build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7311
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 22-Jul-2020 at 23:16
Originally posted by гитардемон



А бе технички ако е дивоградба, „не се знае“ кој е инвеститорот. Теоретски може некој да изгради куќа на сред твојот двор или на сред плоштад во Скопје, кому точно ќе му се даде известувањето доколку градежната фирма не сака да соработува? Единствено тие знаат кој им платил за вршење на работите.

Е сега во нормалниот свет градежната фирма исто така би добила кривична поради тоа што не сака да сопре со работата, но како што реков, тоа во нормална држава. А дека се знае инвеститорот, секако се знае.
сакам да кажам дека не им треба инвеститорот за да заигра хилтата ако знаеме дека таму не смее да се гради

дури и да е во приватна сопственост на инвеститорот тоа земјиште, за тоа постои урбанистички план и закони и правилници според кои се гради, ама сите знаеме дека тоа кај нас е само тоалетна хартија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 23-Jul-2020 at 06:28
Не е познато кој ја гради дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, одлуката за уривање ќе помине неколку постапки

Одлуката за уривање на објектот без градежна дозвола „Фонтана“ кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, сé уште не стапила во сила, бидејќи не е утврдено кој ја реализира изградбата. Во објектот се работи интензивно и работите се при крај. По извршените проверки од страна на инспекторите, констатирано е дека градежните активности се вршат незаконски, но сепак од Општина Чаир велат “не успеале да утврдат кој стои зад овие градби”, пишува „Порталб.мк“.

Од Општина Чаир, за „Порталб.мк“ рекоа дека одлуката за уривање на објектот е донесена порано, меѓутоа сé уште ниеден инвеститор нема преземено одговорност за овие градби. На овој начин, како што велат, општината наиде на непознат сопственик и ова ги одолговлекува постапките за уривање на објектот.

Законот предвидува во вакви случаи, одлуката за уривање да биде објавена во дневен весник и потоа, следува рок за право на жалба од страна на сопственикот и после ова се преземаат дејства од страна на општината.

– Одлуката е донесена од порано, се обидовме одлуката за уривање да ја доставиме до странката, но на терен никој не ја презема одговорноста дека е инвеститор на објектот. Поради тоа, одлуката за уривање е во име на неидентификувано, непознато лице. Вчера го имавме последниот обид да им го доставиме решението и истото го примиле но не се потпишале за прием. Денес одлуката е објавена во весник во дневни весници, два на македонски јазик еден на албански јазик. Огласот ќе се објавува денес и утре, два дена, а ќе треба да ја објавиме и во општинскиот весник. Потоа, моментот кога ќе заврши објавата, странката има право во рок од осум дена сам да го отстрани објектот, тогаш општината има ингеренции да постапи – велат од Општина Чаир.

Понатаму, тие додаваат дека на таа локација има легализиран објект од страна на општината и сопственикот на објектот е познат, меѓутоа не може да се утврди дека истиот сопственик врши бесправна градба.

– Но, не можеме да констатираме дека се работи за истиот сопственик. Кога излегле инспекторите на терен, никој не ја преземал одговорноста и да каже јас сум инвеститорот, и тука настанува целото одолговлекување на постапката, бидејќи ние треба да доставиме акт до непознато лице и во вакви случаи има одредени постапки, задолжително се оди со огласување – изјавија од оваа општина.

„Порталб.мк“ се обиде да стапи во контакт директно со сопственикот на локалот “Фонтана”, но тој не ни одговори ниту на телефонскиот повик ниту на прашањето преку смс-порака испратено од наша страна.

Во однос на ова прашање, реагираше и Град Скопје, од каде од првиот момент кога добиле дојава дека нешто се гради на таа локација, го испратиле инспекторатот на Скопје на терен, да изврши увид во терасата, но кога воочиле дека се работи за градење, тогаш го известиле Државниот инспекторат и Општината Чаир.

Градоначалникот Петре Шилегов, вчера на неговиот Фејсбук профил, ја објави одлуката донесена од страна на Инспекцискиот совет, градбите да бидат под надзор на државниот и на општинскиот градежен инспекторат.

