build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Urban sprawl

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Urban sprawl
    Posted: 16-Nov-2011 at 19:58
Алелуја, таму треба да се гради, натаму треба да се шири градот. Зајчев рид- Злокукани-Бардовци-Волково и назад кон Визбегово. Мислам дека Водно и неговата парк шума треба да се остават да дишат, па и ние со неа.


Originally posted by Administrator

Коментар оригинално постиран во нишката за Комплекс Верина



Edited by pbanks - 19-Nov-2011 at 11:43
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Nov-2011 at 21:09


http://en.wikipedia.org/wiki/Urban_sprawl

..za se treba vreme da se opservira, nisto ne e kako na prv pogled

Edited by pbanks - 16-Nov-2011 at 21:11
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8902
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Nov-2011 at 21:25


Точно, но мислам дека Скопје е далеку од "sprawl"-уван град и малку ширење и разбивање не е на одмет после интензивното збивање во последните 20 години.

Мегаломанските "sprawl"-ови кои се ставаат во негативен контекст, се карактеристични пред се за Америка додека во Европа најчесто има поизбалансиран пристап кој мислам дека е присутен (или бил присутен на моменти) и во Скопје.

Конкретно, Верина е добро поврзана со обиколницата, веднаш е до новата траса на Илинденска и има предиспозиции да биде убаво место за живот кои ќе ги нуди и погодностите на живеење во затворен, приватен комплекс со низа содржини во него, но и на близината до градот и непосредната околина.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Nov-2011 at 21:38
Не сум баш сигурен колку Европа има(ла) балансиран пристап. Веројатно зависи од тоа за кој регион зборуваме. Во секој случај, во Америка се' е поголемо и со поголеми последици.

Исто така, Скопје не е баш толку збиен град? Некаде уште е потребна густина за да добие исплатлив јавен превоз и ред други работи. Да не зборуваме за простори во кои треба малку да се инвестира, ама секој сака да гради на „јасна полјана“, многу јасно.

Проблемот е што ако започне ваков тренд и докаде ќе оди тоа. Бидејќи градот еднаш се определил за контролиран раст, промените во урбаната политика би имале последици. Особено ако средната класа почне да го напушта „густиот“ дел (бидејќи ја немаме, засега нема проблем со ова) . На крај, за да има висок квалитет на живеење, потребно е и високата класа да остане во градот, нели?

Добро, сигурно еден ваков комплекс нема да ги предизвика сите ефекти и веројатно ќе биде добар пример. Како што реков, проблемите настануваат ако масовно се следи добриот пример.

Edited by mladen_s - 16-Nov-2011 at 21:46
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8902
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Nov-2011 at 22:00
Originally posted by mladen_s

Не сум баш сигурен колку Европа има(ла) балансиран пристап. Веројатно зависи од тоа за кој регион зборуваме. Во секој случај, во Америка се' е поголемо и со поголеми последици.


Во ред, далеку од тоа дека во Европа нема urban sprawl, но втората твоја реченица е тоа на што целев. Сум живеел во американски sprawl, и негативните аспекти кои се потенцираат во ваков контекст не сум ги сретнал на исто ниво во Европа каде секогаш имало некаков баланс, дури и во sprawl-ot.



Исто така, Скопје не е баш толку збиен град? Некаде уште е потребна густина за да добие исплатлив јавен превоз и ред други работи. Да не зборуваме за простори во кои треба малку да се инвестира, ама секој сака да гради на „јасна полјана“, многу јасно.


Точно, но зборуваме за цела низа на наслеби (Дебар маало, Водно, Кисела Вода, Центар а на добар пат се/имаат тенденција и Козле, Црниче, Припор и Тафталиџе) каде густината експлодираше во изминативе години и каде условите за квалитетен живот се скоро неповратно уништени а реперкусиите или веќе се осеќаат, или допрва ќе се осетат. Во име на запирање на ова стихијно збивање, јас се надевам дека одреден sprawl ќе има, и се надевам дека ќе биде контролиран/планиран, од една страна од инвеститорите со вакви комплекси, од друга страна од општинските власти кои сето тоа би го следеле со инфраструктура и правилно планирање.

