build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 16-Jul-2011 at 18:03
na mestoto kade sto bil dolniot grad, mesto da se gradat tamu sega administrativni objekti zosto ne se rascisti i se iskopa toj cel lokalitet i se pretvori vo edna kombinacija od park i arheoloshki lokalotet i vlez kon kaleto i tamu naprimer bi mozelo da se napravat tie muzej i drugi cuda i isto vo toj park bi mozelo da se stavat spomenicite na justinijan i samuil

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 16-Jul-2011 at 20:08
еднаш и јас ја спомнав оваа идеја само во малку поразличен контекст

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 16-Jul-2011 at 20:33
toa naj pametno bi bilo toj cel prostor mora da se zastiti so zakon, bas kaj carinskata uprava vo dvor ima nekoj ostatok od kale, sto ubavo bi mozelo da se napravi toj cel del, so porti so spomenici zelenilo klupi za sedenje meraci...

a ovie administraciive moze da idat nakaj src kale i onaa zgrada so propadnat krov so godini taka stoi duri bi rekol neka go trgnat i bazenot playa vista taka i taka ne raboti...
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 17-Jul-2011 at 00:35
Тие остатоците  доле се дел од Кулата  на долниот град од Калето ,тие се свесни што може да направат ,повеќето од долниот град го однел вардар бидејќи градот имал и водени кули ,а таа што останало доле бил дел од тие водени кули ,и тука имало порта ,односно влез за долниот град.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 19-Jul-2011 at 21:06
ne mi e jasno zosto nikoj od mediumive ne ja objavuvaat ovaa tema


Originally posted by волан

<h3 ="post-title entry-title">
Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!
</h3>
<div ="post-er">



<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл.1.
Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец
- кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град
т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото
на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ... <a name="more"></a>
<div style="text-align: left;">Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале.
Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште
поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е
уште една црква е голема.<div style="text-align: left;">
<div style="text-align: left;">Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале,
кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под
западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од
патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин
како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат
Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот
одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат
контури на уште една Црква.<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 2  Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.<ol style="text-align: left;">
  • Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
  • Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
  • Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
  • Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ... 
  • Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги
    предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал
    денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле
    уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
  • Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
  • Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
  • Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
  • По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.
  • <div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 3  Цртеж на Професор Микулчиќ, каде тој предпоставува дека се наоѓа Долниот Град.<div style="text-align: left;">
    <div style="text-align: left;">Вистинска мистерија се неистражените долни слоеви на Старата скопска чаршија.
    Многу мина мислат дека под тука е и изгубениот Град Јустинијана Прима.
    Повеќе можете да прочитате на подолу линкован напис од археологот
    Василка Димитровска <span ="Poster"> Метаморфозите на Скопското Кале</span><div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 4  Изглед на најстарата гравура на Скоското кале,
    која воедно е и најстар графички приказ на Скопското утврдување. И тука
    јасно се гледа дека осем Горен Град, постои и утврден долен град.  <div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 5  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... <div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 6  Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... <div style="text-align: left;">
    <div style="text-align: left;">И на двете горни симулации јасно се гледа местоположбата на Утвредниот Долен Град под Скопското Кале ...<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">  Сл. 7  Сегашна Гоогле Мапа на Скопското Кале Горниот град и можните локации на Долниот Град ...<div style="text-align: left;">Деновиве Градот Скопје и ЈП Водовод и Канализација Скопје, се во трка со времето за изградба на нова Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје. Од старите бараки веќе се иселени сите вработени на ЈП Водовод и Канализација, како и ЈП Јавна Чистоќа. Веќе е распишан оглас за проект и изградба на новата Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација.<div style="text-align: center;">http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/administrativni/jp%20vik%20sk/ask10%20vodovod%20i%20kanalizacija.jpg <div style="text-align: center;">сл. 8 Можно архитектонско решение на управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје<div style="text-align: center;">http://i1233.photobucket.com/albums/ff394/Mr_Edmund/mala6.jpg<div style="text-align: center;">сл. 9 Можно архитектонско решение на управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје<div style="text-align: center;">
    <div style="text-align: left;">Деновиве се прошетав околу можната локација на новата Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“.
    Подолу ке Ви представам неколку мои нови фотографии од местото кои
    потврдуваат дека старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје се
    иселени. Чуварите ме информираа дека веќе се извршени геолошките
    испитувања на локацијата и дека секој ден чекаат да се појават луѓе со
    лопати да фрлат камен темелник на новата зграда на ЈП Водовод и
    Каналуправна Скопје.<div style="text-align: left;">
    <div style="text-align: left;">Прашав дали случајно виделе
    луѓе од Заводот за заштита на споменици на Македонија, кои се надлежни
    да дадат согласност за Дозвола на градба над можен Археолошки локалитет
    - ми потврдија дека такви луѓе не сретнале во блиското минато.<div style="text-align: left;">
    <div style="text-align: left;">Можно
    ли е Градот Скопје да почне да гради врз можна локација на важен
    Археолошки локалитет во срцето на Скопје - особено на Археолошка
    локација на која во минатиот пет годишен период видно и обилно се вршеа
    алрхеолошки истражувања.
    <div style="text-align: left;">
    <div style="text-align: left;">Јавно ги повикувам сите археолзи и загрижени Скопјани да
    се спротивставиме на почеток на градба на новата зграда на ЈП Водовод и
    Канализација Скопје, без претходно да се извршат темелни археолошки
    истражувања на теренот
    . <div ="separator" style="clear: both; text-align: left;"><div style="text-align: center;">Сл 10  Поглед кон Кале и старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје, кои се можна локација на Долниот Град Кале ...<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 11  Старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;"> Сл. 12<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 13   Рушењето на бараките и расчистување на теренот е започнато<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 14  Остатоци од амамот на чошот од новата зграда на Царинарницата под Кале ...<div ="separator" style="clear: both; text-align: center;"><div style="text-align: center;">Сл. 15  Поглед од Горнот кон Долниот град Кале ... сегашност

