Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#601 Posted: 30-Nov-2009 at 21:21 |
А да направат еден кружен ток на булеварот Јане Сандански кај Веро раксрницата и у средина да го стават!
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#602 Posted: 03-Dec-2009 at 16:44 |
Се бара леарница за скулптурите на плоштадот во Автокоманда |
|
|
Распишан
е меѓународен тендер со кој се бара леарница за статуа на коњаник и
осум скулптури што ќе бидат поставени на фонтаната на плоштадот во
населбата Автокоманда, соопштуваат од општината Гази Баба |
|
|
|
|
|
Оттаму
додаваат дека скулптурите веќе се изработени во глина, а пред да се
леат во бронза треба да се направат од гипс. Авторка на статуите е
скулпторката Валентина Стевановска, која веќе го изработи и споменикот
на Александар Македонски наменет за средишниот круг на плоштадот
„Македонија“.
- Се изработуваат четири машки скулптури на
воини со штитови над главите, кои ќе бидат каскадно поставени во
средина на фонтаната. Тие ќе бидат потклекнати, а од штитовите ќе се
слева водата. На аглите од фонтаната, пак, ќе се постават четири женски
статуи, кои ќе седат, а во рацете ќе држат садови од кои тече вода.
Сите скулптури ќе бидат високи околу три метри. Коњаникот ќе биде висок
пет метри, а ќе се изработат и релјефи за постаментот, кој веќе е
поставен на плоштадот - објасни Емилија Кипровска, портпаролка во
општината Гази Баба.
Таа не откри дали скулптурата на
коњаникот ќе биде со ликот на Филип Втори, како што имаше шпекулации во
јавноста, па дури и дека плоштадот ќе го добие името според античкиот
крал.
Тендерот е објавен на интернет-страницата на општината
Гази Баба њњњ.газибаба.гов.мк, а јавното отворање на понудите ќе се
одржи на 20 јануари наредната година, во 12 часот, во просториите на
општината. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12391029134&id=14&prilog=0&setIzdanie=21853
Edited by Cloverstack - 03-Dec-2009 at 16:48
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3610
|
Quote Reply
#603 Posted: 03-Dec-2009 at 17:44 |
смешно играорците ги ставиле во паркчето спроти путник, и донекаде надреално изгледа во опкружување со дрвата но мислам дека на чисто ја утнале локацијата, "тешкото" претходно нели беше во паркчето спроти манаки, сега подоле, утре којзнае може и до жена парк ќе дотера, но најадекватно место е мислам во тревникот пред КИЦ каде ко за иронија на толку гола и огромна тревна површина ко за центар, наместо да паркираат голема скулптура, таму ставиле две ситни мермерни (боли глава композицијата ситни па уште и на крај - спектакл) а пак ко за бења големите скулптури се збутуваат каде за тоа и воопшто нема место! на дете да му го дадеја мал ринг поубаво ќе ги расфрлаше ова досега постојниве
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#604 Posted: 03-Dec-2009 at 20:47 |
Вчера во дождот, одев од Лисиче до Козле, после 5 саат, поточно возев (не знам дали е најсоодветно да се каже, затоа што траеше рекордни саат и 20 минути) и уште се чудам дека расправаме за вакви теми (леарници, скулптури, „разубавување“)...стока од народ сме, после еден дожд (мада и кога го нема е фрка) се гледа дека градов е во тотален сообраќаен колапс...ама затоа Јане мора на коњ да јава, а тоа што 100000 луѓе одат до центар преку еден и пол булевар, јбг, така ни се погоди, така мора да е...
...ова е како редење саксии по станот, а до него доаѓаш со јаже преку прозор зашто немаш нормален влез до дома.....нема врска моментов со споменициве, може не директно, ама после она вчера тотално апсурдно ми е веќе да расправам на вакви теми, а основни прашања на градов не се решени...инфраструктурата го прави градот, не карикатуриве што ги лиете!
