build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 596061
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1201 Posted: 13-Aug-2020 at 11:33
Колку беа по врба 150.000 евра ?

Малку му е на народов.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1833
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1202 Posted: 13-Aug-2020 at 11:46
Originally posted by David

Колку беа по врба 150.000 евра ?

Малку му е на народов.
toa se 2 km lokalen pat ili ulicka. Ako, rajata e naviknata da odi po kalta.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13434
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1203 Posted: 13-Aug-2020 at 12:14
Врбата со назив „надеж“. Па, ако некој верува во знаци на судбината, ова е тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1204 Posted: 08-Sep-2020 at 16:21
НАРЕДНАТА НЕДЕЛА АПЕЛАЦИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ПРИГОВОРИТЕ ЗА ГАЛИИТЕ, ПА ЌЕ ГИ УРИВАМЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

Град Скопје не се откажува од најавата за уривање на две од трите галии во реката Вардар, во центарот на градот. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека наредната недела Апелациониот суд треба да одговори на приговорите кои ги доставиле сопствениците на бродовите, по што ќе се овозможи отстранување на објектите од коритото на Вардар.

„Доставено е решението од извршителот до должниците во таа извршна постапка. Вчера, извршителот од страна на судот е известен дека е искористено правото на приговор. Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот. Јас очекувам дека до крајот на наредната недела ќе заврши таа постапка, бидејќи се кратки роковите, по што ќе можеме да влеземе кон отстранување на галиите“, рече денеска градоначалникот Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на стартот на градежните работи за реконструкција на улицата Македонско-Косовска бригада.

Град Скопје има налог за отстранување на галијата пред МЕПСО, и онаа кај хотелот „Холидеј ин“.

На 9 март на прес-конфренција, градоначалникот Шилегов кажа дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Шилегов тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела и не плаќала кирија иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

Кон крајот на јуни Град Скопје го раскина договорот и за галијата кај „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. Договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/narednata-nedela-apelatsija-ke-odgovori-na-prigovorite-za-galiite-pa-ke-gi-urivame-reche-shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1205 Posted: 10-Sep-2020 at 06:36
Нема куртул за галиите кај „Холидеј ин“ и МЕПСО

Во завршна фаза е најавеното отстранување на двете галии од коритото на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и пред МЕПСО. Од Град Скопје информираат дека доставено е решението од извршителот до должниците, а во понеделникот судот известил дека е искористено правото на приговор.

– Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот, објаснија градските власти



Во завршна фаза е најавеното отстранување на двете галии од коритото на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и пред МЕПСО. Од Град Скопје информираат дека доставено е решението од извршителот до должниците, а во понеделникот судот известил дека е искористено правото на приговор.

– Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот – објаснија градските власти.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се надева дека до крајот на наредната седмица ќе заврши тоа, бидејќи се куси роковите во извршната постапка, па како што истакна, ќе може да се спроведе отстранувањето на галиите.

Во јуни годинава, Градот го раскина договорот со сопственикот на галијата кај хотелот „Холидеј ин“, фирмата „Сервис АД“. Тогаш Шилегов информираше дека се создадени правни услови за нејзино отстранување и поради тоа дал налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии.

Шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Никола Наумовски, тогаш за медиумите изјави дека основа за раскинување на договорот е тоа што закупецот на галијата четири месеци не платил закупнина/кирија.

Претходно пак, во март, на прес-конференција, Шилегов соопшти дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски.

Тој тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност, а до ден-денеска таа не е отстранета.

Отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, како што напомена тогаш Шилегов ќе немаат никаква импликација по буџетот на Град Скопје, односно ќе се врши на сметка на закупецот.

Со тоа останува уште една галија, онаа меѓу двата пешачки моста на фирмата „Воденица“, за која како што се изјасни во јуни Наумоски сè уште не се создадени правни услови да биде отстранета, па ќе се чека или да заврши договорот или да се изнајде начин Градот да се ослободи од неа. Градските власти сега не одговорија дали се создадени потребните услови и оваа галија да се отстрани.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“.

Според Студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Градот и Центарот за управување со кризи ако коритото на Вардар не се ослободи од препреките, штетите при евентуална голема поплава би можеле да бидат од 30 до 130 милиони евра.

(А.П.)

https://www.vecer.press/нема-куртул-за-галиите-кај-холидеј-и/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1206 Posted: 11-Sep-2020 at 06:35
Не издржа врбата во Вардар – една од трите што чинеа 250 илјади евра



Една од трите врби што беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена.

Имено, се работи за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето.

Врбата е оштетена уште од август кога имаше чести дождови пропратени со ветар си го направија своето.

Поставувањето три стебла во три армирано-бетонски жардиниери во форма на квадратни призми, под агол од 45 степени во однос на течението на Вардар, обложени од надворешната страна и горната површина на ѕидовите со полиран инокс, предизвика полемика во јавноста за нејзината основаност и оправданост.

