build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 07-Feb-2011 at 23:36
Ne ocekuvav da bide tolku visok objekt. Moze nekoj da pojasni po strucno okolu ovie raboti, dali na ovaa konstrukcija ke se oblozuva so kamen eksterierot i vnatresno gletuvanje odnosno kompletno restavriranje po nekakov model karakteristicen za toj preiod, ili ke se obi na nekoja lesna konstrucija od staklo ili drugo so cel samo da se zapazi formata?
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3896
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 11-Feb-2011 at 12:40
Originally posted by spaceman091

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2231&ArticleID=155679


ЗАПРЕНА ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТОТ НА КАЛЕ
Ахмети го исплаши Паско за црквата
Игор Чавески

Управата за заштита на културното наследство привремено ја прекина изградбата на објектот на тврдината Кале, откако партии на етнички Албанци и Исламската верска заедница жестоко ја искритикуваа власта дека на мала врата сака да изгради црква, со што се нарушувале меѓуетничките односи. ДУИ и Нова демократија вчера го поздравија запирањето на објектот, а од Управата нагласија дека конечната одлука ќе биде донесена откако ќе се разјаснат сите нејаснотии. - Имајќи ги предвид последните случувања и реакции во врска со реализацијата на проектот „Конзервација, реставрација и реконструкција со покривна конструкција на сакралниот објект-црква од 13-14 век“, откриен на скопската тврдина Кале со археолошките истражувања во 2007 година, привремено ќе ги запреме активностите - вели Паско Кузман, првиот човек на Управата. Пред само неколку дена Кузман беше дециден дека објектот што се реконструира добил приоритет затоа што уште при самото ископување јасно се гледало дека се работи за средновековна црква, која подоцна ќе биде искористена како музеј во кој ќе се сместат сите предмети што ќе бидат најдени на Кале. Но, забуна внесе додавката дека доколку МПЦ побара, тој објект може да и се предаде во нејзино владение. Тоа ја налути ИВЗ, која смета дека доколку владините институции решиле да градат верски објект, тогаш треба да се реконструира и Хатик -пашината џамија, чиишто темели, според ИВЗ, исто така се наоѓале на скопската тврдина. Партиски извори во ДУИ велат дека биле особено загрижени од обидите на Управата за заштита на културното наследство да изгради верски објект на, според нив, неприкладно место и дека лидерот Али Ахмети лично реагирал изградбата на објектот да биде запрена. Оттаму нагласуваат дека за поддршка на културните традиции во Македонија, соучесници и одговорни се и Албанците и Македонците и дека не сакаат никој да биде вознемирен или, пак, да се обиде да извлече политички поени. - Нашиот став по ова прашање е јасен, а тоа е дека сме против градење на секаков верски објект или моноетнички проект на скопската тврдина - велат од партијата.
Опозициската Нова демократија смета дека виновник за обидите на Управата е владиниот партнер ДУИ, кој дозволил ВМРО-ДПМНЕ доследно да ја спроведува својата политика, на сметка на албанската заедница.
- Козметичките одлуки за стопирање на изградбата не мора да значат дека објектот нема повторно да се изгради. Затоа, најдобро би било тој објект да се сруши - вели Аријанит Хоџа, портпарол на партијата.


Se e laga!Rabotnicite rabotele NOKJE!Ohno
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 11-Feb-2011 at 14:55
Навистина е жално, што покрај толку прекрасни теми за дискусија на форумов, секогаш темите од овој тип привлекуваат најмногу внимание.Ohno
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 11-Feb-2011 at 15:22
Originally posted by Мартин

Навистина е жално, што покрај толку прекрасни теми за дискусија на форумов, секогаш темите од овој тип привлекуваат најмногу внимание.Ohno


Убаво сумирано.

Темата ја заклучувам и тоа не е вина на тие што рушеле на кале.

Очигледно апели, молби, објаснувања не помагаат кончено на некои луѓе да им стане јасно дека ако имаат желба да зборуваат за политика, слободно можат да си најдат друг форум кој се занимава со тоа...


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 11-Feb-2011 at 17:47
Изградбата на црквата продолжува

Управата за заштита на културното наследство апелира до македонската јавност и до политичките партии да не се обидуваат да ги политизираат проектите од ваков карактер.

Во денешното соопштение се вели дека управата, како координатор на проектот, во јавна постапка има спроведено тендер за избор на фирма за реализација на активностите, согласно законските процедури.