„Градот Скопје, по мое барање, уште на 09.07.2020 реагираше во надлежните инспекторати за бесправните градби кај Мавровка. Денес добив одговор од Инспекцискиот совет, за заеднички инспекциски надзор на државниот и на општинскиот градежен инспекторат. Треба да им се стави крај на бесправните објекти кај Мавровка“, напишал Шилегов на Фејсбук.

Од друга страна, од Министерството за внатрешни работи за „Порталб.мк“ велат дека, од СВР Скопје се преземени сите активности за утврдување дека постојат елементи на кривично дело и за овие активности го известиле Јавното обвинителство.

„СВР Скопје – Единицата за економски компјутерски криминал во врска со незаконските градежни активности во реонот на ТЦ „Мавровка“, има преземено соодветни мерки и активности за утврдување на кривично дело кое се гони по службена должност според член 244 – за “Незаконско градење”. За преземените мерки и активности е доставено писмено известување во Јавното обвинителство согласно законот за кривична постапка“, рекоа од МВР.

Конкретниот објект се гради на локација на која порано се наоѓаше локалот „Фонтана“, кој пред неколку месеци беше опожарен. Пожарот зафати сè што имаше во локалот, оставајќи ја само металната структура на локалот во близина на споменикот на Хасан Приштина.

https://meta.mk/ne-e-poznato-koj-ja-gradi-divogradbata-kaj-tcz-mavrovka-odlukata-za-urivanje-kje-pomine-nekolku-postapki/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 23-Jul-2020 at 06:42
Слободан Димов наместо да добие одговор со обезбедување избркан од општина Центар





Слободан Димов, кој во петокот пред камерата на Сител се пожали дека во Центар се гради зграда над дозволената висина, денеска отиде во општина за да побара одговори.

Тврди дека се обидел да влезе на седница на Советот каде присутен беше и градоначалникот Богдановиќ, но обезбедувањето не му дозволило.

Димов вели и дека градоначалникот не сака да ги слушне жителите на улицата „Владимир Назор“.

-Мене не ме прима градоначалникот зашто јас сум спроти објектот. А тој што е до него има поднесено, а градоначалникот до ден-денес не го прима. Инаку, ние сме фактички граѓани од втор ред. Ако сум јас најзагрозен, мене ми ја зема светлината, вели Димов.

Градоначалникот Богдановиќ вели дека планот за изградба на тој објект е донесен пред повеќе од 5 години. Според него, жителите на улицата „Владимир Назор“ направиле грешка бидејќи не реагирале на време, кога се носел планот, туку откако почнала изградбата на објектот.

-Инвеститорот кој што го затекнавме на ние веќе имаше издадено одобрение за градба каде што по извесно време побарал само измени и дополнување на самото одобрение. Нешто што е дозволено со Закон и овозможува согласно планот да си побара дополнување на одобрението. Јас имав неколку средби, ние како општина реагиравме преку нашите инспекции. Инспекторите излегоа на терен. Во моментот кога го затекнавме објектот беше согласно тогашните одобренија кои што ги имаше издадено општина Центар и немаше никакви прекршувања, вели Богдановиќ.

Спорната зграда првично било дозволено да биде висока 10 метри, односно приземје и два ката, но потоа инвеститорот добил решение дозвола за измена на претходно издадената дозвола.

Во општина центар денеска се одржа јавна расправа за предлог Деталниот урбанистички план – Мал ринг, кој има за цел да го врати управувањето на државното низградено земјиште поврзано со Скопје 2014. Богдановиќ, вели дека со новиот план не се легализираат делови од Скопје 2014, туку почнува да се стопира и брише дел од него.

