build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 149150151152153 201>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #3001 Posted: 28-Dec-2012 at 18:09
Споменик од личност, во размер 1:1, однсосно во вистински димензии се прави за во музеј, а не за во сред центар на град.

А и тој споменик на Крсте Петков Мисирков мене ми личеше дека е направен чисто ради реда, колку да биде направен. Ова мислење го имав за овој споменик и пред било кој споменик од СК2014 да се постави. Сепак не мислам во никој случај дека споменикот треба да се дислоцира и за тоа сум против.

Инаку ако не се лажам Мисирков доби уште еден споменик кај МАНУ и Судска палата.

Edited by HugoGoulding - 28-Dec-2012 at 18:09
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3002 Posted: 29-Dec-2012 at 17:21
споредено со 90% од досегашните споменици на Ск2014 и се по него, споменикот на Крсте петков Мисирков е гола вода (во однос на дискусијата за тоа колкава шега бил)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #3003 Posted: 31-Dec-2012 at 14:44
ЦАР САМОИЛ - Градски парк Струмица


Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #3004 Posted: 01-Jan-2013 at 13:31
Аууууу.... не ми се верува... бистата така и така... ама постаментот!!!!! Немам зборови!!!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3005 Posted: 10-Jan-2013 at 17:52
Ангел Коруновски е авторот на споменикот што ќе биде поставен во Охрид
Четврток, 10 Јануари 2013 14:41

Ангел Коруновски од Велес е авторот на идејното решение според кое ќе биде изграден споменикот што по повод празникот Богојавление ќе го краси Градското пристаниште во Охрид.

Идејното решение под шифрата „Човекољубие“ на Коруновски е избрано како најсоодветно од четирите трудови доставени до Управниот одбор на Здружението на граѓани за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“. Здружението „Богојавление“ десетина години наназад ја организира верската манифестација „Водици“ која претставува своевидна културна и туристичка атракција во Охрид и најмасовен верски собор не само во Македонија, туку и во целиот православен свет.

Станува збор за споменик што ќе биде висок до пет метри заедно со постаментот, изработен во бронза. Одбележјето ќе биде поставено на спојот на Градското пристаниште во Охрид со Кејот на езерото, на местото каде верниците влегуваат во вода за време на осветувањето на езерските води и фрлањето на Светиот крст на верскиот празник Богојавление.

Споменикот е донација на се уште актуелниот кум на манифестацијата „Водици“, стопанственикот Ванчо Чифлиганец, кој за таа намена издвои околу 2,5 милиони денари.

Димитар Пендов од Здружението „Богојавление“ изрази благодарност до донаторот, изразувајќи уверување дека токму споменикот ќе овозможи туристите што доаѓаат во Охрид да можат преку целата година да се запознаат со традицијата за осветувањето на водите на Охридското Езеро.

Пендов истакна дека привршуваат техничко-организациските подготовки за големата верско-црковна манифестација „Водици“, на која традиционално веќе години наназад присуствуваат повеќе десетици илјади верници и туристи.

- Очекуваме и оваа година голем број гости, како и над 1.200 капачи во езерото. За гостите се обезбедени тон плашици, неколку тони вино. Се надевам дека ќе биде прифатена и нашата апликација за поставување нов Гинисов рекорд за подготовка на 3.300 килограми рибина чорба, рече Пендов.

Инаку, охридските хотелиери како и претходните така и оваа година за празниците Богојавление и Свети Јован Крстител нудат посебни попусти со цена од десет евра за ноќевање со појадок, додека угостителите тие денови ќе нудат бесплатна топла ракија и попусти до 40 проценти на своите услуги.

Претставници на Здружението „Богојавление“, заедно со кумот за Водици 2013 Стојан Ѓоргоски, денеска имаа средба со митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, од кого добија благослов за донацијата на новиот кум за отпочнување на исцртување на фрескоживописот на храмот Свети Пантелејмон на Плаошник.

курир
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3006 Posted: 14-Jan-2013 at 00:54

СЕ ПОДГОТВУВААТ НОВИ СПОМЕНИЦИ ЗА ЦЕНТАР


Шатев и Татарчев ќе ја красат Порта Македонија, Мајка Тереза плоштадот


Центарот на градот и годинава ќе го менува својот лик. Минатата година десетина споменици добија зелено светло од општина Центар и се очекува да започне нивното поставување

Неколку постаменти во центарот на градот се подготвени и чекаат да ги добијат своите паметници. Во текот на минатата година, советот на општина Центар го изгласа поставувањето на околу 10 спомен-обележја, а годинава тие ќе ја добијат својата реализација.

На постаментите кои се веќе се поставени, по еден од двете страни на Портата Македонија ќе бидат поставени спомен-обележјата на Павел Шатев и Христо Татарчев.

