build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 30>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 07-Apr-2019 at 20:13
Цевкиве конечно ќе одат под земја или над земја ќе им биде финалната положба?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 08-Apr-2019 at 11:20
Па, би требало, вака се ставени само за фотографирање.
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 21-Jan-2020 at 22:44
Истражував некои работи деновиве во врска со гасоводот во Мк и ај што нема скоро никакви информации, туку нема ниту една официјална мапа. Успеав да најдам некои информации од министерство за економија и Национални енергетски ресурси, па така ја склопив следнава мапа за да го документираме магистралниот гасовод во актуелната состојба.

Според некои други информации од министерство за економија успеав да откријам дека постојат веќе изработени проекти или се планираат за гасоводни делници:
- Штип - с. Хамзали
- с. Хамзали - с. Стојаково (граница со Грција)
- Кичево - Охрид - Струга - Ќафасан
- Битола - Ресен - Охрид

но одлучив да не ги вклучам во мапата бидејќи проекти посекако лежат по фиоки во Македонија 20-30 години. Ако некој има дополнително инфо или открие некоја грешка, пишете.

Магистрален гасовод v20200121 by ironm, on Flickr


Edited by ironm - 21-Jan-2020 at 23:16
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 21-Jan-2020 at 22:55

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 18-Feb-2020 at 14:32
Гасоводот од Грција во државата ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково

Претставници на претпријатието „Национални енергетски ресурси“ денеска го информираа гевгелискиот градоначалник дека гасоводот од Грција во нашата земја ќе влезе меѓу селата Богородица и Стојаково.

Гасоводот ќе поминува кај селата Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде споена со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Проектот треба да биде реализиран до крајот на годинава, а за приклучувањето на Гевгелија на интерконекторот ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицирала за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Интерконекторот ќе овозможи државата да се приклучи на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море.

Сега Македонија е приклучена преку една точка на гас во Бугарија, и се очекува преку интерконекторот да бидеме приклучени на други извори и со тоа да се зголеми конкурентноста на испорака на гас во државата.

https://meta.mk/gasovodot-od-grczi%d1%98a-vo-drzhavata-%d1%9ce-vleze-me%d1%93u-selata-bogorodicza-i-sto%d1%98akovo/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 06-May-2020 at 13:21
Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со одредени застои поради корона кризата

Решавањето на имотно-правните односи и усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба, предизвикаа одредени застои во изградбата на гасоводната мрежа за време на овие два месеци откако трае кризата со корона вирусот, вели директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи во разговорот за „Мета.мк“.
Ние ги направивме сите напори за да продолжи реализацијата на проектите, и успеавме во тоа. Но, нормално дека не е возможно во време на пандемија се да оди според предвидената динамика. Застоите беа во решавање на имотно-правните односи, бидејќи беа одложени сите расправии во управата за имотно-правни работи. Вториот проблем е усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба, бидејќи се чекаат мислења од различни институции, и во време на пандемија тоа оди многу споро, но и ред други проблеми,“ вели Реџепи.

Директорот на НЕР информираше дека делницата Неготино – Битола, е скоро 90 проценти изградена. Оваа делница, ако нема да се појават други дополнители проблеми би требало да биде завршена до средина на оваа година.

„На делницата, Скопје-Тетово-Гостивар, имаме поголем застој, и помала реализација, заради причините што ги спомнав погоре, и сигурно дека ќе ни треба повеќе време да го завршиме целосно,“ додава Реџепи.

Изградбата на преносната мрежа, како што информираше директорот на НЕР и после завршувањето на сегашните делници ќе продолжи да се развива. Ќе се затвори прстенот Гостивар-Кичево-Охрид-Битола, и ќе се градат краци до сите градови околу прстенот, како и другите интерконекциски водови према Бугарија, Косово, Србија и Албанија.

„Тоа е во нашите среднорочни и догорочни планови. Дистрибутивната мрежа ќе почне да се гради после завршувањето на постапката за јавно-приватно партнерство, и потпишување на договорот со приватниот партнер. Првата фаза која ги опфаќа поголемиот дел од општините а со тоа и поголемиот дел на потрошувачите ќе се гради во првите четири години, но ќе се развива се до завршување на концесискиот период,“ додава тој.