Инаку, во Скопје веќе има неколку места на кои има „мини-квази-sprawl“, зборувам пред се за Бардовци, Злокуќани, Сопиште... каде се градат куќи без никаков ред, не постојат никакви пристапни улици до внатрешните плацеви и се се гради ад хок или во договор со комшиите ако се погодат. Според мене, ова е уште една исклучително негативна појава која го продлабочува хаосот во градот.


Проблемот е што ако започне ваков тренд и докаде ќе оди тоа. Бидејќи градот еднаш се определил за контролиран раст, промените во урбаната политика би имале последици. Особено ако средната класа почне да го напушта „густиот“ дел. На крај, за да има висок квалитет на живеење, потребно е и високата класа да остане во градот, нели?


Никогаш не сум ги разбрал политиките од типот, контролиран раст, затворен град итн итн... Јасно е дека развојот на градот треба да се контролира и насочува но во никој случај да се ограничува. Скопје не треба да се плаши од раст на населението (или на раст од било кој друг тип) и треба да се бори за своето место да биде битна балканска и европска метропола, колку и тие зборови да звучат смешно.

Последното што го кажуваш „држи вода“ и секако овој процес воопшто не е наивен и може да наметне страшни последици (незнам дали некој прошетал скоро околу плоштадот Омониа во Атина каде нема жив Грк, туку има цели банди на сиромашни имигранити кои се занимаваат со дискутабилни дејности, во сред Атина, во сред бел ден...). Тоа не значи дека треба да се плашиме од него и грчевито да се бориме за некаков стаус кво, подобро е да се спремиме за сето тоа за кога ќе дојде моментот да се соочимие со проблемите на најдобар можен начин. Во спротивно само ќе продолжи стихијното збивање/разбивање кое сега се случува со најнегативни консеквенци.



Edited by pbanks - 16-Nov-2011 at 22:02
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Nov-2011 at 22:10
Го делам мислењето дека Скопје треба да се шири во тој правец, па и накај Петровец, Идризово, Јурумлери... Сепак, мое мислење е дека Град Скопје или општините кои граничат со Град Скопје (зависно за кои локации станува збор) треба да овозможи пристојна инфраструктура за да може да се шири надвор од центарот. Мислам дека во следните 10 години нема реални можности за развој на инфраструктурата нанадвор, освен ако не се појави некој помоќен инвеститор...

Edited by pbanks - 19-Nov-2011 at 11:44
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Nov-2011 at 00:24
Originally posted by pbanks


Никогаш не сум ги разбрал политиките од типот, контролиран раст, затворен град итн итн... Јасно е дека развојот на градот треба да се контролира и насочува но во никој случај да се ограничува.


Не мислев на ограничување на жители, тоа не го прифаќам ни јас. Мислев на контрола врз просторните насоки за раст на градот и пополнување на неискористените простори, што подолгорочно обезбедува искористување на постојните инфраструктури. Град како Скопје не може баш да си дозволи расфрлање со средства за растурени, ретко населени населби. Но, доколку високата класа отиде во нив, таа ќе издејствува такви потези (а веќе прочитав такви иницијативи, под изговор за здраво живеење). Тоа дополнително ќе ја спречи регенерацијата на густо населените области, кои потоа бидат населени од сиромашни слоеви, па и имиграција (а во нашата помалку изолирана култура тоа незнам баш како ќе помине).. Од мое лично искуство, европскиот sprawl е всушност хармонична средина во која живее високата класа (барем во Ниските земји) за сметка на осиромашениот центар.

Затоа постои и обратниот процес на sprawl... Гентрификација! Со сите свои маани.. Отидов офтопик.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8902
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Nov-2011 at 09:52
Originally posted by mladen_s


Не мислев на ограничување на жители, тоа не го прифаќам ни јас. Мислев на контрола врз просторните насоки за раст на градот и пополнување на неискористените простори, што подолгорочно обезбедува искористување на постојните инфраструктури. Град како Скопје не може баш да си дозволи расфрлање со средства за растурени, ретко населени населби. Но, доколку високата класа отиде во нив, таа ќе издејствува такви потези (а веќе прочитав такви иницијативи, под изговор за здраво живеење). Тоа дополнително ќе ја спречи регенерацијата на густо населените области, кои потоа бидат населени од сиромашни слоеви, па и имиграција (а во нашата помалку изолирана култура тоа незнам баш како ќе помине)..


