build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Цени на станови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цени на станови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 24-Dec-2021 at 16:10
КОЈ ГО БИЛДА КВАДРАТОТ? Трговци-градежници ја кренаа цената на 2.000 евра

Рекордно високи цени на становите во Скопје се забележани во последните месеци. Квадратот се продава и над 2.000 евра во централното градско подрачје. Градежниците велат дека овие цени се дел резултат на поскапените репроматеријали и поскапата работна рака, но поголемиот дел се резултат на вештачкото зголемување на цената на градежниот квадрат, односно на зголемените апетити на сопствениците на градежните парцели и влегувањето на голем капитал во градежништвото преку трговци – градежници кои купуваат парцели, градат и си заминуваат.

Градежниот Никола Велковски вели дека и покрај тоа што се инсистира да се прикаже цената на репроматеријалите во градежништвото како главен виновник за зголемување на цената на станбениот квадрат, тоа не е така.

– Цената на репроматеријалите на крајната цена на градежниот квадрат влијае само со 30 отсто. Остатокот го прават условите на пазарот кои ги диктираат градежни трговци и сопствениците на градежните парцели. Тоа значи дека ако квадрат станбен простор се продавал по 1.000 евра со поскапувањето на репроматеријалите би чинел 1.300 евра. Но во градежниот сектор последниве години влегоа трговци кои внесоа огромни пари, градат и си заминуваат. Во борбата за добивање локација за градење овие трговци им нудат високи цени на сопствениците на парцелите кај кои, пак, во меѓувреме сѐ повеќе растат апетитите. Па така, цената сега од 25 отсто нето изградена станбена површина од пред една година порасна на 30 отсто. Конкретна цена за градежен квадрат, меѓутоа, не може да се каже бидејќи од парцела до парцела таа се менува според желбите и апетитот на сопственикот на парцелата и желбата на градежниците да ја добијат. Но, ова зголемување секако го плаќа крајниот купувач на станот со тоа што ќе плати 1.800 или 2.000 евра за квадрат – вели Велковски.

Но, додава тој, за таа цена граѓанинот кој купува стан не добива и повисок квалитет на градбата на станот.

Според него, 10 градежни компании во земјава кои се активни и не се трговци-градежници, ни од далеку не можат да обезбедат пари за вакви цени на парцелите.

Градежниците се согласни дека започнатиот тренд на растот на цените на станбениот квадрат нема да запре и следната година бидејќи на сето ова дополнително ќе влијаат и повисоките цени на струјата и на другите енергенси кои влегуваат во крајната цена на градежните материјали. Дополнителен мотив за повисока цена е и растот на цената на трудот.

Челичните профили и цевки поскапеа за 66 отсто и има најава дека дополнително ќе поскапат за уште 33 отсто. Металите учествуваат со околу 30 отсто во цената на градежниот квадрат. Нови повисоки цени има и на другите репроматеријали. Дрвната граѓа поскапе за 55 отсто, додека полимер бетонот е поскапен за 47 отсто, а геокомпозитот за 45 отсто – велат од Здружението за градежништво при Стопанската комора.

Од ова здружение побараа и намалување на ДДВ од 18 на 5 отсто за увоз на градежни материјали за кои ќе докажат дека се поскапени и доследно спроведување на Законот за облигациски односи во членот 656 за материјали чие поскапување битно влијае на компаниите или на граѓаните.

Градежниците се жалат и дека во изминатиот период и моментално некои општини имаат мораториум за градење при што се издаваат и помалку одобренија за градба, што дополнително влијае на намалување на градбата наспроти зголемената побарувачка на станови. Во прилог на ова говори и податокот на земени станбени кредити од граѓаните годинава. Податоците за ноември се дека на годишно ниво станбените кредити бележат пораст од 16,1 отсто.

Податоците од Државниот завод за статистика за октомври, пак, велат дека се интензивира градбата во земјава. Бројот на одобренија за градба е зголемен за 88,5 отсто. Дури 63, 1 отсто од одобренијата се во високоградбата. Предвидена е изградба на 2.311 станови, со вкупна корисна површина од 164.243 м2.