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#605 Posted: 03-Dec-2009 at 21:32 |
Originally posted by Dave Gahan
Вчера во дождот, одев од Лисиче до Козле, после 5 саат, поточно возев (не знам дали е најсоодветно да се каже, затоа што траеше рекордни саат и 20 минути) и уште се чудам дека расправаме за вакви теми (леарници, скулптури, „разубавување“)...стока од народ сме, после еден дожд (мада и кога го нема е фрка) се гледа дека градов е во тотален сообраќаен колапс...ама затоа Јане мора на коњ да јава, а тоа што 100000 луѓе одат до центар преку еден и пол булевар, јбг, така ни се погоди, така мора да е...
...ова е како редење саксии по станот, а до него доаѓаш со јаже преку прозор зашто немаш нормален влез до дома.....нема врска моментов со споменициве, може не директно, ама после она вчера тотално апсурдно ми е веќе да расправам на вакви теми, а основни прашања на градов не се решени...инфраструктурата го прави градот, не карикатуриве што ги лиете! |
па и целосно да го занемариме фактот што поставување на скулптури во оваква ситуација е скоро неприфатлива, начинот на правење и поставување на скулптурите е крајно вулгарен само ај да не го вртиме муабетов по 101 пат, џабе збориме
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#606 Posted: 03-Dec-2009 at 21:39 |
Утрешен Вест носи една интересна новост. Девојчето од Шрек што стоеше на Рекорд е преместена во некој од скопските паркови. Значи сепак постои некаква надеж дека од кога ќе се согледаат направените грешки гужвата во центар може да се расчисти на овој начин. Всушност да беше така конципирана акцијата од самиот почеток, да се постават низа скулптури во центар и по некое време да се задржат само оние кои најдобро се прифатени и вклопени, а останатите да се распоредат на други локации, немаше да имам ништо против.
Edited by pbanks - 03-Dec-2009 at 21:41
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#607 Posted: 04-Dec-2009 at 12:48 |
Исчезна "Девојчето" од Рекорд
Од
Министерството за култура велат дека "Девојчето" не е
украдено или оштетено туку е извадено бидејќи ќе се
поставува на нова локација во Градскиот парк. "Нема место за
паника", велат од Министерството за култура
Скулптурата
"Девојче", која што Министерството за култура ја постави на
тротоарот пред пешачкиот премин на "Рекорд", кај поранешен
"Путник", веќе еден месец ја нема. Додека некои скопјани
загрижени се распрашувале кај надлежните кој ја украл
скулптурата, други помислиле дека е однесена на поправка
заради оштетување. "Со скулптурата сe е во ред. Нема
место за паника, иако многу граѓани ни алармираа дека
"девојчето" ни го нема.Ја извадивме за да ја поставиме во
Градскиот парк, оти сметаме дека тој дел е посоодветна
локација", велат од Министерството за култура, без да
објаснат зошто паркот е подобра локација и зошто не ја
поставиле веднаш таму туку во центарот на градот. Но, и
покрај ваквите кажувања, скулптурата и во парк ја нема веќе
неколку недели. Од Министерството за култура не
прецизираат кога точно треба да се префрли на новата
локација. Скулптурата "Девојче" е изработена во бронза, висока е 1,6 метри и е дело на Грозданка Каникова.
http://vest.com.mk/?ItemID=CF055F8AED3899498C416576E3F45FFC |
А што бара у парк?! Да плаши мали деца?!