    Back to Top
    ovaj_stariov View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 02-May-2008
    Location: Prilep
    Online Status: Offline
    Posts: 1309
      Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 25-Jul-2011 at 17:54
    build.mk, гради форумска историја
    Back to Top
    kultuzin View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 07-Nov-2010
    Online Status: Offline
    Posts: 3811
      Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 25-Jul-2011 at 18:03
    Каков очај е плажата со се игралиште за одбојка , на ништо неличи ... Шо убав поглед на Калето го упропастува...Јас лично не би му замерил на Коце да ја признае гешката и да го одстрани или пресели ова ругло .


    Edited by kultuzin - 25-Jul-2011 at 18:27
    Back to Top
    axel View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 08-Dec-2009
    Location: kumanovo
    Online Status: Offline
    Posts: 3642
      Quote axel Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 24-Aug-2011 at 23:55

    Отомански кули и праисториски куќи ќе никнат на Кале

    Паско Кузман ќе ја уредува скопската тврдина на која место една црква, во план е да никнат три нови објекти

    Даниела Трпчевска


    Купишта земја се носат на скопското Кале за да се пополнат дупките каде се завршени ископувањата на овој богат археолошки локалитет. На двата југозападни бедеми на тврдината се поставуваат сонди и се вршат пробни истражувања. Тимот археолози предводени од Паско Кузман, директорот на Управата за културно наследство, ни летово не запираат со проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на скопската тврдина, едно од најзначајните историски споменици во земјава.

    И додека археолозите копаат по историските слоеви на земјата, пронаоѓајќи предмети од византискиот период, туристите само од спротивната страна на реката Вардар можат да се воодушевуваат на оваа градба која датира од 6 век.

    Внатрешноста на тврдината во должина од 121 метар е затворена за посетители од 13 февруари годинава, по големата тепачка меѓу групи Македонци и Албанци, која изби поради изградбата на црква во внатрешноста на тврдината. Додека полицијата тврди дека веќе седум месеци го чува објектот од безбедносни причини, за високите ѕидови на тврдината се кројат проекти за изградба на цел комплекс објекти, кои на скопското Кале ќе му дадат сосема нова димензија.

    „Во моментов го разгледуваме проектот за ревитализација на тврдината. Тој е во завршна фаза и ќе подразбира од една страна оживување на просторот, како и конзервација и реставрација на старите археолошки објекти кои се заштитени“, вели Паско Кузман.

    Сувенирници, кафе–барови, низа мали објекти кои треба да го оплеменат просторот се планираат да се изградат во внатрешноста на Тврдината. Првиот човек на Управата за заштита на културно наследство вели дека овие мали објекти кои ќе се градат ќе го оживеат просторот и ќе бидат атрактивни за посетителите и туристите.