Податоците на Народната банка за цената на недвижнините покажуваат раст на цените во текот на целата година. Во првиот квартал растот изнесувал 3,2 отсто, во вториот 4 отсто, а во третиот квартал 5,9 отсто. Се очекува овој раст да биде повисок во четвртиот квартал од годината.

Моменталните цени на станови кои се градат во Скопје, огласени на веб огласниците се движи меѓу 950 и 2.000 евра за квадрат зависно во која населба се наоѓа градбата и кога е почната да се гради. На пример, во Капиштец може да се најде стан во изградба за 1.100, 1.250,1.350 но и за 2.000 и за 2.116 евра.

https://plusinfo.mk/ko-go-bilda-kvadratot-trgovci-gradezhnici-a-krenaa-cenata-na-2-000-evra
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 07-Jan-2022 at 14:07
Цените на становите за една година се зголемиле за 11,2 проценти!

Огромен раст на цените на становите забележа Народна банка. Таа пресмета дека во четвртиот квартал од минатата година цените на становите се зголемиле за 11,2 проценти во однос на истиот период лани, а во однос на претходниот квартал (третиот квартал од 2020 година) цените се зголемиле за 5,2 проценти.

Според податоците на Народната банка, ваков скок на цените не е заблежан од 2010 година, но официјалната статистика покажува дека некогаш сме имале и многу поголем раст на цените на становите, а тоа било за време на Големата финансиска криза кога четвртиот квартал од 2008 година во однос на четвртиот квартал од 2007 година, цените на становите се зголемиле за 24,9 проценти.

https://www.slobodenpecat.mk/cenite-na-stanovite-za-edna-godina-se-zgolemile-za-112-procenti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 08-Jan-2022 at 10:30
МЕТАР КВАДРАТЕН ВО СКОПЈЕ СТАСА ДО 1.500 ЕВРА: Станови за продажба нема, а уште ќе поскапуваат

Цените на становите пораснале за 40 отсто досега и поскапувањето ќе продолжи, тврдат претставниците на градежните комори. Зголемувањето на цената било поради растот на цените на градежните материјали, трендот на зголемување на платите во градежниот сектор кој влијае на зголемување на цената на крајниот производи, како и на ограничување на понудата, што, како што велат, се јавува како последица на мораториумите за градење и суспендирањето на деталните урбанистички планови, пренесува МИА.

Градежната фела на крајот на минатата годината испорача барања до Владата за антикризни мерки заради порастот на цените на градежните производи и репроматеријалите при јавните набавки, каде е пропишана фиксна цена во тек на изведба и јавните набавки и каде единствен услов за нејзино добивање е најниската цена.

„Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Проблем се и јавните набавки каде е пропишана фиксна цена за целото време на траење на проектите. Мораториумите за градба во Скопје и поскапувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Според претседателот на Градежната комора при Стопанската комора на Северозападна Македонија Салим Хасани, градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет работеа со позитивни биланси, но поголемиот развој зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

– Сè помалиот број локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што, наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење, изјави Хасани.

Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори, пак, вели дека градежниот сектор е подготвен да го промени трендот, со цел да се излезе во пресрет на потребните на граѓаните, доколку се создадат услови за да може да почне со засилена деловна активност.

Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, покажуваат дека побарувачката за недвижности за време на пандемијата се одвива како и претходно. Најголем обем на трансакции, вклучувајќи и најголем број продадени станови има во главниот град, во општините Центар, Карпош, Аеродром. Цените се движат во зависност од побарувачката и на поатрактивните локации се повисоки. Се зголемија и цените на становите во подрачјата со помала трансакциска активност поради порастот на цените на градежните производи, услугите, суровините.

Регистарот на цени и недвижности покажува дека во третиот квартал лани имало 9.231 трансакција, значително повеќе во однос на претходните два квартала кога имаше околу 7.500, што се исто така поголеми бројки во однос на претходната прва пандемиска година. Од 9.231 трансакција, 7.277 биле продажби на недвижности, а 1.954 закупи на недвижен имот.

Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Според тврдењата на приватните инвеститори, квадратен метар станбена површина се продава и до 1.500 евра во општини како Центар и Карпош.

Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика покажува дека во 2020 година биле изградени 4.077 станови, а во 2019 година 6.069 , односно помалку за 32 проценти.. Во 2018 и 2017, пак, биле изградени 5 436, односно 5 622. Во 2020 година биле издадени 2983 одобренија за градење, од кои во високоградбата 1 596, а 394 во нискоградбата

https://faktor.mk/metar-kvadraten-vo-skopje-stasa-do-1500-evra-stanovi-za-prodazba-nema-a-ushte-kje-psokapuvaat
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 761
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 09-Jan-2022 at 22:35
А во другите градови? Ни збор?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 11-Jan-2022 at 08:13
Нема слободен стан повеќе од 10 дена, побарувањето ја зголеми цената на становите

Од 15-20 % или од 150 до 180 евра по квадрат просечно има реален пораст на цените на становите само во последните 8 месеци. Па така, ако еден стан во центар чинел 1300 евра по квадрат, сега се продава по цена од најмалку 1500 евра. Поскапувањето на репроматеријатели, недостатокот на работа сила, но пред се интересот сообено со почекотот на панедемијата ја зголемил цената на становите во земјава. Трендот на покачување на цената на становите на пазарот го следат и старите градби и покрај тоа што биле градени со материјали по пониска цена.


-Стан на пазарот во изминатите 5-6 месеци, па ако сакате и од почетокот на кризата не можете да најдете слободен повеќе од 10-тина дена. Тоа за жал не се случуваше претходно или пред короната. Побарувањето на станови дали е тоа 45, 65, 85 да не кажам и 135 квадрата е огромно, вели Слободан Боби Митровски од Агенцијата за недвижности „Асториа“.

Цената на становите нема да се намалува, бидејќи нема основа за тоа. Би можела да остане иста како годинава и следната -велат од Агенциите за недвижности.

Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението 1.5 -1.50
-Сето она што го баравме како здружение при СКМ се однесуваше главно на антикризни мерки кои би ги подобриле состојбите во градежништвото не само кај компаниите него и кај граѓаните. Особено онаа мерка на намалување на ДДВ од 18 % на 5 % таа мерка на оние компании кои имаат проблем со цените и кои работат на капиталните проекти и на проектите кои ги објавуваат јавните институции, а кои проекти се добиени по критериум најниска цена и има во договорот услов цените да не се променливи, баш оваа мерка ќе влијае најмногу.

Здржението на градежници при ССМ минатата и предложи на Владата антикризни мерки со оглед поскапувањето на репроматеријалите кои влијаат и на цената на становите, како и врз одлуките за реновирање. Доколку се прифатат предлозите сегашната цена на репроматеријалите би се намалила за 10%. Од почетокот на пандемијата до крајот на годината челичните профили и цевки ќе достигнат до 95% поскапување.

https://mk.tv21.tv/nema-sloboden-stan-poveke-od-10-dena-pobaruvaneto-ja-zgolemi-tsenata-na-stanovite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 12-Jan-2022 at 13:33
РЕКОРДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА СТАНОВИТЕ: НБРМ измери, ваков раст немало од 2009 година



Рекорден раст на цените на недвижнините во последното тромесечје. Становите поскапеле за дури 11,2 процентни поени на годишно ниво. Ваков раст не е регистриран во последната деценија, односно од бумот во 2009 година. Поскапувањето што на квартално ниво го објави Народната банка е историско и ако се споредува со претходните три месеци. Имено во октомври, ноември и декември недвижнините биле поскапи за дури 5,2 проценти од јули, август и септември.