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3610
|
Quote Reply
#608 Posted: 08-Dec-2009 at 01:56 |
ЗА СПОМЕНИК НА ЈАНЕ САНДАНСКИ Избрани пет најдобри идејни решенија
Општинската комисијата за избор на најдобро идејно решение за спомен-обележје на револуционерот Јане Сандански, кој треба да се подигне на територијата на Аеродром, ги избра петте најдобри трудови, од вкупно шеснаесет, колку пристигнаа на конкурсот. Првата награда, во износ од 300.000 денари му припадна на авторот Гоце Давидов, втората награда од 150.000 денари на Богоја Анѓелоски, а авторот Слободан Милошески, пак, ја освои третата награда, која изнесува 100.000 денари. - Покрај наградените, жирито избра и откупи уште две идејни решенија, по 50.000 денари, велат од Одделението за односи со јавност на Општина Аеродром. Парите за најуспешните трудови се обезбедени од страна на Општина Аеродром, а изградбата на споменикот ќе се реализира во соработка со Владата. Изградбата на овој споменик е дел од предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности на подрачјето на Аеродром. - Коњаничката скулптура на Јане Сандански ќе се постави на локација што ќе ја утврди тим од стручни и компетентни лица. Споменикот ќе достигне максимална височина до 8,5 метри, поточно до 3,5 метри ќе изнесува постаментот, додека скулптурата на Сандански качен на коњ ќе изнесува до 5 метри - додаваат од Аеродром. Конкурсот за изработка на идејно решение за подигнување спомен-обележје на Јане Сандански и партерно уредување на околината беше јавен и анонимен, а право на учество имаа сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=128432&EditionID=1886 |
|
|
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3610
|
Quote Reply
#609 Posted: 08-Dec-2009 at 02:01 |
единствено што не ми се допадна во муабетов е никаквото демантирање на пишувањата во фокус каде Јане е претставен како душман и крвник на Македонскиот Народ, сеуште не чув никаква реакција од никој компетентен на оваа тема, а уште помалку некој од општината да мучне глава дека може ќе треба набрзо и воопшто да нема споменик од Јане!?! јасно без задни намери ова го велам искрено, инаку и јас сум го почитувал јане како еден од најголемите патриоти од поблиското минато, но после тоа ајде да речам памфлетот во фокус малку оставам резерва за ликот и делото на овој "револуционер" кој бил пре се трговец и турски намесник...
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#610 Posted: 08-Dec-2009 at 14:46 |
Уште еден камен
2009-12-07
|
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#611 Posted: 08-Dec-2009 at 15:49 |
сега и паркинзите станаа мета за споменици? уште еден пример за воопшто непромислената локација на скулптурите во градов
|
|
ivopfc
Newbiе
Joined: 19-Oct-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#612 Posted: 08-Dec-2009 at 19:57 |
Ова е ужас. И јас го видов пред некое време и не можев да се изначудам на локацијата на споменикот меѓу возилата. Сосема се изгубија сите критериуми, само е битно да се натакнат што повеќе скулптури било каде, и без никаква логика и значење за градот. Страшно.
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#613 Posted: 16-Dec-2009 at 22:37 |
18 милиони евра за споменици во Општина Центар за две години. Ваква сума за ваква намена би била ненормална дури и во држава која си ги има решено главните проблеми. Ама веќе премногу боде очи и друга работа - кои се тие споменици вредни 18 милиони евра? Дали пред нос ни се одвива очигледен грабеж? Само нека продолжи да спие овој народ, си заслужуваме се што ни се случува
Премиерот во 2010 дава нови пари за споменици
среда, 16 декември 2009, 16:55 Премиерот Груевски
како стар проект го оцени трансферот на нови седум милиони евра во
буџетот на општина Центар за 2010 година за нова тура споменици. Во
2009 неговата влада даде 7,5 милиони евра за Александар Македонски,
Карев и Сандански, на крајот на годинава со ребалансот уште три милиони
евра и последниот бран на префрлање на пари на општинската смета се
планира за 2010 уште седум милиони вкупно 18 милиони евра.
Премиерот пред седум месеци во парламентот настапи со друга
реторика – тврдеше дека ќе запре со бранот инвестиции во споменици оти
земјата влезе во рецесија.
Во меѓувреме додека Премиерот префрла милионски суми пари на сметка
на општина Центар, градоначалникот Тодоровиќ од скопските бизнисмени со
писмо бара финансиска поддршка за неговите проекти. Бизнисмените
писмото го доживуваат како притисок и барање рекет од градоначалникот
на ВМРП ДПМНЕ. Тодоровиќ им пишува дека ги замолува да поддржат
иницијатива како би ја покажале општествената одговорност на успешна
компанија, во интерес на граѓаните. Тодоровиќ бара средба со
бизнисмените и чека одговор од нив на неговата иницијатива.
