build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Буџет(и) - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1597
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 04-Dec-2013 at 13:04
54 milioni evra!? ova e smesno!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 04-Dec-2013 at 13:26
Не само шшто е смешно туку е и мизерно! Град од најмалку половина милион жители има буџет колку една населба во градовите од соседните држави.

Еден Ниш во Србија мислам дека има двојно поголем буџет, а е двојно помал град. Катастрофа!
За сè има вторпат
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 04-Dec-2013 at 13:36
Трагично е да. Оваа административна поделеност на Скопје на Град и 10 општини е најголемата пречка за развојот на градот која навистина реално спречува реализација на посмели проекти. Се додека Градоначалникот располага со волку малку пари, а другите 10 раководители на општини имаат пари со кои копкаат по некоја патека, паркче или уличка не очекувајте големи проекти во Скопје. Да не зборуваме дека вака целиот град е поставен на колена и мора да проси за милост од Владата. Всушност се е поставено дијаметрално спротивно од тоа што треба да биде. Штом големи градишта како Будимпешта, Букурешт или Софија можат да бидат еден град со единствен буџет, зошто метрополава наша не би можела? Одговорот е јасен: секој сака да оддели за себе од колачот на штета на сите нас!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 04-Dec-2013 at 16:56
Смешно мал ,ако не и трагичен буџет. Во целост те подржувам Андреј ,многу поголеми градови се со едно единствено раководство ,а ние имаме дури 10 и сите тие заедно имаат 3-4 пати поголем буџет од Град Скопје , на пр. Општина Аеродром за 2012 година по ребалансот имала буџет нешто помал од 27 милиони евра односно 1.659.634.695 де­на­ри, а за 2013 малку помал од 2012 односно 1.659.303.800 денари.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 04-Dec-2013 at 17:28
Малку пари но владата помага со проекти што значи со буџетот на градот, буџетот на општините и парите на владата градот може да се развие се до 150- 200 милиони евра.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1597
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 04-Dec-2013 at 17:45

Vladata ne pomaga, vladata vladee, komanduva, gi drzi koncite vo svoi race. Gradonacalnicite se samo izvrsiteli. Zatoa jas velam deka vo Makedonija seuste se nema sluceno sustinska decentralizacija. Ova e cista politika koja cvrsto go drzi ovoj koncept zaradi politicki Profit.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 04-Dec-2013 at 21:05
Па што може да очекувате кога самите општини имаат многу мали можности за приходи. Оставен им е само данокот на имот како нивен сопствен данок, додека од ДДВ и персоналниот данок земаат само по 3-4% проценти. Реална децентрализација може да се случи кога општините ќе добиваат по 20% од приходите остварени од овие два данока кој ги спомнав. Инаку и официјално ние сме трети од позади според степенот на децентрализација во Европа (само Грција и Малта се зад нас).

Инаку во право си Андреј, општините во Градот Скопје не треба да постојат, или пак треба да се протегаат само до границите на градот, а не да ги вклучуваат и стотиците села надвор од него. На пример, Ѓорче, Сарај, Драчево (знам дека не е општина), Гази Баба (мислам на селата), Шуто Оризари треба да се исклучат од градот и да си постојат како посебни општини како Илинден.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 06-Nov-2014 at 14:41
ГРАДСKАТА ВЛАСТ ГО СKРОИ НАЦРТ-БУЏЕТОТ ЗА 2015 ГОДИНА

ПОЧЕТОК НА ЛУНА-ПАРКОТ, НОВИ ФАСАДИ, ФОНТАНИ И УЛИЦИ



Буџетот на градската власт за следната 2015 година во делот на приходи е проектиран на 5.777.482.000 милијарди денари или околу 93,9 милиони евра, додека расходите изнесуваат 5.859.482.000 денари или околу 95,2 милиони евра. Се појавува и дефицит од 1,3 милион евра. Во проекцијата на вкупниот буџет се влезени парите што градската власт има намера да ги потроши на изградба на капитални проекти, но и за платите за администрација, за финансирање разни манифестации итн.

Обнова и проширување на дваесетина улици

Меѓу најатрактивните проекти е оној за изградба на нов луна парк на местото на стариот, за што се планирани околу 22 милиона денари за почеток на проектот. Kако што неодамна информира градоначалникот Kоце Трајановски, Град Скопје ќе изгради нов забавен парк откако пропаднаа обидите да се најде соодветен инвеститор, односно концесионер. Изградбата ќе чини 7 милиони евра и ќе се одвива во етапи. Во буџетот за следната година, ќе бидат издвоени само 324.000 евра за оваа намена, а Трајановски најави и дека ќе побара финансиска помош од Владата ако има потреба.