    Засега изградбата на спорната црква, која ги разбуди меѓуетничките тензии во земјава е статус-кво. Ако помине предлогот што го поднесе првиот археолот Паско Кузман, тогаш не еден музеј, туку три објекти треба да никнат во скоро време на ридот Градиште. Праисториска куќа, музеј за византиски археолошки предмети и кула од отоманскиот период треба да бидат изградени на старите темели на некогашните објекти кои биле откриени при повеќегодишните ископувања на Калето.

    „Дадов предлог да се обноват три стари објекти, кој се надевам дека во целост ќе биде усвоен. Станува збор за изградба на Музеј за византиски археолошки предмети, за кој во јавноста се зборуваше дека е црква. Наспроти коментарите на познавачите на состојбите и на аналитичарите кои тврдеа дека станува збор за изградба на црква на нов простор, всушност се работи за реконструкција на објект кој некогаш постоел. Ние на тој простор пронајдовме темели на црква од 13-14 век, и се обидуваме да ги реконструираме. Значи градиме на тие темели за да ги сочуваме археолошките остатоци од црквата“, вели Кузман.

    Вториот објект кој Паско Кузман предлага да се гради е кула од отоманскиот период. Нејзините темели би се поставиле врз некогашните остатоци на градба откриена од тој период. „Таа кула би имала совршен простор за да може да се изложат во неа големиот број на атрактивни ископини од отоманскиот период, кои што се пронајдени на локалитетот“, објаснува Кузман.

    Но, тоа не е се. Доколку биде усвоен предлогот на директорот на Управата за заштита на културно наследство, тогаш на Калето ќе никне и трет објект – праисториска куќа во кружна форма во која ќе бидат изложени предмети од праисторискиот период. И таа ќе се гради на темели на некогашна куќа кои биле откопани на археолошкиот локалитет.

    „Станува збор за илјадници предмети кои на овој начин ќе бидат заштитетни и изложени пред јавноста и туристите кои го посетуваат Калето. Се надевам дека проектот во целост ќе биде усвоен“, вели Кузман.

    Додека проектот се разгледува од надлежните, Калето го обезбедува полицијата, која не дозволува ни мува да прелета зад ѕидините. Веќе седум месеци МВР објаснува дека пристапот е забранет од безбедносни причини, со цел да се спречат нови инциденти.

    „Додека не сме сто проценти сигурни дека ќе нема инциденти, тврдината и понатаму ќе биде затворена за јавноста. Не се знае до кога, но ќе го обезбедуваме се додека има потреба за тоа“, вели помошникот министер за информирање Иво Котевски. Паско Кузман објаснува дека полицијата заминала, но дека чуварската служба и понатаму останува пред вратите на тврдината.

    Скопското Кале кое е распослано на ридот наречен Градиште е еден од најубавите видиковци во градот. Од него се пружа поглед кон Реката Вардар, центарот на Скопје, но и на Стара скопска чаршија. Туристите секојдневно доаѓаат обидувајќи се да влезат во Калето, ѕиркаат зад затворените врати, по што разочарано заминуваат на прошетка низ градот.

    „Некои познајачни гости или групи можат да влезат во тврдината, но нема што да гледаат, бидејќи се' уште се работи внатре. Се трудиме да спречуваме масовно да се влегува, бидејќи многумина доаѓаат, скокаат по ѕидовите кои се уште не се докрај реставрирани. Исто така има и големи ископи, во кои некој може да се повреди. Најдобро е се уште да не се влегува на Калето. Но, ако има некоја посебна група која инсистира да влезе, им се дозволува тоа“, објаснува Кузман.

    Ретро

    Калето е затворено за посети по инцидентот кој се случи на 13 февруари годинава. Инцидентот, кој имаше и политички димензии, беше предизвикан од изградбата на црква, чии темели почнаа да се поставуваат ноќе и без најава во срцето на скопската тврдина. Коалицискиот партнер во Владата ДУИ се противи на изградбата на црква. Стотици млади Албанци почнаа да ја рушат конструкцијата на чие место требаше да се гради новата црква. Во масовната крвава тепачка под ѕидовите на Калето, повеќемина беа повредени, а голем дел и приведени од страна на полицијата. По седуммесечна истрага, судот донесе условни казни за учесниците во инцидентот на Кале.

