build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

G Mall Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 22>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: G Mall Skopje
    Posted: 03-Dec-2007 at 11:57

Чудна информација околу Алумина. Продадена е на Израелска фирма Gazit-Globe Ltd. Чудно е што оваа информација ја најдов во саботниот број на Време а не е објавена во ниеден друг медиум ниту е промовирана од владата (која знае да држи прес за најситни работи каму ли за инвестиција од 19 милиони ЕУР). Другиот чуден момент е што читав пред само 6-7 дена дека единствена заинтересирана компанија за Алумина е некоја Холандска (и го заборавив името).

 
Е сега зошто го постирам ова во секцијата проекти. Побарав малку информации за Gazit-Globe Ltd. на интернет и се работи за солидна компанија, но компанија која се занимава со недвижности. Тоа веројатно укажува дека Израелците го купиле просторот под Алумина за развој на недвижнини и дека Алумина дефинитивно нема веќе да постои (таа локација и онака е предвидена за недвижнини при што фабриката би се релоцирала во некоја индустриска зона но изгледа до релокација нема да дојде).
 
Еве го сајтот на компанијата
 
 
„АЛУМИНА“ СЕ ПРОДАДЕ
Израелска компанија плати 19 милиони евра за загубарот

Израелската компанија „Газит-глоуб“ е новиот сопственик на скопска „Алумина“. Израелците платиле 19 милиони, односно три милиони евра повеќе од минималната побарана цена. - Одборот на доверители донесе одлука да се прифати понудата на израелската компанија, која понуди 19 милиони - изјави Ацо Дамчевски, стечаен управник на „Алумина“. „Газит-глоуб“ со потпишување на договорот за продажба на „Алумина“ станува сопственик на имотот на фабриката, кој се состои од градежни објекти, земјиште, опрема, транспортни средства и резерва, кои ја сочинуваат производствената целина на „Алумина“Контактот со Израелците бил воспоставен во почетокот на оваа година од страна на министерот за привлекување странски инвестиции Глигор Ташковиќ, кој контактирал со израелската компанија во Мајами. Досега за „Алумина“ беа распишани пет тендери за продажба, но ниту еден не беше успешен.

Г. Г.

 
Извор: Време
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 03-Dec-2007 at 12:04
еве ја и интернационалната верзија на нивниот сајт. Имаат активности во доста земји во Европа според мапата а филијали во Германија, Скандинавија и Бугарија. Еве ги и активностите кои ги имаат во Бугарија
 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Dec-2007 at 23:11
Хммм, многу мистериозно ова со Алумина,  да не речам сомнително.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Dec-2007 at 10:30

Имаше јавен тендер за продажба на земјиштето и објектите на некогашната фабрика Алумина. Колку што јас знам постапката ја водеа нејзините доверители за да си ги наплатат побарувањата. Почетната цена за продажба на замјиштето (42.000м2) сосе објектите, платени комуналии за истите површини беше околу 15,9 Милиони Евра. Знам дека веднаш се заинтересираа големите регионални ритејлери (Меркатор, Делта, Туш) но најавите беа дека никој не би излегол со понуда да на следното наддавање се почне со 20% пониска цена. Дали Израелците им ги расипале плановите, или пак сите овие информации во суштина биле дезинформации, веќе не е ни важно. Во секој случај доста е сомнителна оваа вест знаејќи дека краен датум за доставување на понудите беше токму петок (30.11.2007), а веста излезе уште истиот ден (Време се печати веќе околу 17.00). Уште е почудно што таа вест излезе само во тој медиум, иако се работи за огромно земјиште и солидна понудена сума во релативно интересен дел на градот. 

Колку за илустрација излегува дека цена по м2 на ова земјиште достигнала 452 ЕУР што е прескапо спрема мене за таа локација макар била и со платени комуналии за дел од објектите. Но останува да видиме дали е сево ова вистина, или како и дузина други вести ќе стигне до маргините на шпекулација и ништо повеќе.


Edited by UrbanFreak - 04-Dec-2007 at 10:30
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Dec-2007 at 14:21
Neznam dali e postirano negde

Gazit-Globe to build €100m Macedonia project
The company will build a mall, hotel, and office complex in Skopje.
Globes' correspondent 12 Dec 07   11:04
Gazit-Globe Ltd. (TASE: GLOB) subsidiary Gazit Israel (Development) Ltd. has bought a 10.5-acre lot in the Macedonian capital of Skopje for €19 million. The company financed the purchase from its own sources.