Фирмата согласно потпишаниот договор има законска обврска активностите да ги реализира во предвидениот рок, во спротивно ќе плаќа пенали. Според предвидената динамика и потпишаниот договор, фирмата продолжи со реализација на своите активности велат од управата.

Инаку, потенцираме дека целта на овој проект е да се заштити и да се презентира културното наследство на скопската тврдина и истиот е дел од пошироката програма со која се планира ревитализација (оживување) на Калето, со сите можни сегменти на конзервација, реставрација, реконструкција и ревитализација во насока на економско и туристичко заживување на овој мошне значаен локалитет.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=134202
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 15-Feb-2011 at 17:44
Триста чуда ќе се градат на Кале

     
Тендерската приказна почнува минатата недела, поточно на 8 февруари, кога на сајтот на Бирото е објавен оглас за конкурс за избор на идејно решение за ревитализација на Скопската тврдина. Во огласот се вели дека решението бара задоволеност и почитување на сите православни сакрални канони при функционално и естетско обликување на објектот


     

Колку тендери се распишани за изградбата на објектот во облик на црква, кој треба да биде археолошки музеј и кој деновиве ги разгоре меѓуетничките страсти? Еден или дури два? И ако е еден, оној отворениот уште лани во јуни, какви други објекти ќе се градат на Кале, предвидени со новиот конкурс за ревитализација на Кале распишан деновиве?

Обидот да се добијат овие информации на веб-страницата на Бирото за јавни набавки доведува во тотална конфузија.

Оваа тендерска приказна почнува минатата недела, поточно на 8 февруари, кога на сајтот на Бирото е објавен оглас за конкурс за избор на идејно решение за ревитализација на Скопската тврдина.
Во огласот се вели дека решението бара задоволеност и почитување на сите православни сакрални канони при функционално и естетско обликување на објектот, а обликовниот карактер на објектот да произлегува од пронајдените археолошко-архитектонски остатоци од средновековна сакрална градба со крстообразна основа?!

Изградбата на објектот на Кале почна, а овој тендер сé уште е отворен и ќе трае до 15 март.
Дали металната конструкција на Кале почна да никнува без претходно, туку со отпосле, распишан тендер?

Не, ова не е конкурс за металната конструкција што викендов предизвика и меѓуетничка физичка пресметка, тврди Саша Крстевски од Управата за заштита на културно наследство, посочен како лице за контакт во огласот.

- Овој оглас е за идејно решение за тоа како треба да изгледа Кале. Ако се усвои некое од понудените решенија, комисијата ќе направи проект, па ќе се пристапи кон реализација. Тендерот е во процедура и ќе се косам со законот ако откривам детали за тоа што сé се бара со овој конкурс. Ако аплицирате на тендерот, ќе си добиете тендерска документација. Вака не можам ништо да ви кажам, не смеам. Инаку се работи за комплексна содржина, замислете да се бара идејно решение за еден парк, таму може да има триста чуда, и објекти и други разни содржини - вели Крстевски.

Во меѓувреме, поточно во петокот, како што тврди Крстевски, направена е измена на збунувачкиот дел од текстот дека „објектот треба да произлегува од пронајдените археолошко-архитектонски остатоци од средновековна сакрална градба со крстообразна основа“.

Во документот поставен како прилог на конкурсот се прави измена на податоците во постапката за конкурс за избор на идејно решение. Се брише делот во кој се вели дека објектот ќе има облик на црква и се додава дел насловен „Проектни услови“ и се наведуваат сосема апстрактни поими како „постигнати квалитети во рамнотежа со околниот амбиент“, „сеизмичка стабилност“ и слични одредници, без да се става акцент на тоа за каков објект се работи.

- Направена беше грешка со „копи-пејст“ на претходен текст. Сега е направена исправка и таа е валидна. Претходниот текст се поништува и веднаш се заменува со нов - вели Крстевски.

Тој вели дека и за спорниот објект што веќе се гради на Кале претходно имало објавено тендер, кој не е дел од овој проект.

- За тоа ќе ви каже директорот на Управата. Тендер има објавено и можете да го најдете на Бирото за јавни набавки, не можам да ви кажам кога точно е објавен, но не е многу одамна - вели Крстевски.
Тендерот за кој зборува Крстевски, на веб-страницата на Бирото за јавни набавки е насловен „Конкурсот за идејно решение за покривна конструкција со реконструктивни елементи на сакрален објект на археолошки локалитет Скопска тврдина-Кале“ и е распишан на 30 јуни, минатата година. На тендерот е избран изведувачот Зоран Петров од „Неимар инженеринг“ од Скопје, истата проектантска фирма што беше избрана и на тендерот за музејскиот комплекс „Музеј на жртвите од комунизмот“ и „Музеј на македонската борба“, и тоа на тендер што потоа, според наводите на СДСМ, исчезна од документацијата на Министерството за култура. Петров бил единствен учесник на тендерот за објектот на Кале.

