build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 201202203
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 166
  Quote David Quote  Post ReplyReply #4041 Posted: 15-Aug-2020 at 16:01
Па може малце е оф топик,ама кога се наметна темава,според мене,проблемот е што имаме премногу политичари,и се тера премногу политика во државава,последниве избори на пример беа добро освежување и шамар за партиите дека се прочитани,неинвентивни,досадни и лажливи. Страшно е што јас не ни знам еден прокет,нешто конкретно што еве овие што пак добија власт "ќе направат" или ќе лажат дека ќе направат Ко во лоша симулација да сме влезени,зомбифицирано е се.
За тоа што спомна 20-30 години некој да владее,па тоа е меч со две острици,посебно за нашиве неизживеани политичари,ако им дадеш премногу моќ забегуваат,и на секое едно добро,прават две лоши,односно штети работи. Конкретно Груевски love him or hate him имаше поддршка кај народот да владее за навек,ама политичките околности го зезнаа,се замери со луѓе со кои што не требаше да се замери,народ му вика доста споменици,тој не,инатот го однесе до крај.Економската политика од негово време се покажува како најуспешна,сакал некој да признае или не тоа си е негов проблем.

Лошото за нас,како македонски народ е што сме премногу поделени,а тек ќе се делиме кога станува збор за политика со оглед на брзо растешката популарност на левица која сигурно ќе им украде на дпмне неколку пратеници,сдс која додека има власт ќе има алатка за подмитување и поткуп,така да ќе си остане пата/пата работава. За владар,ете сега сме во нато и ќе мора да ги слушаме нашите партнери и да делуваме ко едно,нема тука дискусии и шврљање лево десно.

Ако живееме во светот на бајките убаво би било прво да се заврши со крупна политика и бришење на тоа што остана да се брише да се смени власта и ете со нов план за главниот град 2022 кога излегува таму, да се избрише се што е 50+ години старо,згради,бараки,зградичиња и да се замни со ново модерно и квалитетно,да се реши хаосот со јавниот превоз,со не знам подземни улици,жичари,што да не метро,значи било што само да е одвоено од сообраќајот,и да не е БАП...практично нов ск2014 без споменици и пластика,да се најмат странски професионалци да го нацртаат градов ко што треба зошто очигледно нас толку ни е капацитетот. Поентата на тоа би била,слична како и таа на ск2014 привлекување туристи,со оглед на тоа дека ние сме мала држава што нема природни ресурси,нема гас,нафта,море...мора да направи се за да го направи Скопје,Охрид ко модерна туристичка дестинација,дури не знам зошто нашите министри не форсираат:Мериот,Хилтон,Холидеј Ин...да отворат хотели во Охрид,Струга,Преспа,всушност знам ама ајде..

АМА ако живееме во реалноста,најверојатно тоа што е старо и згазено од влага(зградите) ќе добијат некое јакимовски/жерновски фарбање со бомбастични наслови дека сме добиле "енергетски ефикасни" згради ,куќите и дворовите ќе станат 7 катни Хантерси,место Менхетн ќе добиеме нови расадници,маџир маала, 0 отворени фабрики и работни места,и најсигурно од се ќе продолжи исселувањето од овде.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4042 Posted: 17-Aug-2020 at 15:43
Спомен плочата на куќата на Мајка Тереза се преместува од страната на Пелистер



По налог на Град Скопје, екипа на ЈП „Улици и патишта“ вршат префрлање на спомен плочата на куќата на мајка Тереза на плоштадот „Македонија“.

Димче Петрушевски од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ за весникот ВЕЧЕР изјави дека и тие дале одобрение да се направи префрлање на трите спомен плочи кои досега гледаа кон тревникот и кон Теранова. Со тоа што новиот мермерен постамент е висок 60 сантиметри на кои ќе бидат ставени спомен плочите напишани на македонски, англиски и албански јазик ќе биде на 5 метри подалеку од сегашното место, поточно помеѓу трите борови дрвца и ќе гледа кон рестораните Пелистер и Ла Тераца.

