build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 13-Jan-2008 at 02:54
Мене ми е ОК идејата. Скроз на место, така се во принцип решени и езерата во други големи градови (ете од регионов Белград-Ада Циганлија, Загреб-Јарун). Се филтрира само делот од водата што влегува во "рукавецот" или во вештачкиот канал. Така е и посигурно бидејќи нема водни струи (кои би биле опасност за пливачите во самата река).

Не сум сигурен за локацијата. Катната гаража која ја спориш е таму за стадионот а не за нешто друго. И за таа намена е многу битна, види на што личи Дебар маало за секоја утакмица, а тек на што ќе личи сега кога ќе се зголеми капацитетот на стадионот. Веројатно би било логично малку погоре во правецот на Александар Палас да се лоцира плажата. Таму веќе одлично функционира Кејот како рекреативен простор од едната страна а мислам дека би имало простор да се направи плажата од другата. Значи карши новиот дел од Градскиот Парк.

BTW езерцата од Градски парк се знабдуваат со вода од Вардар и веќе со години наназад се зборува дека градот нема средства да направи асална прочистителна станица за да не бидат најобични мочуришта. Се зборува за поевтина варијанта со влечење вода од бунари но дури ни за тоа немаат пари. Така да проектов иако мислиш дека е евтин сепак за нашиов сиромашен град е прескап посебно со премногуте наталожени приоритети особено во сферата на сообраќајот.


Edited by pbanks - 13-Jan-2008 at 02:54
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 13-Jan-2008 at 02:57
abe skap e za TRIFUN posto si go napolnil on gazot, sve nesto gradov nema pari, a od celiot negov mandat ama bash nisto ne vidov on da napravi osven BETWO sto on ja zema za sebe, ja se cudam tipov sto ne si podnese ostavka, za da sedi tamu sekoj e sposoben duri i edno dete od 5 godini , ubava mi izgledase idejata na vladata za da se donese zakon da moze i gradonacalnik da se razresuva, nasekade go ima toa samo kaj nas ne , toa e toa zdravje  
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 13-Jan-2008 at 12:58
На топиков имав свое размислување кое го дадов во мој пост на мојот блог

ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега

Видете го горниот линк ... има доста од стари фотки на градските плажи во скопје ...

а и долниот линк ве води кон друг запис ...

КЕЈ НА ВАРДАР

како и краткот запис од долниот линк

Заживување на идејата за градска плажа !!

Радо ке пренесев некои слики и тука без да се шетате по линковите ... но има премногу слики а процедурата за пренесување на слики тука е прекомплицирана ... ако знае некој проста процедура нека предложи ...

Ви ја прочитав дискусијата од погоре ... Вака Градска плажа во Скопје е со долга традиција ... нешто за тоа можете да пролитате во мојот пост

ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега


Старите велат кај што некогаш течела вода пак ке тече ... така и со градските плажи - верувам дека ке се искористат празните простори по коритото на Вардар ... дека ке се направат филтер станици за да се заштити Вардар ... Инаку самите плажи не мора да значат дека се места за капење ... дружењето и близината на Скопје е најважно а разладување би било доволно и на по туш кабини кои не се многу голема инвестиција ...

Поздрав до сите ...


Edited by волан - 13-Jan-2008 at 13:07
волан
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 13-Jan-2008 at 13:34
Јас гласав за втората опција. Мислам тој што е планот да се напрај плажа точно во центарот незнам дали е баш најдобар. Јас си мислам тука ќе е поарно нешто као Ки барови, ресторанти итн заедно со претежно зеленило. Јас си мислам можда некаква плажа може да се вклопи и поврзе со паркот. Исто така тоа место да може да се опутребува за концерти, партии и журки со поставување на привремени бини.




Edited by shyes - 13-Jan-2008 at 13:37
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Jan-2008 at 14:34
tokmu i na vakvo nesto i jas se mislev, znam deka ne treba mnogu da se investira za ovoj mnogu mnogu vreden proekt, kolku dobro bi se vklopile vo vakvo nesto taman ke si imame i gradska plaza  
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-Jan-2008 at 15:02
оваа локација е мој фаворит но изгледа и најнереална (голем број на индивидуални куќи колку што може да се види, тоа е секогаш комплицирано).



