonix

Во контекст на културното наследство и новата фасада би сакал за тоа малце повеќе да се дебатира.
Скопје е специфичен случај каде многу малце е останато од пред втората светска војна и како европска држава Скопје не го доживеал тој романтичарски период во кој се градат градби со декорации, споменици и слично.

Денес Скопје е воглавном изграден во постмодерен стил, кој ни во светски рамки не е поминат низ процесот да се смета како културно наследство, баш следам на пример за случаи во Лондон, Мелбурн, каде многу од овие градби едноставно исчезнуваат пред се бидејќи како опшество сеуште ја нема таа историска дистанца и носталгија по овие објекти. Минималистичкиот пристап уште помалку помага, бидејќи многу е тешко опшеството да се поврзе и идентификува со објекти кои навидум немаат прикаска позади себе.

За културното наследство одлучува државата и народот преку својата свест и емоции. Ако сака нешто да се зачува мора да се промовира тоа на позитивен начин. Нема сомнение секоја нова влада може да си игра со културното наследство како сака, но останува на народот и одредени групации да ја штитат.

Во Скопскио случај таа архитектура се врзува како социјалистичко наследство и тоа од денешен аспект и политички амбиент ја прави политички неподобна, со што работите се комплицираат, и не помага што како и на форумов се напаѓаат премногу остро и наврелдиво оваа нова визија и групата која ја промовира.
Не помога што од почеток на секоја иницијатива се удри доста екстрeмно од разни групации а посебно од опозицијата, па на крај целиот процес се претвори во наша и ваша архитектура. Па сега имаме екстремен случај каде опозицијата ги бојкотира сите објекти на Скопје 2014, а другите ке форсираат само тоа.
Со тоа рововите станаа премногу длабоки од двете страни, а вистинската дискусија што треба да се зачува се изгуби.

Ако се продолжи вака има да имаме нов центар при секоја нова влада, или пак нов централен плоштад.


Добар осврт makonix, особено последната реченица. Затоа постојано се апелира многу повнимателно да се пристапи на целиов проблем. Ќе повторам по којзнае кој пат, доколку се валоризираше градежносто наследство од 60те-80те, мислам дека работите немаше да дотуркаат до тука и немаше да се направи таа длабока поделба, тие длабоки ровови за кои што зборуваш. За жал, неможам а да не мислам дека сето тоа е намерно направено од едноставна причина што е лесно предвидливо дека нешто такво ќе се случи.

Точно е дека голем дел од граѓаните не успеаа да „развијат хемија“ со скопските бруталистички бисери, точно е тоа дека можеби историската дистанца не е доволно голема за да се утврди вредноста на сите овие објекти. Но токму затоа и клучните објекти од оваа ера треба да се третираат со внимание и да им се даде шанса да си го најдат своето место во историјата. Секако за такво нешто треба и соодветно да се одржуваат а тоа не е случај од кога се изградени.

Луѓе едно време обожуваа да прават паралели помеѓу куќата на Мајка Тереза и Ајфеловата кула. Демек, несфатена уметност која дури допрва ќе се цени, слично како што било со Ајфеловата кула.

Да потсетам Ајфеловата кула била прилично омразен објект од жителите на Париз долго време од нејзината изградба. Иницијалниот план бил таа да се сруши по 20 години (нејзиниот модуларен дизајн бил меѓу другото во таа функција) но таа преживеала бидејќи била корисна како телекомуникациски предавател во време кога телекомуникациите почнале да се развиваат. Објектот имал среќа да остане во едно парче доволно време за луѓето да го разберат и да можат да го ценат.

Бројот на објекти во Скопје кои треба да имаат ваков третман (од ерата '60-'80) не е преголем, веројатно не повеќе од 30 објекти. Зошто тогаш да ги затскриваме и сквернавиме?


