build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Diamond of Skopje (Limak)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 42434445>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #861 Posted: 06-Nov-2023 at 09:25
Originally posted by Џоле

Да ги пофалам, направиле паркинг за велосипеди покрај главниот влез (до стара железничка).

Вчера првпат влегов внатре, уште е полупразен, пола дуќани не се отворени, нема ни многу купувачи. Но секогаш е така на почетокот, додека се навикнат луѓето да доаѓаат.


Фотки од мојата посета пред една недела:











За сè има вторпат
Back to Top
Decibel View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Decibel Quote  Post ReplyReply #862 Posted: 09-Nov-2023 at 09:39
становите у лимак се најголемиот турски фуш!
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 456
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #863 Posted: 09-Nov-2023 at 10:49
Originally posted by Decibel

становите у лимак се најголемиот турски фуш!
Образложение, сведоштво? Си влегол внратре?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #864 Posted: 09-Nov-2023 at 10:49
Дај фотки или нема да ти веруваме
За сè има вторпат
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #865 Posted: 10-Nov-2023 at 22:53
kako da ne mu veruvas 3 post na forumov i vaka ko ke tropne bez objasnuvanje i fakti so slikii
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #866 Posted: 11-Nov-2023 at 00:58
Јас од прва му верувам, изгледот на екстериерот и "урбанизмот" на целиот блок се доволен доказ [}]
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #867 Posted: 11-Nov-2023 at 15:47


Carpe diem
Back to Top
Decibel View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Decibel Quote  Post ReplyReply #868 Posted: 16-Nov-2023 at 13:51
можам да образложувам до утре, ама ако се најде некој што има купено стан тамо ќе ви објасни.
пропусти во редење на таркетот, пропусти во монтирањето на климите на балконите, пропусти во туш кабините и контра пад на водата,неисполнување претходни ветувања како е и како треба да е.
мој личен пријател што живее во германија купи неколку станови за издавање.
становите не им даваа да ги видат во тек на изградба, итд итд...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #869 Posted: 16-Nov-2023 at 13:58
ТУНЕЛОТ ПОД ЛИМАК Е РЕЧИСИ ГОТОВ, АБЕР НЕМА ОД КРУЖНИТЕ ТЕКОВИ

Инвеститорите од „Лимак“ според договореното со Град Скопје ја изградија подземната сообраќајница под мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, но ништо не е мрднато од место кога станува збор за кружните текови на источната и западната страна од објектот, кои требаше да ги изгради Градот.

Инвеститорот на комплексот „Diamond of Skopje“ вели дека основата на сообраќајницата е готова, бидејќи таа морала да биде завршена за да може врз неа да се градат останатите објекти кои се составен дел од инвестицијата вредна 350 милиони евра.

– Дел од проектот е и подземната сообраќајница што се протега под комплексот „Diamond of Skopje“ и е долга 746 метри и широка 37 метри. Подземната сообраќајница има по две сообраќајни ленти и помошна лента во двата правци и две трамвајски линии во средината. Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. За нејзината изградба е извршен 14 метри длабок ископ, по што се изградени потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава, и на нив е поставен фундамент. Се работи за важен инфраструктурен проект чие ставање во функција ќе овозможи брзо движење низ центарот на градот, што е клучен предизвик во централните градски подрачја. Изградбата на подземната сообраќајница, како и изградбата на останатите две станбени згради, e планирано да се заврши во текот на следната година. Вкупната инвестиција во целиот проект достигна 350 милиони евра – изјавија инвеститорите за Плусинфо.

Оттаму додаваат дека се во постојана комуникација со Град Скопје, но дека засега нема никакви активности, ниту во делот на кружниот тек кај Водњанска, ниту пак кај Јужниот булевар, особено откако во октомври се случи отворањето на трговски центар „Diamond Mall“, при што се зголеми бројот на возила кои се движат во овој дел од градот.