А во ред, тогаш сме на иста линија. Сепак, обиколницата е здраво парче инфраструктура околу кое треба да се развива градот. Дали баш со urban sprawl е друг муабет, но градот дефинитивно треба да се развива по целата нејзина должина а потоа да се пополни дупката помеѓу нејзе и прстенот булевари екс-ју републики.





Од мое лично искуство, европскиот sprawl е всушност хармонична средина во која живее високата класа (барем во Ниските земји) за сметка на осиромашениот центар.


hence, мојот пример со Атина
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7068
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 18-Nov-2011 at 17:14
не сум толку познат со системите и начинот на урбанизација, ама Скопје очигледно е дека е планирано да се развива радијално во краци, кои водат кон еден центар
грешката што моментално се прави во градов е што се додава должина на веќе постоечките краци и истите се набиваат во густина, додека измеѓу веќе урбанизираните подрачја има огромни простори кои сеуште се рурални или индустриски, а се работи за доста атрактивни и урбанистички погодни локации (ако го иземеме квалитетот на земјиштето во дискусијава)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 18-Nov-2011 at 19:06
mladen & pbanks, мошне интересна дискусијa развивте, меѓутоа мислам дека во случајов не може да зборуваме за "urban sprawl" во вистинска смисла, иако секако се работи за растеглив термин. Во случајов имаме повеќекатни колективни објекти со апартмани. Исто така има и редица обединувачки содржини за квалитетно поминување на слободното време, а без отуѓување. Кога ќе помислам на класичен sprawl, на ум ми доаѓаат бескрајни еднолични и крајно досадни предградија исполнети со индивидуални McHouse куќи, отуѓеност и изолираност на жителите, површна и фејк идила... Мене ме радува што за „Верина“ е избран ваков концепт поразличен концепт, мислам дека носи суштински квалитативни разлики во позитивна смисла. Особено што кај нас се подзаборавени редица фактори кои го креираат квалитетот на живеење, а цената на станбениот простор практично се пресметува со просто множење на квадратурата со рејтингот на некоја населба. Па да видиме дали ќе почне нешто да се менува во перцепцијата на луѓето.


Originally posted by tonikostov

Колку и да е од луксузен тип станбениот комплекс, веројатно до него се стигнува по пат кој е далеку под неговиот стандард. Значи, единствено внатре во комплексот е луксуз, додека да стигнеш до него ќе мора со мерцедесот да изгазиш кал и лепешки.
Комплексот се наоѓа веднаш до клучката орман/волково на обиколницата:
http://www.build.mk/?page_id=7058&m=%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 18-Nov-2011 at 19:36
Обликот што Скопје го има се должи на неинвестирање на инфраструктура и насочување на урбаниот развој во одредени правци, туку е оставено Скопје како град на ионака седум порти, покрај патиштата од тие седум порти да се развива како оние како се викаат селата што се долги покрај пат. Секој е воден од интересот да биде добро поврзан, па затоа и некогаш е покомотно да отидеш на крајот на населбата одколку во втор ред, и тоа е тоа правило ѓто воглавном го води развојот на Скопје. Освен вакви интервенционистички упади како Верина може да бидат примери што ќе отстапуваат од тоа, па дури и ова е дел од природниот развој поради тоа што барале локација блиску до обиколницата.

Не треба многу само неколку улици да се пробијат по овие ливадите околу Скопје одма ќе донесат и стамбени населби и индустриски објекти нема да се ццкаат по Првомјаска, по Злокуќани и по Визбегово. Истото е и со стамбените, во Ново Лисиче кое е поврзано со речиси три булевара се градат 20-тина згради наеднаш, може да се отвори просто за сосема нови високо комфорни домови и немора секогашп тоа да биде замотано со приказна за некаква елитна населба, само да има уште некој булевар напречно помеѓу овие патишта на портите од Скопје.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8902
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 18-Nov-2011 at 22:21
Originally posted by Cloverstack

Кога ќе помислам на класичен sprawl, на ум ми доаѓаат бескрајни еднолични и крајно досадни предградија исполнети со индивидуални McHouse куќи, отуѓеност и изолираност на жителите, површна и фејк идила...


