build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 626364
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1261 Posted: 28-Jan-2022 at 10:33
Вака ќе стои недорушена галијата уште 5-6 години?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1262 Posted: 29-Jan-2022 at 14:06
АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ЗОШТО 4 МЕСЕЦИ НЕ СЕ УРИВА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР

Откако завршија локалните избори и Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје, галијата во реката Вардар не се урива. Веќе четврти месец, на кејот ги нема работниците кои по налог на ексградоначалникот Петре Шилегов почнаа со демонтирање на бродот. Сега тој стои разурнат одвнатре, не може да врши дејност, но не се отстранува од коритото на реката.

Веднаш откако Арсовска ја презеде градоначалничката фунција, сопственикот на бројот објави видео како со пцости и навреди ги брка работниците кои го уриваа бродот велејќи им „Кај Петре да одите сега“.

Од кабинетот на Арсовска не добивме одговор на нашите прашања зошто бродот не се отстранува и дали градоначалничката дала налог да се прекине со уривањето.

Арсовска по доаѓањето на функцијата само кусо кажа дека бродот е завршена приказна.

Бродот „Среќа“, кој е дел од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ на владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, почна да се урива лани пролетта. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи, според него, бесправно се урива. Ексградоначалникот Петре Шилегов при почетокот на уривањето кажа дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување, односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.

Трите бродови во Вардар заедно со пешачките мостови претставуваат опасност реката да се излее при пообилни дождови бидејќи тие се еден вид препрека во коритото. Ова го покажува студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи. Во студијата се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти.

При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/arsovska-ne-kazhuva-zoshto-4-mesetsi-ne-se-uriva-galijata-vo-vardar/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1263 Posted: 04-May-2022 at 17:34
Што ќе се случува со галиите во Скопје? Едната е затворена, другата функционира, а третата уништена

Половина оштетена, со искршени прозорци и табли. Вака изгледа галијата која до минатата година функционираше како ресторан.

Ниедна од галиите кои се поставени во реката Вардар се уште не е отстранета, иако тоа го ветуваше екс градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој рече дека истите претставуваат опасност. Едната од нив е функционална, а процесот за отстранување на другите две е блокиран бидејќи сопственикот го тужел Град Скопје.



https://mk.tv21.tv/shto-ke-se-sluchuva-so-galiite-vo-skopje-ednata-e-zatvorena-drugata-funktsionira-a-tretata-unishtena
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1264 Posted: 12-Jun-2022 at 10:07
Галијата на Вардар потоната во вечен самрак, опасна по животот на минувачите/фото

Галијата на брегот на реката Вардар во Скопје покрај која секојдневно поминуваат илјадници пешаци и велосипедисти е опасност по животот на минувачите.

Дебела метална шипка долга 3 метри е откорната од мовчето кое води до галијата и виси над главите на минувачите.





https://www.vecer.press/ггалијата-на-вардар-потоната-во-вечен/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1265 Posted: 03-Oct-2022 at 16:58
Галијата кај МЕПСО „доплива“ до судот и „заринка“



Галијата кај МЕПСО уште долго ќе собира сѐ што носи Вардар со себе.

Дрвениот брод, кој формално се води како урбана опрема за вршење угостителска дејност и кој никогаш не проработи, ја чека судбината што ќе му ја одреди Управниот суд. И тоа по третпат.

Вишиот управен суд, пред неколку дена одлучи да го врати од почеток судењето за отстранувањето на галијата од коритото на Вардар.

А сѐ почна во март 2020 година, кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов го раскина договорот со фирмата што го стопанисува објектот „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ на Ниче Димовски Македон, кој во меѓувреме почина.

Фирмата требаше да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела, а, според кажувањата на тогашниот градоначалник, Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

Оттогаш поминаа триесет пати по 30 дена, но галијата и натаму е во Вардар. Фирмата се жалеше до Управниот суд и бараше со привремена мерка судот да го одложи отстранувањето.

Вишиот управен суд го вратил предметот од почеток. Па, следувало ново решение на Управниот суд, па повторно жалба до Вишиот управен суд.

Сега вишите управни судии Анита Данаилова, Лидија Георгиевска и Рина Исени одлучиле да го укинат второто решение на Управниот суд и предметот да почне да се суди од почеток.

Образложението е дека Управниот суд згрешил кога ја одбил жалбата на фирмата и оценил дека станува збор за предмет со елементи на граѓанско-правен однос.

Сопственик на фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ е Друштвото за производство, промет, градежништво и услуги МАКЕДОН-БЕТОН ДОО, а сопственици на ова друштво е потесното семејство на Ниче Македон, Антонио, Мила и Соња Димовски.

Галиите во Скопје се дел од проектот Скопје 2014 . Тие беа поставени додека со Општина Центар раководеше Владимир Тодоровиќ.

Лани почна да се урива галијата кај хотелот „Холидеј ин“ на фирмата „Сервис АД“, но демонтажата запре, повторно поради судски процеси.

https://prizma.mk/galijata-kaj-mepso-dopliva-do-sudot-i-zarinka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1266 Posted: 27-Mar-2023 at 17:17
Скопје ниту ги сака, ниту ги урива галиите



Неколку години, единствен гостин што наминува во галијата до „Холидеј ин“ е ветерот. Во зависност од тоа низ која нејзина дупка ќе се мушне вардарецот, турка различен мирис од објектот во распаѓање.