– Преместувањето го одобривме во знакот на неизмерната љубов, солидарност и верба меѓу луѓето кои ги ширеше светицата. Работите треба да завршат за два – три дена и потоа тоа ќе биде многу убаво место за одбележување на 110- годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Новото одбележје треба свечено да биде пуштено на 26 август на денот кога е родена оваа светица – рече Петрушевски.

https://www.vecer.press/спомен-плочата-на-куќата-на-мајка-тере/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4043 Posted: 19-Aug-2020 at 11:03
Спомен плочата за куќата на Мајка Тереза, со ново, достоинствено решение.
Пристапна од новиот плочник на Плоштадот Македонија.







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4044 Posted: 19-Aug-2020 at 11:26
СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ СВРТЕНА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ПЛОШТАДОТ ЗА ДА НЕ СЕ ОДИ НИЗ ТРЕВА ДО НЕА

Екипи на Град Скопје, по барање на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, ја дислоцираат спомен-плочата на Плоштад Македонија. За да има директен пристап до неа, а не да се газ по трева, сега таа се наоѓа во делот кај новоизведениот плочник, односно е свртена кон ресторанот „Пелистер“.

„За да обезбеди директен пристап плочата е свртена од другата страна, односно се наоѓа под трите дрвја насадени во нејзина чест. Изведен е нов постамент на кој ќе бидат поставени трите плочи напишани на македонски, албански и англиски јазик“, велат од Град Скопје.

Спомен-плочата на местото на куќата каде се родила Мајка Тереза стоеше свртена кон ТЦ „Сити галери“. Но, откако Град Скопје го изведе тревникот на местото каде требаше да се градат „Шпанските скали“, за да се стигне до неа требаше да се гази низ тревата. Од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ велеа дека со ваквото решение на плоштадот спомен-плочата е заробена и граѓаните немаат пристап до неа. Тие бараат од градоначалникот Петре Шилегов да обезбеди поплочен пат до плочата на Мајка Тереза.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/spomen-plochata-na-majka-tereza-vo-skopje-svrtena-od-drugata-strana-na-ploshtadot-za-da-ne-se-odi-niz-treva-do-nea/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4045 Posted: 19-Aug-2020 at 17:29
Непотребно гломазно, на мавзолеј личи повеќе него на спомен плоча. Па можеле малку повеќе да се потрудат од обичен гробарски стил. Доволно е стаклена плоча на постамент или плочата на земја да беше поставена како обележување за куќата кај била и толку.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 299
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #4046 Posted: 19-Aug-2020 at 17:51
Ајде со здравје нека „жолтее“ овој постамент. Баш пред некој ден поминував од тука и сите споменици заедно со Портата, од негрижа и неодржување личат како да се наоѓаат во некој си пост апокалиптичен филм, каде се е оставено на милост на природата. Едно е да не го сакаат ВМРО кое ги постави ама друго е да плукаат по националните обележја. Ако имаат 500.000е за трева можат да ги средат и спомениците.

А оваа плоча на парцелата на „шпанските скали“ е поставена или? Ако е така Град Скопје изгледа има право на сечиј приватен имот.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4047 Posted: 16-Sep-2020 at 15:49
Отстранета бистата на Мисирков, Рамковски е емотивно погоден

Бистата на Крсте Петков Мисирков, авторот на книгата „За македонцките работи“, завчера вечерта била изненадно отстранета. Отстранувањето на бистата го дочека неподготвен и Велија Рамковски, финансиерот на целокупната акција за промоција на делото на Крсте Петков Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци.

Слободен печат стапи во контакт со Велија Рамковски, кој не го криеше изненадувањето од ваквиот потег.

– Не знаев дека споменикот е отстранет, сега првпат слушам за тоа од вас. Никој не ми најави, ниту ме информираше дека споменикот ќе се отстранува. Морам да кажам дека пред една година ми се јави секретарката на МАНУ и ме праша за согласност споменикот да биде дислоциран пред влезот на МАНУ, јас се согласив, за што потпишав и изјава. Меѓутоа, тоа беше пред една година. Оттогаш ми се немаат јавено, јас мислев дека се откажале, вели Рамковски, кој не го криеше незадоволството од отстранувањето на бистата.