Инаку просторно е најдобра. Во делот кај Плаја виста со оглед на постоечките маркици (катна гаража, хотел) се би било премногу набутано и не би личело на ништо. Делот кој го предлага shyes е премногу тесен спрема мене. Така да најдобар е овој широкиов дел бидејќи дава простор да се направи еден канал како што треба + има доволно простор и за дискотеки, барови, спортски терени и шеталишта. Од другата страна во Градски парк се наоѓа кајакарскиот клуб и тој би можел да се прерли од оваа страна да не седи како чир таму. Така ќе се створи основа да заживее и тој дел од кејот кој преку теснецот би се поврзувал со делот кај Плаја виста (значи хипотетичкиот дел, гаражата....). Мене ми изгледа одлично.

Повторно... Ако сакаме проект како што треба, сето ова е далеку од ефтино. Или не дај боже овој хипотетички проект да почне да се гради во фази. Канал во првата фаза, филтри во втората... Веќе видена песна

@волан баш вчера читав за плажите на твојот блог. Мислам дека делот за локациите на кои се наоѓале плажите во минатото е посебно интересен за дискусијава. Изгледа дека локациите кои ги пикиравме изгледале најлогични и во тоа време.

Од блогот на волан




1. Центар

2. Плажата на Пајко мало - каде само се ладеле ногите ... не била вистинска плажа ... Карши неа е нели местото каде се белело платно со почеток на Камени мост па низводно ...

3. Плажата пред Еврејско мало и преубавите еврејски вили ... со плажи во дворот такаречи ...

4. Почетокот на Градска плажа пред денешна Влада на РМ ... тука е сврталиштето на најмонденските градски фаци ...

5. Главнината на Градската плажа пред Градскиот стадион ... Плажа за секого ... На тоа место и јас се капев како дете ...

6. Руска плажа ... под денешното седиште на Македонскиот Владика т.е. Господин Господин ... Плажа на кое место се собирале најбогатите скопјани ...

- Во продолжение на таа плажа била Војничката плажа ... каде се капеле официрите и војниците од касарната која е над нив ...

- До Војничката плажа се надоврзува Турската и Циганската плажа ...

- А во продолжеток на нив, продолжувала таканаречената Ѓачка плажа - или мангупска плажа ...




Edited by pbanks - 13-Jan-2008 at 15:03
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Jan-2008 at 16:19
Општина Центар и Градот кога тогаш ке се зафатат со реализација на проект “Градска плажа“ ... Простор околу коритото на Вардар има во изобилие Особено околу потегот на Градскиот парк ... старата Руска (елитната плажа на некогашно Скопје) и Војничка плажа ... Проектот има и своја историја ... Нешто лани работеа и студентите на Архитектонскиот факултет ... и дадоа свој предлог решение ... за што имав пишувано во мојот пост

КЕЈ НА ВАРДАР

За проектот веднаш би се заинтересирале приватни инвеститори - бидејки е профитабилен ... само што треба некој да го турка на право место а тоа е Општина Центар и Градот Скопје ... Затоа градоначалници и нивни советници не спијте работете нешто ...

волан
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 13-Jan-2008 at 17:45

Мене ми се чини и дека локацијата број 6 од постот на pbanks т.н. Руска Плажа во минатото е интересна и релативно голема локација. Ако не се лажам тука се наоѓа оној полигон за возење, пазарот за рибарите (црви, трски, мамци...). Не сум сигурен дали е тоа локацијата за гаража или хотел, но доколку не е а хотелоти гаражата се подоле (низводно) таа катна гаража би имала двојна улога

1. Кога има утакмица

2. За сите посетители на градската плажа.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 13-Jan-2008 at 17:47
Originally posted by UrbanFreak

таа катна гаража би имала двојна улога

1. Кога има утакмица

2. За сите посетители на градската плажа.