    http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5CE5FDEADB1BF94B8543DC889925F25D
    Back to Top
    zabegan View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 01-Jul-2008
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 7072
      Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 25-Aug-2011 at 00:46
    аман веќе, кога ќе ги лишат истриските објекти и локалитети од градење на таканаречени „реконструкции“?
    колку и да е атрактивно калево или не, сепак најпрво тоа е археолошки локалитет и за неговите потреби можат да се изградат музеи кои може да се наоѓаат и надвор од тврдината, а за сувенири и остали ствари потребна е само една тезга, или барем да се искористи празниот простор во некоја од кулите кои сега ги има во голем број и без една кула
    и навистина не знам како може реконструкција да претставува објект изграден според претпоставки од пронајдоци гравури и т.н. и без никакво прецизно знаење, ниту за изгледот на објектот, ниту неговите технички особини и материјали... од такво нешто може само макети да се направат и ништо друго
    со изградба врз руини, не се постигнува ништо, освен тоа што се нарушуваат руините... стварно не знам што е проблемот, ајде тогаш ако градиме, да ги изградиме Стоби, Хераклеа, Плаошник и т.н. и да ги натерами и Италијанците да си го изградат Рим, како и Грците Акропол и т.н.
    и не знам зашто, мора да ги слушаме глупостите на нашиве „експерти“ за тоа како сакаат да си играат туризам со и тоа како битни локалитети и покрај тоа што ништо немаат направено да ги заштитат, целосно истражат и да ги прикажат во јавноста
    единствено имам разбирање за реконструкцијата на некоја од кулите, ма да и реконструкцијата на бедемите не сум ја поддржувал толку многу

    и аман веќе нека ја баталат таа црква и сите муабети за неа, дури да не предизвикуваше такви политички палби, воопшто не прави разлика дали ќе ги имаме само руините на црквата, или целосниот нејзин објект, од културно историска гледна точка... се додека знаеме кога тааа црква постоела и кој ја изградил, ирелевантно е дали ќе постои како целосен објект или не
    битно е да си ја знаеме сопствената историја и да ја промовираме, без разлика дали се работи за прашина или целосна слика, а и не можам да се изначудам, мангупиве сеуште немаат пронајдено точни податоци за тоа кога и од кого е црквата изградена, а ќе и правеле реконструкција...
    Architects create dreams...politicians create nightmares
    Back to Top
    mitatos View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 06-Jan-2008
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 1739
      Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 23-Oct-2011 at 18:52
    Слика од Калето во после првата светска војна ваљда, сигурно е некаде после 1920-тите год.



    Верувам дека секој би посакал да ја има во својата колекција =) поз
    "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
    Back to Top
    gjoko View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 18-Jun-2011
    Location: kicevo
    Online Status: Offline
    Posts: 6554
      Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 23-Oct-2011 at 19:36
    гледам остров(ада) имало тогаш,негде над сегашниот мост Г.Делчев
    Back to Top
    mitatos View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 06-Jan-2008
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 1739
      Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 23-Oct-2011 at 19:45
    Да тој дел кај што сега се наога Царинската Управа порано се обработувала,и тука имало отворено канал од Вардар и така се створиле островчиња.
    "Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
    Back to Top
    CenterCityKid View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 31-Aug-2011
    Online Status: Offline
    Posts: 131
      Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 26-Oct-2011 at 22:52
    Proektov za "muzej pod otvoreno nebo" so delumnata rekostrukcija na nekolku objekti potsekja na mnogu uspesen proekt vo severna Germanija kaj denesen Xanten na rimskiot grad Colonia Ulpia Traiana.
     
    Back to Top
    macedonia View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 01-Feb-2008
    Location: Lerinsko
    Online Status: Offline
    Posts: 725
      Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 23-Jan-2012 at 21:56
    Images of the new museums on the Kale were released today, there is a video on the Alfa TV website.
    Back to Top
    Makedonij View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 08-Apr-2009
    Location: Celje - Виница
    Online Status: Offline
    Posts: 2114
      Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 23-Jan-2012 at 22:55
    Како ќе изгледаат новите објекти на калето

    понеделник, 23 јануари 2012, 18:05

    На скопското Кале наскоро повторно ќе се гради. Предвидено е годинава да бидат изградени три нови објекти- музеи. Управата за заштита на културното наследство го распиша тендерот за заштита, реставрација и делумна реконструкција на објект од отоманскиот период, заедно со квадратна кула. Наскоро ќе биде распишан и тендерот за изградба на пред-историска куќа, а потоа речиси паралелно ќе се продолжи и со изградбата на црквата-музеј вели директорот на институцијата, Паско Кузман.