Овие бројки се само статистичка потврда на тоа што се случува на терен – недвижнините поскапуваат цела година, а најдрастичниот раст во последното тромесечје резултираше со цена на метарот квадратен во Скопје од дури 2.000 евра во некои делови на главниот град како Водно и Центар на пример. Во Карпош, особено во Козле. Капиштец цената стаса до 1.600 евра за метар квадратен. Ова поскапување градежнииците го правдаат со зголемувањето на цените на материјалите, но и неможноста односно ограниченоста да градат. Инаку во Скопје моментно во поскапуваните населби односно таму кде што е најскапо дури ни нема станови за купување.

Ако се анализира по квартали, поскапувањето е далеку најзначано во последниот иако не беше занемарливо и претхдните три. Во третото тромесечје годишната промена на ценат аизнесува 5,8 процентни поени, во вториот квартал поскапувањето било 4 отсто, а во првиот 3,2 проценти.

Во пандемиската 2020 година цените на недвижнините не се зголемија за повеќе од 2 отсто. Во неколкуте години претходно најголем раст имаше во 2019 година. Претходно во 2017 и во 2016 година дури има пад на цените на недвижнините. Инаку ваков раст не е регистриран од 2009 година наваму. Претходно цените се зголемуваа со ушпте поголем процент.

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора изјави дека голем број фактори влијаат на продажната цена на станбениот простор, но најмногу растот на трошоците.

„Во моментов зголемените цени на градежните материјали се одразуваат во голема мерка и ќе се одразат уште повеќе на цената на становите. Во моментов се многу оштетени компаниите кои работат на јавни набавки во кои главен норматив за добивање на јавната набавка е минимална цена. Мораториумите за градба во Скопје и поскапувањето на цените на градежните материјали си го направија своето и сега становите поскапуваат. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните и од исплатливоста за градба во одредени подрачја, изјави Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора.

Според Државниот завод за статистика, од почетокот на 2021 година заклучно со октомври, се издадени 3285 одобренија за градба. Во октомври 2021 имало 509 одобренија за градење, од кои 321 (63.1 процент) за објекти од високоградба, а 57 (11,2 проценти) од нискоградба. Предвидена е изградба на 2.311 станови, со вкупна корисна површина од 164.243 метри квадратни.

Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика покажува дека во 2020 година биле изградени 4.077 станови, а во 2019 година 6.069 , односно помалку за 32 проценти.Во 2018 и 2017, пак, биле изградени 5 436, односно 5 622. Во 2020 година биле издадени 2983 одобренија за градење, од кои во високоградбата 1 596, а 394 во нискоградбата.

https://faktor.mk/rekordno-poskapuvanje-na-stanovite-vo-posledniot-kvartal-nbrm-izmeri-vakov-rast-nemalo-od-2009-godinanite-
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 14-Mar-2022 at 07:52
СТАН ВО СТРУГА ЧИНИ ДО 1.300 ЕВРА ЗА КВАДРАТ ПО ДРАСТИЧНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ОХРИДСКАТА РИВИЕРА

Цената на становите во Струга е зголемена за 20 проценти, па метар квадратен во строгиот центар покрај Дрим и на самиот брег од Охридското Езеро достигна до 1.300 евра. Причина, според Агенциите за недвижности, е постојаниот раст на цената на градежните материјал,и но и тоа што градбата е намалена па побарувачката е поголема од понудата.

Стан во стара градба надвор од центарот во градот може да се најде и за 500 до 700 евра за метар квадратен.

„Во Струга има стари станови и нивната минимална цена е 500 евра по метар квадратен, а спопред локацијата, состојбата на станот може да биде и 700, додека новите станови имаат повисока цена која достигнува до 1.300 евра. Цените варираат зависно од локацијата и квалитетот на градбата“, вели Инајет Положани, агент за недвижности.

Положани вели дека и покрај порастот на цената купувачи има, а најзаинтересирани се иселениците.

„Бројот на печалбарите секојдневно расте и тие се големи купувачи, но има и такви кои живеат тука. Банките даваат поволни услови и помагаат да има продажба на станови“, додава Положани.