Милка Смилеска
|
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=16172
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#614 Posted: 17-Dec-2009 at 22:09 |
ВЕСТ ОТКРИВА колку се ХОНОРАРИТЕ НА ОДБОРОТ ЗА ИЗБОР НА СПОМЕНИЦИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Деветмина поделија 40.000 евра
Членовите
на Одборот за споменици во Општина Центар во времето на
градоначалничката Виолета Аларова се речиси истите за сите спомен -
обележја. Тие земале надомест за нивната работа во Одборот, а за
работата околу спомениците хонорирана била и секретарката на Одборот,
вработена во Општината. Според документите на Општина Центар, потпишани
од градоначалничката Аларова, во Одборот за споменици биле Димитар
Богески, претседател, и членовите Зоран Тодоровски, директор на Архивот
на Македонија, Паско Кузман, директор на Управата за заштита на
културното наследство, Гоце Наневски, скулптор, Васил Василев,
скулптор, Гоце Грујоски, раководител на одделението за
нормативно-правни работи на Општина Центар, Владо Петровски,
раководител на сектор за правни и организациони работи на Општина
Центар, Соња Шумкова, раководител на сектор за урбанизам, комунални
работи и заштита на животната средина на Општина Центар, Никола
Георгиевски, член на Совет на Општина Центар, и секретарката Верка
Индовска. За еден споменик, во Одборот, наместо Никола Георгиевски и
Васил Василев, во документите од Општината е наведено името на
скулпторот Илија Аџиевски.
За некои споменици двапати се земал хонорар
Во
документите од Општина Центар за оваа група споменици и спомен
-обележја е наведено дека на членовите на Одборот за неколку споменици
двапати им е исплатен хонорар. За спомен-обележјето на АСНОМ има две
решенија, потпишани од Аларова, за одредување на висината на надомест
за работата на членовите на Одборот. Првото решение е од 28.11 2008
година во износ од по 12. 000 денари, а второто од 28.012009 година со
износ од по 20.000 денари. За спомен-обележјето на цар Јустинијан
Први, првото решение за хонорирање на Одборот е од 12 август, а второто
од 7 ноември мината година. Истиот принцип е применет и во исплатата на
надоместокот за работата на членовите на Одборот и по конкурсот за
идеен проект за спомен-обележја на Гоце Делчев и Даме Груев, како и на
Никола Карев. Сумите се исплаќани на почетокот и на крајот на минатата
година.
За авторите околу 100.000 евра
Во
документите на Општина Центар каде што решенијата за сумите на хонорари
ги потпишувала градоначалничката Виолета Аларова, а одлуките
претседателот на Одборот Димитар Богески, наведени се и сумите кои се
предвидени за награди, како и имињата на наградените автори, потоа
сумите и имињата на уметниците чии дела се откупени, а постапката
предвидува и фонд за обесштетување на сите уметници што конкурирале на
секој од конкурсите.
Св. Климент и Наум Охридски
Втора награда 250.000 денари Трета награда 150.000 денари Откупна награда е доделена една, во износ од 60.000 денари Обесштетување од по 10.000 денари добиле 8 уметници што конкурирале, а не се наградени
Македонскиот ајдутски водач Карпош
Прва награда 400.000 денари Втора награда 250.000 денари Трета награда 150.000 денари Две откупни награди од по 60.000 денари Обесштетени со по 10.000 денари се 9 автори
Цар Јустинијан Први
Прва награда 200.000 денари Втора награда 100.000 денари Трета награда 50.000 денари Откупна награда 50.000 Обесштетувањето е по 7.000 денари
Св. Кирил и Методиј
Втора награда 250.000 денари Трета награда 150.000 денари Откупна награда 60. 000 Обесштетени со по 7.000 денари се 12 автори
Две скулптури на стоечки лав за мостот Гоце Делчев
Две награди од по 3.000 евра Две откупни награди од по 1.500 евра На
претседателот и на двајцата членови на Комисијата за примопредавање на
моделите на скулптури и релјефи има документ дека им биле исплатени по
5.000 денари Одлуката за избор ја донело жири од тројца членови.