Според последната одлука на Владата, јавниот повик за ангажирање на приватен парнтнер за изградба на дистрибутивниот систем за природен гас на целата територија на државата трае до 9 јуни, но според Реџепи ситуацијата може да го поремети текот во оваа прва фаза на воспоставување на јавно-приватно партнерство и тој рок да биде одложен.

„Мое лично мислење е дека треба да се продолжи рокот, бидејќи имаме ситуација на затворени граници многу долг период, и можеби повеќе компании не биле во можност да ја подигнат тендерската документација. Така нив ги ставаме во нерамноправна положба. Но, сепак владата како концесионер е таа што треба да одлучи за продолжување на рокот на првата фаза,“ потенцира Реџепи.

Услов во тенедерската документација за јавното-приватно партнерство е приклучокот на семејствата во системот да чини не повеќе од 100 евра. Реџепи вели дека ако тендерот биде завршен успешно, цената за приклучок сигурно ќе биде 100 евра, или можеби и помала.

https://meta.mk/izgradbata-na-gasovodnata-mrezha-se-odviva-so-odredeni-zastoi-poradi-korona-krizata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 07-May-2020 at 14:31
Во завршна фаза е проектирањето на интерконективниот гасовод кон Грција

Активностите околу интерконективниот гасовод кон Грција, кој на државата ќе ѝ овозможат да се приклучи на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море, се одвиваат спред предвидената динамика, изјави за „Мета.мк“, директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи.

„Веќе е изработена студијата за влијанието врз животната средина, и во завршна фаза е проектирањето. Бевме во интензивна комуникација со сите инволвирани страни во изминатиов пердиод и јас не очекувам дека ќе имаме застои од наша страна,“ вели Реџепи.

Сега Македонија е приклучена преку една точка на гас во Бугарија, и се очекува преку интерконекторот да бидеме приклучени на други извори и со тоа да се зголеми конкурентноста на испорака на гас во државата.

Гасоводот ќе поминува кај селата Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде споена со него на приклучната станица која ќе се гради на влезот од градот.

Проектот треба да биде реализиран до крајот на годинава, а за приклучувањето на Гевгелија на интерконекторот ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицирала за негова изработка на објавениот повик од амбасадата на Шведска, УНДП и Министерството за локална самоуправа.

Реџепи исто така информираше дека изградбата на гасоводната мрежа се одвива со одредени застои поради корона кризата, а најголеми пречки се решавањето на имотно-правните односи и усвојувањето на инфраструктурните проекти за измените во тек на градба.

https://meta.mk/vo-zavrshna-faza-e-proektiranjeto-na-interkonektivniot-gasovod-kon-grczija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 21-Jun-2020 at 13:49
Гасоводот преку Водно доцни, има технички проблеми кај Сопиште и кај Шишево

Две години откако беше најавена како приоритетен инфраструктурен зафат и претставена како единствено решение за побрзо завршување на гасоводот и за побрза гасификација на полошкиот регион, трасата на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар преку падините на Водно сè уште не е завршена, а на неа последниве месеци не можат да се забележат никакви градежни работи. Посетителите на Водно и рекреативците изминативе месеци можеа самите да се уверат дека цевките долж трасата на гасоводот само делумно се поставени, некаде не се споени, а целиот потег, на кој беа исечени стотици кубни метри шума и раскопани падините и шумските патеки, сè уште стои неуреден, онака како што што беше кога започнаа градежните работи на гасоводот во 2018 година.

Како што дознава Мета, причина за овој застој се техничките проблеми на две одделни локации на трасата на гасоводот преку Водно, над села Сопиште и Шишево. Проблемот кај Сопиште се појавил кога локалното население, револтирано дека цевките на гасоводот требало да поминуваат крај селските гробишта, барало измена на трасата во тој дел, а на другиот крај на Водно, над селото Шишево пред влезот во клисурата Матка, проблемот бил предизвикан од енормната косина на трасата и тесниот простор на кој се изведувале работите.

„Изградбата на делницата што поминува низ Водно, беше за неколку месеци, но уште не е завршена целосно, бидејќи нема технички услови за да се реализира хидротест“, признава и првиот човек на државното претпријатие Национални Енергетски Ресурси (НЕР), Бајрам Реџепи.

„Се појавија две непредвидени ситуации, на двете страни на Водно, кои што ги оневозможија техничките услови за хидротест. Од страната кај село Сопиште целото село застана пред барањето да се направи измена кај гробиштата ( имаше петиција од над 1.000 потпишани граѓани) и бевме принудени на измена“, вели тој.