добра поента. Дефинитивно предност за таа локација. Интересно би било да го видиме ДУПот за тој дел дали воопшто има простор за ваква дискусија.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Jan-2008 at 17:54
Но сега се сетив, тоа би било директно под Американската амбасада. Којзнае дали би дозволиле, и дали би им се допаднало под нос да имаат бучно и фрекфентно место. За жал да беше Америка некоја друга држава и ние да бевме онакви какви што не сме можеби и би испаднало нешто.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 12-Feb-2008 at 11:53
Трифка возвраќа. Да не остане покусо од владата во правењето глупости во центрот на градот Bash

ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ЗА ГРАДСКО ОДМОРАЛИШТЕ
И Скопје ќе има плажа

Скопје ќе добие градска плажа. Деновиве градските власти се подготвуваат да распишат јавен повик за избор на фирма која ќе го работи проектот за заживување на левиот брег на реката Вардар. Според нив, до почетокот на ова лето треба да се уредат двете предвидени локации и тоа на потегот од Камениот мост до Младинскиот културен центар и спроти клубот Кајак-кану во Градскиот парк. Идејните решенија за заживување на запуштениот дел од кејот лани ги изработија студенти од Архитектонскиот факултет на работилницата „Медиумот како простор“, а потоа градската управа ги направи главните проекти. - Во центарот на градот ќе има еден вид песочна плажа, на која ќе се постават лежалки и тушеви. Тука скопјани ќе можат да се релаксираат и разладат во текот на топлите денови. Предвидено е во овој дел од кејот, кој ќе се уреди хортикултурно, да се продаваат книги и слични содржини. Покрај тоа, ќе има и низа спортско рекреативни и забавни содржини - објаснуваат од градската управа. Оттаму велат дека за почеток најважно ќе биде да се направат скали и рампи за хендикепирани лица и специјални возила со кои ќе се обезбеди пристап до долниот дел од кејот. Граѓаните велат дека конечно треба да се преземе нешто и да почне да се уредува и левата страна на Вардар. - Со години го гледаме другиот брег обраснат со трева и полн со ѓубре. Треба конечно да се промени тој валкан и запуштен изглед. Каков впечаток им остава на луѓето што го посетуваат градот, навистина не знам. Затоа очекувам што поскоро да се направи нешто за да заживее и овој дел - вели една скопјанка. Проектот за заживување на левиот брег на Вардар предвидува плажа и лежалки за сонце, на чиешто место во зима ќе има лизгалиште, кафулиња кои градските власти би ги издавале под кирија и кафе-книжарница. Ќе се постават и игралишта за кошарка, места за забава на децата и зелени површини за вежбање, а ќе има и сцена за културни манифестации. Потегот од центарот на градот до хотелот „Александар палас“ е осмислен како спортска зона со пешачки и патеки за трчање, ролери и за велосипеди, а и во овој дел ќе има кафулиња. На височинката спроти клубот Кајак-кану ќе се уреди простор за одмор на посетителите. Една од површините што градските власти планираат да ја средат е во непосредна близина на новоизградената црква „Раѓање на Пресвета Богородица“, каде што сега се уредува дворниот дел. Градските власти се уште не соопштуваат колку ќе чини реализацијата на проектот за заживување на левиот брег на Вардар.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1316&ArticleID=84638
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 12-Feb-2008 at 15:04
Еве што напишав завчера во постот за мал ринг:

Ова упорно го најавува нашиот мрднат градоначалник Трифун. Според неговиот план ова треба да се реализира на потегот од Камени Мост до МКЦ. За секој нормален човек ова е тотално несоодветна локација. Дополнително, Скопје има многу подобри алтернативи (што беше опсежно дискутирано на форумов). Песочна плажа и спортски терени едноставно се најголемата глупост што може да се направи до камени мост, пред операта и балетот, идната филхармонија, возобновената црква, карши ГТЦ и со поглед од плоштадите. Чист идиотизам! За жал деновиве, по којзнае кој пат идејава повторно се актуелизира (ова беше спомнато на урбаните вести на МТМ во петокот). Се ближат избори, па се плашам дека овој пат може посериозно да се зафатат со реализација. Претпоставувам ни самиот Трифун веќе нема илузии дека има шанси да биде реизбран, но можеби сака малце да си го „испере“ образот пред крај... А ваков евтин проект кој наидува на добар прием кај градските сељаци е идеален за таква намена.


