build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Илинден

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Илинден
    Posted: 02-Sep-2012 at 12:15

Незнам дали е добра секцијава за отварање на нишкава, но нека биде...

Целта ми е да и дадеме поширок осврт на населбата Илинден (заедно со Марино), но и на општината Илинден, која според мене мислам дека е една од ретките општини во државава кои си ја сфатиле работата сериозно... 

Една работа која ме багува... е тоа што, кога веќе е одделена административно од Скопје, а со оглед на површината, а и бројот на население кој и не е така мал во споредба со други населени места во државава кои се сметаат за градови... Зошто населбава Илинден не прерасне во град... Мислам дека може да и се даде шанса, и дека со мала помош од државата, населбава ќе стане градче од над 10 000 жители...

Како за споредба, би била поголема од Кратово, Ресен, Пехчево, Берово, Крушево, итн... 

И би била на некое ниво на Делчево, Виница, и евентуално Неготино....

Но мислам дека ако работите и тргнат како што треба, а и веќе и се тргнати, и со мала помош од државата само ќе се убрзаат, е дека за некои 5 години или евентуално но 2020, населбава Илинден би прераснала во град од типот на Дебар, Гевгелија, Радовиш или евентуално Струга... односно градови со население од 15 000 - 16 000 жители... Но би бил во многу поповолна позиција, со оглед на тоа дека граничи со Скопје... 

Еве две сателитски снимки, да ви даде претстава за што станува збор.... да напоменам, дека тоа е денешната состојба, односно од 2011 година...

Во однос на Скопје... особено споредете со урбаниот дел на Аеродром, или пак со Центар... 

 

Исто така, сакам да побарам од модераторите сите материјали кои се поврзани со општина Илинден и со нејзините предвидени индустриски, станбени, мултифункционални зони и друго.... ако сметаат дека е добро да се префрлат во нишкава...


Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 02-Sep-2012 at 13:12



Општина Илинден во функција на локалниот економски развој, го донесе урбанистичкиот план за локалитетот Јака, со намена за домување во семејни куќи и хотелско сместувачки капацитети.

На овој локалитет предвидено е на површина од 28 хектари, да се изгради забавен парк, спортски терени, простор за собири, трговски центар, изградба на хотелско сместувачки капацитети како и да се изгради нова урбана населба која ќе опфаќа 500 градежни парцели за домување. 

На овој начин Општина Илинден водејќи се кон својата цел за прераснување од рурална во урбана и атрактивна општина, продолжува со создавање на услови за одржлив економски и социјален развој како и овозможување на квалитени просторни услови за живеење. 

Објавите за продажба на градежните парцели за изградба на семејни куќи ќе бидат објевени во текот на месец септември, преку електронско наддавање со почетна цена од 1 евро по метар квадратен.

http://www.ilinden.gov.mk/



I use public toilets and I piss on the seat.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Sep-2012 at 15:27
Го делам мислењето дека Илинден треба да биде посебно гратче! Според мене, природно е спојувањето меѓу Илинден, Марино, Мралино и Кадино.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Sep-2012 at 20:34
Интересна тема Fosil. Моја прва дилема е каде и како во правниот систем е регулиран статусот град/село/населба/вотевер.
BTW каква помош од државата имаш на ум?

Инаку гледајќи ја населбата некако е премногу аморфна, нема некаков центар на гравитација, а уште помалку нешто што би наликувало на вистински центар. Мислам дека локалните власти треба да утврдат најповолна локација и да почнат да оформуваат таков центар пополнувајќи го со соодветни содржини. Инаку Илинден ќе продолжи да биде само едно големо село.



Originally posted by FoSsiL

Исто така, сакам да побарам од модераторите сите материјали кои се поврзани со општина Илинден и со нејзините предвидени индустриски, станбени, мултифункционални зони и друго.... ако сметаат дека е добро да се префрлат во нишкава...
Мислам дека ова не би било добро, проектите се веќе организирани според намената и не би било добро да воведуваме шаренило во критериумите - некаде да ги организираме според намена, а некаде според локација. Тоа би создало хаотична структура и многу забуни. Мислам дека најдобро е овие нишки во субфорумот „урбанистички целини“ да останат конкретно за тоа, односно општа дискусија за самите урбанистички целини, а не за сите конкретни проекти кои се одвиваат во нив.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Sep-2012 at 22:05

Originally posted by Cloverstack

Моја прва дилема е каде и како во правниот систем е регулиран статусот град/село/населба/вотевер.