Сепак, според Реџепи, сега овие проблеми се решени и штом завршат административните процедури околу изменетата траса, градежните работи ќе продолжат. „Измената кај гробиштата е во завршна фаза и очекувам дека инфраструктурниот проект многу брзо ќе биде усвоен“, додава директорот на НЕР.

Тој појаснува дека на другата страна, кај село Шишево, заради намалување на работниот појас, се појави нужна потреба од усвојување на нова методологија за заварување и спуштање на цевките во услови на екстремни наклони, на намален работен појас на 10 метри. „Оваа методологија е изработена и усвоена, така што очекувам дека оваа делница ќе биде целосно завршена и вратена во првобитна состојба“, додава Реџепи.

Од Го сакам Водно резигнирано коментираат дека очигледно било за џабе нивното навремено укажување токму на тие два потенцијални проблема со кои неминовно ќе се соочи трасата на гасоводот преку Водно. „Кога водевме кампања „НЕ НИЗ ВОДНО“, меѓу другото укажувавме и на тешката изводливост на проектот особено за спустот кај Шишево како и за цевководот кој минува низ гробишта. Тогаш беше поважно временски да се запази изградбата на гасоводот, иако ни признаа дека сме во право“, вели Татјана Стојановска од ГСВ.

Како што е познато, во септември 2018 година, наспроти протестите на активистите за зачувување на парк-шумата Водно, Владата го усвои предлогот да се продолжи изградбата на оваа делница токму низ највредните предели на Водно, обврзувајќи се да ја надомести штетата на уништеното зеленило. За таа цел, НЕР уште веднаш откако беше донесена одлуката, префрли милион денари на сметката на Град Скопје за ревитализација на шумата на планината и пошумување, но досега не е завршено ветеното засадување на нови дрвја.

https://meta.mk/gasovodot-preku-vodno-doczni-ima-tehnichki-problemi-kaj-sopishte-i-kaj-shishevo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 30-Jul-2020 at 15:13
Првата фаза од изградбата на гасоводот од ТИРЗ Скопје 1 до економска зона Марино-Кадино е завршена

Oпштина Илинден информира дека веќе е завршена првата фаза од изградбата на гасоводот „Приклучна делница 17б” во должина од 2.400 метри од Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 до локалната економска зона Марино-Кадино.

Од таму додаваат дека интензивно се работи на втората фаза од воспоставувањето гасоводен систем на трасата Марино – Кадино до локалната економска зона Ограѓа, во должина од 3.500 метри.

„Реализацијата на овој проект има за цел воведување на инсталации за стопански објекти во локалните економски зони во Општината со цел да се овозможи користење на гасот како енергетски ресурс,“ рече градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, кој денеска изврши увид врз работните активности.

Тој додаде дека гасификацијата ќе донесе намалување на трошоците за енергија и намалени емисии на штетните гасови во воздухот. Од локалната самоуправа велат дека гасификацијата на општина Илинден е еден од приоритетите во нивното работење.

https://meta.mk/prvata-faza-od-izgradbata-na-gasovodot-od-tirz-skopje-1-do-ekonomska-zona-marino-kadino-e-zavrshena/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 03-Aug-2020 at 15:47
Ќе се доцни ли и со почетокот на изградбата на секундарната гасификација во земјава?



https://alfa.mk/kje-se-docni-li-i-so-pochetokot-na-izgradbata-na-sekundarnata-gasifikacija-vo-zemjava/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 07-Aug-2020 at 14:43
Гасификацијата на Свети Николе ќе чини повеќе од 880.000 евра

Советот на Општина Свети Николе на последната седница ја усвои Стратегијата за гасификација, со која е предвидена изградба на примарна и секундарна мрежа во општината. Овој документ базиран врз Стратегијата и Физибилити студијата за гасификација на Македонија, предвидува главен приклучок од станицата кај селото Ерџелија и е со два крака, со кој се опфаќаат речиси сите општински институции и домаќинствата.

Студијата детално го разработува текот на двата крака, преку кои е предвидено приклучување и на други заинтересирани субјекти. Должината на примарната и секундарната мрежа е 13.865 метри.

При образложувањето на документот, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски кажа дека примарната дистрибутивна мрежа ќе чини 585.000 евра, додека секундарната 298.000 евра, или вкупно 883.000 евра.