Тие се водат како скулптури и своевремено авторката Искра Димитрова тврдеше дека тие се уметничко дело, а не садници, 250.000 колку што чинеа, не биле дадени само за садници, туку за целиот проект.

https://nezavisen.mk/ne-izdrzha-vrbata-vo-vardar-edna-od-trite-shto-chinea-250-iljadi-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1207 Posted: 23-Sep-2020 at 13:31
И ова е Скопје…и ова е Вардар…













https://www.porta3.mk/i-ova-e-skopje-i-ova-e-vardar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1208 Posted: 06-Nov-2020 at 07:49
Шилегов: Две од трите галии ќе бидат тргнати



https://mk.tv21.tv/shilegov-dve-od-trite-galii-ke-bidat-trgnati/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13434
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1209 Posted: 26-Nov-2020 at 00:12


За сè има вторпат
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #1210 Posted: 26-Nov-2020 at 07:46
Пушти му го на Шилегов искомплексираниот коњ видеово да види дека странец к не го боли за тоа кој ги изградил,барок шмарок,итн итн доживљај му е и ужива.

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1138
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1211 Posted: 26-Nov-2020 at 17:37
Реално сите видеа им се позитивни за Македонија и имаат снимено онака може десетина. Се гледа дека си прават да им е интересно.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 735
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1212 Posted: 26-Nov-2020 at 20:32
Се може да се спакува како добра приказна. Во комбинација со легализирана марихуана, Скопје може добро да се позиционира во пост-ковид периодот дури и за масовен туризам. Но, треба визија и програма по која ќе се работи на тој пакет.

За почеток доволно е барем средување на Мал ринг како што треба: хигиена, санација на пешачки површини, средување на коритото на Вардар, тековно одржување на споменици и објекти, довршување на заглавените обејкти, отстранување на оној одвратен брод кај Мепсо, раззеленување со нови дрва и жардињери итн. Понатаму, зелен кров на ГТЦ + некаков проект за санација, Чуповски пешачка зона, проект за карши Холидеј Ин. За жал, ништо од ова не мрда од почетна точка, освен најавата за реконструкција на кејот кај ГТЦ во 2021.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3910
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #1213 Posted: 26-Nov-2020 at 23:25
Дај не летај, не гледаш дека FAKE изгледа е сега тамам и марихуана треба 😂. Некаков Sexshop или Услуги вброд како би било? Нема гајле важно туристи да си имаме .
Скопје има дефинитивно други подобри атракции наместо факеброд.

Edited by my Macedonia - 26-Nov-2020 at 23:27
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7472
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1214 Posted: 27-Nov-2020 at 15:31
Originally posted by David

Пушти му го на Шилегов искомплексираниот коњ видеово да види дека странец к не го боли за тоа кој ги изградил,барок шмарок,итн итн доживљај му е и ужива.

како човек што работи во туризам, ме заболе мене дали на некој рандом турист му бил интересен бродов
ај изгледај ги сите видеа на паров и ќе видиш дека се општо фасцинирани од Скопје, ама никој не ги прошетал асално да им покаже знаменитости, храна и интересни факти

на турист можеш да му продадеш било што, една од големите грешки е што многу луѓе мислеа дека Скопје треба да се гради за туристи, а не за неговите жители, затоа и добивме вакви бљувотини како бродовиве
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1215 Posted: 02-Dec-2020 at 18:35
Галиите купуваат време, сè уште стојат во коритото на Вардар

Град Скопје очекува известување за исходот од судската постапка и ќе постапи во согласност со правосилните судски одлуки. Доколку одлуките бидат за отстранување и сопствениците не постапат по истите, во тој случај Град Скопје ќе ги дислоцира, а финансиските трошоци ќе ги сносат сопствениците, образлагаат градските власти

Иако, отстранувањето на галијата кај МЕПСО, чиј сопственик е Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски, Шилегов го најави на 9 март годинава, а отстранувањето на галијата кај хотелот „Холидеј ин“, на фирмата „Сервис АД“, бидејќи е раскинат поради тоа што четири месеци не била плаќана кирија, беше најавено на 1 јули 2020 година, тие сè уште се во коритото на реката Вардар.

За тоа која е причината што до сега не се отстранија галиите, од Градот кусо одговорија дека постапката се уште била во судска процедура.

– Град Скопје очекува известување за исходот од судската постапка и ќе постапи согласно правосилните судски одлуки. Доколку одлуките бидат за отстранување и сопствениците не постапат по истите, во тој случај Град Скопје ќе ги дислоцира, а финансиските трошоци ќе ги сносат сопствениците – образлагаат градските власти.

Како што објасни шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Никола Наумовски, извршната постапка е правна и таа е обжалена и сега се чека на исходот од судската постапка.

– Ќе постапиме во зависност од правосилните одлуки на судот. Доколку во нив е наведено дека галиите треба да бидат отстранети, тоа ќе биде сторено и тоа на трошок на нивните сопственици – изјави Наумовски.

