build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопати и експресни патишта (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 49505152>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #1001 Posted: 30-Dec-2022 at 00:55
Originally posted by basel2000

Не ми е јасно зошто на ниедна од овие карти (ниту на google) не фигурира експресниот пат Штип-Велес? Тој пат е на исто ниво како и Штип-Радовиш, или Штип-Крупиште.

На некои места изгледа дека е на исто ниво, но во глобала не е експресен поради тоа што нема клучки туку проширени раскрсници на едно ниво, поминува низ сред село/општина каде што ограничувањето е 50км и на некои места помошните ленти или се пократки или ги нема.
Сепак еден од поубавите и живописни патишта во Македонија.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1002 Posted: 30-Dec-2022 at 17:03
Како што објаснија другите членови... Штип - Велес (поточно Велес - клучка Кадрифаково) е се, само експресен пат не е.

Битола - Меџитлија експресен пат живи здрави следни избори (ако во опште го изградат). Кој знае, знае

Самиот министер си кажа дека веќе постоечкиот пат од Битола до граничниот премин Меџитлија ќе се реконструира, и тоа е тоа.

Тетово - Гостивар неможе да биде (сега како што е) автопат, ни под било каков услов. Насекаде низ Европа, во повеќето држави пат со 4 ленти без лента за застанување се води како експресен пат. Дури и во Полска патишта со 4 ленти + лента за застанување (но потесен профил на пат) се води како експресен.

Единствено во Скандинавските земји може пат со 4 ленти без лента за застанување да се класифицира како автопат. Тие си имаат нивни посебни регулативи.

Кај нас и официјално, и законски пат со 4 ленти без лента за застанување се класифицира како експресен пат. Прогуглајте и ќе видите што мислам.

Е сега друго е тоа што за жал на хартија пишува едно, а во реалност е сосема друга приказна, каде што имаме пат со 4 ленти без лента за застанување, за кој се плаќа патарина.

Но сепак, знаеме сите дека со изградбата на Коридорот 8, Тетово - Гостивар ќе се претвори во прав автопат, што е добро, и тогаш ќе бидат оправдани патарините.
А тоа што претходно имало патарини на пат за кој што не требало да има, нема никогаш да биде оправдано.

Тоа е тоа.

Edited by The Wild Boy - 30-Dec-2022 at 17:03
Back to Top
Sashko View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 40
  Quote Sashko Quote  Post ReplyReply #1003 Posted: 07-Mar-2023 at 18:18
Как ќе се движи овој нов автопат меѓу Тетово и Гостивар знае ли некој?
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1004 Posted: 07-Mar-2023 at 18:32
По истат траса ќе се ископа целосно стариот пат и ќе се направи нов. Бар така најави Артан Груби. Никој друг нема кажано ништо друго. Малце сумливо пошо целиот дил со бектел ќе кошта над милиарда евра можеби и две.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1128
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1005 Posted: 07-Mar-2023 at 20:51
Како што соопшти Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Коридорот 8 е долг 68 километри, со автопат со шест ленти, од Тетово до Гостивар, Кичево, преку Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10-Д од Прилеп до Битола е долг 40 километри и има исто така шест ленти, со период за изградба од три години од почетокот на работите.


Што треба овие да градат точно? На К8 моментално делницата Тетово-Кичево е скоро 70km, а Струга-Ќафасан 13km. Значи вкупно над 80, плус некој километар до почетокот на Охрид-Кичево. Сигурно пократки траси се новите, но сепак ми изгледа како да не покрива договоров 100% од тоа за да има автопат Скопје-Ќафасан.

- Денеска имаше широка елаборација во однос на нивниот завршен извештај за нивните елаборати и утре е потпишување на договорите. Би замолил новинарите да ги повикаат консултантите да го претстават проектот, а не тоа да го прават политичарите, туку експерти. Се работи за изградба на автопатишта од 110 километри. Ова ќе не чини, 1.3 милијарди евра или 2 милиони евра по километар што е во рамките на просекот на градба на автопатиштата. - рече Груби.




Edited by <Fresno> - 07-Mar-2023 at 21:20
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1006 Posted: 07-Mar-2023 at 21:28
Како бе 1.3 милиарди евра за 110 км е 2 милиони по километар? Преку 10 милиони по километар а ако има анекси ко за оние 2 км према косово шо рипнаа до 30 милиони по километар ни 3 милиарди нема да скрпат...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1007 Posted: 07-Mar-2023 at 23:48
Ова се кадри на Високата школа за ПР (École supérieure de S'truga) на Рамиз Мерко.