„Околу исплатливоста – во првите четири години почнува употреба на мрежата, додека користењето на гасоводот е 20 години, со кумулативен приход за Општината во износ од 1.700.000 евра,“ рече Велковски.

По донесување на Стратегијата, претстои анкетирање на граѓаните околу интересот за приклучување кон гасоводната мрежа. Од исходот на оваа анкета ќе зависи кој ќе ја изгради и ќе ја стопанисува секундарната мрежа, дали тоа ќе биде општината преку јавно претпријатие, или преку јавно-приватно партнерство.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешки за изработувачот на Студијата и се посомневаа на веродостојноста на изнесените податоци.

„Со сета почит кон авторот на Студијата, Владимир Гилев, но тој е технолог по професија. Како да знаеме дека тоа што тоа го предвидел, може и да се оствари,“ праша Оливера Арсов од ВМРО ДПМНЕ.

Советот едногласно ја усвои оваа Стратегија, финански поддржана од Шведската агенција за развој и соработка (СИДА).

Од друга страна пак, Владата веќе одлучи дистрибутивната мрежа да се гради со јавно-приватно партнерство.

Првиот човек на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи во разговор за „Мета“, неодамна истакна дека општините можат да помогнат ако направат добри и одржливи проекти, бидејќи процесот до добивање на одобрение за градба е сложен и долг.

https://meta.mk/gasifikaczijata-na-sveti-nikole-kje-chini-povekje-od-880-000-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 21-Aug-2020 at 15:25
Бетонирање на АБ фундаменти за гасоводна мрежа







https://www.facebook.com/regnum.mk/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 04-Oct-2020 at 14:02
Интерконекторот за гас со Грција ќе ја направи државава енергетски коридор за земјите од ЈИЕ

Со поддршка на САД, Северна Македонија ќе забрза и иницира неколку проекти од енергетиката од особено значење за земјата и регионот, беше истакнато на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев и Франсис Фенон, помошник државен секретар за енергетика и ресурси на САД.

Средбата следуваше како континуитет на посетата на Заев на Атина пред две недели на тркалезната маса за регионалната енергетска безбедност како и посетата на владина делегација во Солун.

„Регионалната соработка во енергетиката е дел од приоритетите во нашата Стратегија за енергетика и од таму произлегуваат конкретни мерки и проекти од аспект на прекугранично поврзување, кои беа теми на средбите од Атина и Солун. За нас како држава, поврзувањето на енергетските коридори преку Бугарија и Грција се од суштински и долгорочен интерес. За време на мојата посета во Атина, добивме поддршка од конзорциумот „Гастрејд“ за вклучување на Северна Македонија во изградба на терминалот за течен природен гас, во близината на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас на нашата земја, која истовреме ќе стане точка, од која гасот ќе се дистрибуира во земјите во регионот и во земјите кои ќе покажат интерес,“ рече Заев.

Тој додаде дека со помошник државниот секретар Фенон разговарале за значењето на поддршката од САД за изградба на интерконекторот за гас со Грција.

„Со тоа добиваме уште една можност на снабдување со природен гас од Азербејџан и истовреме можност за поврзување на ЛНГ терминалите во Грција, Израел и Југоисточен Медитеран. Овие проекти ќе обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со нашата долгорочна енергетска стратегија. Ова поврзување на Северна Македонија со Грција со помош на САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси,“ додаде Заев.

Помошник државниот секретар за енергетика и ресурси на САД, Фенон рече дека гледа еволуција и развој на нов енергетски пазар.

„Грција е предводник во тоа во инфраструктурата што ја има за прием на овие енергетски ресурси. Но, кога одиме понатаму, со ваквите приклучоци на релативно мали земји со мала побарувачка во еден поголем пазар кој што може да ги катализира инвестициските можности, ќе се овозможи трансформативен економски прогрес на земјата и целиот регион. Го посетив интерконекторот Грција-Бугарија гасоводот кој што ќе го води гасот преку Бугарија и другите приклучоци преку Северна Македонија
Драго ни е што вашата влада покажа интерес за Александрополис,“ рече Фенон.

Тој додаде дека кога има опции за енергетиката, тоа има поширок ефект врз намалување на цените и подобрување на стабилноста, отпорноста и помошта кон потрошувачите.

