build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Од светот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Falcon View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2012
Location: Canada
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Falcon Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Од светот
    Posted: 17-Jun-2012 at 02:52
Ви постирам еден урбан мега проект за трансформирање на брегот на езерото Онтарио во градот Торонто. Се состои од повеќе индивидуални проекти во чија реализација се вклучени сите нивоа на влада (федералната, провинциската и локалната), како и приватниот сектор. Има многу модерна нота. Погледнете овде за повеќе детали:

http://www.waterfrontoronto.ca/
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Jun-2012 at 03:01

Interesting!

Е можеби вака, по овој пример требаше да се среди Скопје. Тогаш не верувам дека некој воопшто би имал проблем. Иако можеби овој случај во Торонто изобилува со паркови и спортски содржини кои и не се толку многу соодветни за централното градско подрачје на Скопје, концептот, начинот и пристапот на разработка и реализација на вака голем проект, мислам дека требаше да се применат и во Скопје.



Edited by FoSsiL - 17-Jun-2012 at 03:02
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 18-Jun-2012 at 01:41
Originally posted by FoSsiL

Е можеби вака, по овој пример требаше да се среди Скопје.
Потпис!

Пристапот и сериозноста во планирањето, третманот на јавниот простор, транспарентноста на целиот процес, очекувано се на највисоко ниво. Ама еве и нека не беа на највисоко ниво, сепак во нормална па и полу-нормална средина не може да се забега премногу вон овие императиви. А како ние во Скопје забегавме во комплетна спротивност, ќе имаме време да анализираме долги децении нанапред, додека уживаме во „благодетите“ од Скопје 2014 и се она со кое проектот секојдневно се збогатува.


Edited by Cloverstack - 18-Jun-2012 at 01:41
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 695
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Jun-2012 at 02:02
Hey Falcon, thanks for introducing Toronto related topics to the forum!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Jun-2012 at 02:09
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by FoSsiL

Е можеби вака, по овој пример требаше да се среди Скопје.
Потпис!

Пристапот и сериозноста во планирањето, третманот на јавниот простор, транспарентноста на целиот процес, очекувано се на највисоко ниво. Ама еве и нека не беа на највисоко ниво, сепак во нормална па и полу-нормална средина не може да се забега премногу вон овие императиви. А како ние во Скопје забегавме во комплетна спротивност, ќе имаме време да анализираме долги децении нанапред, додека уживаме во „благодетите“ од Скопје 2014 и се она со кое проектот секојдневно се збогатува.

Да. Никој не оспорува дека Скопје навистина требаше да се среди, и да се подобри состојбата во која што се наоѓаше. Но начинот кој го одбраа за да го направат тоа е тотално погрешен. И незнам зошто многу луѓе неможат да го сфатат тоа. Никој нема против Скопје да се среди, само како се прави тоа е навистина загрижувачки. 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 18-Jun-2012 at 02:12

Originally posted by macedonia

Hey Falcon, thanks for introducing Toronto related topics to the forum!

+1

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Jan-2014 at 01:25
ВИДЕО: Вака ќе изгледа „Белград на вода“ – проект вреден 2,5 милијарди евра

Водачот на проектот “Белград на вода”, Срѓан Рупар, изјави денеска дека првата фаза на работите би можеле да почне во септември, а веќе е во тек организацијата на работата и подготвителните активности.

Според договорот со тимот на Ал Абар, кој веќе престојува неколку дена во Белград, во првата фаза на проектот “Белград на вода” ќе се изгради кула висока 180 метри и голем трговски центар на десната страна на реката Сава.

Кулата, како онаа во Дубаи, ќе се вика “Belgrade tower” и ќе се наоѓа на брегот на реката, каде што се сега железнички пруги во сопственост на Српските железници.

Според разговорите што се воделе неодамна, речиси 80 проценти од пругата може да се стави надвор од работа и да се преселат за шест месеци.
Водачот на проектот “Белград на вода”, Срѓан Рупар, изјави денеска дека првата фаза на работите би можеле да почне во септември, а веќе е во тек организацијата на работата и подготвителните активности.

Според договорот со тимот на Ал Абар, кој веќе престојува неколку дена во Белград, во првата фаза на проектот “Белград на вода” ќе се изгради кула висока 180 метри и голем трговски центар на десната страна на реката Сава.

Кулата, како онаа во Дубаи, ќе се вика “Belgrade tower” и ќе се наоѓа на брегот на реката, каде што се сега железнички пруги во сопственост на Српските железници.