Но, од Асоцијацијата на архитекти на Македонија бараат да се повлече предложениот ДУП и да се преработи, бидејќи според нив, предложениот план само дава потврда и реафирмација на изградениот, но и на неизградениот дел од проектот Скопје 2014.

https://sitel.com.mk/slobodan-dimov-namesto-da-dobie-odgovor-so-obezbeduvanje-izbrkan-od-opshtina-centar
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 23-Jul-2020 at 15:34
8 дена рок за дивоградбата кај „Мавровка“ – Ганиу го чека непознатиот инвеститор сам да го урне објектот



Општина Чаир не знае кој е сопственикот кој го гради објектот кај кафулето Фонтана во ТЦ Мавровка. За тоа, од утре ќе има соопштение во дневните весници и во службен весник со цел да го известат сопственикот, дека изградбата е нелегална и треба да се урне. Доколку за 8 дена сопственикот не го урне објектот, тогаш тоа ќе го стори општината. До тогаш општината ќе објави тендер за реализација на уривањето кој ќе трае 40 дена.
„Во рок од 8 дена треба да се урне објектот. Доколку не го урне, тогаш општината ќе преземе мерки. Но, паралелно сакам да ве известам дека од понеделник Општината ќе објави нов тендер или јавен оглас за уривање на објектот бидејќи во моментов е истечен“, истакна Висар Ганиу.
Ова значи дека и доколку сопственикот не го испочитува рокот од 8 дена, објектот нема да може да го урне ниту општината, бидејќи нема компанија која го врши тоа. Но Ганиу се надева дека сопственикот ќе реагира.
„Ние чекаме и сме убедени….сега посакуваме инвеститорот сам да го урне објектот“, додаде Ганиу.

„Иако во претходниот период работите се одвиваа интензивно, денеска немаше работници. Изгледа дека сопственикот ги прекинал работите“, посочи репортерката на ТВ21.

Останува да се види дали сопственикот за 8 дена ќе го урне објектот или тоа ќе треба да го стори самата општина. Законскиот рок е 8 дена и започнува од утре а процедурата ќе се одвива на тој начин бидејќи сопственикот е непознат, а инспекторите не го нашле и поради тоа не можеле да го идентификуваат.

https://tv21.tv/mk/8-dena-rok-za-divogradbata-kaj-mavrovka-ganiu-go-cheka-nepoznatiot-investitor-sam-da-go-urne-objektot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 24-Jul-2020 at 12:18
Од твитер,низ Скопје(Чаршија,Кисела Вода,Пластичарска...)

Кај магацините, подоле од полициската станица Бит пазар, пред да свртиш накај пластичарска.(2018)



Кисела Вода



Стара скопска чаршија





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 24-Jul-2020 at 15:42
Се уште е непознато кој гради пред Мавровка



kanal5.com.madi-pred-mavrovka/ak/se-ushte-e-nepoznato
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 27-Jul-2020 at 15:13
Општина Чаир го бара сопственикот на нелегалниот објект во Мавровка преку оглас во весник

Иако е поминат половина од рокот од 8 дена, кој стои зад новиот објект на сега опожареното кафуле Фонтана , општината не знае, но велат нема да отстапат од намерата да го спроведат решението за уривање.

-Сопственикот досега не се јави. Кога ќе истече рокот ќе се преземат неопходни мерки. Определен е инспектор кој излезе на терен уште пред Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши контрола и доколку има потреба пак ќе го стори тоа.- Општина Чаир.

Дека општинскиот градежен инспектор излегол на терен излегол на терен е известен и ДИГУ чиј директор Локман Љимани за Канал 5 вели дека очекува постапката да ја заврши локалната самоуправа. Доколку не го стори тоа, како што појаснуваат од Инспекцискиот совет, државниот инспекторат ќе може да постапи кога ќе ги преземе надлежностите.

-Доколку е донесено решение за рушење од страна на О. Чаир тогаш постапката треба да си се заврши согласно закон, да се испочитуваат роковите во кои инвеститорот треба да го сруши објектот, а доколку тоа тој не го стори тогаш О. Чаир преку посебна постапка треба да го сруши овој објект. Во случај општината да не постапила, само тогаш ДИГУ може да побара од Министерството за транспорт и врски да им ги пренесе ингеренциите за да можат во целост да постапат.-Магдалена Филипоска Грашкоска – Инспекциски совет.