Некогаш смрди на полски клозет, а другпат на изгорено дрво.

Таа гореше пред помалку од десет дена, во недела наутро баш пред разденување, меѓутоа полицијата не ја истражува причината за пожарот. Од МВР за БИРН информираат дека никој не сакал да поднесе пријава, ниту Градот, ниту концесионерот.

Тогашниот градоначалник Петре Шилегов тргна да ја урива оваа галија пролетта 2021, меѓутоа поголем дел од објектот остана бетониран во водите на Вардар.

Сега во долниот простор, цел човек може да влезе низ дупката што гледа кон кејот. На подот што се распаѓа од влага расфрлани се празни пива, пластични шишиња, разни отпадоци и догорчиња, а во еден ќош некој послал ќебе и перница.

Галијата беше замислена и работеше како кафуле, а концесионерот планирал и казино. Врз искршените прозорци сѐ уште стои излепен брендот на несудената коцкарница.

Оваа неподвижна галија изгледа најлошо од трите поставени во Вардар на потегот од зградата на МЕПСО до хотелот„Холидеј ин“.

Онаа кај МЕПСО, пред седум-осум години, многу кусо, неколку месеци, работеше како ресторан со ентериер во антички стил и со специјалитети именувани во духот на епохата на Александар Велики. Бргу по отворањето се поплави и никогаш повторно не проработи. На влезот одамна стои катанец.

Единствено функционира галијата кај ГТЦ. Угостителот Стојан Филиповски, познат по својот ресторан „Воденица“, таму држи локал и хотел со 18 соби.

Гради-уривај политика

И за галијата што работи, онаа кај ГТЦ, тешко може да се каже дека е дел од скопската шема.

Во средата попладне, празна беше палубата каде што е локалот. Долу вратата беше отворена, меѓутоа немаше никој на рецепцијата. На влезот на бродот беа двајца туристи, прозбореа нешто на англиски, се помислија и решија да не влезат.

Се фотографираа пред галијата и заминаа.

Стојан Филиповски, човекот што стопанисува со галијава, во разговор со БИРН не се согласува со впечатокот и вели дека нему добро му оди бизнисов.

„Кога има сонце, има и луѓе на палубата. Локалот и не треба да е полн, доволно е да има луѓе.“

Странците ја сакаат галијата, се сликаат со неа и ѝ даваат најдобри оценки на интернет.Таа веќе е некаков симбол на градот“, смета тој.

Познатиот Столе Воденица ја коментираше неконзистентната гради-уривај политика на различните градски власти.

„Кога веќе се направија галиите, нели ќе беше подобро да се остават да работат, да генерираат каков-таков приход, отколку да се уриваат до некаде, па да се остават.“

Според него, во бродот се вложени повеќе од два милиони евра. Инвестицијата тешко се враќала, вели дека кога веќе се зафатил со галијата и потпишал договор, нему обврска му била да го почитува.

„Галијата што почна да ја урива Шилегов, сега е ‘ругло’ на градот, странците прашуваат што е работава со неа. Навечер се собираат секакви луѓе таму, палат огнови, не знам што прават“, вели во разговор за БИРН, Филиповски.

За третата галија, онаа кај МЕПСО, последно се знае дека со неа управуваше фирмата на бизнисменот и автор на егзотични историски читанки, Ниче Димовски – Македон, кој во меѓувреме почина. Тој имаше роднински релации со поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, во чие време се замислија и изградија галиите.

Иако сега во Вардар има три статични брода, ДУП-от за тој дел од центарот на главниот град, пред повеќе од една деценија предвиде шест вакви објекти, и тоа четири на десната и два на левата страна од реката.

Не се изградија галии предвидени на локацијата веднаш под мостот „Гоце Делчев“, до ново-стариот театар и до колонадата.

https://prizma.mk/skopje-nitu-gi-saka-nitu-gi-uriva-galiite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1267 Posted: 01-Aug-2023 at 14:50
СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР СРЕДЕ СКОПЈЕ



Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш по примената дојава за пожар, интервенираа по што за кратко време беше изгаснат и не се дозволи да се прошири.

Станува збор за галијата „Среќа“, која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше прекинато.

Сега бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gori-galijata-vo-vardar-srede-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1268 Posted: 17-Jun-2024 at 18:06
ЕВЕ ШТО ОСТАНА ОД ГРАДСКАТА ПЛАЖА НА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Р'ѓосани шипки, обраснати терени, искршени спортски реквизити (ФОТО)

Изградбата на првата Градска плажа на реката Вардар официјално наречена „Парк“ почна во јуни 2010 година.

За изградбата беа дадени 379.113 евра.









https://www.faktor.mk/eve-shto-ostana-od-gradskata-plaza-na-koce-trajanovski-rgjosani-shipki-obrasnati-tereni-iskrsheni-spotski-rekviziti-foto
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 626364

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.258 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.