build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748 50>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7313
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #901 Posted: 13-Apr-2020 at 21:52
Originally posted by гитардемон

Читав статија како и зошто не треба тактилните патеки за слепи лица да бидат во иста боја со останатите плочки. Генерално многу метрополи го прават тоа норади „естетски причини“, но овие патеки не се само за слепи лица со стап, туку и за лица со многу оштетен вид, кои сепак гледаат колку толку боја и би можеле да се ориентираат доколку патеките се дреч жолти како што нормално треба да бидат.

А за зафатот, мене ми се допаѓа иницијативата, но да се менуваат плочки на секои две години во тој 1 квадратен километар во Скопје не е фер кон останатите скопјани (а пред тоа кога беше со пари од Владата, не беше фер кон сите луѓе кои плаќаат данок во државава).
па ова е единствената пешачка улица што не се поплочи и никогаш не беше уредена, си остана асфалт, со триаголничето од дрвца пред магос и крпен асфалт и тротоари насекаде, а е исто прометна како Ул. Македонија

мене тоа што ме нервира е што ниеден плочник не е ни приближно унифициран со соседниот... као ок, улиците да имаат малце карактер, ама во рок од десет чекори мењаш четири плочници... за плоштадот што го унаказија и естетски и функционално, да не ни коментираме
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #902 Posted: 24-Apr-2020 at 14:18
Реконструкција на Трговскио Центар во Кочани. Мислам дека е скроз завршено, не сум излегол убаво да разгледам, ама фино изгледаше.


Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #903 Posted: 27-Apr-2020 at 19:59
Originally posted by JovanOdGjorche

Циркусот продолжува. Се вадат дрвјата од плоштад Македонија.
Првземено од Твитер.


Originally posted by Théoden

Толку ќе биде од дрвава, очекувам да се исушат кога ќе ги вратат, не се пресадуваат дрва откако ќе раззеленат.


Како што и реков, толку беше од нив. Од Твитер:





Edited by Théoden - 27-Apr-2020 at 20:00
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #904 Posted: 30-Apr-2020 at 08:13
Новиот плочник во центарот на градот.

Со нови дрвореди во “малиот ринг”









https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #905 Posted: 30-Apr-2020 at 08:20
ПО 8 МЕСЕЦИ ГОТОВ ПЛОЧНИКОТ ПРЕД ГТЦ, ДЕЛОТ ЗА „ШПАНСКИ СКАЛИ“ Е ПРИВАТЕН ИМОТ И НЕ МОЖЕ ДА СЕ РЕНОВИРА, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ

Просторот пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Портата конечно е слободен за движење. Град Скопје, осум месеци откако почна со реконструкција и менување на изгледот на овој цел на центарот на градот, деновиве заврши со градежните работи.

Долж патеката засадени се дрвја, поставени клупи и корпи за отпадоци. Во делот кај Портата поставени се хидраулични столпчиња, за да се спречи влез на автомобили на Плоштадот Македонија.
Простот пред трговскиот центар „Лумикс“ не е опфатен со реконструкцијата и тој сега е раскопан и заграден со огради. Од Градот објаснуваат дека овој простор не може да се реновира бидејќи е приватен имот, односно за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ова државно земјиште беше продадено на албанската фирма „Амадеус груп“, која тука требаше да ги гради т.н. „Шпански скали“.

За продажбата на државното земјиште за изградба на „Шпанските скали“, Обвинителството за организиран криминал и корупција во декември лани поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште против 10 службени лица од Министерството, од Катастар, против нотар, поранешен заменик правобранител и бизнисмени. Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност за договори за продавање на државно земјиште во центарот на Скопје за таканаречените „Шпански скали“, проект кој требаше да биде дел од „Скопје 2014“. Договорите за земјиштето биле дополнувани со анекси и покрај тоа што не биле исполнувани условите за тоа. Во обвинението се вели дека со своите дејствија обвинетите предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 2,6 милиони евра.

А. АНТЕВСКА


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-8-mesetsi-gotov-plochnikot-pred-gtts-delot-za-shpanski-skali-e-privaten-imot-i-ne-mozhe-da-se-renovira-velat-od-grad-skopje/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #906 Posted: 30-Apr-2020 at 09:05
Претпоставувам по едно евро квадрат го има продадено просторот ВМРО, како и цела држава за едно евро што се распродаде за легализирање на дивоградби. Нека им го земат со сила сега за едно евро квадрат и нека го досредат.
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #907 Posted: 30-Apr-2020 at 09:16
Доволно е една одлука на суд за да се врати земјиштето во државна сопственост, претпоставувам чекаат на такво нешто со оглед на тоа што го раскопале, доколку не смееле да го чепкаат ич тоа парче, немало ни да го отстранат претходниот слој плочки.
ಠ_ಠ
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12955
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #908 Posted: 30-Apr-2020 at 09:19
А можат барем трева да посадат, тоа не чини многу, а визуелно ќе смени доста,
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4698
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #909 Posted: 30-Apr-2020 at 09:47
Намерно оставено вака, и многу паметно изиграно од PR аспект. Makes me giggle.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 651
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #910 Posted: 30-Apr-2020 at 12:44
Одличен PR, баш кога се понадевав дека ќе се се реши цел тој потег, ете нова идиотска ситуација која ќе трае до недоглед. Зарем паркот кај Железничка не е на приватно земјиште? И да, треба низ соодветна постапка државата да си го врати земјиштево.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2060
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #911 Posted: 30-Apr-2020 at 13:08
Има судење за ова:

Миле Јанакиески оди на уште едно судење: Прифатено обвинението за „Шпански скали“

28 февруари, 2020

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати во целост обвинението против 11 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, предмет познат како „Шпански скали“.

(...)

Јанакиески, како првообвинет, и вработени во Министерството за транспорт и врски, во Катастар, нотари и бизнисмен, се осомничени дека склучиле 4 договори за продажба на државно земјиште – на кое требало да се изградат хотелски комплекси. Една од парцелите била наменета за изградба на Шпанските скали.

(...)

Јанакиески, како првообвинет, и вработени во Министерството за транспорт и врски, во Катастар, нотари и бизнисмен, се осомничени дека склучиле 4 договори за продажба на државно земјиште – на кое требало да се изградат хотелски комплекси. Една од парцелите била наменета за изградба на Шпанските скали.

Според ОЈО, тие во периодот од 21.12.2010 година до 8.8.2018 година, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и не иницирале постапка за раскинување на договорите за отуѓување на градежно земјиште и враќање на градежното земјиште во државна сопственост, ниту наплатиле договорна казна со што овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист.

(...)

https://360stepeni.mk/mile-janakieski-odi-na-ushte-edno-sudene-prifateno-obvinenieto-za-shpanski-skali/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4698
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #912 Posted: 30-Apr-2020 at 13:12
Originally posted by <Fresno>

Одличен PR, баш кога се понадевав дека ќе се се реши цел тој потег, ете нова идиотска ситуација која ќе трае до недоглед. Зарем паркот кај Железничка не е на приватно земјиште? И да, треба низ соодветна постапка државата да си го врати земјиштево.


Се надевам дека како резултат на ова ќе усвојат и закон за присилна експропријација за да се решат сите булевари, автопатишта, мостови и што уште не. Мислам дека и ова би спаѓало во таа категорија.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 651
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #913 Posted: 30-Apr-2020 at 16:05
Дефинитивно. Инаку баш убаво се гледа на последната слика каква катастрофа ќе беше тој објект, а и каков непотребен чир е Лумикс.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 169
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #914 Posted: 30-Apr-2020 at 17:08
Какви само можности ќе има за уредување на просторов кога би се тргнал Лумикс и би се завршила поранешната зграда на ЕВН...
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #915 Posted: 30-Apr-2020 at 20:03
Трговскиот во Кочани компетно завршен и со осветлувањето:




Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 927
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #916 Posted: 30-Apr-2020 at 20:08
Одлично, добивме уште стеснување на главниот плоштад браво за сите вклучени, и претходни и сегашни власти, бидејќи кој е казнет сега со ова, да не е казнето ВМРО случајно
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #917 Posted: 30-Apr-2020 at 22:55
Јас не сум толку оптимист за плоштадот во Скопје. Прво, зошто го ископаа идиотите местото ако немаа намера да го прават. Второ, да не случајно некој ги тужи ако поставеа 100 квадрати плочки на тоа место (па макар и бехатон).

Од случаите од бомбите, досега само еден лик замина зад решетки, и тоа некој спореден анонимец. Кога за 5 години ќе привршува судењето на Миле за Шпанските скали, агресивен кариес ќе се појави кај некој поротник, па одново ќе почне судењето за уште 3 години, па во меѓувреме и адвокатот ќе заборави македонски оти многу време поминало...
Матна е ситуацијава со грдата ограда на сред плоштад, а јас би типувал дека ќе останат тие решетки со години. Многу би сакал да сум грешка.

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #918 Posted: 30-Apr-2020 at 22:57
А патем браво за Кочани, а и за плоштед „Македонија“, убаво испаднаа и двете . Убави прмери за колку многу промена може да се направи со не многу пари. Само желба треба и тро идеа.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 927
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #919 Posted: 01-May-2020 at 17:37
Кочани е одлично, а овој дел од плоштадот во Скопје воопшто не е уреден со малку пари. Да не заборавиме дека ова задоволство на плочки и пар дрвја (бонус ограден неизграден дел) чинеше пола милион евра.

Јас само би прашал, кога работеа на тој простор немаше проблем дека е приватен? Исто кога на истиот тој простор беше поставен Винтерленд и самата Елка?
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 440
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #920 Posted: 01-May-2020 at 18:07
А добро, не постои некаков начин (од правен аспект) тоа делче градот да го откупи?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.