BTW каква помош од државата имаш на ум?

За законските регулативи и критериуми мислам дека е најдобро да одговори ОСВ, но како и да е, сигурен дека постојат некои.

А околу државната помош. Па мислам во сфери како што се:

- Образованието (иако веќе постојат основни, а колку што знам тоа модуларното сега што го изградија има и средно образование)

- Здравството (најверојатно постои поликлиника, но кога веќе би се оформувал како град, би било добро да прерасне во градска болница, која ќе дава повеќе услуги, а во случај да не постои, не ми замерувајте не сум добро запознаен, секако да се изгради една)

- Да се отворат канцеларии на што е можно повеќе државни институции од кои ќе има потреба (пример: Катастар, МВР, итн... )

- Евентуално да се оформи еден основен суд со мал персонал

- Евентуално некои дисперзирани студии од некој факултет, зависи од потребата, но со оглед дека е прилично добро индустриски развиена и има доста земјоделска површина, може нешто во контекст на тоа да се направи...

- да постават неколку споменици LOL (се шегувам)

Како и да е... Ќе има потреба од оној иницијален боост... Можеби доста работи и пропуштив.... а има и доста работи што општината сама ќе треба да ги заврши, бидејќи со децентрализацијата не се обврска на државата, но кога веќе може да се меша кај што треба и не треба... мислам дека може да потпомогне и тука...

Од друга страна ова може и да не е баш најдобра и најисплатлива идеја, но мислам дека Илинден има капацитет и потенцијал и мислам дека треба да му се даде шанса....

Originally posted by Cloverstack

Мислам дека ова не би било добро, проектите се веќе организирани според намената и не би било добро да воведуваме шаренило во критериумите - некаде да ги организираме според намена, а некаде според локација. Тоа би создало хаотична структура и многу забуни. Мислам дека најдобро е овие нишки во субфорумот „урбанистички целини“ да останат конкретно за тоа, односно општа дискусија за самите урбанистички целини, а не за сите конкретни проекти кои се одвиваат во нив.

Да, кога ќе размислам уште еднаш.... Се согласувам...





Edited by FoSsiL - 02-Sep-2012 at 22:06
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Sep-2012 at 00:06
Бидејќи имам роднини во Илинден, би можел да одговорам на неколку прашања:

Населба Илинден во последните 15 години се има неверојатно трансформирано, и слободно можам да кажам дека од статус на неугледно село се издигна во сосем прифатлива урбана приградска населба. Може да се рече дека околу Домот на Културата има оформено нешто што би можеле да го наречеме како „центар“, а со последната инвестиција на спортски терени во с.Марино, поголем дел од населбите во Скопје можат да позавидат. Секако дека сеуште има доста работа, но доста е и сработено. Мал проблем е што од Илинден до Кадино потегот е скроз лонгитудинален, не е прстенест, можеби затоа и вака „од горе“ изгледа дека нема баш центар на гравитација, но не верувам дека е тоа некој пресуден проблем.

Инаку од институции, мислам дека веќе има МВР оддел во Илинден, а за катастар и слични филијали не би се сложил дека се потребни бидејќи сепак е на само 25км од Скопје.

Кога реков да се формира како град, мислев повеќе на тоа дека и сите населби кои се барем малку одделени физички од Скопје, треба да си фигурираат како посебни единици на локалната самоуправа, а не сите да влезат во Град Скопје. Вакви се и Сарај, Волково, Арачиново, Илинден-Марино-Кадино, како и Трубарево-Нова Колонија-Идризово, па и Петровец на пример. Нека има некоја Скопска Околија во која сите би влегле, но никако да бидат дел од Град Скопје. А од сите овие што ги набројав, само Илинден-Марино-Кадино според мене е доволно урбана средина која има потенцијал да биде обележана како „град“.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Sep-2012 at 01:33

Можам да се согласам....

Јас незнам што е потребно за едно населено место да биде град, јас само кажувам дека има голема можност да биде град. И дека во случај да не исполнува некои критериуми за да стане, да биде потпомогнато од државата.



