build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 64>
Poll Question: Рeкoнcтрукција на oбјектoт на Влада на РМ
Poll Choice Votes Poll Statistics
21 [22.34%]
30 [31.91%]
0 [0.00%]
1 [1.06%]
7 [7.45%]
23 [24.47%]
12 [12.77%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 29-Sep-2013 at 21:22
До каде е стигната работата по објектов?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 29-Sep-2013 at 21:28
Денес поминав во близина и видов дека се работи, ставени се скелиња на речиси сите згради од објектот. Не сликав зашто нема ништо посебно за гледање.
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 742
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 29-Sep-2013 at 22:30
Од страната на паркот, на една од зградите можат да се забележат одредени железни елементи, барем колку што можев да видам пред некој ден.
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 30-Sep-2013 at 12:38
Благодарам за инфото
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1903
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 30-Sep-2013 at 18:12
Бидејќи моментално работам во близина и секој ден поминувам од тука ќе кажам дека работата иде полека, но проблемот е не дека не се работи туку бидејќи сите ламели на кој се работи прво се обвиваат со скелет од железо а тој процес оди споро, скелетот е околу еден метар одалечен од постојната фасада. Други подетални информации немам бидејќи не се гледа воопшто од заштитната фолија која е поставена.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 12-Oct-2013 at 13:57
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 13-Oct-2013 at 13:13
Барокниот изглед на Владата досега-9,3 милиони евра

Планираниот изглед на седиштето на македонската влада досега чини над 9,3 милиони евра, а допрва ќе треба да се потпишуваат договори и за изведба на идното ентериерно уредување.

Проектантското биро „Архитектоника“ од Скопје е избрано да го подготви основниот и идејниот проект за адаптација на дел од содржините и ентериерно уредување на просториите во Владата, објавува Скопје инфо.

Бирото „Архитектоника“ во порфолиото ја има изработката на основниот проект за неокласичната фасада на владата, но и по неколку победнички решенија за изградба на нови и реконструкција на постоечки зданија во духот на „Скопје 2014“.

За реализација на проектантските услуги од државниот буџет таа ќе наплати 5.310.000 денари или над 85 илјади евра.

Според објавените информации на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, времетраењето на договорот за изработка на основниот проект изнесува 150 денови.

Kомпанијата „Бауер БГ“ работи на изведбата на новиот надворешен изглед на владиниот објект. На целото здание се поставени скелиња, додека дел од конструкцијата врз која ќе се изведува неокласичната фасада веќе е монтирана.

Авторот на старото архитектонско решение на Владата, еден од великаните на македонската архитектура, Петар Муличковски, во неколку наврати, меѓу кои и во интервју за НОВА во мај револтирано протестираше за реконструкцијата на неговото дело.

Тој за НОВА изјави дека ја отфрла идејата за барокен стил не само на Владата, туку и на целот владин проект Скопје 2014:

-Мене ми беше понудено да земам учество како консултант околу новите идејни решенија за фасадата на Владата. Јас имам авторски права и не се согласувам со тоа, да се менува сега фасадата во некаков барокен стил. Таа фасада своевремено од врвни експерти беше оценета како ремек – дело. Тогаш јас на конкурсот добив прва награда и тоа тогаш беше прва награда со право на изведба на авторот.

-Нон сенс е ова што се прави, да се гради нешто од пред 300 години. Современотот творештво во архитектурата и урабнизмот оди напред. Компонентата треба да биде врвна техологија на изведба и уметност, а не идеологија. Невозможно е ова што се прави овде, изјави во интервјуто за НОВА во мај оваа година, Муличковски.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=8409
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 13-Oct-2013 at 17:19
од ЅЅС

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 13-Nov-2013 at 17:31
Елементите со кои ќе ја „облепуваат“ фасадата на Владата. Веројатно се „античките“ столбови.

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 13-Dec-2013 at 14:46
денес



За сè има вторпат
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 13-Dec-2013 at 21:01
Од што се направени овие коруби, т.е. фолирантски столбови?