„Северна Македонија има значајна можност во смисла на гасот, но и интеграција на обновливите енергетски ресурси заедно со гасот,“ потенцираше Фенон.

https://meta.mk/interkonektorot-za-gas-so-grczija-kje-ja-napravi-drzhavava-energetski-koridor-za-zemjite-od-jie/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 05-Oct-2020 at 17:09
Општините немаат финансиски капацитет сами да го платат гасоводот



https://alsat-m.tv/mk/општините-немаат-финансиски-капацит/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 01-Nov-2020 at 14:50
Бислимовски: Гасното поврзување со Грција ќе значи пониска цена на гасот и до 20 отсто

Ни претстои сериозна гасификација на земјава, по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 отсто со идниот крак од Грција, преку Северна Македонија, па се до Косово, со што стануваме транзитна земја“, посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги, Марко Бислимоски, на учеството на он лајн дебатат за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ). Бислимоски пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

Тој објасни дека во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб, каде што има пристап на гас од Турција, но и од Грција, цената на гасот се намали за 40 отсто. Податоците и анализите укажале дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори, може да очекува пониска цена на гасот.

„Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цената ќе оди надолу. Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово“, изјави Бислимоски.

Прогнозите на потрошувачката и на цените на енергенсите во претстојниот зимски период, и постапките за поднесување на приговори, доколку настане штета поради прекин на испорака на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија, беа дел од прашањата за кои стопанствениците изразија интерес, соопштија од РКЕ.

https://meta.mk/bislimovski-gasnoto-povrzuvane-na-grczija-ke-znachi-poniska-czena-na-gasot-i-do-20-otsto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 06-Nov-2020 at 17:44
Гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар треба да биде завршена во втората половина на следната година

Премиерот Зоран Заев, при увидот на градежните активности на гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар, рече дека истата целосно ќе биде завршена во втората половина на следната година. Во исто време, како што најави Заев, ќе бидат изградени и мерните станици и краците кон градовите.

Оваа делница е во должина од 86 километри и заклучно со септември, е реализирана на ниво од 66 проценти.

Пандемијата со ковид-19 го забави изведувањето на работите, но сепак потенцираше премиерот, целосно се завршени работите на гасната магистрала од Клечовце до Неготино во должина од 96 километри.

Во септември годинава пак се комплетираше и изградбата на Неготино-Прилеп-Битола во должина од 92 километри. Овој магистрален гасовод, со сите придружни елементи, ќе биде комплетиран до вториот квартал на 2021 година.

Она што се очекува во следниот период е да се определат операторите на секундарната и терцијарната мрежа коишто ќе обезбедат пренос и приклучок на гасоводна мрежа, кои како што кажа Заев треба да бидат по ниски цени достапни за граѓаните и стимулирачки за индустријата.

„За таа цел беше објавен повик за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас. Во тек е евалуација на пријавите за учество заедно со консултантите од ЕБОР за проверка на нивните капацитети согласно критериумите на повикот,“ рече Заев.

Интерконекторот со Грција пак, треба да обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени. Од големо значење, потенцираше Заев, е и постоењето на точката на новиот интерконектор со Косово што продолжува преку Косово, Црна Гора и понатаму.

„Ќе бидеме преносен систем и за други држави што секако ќе влијае многу на поволноста на цената за крајните консументи,“ рече Заев.

https://meta.mk/gasovodnata-delnicza-skopje-tetovo-gostivar-treba-da-bide-zavrshena-vo-vtorata-polovina-na-slednata-godina
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15018
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 10-Nov-2020 at 18:18
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 07-Dec-2020 at 17:50
ГАСИФИКАЦИЈАТА ЗА СПАС НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ЗА НАС СЀ УШТЕ ДАЛЕЧНА

Природниот гас е исклучително корисен енергенс бидејќи неговата употреба има широк опсег, од употреба во домаќинствата, преку употреба во индустријата и сообраќајот до употреба во производство на електрична енергија и топлина. При тоа, не само што нема проблеми со складирање и со негативно влијание на околината, туку во одредени случаи неговата употреба значи додатни финансиски ефекти на проектите од аспект на намалување на глобалното загадување на атмосферата преку намалување на специфичната емисија на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина. Сепак, се уште е рано да се прецизира кога граѓаните на Македонија ќе имаат можност да добијат гас во нивните домови.

