build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 01-Mar-2011 at 17:35
Originally posted by Sale SK

Дали некој знае колку чини изградбата на тој музеј на Кале?

Мислам дека 1 и пол милиони евра.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 06-Mar-2011 at 18:04
Ако некого го интересира, Кале е затворено за посетители. Прееска бев полицaецот ми рече дека не е отворено :-)
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 09-Mar-2011 at 16:38
Калето е затворено од безбедносни причини
Калето веќе три недели е затворено за посетителите и пошироката јавност поради безбедносни причини.
http://www.makfax.com.mk/_image/236127/watermark
http://www.makfax.com.mk/_image/236128/watermark
http://www.makfax.com.mk/_image/236129/watermark
http://www.makfax.com.mk/#2%2F248213%2Fjankuloska_kaleto_e_zatvoreno_od_bezbednosni_prichini
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 14-Mar-2011 at 20:51
Originally posted by N23

Originally posted by Sale SK

Дали некој знае колку чини изградбата на тој музеј на Кале?

Мислам дека 1 и пол милиони евра.

Па за тие пари беше изградена Црквата на Плаошник.Да не е помала цифра?Или запишуваат на каса-прими...
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 17-Mar-2011 at 21:36
15.02.2011. - Реакција на Македонското археолошко научно друштво по повод последните случувања на Скопското Кале

По повод последните случувања на скопската тврдина Здружението на археолозите на Македонија (Македонско археолошко научно друштво - МАНД) е испровоцирано најостро да реагира на низа дејствија и активности, за кои сметаме дека сериозно и штетат не само на сликата за Македонија како цивилизирана европска средина, но и на тешко стекнатиот углед на археологијата во Македонија, како една од ретките дејности чии резултати се почитувани во европски и светски рамки.

Скопското Кале е еден од водечките археолошки локалитети во Македонија. По обемните истражувања во последните 4 години тој веќе е нашироко афирмиран како незаобиколив пункт во познавањето на балканската праисторија, средновековие и отомански период. Повеќеслојноста на локалитетот, модерниот методолошки пристап во истражувањата, како и севкупните откриени културно-историски вредности, го прават вистинска гордост на македонската археологија, која очекуваме во целост да се експонира по конзервацијата на откриените движни и недвижни објекти и нивната трајна презентација во рамки на финалното уредување на внатрешниот простор на Калето.
Во секој случај, Скопската Тврдина претставува споменик на култура од прва категорија, со што подлежи на строгите меѓународни критериуми за негова заштита и презентација. Во таа смисла, единствено археолозите - истражувачи, на основа неговите карактеристики, потенцијали и откриени културни вредности можат да сугерираат решенија за негово идно уредување и да предлагаат солуции за откриените градби, кои утре ќе бидат јавно презентирани и ставени во идна туристичка, културна и научна експлоатација.

Силно реагираме на можноста секоја една група граѓани, било да се тоа од типот на “Разбуди се”, политичка или етничка група, да решава за судбината и иднината на еден ваков споменички пункт. Без да се познаваат и почитуваат вредностите на споменикот како и меѓународните принципи за негова заштита и презентација и да се изнесуваат неосновани желби потикнати единствено од политички потреби, ја доближуваат нашата земја до некои од азијатските земји, а нашата археологија ја претвараат во слугинка на политиката. 

Идејата за реконструкција на црквата од 13 век, откриена 2007-та година  во југоисточниот агол на тврдината и нејзината намена за изложбен простор, нашето здружение во целост ја подржува и ја смета за оптимално решение. Тоа е без сомнение најдобрата солуција, не само за заштита на оргиналните остатоци на самиот објект, туку и за остварување на потребата за експонирање на откриените наоди и документација, на самата Скопска Тврдина. Уште повеќе, очекуваме и ги охрабруваме надлежните, тој простор да биде наменет за постојана музејска експозиција само на наодите поврзани со Средновековно Кале, така што за останатите два големи периоди на употреба на Калето (Праисториско и Отоманско Кале) да се изнајдат исти такви соодветни објекти, кои по конзервацијата и реконструкцијата би се намениле за изложбени простори за артефактите од праисториските култури и од отоманската култура. Сето тоа, потенцијалите на Скопската Тврдина го овозможуваат, но и го налагаат како неопходност.  

Од 
Членството на Македонско ахеолошко научно друштво

http://www.mand.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 19-Mar-2011 at 01:00
а знаат ли овие од друштвово што е конзервација а што реконструкција? и знаат ли воопшто по кој принцип оди реконструкцијата на објекти кај нас? ...зборам за објекти стари стотици или илјадници години за кои немаме друга претстава како изгледале освен од нивните темели
а како музеј или изложбен центар може да служи било кој објект, постоечки или новоизграден
се согласувам со тоа што го кажале во однос на уништувањето на културното наследство, но самите си го побиваат кажаното со останатите изјави
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 22-Mar-2011 at 23:09
Eve i od mene nekolku sliki od kale



Ova mi e favorit


Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 29-Mar-2011 at 08:36

Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!