Токму за ова зборував кога се обидов да направам дистинкција помеѓу американски и европски sprawl.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Nov-2011 at 00:47


Добро, но убавиот лик на европскиот sprawl не треба да залаже за тешките појави што се кријат зад него. „Хармоничните средини“ предизвикаа осиромашени градски подрачја чии жители „емигрираа“ во руралните средини. Целосно се зависни од сопствените возила - јавен транспорт не е можен заради ниската густина, и сите инфраструктури - училишта, болници и слично стануваат нерентабилни, но радиусите на опслужување мора да се запазат.

Знам дека за овие претпоставки се потребни една до две децении за ескалација, но градот мора да ги задржи сегашните правци на развој. Инвеститорите веќе одамна внимаваат на социјалните аспекти на затворените населби и типичен амерички sprawl веќе не е можен (а Скопје веќе има некое искуство со него нпр. Радишани)со што си обезбедуваат оправданост од перспектива на купувачот.

Но нас другите не треба да не' залажува изгледот на проектите! Ефектот од напуштањето на главните инфраструктурни оски и расфрлањето по „атрактивните рурални подрачја“ заради брзо обезбедување на „високо комфорни станови“ (при што големината на сопствениот стан и двор се единствени критериуми) ќе се одрази на многу повисоко ниво - преку опаѓање на квалитетот на урбани услуги на општ план. Тешко ми е воопшто да се грижам за идните жители на затворените комплекси, во услови кога тоа го загрозува градот во целост.. Еден пример: доколку сакаме да видиме метротрам во Скопје, ќе мора развојот да продолжи вдолж постојните оски. Во спротивно, ќе гледаме само додавање на дополнителни ленти на булеварите. Прашањето тогаш е што се подрзбира под висококвалитетно живеење?

Повторно, не мислам дека е тоа до Верина, па можеби треба посебна нишка за оваа дебата.. Тој комплекс донекаде е и блсику до главна оска која можеби би се развила, не е проблем ни развојот во „втор ред“ но нема да помине многу до инвазија врз „ливадите“ околу градот. Незнам дали треба да се објаснуваме зошто е потребно ограничување на просторниот раст на градот, зошто треба да се тежнее кон негово згуснување и зошто треба да се зачуваат земјоделските површини.. Сигурно оваа глобална тенденција не е „онака“ измислена.

Еве да заокружам: можеби самиот комплекс ќе функционира добро, но тоа не е добар правец за развој на градот.

Edited by mladen_s - 19-Nov-2011 at 00:50
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 19-Nov-2011 at 01:39
Originally posted by mladen_s

Повторно, не мислам дека е тоа до Верина, па можеби треба посебна нишка за оваа дебата.. Тој комплекс донекаде е и блсику до главна оска која можеби би се развила, не е проблем ни развојот во „втор ред“ но нема да помине многу до инвазија врз „ливадите“ околу градот. Незнам дали треба да се објаснуваме зошто е потребно ограничување на просторниот раст на градот, зошто треба да се тежнее кон негово згуснување и зошто треба да се зачуваат земјоделските површини.. Сигурно оваа глобална тенденција не е „онака“ измислена.

Се согласувам. Одговорноста е пред се на градските власти, без импровизации, посветено и навремено да ја развиваат планираната инфраструктура, а со тоа и да го насочат развојот на градот во правилен смер. Ако продолжат да се однесуваат неодговорно како до сега, можно е скопската периферија да биде масовно зафатена од стихијно пополнување кое ќе биде комплетно вон правилата на урбанистичкото планирање.

Што се однесува генерално за европскиот "sprawl" (а по обем не гледам реална можност да излеземе од тие рамки ниту во најлош случај) мое мислење е дека ти е пренагласено стравувањето за ефектите кои такво релативно умерено ширење со запазување на прилично здраво ниво на густина на население, може да ги предизвика во контекст на транспортните потреби на граѓаните. Еве овој графикон е прилично сликовит во таа насока и сугерира дека европските градови ниту премногу забегале во експанзијата, ниту е загрозена улогата на јавниот превоз:




Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 19-Nov-2011 at 02:06
Да, се согласувам дека е пренагласено и затоа дадов рамка од една-две децении до ескалација. Меѓутоа, бидејќи ова е форум во кој може да се дискутираат претпоставки, сакав да ги дадам и крајните случаи во кои може да оди овој концепт, без намера да дискутирам за конкретниот комплекс - па се разви дискусија..