Edited by Bojan10 - 13-Dec-2013 at 21:01
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12256
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 13-Dec-2013 at 21:41
Не знам, ама сигурно се од гипс-пластика или некој сличен материјал. И тоа кажува со каква „сериозност“ се пристапува кон реконструкција на фасадите. од друга страна, од она што го видов во живо додека поминував оттаму, ме радува тоа што еден убав сончев ден, кога сите овие глупости ќе завршат, некои поразумни власти многу лесно ќе ја отстранат „шминката“ од една од најубавите градби во Република Македонија.
За сè има вторпат
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 13-Dec-2013 at 22:15
Како да не, најубавата зграда, ако си сигурен во тоа што го говориш тогаш сме ужасно грда држава...

Со ова малку пари, и со двојно платените згради, и двојно платениот пластелин за фасадите низ центар ништо не правиме, да ги имаме парите на Емиратите па да правиме муабет. МНОООООГУ пари се потребни Скопје да се разубави. Воопшто не ми се допаѓаше ни како изгледаше пред да почне проектот СК2014 ниту па сега ми се допаѓа. Некои работи се симпатични, ама со големи пропусти. Некои се скроз промашени.

Зградава нема да биде поубава од тоа што беше, нема да биде погрда од тоа што беше, само ќе биде различна, проектов е само фрлање пари...

Јас реков неколку пати, нема шанси да застанам во одбрана на ремек делата од комунизмот кои го "красат" Скопје, ама, сум апсолутно против неразумното и нерационално трошење државни пари.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 14-Dec-2013 at 01:06
Originally posted by Џоле

Не знам, ама сигурно се од гипс-пластика или некој сличен материјал. И тоа кажува со каква „сериозност“ се пристапува кон реконструкција на фасадите. од друга страна, од она што го видов во живо додека поминував оттаму, ме радува тоа што еден убав сончев ден, кога сите овие глупости ќе завршат, некои поразумни власти многу лесно ќе ја отстранат „шминката“ од една од најубавите градби во Република Македонија.

 
Истото околу отстранувањето на шминката важи и за другите фасади низ Скопје кои ги "изнашминкаа" - Пелистер и ред други се нашминкани на истиот принцип и многу лесно може да им се отстрани шминката.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 14-Dec-2013 at 22:26
Originally posted by Bojan10

Како да не, најубавата зграда, ако си сигурен во тоа што го говориш тогаш сме ужасно грда држава...

Со ова малку пари, и со двојно платените згради, и двојно платениот пластелин за фасадите низ центар ништо не правиме, да ги имаме парите на Емиратите па да правиме муабет. МНОООООГУ пари се потребни Скопје да се разубави. Воопшто не ми се допаѓаше ни како изгледаше пред да почне проектот СК2014 ниту па сега ми се допаѓа. Некои работи се симпатични, ама со големи пропусти. Некои се скроз промашени.

Зградава нема да биде поубава од тоа што беше, нема да биде погрда од тоа што беше, само ќе биде различна, проектов е само фрлање пари...

Јас реков неколку пати, нема шанси да застанам во одбрана на ремек делата од комунизмот кои го "красат" Скопје, ама, сум апсолутно против неразумното и нерационално трошење државни пари.
најпогрешно нешто е што мерна единица за квалитет, исплатливост и општа вредност ни е убавината, нешто што не се ни мери и нема никаква врска со уметностите и науките, како што е на пример архитектурата
мене на пример, објектот на владата воопто не ми се допаѓа и совпаѓа со личните вкусови, ама го почитувам како архитектонска оставштина, како историја, и како уникатно архитектонско дело (под уникатно се мисли на тоа што нема такво друго, а не на специјално)... што има погрешно во таквото цивилизирано размислување?
мора ли фронтови да се отвараат на база на личен вкус секој пат кога на некој не му се допаѓа нешто?
проблемот никогаш не беше во архитектонските стилови, проблемот беше во дилетантскиот и незрел однос кон сопствена култура и наследство... што ако утре некој дојде на власт и му прдне да нареди стаклени фасади по секоја зграда?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 22-Dec-2013 at 19:48
ova ke bide fuseraj neviden  DumpDumpDump

Edited by Dzeksi - 22-Dec-2013 at 19:48
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 24-Dec-2013 at 22:02
ednata kocka od renoviranata fasada e veke gotova i osvetlena navecer 
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 25-Dec-2013 at 09:10
Некој да документира? Џоле? : )))  Или од смогот не се гледа баш...
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 25-Dec-2013 at 22:40


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 19:58
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 25-Dec-2013 at 23:34
искрено мислев дека од технички аспект е многу тешко и споро да се изработи оваа варијанта на фасада.но секогаш има и изненадувања
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.