Крстевски за овој тендер упатува на директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, иако и во овој тендер тој е потпишан како лице за контакт.

Кузман вчера, како што рече, не беше во состојба да разговара.

- Имам 39 степени температура и не можам да зборувам - ни изјави тој.

Кој конкурс всушност се однесува на објектот на Кале? Овој распишан минатата недела, или оној претходниот од јуни минатата година?

Останува отворено и прашањето што друго ќе се гради на Кале? Според поновиот оглас „Конкурс за ревитализација на Скопската тврдина“ трудот треба да содржи постојна ситуација на Калето, новопроектирано ситуационо решение на севкупниот опфат на Калето, ново партерно решение исто така на целиот локалитет. Проектот предвидува и некаков објект бидејќи се бараат „отворено приземје“ и „технички опис на конструктивното решение на објектот“... Авторот на идејното решение треба да даде и тридимензионални прикази на партерното решение и објектите, фотографски материјал од макета или виртуелен модел и визуелна претстава на решението во околината на заштитеното подрачје.

Плановите или проектите треба да се достават најдоцна до 15 март. Првата награда е 250.000 денари.http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=21511838116&id=9&prilog=0&setIzdanie=22207
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 16-Feb-2011 at 13:16
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0082EC0AD6716344B0682E9AB95096AD

Планот е скопската тврдина да стане музеј


На местото на сегашната кафеана треба да никне музеј на скопската тврдина. Таму ќе бидат изложени артефактите откриени на целиот локалитет, независно од која култура потекнуваат

Спасот на скопската тврдина од забот на времето, од благородна идеја прерасна во фронт за дневнополитички и верски конфликти. С` почна пред четири години со проектот за заштита на културното наследство. Археолошките истражувања, чија цел беше потрага по цивилизациите што со милениуми живееле на скопската цитадела, предизвика барањата на невладината организација „Разбуди се“, по секоја цена нашите научници да откријат илирски корени на Калето. Малку „погоре“, над Француски гробишта, во 2004 година беа спроведени итни археолошки ископувања, на местото каде што требаше да никне новата американска амбасада. Освен муслиманска некропола датирана на почетокот на 20 век, научниците не пронајдоа никакви културни обележја. Исламската верска заедница тврдеше дека на тоа подрачје постоеле гробови од муслиманите од 15 век, но рекоа дека својот став ќе го кажат откако ќе завршат ископувањата. Ископувањата завршија, амбасадата ја изградија, став од ИВЗ не чувме.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И НА ОСМАНСКИ ОБЈЕКТИ

„Спорниот“ објект поради кој викендов се случија масовни тепачки на Калето не е музеј, туку заштитна конструкција на црквата од 13 и 14 век. Тоа всушност беше првата црква и делови од фрескоживопис што археолозите ги открија во мај 2007 година. Таму имаше фрески што беа недопрени.

- Ако не го покриевме објектот, ќе се уништеше големото богатство. Тоа нема да биде централен музеј на Кале, туку добар начин да се заштити црквата и во неа да се презентираат предметите пронајдени во неа. Инаку, планирана е реконструкција и на објекти од османскиот период. Тие што се најдобро сочувани. Тоа е касарната на влезот од тврдината што пред катастрофалниот земјотрес беше музеј, занаетско-трговски комплекс од турско време, оружарницата од 15 век. Тоа се објекти од отоманско време и во нив ќе бидат презентирани археолошките предмети пронајдени во нив. Со реконструкцијата не почнавме оттаму, бидејќи имаме уште три-четири месеци работа. Истражувањата и конзервацијата не се довршени за да почне реконструкцијата - вели извор на „Дневник“ упатен во состојбите.

Според Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, координатор на проектот, откако ќе се заврши судскиот спор за ресторанот среде Калето, просторот археолошки ќе се истражи. На тоа место треба да никне музеј на скопската тврдина. Таму ќе бидат изложени артефактите откриени на целиот локалитет.