Драстично зголемување на цената на становите минатата година имаше и во Охрид. Метар квадратен во централното градско јадро и на самото крајбрежје чини од 1.300 до 1.500 евра, а некои станови на најатрактивните локации се продаваат и над 2000 евра за метар квадратен.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stan-vo-struga-chini-do-1-300-evra-za-kvadrat-po-drastichnoto-zgolemuvane-na-tsenata-na-ohridskata-riviera/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 27-Mar-2022 at 11:30
Растат цените на становите, зголемена и продажбата – за 2% повеќе одобрени станбени кредити во пандемијата



https://mk.tv21.tv/rastat-tsenite-na-stanovite-zgolemena-i-prodazhbata-za-2-poveke-odobreni-stanbeni-krediti-vo-pandemijata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 02-Apr-2022 at 15:06
Закочените детално урбанистички планови ја билдаат цената на квадратот во Скопје

Цената на становите во метрополата вртоглаво расте. Во Центар и Карпош стигна до 1.600 евра квадрат, а наскоро таа може да се качи и до 2.000 евра- алармираат градежниците.Според нив, немањето доволни локации за градење во атрактивните зони, блокирањето на ДУП-ови во некои општини,како и неносењето нови ДУП-ови за формирање нови локаци по општините се главните причини за стаганција во градежниот сектор.

,,Нема нови градби, се е запрено и затоа се зголемува цената на недвижностите”-велат од стопанските комори.
Салим Хасани, претседател на Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија на стартот на годинава ги повика новите градоначалници да ги откочат детално-урбанистичките планови.

Тој потенцираше дека намалување на новите градби и зголемувањето на цената на локаците директно влијае на цената на становите. Како друга директна причина е порастот на цените на градежните материјали и енергентите, каде што порастот е од 20 до 100 проценти.

„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.

Додека општините не носат нови планови, цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Според официјалната статистика метар станбена површина во општини како Центар и Карпош наскоро ќе стигне и до 2000 евра за квадрат.

Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.

Градежните компани во периодот на ковид-пандемија, работеа со намален интензитет. Поголемиот развој, зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

,,Сè помалиот број на локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени.

И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење” изјави Хасани.

Од Здружението на градежништвото при Стопанската комора на Македонија посочуваат дека прогнозите на градежните компании се остваруваат, цените на становите од почетокот на годината бележат евидентен раст, особено во подрачјата што се сметаат за атрактивни локации. Растот на цените на становите, се должи на повеќе фактори, во најголем дел на поскапувањата на градежните материјали, меѓутоа и на генералното поскапување на услугите, репроматеријалите и другите добра.

– Побарувачката е голема, со оглед дека недвижностите се покажаа како сигурна инвестиција за време на коронавирус-кризата. Граѓаните го препознаа инвестирањето во недвижностите како креирање додадена вредност во нивните буџети особено во време на тивка инфлација, поради што сметаме дека побарувачката нема да опадне и недвижностите ќе бидат атрактивни и во следниот период. Понудата во одредени подрачја е очекувано намалена поради мораториумите за градење изминатите години, велат од Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите.

Градежната фела се залага за подигнување на квалитетот на градбите.Велат и граѓаните треба да се стремат кон купување на квалитетни градби и квалитетот да ја одредува цената, со цел да не настане ситуација во услови на намалена понуда на станови на одредени подрачја, цената да ја одредува исклучиво зголемената побарувачка за градби на атрактивни локации.
Анализирано според локации, побарувачката за недвижности расте за општините Центар, Карпош, Аеродром.

Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора посочува дека деловната активност во полето на високоградба во последните четири години има тренд на постојан пад што се должи на ограничувачките фактори кои предизвикаа сериозни, материјални и нематеријални штети за компаниите, поради мораториумот за градба и суспендирањето на деталните урбанистички планови.

За да има подобрување во позитивна насока, неопходно е да се почитуваат законите, пред се Законот за градење и Законот за урбанистичко и просторно планирање, што ќе придонесе за креирање на позитивна бизнис клима за развој и инвестиции.
Градежниот сектор е подготвен да го промени трендот, со цел да се излезе во пресрет на потребните на граѓаните, доколку се создадат услови за да може да почне со засилена деловна активност, потенцира Јакимовски.