– Подземната сообраќајница е еден од највиталните делови на комплексот „Diamond of Skopje“. Таа ќе биде прва и засега единствена од ваков вид во земјава. Оттука, од големо значење е нејзино сообраќајно поврзување, поради што нејзината реализација се прави на партнерска основа со Град Скопје, под чии ингеренции се кружните текови на западната и на источната страна. Ние сме во постојана комуникација, фокусирани сме на својот дел од работата и истовремено конструктивни за континуитетот на отпочнувањето на фазите на изградба, кои се во тек од страна на Град Скопје, кој е наш значаен партнер – велат инвеститорите.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска пред шест месеци изјави дека експропријацијата на објектите на просторот наменет за кружен тек би била неспорна зашто голем дел од засегнатите куќи се дивоградби. Најголемиот проблем, според неа, би бил да се реши ситуацијата со објектот на „Македонски железници – инфраструктура“, кој се наоѓа непосредно до Паркот на новинари, а во кој е сместена значајна ИТ опрема на претпријатието.

Од „Железници инфраструктура“ минатиот месец за Плусинфо рекоа дека спорниот објект во моментов нема некоја значајна опрема која би го забавила процесот на изградба на кружниот тек, но до нив нема официјално барање дека објектот треба да се руши.

– Нашиот диспечерски центар е префрлен од оваа зграда. Останува само дел од опремата, кој може да се дислоцира во секое време и без да предизвика некакви проблеми во работењето. Ние го поддржуваме овој проект на Градот, но очекуваме за возврат на овој имот да добиеме локација во близина на кружниот тек, за да можеме да изградиме реномиран објект. Писмено за ова ги известивме Град Скопје и општина Центар, но немаме информација дали тоа ќе се прифати и каде е обезбедена новата локација. Инаку, немаме добиено барање објектот да го дислоцираме и дека ќе се руши – велат од претпријатието.

повеќе на https://plusinfo.mk/tunelot-e-gotov-no-kruzhni-tekovi-nema-grad-skop-e-nema-aber-za-izgradba-na-povrzuva-ata-so-soobra-a-nicata-pod-limak/

За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 999
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #870 Posted: 16-Nov-2023 at 22:08
Едниот кружен е на местото на парк на новинари, тоа значи дека паркот долж Гологанов ќе биде булевар?

Edited by kiriOK - 16-Nov-2023 at 22:08
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 456
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #871 Posted: 17-Nov-2023 at 09:47
Паркот долж гологанов уште пред 40 години е предвидено да биде урбан автопат или јужниот дел од обиколницата околу скопје. Тогашните трендови и демографија налагале дека Скопје ќе биде милионски град. Со сегашниот раст (стагнација која ќе преиде во доста стрмен пад), на Скопје доволно му е БРТ. Така шо се размислува скрос од ДУП да се избрише Јужен булевар.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 550
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #872 Posted: 17-Nov-2023 at 15:14
Напротив, ако пред 40 (поправо веќе 50-60) години бил предвиден јужниот булевар за „некои идни времиња кога Скопје ќе биде милионски град“, денес е повеќе од јасно дека тој булевар е очајно потребен и за само половина милион жители. За бришење на јужен булевар од урбанистички планови лобира урбаната мафија која едвај чека да го заграби тоа земјиште и да гради кокошарници.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #873 Posted: 17-Nov-2023 at 22:56
Само ради урбаната мафија не би го бришел. Иначе не гледам веќе некоја толкава потреба од него, секако не очајна. Можеби само во делот Центар-Киселавода-Драчево/Хиподром. Да не бидам погрешно сфатен... во идеални услови, со диг-енд-кавер метод - да. Ама моментално мислам дека таа пара е попаметно да се инвестира во други проекти низ градов/државава.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 999
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #874 Posted: 18-Nov-2023 at 23:41
Originally posted by MKDSTRUGA

Паркот долж гологанов уште пред 40 години е предвидено да биде урбан автопат или јужниот дел од обиколницата околу скопје. Тогашните трендови и демографија налагале дека Скопје ќе биде милионски град. Со сегашниот раст (стагнација која ќе преиде во доста стрмен пад), на Скопје доволно му е БРТ. Така шо се размислува скрос од ДУП да се избрише Јужен булевар.
Од тогаш милион дупови се сменија, уште повеќе криминалнои решенија се наметнаа.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #875 Posted: 19-Nov-2023 at 10:16
ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР НЕМА ДА СЕ КОРИСТИ ОТИ ГРАД СКОПЈЕ НЕ ГИ ГРАДИ ПРИКЛУЧОЦИТЕ



Подземната улицата која ја гради турски „Лимак“ како дел од договорот со Град Скопје ќе биде готова догодина, но нема да се користи оти не е почната никаква постапка за изградба на влезовите и излезите од сообраќајницата. За да може таа да се користи потребно е Град Скопје да изгради три приклучоци, односно кружен тек кај поранешна „Нова Македонија“, како и кружни текови на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин.