За довршување на Градската куќа, чија изградба почна пред две години, а ќе се одвива во фази, се издвоени 80 милиони денари.

Планирани за многубројни реконструкции и проширувања на сообраќајниците и тоа на булевар Никола Kарев (четврта лента), улицата Сарај, булеварот Борис Трајковски кон Драчево (трета фаза), на „Цветан Димов“ во Чаир каде што обновата ќе се одвива во фази, на „Христијан Тодоровски - Kарпош“, потоа на „Маџари“ во Гази Баба, „Јордан Мијалков„ и „Свети Kирил и Методиј“ во централното градско подрачје, „Јане Сандански“ во Аеродром, а тука е и доизградбата на „Партизански одреди“ до црквата „Свети Петар и Павле“. Некои од овие проекти се преземени од минатогодишниот буџет. Една од новините е проширувањето на дел од „Теодосиј Гологанов“ и тоа на потегот од „Kлимент Охридски“ до Kлуб на пратеници, а ќе се доврши и веќе започнатата трета фаза од „Алумина“ до студентскиот дом „Гоце Делчев“. На потегот од „Агросервис“ до клучката „Дијамант“ ќе се прошири и булеварот Александар Македонски, а планирани се реконструкции и на улиците Павел Шатев кон Црниче, Тодор Александров кон Водно, како и Борис Сарафов во Ѓорче Петров.

Околу 58 милиони денари се проектирани за реконструкција на скопските мостови, а пет милиони денари за изградба на пешачки мостови.

Што се однесува до реализација на нови раскрсници и кружни текови, ќе се реконструира раскрсницата меѓу булеварот 8 септември и Скупи во Kарпош и ќе се гради кружен тек на 16. Македонска бригада. Проекти за кружни текови ќе се изработуваат и за двете страни од подземната улица која треба да се гради под Јужниот булевар - едниот кај поранешна НИП „Нова Македонија“, а вториот кај подвозникот кон Црниче.

За ролерски и велосипедски патеки градската власт планира да потроши 10 милиони денари. Пари од Владата, во висина од 304 милиони денари (4,9 милиони евра) ќе пристигнат за реконструкција на тротоари, плоштади и фонтани. Тука се и две третини од сумата со кои централната власт учествува во изградбата на фонтаната со 128 прскалки на плоштадот и реконструкцијата на плочникот.

Пари се издвоени и за изведба на нова и за зајакнување на комуналната и друга инфраструктура во сите населби, како атмосферска, водоводна и фекална мрежа.

Фасадите ќе ги финансира Владата

За одржување на споменичните обележја во центарот, заедно со потрошената вода и електричната енергија се издвоени 567.000 евра. Од лани, на барање на Општина Центар, обележјата се во надлежност на градската власт. За илуминација на обележјата и објектите предвидени се 15 милиони денари (243.000 евра).

Во врска со фасадите што се менуваат, за проекти градската власт ќе издвои 30 милиони денари (околу 486.000 евра), а парите за изведбата ќе ги обезбеди Владата - 386 милиони денари (6,2 милиони евра).

Околу 12 милиони денари (194.000 евра) ќе бидат дадени на претпријатието „Паркови и зеленило“ како субвенции за набавка на карусел, 2,6 милиона денари за одржување на пајтонот и осум милиони денари за одржување на тековното работење на претпријатието. На ЈСП „Скопје“ ќе му бидат доделени 110 милиони денари субвенции (1,7 милион евра), на „Улици и патишта“ 6 милиони денари (97.000 евра), а на „Градски паркинг“ 7,3 милиони денари (118.000 евра), за набавка на електромобили и паркомати.

РЕЛЈЕФЕН СТОЛБ НА ПЛОШТАДОТ ВМРО

Еден од проектите што ќе се реализираат следната 2015 година е изградба на столб со релјефи на плоштадот ВМРО, пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. На столбот од мермер ќе бидат прикажани ликови од македонското револуционерно минато. Изградбата ќе чини 1,3 милион евра, а парите ќе се издвојат од градскиот буџет.

ЌЕ СЕ НАБАВИ МАШИНА ЗА ПРЕСАДУВАЊЕ НА ДРВЈА

Наспроти досегашната практика на сечење на дрвјата во градот, за следната година градската власт планира да набави машина за нивно пресадување. Машината ќе биде купена на кредит, пишува во предлог-буџетот за 2015 година, кој ќе се најде на дневен ред на следната седница на Советот на Скопје. Висината на кредитот е 25 милиони денари.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=A7CDC029510C4C4BBD9507DFD6F9BE8D
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 06-Nov-2014 at 15:43
1.3 милиони евра за релјефен столб. Исто толку и за Градската Куќа.
0.8 милиони евра за одржување споменици и илуминација.