Edited by pbanks - 10-Feb-2012 at 23:58
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 11-Feb-2012 at 15:34
Моја фасада

Друже Тито само пиши, радиќемо и по киши... Пишува Горан МИХАЈЛОВСКИ

1   Со само една реченица архитектот на зградата на Владата Петар Муличкоски ја отслика општата состојба во државата. Кога Владата објави дека фасадата на неговата зграда ќе ја обложи со барок и ќе го уништи неговото авторско дело, тој рече: "Немам пари, а немам ни сила да ја тужам Владата".
Го разбирам човекот. Има осумдесет години, професионално се докажал, неговите дела се наградувани и гледа да си го истера пензионерскиот живот со што помалку стресови за да го држи здравјето. Нема пари, а нема ни сила.
Но, каде е стручната јавност? Каде се некорумпираните архитекти? Каде е опозицијата? Каде е Здружението на архитекти? Се прашуваат ли овие што сега се јавуваат на конкурсите за да го уништуваат делото на нивните претходници, како би се чувствувале тие некој во иднина да го поништи нивното дело. На пример, Триумфалната порта да ја обложи со огледала затоа што едноставно ваква каква што е не му се допаѓа. Или целата барокна пластика од фасадите на "Скопје 2014" да ја покрие со стаклени и метални елементи?
Конечно, каде е јавниот обвинител да покрене постапка за кршење на Законот за авторски права? За разлика од архитектот Муличкоски тој има пари, моќ, а богами и должност да го стори тоа.
Тоа што се направија нови згради, божем барокни или во неокласичен стил, се направија. Зградите се нови. Некому му се допаѓаат, некому не. За вкусови не се расправа.
Ама со менувањето на фасадите на постојните згради веќе не зборуваме за вкусови. Зборуваме за кршење закон. И тоа во име на што? Во име на тоа што зградите што веќе постојат не се совпаѓаат со нечиј вкус. Не биле убави. Кој го вели тоа? Па законот не зависи од мојот или од твојот вкус.
Ова веќе ме плаши. Оти апла личи на одмазда на исфрустрирани архитекти и разуздана власт. Што ако и следната власт што ќе дојде, прва работа за која ќе се зафати ќе $ биде да ги менува фасадите? Оти може нема да им се допаѓа ова што го гради Груевски. Па следните 20 години како што ќе се менуваат владите, ќе си се одмаздуват со менување фасади. Мојата фасада наспроти твојата фасада.
А ние ќе си молчиме. Немаме пари и немаме сила. Ќе си седиме и ќе си гледаме сеир. Се сведовме на голо преживување и тоа претставува оправдување за сe.
И чекаме. Дваесет години чекаме да го допреме дното. А дното е постојано уште подлабоко.

2    Новите фасади треба и да се осветлуваат. Кажаа дека за осветлување на фасадата над ресторанот Пелистер ќе се потрошат 100.000 евра. Бадијала. Пари ли се тоа? Кој уште се занимава со толку ситни суми? Што се 100.000 евра во однос на 4 милиони евра за Портата Македонија? Или за 12-те милиони за Александар - воинот на коњ. Ние изгубивме чувство за пари.
Да станува збор за некоја фасада во Виена, или во Минхен, и да имаш плата од некои 3.000-4.000 евра, па да си седиш во кафеаната под фасадата и за вечера со семејството да платиш 200-300 евра, може 100.000 евра за светла за фасада нема да ти звучат страшно. Оти, со таков стандард, веројатно тоа е разумна сума за светла. Не се сомневам дека добро осветлување толку чини.
Само во оваа земја во која просечната плата е 350 евра, може да се пофалиш дека светла за само една фасада ќе чинат 100.000 евра и тоа ќе ти помине незабележано.
Колку за споредба, со таа плата треба да работиш дваесет и пет години за да ставиш светла на фасада само на една зграда.

3   Секој ден гледам утринска програма и секој ден откривам во кој град има проблеми со водоснабдувањето. Не било само во Прилеп. И во Крушево има рестрикции на вода. Претпоставувам и во Кичево, оти се на истиот извор. Кумановци и онака си полнат вода од Кумановска бања кога немаат вода. Тетово постојано е под рестрикции. Пред некој ден се зачудив дека и Кавадарци има проблем со водата.
Новата управна зграда на Водоводот во Скопје ќе чини 10 милиони евра. Што ќе ти е вода секој ден кога имаш оригинал барок?