На последната прес конференција на која Наумовски го најави раскинувањето на договорот со сопственикот на галијата кај „Холидеј ин“, тој нагласи дека неплаќањето на кирија од страна на сопственикот е основа да се раскине договорот, односно скопскиот градоначалник Петре Шилегов да потпише акт со кој му соопштува на закупецот дека го раскинува договорот и очекува да ја отстрани галијата во рокот предвиден со договорот.

Наумовски тогаш истакна дека сопственикот е должен сам да ја отстрани галијата и дека бидејќи веќе започнуваат извршителите со работа, се отвора можноста да се отстрани и галијата кај МЕПСО, за што има извршно решение.

Инаку, на 9 март годинава, Шилегов потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

Доколку самите закупци не ги отстранат галиите, извршителот ќе повика градежна фирма која ќе ги отстрани. Отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, ќе немаат никаква импликација по буџетот на Град Скопје.

– Отстранувањето на галиите ќе се врши на сметка на закупецот. Извршителот ќе треба од сметките на закупците да ја наплати градежната активност. Рокот за отстранување на галиите зависи од нивните закупци и тоа може да биде за една недела, за еден месец, зависно од тоа дали закупците самите ќе ја завршат работата или ќе чекаат тоа да го стори извршителот – објасни тогаш Наумоски.

Тој тогаш додаде дека каде ќе бидат однесени галиите по нивното отстранување зависи од закупците.

– Што ќе се случува со галиите не можам да кажам, тие се приватна сопственост, закупците имаат право да ги однесат онаму каде што сакаат, само не повторно во коритото на реката Вардар, се разбира врз основ на издадена дозвола – истакна тогаш Наумоски.

Од Градот не одговорија за тоа дали се создадени услови за отстранување на третата галија, онаа меѓу двата пешачки моста, на фирмата „Воденица“. На последната прес-конференција, Наумовски потенцираше дека ќе се чека или да заврши договорот или да се изнајде начин Градот да се ослободи од неа.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“.

Според Студијата за намалување на ризикот од поплави, која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, ако коритото на Вардар не се ослободи од препреките, штетите можат да бидат од 30 до 130 милиони евра.

https://www.vecer.press/галиите-купуваат-време-сe-уште-стојат-в/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1216 Posted: 03-Dec-2020 at 18:45
од твитер

Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 250
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1217 Posted: 03-Dec-2020 at 19:54
.
Previous
Мислам дека е ова постара слика, се гледаат темелите за панорамското тркало кои подоцна беа отстранети.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1218 Posted: 31-Jan-2021 at 10:05
БРОДОВИТЕ ВО ВАРДАР СТОЈАТ НЕЧЕПНАТИ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЗА 40 ДЕНА ЌЕ ТРГНЕ ЕДЕН

Ниту еден од трите бродовите во реката Вардар не е отстранет, а градоначалникот Петре Шилегов најави нивно уривање од самото доаѓање на градоначалничката функција пред три години. Помина речиси една година откако на прес-конференцијата одржана на 9 март, Шилегов пред новинарите и камерите го потпиша решението за отстранување на галијата кај МЕПСО. Тогаш кажа дека го раскинува договорот за бродот бидејќи не работел и не била плаќала кирија иако Град Скопје ѝ доставил решение на фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

Кон крајот на јуни, градоначалникот објави дека е раскинат договорот и за галијата кај „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“ поради неплатена кирија за 4 месеци.

Но, досега ниту една од двете галии не е тргната, а Шилегов неколку пати изјавуваше дека работите се одложиле поради судски постапки односно сопствениците поднеле тужби на решението на Градот за раскинување на договорите. Сега најавува наскоро уривање на еден од бродовите.

„Целосно се исполнети условите за да почне постапката за отстранување на бродот кај ‘Холидеј ин‘. Наредната недела ќе се утврди динамиката и за 40 до 60 дена ќе биде отстранет. За бродот кај МЕПСО сè уште не се завршени судските постапки“, вели Шилегов.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/brodovite-vo-vardar-stojat-nechepnati-shilegov-veli-za-40-dena-ke-trgne-eden/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 890
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1219 Posted: 31-Jan-2021 at 15:17
Ќе стојат до пред локални избори, кога ќе треба матерјал за да се прават на ТВ глупи перформанси како ќе се кине скалпот на претходниците. Ќе мора некаква ритуална жртва од СК14 да падне, па може неможе триумфална да ја сруши, ама затоа еден брод ќе почне да го руши. Дури и нема цел да го сруши, зашто ќе поминат изборите. И ако се се грди, после тоа уште погрд ќе биде полусрушен.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8919
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1220 Posted: 03-Feb-2021 at 14:41
Галиите ќе „отпловат“ од Вардар – за два месеца се очекува да се отстрани едниот брод



https://mk.tv21.tv/galiite-ke-otplovat-od-vardar-za-dva-mesetsa-se-ochekuva-da-se-otstrani-edniot-brod/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 596061

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.