По “непознатото лице” - инвеститор во објектот прогласен за дивоградба на кој веќе неколку дена нема градежни активности, се уште трага и скопското обвинителство.


https://kanal5.com.mk/opshtina-chair-go-bara-sopstvenikot-na-nelegalniot-objekt-vo-mavrovka-preku-oglas-vo-vesnik/a432617

Edited by stef4o - 27-Jul-2020 at 15:13
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 28-Jul-2020 at 10:47
Уривање на илегалниот објект кај ТЦ „Мавровка“ – Чаир обjави тендер, ниту обвинителството не знае кој е изведувачот



https://tv21.tv/mk/urivane-na-ilegalniot-objekt-kaj-tts-mavrovka-chair-objavi-tender-nitu-obvinitelstvoto-ne-znae-koj-e-izveduvachot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 28-Jul-2020 at 16:03
Инвеститорот кај Мавровка се крие зад сопственикот на земјиштето?



На објектот ја нема вревата од мајсторите и бучавата од граѓаните , а во општината го нема да се појави инвеститорот. 5- ти ден молк и прозивки во медиумите да се јави, но и да ја урне дивоградба кај Мавровска. Му остануваат уште три дена, а потоа обврската да се урне ја превзема општината. За таа цел градоначалникот Висар Ганиу и советот за овој и други дивоградби планираат да потрошат најмалку еден милион евра. Целта е „демолирање згради и собирање шут“. Првата недела од август ќе се знае кој ќе урива во Чаир. Освен општинарите по инвеститорот трага и јавното обивинителство. Полицијата трагите ги одвела во катастарот под претпоставка дека преку сопствениците на парцелата ќе се најде инвеститорот.

„ПРЕДМЕТОТ Е ВО ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА И СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ ДОКАЗИ ЗА КРИВИЧНОТО ДЕЛО И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА СТОРИТЕЛОТ. ОД СВР СКОПЈЕ ДО ОЈО СЕ ИСПРАТЕНИ ПИСМЕНИ ИЗВЕСТУВАЊА ДО НАДЛЕЖНИОТ ОБВИНИТЕЛ. ОД ПРЕВЗЕМНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ИЗВЕСТЕН Е И КАТАСТАТРОТ КОЈ ТРЕБА ДАЈ А ДОСТАВИ КОМПЛЕТНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, СООПШТИЈА ОД ЈО.

Локалот „Фонтана“ неодмана изгоре, а на негово место никна дивоградба, но затоа во катастарот нема промени на сопственицие на парцелите. Неколкутте поединечни парцели пред објектот мавровка ги поседуват една фирма, сопственикот на „Франк“, парче земјиште припаѓа на Република МАкедонија, и една парцела има едно лице од Арачиново чијашто намена е кафуле, со ознака Б-1. Влада постизборно сеуште нема, но идната може да го урне објектот ако тоа не го сторат општинарите. Инспекцискиот совет, пак, седи на страна, а доколку општината Чаир не постапи согласно ингеренциите, владата може да им ги одземе надлежностите. Во таква ситуација државниот инспекторат може а побара од министерството за транспорт и врски да им ги пренесе ингеренциите за да можат да уриваат безправно изградени објекти.

https://telma.com.mk/2020/07/28/инвеститорот-кај-мавровка-се-крие-зад/
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 28-Jul-2020 at 22:16
Шенки Версаче?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 31-Jul-2020 at 10:38
Случувањата во „Мавровка“ – круна на безвластие