Edited by hcitrS - 07-Mar-2023 at 23:50
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 325
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #1008 Posted: 08-Mar-2023 at 14:27
И Прилеп - Битола е вклучен во тие 1.3 милијарди. Реално од 200 милиони евра не би требало да чини повеќе истиот.
Е сега лично мислење во една реченица. Уште во 2013-14 бев убеен дек и покрај сите проблеми и лоши проектирања, сепак Штип-Миладиновци вака така со година-две плус ќе заврши.
Ете и сега мислење: во 2027 од овие готов ќе биде само Прилеп - Битола
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20201
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1009 Posted: 08-Mar-2023 at 14:44
ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ ЗА ЧЕТИРИ АВТОПАТИ, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ЧИНИ 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА И ТРЕБА ДА БИДАТ ГОТОВИ ЗА 5 ГОДИНИ

Денеска во Владата беше потпишан договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10д. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра и треба да трае пет години.

Станува збор за автопатски делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22 километри) Гостивар – Букојчани (30 километри), Тетово – Гостивар (17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри).

„За овој проект во Буџетот веќе се предвидени 244 милиони евра за годинава. Очекувам добро менаџирање на процесите, ни претстојат многу предизвици на терен, но очекувам сите да се вложиме максимално и да ги постигнеме зацртаните цели за модерна и квалитетна инфраструктура“, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

За изградбата на овие автопатски делници беше донесе специјален закон, а „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата за проектот.

Надзорот ќе го врши конзорциум предводен од ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/potpishan-dogovorot-so-behtel-i-enka-za-izgradba-na-chetiri-avtopati-izgradbata-ke-chini-1-3-milijardi-evra-i-treba-da-bidat-gotovi-za-5-godini/
Carpe diem
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 457
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1010 Posted: 08-Mar-2023 at 18:55
Со Експроприацјиа и останати трошоци 1,65 милиарди.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1011 Posted: 08-Mar-2023 at 20:00
Сите во исто време...едвај чекам...
Ајде со среќа
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1012 Posted: 08-Mar-2023 at 20:28
12 milioni za kilometar. Masala! Ako i so vakva cena kvalitetot na avtopatot bide na nivo na delnicata "Kumanovo-Tabanovce" togas treba site kolektivno da se frlat vo Vardar!

Edited by Denko - 08-Mar-2023 at 23:32
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1128
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #1013 Posted: 08-Mar-2023 at 22:07
Originally posted by stef4o

Станува збор за автопатски делници: Требеништа – Струга – Ќафасан (22 километри) Гостивар – Букојчани (30 километри), Тетово – Гостивар (17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри).

А Букојчани-Кичево?

edit: Обезбедиле средства на крај на 2021 и ќе се тера како посебен проект. Очигледно не е почнато ништо.

Со кредит од ЕБОР во износ од 110 милиони ќе се гради автопатот од Букојчани до Кичево

Edited by <Fresno> - 08-Mar-2023 at 22:12
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15141
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1014 Posted: 10-Mar-2023 at 14:29
Странците ќе го земат кајмакот, ќе има ли „багер револуција“ пред Влада?



Од државата ќе се излеат 1,9 милијарди евра кон странски компании и работници, а само 80 милиони евра кон домашните градежници, предупредија синдикалците и работодавачите од секторот

Македонските градежници не му веруваат на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, дека 51 отсто од работите на делниците на Коридорите 8 и 10Д, ќе ги вршат домашни компании, оти така се ветувало и порано, па грешките при градењето ќе ги плаќаат идните седум поколенија (патот Кичево-Охрид). И работодавачите и синдикатите од овој сектор се децидни дека знаат да проектираат, да изведуваат и да градат, но не е фер што странците го земаат кајмакот, а домашните градежници копаат дупки. Поразителен е фактот што домашните компании се се помалку присутни на домашниот пазар, особено кога станува збор за јзначајните капитални проекти во патната и железничката инфраструктура. Имајќи предвид дека најголемите идни проекти се донесуваат на Коридорите 8 и 10Д, а кои ќе се реализираат со странскиот стратешки партнер, за очекување е дека доследно ќе се почитува ангажманот на минимум 51 отсто локални ресурси, што е во согласност со усвоената и ратификувана Конвенција 94 на Меѓународната организација на трудот. Оттука, Иван Пешевски, претседател на градежниот Синдикат и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението за градежништво при СКМ, едногласно бараат итен прием во Владата да се разговара за според нив „безобразниот договор“ со „Бехтел и Енка“, а се заканија дека ќе ги искористат сите можности, па освен работниците, на „Илинденска бб“, ќе ја донесат и механизацијата.