Извор: ВЕСТ
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 11-Feb-2012 at 18:18




Edited by mladen_s - 11-Feb-2012 at 18:19
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 11-Feb-2012 at 18:34
..оваа перспектива повторно ме тера да го потврдам истото. Дури ни во класичната новокомпонирана не не` бива. Погледнете само репликата на стариот театар како доминира во простор со своите кубуси во одност на зданието на ВМРО, дури и гротескната мултипликација на ЦК подобро стои на тоа место. Страв ми е само да не сме си кренале раце и од самите себе, штом си дозволуваме и во класичниот израз објекти ко ВМРО. Џабе му се сите фасадни детали, кога ова е дефинитивно ретко стерило здание за околината, чест на поставката внатре која е нешто ново на овие наши простори.

BTW, се обложувам со било кој на форумов у мин. 100 еура дека ова ќе биде прв објект кој ке трпи сериозни корекции во скора иднина, без разлика која влада ќе биде. За да не сум скроз offtopic, парите наменети за промена на фасадата на владата уште сега би ги пренаменил за нова фасада на „новиов„ објект на ВМРО, и не мора да се распишуваат квази конкурси, не може да биде полошо од ова.


Edited by Gradinarot - 11-Feb-2012 at 18:44
.....   .......
Back to Top
Izveduvac View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 13-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Izveduvac Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 12-Feb-2012 at 11:54
Do nekade si vo pravo.


Poradi programata na skopskiot univerzitet, osven iminja i dati, recisi i da ne se znae nisto drugo od klasicnata arhitektura. Zatoa po mene e golemata omraza kon istata.

Koga bi se zapoznala, istata bi bila ceneta. Nema so takva omraza da se zboruva protiv nea.
Sekoj koj izvel ili proektiral klasicen objekt, ja ceni klasikata.

Zatoa ima i razliki vo kvalitetot na istata, sto se oseka pomegu dvata objekta na slikata. Edniot e od majstori na arhitekturata graden vo 30, drugiot e... da receme pocetok





okolu toa za novite gradbi vo klasicen

http://www.donaldinsallassociates.co.uk/app/index.php/projects/category/4
There are 29 results for the New Build category..... Mislam da ja zavrsime diskusijata dali ima, ima i kraj. Sepak treba da se pobara.....


Okolu avtorskite prava, bi prasal

Dali site avtori - bi trebalo da imaat isti avtorski prava?

Mojost stav e da. Soglasno ustavot site gragani imaat isti prava. Mozebi treba da izglasame diktatura ili serijat i ke imame razlicni kategorii na gragani. Do togas site avtori imaat isti prava. (dokolku objektot ne e zastiten so zakon)

Humanistickiot pristap e da> Dokolku nekoj ima odgovor ne, neka se zaprasa,dali  gi krsi demokratskite temeli na opstestvoto i  dali so toa ne otvara pat i kon nego da bidat primeneti dvojni arsini.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5307
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 12-Feb-2012 at 13:02
Авторското право не е граѓанско право. Нешто ми вика дека не си воопшто запознат со темата за авторски права.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 12-Feb-2012 at 13:40
Изведувач, многу ми е жал што пак ќе те побијам. Уште пожално е што како дебатери има на секој чекор а и се повеќе. А и иритираш бесконечно, впрочем и не може да те сметаме за сериозен форумџија, затоа што само постираш за одредена тема, а не те гледаме да ставиш по некоја слика, да развиеш дебата во друга тема и слично. Уште пожално е што досега на никого не си реплицирал директно. Тоа говори нешто. А еве сеа за твојот линк:

Battle of Britain Monument, London SW1 - ќе да оваа не е како тортине од Ск 2014

Binham Priory, Norfolk
Discreet modernisation

Chester Racecourse - стаза за трки со коњи?!?!??!?!? И ова тебе ти е класично и вредно за паралела со Владата на РМ како објект?