Проширување на Јане Сандански? Малку ли се постоечките 6 ленти?

Проширување на МТГ кај Клуб на Пратеници, вајда една лента за вртење десно кон НМ, нормално на штета на зеленилото и пешачкиот простор. Ако.

Проширување на КиМ? Изгледа и таму ќе се прави лента за десно во правец кон театар Центар, на сметка на широкиот тротоар. Не гледам можност за по цела должина да се направи цела лента плус. (???)

Наздравје и мирот во паркот откога и таму ќе стане градилиште ради Луна Паркот. Со проектиран буџет од 7 милиони евра, а со 0.3 милиони годишно одвојување, доооооолго ќе трае таа работа.

Ја изгледа сум ќор, ама капитални проекти никаде не гледам?   
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 06-Nov-2014 at 17:09
Па, релјефниот столб и фонтаните спаѓаат во капитални проекти.

Мислам дека после толку години ни стана јасно кои се „капиталните проекти“ на нашиве градски власти.
За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 06-Nov-2014 at 19:44
Fichot  Јане Сандански ќе ја дочека втората фаза од реконструкцијата после неколку години застој и ветување во програми и буџети. Нема да се проширува. А капитални проекти нема тоа треба да ни е на сите јасно.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 03-Dec-2014 at 02:19
ГРАДСKАТА ВЛАСТ ЌЕ ЈА ЗАЈАKНУВА ЕKОНОМИЈАТА

Потребни се 217 милиони евра за Скопје да стане успешна бизнис-приказна



Околу 217,3 милиони евра му се потребни на градоначалникот Kоце Трајановски за да ги реализира сите зацртани цели, со кои во наредните три години сака економски да ја зајакне и издигне метрополата на ниво на успешна бизнис-приказна. На вчерашната седница на Советот на Скопје беше презентирана стратегијата на Градот со акциски план за локален економски развој за периодот 2014-2017 година.

- Скопје да стане промотор на бизнисот и посакуван град за инвестирање, град сo одржлива економија, заснована на знаење, иновации и висококвалификувана и креативна работна сила, која, користејќи ги најдобрите светски практики, создава услови за квалитетно живеење, долгорочен успех и континуиран просперитет на заедницата - вели градоначалникот Трајановски.

Невработеност, корупција, одлив на млади

Парите што се потребни за остварување на стратегијата се определени од самата администрација, а како можни извори за финансирање се наведуваат: градскиот буџет (109 милиони евра), програми од меѓународната заедница (13,6 милиони евра) и државната каса и бизнис-секторот (94 милиони евра). Области во кои ќе се вложува за да се стимулира бизнис-климата се: животна средина, вработување, спорт, гасификација, образование, управување со отпад, систем за отпадни води, културни проекти, озеленување, поддршка на мали и на средни претпријатија и друго.
За таа цел било спроведено истражување на силните и на слабите страни на бизнис-опкружувањето во Скопје. Kако силни страни се наведени поволната географска положба, добрата правна рамка, успешниот процес на децентрализација, релативно добро развиената патна инфраструктура, развиената телекомуникациска и интернет-мрежа, сместувачките и угостителските капацитети, големиот број стручно оспособени млади луѓе, големиот број претприемачи, консултанти, традиција, фолклор и друго. Kако слаби страни се издвоени: недоволното искуство на администрацијата за проекти, ниското ниво на користење на ЕУ-фондовите, недоволната заштита на животна средина, застарената технологија, недоволното вложување во туризмот, високата стапка на невработеност, корупцијата, политизацијата при избор на кадри, одливот на млади, бавното прифаќање на ЕУ-стандардите и други.

Градските власти констатираат дека еден од најголемите предизвици е создавањето нови работни места. Затоа во наредниот период ќе се изработи локален акциски план за вработување.

- Во соработка со Владата, Градот ќе обезбеди услови за забрзан економски раст и развој на економија базирана на знаења, пред с`, преку промовирање сектори со висок потенцијал за раст, кои се во можност да креираат нови работни места - се вели во документот...

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=19E95B6E7D18DF4EA8212B0CFF1A64BC
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 03-Dec-2014 at 11:21
РАСИПНИЧКИ ИЛИ РАЗВОЕН БУЏЕТ, СОВЕТНИЦИТЕ ЈА КРОЈАТ НОВАТА ГРАДСКА КАСА

Елена Вељановска

Изградба на подземна сообраќајница од Владата до Народна банка, гасификација на средните училишта, бесплатен превоз на студентите сите денови од неделата, расчистување на дивите депонии... Ова се само дел од барањата кои ги упати советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје за, како што велат, да се избегне овој предлог-буџет за 2015 година да биде буџет на луксуз и раскош, туку во него да има и проекти кои се од особено значење за граѓаните. Освен овие барања за подрастични промени во ставката средства предвидени за локален економски развој, унапредување на енергетската ефикасност, изградба и реконструкција на магистрални и собирни улици, советниците од СДСМ доставија вкупно 64 амандмани за голем број проекти. Меѓу нив се и изградба на ново средно училиште во Аеродром, кофинансирање проекти за енергетска ефикасност, реконструкција на Музејот на град Скопје, изградба на подвозник на бул. „Александар Македонски“ во Гази Баба и многу други.