Од државата ќе се излеат 1,9 милијарди евра кон странски компании и работници, а само 80 милиони евра кон домашните градежници. Не е исто да бидете главен изведувач или подизведувач. Така не можеме да се стекнеме со референци за странските тендери. Немаме информации за договорот, ниту за тендерот и затоа сме скептични кон изјавите на владините претставници. Бараме итен прием во Владата, а доколку таму нема слух, ќе ги известиме европската и светската градежна федерација, па нека ни се смее цел свет за небулозните договори – порача претседателот на градежниот Синдикат.

Веќе подолг период градежништвото е клекнато на колена иако опфаќа 7 отсто од вкупниот број на вработени. Само лани од земјава си отишле над 12 илјади градежници, а за прв пат во историјата вкупниот број на вработени во секторот е под 50.000, рече Андреа Серафимовски, претседателот Здружението за градежништво при СКМ. Ова е поразителен податок, додаде Серафимовски, ако се земе предвид податокотдека македонските работници и граѓани ќе ги враќаат кредитите за финансирање на најважните инфраструктурни проекти, а средствата од нив ќе се прелеат во странство, а домашните градежни компании ќе пропаѓаат.

Изминатиот период две од трите делници на железничката пруга 8 во вредност од 200 милиони евра им беа доделени на странци, сега повторно странци ќе добијат 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10Д. Нејасно е како условите за работа за странските компании се поповолни отколку за домашните компании,а важечките прописи не предвидуваат механизми за заштита на домашниот пазар – додаде Серафимовски.

Синдикалците и работодавачите се децидни дека македонската јавност е презаситена од бројните афери и скандали со јавните набавки. Од корупциите во јавните набавки се засегнати сите дејности, додека последиците најдиректно ги чувствува градежништвото, порачаа Пешевски и Серафимовски. Тие предупредија дека и кога Собранието го донело Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на страшеки партнер за имплементација на овој проект, поради неуставност на членот 12 кој предвидуваше стратешкиот партнер да има целосно право да го орагнизира и распоредува работното време, Уставниот суд ја прифатил иницијативата работниците на автопатските делници да не бидат ангажирани во просек по 60 часа неделно и не би сакале повторно да бараат заштита од овој суд.

https://www.slobodenpecat.mk/strancite-kje-go-zemat-kajmakot-kje-ima-li-bager-revolucija-pred-vlada/
За сè има вторпат
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1015 Posted: 11-Mar-2023 at 21:53
Вака ли би требало да изгледа новата обиколница на Гостивар?



Edited by The Wild Boy - 11-Mar-2023 at 21:54
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 552
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1016 Posted: 11-Mar-2023 at 22:49
Така некако. Јас вака сум ја трасирал, иако не се сеќавам од каде:


Не знам колку клучки ќе има, треба да се најмалку две. Јужната вака сум ја замислил:


Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1017 Posted: 12-Mar-2023 at 17:00
Јас цело време мислев дека треба да биде од другата источна страна на Гостивар, некаде покрај пругата. Нели и така беше најавувано, дека ќе иде преку клисурата накај Лакавица?
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1018 Posted: 12-Mar-2023 at 18:05
Originally posted by user8642

Јас цело време мислев дека треба да биде од другата источна страна на Гостивар, некаде покрај пругата. Нели и така беше најавувано, дека ќе иде преку клисурата накај Лакавица?


Како што гледам подолу, не ќе да е така планирано:
http://mtc.gov.mk/Files/Partneri/2018/PatnaKarta_01.pdf

А и башка како што гледам од источниот дел на Гостивар има повеќе куќи и земјишта, што би значело повеќе експроприација.