Спомен-обележје за АСНОМ
Втора награда 250.000 денари Трета награда 150.000 денари
Спомен-обележје на гемиџиите и спомен-обележје на Карпош
Прва награда 400.000 денари Втора награда 250.000 денари Трета награда 150.000 денари Две откупни награди по 60.000 денари Обесштетување добиле 6 автори од по 15.000 денари
Спомен-обележје на Методија Андонов Ченто и на Цар Самоил
Обесштетувањето
за споменикот на Ченто е по 8.000 денари, а за Цар Самоил е 25.000
денари.( редакцијата не дојде до документ за наградените и колку автори
се обесштетени)
Идеен проект за подигнување спомен-обележја на Гоце Делчев и Даме Груев
Прва награда 400.000 денари Втора награда 250.000 денари Трета награда 150.000 денари Откупна награда 100.000 денари Обесштетувањето е по 25.000 денари
Спомен-обележје на Никола Карев
Прва награда 300.000 денари Втора награда 200.000 денари Трета награда 100.000 денари Обесштетувањата се по 7.000 денари, а според документите на Општина Центар ги добиле 11 уметници.
(М. За. - Г. Т.) |
http://www.vest.com.mk/?ItemID=21E47AFBE31EF640BA881BBEAC2048E6
Edited by Cloverstack - 17-Dec-2009 at 22:16
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#615 Posted: 18-Dec-2009 at 22:16 |
4.500 евра по човек, симпатично богами. Не е ни чудо што толку радо дигаат прсти како што ќе им наложат финансиерите Во меѓувреме:
Државата го остави јубилејот на великанот обезглавен
Писателите вчера ја одбележаа 100-годишнината од раѓањето на поетот Никола Јонков-Вапцаров. За жал, и покрај сета бронза и сиот мермер потрошен за нови скулптури, државата го остави обележјето на великанот обезглавено за јубилејот |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E8D850CDA0B4C242BA889BD7A19713EA
|
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#616 Posted: 23-Dec-2009 at 00:32 |
Веќе незнам дали ја имаме и оваја постирано
2009-12-22
|
|
|
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#617 Posted: 12-Jan-2010 at 18:14 |
Гоце, Даме и лавовите на пат кон Скопје
Постаментите за двата лава и за спомениците на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев ќе бидат поставени следната недела, најавуваат
од Општина Центар. Тоа ќе бидат првите споменици од планираните 22 што
Општина Центар ќе ги постави на својата територија.
Од
страните на Мостот Гоце Делчев треба да бидат поставени вкупно четири
лава, но засега општината ќе постави два, најверојатно по еден од обата
вида што се планирани - антички и средновековни. Секој лав ќе биде
висок пет метри, а широк од пет до шест метри. Според досегашните
изјави на градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ, еден лав ќе
тежи некаде помеѓу пет и шест тони, а заедно со постаментот - до 15
тони. Спомениците на револуционерите ќе бидат поставени на плоштадот
Македонија, покрај Камениот мост, на истите места каде и до почетокот
на минатиот век имало споменици на коњаници од српската историја.
Нивните постаменти ќе бидат високи по три метри, а коњаничките фигури
по пет метри.
Од Општината Центар велат дека спомениците се
готови, односно се извајани во бронза во специјализираната леарница
„Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ во Фиренца, Италија. Се чека
само да бидат транспортирани.
- Сакаме истовремено да ги
поставиме постаментите за двата споменика и за двата лава, кои се
готови, но не се донесени од Италија. Чекавме да поминат новогодишните
и божикните празници и планираме во наредните денови постаментите да
бидат на своите места - изјавија од општина Центар.
Досега,
според најавите, и лавовите и постаментите требаше веќе да бидат
поставени, но работата се одолжи поради изработката на релјефите на
постаментите.