И секако, графиконот и тоа како зборува за разликите меѓу различните планирања. Сепак, не знам каде би се нашло Скопје? Овде ги гледам само најголемите европски градови - нема податок дали се цели метро-региони или само урбана зона - што е најважно за sprawl, нема средно големи градови кои немаат можност за метро(за споредба со Скопје) и најважно од се': се работи за градови кои децении наназад (некои и цели векови) граделе мрежа на јавен транспорт. Во нашиот случај имаме само почеток на градење свесност за неговото значење и појава на дисперзирано живеење зависно од сопствено моторно возило може да уништи било каква перспектива за развој..

Единствено нешто што можеби го спречува сево ова е административното управување на Град Скопје. Во европските случаи, sprawl-от (на македонската вики се нарекува ексурбанизација, но не сум убеден дека тоа го опишува најдобро значењето) значеше и административно - фискално осиромашување на урбаните општини за сметка на околните рурални - заради што во последно време настанаа големите метро региони, некаде и предоцна.

Но, кај нас никогаш не знаеме што е следно

Edited by mladen_s - 19-Nov-2011 at 02:07
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Dec-2011 at 12:18
Чао скопска зградо, отидов на село
Сé додека има купувачи на станови во Скопје по високи цени, и тоа претежно од луѓе од другите градови, ќе има и пазарна логика да продадете скап стан за да направите солидна куќа


      
      
Градежниот бизнис го чека пресврт

Градежниот бизнис во иднина сé повеќе ќе се врти околу изградбата на индивидуални куќи за живеење. Ова го тврдат и самите градежници, но и поголем број општини, чија администрација се подготвува за нов градежен бум, различен од оној што досега беше препознатлив - да се гради само во центарот на градовите, и тоа колку е можно повисоко и пошироко. Слободни парцели во и околу центарот на градовите веќе нема, а поради зголемувањето на семејствата, сé почесто се прифаќа одлуката да се продаде стан за да се купи или изгради куќа.

- Сé додека има заинтересирани купувачи на станови во Скопје по високи цени, и тоа претежно од луѓе од другите градови, ќе има и пазарна логика да продадете скап стан за да направите солидна куќа. Оваа тенденција ќе продолжи и понатаму, а може и да се засили и поради тоа што семејствата се прошируваат и едноставно станува претесно да се живее во становите. Ако можете да продадете стан од околу седумдесет квадрати за околу 75.000 евра, тогаш со тие пари можете да купите плац и да изградите куќа што ќе биде барем со двојна површина, а можеби и повеќе, во зависност од големината на плацот - ни изјави Никола Велковски од Групацијата за градежништво при Стопанската комора на Македонија.
Тој појаснува дека помалите комуналии во приградските населби и поевтиниот градежен материјал овозможуваат ваквите пресметки да се остваруваат во практиката.

За разлика од него, пак, дел експерти во градежништвото велат дека, наместо ниската и средната класа, во иднина токму богатата класа на граѓани ќе биде таа што ќе гради свои домови на периферијата од градовите, и тоа во вид на индивидуални станбени куќи, а не згради за колективно живеење.

- Ако до пред десетина години беше престиж да бидете жител во Дебар Маало или во центарот во Скопје, сега тоа е казна. Квалитетното урбано живеење е само минато. Токму поради ова прогнозирам дека во иднина поимотните наши сограѓани ќе бегаат надвор од градските средини, кои се задушуваат во својот урбанистички хаос и ќе бараат поквалитетен живот во периферните населби. Неизбежна е тенденцијата што во западните земји се практикува веќе неколку децении, а тоа е да се градат куќи, и тоа со поголема вредност настрана од градот. Ова, се разбира, би било пристапно само за побогатите, бидејќи ваквото живеење може да биде и поскапо. Постојано ќе ви треба автомобил за превоз до градот, училиштето, градинката или до болницата, но за тој што може да си го дозволи тоа и не е проблем - вели Горан Марковски, професор на Градежниот факултет од Скопје.

Тој појаснува дека ако досега се градеа куќи во периферните места поради избегнување комуналии, а со тоа никнуваа и огромни населби формирани од дивоградби, сега тоа ќе се намали и легално ќе го прават новопечените бизнисмени и докажаните имотни елити трагајќи по поквалитетен живот.