Многу ме погодува тоа што го отстранија делото од Крсте Петков Мисирков. На промоцијата на бистата пееше и Тоше Проески, тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци. Криво ми е што од сите споменици од 2014 година, го отстранија само Мисирков, додава тој.

Од Град Скопје велат дека немаат ништо со отстранувањето на споменикот. Од МАНУ се уште чекаме одговор на прашањето, дали можеби тие ја земале бистата на Мисирков.

https://www.slobodenpecat.mk/otstraneta-bistata-na-misirkov-ramkovski-e-emotivno-pogoden-foto/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13233
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4048 Posted: 16-Sep-2020 at 17:12
И онака со својата „големина“ таа биста беше срам за ликот и делото на Мисирков, а и како стоеше до оној седнат на стол до него, петпати поголем споменик, подобро што го отстраниле, вака само мизерно ќе изгледаше.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4049 Posted: 06-Oct-2020 at 14:00
Мисирков од Пела се пресели во МАНУ



Град Скопје го одобри барањето на академиците на МАНУ од мај годинава, споменикот на Крсте Петков Мисирков од плоштадот „Пела“ до Триумфалната порта да се пренесе во дворот на Македонската академија на науките и уметностите. Постаментот и скулптурата на Мисирков веќе се наоѓаат во дворот на МАНУ, а каде точно ќе биде поставена од академијата не сакаат да кажат повеќе детали. Од Град Скопје појаснија дека споменикот претходно ќе биде конзервиран бидејќи има мали оштетувања

Град Скопје го одобри барањето на академиците на МАНУ од мај годинава, споменикот на Крсте Петков Мисирков од плоштадот „Пела“ до Триумфалната порта да се пренесе во дворот на Македонската академија на науките и уметностите.

Постаментот и скулптурата на Мисирков веќе се наоѓаат во дворот на МАНУ, а каде точно ќе биде поставена од академијата не сакаат да кажат повеќе детали.

Во предлогот со барањето за дислокација на скулптурата на Мисирков од МАНУ потенцираа дека досегашната локација не е адекватна со оглед на значењето на овој наш деец и на авторот – скулпторот Боро Митриќески.

– Мисирков е еден од нашите најпознати дејци, основоположник на македонскиот идентитет. Скулптурата беше донација на семејството Рамковски во 2007 година, но во 2013 година е поместена на споредна и минијатурна позиција, наспроти скулптурата која е поставена покрај неа. Со тоа е обезвреднет ликот на Крсте Мисирков – пишуваат академиците.

Од кабинетот на скопскиот градоначалник за весникот ВЕЧЕР иѕјавија дека исто такво барање до нив пристигнало и од писателката Гордана Михаилова Бошњаковска.

– Со изградбата на Порта Македонија и поставувањето на големиот споменик на Крсте Мисирков како дел од проектот „Скопје 2014“, малиот споменик кој е дело на Митриќески беше девастиран и имаше несоодветна положба. Барањето од МАНУ и писателката Михаилова Бошњаковска беше за нас добредојдено. Сега на споменикот му најдовме погодно место, во дворот на МАНУ. Претходно споменикот ќе биде конзервиран бидејќи има мали оштетувања. Префрлањето од Пела до МАНУ го направи екипа од ЈП „Улици и патишта“ – велат од кабинетот на скопскиот градоначалник.

Таа 2007 година на промоцијата на споменикот пееше и Тоше Проески и тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци.

Инаку, споменик излеан во бронза и висок пет метри на Крсте Петков Мисирков има во истоимениот парк меѓу зградите на Апелациониот суд и МАНУ. Таму беше поставен во мај 2013 година. Сега, практично, на растојание од околу стотина метри ќе има два споменика на овој наш деец.