На терен, на делницата Скопје – Тетово – Гостивар, во должина од 86 километри, е реализирана гасификацијта на ниво од 66 проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година, вклучувајќи ја и изградбата на мерните станици и краците кон градовите. Целосно се завршени работите на гасната магистрала од Клечовце до Неготино во должина од 96 километри, додека делницата Неготино – Прилеп – Битола, долга 92 километри во септември беше комплетирана до 92 проценти. Овој магистрален гасовод со сите придружни инфраструктурни елементи ќе биде комплетиран во вториот квартал на 2021 година.

Изградбата на мрежата која од националниот гасовод ќе треба да стаса до општините, а потоа до деловните простории и до домовите на граѓаните во целина воопшто не е евтин процес. Информациите кои ги добивме велат дека поголемиот дел од локалните самоуправи немаат пари самите да ја финансисраат гасификацијата во својата општина. А она што засега не се знае е и цената која треба да платат граѓаните како крајни корисници. Претседателот на Заедницата на единиците на локалните самоуправи Петре Шилегов вели дека доколку не се договори јавно-приватно партнерство со фирма која ќе го носи гасот до домовите на граѓаните многу тешко ќе биде реализиран проектот. Ваквата одлука се уште се чека на национално ниво, а не на локално. Шилегов е дециден и вели дека како градоначалник на Град Скопје нема да дозволи финансиски најмоќниот град во Македонија, Скопје да го поремети процесот на гасификација со тоа што има можност главниот град сам да обезбеди средства за приклучок на граѓаните. Тој смета дека со таков чекор, потенцијалниот инвеститор ќе го изгуби интересот за работа.

„Самата обврска за терцијалната гасификација во овој момент може кај многу од општините да предизвика товар, а не само бенефит. Од друга страна Скопје како град е најатрактивниот дел од комерцијалниот дел од бизнисот со гасификацијата. Мое лично мислење е дека немаме право ние како Скопје или како скопјани да го монополизираме правото на гасификација.“ смета Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Владата веќе е во преговори со две фирми од Турција, за изградба на магистралниот гасовод во земјава.

Компаниите „Акса Догалгас Дагити А.С.“ од Република Турција и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ исто така од Турција доставија понуди за изградба на магистралниот гасовод во земјата. Врз основа на извештајот на Министерството за економија, Владата донесе Одлука со која овие две компании ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза на конкурентен дијалог. Тоа значи дека овие две компании ќе учествуваат во тендерската постапка до третата фаза која значи конечен избор на компанија со која ќе се воспостави јавно – приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија, напиша Бектеши на својот Фејсбук профил.


Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека си ја завршиле нивната работа. Регулаторот вели ги донел сите правилници кои се во негова надлежност од Законот за Енергетика, како и Правилник за сертификација на операторот за пренос на природен гас.

„Првата фаза е завршена со избор на кандидати по што следи втора фаза на конкурентен дијалог со избраните од првата фаза. Во однос на неопходната регулативата, РКЕ ги донесе сите правилници кои се во нејзина надлежност од Законот за Енергетика, како и Правилник за сертификација на операторот за пренос на природен гас кој што ќе започне по барање на операторот за пренос на ПГ. Другите правилници со кои се уредува оваа област треба да ги донесат операторите на пренос и дистрибуција.“ велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Главни услови за добивање на тендерот за дистрибутивната мрежа на гас е компанијата да има најмалку 150 милиони евра годишен приход во последните три години. Во првите четири години има обврска да изгради најмалку 50 отсто од мрежата во градските општини и најмалку 20 отсто во руралните општини. Реализацијата на гасоводот кој поминува од Скопје до Тетово и Гостивар изнесува 70 отсто, и се очекува до април да финишира.

Минатата година вкупно 48 потрошувачи биле приклучени на преносната мрежа за гас од каде биле потрошени скоро 296 милиони нормални метри кубни гас што во споредба со 2018 година има зголемување на потрошувачката од 14 %. Најголем потрошувач е гасна електрана-топлана Те-То АД Скопје, по него се топланите, компании од металната, прехрамбената и општата индустрија. На природен гас приклучени се и два објекти од здравството, а тоа се Клинички центар и 8-ми Цептември и од јавните институции Министерството за одбрана и ЈСП.