Прoектoт „Мaврoвкa“ е реaлизирaн oд 1987 дo 1993 гoдина. Задачата беше да се испроектира комплексен објект кој ќе ги спои современото постземјотресно централното градско јадро со старата чаршија, препознатлива со своите архитектонски вредности. По сеoпфaтнa aнaлизa нa лoкaцијaтa вo oднoс нa пoстaвенoстa и вoлуменoт нa идниот објект, тогашниот Грaдски кoмитет зa aрхитектурa и урбaнизaм дaде oдoбрение на Идејниот проект, а подоцна и на Главниот прoект. Посебен третман во решението доби пристапот во објектот на ниво на приземје и сутерен и третирањето на аголот кон крстосницата. Проектот доби пoзитивни рецензии од еминентни урбaнисти зa пaртернoтo решение, инсoлaцијaтa нa oкoлните oбјекти и третмaнoт нa сooбрaќaјнoтo решение. Резултaт нa тoa беше функциoнирaњетo нa oбјектoт сo пуштaњетo вo упoтребa, кaкo и признaниетo кoе гo дoби зa нaјдoбрo реaлизирaн aрхитектoнски oбјект нa БИМАС 1993 гoдина.
Зa жaл вo пoдoцнежниoт периoд, зaпoчнa сaмoвoлиетo нa пoединци кoи дoгрaдувaa делoви во и надвор од oбјектoт, ги узурпирaa зелените пoвршини и ги блокираа пристaпите. Непoврaтнo гo дегрaдирaa пристaпoт и движењето во транспарентното приземјето и плaтфoрмaтa на сутеренoт. Гo дегрaдирaa прoстoрoт нa приземјетo и сутеренот во кој доминираа локали од различни дејности кои пулсираа од утро до доцна во ноќта. „Мавровка“ беше посакувана дестинација за посетители од сите категории. За жал Советот на сосопственици, по повлекувањето на Службата за одржување на АДГ „Маврово“, немо ги следеше ваквите настани.
Нa мoите укaжувaња вo нaдлежните oпштински и грaдски oргaни немaше никaквa реaкцијa. Безпрaвнaтa грaдбa прoдoлжи, поддржана со непреземање законски санкции кон узурпаторите и уништувачите на јавниот простор. Пoследните случувaњa се крунa нa безвлaстие и непoчитувaње нa бaзните зaкoни вo прoстoрнoтo-урбaнистичкo плaнирaње. Нерaзбирливo е индиферентнoтo oднесувaње нa сoсoпствениците нa прoстoрoт вo „Мaврoвкa“ кoј е рaзнoлик и чиј прoстoр е дегрaдирaн. Вo пешaчкa зoнa и зелени пoвршини нa непoстoечки грaдежни пaрцели, дoзвoлени се грaдби нa „времени oбјекти“ сo дoзвoлa нa нaдлежните oд Општинa Чaир и Грaд Скoпје.
Зa жaл времетo и oвoј пaт ќе oстaви непоправлива грда слика, зa учесниците-уништувaчи нa прoстoрoт и на архитектонското наследство, oд тaкaнaречените „инвеститoри“ до oпштинските и грaдските oргaни кoи се зaдoлжени истиoт дa гo сoчувaaт вo функцијa нa сите грaѓaни.

Автор: Здравко Рафаиловски, дипл. инж. арх.

(автор на комплексот „Мавровка“)

https://www.porta3.mk/sluchuvanjata-vo-mavrovka-kruna-na-bezvlastie/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 31-Jul-2020 at 14:48
Бетонските столбови кај Т.Ц “Мавровка” и понатаму стојат



https://alfa.mk/betonskite-stolbovi-kaj-t-c-mavrovka-i-ponatamu-stojat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #333 Posted: Yesterday at 09:40
НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ГО СРУШИМЕ ОБЈЕКТОТ КАЈ „МАВРОВКА“, ШТОМ ИЗБЕРЕМЕ ФИРМА ЗА УРИВАЊЕ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ГАНИУ

Објектот пред ТЦ „Мавровка“ ќе биде урнат веднаш штом заврши тендерот за избор на фирма за отстранување на дивоградби, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.

Општина Чаир на 27 јули распиша тендер за уривање на бесправно изградени објекти откако дивоградбата кај „Мавровска“ го доби првиот кат, а на терен излезе и полицијата и Државниот инспекторат. Според огласот објавен на страната на Бирото за јавни набавки, понудите треба да се достават до 5 август односно до среда кога ќе биде и отворањето на понудите. Тоа значи дека до средината на месецов, имајќи ги предвид роковите за жалби, ќе биде избрана фирмата.

„Нормално дека ќе го урнеме објектот. Рокот од 8 работни дена што го дадовме на тој што гради да го отстрани објектот, истекува денес. Доколку никој не го отстрани објектот до крајот на денот, Општината тоа ќе го стори веднаш штом заврши тендерот, кој го објавивме веднаш за да можеме да реагираме за настаната ситуација“, вели Ганиу.