Вкупната економска криза особено удри врз градежниот сектор во земјава, а државата има механизам да ги ублажи проблемите, како што веќе мерки се преземени во некои од државите од регионот.На потег според градежниците е државата и општините кои заеднички со градежните компании може да помогнат за полесно закрепнување на домашната економија.

https://vecer.mk/makedonija/zakochenite-detalno-urbanistichki-planovi-ja-bildaat-cenata-na-kvadratot-vo-skopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 05-Apr-2022 at 17:11
Рекордни цени и масовна побарувачка за недвижнини во Македонија



Во последниве шест месеци речиси е невозможно, ниту во подалечните населби од центарот на Скопје, да се најде стан за кој би платиле под 1200 евра од квадрат.

Неодамна Народна банка објави дека растот на цените на невижнини пораснал за дури 11, 2 процентни поени , а сега и Агенцијата за катастар ги потврди вртоглавите суми потрошени минатата година.

Лани, иако беше пандемиска година, за недвижности биле потрошени речиси една милијрада евра, што е за 220 милиони евра повеќе од 2020.

Според извештајот на Катастар лани биле потпишани над 24.000 дговори за купопродажба на недвижен имот.. Најголем дел од секако отпаѓаат на становите во главниот град.

Поскапувањата се должат на неколку фактори- поголемите трошоци за инвеститорите кои градат, но и зголемениот интерес кај купувачите, вели за Канал 5 претседателот на Градежната комора, Јакимовски.

Во минатите 20 години градежна експанзија имаше во Скопје, а според податоците до пописот, сега има скоро третина повеќе станови... Се изградиле 50.000, па сега главниот град има над 213.000 станови..

https://kanal5.com.mk/rekordni-ceni-i-masovna-pobaruvachka-za-nedvizhnini-vo-makedonija/a524199
Carpe diem
Back to Top
builder-ot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Feb-2022
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote builder-ot Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 06-May-2022 at 08:49
Многу се зборува по форуми и социјални мрежи, дури и саркастично за цените на становите во Скопје.

Која мислите дека е реална цена за м2 во Скопје? Земајќи во обзир сите фактори, цените во други градови, цените во странство итн.
< 2nd world >
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Online
Posts: 384
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 06-May-2022 at 09:15
Тешко е да се каже реална цена со толку промени во економска смисла. По мене во Скопје Хром имал секогаш некои реални цени, но дури и таму становите одат како алва за 1.200 еур/м2. Сепак мислам дека све изнад 1.200 е претерано. Можеби Карпош и Центар до 1.300, но таму сега тешко се наоѓа под 1.400/15.000 еур/м2.

Edited by MKDSTRUGA - 06-May-2022 at 09:15
Back to Top
builder-ot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 21-Feb-2022
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote builder-ot Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 06-May-2022 at 09:26
Се согласувам. Ама Софија и Белград стигнаа 2000 еур/м2 во добрите населби (еквивалент на Карпош, Центар, Капиштец). И цената од 1000-1100 еур/м2 се задржа многу долго во Скопје - 2009та купуваа станови по 1000-1050 еур/м2.
< 2nd world >
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 06-May-2022 at 10:08
Originally posted by builder-ot

Се согласувам. Ама Софија и Белград стигнаа 2000 еур/м2 во добрите населби (еквивалент на Карпош, Центар, Капиштец). И цената од 1000-1100 еур/м2 се задржа многу долго во Скопје - 2009та купуваа станови по 1000-1050 еур/м2.


2015та Настел и Адора на последна 5ка во Ново лисиче 900 e/m2 со 2 500 евра гаражно место
2019-2020та ГА 1020 е/м2 во готово УрбанГарден и ГА09

Edited by Leo - 06-May-2022 at 10:08
Back to Top
Leo View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 02-Mar-2022
Online Status: Offline
Posts: 71
  Quote Leo Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 06-May-2022 at 10:10
Originally posted by builder-ot

Се согласувам. Ама Софија и Белград стигнаа 2000 еур/м2 во добрите населби (еквивалент на Карпош, Центар, Капиштец). И цената од 1000-1100 еур/м2 се задржа многу долго во Скопје - 2009та купуваа станови по 1000-1050 еур/м2.