Токму поради оваа сеопфатност, за многумина е нејасно зошто албанскиот блок дури и со сила покажа дека е против. Без потреба и индикации пред почетокот на археолошките ископувања медиумите на албански јазик почнаа кампања дека ископувањата на Кале ќе бидат злупотребени.

НА КАЛЕ НЕ Е ПРОНАЈДЕНА ИЛИРСКА КУЛТУРА

Македонија вклучи во истражувањето осум археолози од албанска националност (државјани на Република Македонија), но за противниците тоа беше недоволно и во март 2007 година „Разбуди се“ организираше протести на Кале. За среќа, тогаш немаше сериозни последици, освен дека беа вклучени во истражувањето и археолози од Косово и од Албанија.

Истражувањата продолжија и археологот Драги Митревски, професор на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје и раководител на истражувањата на скопската тврдина, потврди дека на Кале нема културни слоеви ниту живот во првите милениуми пред и по новата ера.

- Најстарите слоеви се од крајот на 5 и почетокот на 4 милениум пред новата ера и тие опстојуваат до бронзеното време. Животот продолжува континуирано по времето на Самуил, с` до турско време - објаснува тој.

Пред почетокот на истражувањата, Митревски рече дека очекува скопското Кале од ливада да прерасне во археолошки локалитет кој ќе стане причина за луѓето да појдат таму и да го видат. „Калето мора да го направиме достоен споменик на културата, со сите податоци што ги носи во себе. Луѓето ќе се искачуваат на Кале поради туризам, историја и наука“, рече тој.

Сепак, притисоците за „илирски корени“ не престанаа. Непосредно пред излагањето на новооткриените предмети од Кале во Музејот на град Скопје, кон крајот на 2007 година, Митревски мораше јавно да потенцира дека целта на археологијата е да прави културна, а не етничка поделба на артефактите.

- Етничката поделба на археологијата заврши со крајот на Втората светска војна. Кај нас никогаш и не постоела - рече тој.

Тој мораше да одржи мини-предавање за да појасни каде живееле Илирите и Дарданците пред околу 25 века. „Тоа е период кога со Долна Македонија владеел Филип Втори, кој имал своја државна организација, ковал свои монети. На исток живееле Траките, а на запад, на територијата на денешна Албанија и дел до Црна Гора живееле Илирите. Тие имале своја специфична култура која не постои на овие простори“, рече тој.

За да биде работата транспарентна, истражувачкиот тим дозволи отворени посети на Калето за да може секој да види што, каде и како се работи.

НЕ СЕ ФОРСИРА ЕДНА КУЛТУРА

Во наредните две години делумно продолжија археолошките ископувања, но главен акцент беше ставен на конзервација и реставрација на истражените објекти. По отворањето на изложбата за Кале стивнаа притисоците за „илиризација“ на локалитетот. До викендов.

Првите поголеми недоразбирања на Калето се случија пред околу две недели, кога почна покривањето на средновековната црква. Поради бурните реакции Кузман рече дека активностите ќе прекинат за да се смират страстите. Но, по неколку дена работите продолжија.

Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот центар за конзервација, кадар на ДУИ, вели дека бил изненаден.

- Беше храброст да се продолжи со работите макар и на кратко време. Требаше да се состанеме за да видиме што понатаму. Одговорно тврдам дека ова е волунтаризам. Постојано се зборува за изградба на црква, а не се спомнува што с` друго имало на Калето. Проектот нема никаков мултиетнички концепт - рече Шехапи.

Професор Митревски децидно тврди дека ваквите напади се неосновани.

- Апсолутно не е точно дека се форсира една култура. Во МАНУ беше отворена изложба за исламско Кале, а на истата тема зборував на конгрес во Исламабад - вели тој.

Требаше да има поширока дебата

Според историските извори, на скопското Кале во средновековниот период се наоѓале катедралната црква „Богородица Троеручица“, двете цркви на семејството Апокавк, „Св. Никола“ и „Св. Богородица“ и црквата „Св. Богородица“ на монахот Ксенофон. Шехапи како историчар на уметноста вели:

- Апсолутно не негирам! Секако има остатоци и од неолит, но има и остатоци од 538 години исламска уметност и култура - рече тој.

На прашањето дали реакциите ќе беа поинакви ако се почнеше со реконструкција на занаетчиска работилница од турски период, Шехапи вели:

- Можеби ќе беше поинаку. Но кај нашиот колега Паско Кузман има малку охридски инает. Скопје не е Охрид и ако треба нешто да се направи, треба поширока консултација со колегите. Малку е непријатно поред очите на 200.000 муслимани без најава да решите да реконструирате црква - вели тој.