The company plans to build a 60,000-square meter mall and office and hotel high-rises with 90,000 square meters of space altogether on the site at an investment of €100 million.

tuka
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Dec-2007 at 14:34
Thumbs%20UpКаде ли е таа локација знае некој каде што ке се гради ова? Машала, 100 милиони евра

Edited by La Linea - 12-Dec-2007 at 14:34
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Dec-2007 at 14:40
Golema investicija...samo da ne e od tie prazni investicii:\ poshto stvarno zvuchi golema, so trgovski centar (mislam Skopje ima dovolno(?)), pa drugi mali zgradi.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Dec-2007 at 14:48
Originally posted by La Linea

Thumbs%20UpКаде ли е таа локација знае некој каде што ке се гради ова? Машала, 100 милиони евра
 
Прочитај погоре во оваа нишка, дискусијата за земјиштето кај Алумина Cheers
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Jan-2008 at 18:32

Алумина ... локација за станбена изградба ... нов бизнис центар ...


Пред некој ден прочитав дека Израелска компанија ја одкупила Алумина во стечај ... со цел на плацот да изгради станови за продажба ... трговски центар, хотел и деловни згради, во инвестиција вредна 100 милиони евра. (трговски центар на 60.000 квадратни метри, и уште 90.000 квадрати хотелските и деловните простории) ...

Мислев дека е ова само пуста желба - за неопходните странски инвестиции ... Ова е втора најава дека израелците се впуштаат во станбена изградба на подрачје на Скопје ... Нели првата беше Снчевиот град на јужните падини на Водно ... 

Но Израелците деновиве ја уплатиле првата рата од договорените 19 милиони евра (уплатен е депозитот од 795 илјади евра ... во рок од 21 ден треба да се уплати и остатокот од зделката со вредност од 19 милиони евра - „Газит-глоуб“, израелска компанија) ...

Ме чуди што Владата не се пофали за ова ... ?! Или не сум во тек.


волан
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Jan-2008 at 18:43
Одлично за депозитот, тоа зборува многу Thumbs%20Up

Инаку за ова беше постирано на форумов: http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=13&PID=1876#1876

Беше ставено во вести зашто „политиката“ на форумов е да не се отвараат нишки додека нема нешто поопипливо.


Edited by Cloverstack - 12-Jan-2008 at 20:20
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 12-Jan-2008 at 18:46
Ваљда е сега опипливо платен е првиот дел ... 
волан
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 12-Jan-2008 at 18:47
Да сега веќе може да се каже
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Apr-2008 at 19:44
deja vu Ohno

БЛОКИРАНА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ПОРАДИ ХИПОТЕКА ОД 90 ИЛЈАДИ ЕВРА
УЈП ја кочи продажбата на Алумина
Преносот на имотот на Алумина во стечај е блокиран, бидејќи УЈП не сака да се откаже од хипотеката, додека не си го наплати побарувањето од околу 90 илјади евра, за кои е во тек судски спор

УЈП го блокира преносот на имотот на "Алумина во стечај" на израелската компанија "Газит-Глоуб", која лани во декември на петтиот тендер за продажба на Алумина понуди 19 милиони евра. Станува збор за побарување на УЈП од 5,5 милиони денари (околу 90 илјади евра), кое е обезбедено со залог на имотот, но не може да им се исплати, бидејќи е судски оспорено од друг доверител. Неможноста да се избрише хипотеката го блокира затворањето на стечајната постапка, односно, не може да се финализира купопродажниот договор, поради што стечајниот управник Ацо Дамчевски бара од УЈП да потпише изјава за бришење на заложното право на имотот. Дамчевски тврди дека во тек се преговори со УЈП за потпишување изјава, потенцирајќи дека со тоа УЈП нема да се откаже од своите пари, туку ќе овозможи завршување на купопродажната процедура.
"Побарувањата на УЈП и на Комерцијална банка се судски оспорени од друг доверител. Согласно Законот за стечај, овие пари ќе бидат резервирани и исплатени согласно судската пресуда. Комерцијална банка веќе потпиша изјава за бришење на заложното право на имотот, за да не се чека завршувањето на судскиот спор", објаснува Ацо Дамчевски.
Од Управата за јавни приходи одговараат дека заложното право на имотот ќе биде избришано само ако им биде исплатен долгот од 5.563.711,00 денари.
Компанијата " Газит-Глоуб" лани во декември беше единствен понудувач на петтиот тендер за продажба на Алумина. Инвеститорот, кој го донесе министерот без ресор Глигор Ташковиќ, ги запази рокови за уплата на понудените пари за имотот. Тој најави изградба на трговски центар, луксузен хотел и деловни згради, вредни околу 100 милиони евра. (Т.Ј.)



http://www.vest.com.mk/default.asp?id=149828&idg=8&idb=2343&rubrika=Makedonija
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Jul-2008 at 15:28
Хмм... па нели ова веќе бидна или сега се формализирало сето ова? Последниот параграф е ветувачки... Би било фино да споделат малку повеќе детали

Компанијата Газит Глоуб нов сопственик на Алумина

Компанијата Газит Глоуб преку својата филијала основана во земјава “Г –Македонија”, станала легален сопственик на фабриката Алумина и земјиштето на кое Алумина е лоцирана на 30 јуни, соопштија од кабинетот на министерот без ресор Глигор Ташковиќ.