Двата лава и скулптурите на Делчев и на Груев ја
чинат Општина Центар околу четири милиони евра. Едниот лав чини
1.150.000 евра, другиот 1.180.000 евра, а спомениците на
револуционерите чинат по 850.000 евра. Овие пари Владата ги префрли на
сметката на Општината Центар минатата година.
Од Општина
Центар објаснуваат дека транспортот на спомениците ќе биде на сметка на
леарницата, па ако дојде до оштетување на скулптурите, трошоците за
поправка и за превоз ќе ги плати таа. Предвидено е транспортот да биде
во делови, но надлежните не откриваат детали по која рута и со какви
превозни средства ќе бидат донесени.
Во наредниот период
општината ќе се закити и со други споменици, посветени на Цар Самуил,
Карпош, Методија Андонов-Ченто, генерал Михајло Апостолски, Свети Кирил
и Методиј, Свети Климент и Наум, гемиџиите, АСНОМ, основачите на ВМРО
итн.
Марија Тасев |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7C9648DAFFDFF44A9E3903BBA709C6CC
|
|
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
|
Quote Reply
#618 Posted: 16-Jan-2010 at 09:42 |
Александар или лавовите, кој стаса во Скопје?15.01.2010 20:07Делови од спомениците дојдоа во Скопје. На камион и во кутија, одвоени парчиња. Александар и Букефал, или лавовите, Гоце и Даме? Доцна попладнево и вечерва, тивко, камиони од Фиренца ги пренесоа деловите со излеаните споменици кои подоцна ќе се составуваат. Пратката
вредна милиони евра директно беше донесена во царинарницата „Фершпед“.
Според неофицијалните информации, во камионите се и делови од
споменикот на Александар Велики. Градоначалникот на центар Владимир
Тодоровиќ, не е сигурен што има во кутиите но сепак смета дека се
работи за лавовите а можеби и за спомениците на Гоце Делчев и Даме
Груев. „Ако воопшто нешто е стигнато. Моите информации е дека
имаме точно на пат навака можеби веќе е стигнато. Тоа се во делови
двата лава што треба да се постават на мостот Гоце Делчев. Една од
скулптурите треба да бидат од левата и од десната страна, односно тоа
се две скулптури од левата и од десната страна на камениот мост тоа се
Гоце Делчев и Даме Груев“ изјави Владимир Тодоровиќ градоначалник на
центар. Лавови се предвидени на мостот Гоце Делчев но и кај споменикот на Александар Велики. Општинските
власти истакнуваат дека споменикот на Александар ќе се постави најрано
по една година, а до тогаш ќе ја граделе фонтаната, која ќе го зафати
целиот круг со зеленило. На средината ќе биде наместен и
постаментот висок 10 метри, на кој ќе стои Александар јавнат на
Букефал. Околу него ќе има осум војници и четири бронзени лавови
свртени на сите четири страни на плоштадот. Александар е висок 12 метра и за негово поставување ќе се користат четири крана, а целиот плоштад ќе биде раскопан. Владата
неколку пати беше опомената од Брисел да не го поставува споменикот за
да не го комплицира и онака тешкиот спор со Грција. Претходно Атина како провокација ги сфати и преименувањата на аеродромот, автопатот, стадионот. Спомениците
што денеска влегоа на царинарницата, таму ќе останат до понеделник, а
потоа како што дознава А1, ќе бидат пренесени во хангар во МЗТ.
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#619 Posted: 16-Jan-2010 at 23:36 |
|
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#620 Posted: 17-Jan-2010 at 16:47 |
Нова тура споменици стаса од Фиренца
17.01.2010 16:10
Уште
еден камион со нова тура споменици од Фиренца денеска стаса во
Македонија. Камионот пристигна утрото на терминалот на „Фершпед“ каде
ќе одлежи неколку дена. Ќе ги мине царинските формалности и ќе биде пренесен во друг магацин во Скопје. Според
нашите извори, станува збор за продолжение на пратката што почна
завчера, за која упатените веруваа дека станува збор за споменикот на
Александар Македонски. Според општината Центар, во камионите се наоѓаат античките лавови, и Даме Груев и Гоце Делчев како коњаници. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118759
|
|