Весна И. Илиевска
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 17-Feb-2011 at 09:20

Апелирам до модераторите повторно да се заклучи темава на 10тина дена. Сепак се работи за горливо прашање, кое што доволно ги загреа страстите воопшто во државава, немора и на форумов.

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3896
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 17-Feb-2011 at 09:33
Nema nisto da se sluci vo forumov posto forumov nema vrska so politikata.
Tamu kade nema politika ima PEACE!
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 736
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 17-Feb-2011 at 10:22
Шро и да е решено да се правил или не се прави на Кале ние сме тука да коментираме од архитектонски, урбанистички и градежен аспект, па затоа нема воопшто потреба да се заклучува форумот. Не е ова СЦ
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 17-Feb-2011 at 10:29
Освен секако во ситуација да има проблеми со црква музејот.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 17-Feb-2011 at 10:51

Не би се согласил дека нема потреба од заклучување на темава. Сепак имаме негативно искуство од пред 1 недела со оваа нишка, пред и да се случат тепачките на Кале. Имаме лошо искуство и со други нишки, а судејќи според последниот објавен текст за Калето од дневник кој е 99% политички и коментарите кои би произлегле од него апелаирам до модераторите, подобро да се спречи отколку да се лечи.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 17-Feb-2011 at 11:34
Беше заклучена неколку дена и вчера со текстот ја отворив да видиме колку паднале страстите. Сега за сега добро иде смирено.Ако треба брзо ќе реагираме.


Edited by lslcrew - 17-Feb-2011 at 11:34
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3896
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 17-Feb-2011 at 11:40
Ne znam od kade ova preterana praksa!Sk2014 100 pati poloso bese pa nikomu nisto, nemase kluc osven brisenje komentari i mislam deka i kaleto zasluzuva vakvo nesto.
Ne preterajte
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 17-Feb-2011 at 12:33
Доволно е некој да отвори профил и да стави еден пост - отиде све у мајчину...убаво си беше затворена темава...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 17-Feb-2011 at 12:33
Mislam deka zavrshivme so proceduralniov del, ako ima navredi ke reagirame vo brzo vreme. Noramlno nema nikoj dezuren na forumov za dve minuti da skrati no sigurno na zeshka tema kako shto e dnovie nema da bide ostaveno tuku taka da se sluchi zbrljotka i tuka.

I ne si svakajte se pri srce, sekoj si ima pravo na mislenje, malku pogolema demokratichnost i tolerantnost bla bla....

And keep to the topic.

Edited by lslcrew - 17-Feb-2011 at 12:35
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 22-Feb-2011 at 00:32
Без разлика што требало да биде, дали црква, музеј или само заштитна конструкција мене естетски некако не ми се допаѓа. Мислам дека ја нарушува визурата на ѕидините и дека ако веќе мора да има некаква заштита врз тој простор тоа да биде доволно ниско за да не штрчи барем гледано од главните правци на движење во тој дел.
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 23-Feb-2011 at 22:47
Дали некој знае колку чини изградбата на тој музеј на Кале?
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 28-Feb-2011 at 21:09
Праисторија

Повеќе населби од различно време меѓусебно јасно се издвојуваат според урбанизацијата, архитектонските белези и културните манифестации. Така, праисториското живеење се одвивало во најмалку 3 населби (енеолитска, бронзено временска и железновременска), додека во текот на средниот век и на турскиот период се живеело уште во најмалку 3 последователни населби (првата од X-XIII / XIV, втората од XIV-XVI век и третата од XVII-XX век).

Најстарите остатоци од човековата активност на Скопското Кале директно се врзани за археолошката здравица, во која се откриваат вкопани различни објекти, како и остатоци од иницијалната населба од бакарното време - енеолитот или од 4 милениум пред Христа. Се работи за земјенки или полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти или отпадни и складишни јами. Инвентарот го сочинуваат бројни форми на керамички садови за различна намена, култни предмети, глинени скулптурки, но и алатки и сечива од коска, камен и кремен.

Низ следниот период на бронзеното време или во текот на III и на II милениум пред Христа, праисториското живеење продолжило, но на помал простор, главно, ограничен во североисточните делови на Калето каде, покрај бројните движни наоди и остатоци од печки за керамика од раното бронзено време се документирани делови од стамбени објекти од средното бронзено време и една куќа од доцното бронзено време. Најмладата праисториска населба од железното време (прва половина на првиот милениум пред Христа), значела продолжување на животот. Иако на многу мала површина, сепак откриени се остатоци од вообичаената праисториска архитектура или куќи на правоаголна основа, градени и со дрвена скелетна конструкција од колци и плет.