Ѓорче Петров во иднина ќе се полни со куќи и со населби
Празните делови на општината Ѓорче Петров, особено делот околу обиколницата, Ново Село, Волково, Стопански Двор се местата што сé уште дозволуваат ширење на градот со населби од индивидуални објекти. Освен куќи, овој дел од Скопје станува сé поатрактивен и за големите инвеститори што градат населби од затворен тип со екстра-луксузни објекти за живеење. Еден таков е комплексот „Верина“ на компанијата „Никоб инженеринг“, кој е во изградба, а кој содржи неколку хациенди поврзани во целина, која прави комплекс за живеење на многу повисоко ниво од она што е стандард кај нас.




Во Гази Баба ќе никне населба Хиподром 2
Во општината Гази Баба изминатиов период се работеше на изработка планска документација и завршување на детален урбанистички план за изградба на нова населба – Хиподром 2 за 4.000-5.000 жители. На празниот простор, во непосредна близина на населбата Хиподром, кој во моментов претставува земјоделско земјиште, ќе никне оваа нова населба. Со урбанистичкиот план „Маџари-Хиподром“, кој беше усвоен од советот на општината Гази Баба, на вкупниот просторот од 36 хектари се предвидува изградба на 1.345 стана. Земјиштето, кое во моментот претставува обработлива површина, ќе се трансформира во градежно земјиште, а во тек е и решавање на имотноправните односи.




Лисиче е следна градежна мета во општината Аеродром
Според деталните урбанистички планови на општината Аеродром, предвидени се неколку локации каде што се планира изградба на над 100 семејни згради и станбени објекти со десетина деловни објекти и комерцијални комплекси.
Според последниот попис од 2002 година, во општината Аеродром се регистрирани 72.009 жители, но според најновите процени од општината, нивниот број е зголемен и изнесува над 80.000.




Во Бутел очекуваат градежен бум
Едно од местата каде што во иднина ќе се почувствува градежниот бум е и општината Бутел, каде што први на удар ќе бидат местата Визбегово, Радишани, Љуботенски Пат. Тие веќе се сметаат за најатрактивни потенцијални градилишта. Во оваа општина во тек е изградба на населбата Хот и Хот 1, која се простира на површина од 18.000 квадратни метри и има 34 ексклузивни куќи за живеење. Населбата е од затворен тип и е комплетно приватна инвестиција, за која општината обезбеди услови за градење уште пред да се активираат градежните зафати. Од оваа општина најавуваат неколку нови градилишта, за кои заинтересираност има уште сега.


Нови населби во Кисела Вода
Општината Кисела Вода со пописот од 2002 година брои околу 58.000 жители. Се претпоставува дека во 2007 година овој број се зголемил на околу 61.800 жители. Според податоците од општината, минатата година имало пријавено околу 64.000 жители. Населбите што е во план да се изградат во оваа општина во најголем дел се за градба на индивидуални станбени куќи, кои претежно ќе се простираат околу постојните села.




-Припор-Сопиште: предвидена е површина за изградба на населби за домување, и тоа на 122 хектари, со можност за живеење на 18.228 жители
-Пинтија: на 109 хектари населби за 16.428 жители

-Драчевска зона: на 114 хектари ќе се гради населба за околу 17.000 жители

-Потстаница: на 20 хектари населби за околу 3.000 лица

-Село Драчево: на 188 хектари во околината на селото Драчево се планира изградба на станбена населба од индивидуални куќи за околу 28.000 жители

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122011813393&id=9&prilog=0&setIzdanie=22460



Edited by mladen_s - 20-Dec-2011 at 12:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Feb-2012 at 00:40
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Mar-2015 at 21:00
Originally posted by mladen_s


Добро, но убавиот лик на европскиот sprawl не треба да залаже за тешките појави што се кријат зад него. „Хармоничните средини“ предизвикаа осиромашени градски подрачја чии жители „емигрираа“ во руралните средини. Целосно се зависни од сопствените возила - јавен транспорт не е можен заради ниската густина, и сите инфраструктури - училишта, болници и слично стануваат нерентабилни, но радиусите на опслужување мора да се запазат.


нека го има и тука клипов

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=552&PID=190111#190111
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Feb-2016 at 19:10

кога в Србија се тимари Бугарија

http://www.doiserbia.nb.rs/img/doi/1450-569X/2013/1450-569X1329022S.pdf

. Though different suburban areas have different prices and attract different social groups, still Sofia’s suburbs are not yet zones of social
segregation

HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.