Мисирков е мошне значајна личност во македонската историја. Тој е кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Автор е на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, на списанието „Вардар“ и голем број научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

https://www.vecer.press/мисирков-од-пела-се-пресели-во-ману/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13233
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4050 Posted: 26-Oct-2020 at 16:43
Споменик на драматургот Горан Стефановски, што наскоро ќе биде поставен во Дебар Маало, на локацијата позната како „Јас и ти“:

(тука некаде)

https://www.google.com/maps/@42.0015902,21.4212416,3a,75y,22.66h,87.3t/data=!3m6!1e1!3m4!1siZfcUkfcJUy7JIaOGKGnww!2e0!7i13312!8i6656



фотката е преземена од фб профилот на неговиот син

https://www.facebook.com/dzigor
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4051 Posted: 26-Oct-2020 at 17:50
ГОТОВА Е КЛУПАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЌЕ СТИГНЕ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО

Клупата на бардот на македонската култура Горан Стефановски е готова, и според градоначалникот на Општина Центар, за еден месец треба да стигне во Скопје од Англија.

„Не се знае кога ќе се постави. Чекаме време кога ќе можеме тој ден да го прославиме на убав начин“, ни рече синот на Горан, Игор Стефановски.

Тој ја сподели информацијата на Фејсбук со фотографија од клупата, каде меѓудругото пишува: „Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова“.

„Очекувам клупата да стигне за еден месец. Од Општина Центар не е побарана помош за транспортот, тоа ќе го регулира Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски“, ни рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Поради пандемијата на ковид-19, пролетва од Лондон во Скопје не стигна клупата која требаше да се постави за неговиот роденден. Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години.

Поставувањето на клупата во неговото омилено скопско Дебар Маало, по неговата смрт го најави Општина Центар. Лани, на 27 април во негова чест беше засаден чинар во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. Тогаш, поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева најави дека покрај дрвото ќе биде поставена метална клупа, во човечка големина ќе биде излиена неговата фигура како седи на клупата и на неа ќе има место за секој што сака да седне.

„Клупата е сосема готова, т.е. излиена во бронза, не е таква како на фотографијата, но за жал чека во ателјето во Англија. Се планираше убав настан за поставувањето, но се разбира откако се затворија границите и се воведоа мерките сѐ’ се одложи. Ем не можевме да ја донесеме до Скопје, ем нема смисла таков настан кога никој не смее да биде надвор. Како и да е, се надевам дека наскоро ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за отворањето, ама се разбира никој не може да знае кога ќе биде тоа“, изјави неговиот син за САКАМДАКАЖАМ.МК во април.

Лани во јуни, Игор Стефановски побара да се донираат пари за изработка на скулптура од неговиот татко. Богдановиќ ни рече дека парите потребни за лиење на клупата во Лондон, Општина Центар ги обезбедила преку донации и дека се префрлени на сметката на неговото семејство.

Игор вчера исто така објави дека е формирано Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски.

„Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека он не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која ‘Диво месо’ се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска кеч-22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. (Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува ‘прашај ја учителка ти зошто немаат они да ви дадат’. Сепак, би било убаво што повеќе луѓе да знаат за што се работи во ‘Диво месо’, исто како што оние во дијаспората (или оние кои планираат да отидат натаму) би требало да ја знаат премисата на ‘Тетовирани души’. Се разбира, Горан остави и многу други бисери и мудрости во есеи и говори кои се надеваме дека ќе можеме да ги прошириме во јавноста, особено за помладите генерации“, вели неговиот син.

Горан Стефановски, бардот на македонската драма, почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Академик Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.

Роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

https://sdk.mk/index.php/kultura/gotova-e-klupata-na-goran-stefanovski-za-eden-mesets-ke-stigne-vo-skopsko-debar-maalo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7549
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4052 Posted: 03-Nov-2020 at 15:33
Сте слушнале ли за проектот Кисела Вода 2020-2025?

Општина Кисела Вода ќе поставува спомен-обележја на територијата на општината. Спомениците ќе се поставуваат во следниот петгодишен период, а во програмата ќе бидат опфатени значајни личности и настани.