Според истражувањата констатирано е дека поинтензивни остатоци од живеење во следните векови од втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не се откриени но поедини наоди потврдуваат одредени активности на Калето во текот на IV век пред Христа. Во таа смисла, откриен е култен простор, една ритуална јама со остатоци од животински жртви, ритуално јадење, керамика, вообичаена за IV век пред Христа во Скопско, заедно со една бронзена монета на Александар III, досега најстарата откриена монета на Калето.

Среден Век

Повеќе населби од различно време меѓусебно јасно се издвојуваат според урбанизацијата, архитектонските белези и културните манифестации. Така, праисториското живеење се одвивало во најмалку 3 населби (енеолитска, бронзено временска и железновременска), додека во текот на средниот век и на турскиот период се живеело уште во најмалку 3 последователни населби (првата од X-XIII / XIV, втората од XIV-XVI век и третата од XVII-XX век).

Најстарите остатоци од човековата активност на Скопското Кале директно се врзани за археолошката здравица, во која се откриваат вкопани различни објекти, како и остатоци од иницијалната населба од бакарното време - енеолитот или од 4 милениум пред Христа. Се работи за земјенки или полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти или отпадни и складишни јами. Инвентарот го сочинуваат бројни форми на керамички садови за различна намена, култни предмети, глинени скулптурки, но и алатки и сечива од коска, камен и кремен.

Низ следниот период на бронзеното време или во текот на III и на II милениум пред Христа, праисториското живеење продолжило, но на помал простор, главно, ограничен во североисточните делови на Калето каде, покрај бројните движни наоди и остатоци од печки за керамика од раното бронзено време се документирани делови од стамбени објекти од средното бронзено време и една куќа од доцното бронзено време. Најмладата праисториска населба од железното време (прва половина на првиот милениум пред Христа), значела продолжување на животот. Иако на многу мала површина, сепак откриени се остатоци од вообичаената праисториска архитектура или куќи на правоаголна основа, градени и со дрвена скелетна конструкција од колци и плет.

Според истражувањата констатирано е дека поинтензивни остатоци од живеење во следните векови од втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не се откриени но поедини наоди потврдуваат одредени активности на Калето во текот на IV век пред Христа. Во таа смисла, откриен е култен простор, една ритуална јама со остатоци од животински жртви, ритуално јадење, керамика, вообичаена за IV век пред Христа во Скопско, заедно со една бронзена монета на Александар III, досега најстарата откриена монета на Калето.

Археологија

Скопското Кале претставува еден од најпривлечните,  и најпровокативни, но во исто време и најконтроверзни и најсложени локалитети за археолошко истражување. Иако се неспорни и сосема доволно документирани неговите големи археолошки потенцијали, сеуште се непознати неговите основни културни и историски параметри. Иако претставува локалитет на кој се вршени најголем број археолошки - конзерваторски интервенции сеуште е третиран како обично излетничко место, многу повеке  отколку како вистински археолошки локалитет.

Археологијата, конзервацијата и ревитализацијата на Скопското кале е повеќегодишен проект на Владата, планот е следната година да се конзервираат бедемите кои ги гледаме од сите страни на градот, а со поголема археолошка акција ќе се продолжи во 2009 година.

Во досегашните археолошки истражувања меѓу најзначајните предмети се земјанки од 4 милениум пред Христа, печки за керамика од раното бронзено време, најстарата монета од стотиците пронајдени, со ликот на Александар Трети од 4 век пред наша ера. Според наодите од 12 век и византиското време, на Калето се живеело во благосостојба и мир. Пронајдени се луксузни трпезни садови кои се вистински уметнички дела. Почнале да се градат цркви, а се претпоставува дека во 13, 14 век таму имало 4 цркви, меѓу кои е и крстообразната или соборна, од каде што се фрагментите од фрески.
Средновековниот период бил со најбогат живот на Калето. Со доаѓањето на Турците, се градат бедемите кои сега ги гледаме, и Калето е повторно во воена функција.




ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 01-Mar-2011 at 16:31
http://users.stlcc.edu/mfuller/macedonia2007/IgorFlies528kaleBestSmlabel.jpg

http://users.stlcc.edu/mfuller/macedonia2007/KaleSkopje16medChurchSm.jpg

ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.