Според разговорите што се воделе неодамна, речиси 80 проценти од пругата може да се стави надвор од работа и да се преселат за шест месеци.
      



http://brif.mk/?p=120610&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%259c%25d0%25b5-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b3%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b4-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b4
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 20-Jan-2014 at 03:58
Previous
колку леб имаме да јадеме за кај нас да се испочитуваат вакви посериозни проекти... избегнувам да гледам што се гради во други земји (или барем во која насока се планира) за да не навлезам во сериозна депресија...
сигурно фокусот на јавноста ќе биде кон проекти како кулата (за жал)... ама погледни го целиот проект човече... квартови според намена, индустриско наследство, огромна пешачка покриеност, но и пространи прометни булевари... некои работи дури ни како термини кај нас не се користат


Edited by zabegan - 20-Jan-2014 at 03:58
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 20-Jan-2014 at 21:35
Слабо нешто сплавови и галии?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Jan-2014 at 01:02
Белград ги има и за извоз и тоа за цел Балкан. Па на едниот од нив се прослави и Боки 13 каде што јадеше ќотек
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Jan-2014 at 02:34
Originally posted by fichot

Слабо нешто сплавови и галии?
шала на страна, истите чаршиски комплекси и фрустрации што се шират кај нас, ги има и кај нив (барем од тоа што можам да го видам што се коментира по интернетов)... НО, барем нивните комплекси не се преточени до тој степен во луѓето одговорни за градот и се насочуваат во барем некои корисни проекти
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Jan-2014 at 08:24
Не знам само од каде ви е енергијата и желбата да се споредуваме со Белград.
Неспоредливи се ниту демографски, ниту географски, ниту политички, ниту културно, па ни проектов не може да се спореди во ништо со СК2014. Ама тоа е, нашиот вечен копнеж, што викаат кај мене у градот "у туѓега батка поголема патка".

Знаев дека со лиги ќе ја почнете дискусијава уште пред да се отвори темата.

Каде има во Скопје простор за било што површински волуменски импресивно да се направи. Каде има толку вода во Скопје, па Вардар е поточе во споредба со Белград.

Плус и да се почне во Скопје нешто за што би можело да се надене атрибутот импресивен, ќе се јави Забеган како што еднаш ми реплицираше дека сме имале комплекси затоа сме сакале импресивни работи. А кога Белград ќе сака да направи нешто импресивно тоа не е затоа што имаат комплекси, туку затоа што си мислат за својата иднина и сакаат да им биде убаво, и им ракоплескаат, бравооо, така треба...


Edited by Bojan10 - 21-Jan-2014 at 08:28
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Jan-2014 at 09:23
Е така де. Кај бивало со Београд да се споредуваме. Се знае кај припаѓаме ние: Душанбе, Ашхабад, Бишкек и сл.(Хунзи релација)

Простор сме немале? Маџирмаало+појасот околу МТВ+Крњево малку е за да се поврзе во еден модерен урбан центар налик на оној во Београд? Е Дунав сме го немале, поток сме имале. Одлично, ајде да набутаме галии во него.


Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 21-Jan-2014 at 10:08
Немој да ми извртуваш зборови.
Јас сум против да се споредуваме со било кој град, а не па со Белград. Треба да бидеме единствени, уникатни, да не копираме.
Не го читаш форумов очигледно, затоа и не знаеш дека сум против квази бродовите во Вардар.

И твојот пост го потврдува она за што зборував, дека од чаламот си патиме.
Пази ја логиката, ако сум против да се споредуваме со Белград и со лиги да им завидуваме, тоа да ми ти значело дека сум сакал да се споредуваме со Ашхабад и Душанбе, па со Хунзи ми сврте конекција, а тоа што сум пишал дека Дунав не е Вардар да ми ти значело дека сакам галии во Вардар.


ЕДИТ: И како го замислуваш тоа со Маџир Маало и Крњево,таму можеби има 500 куќи, експропријација? Не знам, ајде предложи. 10% да не сакат да прифатат да ги продадат куќите за инает, така ќе останат како јазли и нема да можеш ништо сериозно да направиш. Па ни приватниците денеска не можат да им ги купат луѓето на некои што едноставно не сакаат да си ја продадат куќата, па гледаме назабени згради, а во забот старата куќа на непокорен сопственик на своето огниште. Ништо не е споредливо со проектов, само може да си фантазирате.
Фантазирање:
Што прават во Белград? Нов урбан блок, населба.Ееееј, ајде и ние.
Каде ја прават? Покрај река. Ееее па и ние имаме река, ајде и ние негде покрај Вардар.
Каде би можеле покрај Вардар? Види ги Маџир Маало и Крњево на што личат, таму ќе направиме.
Ама чекај, луѓе живеат таму, многу, нивни се куќите. Па неспособна држава, кој им дозволил така селски да се организираат во сред Скопје, да сме некоја држава ќе ги срушиме, кој ги ..., и ќе си направиме убава урбана целина...


Edited by Bojan10 - 21-Jan-2014 at 10:42
Од чаламот си патиме!
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Jan-2014 at 15:05
Не се работи за копирање (патем ние пази ептен оригиналните) туку за следење или, доколку претходново звучи потценувачки, држење чекор со современите трендови во урбанизмот.
Београд тоа го прави, ние не. И ова во Београд колку што гледам е само план, на видеово барем. Има уште еден „Београд на воду“ план само од другата страна, покрај Сава, кај Железничката.
И ние имаме план за Крњево и МаџирМ. Еве, земи, спореди ги и најди 5 разлики.