    - „За да избегнеме немили ситуации, значи планираме да ги направиме сиве овие три реконструкции. Во нив да ги изложиме соодветните материјали од соодветните временски периоди и така да имаме подеднаков третман на културните вредности во рамките на археолошките истражувања на скопската тврдина Кале“- изјави меѓу другото директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

    Кузман објаснува дека овие објекти биле предвидени пред да се случат инцидентите на Калето. За потсетување, пред точно една година, група предводена од функционери на владеачката ДУИ, се обиде да го урне објектот. Три дена подоцна следеше масовна меѓунационална тепачка помеѓу група за и група против црквата. Овојпат, вели Кузман, сликите нема да се повторат.

    - „Јас сум цврсто убеден дека сега ги имаме сите компромисни решенија и дека од она што досега го добивме како впечаток од разговорите на сите нивоа сфативме дека можеме да продолжиме со активностите и можеме да си го завршиме овој наш заеднички монумент во центарот на Скопје.“- изјави директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

    Според идејните нацрти, освен трите музејски простори, на Калето ќе се градат и други објекти. Едукативни центри, продавници за сувенири, места за камерни собирања и претстави-се само дел од содржините предвидени на слободниот простор. Како и денеска, калето ќе остане под обезбедување, бидејќи паралелно со другите акитивности ќе се врши заштита, конзервација и реставрација на другите археолошко- архитектонски остатоци.

    Video:http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=45233
    ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
    Back to Top
    zabegan View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 01-Jul-2008
    Location: Skopje
    Online Status: Offline
    Posts: 7072
      Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 23-Jan-2012 at 23:16
    катастрофа невидена, прават тематски паркови од историски локалитети, особено срамота е што овие идеи потекнуваат од луѓето кои треба да ги заштитуваат и истражуваат локалитетите...
    знае ли Паско воопшто што е тоа реконструкција и во кои услови се извршува и како се проценува потребата од неа??? и дали воопшто можеш да додаваш свои идеи врз еден локалитет?
    немаше никаква потреба од сето ова, ама веќе ништо не ме изненадува во Скопјево
    Architects create dreams...politicians create nightmares
    Back to Top
    kultuzin View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 07-Nov-2010
    Online Status: Offline
    Posts: 3811
      Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 23-Jan-2012 at 23:37
    Јас викам дека имаше потреба од заживување на Калето.
    Три мали објекти и тоа наменски за промоција на она што е најдено се далеку од катастрофа, напротив една причина плус човек да се качи на Калето и да ужива во македонската историја и останатите содржини.
    Back to Top
    shran View Drop Down
    Newbiе
    Newbiе


    Joined: 15-Nov-2011
    Online Status: Offline
    Posts: 0
      Quote shran Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 24-Jan-2012 at 14:00
    калето си беше многу убаво ПРЕД да почнат да го истражуваат
    не тврдам дека не треба да се истражува само тврдам дека после тоа треба да се врати првобитната состојба
    градење на објекти од кои најмалку два никогаш ги немало на тие места е тотална глупост.
    аман веќе од тоа прикаските како туристи ќе нагрнеле, па им требале содржини па сувенири, па незнам што. да бидеме реални освен чат пат некои залутани јапанци и пар студенти никој друг не доаѓа а неколку бизарни објекти и споменик у абнормални димензии сигурно нема да придонесат тоа да се смени.
    Back to Top
    Petar View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 09-Nov-2011
    Online Status: Offline
    Posts: 269
      Quote Petar Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 24-Jan-2012 at 15:24
    Naprotiv... letovo vidov polno turisti, Holangjani, Germanci, Anglicani, Ameri... Edni od niv me prasuvaa da im kazam poveke za gemidziite.

    Jas mislam deka moze da se napravi edna marsuta niz Skopje, koja ke odi vo eden krug preku plostadot i muzeite do Turskata carsija i Kaleto.
    Back to Top
    CenterCityKid View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 31-Aug-2011
    Online Status: Offline
    Posts: 131
      Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 24-Jan-2012 at 19:00
    Primeri na rekonstrukcii na arheoloski lokaliteti (t.n. arheoloski parkovi):
     
    Xanthen (Germanija)
     
    European Archaeological Park of Bliesbruck-Rein (Germanija/Francija)
     
    Zabegan, mozes da si gi proveris komentarite dali i ovde bi ti odgovarale?
    Back to Top
     Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 31>

    Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



    This page was generated in 0.168 seconds.

    Copyright ©2007 - 2020  build.mk

    Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.