Само не ми е јасно како може секогаш да ја измислат најголемата можна глупост? Зарем по целиот брег на вардар има понеприкладна локација за плажа и се што најавуваат со нејзе (песок, тушеви, лежалки...)
Трифуне, 3 години скоро ништо не направи и подобро беше така, зашто од твоите недоделкани идеи ми се дига коса на глава. Дај преспиј си ја и последната година, не прави вакви штети сега. Сакаме што побргу да те заборавиме...
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Feb-2008 at 02:15
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=147446&idg=8&idb=2299&rubrika=Skopje

ДО ЈУНИ
Ќе се изгради песочна плажа до Камениот мост
Градските власти набргу ќе распишат јавен повик за избор на фирмата која преку јавно-приватно партнерство, освен плажа, ќе изгради и други спортско-рекреативни содржини

Летово левата страна од кејот на реката Вардар, на потегот од Камениот мост до Македонскиот народен театар, ќе прерасне во плажа. Градските власти набргу ќе распишат јавен повик за избор на фирмата која преку јавно-приватно партнерство ќе го адаптира овој дел во песочна плажа со лежалки, тушеви и со мини-кафуле, каде што скопјани ќе можат да се разладуваат и да се релаксираат во летните денови. Покрај песочната плажа, фирмата која ќе биде избрана на тендерот ќе треба да ги уреди левиот дел на кејот од Камениот мост до МАНУ и потегот од пешачкиот мост на почетокот од Градскиот парк до хотелот "Александар палас", според идејните решенија што ги изготвија студентите од Архитектонскиот факултет.
"Проектите предвидуваат низа спортско-рекреативни решенија и забавни содржини кои ќе го заживеат кејот. Најважен дел е изградбата на пристапи до долниот дел на кејот. Градот ќе го реализира овој проект преку јавно-приватно партнерство, што значи дека фирмата која ќе биде избрана, заедно со градот, ќе стопанисува со содржините", велат од Одделението за односи со јавност на Градот.
Според проектите на студентите од Архитектонскиот факултет, до песочната плажа, односно под зградата на Македонскиот народен театар, би се адаптирал простор за одржување културни манифестации, фестивали, изложби, театарски претстави и отворена библиотека. Предвидено е од МНТ до МАНУ да се направи расадник за цвеќиња и место за нивна продажба. Според студентите, крајот на овој потег треба да се адаптира во место за спорт и рекреација, односно во близина на МАНУ да се изгради детско игралиште, да се постават маси за пинг-понг, шаховски табли, како и катче за статични велосипеди и кајаци и простор за аеробик, јога и за пилатес.
И на втората локација, односно делот спроти Градскиот парк, предвидено е еден дел да биде уреден во плажа, а на неа, покрај кафуле, маси и лежалки, да се уреди и простор за рибарење. Бидејќи не е регулирано коритото на овој простор и е доста стрмен, студентите предвидоа пробивање на повеќе патеки, односно патека за пешачење, трчање и за ролање. Според студентите, конфигурацијата на теренот на овој потег овозможува да се направат неколку видиковци, опремени со маси и со столови. (А.А.)



Edited by Cloverstack - 16-Feb-2008 at 02:53
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Feb-2008 at 02:58


Значи кога ќе добијат некоја тотално ретардирана идеја, таа обавезно се турка по секоја цена. Абе од самата помисла на таа нивна идиотска плажа до камени мост ми се повраќа!

А овие студенти по архитектура до толку ли немаат осет и вкус? Па барем тие требало да му предочат на градоначаникот дека локацијата е тотално промашена!