Извини што не сум ти запамтил сите останати 58 коментари за да знам кај ти лежи душата.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Jan-2014 at 15:09
Патем, не знам ти како го замислуваш развојот на овие две маала. Дал да си остане ко што е, или секој посебно да продава како ќе му текне и да правиме ново Дебар Маало, Буњаковец и сл.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Jan-2014 at 20:44
не ми беше поентата да си патам од чаламење (патем тоа ужасно ме нервира, ете и сам си напомена)... поенатата ми беше да ја нагласам сериозноста на проектот, во споредба со нашиве урбанистички ретардации... и сето тоа нема врска со политичко-економска состојба, степен на развој и слично... зборам само за сериозноста на проектирањето
мене не ми прави лиги волуменот на проектот, монументалноста, нити пак тоа што е на вода, нити кулата, туку ми прави лиги проектантскиот пристап кон просторот кој е на располагање, степен на сериозност што кај нас го нема... и сам точно наведов што точно ме импресионира и не знам каде има тука проблем? не сакам кули од 180 метри, туку само сакам малку осет за тоа што е најбитно во урбанизмот во денешно време
значи не ми е поентата да си мерам сили со Белград, или пак се водам според детски желби во стил „сакам и ја“ (кои се потеклото на дебилизми како Ск2014) и искрено во тие ипресии заборавив дека се работи за Белград, а и не ми беше гајле за кој град се работи

и да, Маџир маало може да се срамни со земја за да се направи простор за нешто подобро, затоа што Маџир маало нема никаква форма, намена или естетика што е поврзана со просторот, а од друга страна пак, не содржи никаква поголема вредност за да биде презервирано по секоја цена... и таков проект може да се истера, не е проблем, си има цивилизирани начини како... само во земја како нашава може еден сељак да му крои судбина на центарот само затоа што сакал палата да има...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 21-Jan-2014 at 23:53
Ви се извинувам на двајцата, малце се изнервирав...

Ама пак мора да прашам, каков е тој цивилизиран начин за рушење со земја?
Добар ден, добар ден. Шо викаш ти брат да ти ја срушиме куќата и твојата и цело Маџир маало и да направиме нешто што ќе го личи градот. И како приватниците ќе му кажеме, добиваш 2 стана и дуќан, ќе се пазариме некако.
Или, добар ден, добар ден, донесено е решение дека местото на кое се наоѓа вашата куќа е од државна важност, ќе биде извршена експропријација, ќе бидете обештетени, барајте си ново живеалиште.

Најцивилизиран начин е да се изработи проект, и да се стави на референдум кај жителите на тој урбан блок, со прашање: " Дали сакате да учествувате како бизнис партнери во овој проект со процент во вкупната цена кој соодветсвува на вредноста на вашето земјиште и живеалиште?"

Мал а површина има Маџир маало, километри се во прашање во проектот Белград на вода.

Јас би ја избрал следнава површина за сериозен проект.

Да се доврши железничката, да се застакли НБРМ да се, да се,...фантазирање

Edited by Bojan10 - 22-Jan-2014 at 08:37
Од чаламот си патиме!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2345
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Jan-2014 at 11:45
Originally posted by fichot

Е така де. Кај бивало со Београд да се споредуваме. Се знае кај припаѓаме ние: Душанбе, Ашхабад, Бишкек и сл.(Хунзи релација)

Простор сме немале? Маџирмаало+појасот околу МТВ+Крњево малку е за да се поврзе во еден модерен урбан центар налик на оној во Београд? Е Дунав сме го немале, поток сме имале. Одлично, ајде да набутаме галии во него.




Ние припаѓаме во друштво со Ашхабад? Биди сериозен, ти се молам. Сакаш да кажеш дека Скопје е во исто друштво со главниот град на земјата кадешто бесплатно добиваат струја, вода и гас?! И да трошат на будалаштини, им се може. Но Скопје не може да си го дозволи тој "луксуз".
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Jan-2014 at 12:13
Originally posted by phenomenon

Originally posted by fichot

Е така де. Кај бивало со Београд да се споредуваме. Се знае кај припаѓаме ние: Душанбе, Ашхабад, Бишкек и сл.(Хунзи релација)

Простор сме немале? Маџирмаало+појасот околу МТВ+Крњево малку е за да се поврзе во еден модерен урбан центар налик на оној во Београд? Е Дунав сме го немале, поток сме имале. Одлично, ајде да набутаме галии во него.




Ние припаѓаме во друштво со Ашхабад? Биди сериозен, ти се молам. Сакаш да кажеш дека Скопје е во исто друштво со главниот град на земјата кадешто бесплатно добиваат струја, вода и гас?! И да трошат на будалаштини, им се може. Но Скопје не може да си го дозволи тој "луксуз".



А имааат ли бесплатно скијање за пензионери?   

Постот се однесуваше за сличноста во естетиката.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.