Сл.1. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...

Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале. Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е уште една црква е голема.

Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале, кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат контури на уште една Црква.
Сл. 2  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
  1. Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  2. Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  3. Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  4. Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  5. Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  6. Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  7. Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  8. Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  9. По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.

Вистинска мистерија се неистражените долни слоеви на Старата скопска чаршија. Многу мина мислат дека под тука е и изгубениот Град Јустинијана Прима. Повеќе можете да прочитате на подолу линкован напис од археологот Василка Димитровска  Метаморфозите на Скопското Кале
Сл. 4  Изглед на најстарата гравура на Скоското кале, која воедно е и најстар графички приказ на Скопското утврдување. И тука јасно се гледа дека осем Горен Град, постои и утврден долен град.  
Сл. 5  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ...
Сл. 6  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... 

И на двете горни симулации јасно се гледа местоположбата на Утвредниот Долен Град под Скопското Кале ...
  Сл. 7  Сегашна Гоогле Мапа на Скопското Кале Горниот град и можните локации на Долниот Град ...
Деновиве Градот Скопје и ЈП Водовод и Канализација Скопје, се во трка со времето за изградба на нова Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје. Од старите бараки веќе се иселени сите вработени на ЈП Водовод и Канализација, како и ЈП Јавна Чистоќа. Веќе е распишан оглас за проект и изградба на новата Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација.
http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/administrativni/jp%20vik%20sk/ask10%20vodovod%20i%20kanalizacija.jpg 
http://i1233.photobucket.com/albums/ff394/Mr_Edmund/mala6.jpg

Деновиве се прошетав околу можната локација на новата Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“. Подолу ке Ви представам неколку мои нови фотографии од местото кои потврдуваат дека старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје се иселени. Чуварите ме информираа дека веќе се извршени геолошките испитувања на локацијата и дека секој ден чекаат да се појават луѓе со лопати да фрлат камен темелник на новата зграда на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје.

Прашав дали случајно виделе луѓе од Заводот за заштита на споменици на Македонија, кои се надлежни да дадат согласност за Дозвола на градба над можен Археолошки локалитет - ми потврдија дека такви луѓе не сретнале во блиското минато.


Јавно ги повикувам сите археолзи и загрижени Скопјани да се спротивставиме на почеток на градба на новата зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје, без претходно да се извршат темелни археолошки истражувања на теренот
Сл 10  Поглед кон Кале и старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје, кои се можна локација на Долниот Град Кале ...
Сл. 11  Старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје
 Сл. 12
Сл. 13   Рушењето на бараките и расчистување на теренот е започнато
Сл. 14  Остатоци од амамот на чошот од новата зграда на Царинарницата под Кале ...
Сл. 15  Поглед од Горнот кон Долниот град Кале ... сегашност
волан
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 29-Mar-2011 at 08:37
Актуелизирајте ја борната дилема со ваши написи по разни форуми - за да го заштитиме можното уништување на археолошки локалитет долен град ...

волан
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3961
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 09-Apr-2011 at 15:54

Шехапи: Кале без верски објести

Националниот центар за конзервација бара вклучување на свои експерти во решавање на проблемот околу скопското Кале, каде претходно се случи меѓуетнички инцидент, заради изградба на црква-музеј.

Директорот, Бехиџудин Шехапи вели дека во темелите на Калето се најдени траги од два исламски верски објекта, но тој ја брани позицијата дека на калето не треба да има верски објекти, бидејќи тој простор треба да служи како туристичка атракција.

Градежните работи на црквата беа стопирани по интервенцијата на граѓаните, цивилното општество, но и на функционери од ДУИ.

"Ветено ни е дека наши експерти ќе бидат вклучени во регулирањето на прашањето на калето, чекаме редефинирање на проектот и како што најави премиерот, ќе има јавна дебата и мултидисциплинарен пристап за решавање на прашањето. Мислам дека ќе се избере решение кое ќе одговара на глобалните стандарди и закони и скопското Кале ќе биде место за посетители, атрактивно место без верски објекти", изјави Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот конзервациски центар.

http://alsat.mk/vesti/zemja/2378242.html

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3651
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 15-Jul-2011 at 11:06

ПАСКО КУЗМАН, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, НА РАБОТНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ОХРИД

Место црква, три музеи на Скопското кале

Едниот објект е посветен на праисторискиот период, што Албанците си го нарекуваат дека е период од Дарданците

Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство, по оперативниот зафат кој го имаше неодамна, закрепнува во Охрид, но со неговиот темперамент се одмора работно. Со жар зборува за проектите во археологијата кои се во тек, и за она што следува. Ни најави оти на Скопското кале есенва ќе се градат три музеи.
"Во музејските објекти ќе бидат презентирани движните предмети откриени на Тврдината. Едниот објект е посветен на праисторискиот период, што Албанците си го нарекуваат дека е период од Дарданците.
Вториот ќе биде посветен на средновековниот период - византискиот или, како што си го викаат Македонците, периодот на христијанството, и третиот објект ќе биде за наоди од отоманскиот период, како што тие векови ги нарекуваат Албанците и Турците. Во него ќе има и реконструиран отомански објект", ни изјави Кузман, додавајќи оти овој проект ќе биде негова преокупација оваа и следната година.
Главните археолошки ископувања на Калето ги завршиле уште пред изборите, а во тек се конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата и, како што рече директорот, уште поважно, ревитализацијата, оживувањето на Скопската тврдина.
Во февруари минатата година се случи крвава тепачка меѓу Македонци и Албанци на Калето, кога се обелодени дека на местото на стара црква, која датира од 12 век, а била обновувана во 13 и во 14 век, ќе се гради црква - музеј, како што тогаш ја нарекоа од Управата. По неколкудневна тензична атмосфера, млади од две групи, едните од невладината "Разбуди се", што беа против градење на црквата, и другите, организирани на "Фејсбук" за одбрана на црквата, се судрија на Калето. По интервенција на полицијата, насилството заврши со неколку повредени, беше осудено од властите, и беше запрена изградбата на црквата - музеј.

Закрепнувам на охридскиот Монмартр

Паско Кузман го затековме со колеги археолози од Бугарија и од САД во родниот Охрид, во близина на црквата "Св.Софија" каде што закрепнува по операцијата од минатиот месец.
"Одлично се чувствувам, закрепнувам, одморам, што може друго во Охрид да се прави. Овде е охридскиот Монмартр, овде е најубавото место на Монмартр 'Света Софија', ресторанот, тука си е нашата виа сакра, поубаво место, здравје", ведро ни раскажа археологот.
Како што објавивме на почетокот на јуни, поради проблеми со циркулацијата на крвта, снабдувањето со крв до мозокот било нарушено, имало и затнување на главната артерија, поради што на Кузман му беше вграден стент.



Ѓомлезе и питулици во Заливот на коските

Еден од омилените проекти на Паско Кузман е Заливот на коските, за кој вели оти е целосно завршен проект, но најавува дека во иднина планираат да отворат национален ресторан. Ресторанот, додава Кузман, ќе биде целосно вклопен во просторот каде што туристите ќе можат да јадат повеќе домашни јадења, како ѓомлезе, питулици, гравче.
"Таму има голема посета и интерес, повеќе од странски туристи, оти нашите не разбираат што е тоа, велат селски куќи, тоа го велат оние луѓе што не се доволно едуцирани и образовани. Но интелектуалците од светот запишуваат и се воодушевуваат", истакнува директорот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=45FC23DCFEDC544DA7AF84F0AD65E0DC
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 15-Jul-2011 at 19:02
добро, не знам зошто постои упорноста да се изградат музеи или било какви објекти во внатрешноста на горната тврдина, сепак тој дел треба според мене да си остане таков каков што си е, археолошки локалитет, а останатите објекти да се наоѓаат во надворешноста
исто така, Паско, кој веќе ептен почна по живци да цапа со манипулирањето на нашите историски скапоцености, може повеќе да се посвети на ископување, заштита и промоција на нашите локалитети, а не некакви си реконструкции, музеи и кафани... само два метра под калето има загрозен локалитет и никој со мал прст не мрда за тоа, а да не збориме за тоа што најголем дел од нашите локалитети воопшто не се заштитени
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 15-Jul-2011 at 19:45

Епа зашто ако Калемегдан има историски градби, цркви и сл, зошто да нема и Скопје. Тоа е таа логика, најголем дел од новите идеи во Скопје се за жал копирани од други градови.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 16-Jul-2011 at 00:37
Originally posted by N23


Епа зашто ако Калемегдан има историски градби, цркви и сл, зошто да нема и Скопје. Тоа е таа логика, најголем дел од новите идеи во Скопје се за жал копирани од други градови.
тоа е жалосно на некој начин, што упорно се обидуваме да кошпираме некој друг...
објектите на калемегдан си постојат уште од одамна, никој не ги изгради со цел да бидат музеи, тоа е исто како земјотресот воопшто да не постоел кај нас, и музеите денес на калето да се наоѓаа во стариот објект на калето кој го има по слики и дел од другите објекти кои биле таму, како турската касарна на пример
сепак, внатрешност на калето е археолошки локалитет, не се работи за некој празен бришан простор и треба да си остане така и да не се нарушува, исто онака како што си постои локалитет на Самуиловата тврдина и Плаошник