2015та Настел и Адора на последна 5ка во Ново лисиче 900 e/m2 со 2 500 евра гаражно место
2019-2020та ГА 1020 е/м2 во готово УрбанГарден и ГА09
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 08-May-2022 at 12:56
РЕКОРДНА ЦЕНА ЗА СТАН ВО СПЛИТ БЕЗ БАЛКОН-ЦЕНАТА ЗА МЕТАР КВАДРАТЕН 6.237 ЕВРА: Огласот ги распамети сплитќани

За стан без балкон бара дури 6.237 евра за метар квадратен, дали е ова можеби рекорд за „обичен“ стан во Сплит кој нема ни балкон? Имено, сопственикот на стан од 82 квадрати бара дури 6.237 евра за метар квадратен, пишува Слободна Далмација.

Огласот гласи вака:

- Се продава трособен стан во Бачвице. Станот е на втор кат од зграда која има три ката, со поглед на југ 70 отсто, север 30 отсто, со ограден двор и голем приватен паркинг. Портата е на далечинско управување. Целосно е прилагоден и изработен по нарачка. Гранит на подот, егзотиче паркет, врвна внатрешна и надворешна столарија… Сончев и простран стан, високи тавани, бетонска меѓукатна конструкција, со делумен поглед на пристаништето од јужните прозорци. Од плажата Бачвице е на три минути пешачење... Станот нема балкон. Се продава комплетно наместен. Станот има и 4 квадратни метри простор за дрва и дел од поткровје. Вкупната површина е 92 квадрати, но во имотен лист 80 квадрати. Се продава од сопственикот. Цена 499.000 евра

Но, и според агентите за продажбна на недвижнини, цената е превисока.

-Таа цена е превисока, состојбата на пазарот е нормална и цените ќе паднат. Мислам дека сопствениците на овој стан го испробаа методот - ако помине, помине, пишува Слободна Далмација.

https://faktor.mk/rekordna-cena-za-stan-vo-split-bez-balkon-cenata-za-metar-kvadraten-6237-evra-oglasot-gi-raspameti-splitkjani
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 10-Aug-2022 at 17:13
Carpe diem
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 684
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 11-Aug-2022 at 08:03
Kakva e situacijata vo Novi Sad

Све већа потражња диже цену некретнина у Новом Саду, квадрат премашио 3.000 евра

Link
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 11-Aug-2022 at 12:32
НЕМА ТАКВА ЦЕНА ЗА СТАН ШТО МАКЕДОНЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПЛАТИ - нов драматичен податок на НБМ: Во вториот квартал поскапување за дури 16,5 отсто



Народна банка го објави она што сите го знаеме и го гледаме во реалноста, но не ни беа познати точните бројки.

А тоа е дека во вториот квартал на годинава цените на становите доживеале драматичен и досега невиден раст, односно на годишно ниво поскапеле за дури 16,5 отсто.

Ова следува откако енормно висока беше стапката на пораст и во првите три месеци од годинава и изнесуваше 12,4 отсто на годишно ниво, што тогаш кога беше објавен податокот, пак, ни изгледаше премногу страшно.

Инаку, цените на становите почнаа да растат од далеку претходно, уште од стартот на 2021 година, но факт е дека најдраматичниот пораст се случува во првиот и сега во вториот квартал од годинава.

Не е тајна дека една од главните причини што се зголеми цената на становите во земјава, покрај растот на цените на материјалите и на сите инпути, беше и идејата на граѓанството дека треба да се инвестира во недвижнини, поради што се случија и значајни повлекувања на штедни влогови од банките, кои потоа се инвестираа во купување на станови.