Edited by The Wild Boy - 12-Mar-2023 at 18:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20201
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1019 Posted: 14-Mar-2023 at 07:57
(ВИДЕО) Вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“ – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер



https://360stepeni.mk/video-vrtoglavi-sumi-za-nadzorot-nad-behtel-i-enka-300-iljadi-evra-po-pregovarach-20-iljadi-evra-mesechno-za-nadzoren-inzhener/
Carpe diem
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 493
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1020 Posted: 18-Apr-2023 at 21:21
Планирам уште од по одамна ама никако да се убедам... да направам некоја карта со историјата на автопатиштата во Македонија уште од времето на СФРЈ.

Знам дека првиот автопат бил пуштен 79-та година измеѓу Куманово и сегашна клучка Миладиновци.

Е сега... да не бараме и јас и вие по интернет, најдов еден многу добар извор за информации... тоа е службениот весник и неговиот архив.

Ако сака некој да ми помогне, нека бара тука:
http://www.slvesnik.com.mk/besplaten-pristap-do-izdanija.nspx

Почнете од 79-та па се до 91 година ама барајте само во службен весник на СРМ. И само едноставно стиснете CTRL + F и напишете автопат. Така за секоја година, за секој месец и може ќе најдете нешто корисно.

Јас така најдов во службениот весник од 12 март, 1980 година дека 24 километри од автопатот Куманово - Скопје - Т. Велес треба да се пуштат во употреба во 1980-та година... значи по мерење на Google Maps, тие 24 километри се делницата од Велес до Катланово.

На крајта кога ќе ги соберете сите информации, ќе ми треба само листа од колку километри од која делница на автопат се отворени и во која година. И на крајта јас ќе пробам да скоцкам една мапа која што ќе ги прикажува основните информации за која автопатска делница во која година е изградена. Ова би било доста од корист, не само за нас туку и за странците и оние кои што ги интересира да се запознаат со историјата на нашата автопатска мрежа.

Јас како што знам до сега, се до Катланово е изградено во 79-та, до Велес 80-та (Велес - Катланово). Е сега за делот после Велес (обиколницата) незнам дали е во целост изградена како автопат некаде во 80-те години или продолжувала како магистрала (обичен пат со 2 ленти), но за делницата после Мотел Македонија до клучката кај Градско успеав да видам на Google Earth дека почнала да се гради во 1990-та година, а сигурно завршена 1994-та. Дополнителен доказ за ова може да се најде во спотот на песната Дирлада од Меморија од 1995-та.




Поточно околу секунда 12-13 може да се види знакот за продолжување према Негодино и за исклучување према Прилеп... со што ни укажува лесно дека или до 95-та автопатот бил пуштен, па кога го снимале спотот сообраќајот се одвивал во посебен режим, или пак автопатот можеби бил пуштен во 95-та или 96-та па они го снимале спотот некое време пред да биде пуштен автопатот.

Edit:
84-та, 85-та година нема ништо спомнато во врска со автопатишта во службениот весник
86-та 25 декември успеав да најдам информација дека тогаш се предвидувало да заврши изградбата на наплатните станици на делницата Куманово - Титов Велес. Можно ли е тогаш да сме ги добиле првите патарини во 86-та година?

87-ма година (мислам февруари) се спомнува продолжување на изградбата на автопатот "Братство и Единство" но нема ништо конкретно образложено во врска со тоа

Со текот на годините се до 91-ва се спомнува некакво си покачување на цените на наплатните рампи.

26 април 91-ва се спомнува нешто за оддржување на автопатиштата.

И 20 јуни 1991 се спомнува дека ќе заврши изградбата на делницата од Т. Велес до Градско, дел од автопатот "Братство-Единство".

Значи сепак автопатот до Градско бил изграден далеку пред 95-та, поточно уште во 91-ва година, едно 3 месеци пред осамостувањето на Македонија кога сме биле сеуште во СФРЈ.

Па така да според овие информации, се до осамостувањето сме имале автопат (секако не во целосен полн профил) од Куманово па се до Градско. За делот од границата со Р. Грција па се до Гевгелија и после Гевгелија не успеав да најдам било какви информации, па изгледа дека тој патен правец, барем делот до границата е проширен / дограден во автопат некаде во средината или доцните 90-ти години. Претходно може имало само нормален магистрален пат (1+1) се до границата.


Edited by The Wild Boy - 18-Apr-2023 at 22:42
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 49505152>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.