build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 04-Oct-2007 at 17:17
Мислам дека ова припаѓа тука. Урбаната мафија е добро инфилтрирана во редовите на властите и администрацијата (ако воопшто постои граница). Виолета Аларова е еден од најистакнатите примери...

Интересен е и фактот што Аларова потекнува од Маџир-Маало и таму поседува куќа. Ова во врска со фактот дека Аларова е еден од Главните саботери на Бул. Крушевска Република. Какви и се точно рачуниците не знам, ама да се саботира проект от толкава корист за градот, за бедни лични интереси е сепак премногу.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=39D9E182B398BE4189CAB5E126A8956F



Мајката на општината фрла 12.000 евра за сечење лента

Петоцифрена сума лани отишла само за свечено пуштање на паркот „Вера Јоциќ“ и за новите тротоари на улицата Орце Николов, a градоначалничката Аларова се уште не дава отчет

Кога општинарите од Центар ќе се одлучат да сечат црвена лента при отворање маалски парк или тротоари, тогаш буџетот се празни за 12.000 евра. Толку пари лани отишле за свечено пуштање на паркот „Вера Јоциќ“ и за новите тротоари на улицата Орце Николов во должина од околу 200 метри. Членовите на Советот, кога го видоа годишниот извештај за работата на општината, вчудоневидени прашаа за петоцифрената сума, но градоначалничката Виолета Аларова не ги удостои со одговор.

- Како е можно Општина Центар да потроши 12.000 евра за свечено отворање парк и за пуштање во употреба нови тротоари - праша тогаш Благородна Крстевска, член на Советот на Општина Центар, орган кој го контролира работењето на градоначалничката.

Девет месеци подоцна, Аларова, освен на Крстевска, не и' даде конкретен одговор ниту на јавноста за тоа на што се' ги трошела парите на даночните обврзници.

- На медиумската афирмација на Центар работеше фирмата „Панекс“, избрана на конкурс, која ги промовираше сите активности на Општината во 2006 година - изјави Аларова.

Во годишниот извештај имаше и други нелогичности за трошењето на парите, но сето тоа остана без отчет на градоначалничката. На пример, 47 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, биле потрошени за изградба на тротоари , пешачки и велосипедски патеки. Со програмата за 2006 година за таа намена било предвидено да се потрошат само 15 милиони денари. Имајќи го предвид ваквото празнење на буџетот, некои членови на Советот отворено коментираа дека се сомневаат оти со тие пари се помагала нечија кампања за парламентарните избори.

Кога е во прашање Центар, најатрактивната општина во Македонија поради скапата цена на градежното земјиште, ваквите случаи не се реткост. Во изминативе шест години, колку што Аларова е на чело на општината, редовно ја следат урбанистички и други скандали. Пред пет години во Општината ги вработи двете снаи, а лани заборави на државата да го пријави новиот стан на синот.

- Тие се вработени во Општината уште пред да имам каква било роднинска врска со нив - е оправдувањето на градоначалничката во врска со обвинувањата за непотизам.

Двете снаи на Аларова работат во Секторот за финансии, онаму каде што, меѓу другото, се изработуваат и извештаите за тоа како и каде таа ги троши парите.

- Кога станува збор за реализација на буџетот, на секој налог за исплата има официјален потпис од раководителката на секторот за финансирање и буџет, која работи во Општината повеќе од 10 години - објаснува градоначалничката.

Интересно во врска со Аларова, која во предизборната кампања себеси се нарече мајка на општината, е нејзината семејна куќа во Маџир Маало. Оваа двокатница беше меѓу неколкуте што беа обновени пред шест-седум години. Во неа се наоѓа и сервисот за миење автомобили чиј назив е скратеница од нејзиното презиме - „Аларком“. Соседите се чудеа како таа си ја обнови куќата, а ним никој и до ден денес не им дава дозвола ниту за санација. Маџирмаалци се' уште живеат во влага и без канализација, бидејќи за оваа стара населба со стогодишни куќи Општина Центар никако да донесе урбанистички план.

Лани Министерството за внатрешни работи при една акција за уривање дивоградби коментираше дека Аларова е промотор на урбаната мафија, но градоначалничката не сака да и' се споменува овој епитет. Дека општината постојано ја тресат скандали доказ се и уништувањето на Дебар Маало, како и објектите „Кермес“ и таканаречениот „кинески ѕид“ во Градскиот парк. Изградбата на габаритниот „Кермес“ е прекината, што може да помине со последици на штета на даночните обврзници. За „кинески ѕид“ пред шест месеци беше почната истрага за седум поранешни вработени во Министерството, од кои некои сега се во Општина Центар, и за вработени во Јавното претпријатие за урбанистичко планирање. Но, и по толку време, Јавното обвинителство се' уште молчи дали и каква завршница ќе има истрагата.

И покрај тоа што градоначалничката беше во фокусот на многу сомнителни случувања, досега остана нечепната. За непријавениот стан на синот пред два месеца на државата и' плати неколку пати поголем данок, кој достигна до 100.000 евра. Сепак, за јавноста освен потеклото на парите за станот, остана тајна и потеклото на стоте илјади евра, имајќи предвид дека таа од Општина Центар месечно зема плата од околу 35 илјади денари.

Проекти преку семејни фирми

Одредени службеници што сега работат во Општина Центар, додека беа вработени во подрачната единица на Министерството за транспорт и врски, имаа проектантски бироа на име на членови од семејството. Додека беа под капата на Министерството, многу проекти на инвеститори поминаа низ нивните фирми. Една службеничка дури самата во писмена форма, на новинарско барање, призна дека 15-ина проекти поминале низ семејната фирма, но не кажа колку профит остварила на овој начин. Еден проект, во зависност од градбата, се плаќа и до 50.000 евра.

На прашањето дали службениците ја продолжуваат истата практика и во Центар, градоначалничката Виолета Аларова изјави дека им верува на зборот.

- Сите вработени во Секторот за урбанизам имаат потпишано изјави со кои под морална материјална одговорност изјавуваат дека немаат проектантски бироа и дека не ја злоупотребуваат положбата - вели таа.

Јорданка Ивановска (Истражувањето, спроведено од јануари до септември, е поддржано од данскиот фонд за истражувачко новинарство - SCOOP)


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 11-Sep-2007 at 08:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 252627

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.236 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.