Во моментов, освен гасоводот во Струмица кој функционира како самостојна целина, главниот коридор од каде што влегува гасот е преку постоечкиот капацитет на магистралниот гасовод Жидилово – Скопје, кој иако има искористеност од околу 30 % сепак согласно проекциите за зголемена потрошувачка истиот не може и нема да биде доволен да ги задоволи потребите од природен гас во Северна Македонија. Оттука неопходно е поврзување на Северна Македонија кон нов гасовод со што ќе се обезбеди потребната количина, а во исто време и ќе се создаде конкуренција која се очекува несомнено поволно да се одрази врз крајната цена на корисниците.

Ова истражување е дел од проектот на ENV.net кое има за цел да ја подигне општествената одговорност на компаниите и граѓаните и заеднички да започнат посвесно да се размислуваат и делуваат кон животната средина.

https://pari.com.mk/gasifikacija-za-spas-energetika-i-zivotna-sredina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 09-Dec-2020 at 18:19
Гасификацијата на сите општини ќе чини околу 350 милиони евра

Гасифицирањето на сите општини во државата ќе чини околу 350 милиони евра, најави денеска Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тој забележа дека ова се првични проценки и анализи, а на тендерот кој го распиша Министерството за економија интерес пројавија две компании.

-Приватни партнери коишто ќе работат на оваа проблематика заедно со државата, со општините со цел да имаме уште еден паралелен енергенс и со тоа да ги намалиме сметките на граѓаните, на компаниите, на нашите институции, на градинките, на школите, на општините и на сите останати институции. Со тоа ќе бидат поконкурентни сите наши институции, ќе бидат поконкурентни нашите домашни компании и секако ќе имаме почиста и поздрава животна средина за граѓаните, рече Бочварски.

Во моментов за секундарната гасификација се подготвени две општини Штип и Крива Паланка, кои ја имаат документацијата, а повеќе општини работат и ја очекуваат. Општина Штип денеска ја доби комплетната техничка документација, која како проект ја започна министерот Бочварски, а поранешен градоначалник на Штип.

-Во тек преку Министерството за економија и очекувањата се дека првиот квартал од 2021 година ќе имаме веќе извесност во однос на тоа која фирма ќе биде концесионер, односно приватен партнер преку процесот на јавно приватно партнерство кое што ќе влезе и ќе ги гасифицира нашите градови, но важно е да општините бидат подготвени и драго ми е што еве денеска сум информиран од градоначалникот дека проектите коишто беа започнати денеска се веќе готови и тоа е уште една потврда за капацитетноста на општините да работат на своите приоритети, а притоа државата да ги следи сите овие процеси и процедури и драго ми е што повеќе општини веќе се подготвуваат на ова прашање и во 2021 година да очекуваме да започне веќе гасификацијата на градовите со што оние општини коишто имаат проектни документации секако ќе имаат предност во однос на гасифицирањето, а сите други имаат мегдан да ги подготват своите технички документации, вели Бочварски.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов рече дека техничката документација или трите проекти за секундарната гасификација на Штип чинеле околу 2.600.000 денари.

–Станува збор за три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект и со ова сме чекор поблиску до остварување на онаа желба на граѓаните на Штип, за гасификација на градот. Тоа е наше ветување коешто практично го реализираме, рече Миланов.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски очекува во 2021 година да заврши кракот кон Битола и кракот кон Гостивар, а паралелно со тоа веќе се работи преку Национални енергетски ресурси на проектирање на гасоводот кон Косово и проектирање на гасоводот и поврзување со Грција.

-Секако проектирањето на гасоводот кон Велес исто така е значаен со крак и проектирањето на гасоводот од Гостивар кон Кичево. Целта е да се затвори целиот прстен од Битола кон Охрид и од Кичево кон Охрид со што ќе бидеме поврзани целата земја со овој прстен и ќе бидеме поврзани на два доводи на гас и од Грција и од исток од Бугарија. Така што државата ќе биде транзитна земја, ќе имаме конкурентни цени на гасот заради тоа што преку нас, преку територијата на нашата држава ќе се снабдуваат и Косово, веројатно и Црна Гора во иднина доколку има таква потреба со гас, така што ова е многу важно прашање, вели Бочварски.