Општинските власти не открија кога точно ќе бидат поставени спомениците, само одговорија дека спомен-обележјата се уште се изработуваат и дека ќе се постават согласно утврдената динамика.
Уште три споменика, на Борис Сарафов, Петар Чаулев и Методија Шаторов-Шарло донација од Валентина Стевановска, Миле Брцески и Кирил Мукаетов, автори на неколку обележја, годинава ќе го добијат своето место во метрополата. Спомен-обележјето на Борис Сарафов ќе биде поставено на кејот на Вардар, кај новата зграда на МНР. Петметарскиот бронзен споменик на Петар Чаулев ќе биде коњаник и ќе се постави на крстосницата на булеварот "Гоце Делчев" и улицата "Стив Наумов". Последниот од овие три, оној на Методија Шаторов-Шарло ќе биде поставен во близина на мостот Око".

На плоштадот Македонија, на местото на кондураџијата Кенан", ќе биде поставен споменикот на најпознатата скопјанка, Мајка Тереза. Скулптурата ќе биде донација од Индија, а ќе биде висока дури 30 метри.

Последните пет споменика, за кои советот на Центар даде амин минатиот месец, ќе бидат донација од Здружението за духовно обединување на сетинци, попадинци и крушорадци од Лерин-Скопје. Тие ќе ги донираат обележјата на првиот македонски генерал Михајло Апостолски, Пере Тошев, Никола Петров-Русински, Андон Јанев-Ќосето и света Лидија Македонска.
Довршувањето на изградбата на новите два моста на Вардар, мостот "Око" и на Мостот на уметноста се очекува да биде во најскоро време. За разлико од Мостот на уметноста, работата на мостот "Око" е во застој поради проблемите и раскинувањето на договорот со изведувачот, хрватскиот Конструкторр.

Меѓу новите споменици и објекти, место во Центарот на градот ќе има и за новите стилизирани сендвичарници. Минатата недела Министерството за транспорт и врски го објави изгледот и локациите на шесте мали комерцијални објекти - сендвичарници, кои треба да бидат поставени во центарот на градот. Една од нив ќе се постави кај хотелот "Холидеј ин", втората локација ќе биде до Жена-парк кај ресторанот "Национал", третиот објект е планирано да се постави на улицата "Македонија" кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Останатите три сендвичарници ќе се постават една спроти Градски ѕид, другата малку подолу кај зградата на Т-мобиле на автобуската станица, а последната ќе се наоѓа кај Собранието на РМ.

Со поставувањето на новите споменици, галиите на Вардар, панорамското тркало и уште неколкуте новитети, градското јадро го очекува уште една година во која значително ќе си измени и разубави ликот на главниот град.

Фото. Н.Батев
vecer
Back to Top
milena View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 184
  Quote milena Quote  Post ReplyReply #3007 Posted: 14-Jan-2013 at 00:56
Господ нека ни е на помош
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3008 Posted: 15-Jan-2013 at 02:22
Што се случи со скулптурата на плоштадчето кај хотел Јадран знае некој? Баш скоро поминав од таму, фино е средено, како пешачка зона и фини објекти наоколу (повеќе-помалку) ама на местото на скулптурата има елка. Мож е привремено заради празнициве или?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3009 Posted: 15-Jan-2013 at 12:20
Да не бркаме светски рекорд во поставување споменици!??
Реално ја заслуживме таа титула, немаме никаква конкуренција и многу би сакал да го добиеме тоа признание за конечно да бидеме кретени со тапија!
Ако може да има милион глупи категории во гинис мора да има и ваква!
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #3010 Posted: 22-Jan-2013 at 01:06










Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #3011 Posted: 22-Jan-2013 at 01:09
Христо Узунов споменикот што треба да биде поставен кај Рекорд изработен од Македонската леарница Панко http://www.facebook.com/learnica.panko   
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #3012 Posted: 22-Jan-2013 at 13:11

Во чест на сите бранители од Општина Прилеп кои несебично застанаа на браникот на слободата, Локалната самоуправа со одлука на Советот на општина Прилеп ќе постави ново футуристичко спомен обележје кое ќе го носи името „Прилепски бранители“.

ppp

На овој урбанистички потфат претходеше градежна интервенција на вкрстувањето од булеварот "Гоце Делчев" и улицата "Димо Наредникот" со изградба на кружнен тек чија цел е олеснување на сообраќајот.

Името е избрано поради значајното учество на прилепските бранители и паднатите жртви во конфликтот во 2001 година.

Споменикот ќе биде челична конструкција со височина од 15 метри. Неговата впечатливост ќе доаѓа до израз со специјално осветлување кое на временски интервали ќе ја променува бојата.

Во тек е тендерот за избор на најдобар понудувач за изработка на споменикот „Прилепски бранители“ чие отворање ќе биде на 28.01.2013 година, за што се обезбедени средства од буџетот на општина Прилеп.