Edited by Cloverstack - 16-Feb-2008 at 02:59
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 24-Feb-2008 at 02:57
Овој текст можеби повеќе припаѓа во некоја друга нишка, но бдејќи овде дискутиравме и на оваа тема нека стои тука Smile

Извор: Утрински Весник

Пречистителната станица во Трубарево ќе чини 95 млн. евра


Загадувањето на Вардар, доколку не се реализира овој проект, до 2020 година ќе се зголеми за три пати

Се предвидува по течението на Вардар да се изградат четири пречистителни станици

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Трубарево и дневното управување со неа би чинело околу 95 милиони евра, превидува Студијата за управување со отпадни води во Скопје. Документот, кој се изработува со донација од јапонската влада, а го изготвува тим на јапонската Агенција за меѓународна соработка - Џајка, предвидува изградба на четири пречистителни станици во Скопје - сите по течението на Вардар: Централната ќе биде во Трубарево, а другите три во Сарај, Ѓорче Петров и во Драчево. Објектот во Сарај би чинел 13,5 милиони евра, во Ѓорче Петров 400 илјади евра, а во Драчево 3,5 милиони евра. Според податоците во студијата, за изградба на станицата во Трубарево се потребни 35 хектари слободно земјиште, од кое 15 хектари ќе се намени за лоцирање на сушилниците. За јапонскиот тим просторот не е проблем, бидејќи веќе е обезбеден и внесен во урбанистичките планови. За потребите на пречистителната станица треба да се изградат и два колектора, по должината на левиот и десниот брег на Вардар, почнувајќи од мостот „Близнак“.

„Вардар е најголем реципиент на отпадна вода во Скопје и околината поради што и оваа студија е од огромно значење. Познат е фактот дека само 17 проценти од општините во Македонија имаат адекватен третман на отпадните води“, истакна Миле Јакимовски од Управата за животна средина, на вчерашната презентација на студијата.

Јапонските експерти изработката на документот ќе ја завршат за една година, кога ќе започне втората фаза на аплицирање во фондовите за обезбедување на потребните финансии за изградбата. Според предвидувањата, доколку не се реализира овој проект до 2020 година, загадувањето на Вардар ќе се зголеми за три пати. (С.Н.)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 25-Feb-2008 at 19:08


Не ви се чини ова прескапо?

Со тие пари градот ќе направи чуда на други полиња. Буквално чуда. Значи ова е негде на дното на листата на работи што треба да се направат.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 25-Feb-2008 at 22:30
Originally posted by Cloverstack



Не ви се чини ова прескапо?

Со тие пари градот ќе направи чуда на други полиња. Буквално чуда. Значи ова е негде на дното на листата на работи што треба да се направат.
 
Мислам дека инвестиции во чисти води и здрава средина несмеат да бидат на дното на било каква листа. Па сепак тука живееме,тие води ги загадуваат подземните води, го ја загадуваат почвата околу реките и на крајот на краиштата страшно грдо изгледа и смрди Вардар доколку се шетате во негова близина. Башка за ова и полесно се наоѓаат пари од разно разни еколошки фондации на ЕУ.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Feb-2008 at 22:32
Да си градоначалник и да имаш 100 милиони евра.... Ќе го направиш ова или урбаните автопати? Big%20smile

Горе-доле и едното и другото толку кошта
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 25-Feb-2008 at 22:35
За ова лесно ќе најдам пари а и ќе им служи на идните генерации. За модерните автопати никој нема да ти донира пари сеуште. Би ги направил и двете Cheers
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 25-Feb-2008 at 22:52
Немам претстава дали е ова скапо или ефтино, ама се што може да се ќари од разноразни фондови не е на одмет. Ако ќариме пари и за урбани автопати тоа би било веројатно од сосема друга програма (или подпрограма) и не би имало врска со ова, или со други зборови пречистителна станица и урбани автопати не се косат.

BTW и урбани автопати се императив ако зборуваме за подобрување на еколошката состојба во Скопје. Најголем дел од загадувањето на воздухот доаѓа токму од колите а со проточна сообраќајна мрежа тоа значително би се намалило. Во Скопскиов случај урбани автопати од еколошки аспект се поургентни и од нови паркови.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.