После две години мандат на градоначалничката Данела Арсовска, нема никакви активности за овој проект кој е многу значаен за растоварување на сообраќајот во овој дел од градот. Со изградбата на трговскиот центар „Дајмонд мол“ и четирите 20-катници кои имаат 772 станови, во овој дел ќе се населат нови 3.000 жители и ќе има најмалку плус 1.000 возила секој ден.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, како и цел двегодишен мандат, САКАМДАКАЖАМ.МК не доби одговор на прашањата испратени за овој важен проект за Скопје.

Од турската компанија „Лимак“ ни одговорија дека тунелот за подземната улица е целосно пробиен и дека догодина ќе биде готова.

„Во моментов, бетонските работи на подземниот тунел се комплетно завршени, односно вкупната должина од 746 метри е целосно ископана, со поставени потпорни ѕидови и фундамент. За нејзината изградба се врши 14 метри длабок ископ, по што се градат потпорни ѕидови, кои се веројатно меѓу највисоките во земјава и се поставува фундамент. Се работи за важен инфраструктурен проект чие ставање во функција ќе овозможи брзо движење низ центарот на градот, што е клучен предизвик во централните градски подрачја. Изградбата на подземната сообраќајница, како и изградбата на останатите две станбени згради, e планирано да се заврши во текот на следната година“, велат од „Лимак“.

Во комплексот „Дајмонд“ се предвидени четири кули со 20 ката. Две од нив, кои се наоѓаат кај зградата на „Тутунска банка“, се веќе готови и становите се продадени, а другите две кои се градат кај Урбан паркот ќе бидат готови догодина. Пред еден месец беше отворен трговскиот центар кој е дел од комплексот.

Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од тогашниот градоначалникот Коце Трајановски, и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година и прво инвеститорот треба да ја изгради улицата, а потоа објектите над неа. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.

Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов во 2017, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. Во кампањата за локалните избори 2021 Шилегов ги промовираше проектите за кружните текови и тогаш рече дека по завршување на изборите ќе почнат постапките за нивна изградба.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/podzemnata-ulitsa-na-juzhen-bulevar-nema-da-se-koristi-oti-grad-skopje-ne-gi-gradi-prikluchotsite/
Carpe diem
Back to Top
Decibel View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Aug-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5
  Quote Decibel Quote  Post ReplyReply #876 Posted: 28-Nov-2023 at 19:04
Originally posted by Decibel

можам да образложувам до утре, ама ако се најде некој што има купено стан тамо ќе ви објасни.
пропусти во редење на таркетот, пропусти во монтирањето на климите на балконите, пропусти во туш кабините и контра пад на водата,неисполнување претходни ветувања како е и како треба да е.
мој личен пријател што живее во германија купи неколку станови за издавање.
становите не им даваа да ги видат во тек на изградба, итд итд...




Twitter Mk Robot

Edited by Decibel - 28-Nov-2023 at 19:10
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #877 Posted: 09-Dec-2023 at 18:35
09.12.2023

Кула 3-се вадат скелиња од северната страна









кула 4-се оформува карабината





Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20170
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #878 Posted: 13-Dec-2023 at 08:28
Голем интерес за домување во кулите во комплексот „Diamond of Skopje” – се очекува во 2024 година сите станови да се продадат



Живеењето по теркот на светските метрополи што го нуди „Diamond of Skopje” предизвика голем интерес на пазарот на недвижности, поставувајќи нови повисоки стандарди. Причина за тоа е новиот концепт на домување, со висока додадена вредност, што го нуди мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje”, кој го гради „Лимак Скопје“ на атрактивна локација во центарот на градот.
Становите во две од четирите висококатници, односно блок А и Б, се целосно продадени и делумно вселени. Продадени се и над 50 % од становите во блок Ц, а продажбата на апартманите во последната кула или блок Д, за која веќе има голем интерес, се очекува да биде целосно завршена до крајот на идната година. Најголемиот дел од купувачите на становите се од земјата или македонци кои живеат и работат во странство, но има и странски државјани од Словенија, Швајцарија, Холандија, Турција и САД. Странците повеќе преферираат станови на повисоките катови, додека домашните купувачи повеќе се одлучуваат за становите лоцирани на пониските катови.