Споменикот ќе  сведочи за придонесот на прилепските бранители во зачувувањето на интегритетот на земјата во настаните во 2001 година. Скулптурата ќе е и паметник за идните генерации и ќе ја доловува сликата за Европски Прилеп.

http://kurir.mk/republika/opstini/100467-Prilep-ne-gi-zaborava-branitelite

Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #3013 Posted: 22-Jan-2013 at 13:14
?? уште еден споменик за бранителите во прилеп??
Не муе доста едниот? Ако има некој по детални информаци нека ми објасни молимте.
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #3014 Posted: 22-Jan-2013 at 13:18
Имало и видео:

http://youtu.be/xPqvGe2e0ew
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3015 Posted: 22-Jan-2013 at 15:37
Прилеп наскоро ќе добие нов споменик насловен Прилепски бранители

Во чест на сите бранители од Општина Прилеп кои несебично застанаа на браникот на слободата Локалната самоуправа со одлука на Советот на општина Прилеп ќе постави ново футуристичко спомен обележје кое ќе го носи името „Прилепски бранители“.
На овој урбанистички потфат претходеше градежна интервенција на вкрстувањето од булеварот "Гоце Делчев" и улицата "Димо Наредникот" со изградба на кружнен тек чија цел е олеснување на сообраќајот.

Името е избрано поради значајното учество на прилепските бранители и паднатите жртви во конфликтот во 2001 година.
Споменикот ќе биде челична конструкција со височина од 15 метри. Неговата впечатливост ќе доаѓа до израз со специјално осветлување кое на временски интервали ќе ја променува бојата.
Во тек е тендерот за избор на најдобар понудувач за изработка на споменикот „Прилепски бранители“ чие отворање ќе биде на 28.01.2013 година, за што се обезбедени средства од буџетот на општина Прилеп.
Споменикот ќе сведочи за придонесот на прилепските бранители во зачувувањето на интегритетот на земјата во настаните во 2001 година. Скулптурата ќе е и паметник за идните генерации и ќе ја доловува сликата за Европски Прилеп.




http://www.prilep.gov.mk/news/mk/prilep-naskoro-ke-dobie-nov-spomenik-nasloven-prilepski-braniteli/

     
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 309
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #3016 Posted: 22-Jan-2013 at 17:44
Originally posted by Makedonij

чие отворање ќе биде на 28.01.2013 година,

    

Грешка?
Инаку оној за Карпалак ми се допаѓа повеќе.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #3017 Posted: 23-Jan-2013 at 11:54


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3018 Posted: 23-Feb-2013 at 13:49
Споменик на Кузман Јосифовски-Питу во скопската населба Козле
Во населбата Козле во општина Карпош, денеска беше поставен споменик на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу.


Споменикот, соопшти општина Карпош, е поставен во непосредна близина на местото на неговото погубување кое се случи на 25 февруари 1944 од страна на бугарски војник. Споменикот, кој со сопствени средства го градеше општина Карпош, има висина од 3,5 метри.

Автор на споменикот, кој е излеан во бронза е академскиот скулптор Сашо Поповски. Свеченото откривање ќе биде на 25 февруари, на денот на неговото загинување.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=14293

Back to Top
Bulldozer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Jul-2010
Online Status: Offline
Posts: 149
  Quote Bulldozer Quote  Post ReplyReply #3019 Posted: 23-Feb-2013 at 22:41
Еве и слика од текстот погоре




Edited by Bulldozer - 23-Feb-2013 at 22:43
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3020 Posted: 10-Mar-2013 at 13:48
ФОТО: Погледнете ги новите шест бисти кои никнаа во Градскиот Парк
Скопје | 10. март 2013 - 13:06
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска ги промовираше шесте бисти на истакнати личности од македонската историја, кои се поставени во првиот дел на Градскиот Парк.

-Станува збор за бисти на истакнати личности од македонската историја, и тоа на Орце Николов, Цветан Димов, Кочо Рачин, Коле Неделковски, Крсте Петков Мисирков и Никола Вапцаров. Бисти од овие личности постоеле и во минатото, но истите се уништени и однесени во средината на 90-тите години од минатиот век, инфомираат од Град Скопје.

- Како што ветивме пред неколку месеци, бистите на овие дејци се повторно поставени во Градскиот парк. Апелирам до жителите на Скопје да ги чуваат овие бисти бидејќи истите се значајно обележје на градот Скопје и Градскиот парк. Во насока на нивно зачувување и заштита, поголем степен на заштита ќе посветат и од јавното претпријатие "Паркови и зеленило" - кажа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борците изрази благодарност до Градот Скопје за реализацијата на овој проект, бидејќи со него се дава почит на едни од најграндиозните личности од нашата историја.

Бистите се изработени според идејните решенијата на академските скулптори Беди Ибрахим и Сокол Цфарку од Факултетот за ликовни уметности, по претходно распишан јавен конкурс.

Вредноста на идејните решенија, леењето на бистите и реконструкцијата на постаментите изнесува околу 1,3 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на Град Скопје.



http://press24.mk/story/makedonija/skopje/foto-poglednete-gi-novite-shest-bisti-koi-niknaa-vo-gradskiot-park
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 149150151152153 201>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.484 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.