„Во овој Предлог-буџет за 2015 година, иако е планиран пораст на капиталните расходи во однос на 2014 година, сепак, треба да се потенцира дека тие се со катастрофално лоша структура. Само три ставки во делот на капиталните расходи, како што се изградба на катни гаражи Даме Груев (260.000.000 денари), реконструкција и изградба на тротоари, плоштади и фонтани (304.000.000 денари) и реконструкција и доградба на објекти – фасади (386.000.000 денари) изнесуваат скоро 1 милијарда денари и се околу 50 отсто од вкупните капитални расходи што Градот планира да ги направи наредната година. За какви капитални инвестиции зборуваме?“, рече Предраг Трпески, претседател на комисијата за буџет на Град Скопје од редовите на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ и покрај обвинувањата на опозицијата дека буџетот е расипнички и наменет за луксуз, сметаат дека во него се содржани проекти кои се од капитално значење за сите граѓани на Скопје. Освен Буџетот, според нив, Планерот за програми за развој во период 2015-2017 година, исто така во голема мера ги отсликува капиталните проекти кои ќе бидат реализирани во следните години.

„При подготовка на Предлог-буџетот за следната година беа земени предвид сите стратешки определби дадени од Владата, а кои се во насока на зголемување на економскиот раст и конкурентноста на економијата, зголемувањето на вработеноста, како и подобрувањето на животниот стандард“, рече Слободанка Алексовска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, се проценува дека Градот следната година ќе оствари приходи и други приливи со вкупен износ од 6 милијарди денари, а споредбено со годинашниот, буџетот за следната година е за 15 отсто поголем.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=325D38B663DBDB47A1ECEBBBB9A84C56
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 27-Dec-2014 at 20:47
Според фб-страницата на општина Чаир буџетот на општината изнесува 22 мил. евра.
Нема конкретни информации каде ќе одат парите.
пишува за образование и веќе почнати проекти.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 27-Dec-2014 at 23:14
22 милиони евра за мала територија за Општина Чаир е и тоа како многу пари. Со тие пари можат да ја средат целосно Општината и да изгледа урбанизирано... али претпоставувам и овие пари ќе завршат таму каде што не треба и не смее, во нечии џебови..
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 28-Dec-2014 at 08:28
Неее со 22 мил. нема шанца чаир да се спаси. Може ама да урбанизира делови од општината и да реновира фасади за барем малку да се освежува општината. Може може, ќе видиме што ќе прават...
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 28-Dec-2014 at 11:39
Иако општините имаат навидум големи буџети, тие имаат и огромно трошоци. Од тие 22 милиони, како и во секоја општина 80% одат на плати за вработени во општината, сите јавни претпријатија под општината, градинки, училишта, разни трошоци... Работите се такви што без некоја посериозна владина финанскиска инекција невозможен е посериозен проект во никоја општина во РМ.
Општините со својот буџет можат да си дозволат само крпење на улици, тротоари и уредување по некое паркче.
Не случано се продаваат парцели за зграда плус, тоа се пари плус во општината. Чаир конкретно географски нема многу слободни парцели за градба, што не е случај со општина аеродром на пример и затоа нема доволен прилив на финансии за некој посериозен проект.

Edited by stratus - 28-Dec-2014 at 11:45
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 28-Dec-2014 at 16:19
Точно, но биди сигурен дека голем дел од тие трошоци се "присилно" настанати... Се исплаќаат големи хонорари, се трошат многу пари за непотребни работи, за јадење на општината за организација на непотребни настани...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 28-Dec-2014 at 16:59
секогаш се јавува стариот проблем со безвезната поделба на општини на градот и неговото расцепкување на буџети
земете ги сите буџети, и соберете ги во еден, ќе добиете еден квалитетна сума со која може да се среди цел град, со капитални проекти кои истовремено можат да ги решат проблемите на на неколку сегашни општини
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 28-Dec-2014 at 18:27
Останатите пари, откако ќе се пресметаат трошоците, ќе ги потрошат за прослава за денови на албанска азбука, албанско знаме и други албански работи. За другото по земји ширум светот ќе се заеба*аат.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.