Покрај одличниот квалитет на градбата на становите во „Diamond of Skopje”, големиот интерес се должи и на атрактивните содржини што се уникатни во градот, па и пошироко. Сопствениците на станови имаат можност за користење повеќе содржини кои се достапни во рамки на Д-плус концептот. Тоа се наменски добро опремени простории за видео игри, караоке, приватно кино, локации за забави, за вежбање пилатес и слично. За одржување на заедничките простории формирана е посебна компанија, која е непрофитна, а нејзина задача е да се грижи за сите колективни сегменти на домувањето во комплексот, како техничко одржување, 24-часовно обезбедување, одржување хигиена и зеленило, отстранување отпад и слично, за што сопствениците на становите издвојуваат месечен надомест.



Д – плус концептот не е единствен адут на станбениот дел во „Diamond of Skopje”. Имено, при изградбата на станбените кули се применети највисоките стандарди во градежништвото. Тие имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија.
Покрај тоа, со користење на лесни бетонски блокови обезбедена е висока звучна изолација, а надворешната изолација од природни материјали обезбедува висок степен на заштеда на енергија. Сите станови се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија. Комплексот има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.

Интересот за купување на станови го зајакна и отворањето на „Diamond Мall“, бидејќи новиот трговски центар со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ нуди дополнителни содржини кои му даваат нова димензија на урбаното живеење во комплексот. Покрај делот за шопинг со 150 продавници и еден од најголемите супермаркети, во „Diamond Mall“ се сместени и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани различни ресторани и кафулиња и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), најголемиот едукативно-забавен центар за деца и млади.

„Diamond of Skopje“ е сочинет од повеќе целини кои меѓусебно се надополнуваат. Четирите станбени блока располагаат со вкупно 772 стана, а покрај трговскиот центар „Diamond Mall“, дел од комплексот е и хотел со пет ѕвездички – „Limak Skopje Luxury Hotel“.

„Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“, која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.

https://fokus.mk/golem-interes-za-domuvane-vo-kulite-vo-kompleksot-diamond-of-skopje-se-ochekuva-vo-2024-godina-site-stanovi-da-se-prodadat/?fbclid=IwAR086jZJ-7qYyQVODH85yOpgmCdjfYwogroc4f_Zo472GyM6DDhihY-3jh8
Carpe diem
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 999
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #879 Posted: 13-Dec-2023 at 10:25
Кој купува станови ако има 70,000 празни станови во Скопје со над 10,000 такви само во Центар?
Тоа е прашање на прашањата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15132
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #880 Posted: 13-Dec-2023 at 10:37
Originally posted by stef4o

Голем интерес за домување во кулите во комплексот „Diamond of Skopje” – се очекува во 2024 година сите станови да се продадат


А сега, другата страна на монетата (повеќе фотографии и видеа на линкот најдолу):

СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „МАЧКА ВО ВРЕЌА“ – СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СТАНОВИ ТВРДАТ „ИЗМАМЕНИ СМЕ“, „ЛИМАК“ ВЕЛИ „ЗАДОВОЛНИ СЕ“



Вложуваш стотици илјади евра, а не знаеш што ќе добиеш за тие пари. Кога ќе дознаеш, веќе е доцна и згора на се, принуден си да плаќаш кирија за сопствениот стан. Ова е искуството на дел од купувачите на станови во зградата А во комплексот Diamond of Skopje, со кои раговараше „Пари“. Тие во нашата Редакција доставија и бројни фотографии и видео материјал за тоа што ги пречекало во становите за кои издвоиле и по 3.000 евра за квадратен метар. Зад овој комплекс, кој се рекламира како ексклузивен и нуди современ начин на живеење, стои групацијата „Лимак“ до која се обративме за сите обвинувања на купувачите. Оттаму стојат цврсто на ставот дека нивните купувачи се задоволни и дека евентуалните проблеми се решаваат во од.

Купувачите, кои велат дека стојат зад секој збор, но не сакаат нивните имиња да бидат објавени, тврдат дека се измамени. Еден од нив, објаснува како и покрај платен стан, немаат имотен лист.

https://pari.com.mk/stotici-iljadi-evra-za-macka-vo-vreka/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 42434445>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.193 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.