Тоа беше подраматично изразено во мај и претходните месеци, но како што веќе пишуваше Фактор, во јуни граѓанските депозити почнаа повторно да се враќаат во банките. Односно, тие пак тргнаа по нагорна линија, иако нивното јунско зголемување е скромно и изнесува 7,3 милиони евра.

Инаку, и цените на становите во ЕУ и во еврозоната многу пораснаа, а во Хрватска нивниот раст е над европскиот просек, се вели во извештајот на европскиот статистички институт Еуростат, пренесоа неодамна хрватските медиуми.

На годишна основа, цените на недвижностите во ЕУ се зголемија за 10,5 отсто во првите три месеци од оваа година, што е највисоко од крајот на 2006 година. Во еврозоната цените скокнаа за 9,8 отсто во првиот квартал, што е највисоко откако Еуростат почна да објавува податоци во 2005 година. Сите земји од ЕУ чии податоци беа достапни на Евростат забележаа годишен раст на цените во првиот квартал, а во 17 од нив стапката на раст беше двоцифрена. Цената на станбените недвижности во Чешка порасна за 24,7 отсто. Следат Естонија со 21 отсто и Унгарија со 20,6 отсто.

Во Хрватска цените на станбените недвижности во првиот квартал од годинава се повисоки за 13,5 отсто во однос на истиот период лани. Кипар имаше најскромен раст на цените, 1,1 отсто.

Инаку, во една анализа што ја објави Фактор во последните денови на јуни, се запрашавме дали има изгледи да запре вртоглавиот раст на цените на становите во земјава, па дури и тие да се намалат, откако незапирливо растат подолго време, речиси две години наназад, но особено во последниов период.

Во светски рамки тогаш дојде до пад на цената на суровото железо, материјал кој се користи во голем процент во градежната индустрија, па затоа и се очекуваше дека може да го запре вртоглавиот раст на цената на становите, проследено и со евентуален очекуван пад на побарувачката.

Тогаш пишувавме, што се поклопува со крајот на вториот квартал, дека засега нема никакво намалување ниту на цената, ниту на побарувачката за станови, иако голем процент од становите се сметаат како празни. Од агенциите за недвижности со кои тогаш комуницираше Фактор, изјавија дека побарувачката за станови во земјава и особено во главниот град засега нема никакви знаци на стивнување, ниту, пак, има било какви изгледи за намалување на цената на становите. Сепак, дел од сопствениците на агенциите коментираа дека цените веќе го достигнале својот плафон и дека ќе стагнираат, но нема никакви изгледи да се намалат.

„Се уште владее голема побарувавачка за станови во земјава, особено за Скопје и особено за помалите станови. Цената на становите нема никакви знаци на намалување. На атрактивните локации цените се движат од 1.400 до 1.800 евра за метар квадратен, додека на локации за Ѓорче Петров или Ново Лисиче на пример, цените се од 800 па и до 1.200 евра“, ијавија вработени во една од агенциите за недвижности.

Оттаму се согласуваат дека цените на становите во земјава ги поминаа сите логични граници, но, како што нагласуваат, нема интенции ниту дека ќе се намалат.

„Намалување нема да има, тоа сме сигурни. Но, очекуваме стагнација, бидејќи факт е дека цените го достигнаа својот плафон и веќе не е логично да продолжат да одат нагоре“, изјави еден од нашите соговорници.

Според пописот на ДЗС, од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени.

https://faktor.mk/nema-takva-cena-za-stan-shto-makedonecot-ne-moze-da-ja-plati---nov-dramatichen-podatok-na-nbm-vo-vtoriot-kvartal-poskapuvanje-za-duri-165-otsto
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15912
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 11-Aug-2022 at 17:30
Цена на станови во Скопје:

Центар 1500 до 2100 евра
Карпош 1350 – 1600 евра
Аеродром 1300 – 1500 евра
Ѓорче Петров 950 – 1100 евра
Чаир 950 – 1100 евра

https://mk.tv21.tv/pobaruvachkata-se-zgolemuva-ponuda-nema-za-16-5-poskapele-stanovite-vo-vtoriot-kvartal/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2345>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.