build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 24-Apr-2012 at 00:03
токму тоа е тоа што ми ствара најмногу нервоза, иронијата при „културните воздигнувања“ на градов, и фактички уништувањето на онаа вистинската култура и историја што ја има, дали е од пред 30, 80, 200 или 1000 години, сеедно, едноставно сите културно историски вредности на градот, некој со сила и упорно им се п*серува...

од друга страна, го имаш она што го викаат барок и што се шири како вирус, демек поубаво и покултурно од досегашното... тотална катастрофа на повеќе начини


Edited by zabegan - 24-Apr-2012 at 00:19
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 24-Apr-2012 at 00:16


Да се надоврзам на ова што го велиш околу тоа дека вистинската историска култура ја оставаме на милост и немилост на околностите, а истовремено увезуваме култура од надвор.

Ова многу ми делува како оние стихови од Интернационалата - химната на комунистите, анархистите и ред други групи на луѓе:

Ќе го уништиме овој свет
до темелите, а потоа
ќе создадеме нов наш свет.

Знам дека форумов не е место за политички дискусии, но тоа што го спомна е толку реалистично и трагично, што мислев дека морам да го објавам ова.

Edited by Dexter26 - 24-Apr-2012 at 00:17
Back to Top
olga123 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote olga123 Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 24-Apr-2012 at 08:24
Zdravo Dechki, Forumov vi e super CHESTITKI !!!
Mojata replika se odnesuvat za micko-v od 8.jul-2009  znam deka e docna no sakav dedoto da go podrzam. Prijaten den.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 13-Aug-2012 at 16:33
Не знам дали тетовчани биле кај нас во Скопје за да видат што ни се случува тука, или во Охрид за да видат што прават охриѓани таму од гледна точка на градење на станбени објекти.
 
http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=19186
 

УРБАНИСТИЧКИ ХАОС - СЕ ГРАДАТ ЗГРАДИ НА 2 МЕТРА ОД СОСЕДНИТЕ!

 
12.08.2012
 

 
Од Секторот за Урбанизам велат дека под никакви услови и остапување не смеат да се градат објекти покрај реки, затоа што овие места се сметаат за ризични подрачја. Вакви примери има многу, но истите треба да подлежат на инспекцијата. Од тетовскиот инспекторат пак веќе неколку години не можат да се справат со ваквите дивогради кој се најчести долж горниот тек на реката Пена. Дивоградбите не можеме да ги спречме ниту урнеме, поради немањето на никаква подршка од страна на полицијата велат од инспекторатот.
 
Дополнителен проблем вели Беќири, е што голем број инвеститори отстапуваат од добиената техничка документација за градба. Па така, во текот на градбата, спротивно на законот, објектот се проширува или доградува. Поради ваквите примери, соседите треба да имаат увид во одобренијата за градба и доколку инвеститорите отстапуваат од нив, случаите треба да ги пријават до градежната инспекција.
 
Од Секторот за урбанизам на општината велат дека станбената зграда која се гради, законски  треба да биде оддалечена од соседниот објект минимално во долзина од 1 / 3 од нејзината висина. Но, во практиката тоа не е така. Нашата камера деновиве регистрираше објекти кои се градат на само  2 или 3 метри оддалеченост од прозорците и терасите на соседите. Ваквите проблеми настануваат откако со процесот на денационализација се враќаат парцели на приватни лица лоцирани помеѓу самите станбени објекти, истакнуваат од Секторот за Урбанизам
 
Во Тетово просторот за живеење се повеќе се стеснува. Се градат објекти на оддалеценост и од само 2 метра од станбените згради. Индивидуални куќи никнуваат на самиот кеј на реката Пена. Слободните места постојано се узурпираат, а надлежните ништо не превземаат во врска со настанатиот хаос, од кој најмногу страда обичниот граѓанин
 
[ Зоран Димовски ]