За таа цел, Општината ги повика граѓаните да доставуваат предлози кои треба да содржат информации за настаните и личностите, порака која треба да ја симболизира спомен обележјето и евентуален текст како објаснување за споменикот.

Слободен печат денеска се обрати до Општина Кисела Вода, со цел да дознаеме каде ќе бидат поставени спомениците, колку средства од Буџетот на општината ќе бидат потрошени за нив и кои истакнати личноси ќе бидат опфатени со поставувањето на спомен обележјата, од каде што добивме одговор дека Комисијата составена од членови на Советот се уште не е состаната, и овие информации им се непознати на општинарите.

Комисијата ќе се состане во текот на месецов, тогаш ќе знаеме за какви постаменти и уметнички архитектонски дела се работи. Потоа ќе се изготвува петгодишната програма која ќе треба да ја усвои Советот, по што ќе се реализира во периодот од 2020 до 2025 година. Доколку Комисијата смета дека има потреба, ќе може да предложи дополнителни спомен обележја, велат од Општината.

И покрај тоа што се уште не се знае колку средства ќе бидат потрошени за реализација на овој проект, ниту пак е познато дали спомениците ќе бидат на истакнати личности од поновата историја или пак од античкиот период, сепак овој проект потсетува на озлогласениот проект Скопје 2014, на кој токму социјалдемократите беа најголеми противници.

Сега, ситуацијата е поразлична, на поставувањето на спомениците се противи ВМРО ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ е против поставувањето на спомениците.

Координаторот на советничката група на опозициската партија во Советот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за Слободен печат вели дека нема да гласаат за поставување на спомен обележјата.

-Ние како советничка група сме против поставувањето на споменици во Општина Кисела Вода. Нелогично е да се трошат пари од Буџетот на општината за вакви намени, а од друга страна да имаме неизградена фекална и атмосферска канализација, и слаба водоводна мрежа во делови од Кисела Вода. Мора да има приоритети при распределба на општински пари, рече Ѓорѓиевски.

https://www.slobodenpecat.mk/ste-slushnale-li-za-proektot-kisela-voda-2020-2025/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4795
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4053 Posted: 03-Nov-2020 at 16:55

Браќата од ВМРО да не имаат колективна амнезија?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 166
  Quote David Quote  Post ReplyReply #4054 Posted: 03-Nov-2020 at 17:22
Originally posted by гитардемон


Браќата од ВМРО да не имаат колективна амнезија?

И што сега уште едно перење пари треба да се одобри ?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4795
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #4055 Posted: 03-Nov-2020 at 20:52
Не гледам да реков нешто такво. Реков дека ВМРО-овците ќе да заборавиле дека до вчера ја пееја истата песна, не сме луди.

Како и да е, споменици се нешто најглупаво и сосем бесполезно, особено за една урбанистички закржлавена општина како Кисела Вода која изгледа како Исламабад, Киншаса и Ла Паз да имале вонбрачно дете.

Инаку перење пари и злоупотреба на јавни пари не е исто.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7420
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4056 Posted: 03-Nov-2020 at 22:04
Originally posted by гитардемон

Не гледам да реков нешто такво. Реков дека ВМРО-овците ќе да заборавиле дека до вчера ја пееја истата песна, не сме луди.

Како и да е, споменици се нешто најглупаво и сосем бесполезно, особено за една урбанистички закржлавена општина како Кисела Вода која изгледа како Исламабад, Киншаса и Ла Паз да имале вонбрачно дете.

Инаку перење пари и злоупотреба на јавни пари не е исто.
нема ништо лошо во споменици ако се поставени со смисла на просторот и ако не се дел од некаква мегаломанија каде треба да има 5 споменици на метар квадратен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 555
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #4057 Posted: 05-Nov-2020 at 10:45
Originally posted by гитардемон


Браќата од ВМРО да не имаат колективна амнезија?
А каде пишува дека мора во гласањето да се биде објективен и да се следи и повикува на соптевенот пример?! Едноставно, така им одговара!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 201202203

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.766 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.