Кој ја гради дивоградбата кај „Мавровка“ сѐ уште не се знае. Градоначалникот Ганиу на прес-конференција на 23 јули кажа дека Општината донела решение за уривање на објектот бидејќи инспекторите општинските инспектори констатирале дека се гради без дозвола, но на градилиштето имало само работници и никој не презел одговорност дека е инвеститор. Затоа Општината решението за уривање до непознат сторител го објави во Службен весник.

Дивоградбата пред „Мавровска“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“ кое изгоре во пожар пред два месеци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/normalno-deka-ke-go-srushime-objektot-kaj-mavrovka-shtom-izbereme-firma-za-urivane-veli-gradonachalnikot-na-chair-ganiu/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #334 Posted: Today at 14:15
СЕ ЧУДИМЕ ЗОШТО НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВИ НА ТЕНДЕРОТ ЗА УРИВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ КАЈ „МАВРОВКА“, УТРЕ РАСПИШУВАМЕ НОВ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЧАИР

Ниту една фирма не се пријавила на тендерот за уривање на дивоградби што го распиша Општина Чаир. Вчера истече рокот за поднесување понуди, а денеска Комисијата за јавни набавки на Општината требаше да ги отвори и разгледува понудите, но тоа не се случи бидејќи никој не доставил понуда за отстранување на бесправно изградено објекти, меѓу кои е и дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“ во центарот на Скопје.

„И ние се чудиме зошто нема ниту една понуда, немаше никакви посебни услови во тендерот. Постапката е поништена и веќе утре распишуваме нов тендер зашто не сакаме да чекаме, сакаме што побрзо да се отстрани дивоградбата кај ТЦ ‘Мавровка‘. Ги повикуваме сите фирми да се јават на тендерот и да достават понуди, бидејќи немаме дадено никакви посебни критериуми. Тендерската документација е како на сите општини кои објавуваат вакви тендери и на кои се пријавуваат фирми за уривање“, велат од Општина Чаир.

Тендерската постапка за доставување на понуди ќе трае 7 дена и од Општината велат ако овој пат тендерот е успешен, најдоцна за еден месец, имајќи ги предвид роковите за жалби, ќе може да се интервенира.
ој ја гради дивоградбата кај „Мавровка“ сѐ уште не се знае. Градоначалникот Висар Ганиу на прес-конференција на 23 јули кажа дека Општината донела решение за уривање на објектот, бидејќи општинските инспектори констатирале дека се гради без дозвола, но на градилиштето имало само работници и никој не презел одговорност дека е инвеститор. Затоа, Општината решението за уривање до непознат сторител го објави во Службен весник.

Дивоградбата пред „Мавровска“ се гради на местото на кафулето „Фонтана“, кое изгоре во пожар пред два и пол месеци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-chudime-zoshto-nikoj-ne-se-javi-na-tenderot-za-urivane-na-objektot-kaj-mavrovka-utre-raspishuvame-nov-velat-od-opshtina-chair/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5480
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #335 Posted: Today at 14:19
Ниедна фирма не сака да ја урива дивоградбата кај Мавровка



https://alfa.mk/niedna-firma-ne-saka-da-ja-uriva-divogradbata-kaj-mavrovka/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #336 Posted: Today at 16:59
Како уредно си го конзервирал градилиштето. Видете само како се опшиени столбовите горе, некоја кошулица е ставена. На крај и кровна градина ќе ни продадат како еколошка ефикасност со неколку саксии елки, кафичот ќе продолжи да работи во новиот објект и ќе се заќутат сите реакции. За некој месец/година кога ќе се створат "политички услови" односно уцени во коалиција само ќе си продолжи нагоре со изградба.

Или како се вари жабата како животно без телесна терморегулација?! Ако ја ставиш во врела вода ќе рипне надвор, ама ако ја ставиш во ладна вода и пополека загреваш нема да примети и ќе ја свариш. Е така и овие јавносто мислење го варат на тивок оган, пополека не навикнуваат на објектов спрат по спрат.

Edited by user8642 - Today at 17:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 151617

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.