Посочи дека цените ќе бидат пониски заради тоа што транзитноста на проектот којшто е проектиран вака како што е поставен е битен параметар и сегмент за конечната и крајна цена на проектот.

https://nezavisen.mk/gasifikacijata-na-site-opshtini-kje-chini-okolu-350-milioni-evra/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 12-Jan-2021 at 08:34
Изградбата на интеконекторот со Грција и носење на гасот до општините, се главни проекти за гасификацијата во 2021

Продолжувањето со гасификацијата е една од капиталните инвестиции на Владата која е во економските приоритети за 2021 година.

Премиерот Зоран Заев најави дека во 2021 година и официјално ќе започне проектот изградба на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас од други извори со конкурентна цена, со сигурност и безбедност во снабдувањето.

„Обезбедуваме гас од Азербејџан преку ТАП (Trans Adriatic Pipeline). Ова e клучен проект за енергетски – економски развој на Северна Македонија. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан.Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекти, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас и еден од главните играчи со природен во регионот,“ најави Заев при претставувањето на буџетот за 2021 година.

Изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава исто така ќе продолжи со засилено темпо.Во 2021 година треба да се заврши со кракот до Битола, до Тетово и до Гостивар, а потоа се продолжува со Гостивар-Кичево, Св. Николе-Велес, и делницата до Гевгелија и до ТЕЦ Неготино, и со заокружување на прстенот кон Охрид и Ресен до Битола.

„За наредната година , нашите планови се да ги завршиме двете делници кои се во тек на градба. Во текот на годината треба да завршат преговорите со Европската инвестициска банка за финансирање на Интерконекторот со Грција, и се надевам дека до крајот на годината можеме да го објавиме и повикот за градбата. До крајот на годинава треба да завршат и пореговорите со ЕБОР, за финансирање на делниците Гостивар-Кичево, Свети Николе-Велес, и интерконекторот со Р.Косово. Треба да започнеме со проектирање на делниците, Кичево-Охрид, и Охрид-Битола. Со помош на УСАИД, во текот на наредна година треба да заврши спојувањето на НЕР и ГАМА. Планираме да склучиме две договори за нови интерконектори со Р.Србија, и втор интерконектор со Р.Бугарија. Очекуваме дека ќе добијеме грант, и да започенеме физибили студија за изградба на складиште за природен гас. Секако очекуваме дека успешно ќе завршат и следните две фази од постапката за јавно-приватни партнерства, за изградба на дистрибутивниот систем, но и ред други активности,“ изјави директорот на Нацинални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи за „Мета“.

Тој додаде дека предвидениот буџет од 2,2 милиони евра не е доволен за гасификацијата, но планираат во текот наредната година да почнат да остваруваат и приходи, и со максимално штедење се надева дека ќе можат да ги финансираат сите планирани проекти.

Премиерот Заев најави дека во 2021 година ќе започне втората фаза од тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини.

„Двете турски компании АКСА и ПАЛЕТ ИНСААТ се во втората фаза од натпреварот за стекнување на привилегијата за приватен партнер со проценета инвестиција од околу 300 милиони евра. Штип и Крива Паланка се веќе подготвени, тие се првите македонски градови после Струмица и Куманово, со комплетирана проектна документација за секундарната мрежа, а во фаза на изработка е и документацијата за Прилеп, Битола и Тетово. 2021 ќе биде годината кога ќе започне изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 македонски градови со што цевките за гас ќе стигнат до домаќинствата,“ изјави Заев.

Веќе во јануари 2021 година ќе стигнат анализите и проценките за нашето учество во изградба и сопственост на Терминалот за течен природен гас во Александропулос и Гасната електрана Александропулос и соодветно на тоа, Владата ќе донесе соодветни одлука за инвестирањето во овие проекти.

За годинава што изминува, директорот на НЕР Реџепи изјави дека се продолжило со изградбата на двете делници Неготино- Битола, и Скопје – Гостивар, иако со многу потешкотии, заради пандемијата.

„Заврши студијата за животна средина и проектирањето за интерконекторот со Р.Грција. Стигнавме до одобрение за градба за делницата Гостивар- Кичево. Почна проектирањето за делницата Свети Николе- Велес. Започнува физибилити студијата за интерконекторот со Р. Косово. Заврши првата фаза од постапката за јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивниот систем во целата држава, и ред други активности поврзани со тековните проекти,“ додаде Реџепи.

https://meta.mk/izgradbata-na-intekonektorot-so-grczija-i-nosenje-na-gasot-do-opshtinite-se-glavni-proekti-za-gasifikaczijata-vo-2021/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.158 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.