Edited by FoSsiL - 03-Sep-2012 at 01:33
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
TIM View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Aug-2012
Location: Debar
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote TIM Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Sep-2012 at 02:59
Ilinden e mnogu blisku do Skopje i vekje e del on Greater Skopje pa do 2020 nema ni da mislime za poseben grad posto veke ke bide del od glavniot grad.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Sep-2012 at 03:33

Ама дефиницијата за град не кажува дека градовите мораат да бидат одделени едни од други.

Некое населено место да биде град, значи повеќето од потребите и обврските на граѓаните, но и што повеќе функции и активности да можат да се извршуваат во истиот. Зборот ми е, да биде што е можно понезависен. Тоа не значи нема да има потреба од регионалните поголеми центри, како што е во случајов Скопје. Но оние секојдневни активности би можеле да се извршуваат во него, без (но и не задолжително) Скопје да биде вмешано во целата приказна.

Дури ако гледаме реално и Аеродром може да се смета за некој полу-град, затоа што зависноста од останиот дел од Скопје се повеќе се намалува... Но сепак, врската која постои помеѓу Скопје и Аеродром (а тоа најмногу е забележително со средното и високото образование, но и со работните места кои се дисперзирани низ цело Скопје) е многу поголема отколку онаа што ја има Илинден со Скопје....

ПС: Тоа не значи дека треба да си се затвориме во градовите и да не излегуваме од нив...

И уште нешто што сакав да кажам за Илинден, а тоа е дека може полека да прерасне во локално-регионален центар, нешто како олеснителна околност за Скопје, би било нешто како пред-Скопје.... Со што сите околни општини со нивните населби и села, како што се: (што ги спомна Гиж) Нова Колонија, Идризово, па дури и Трубарево кое е прилично блиску до Скопје, потоа Петровец, ‘Ржаничино, Миладиновци, Бунарџик, ТИРЗ Бунарџик, Ајватовци, па дури може и Арачиново евентуално, и дури и Аеродромот, зоната и селото Ќојлија, прво да гравитираат околу Илинден, а потоа околу Скопје, со што Скопје малку би се растеретил... 

Со еден збор да Илинден може да биде регионален центар на "Источен Скопски регион", колку што знам тој дел се вика Скопска Блатија, но сепак Илинден не спаѓа во таа област... 



Edited by FoSsiL - 03-Sep-2012 at 03:48
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 03-Sep-2012 at 04:24
А да... Кога сме кај прераснувањето во регионален центар, државата може да помогне со изградба ревитализација на локални и регионални патишта во овој регион...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 10-Oct-2012 at 16:30

Поставен камен темелник на првата станбена зграда во Општина Илинден

Урбани Вести | Објавено во 16:26

Во населено место Марино, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски  постави камен темелник на првата станбена зграда која што ќе никне на територијата на Општина Илинден.

Станува збор за деловно-станбен објект што ќе се простира на површина од 1.660 метри квадратни, на пет нивоа, со 22 стана и два деловни објекта.

Предвидено е да има станови со различни површини и тоа од 40, 60, 70 и 125 метри квадратни, како и подземна гаража.

Инвеститор на објектот, што го гради фирмата “Периш градба”, е Ненад Јанвески. Целокупната инвестиција изнесува 750.000 евра, а градежните работи треба да завршат во рок од 9 месеци.

Ова е првата од предвидените 4 станбени згради што ќе бидат изградени во близина на спортскиот комплекс во Марино.

http://skopjeid.com/2012/10/10/postaven-kamen-temelnik-od-prvata-zgrada-vo-ilinden/

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Oct-2012 at 22:44

Што ви зборев... Илинден полека полека ќе се стане посебно градче... 

Мислам дека може информацијава да оди и во таа нишка... 

Патем... Вакви згради колку што можам да видам по рендеров... да се градеа во Скопје... поличен ќе ни беше градов... Едно Скопје неможе да сеуште да ја отфрли таа одвратна транзициска архитектура... А една приградска населба на Скопје.... го шиша уште со првата зграда... Само да продолжат вака... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11627
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Feb-2018 at 14:54
Населбата Јака во Илинден

За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.