Edited by zabegan - 16-Jul-2011 at 00:38
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 16-Jul-2011 at 01:27
Originally posted by zabegan


тоа е жалосно на некој начин, што упорно се обидуваме да кошпираме некој друг...објектите на калемегдан си постојат уште од одамна, никој не ги изгради со цел да бидат музеи, тоа е исто како земјотресот воопшто да не постоел кај нас, и музеите денес на калето да се наоѓаа во стариот објект на калето кој го има по слики и дел од другите објекти кои биле таму, како турската касарна на примерсепак, внатрешност на калето е археолошки локалитет, не се работи за некој празен бришан простор и треба да си остане така и да не се нарушува, исто онака како што си постои локалитет на Самуиловата тврдина и Плаошник


И пак ќе се вратиме на поентата дека денешните креатори на Скопје сметаат дека Скопје нема ништо (што донекаде е сосема мала вистина), дека соседите имаат све, па ајде и ние да изградиме. Природно е на Кале да има еден објект, кој ќе биде како информатор за туристите, ќе се продаваат сувенири и сл и една кафуле, како што е во заливот на коските. Самото Кале е веќе музеј на отворено.
Но, кога некој ќе зацрта нешто, обично наоѓа начини тоа да го оствари, па макар и за тоа загубил политички поени на друго поле. Забеган не заборавај дека зголемувањето на туристичките групи низ Скопје, подоцнежната поголема посетеност на Калето, спомениците и сл ќе си ги припишат за заслуга тие што ова го замислиле и сето тоа склопено би дошло како една фина целина за која идните поколенија не би расправале многу. Копираме, тоа е лошо, но ајде барем да добие Скопје некој финансиски бенефит од сето ова на долгорочно ниво.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 16-Jul-2011 at 14:44
Previous
не зборам јас за тоа воопшто да не се права музеи, музеи нека се прават, и онака има потреба од нив на многу наши локалитети, поентата ми беше да не го нарушуваат археолошкиот локалитет и да не се прават реконструкции без никакв а поцврста основа, бидејќи и онака околу калето има неколку простори каде што може да се изгради музеј
а Скопје може да има бенефит на разни начини, никој не не врзува со имитацијата на други градови

и еве, кога веќе збориме за музеи како воениот на Калемегдан, поубаво да збориме за враќање на пронајдоците кои се пронајдени во Македонија, а однесени таму, мног поубаво одколку тоа да го копираме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 16-Jul-2011 at 15:47
Ke ima tri mali objekti kade sto ke bidat smesteni najdenite artefakti od razlicni vremenski periodi. Tie objekti ke bidat od edukativen karakter i mislam deka navistina e potrebno posetitelite osven arheoloski urnatini malku i da se informirat za toa sto go gledat.


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 16-Jul-2011 at 15:53
Originally posted by kultuzin

Ke ima tri mali objekti kade sto ke bidat smesteni najdenite artefakti od razlicni vremenski periodi. Tie objekti ke bidat od edukativen karakter i mislam deka navistina e potrebno posetitelite osven arheoloski urnatini malku i da se informirat za toa sto go gledat.


зошто не сум толку јасен, немам ништо против музеи и информативни центри, тоа е нормален дел од секој туристички локалитет, само не ги сакам во внатешноста на горната врдина, ниту пак би избрзувал било каква изградба на објекти додека не се ископа и заштите се, па онаму каде што ќе има слободен простор, слободно нека градат, немам ништо против
или кога веќе се прават музеи, барем да бидат во блиска околина, како што е музејот на современа уметност

што се однесува до информирањето на посетителите, има многу начини како да се изведе тоа, не е потребно да има музеј за такво нешто, особено со денешните технологии... па еве, погоре зборевме за Калемегдан, каде воведуваат електронски водичи како прототип проект
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 16-Jul-2011 at 15:56
A od kade znaes deka tamu kade sto ke se gradi deka ne e ispitano?
Pasko na primer go veli ova:

"Главните археолошки ископувања на Калето ги завршиле уште пред изборите, а во тек се конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата и, како што рече директорот, уште поважно, ревитализацијата, оживувањето на Скопската тврдина."
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7635
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 16-Jul-2011 at 17:37
Originally posted by kultuzin

A od kade znaes deka tamu kade sto ke se gradi deka ne e ispitano?
Pasko na primer go veli ova:

"Главните археолошки ископувања на Калето ги завршиле уште пред изборите, а во тек се конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата и, како што рече директорот, уште поважно, ревитализацијата, оживувањето на Скопската тврдина."
па кој рече дека не е испитано? без разлика дали е испитано или не, археолошки локалитет е и треба да се почитува како таков
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.