Estate Office, Cheshir - ова е далеку од видот на фасада кој е наменет за Владата, а од друга страна ова е традиционален енглески објект. Нз дали новата фасада е традиционално македонска Question

Lansdowne Road, Cambridge - куќа за живеење

Plas Coch, Ynys Mon, Isle of Anglesey
Restoration of a 16th century manor house using traditional techniques - и уште еднаш, ова е стара радба, која нормално мора да се реставрира понекад. Не се Енглезите будали од еден стил да менуваат во друг, за среќа.

Стварно не гледам дека Енглезиве се потепале да градат и даље во стар стил деловни, комерцијални и административни згради.

А да, тоа таму што си видел еден објект за некакви музички настапи, изграден со тули, уопште не асоцира на класичен стил. Ако е така, у Аеродром со години имаме класични згради чија фасада е целосно составена од црвени тули. Има патем и во Капиштец.





Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 12-Feb-2012 at 15:34
искрено погорните постови не ги имам читано бидејќи како секој да си да држи својата страна,но ќе напомнам нешто-доколку некое авторско дело не е заштитено,тие што го стопанисуваат имаат право што сакат да му прават од правен аспект.моралниот е друга приказна.гледаме деновиве како една пејачка(Бијонсе) го заштитила името на нејзиното дете да никој неможе да има такво име.ама тоа се пријавува и за тоа СЕ ПЛАЌА
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 12-Feb-2012 at 16:42
Во врска со авторските права на архитектот Муличковски

Во медиумите и на јавни настапи можеа да се прочитаат и слушнат разни видувања за тоа дека авторот ги поседува правата па според тоа промената на фасадата на Владата е нелегална доколку Муличковски истата не ја одобрува. Во времето кога е граден објектот на сила бил Законот за авторското право на СФРЈ од 1968 година. Во него се гарантираат авторските права за дела од областа на архитектурата. Но, како и во секој закон така и во овој постојат одредени исклучоци за имателите или корисниците на правото.

Главно прашање на кое треба да се одговори е дали Муличковски има потпишано договор за градежни работи со тогашниот ЦК СКМ. По претпоставка дека таков договор е потпишан, потребно е да се анализираат неговите одредби. Од особена важност е дали во тој договор има клаузули кои се однесуваат на пренесување на авторски права. Доколку такви има, треба да се утврди дали е потпишан посебен Авторски договор со кој авторот целосно го пренел своето авторско право на ЦК СКМ или пак е пренесено правото за користење (во кој случај не може да се реконструира без одобрение на авторот) и/или преработување (адаптирање) на делото.

Накратко, одговорот дали промената на фасада на Владата е легална лежи во можниот Договор за авторски права. Доколку истиот постои и во него е утврдено дека Муличковски е носител на авторското право, се поставува прашањето зошто авторот не го презентира пред јавноста?
Back to Top
Izveduvac View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 13-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Izveduvac Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 12-Feb-2012 at 21:24
http://www.adamarchitecture.com/residential/index-Residential_Developments.html

i ova li ne se gradi vo svetot.  Lugeto ne patat od tugo mislenje.

N23 View%20Drop%20Down

Bidi iskren i kazi

Dali poprvo bi sozdaval  dom (za tebe, zena, deca) vo vakvi romanticno istoriski sredini (kako na linkot).

ili vo brutalisiticki gradbi praveni segde niz svetot


p.s. prvite najcesto ja zadrzuvaat srednata klasa, dodeka vtorive skoro segde se maala kade se razviva krimainal.
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 12-Feb-2012 at 21:24
не треба така лесно да си паѓаме во „приказната„ легално-нелегално, па макар тоа било и вон секоја памет, разум и логика. Па дали е ова правнички форум па слепо да се држиме до легислативи, или треба и мораме да дадеме критички осврт на работите и од друга страна. Ако некој решил да те чуе, ќе те чуе, ако некој решил да менува, ќе менува, нас никој не не` прашува, ама затоа имаме право да си го кажеме своето мислење, ако се разбираме...форум е ова, алоооо, од време на римјаните постои, која му е намената

Edited by Gradinarot - 12-Feb-2012 at 21:27
.....   .......
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.