Газит Глоуб била  единствениот наддавач во петтиот обид на продажба на објектот. Компанијата дала цена која е 20% поголема од почетната цена, на тој начин обезбедувајќи поголема наплата на кредиторите на Алумина.

“Оваа компанија планира да инвестира 100 милиони евра во резиденцијално комерцијален центар. Ова е еден од трите проекти што Газит Глоуб планира да ги иницира во Република Македонија со вкупна вредност од 200 милиони евра“, стои во соопштението до медиумите.

Воедно се најавува во наредните  две седмици, посета на Извршениот директор од Газит Глоуб  на земјава кој  треба да одржи прес- конференција на која ќе ги претстави плановите на компанијата за Македонија.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=33907&kategorija=2
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Jul-2008 at 13:19
Газит Глоуб ќе гради шопинг центар и деловен објект на местото на Алумина

Бордот на директори на израелската компанија Газит Глоуб која што ја купи Алумина најави изградба на голем шопинг центар и деловен објект на местото на поранешна Алумина кој ќе опслужува  еден милион граѓани  а во кој се инвестирани помеѓу 100 и 120  милиони евра.

“Со нашата одлука да инвестираме 100 милиони евра во изградбата на шопинг центар и деловен простор даваме сигнал за позитивна инвестициска клима, а воедно ќе се создадат стотици работни места  за граѓаните од Македонија “, изјави претседателот на бордот на директори, Чаим Катзман.

Тој рече дека изградбата на комерцијалниот центар би требало да отпочне  за три - четири месеци.

Катзмен истакна дека верува во економската иднина на земјата и дека се надева дека Газит Глоуб ќе одигра голема улога во комерцијалниот домен. Според него во Македонија има добри економски можности и нивната инвестиција може да биде почеток и на други дополнителни инвестиции и  проекти во земјава.

Во однос на постоечката конкуренција во земјава, Катзман верува дека можат да се справат со неа.

“Ние како компанија не сме нови  и веруваме дека можеме да се справиме со конкуренцијата . Имаме верба во македонската економија , таа ќе расте а заедно со неа ќе растеме и ние“, додаде Катзман.

Министерот без ресор Глигор Ташковиќ  рече дека и покрај сите тешкотии со кој се соочувала Алумина сепак конечно успеале да ја реализираат продажбата која изгледала невозможна.

“Газит Глоуб понуди  повеќе  од 20 отсто  од почетната цена  и ја купи Алумина за 22 милиони евра заедно со пресметан ДДВ.“

Ташковиќ  истакна дека  700 работници ќе добијат  придонеси за пензии, плати, здравствено осугурување односно вкупно 4,14 милиони евра ќе бидат исплатени за  истиве како и дека ќе бидат исплатени придонесите кон УЈП.



http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=35301&kategorija=2

Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 18-Jul-2008 at 15:35
ke pocekame uste 3-4 meseca doeka pak najavat deka ke gradat neso....
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 18-Jul-2008 at 15:37
Originally posted by se_manda

ke pocekame uste 3-4 meseca doeka pak najavat deka ke gradat neso....


LOL абе бар да презентираат рендери да не излажат малку со шарени сликички
Back to Top
se_manda View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote se_manda Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 18-Jul-2008 at 15:44
e sea ne preteruj i ti...renderi...znaes li koj trosok e toa be?!?!? mora da imaat pari da plakaat po vesnicive da gi reklamiraat be so ti e...vaka so ova najavive si napraija reklama u mk....
Back to Top
Vlado_strelec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jul-2008
Location: Prilep MKD
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vlado_strelec Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Jul-2008 at 08:19
Sto Ima Novo! Gledam deka samo vo MAkedonija ima vakvi problemi gradezni i slicno ne znam sto ke donesi idninata Samo se falat a od ekskluzivnosta na objektite Nisto.
Pozdrav od Prilep Gradot Na Mermerot !!
Vlado_Strelec
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Jul-2008 at 08:40
Поздрав и до тебе! Cheers

Инаку далеку од тоа дека сме единствени, но ние сигурно сме во врвот кога станува збор за вакви и слични компликации...  Unhappy
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 22>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.