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 09-Nov-2012 at 15:37
Имам едно прашање. Донесен е ДУП од општина Центар за мојот реон, во кој е грубо прекршена постапката. Имено конкретно за мојата парцела, изложен е еден план а понатаму без никакво информирање на сопствениците извршена е несоодветна делба на парцелата, додавање на маркичка во новосоздадената и огромно проширување на габаритот. Ние сме сосопственици на парцелата и маркичката, и највероватно промената е извршна по барање на другиот сосопственик, без притоа да има правен основ (катастарска делба) нити пак дозвола од наша страна.
Откако се пожаливме во Општина Центар, и ни рекоа дека и самите утврдиле дека постапката е прекршена, изгледа не ни останува ништо друго (бидејќи ДУП-от е усвоен) отколку да се жалиме на уставен суд и да ја оспориме постапката. Па ме интересира, дали некој има вакво искуство, кој би бил добар адвокат за ваков спор, колку таквата постапка би ме чинела мене, колку долго би траела и сл.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 25-Apr-2013 at 10:52
Паѓа Водно

Поради изведување на градежни работи за нов објект на ул "Славејко Арсов", под некогашен хотел Панорама, се одрони огромна карпа при што испука улицата Славејко Арсов. Од безбедносни причини дел од улицата е затворена. Свлечиштето и натаму работи, при што се искинати кабли за струја и телефонска линија, а се пукнати и цевките за вода.



Главниот инспектор на Oпштина Центар, Мартин Пижула излезе на лице место при што е констатирано дека се работи за ризичен терен и дека ќе се преземат сите законски мерки за спречување на евентуални последици од поголеми размери.





http://www.vecer.com.mk/?ItemID=304A9A3CFAE38A4787110BD28A28A558
За сè има вторпат
Back to Top
Lovemacedonia View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-May-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Lovemacedonia Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 21-May-2013 at 15:46
Ushte eden monstrum se gradi vo Crnice...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 21-May-2013 at 23:48



Каде поточно се наоѓа ова во Црниче?

Во секој случај претпоставувам околу се куќи...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 22-May-2013 at 01:08
Originally posted by Cloverstack




Каде поточно се наоѓа ова во Црниче?

Во секој случај претпоставувам околу се куќи...
41°58'55.89"N  
21°25'48.20"E

ако не грешам, тоа е тука, сум го видел во живо во раните фази и кога го гледам во оваа фаза е застрашувачки... знам за „ексклузивната“ окупација на Црниче, ама ова е премногу
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 27-Jun-2013 at 19:35

Незнам зошто на оваа тема толку малку се дискутира не само овде туку на ниво на цела држава. Мислев дека си законот за дивоградби ова ќе се регулира но очигледно се регулира само таму каде што се може. Секојдневно читаме за дивоградбите во Струга, а досега ниту државата а уште помалку пак општината се обидела да стави ред на тоа поле. Државата од немоќ а општината од личен интерес.

Новиот градоначалник на Струга најави дека ќе се справи со дивоградбите и очигледно се обидува и еве што се случи денес:


Дилавер Леку му се заканувал на струшкиот градоначалник Зијадин Села

Дилавер Леку му се заканувал на струшкиот градоначалник Зијадин Села откако добил писмено известување за рушење на дивоградбите.


Од охридската полиција за Сител го потврдија случајот и велат дека градоначалникот Села поднел поплака до струшката полиција и дека синоќа Леку бил повикан на информативен разговор на кој му било укажано и писмено предупредупреден во иднина ваквите недоразбирања да ги решава преку надлежните институции. Од општина Струга денеска без коментар само ни кажаа дека Градоначалникот Села бил на состанок во Скопје .

Неодамна градоначалникот на Струга најави дека ќе прави чистка на дивоградбите почнувајќи од течението на реката Црн Дрим ,и расчистување на крајбрежјето потенцирајќи дека најнапред ќе им даде рок на сопствениците да ги тргнат во спротивно ќе им ги руши се со цел да се стави крај на урбаната мафија која години наназад дивее во Струга.

Нина Аритоновска 

http://www.sitel.com.mk/dilaver-leku-mu-se-zakanuval-na-strushkiot-gradonachalnik-zijadin-sela


Еве како изгледа кејот на Дрим:



Навистина незнам каде се движат пешаците овде. 


Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 27-Jun-2013 at 19:48

Само што го спомнав законот за дивоградби и еве на каква вест налетав:


И по законот за легализација, повторно се гради на диво
» четврток, 27 јуни 2013 14:55 �


Во неколку општини во источна Македонија и понатаму продолжува нелегалната изградба на објекти и покрај тоа што законот е ригорозен, а на граѓаните им се дадени низа бенефиции за легална градба. Градежниот инспектор во извештајот за 2012-та констатирал дека на диво се граделе гаражи и огради.

За разлика од Штип, на крајниот исток, во Делчево, урбанистите по измените на законот за градење не забележале дека на нивна територија некој им гради на диво.

Во тек е процесот на легализација на дивоградбите, но во неколку општини во земјава се забележани пропусти кои ги прават вработените во администрацијата, кои вообичаено легализираат објекти кои се изградени на јавни површини, а согласно урбанистички планови не смеат да се легализираат.

Досега неколку административци во земјава поминаа низ судската власт за ваквите пропусти и заработија казни.

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/7626-2013-06-27-13-00-04

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 28-Jun-2013 at 00:31
Дефинитивно дивоградбите кој се наоѓаат на кејот на Дрим треба под итно да се срушат , летото 2011 поминав два одмори во Струга со вкупен временски период од 15-16тина дена и можам да кажам дека движењето по кејот на Дрим е невозможно на многу места. 
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 28-Jun-2013 at 10:19
И јас сум согласен дека дивоградбите покрај Дрим мора да се срушат, но првенствено, приоритетно, неодложно прашање е да се стави ред во изградбата и „реконструкцијата“ на дуќаните во струшката чаршија. Во погон треба да се стави и државата, да им укаже на дуќанџиите дека тоа што го прават културен геноцид кој ја доведува чаршијата на ниво на изглед на Шутка. Потоа, да се вложат пари за да се вратат дуќаните во првобитната состојба и реконструирани фасади.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 29-Jun-2013 at 14:25
Originally posted by my Macedonia

kultuzin do nekade i ti si smesen. So 150 evra mesecno cekas lugjeto da si ja fasadirat fasadata? Ma te molam, stanarite edvaj prozorcite gi menuvaat i toa so kredit od habitat. Drzavata treba tuka da pomogne za urbanizacija itn itn.
Koga drzavata izgrdi skoro nov centar za pola milijarda evra mislam deka i tamu moze da se pravi nesto no kako sto rekov nema interes.


Немат пари за фасади а имат пари за дивоградби од по 4 , 5 и повеќе справтови. Види само што се случува во позадина на Кривичниот Суд. Не  е до пари до менталитетот е и до законите кои се спроведуват селективно.

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1766
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 29-Jun-2013 at 16:14
И после ќе се жалат, живееле во гето (Чаир). А сами си го ствараат правејќи буквално се со врски, градејки кај и што ќе им стигне.

Како што реков, фалат закони и сериозни санкции.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 29-Jun-2013 at 17:34
Originally posted by alexsend

И после ќе се жалат, живееле во гето (Чаир). А сами си го ствараат правејќи буквално се со врски, градејки кај и што ќе им стигне.

Како што реков, фалат закони и сериозни санкции.


Закони не фалат фали нивно неселективно спроведување и пред се спроведување на целата територија на Република Македонија. 

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3638
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 29-Jun-2013 at 18:00
а што ке кажете на ова

ани и државата градела бесправно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објавени денеска.

Од вкупно 1.403 дивоградби колку што се регистрирани во државава лани, 67 се во државна сопственост. Меѓу дивоградбите во државна сопственост најмногу има гаражи, вкупно 34, времени објекти се 15, деловни објекти 8, доградби се 4, додека 3 од овие дивоградби се огради и 3 помошни објекти.

Девет од дивоградбите регистрирани во текот на минатата година се во мешовита сопственост (државна, приватна). Четири од нив се деловни објекти, 1 дивоградба е доградба, а 3 се времени објекти.

Податоците на статистика покажуваат дека 94,5 отсто дивоградби се во приватна сопственост.

Лани, нелегално најмногу се градело во Скопје каде што се регистрирани 622 објекта. Следат Тетово со 90 дивоградби, Пробиштип и Прилеп со по 77 дивоградби Охрид со 69, Куманово со 46...

Од скопските општини најголем број дивоградби 131 се регистрирани во Карпош, потоа 121 во Аеродром, 119 во Центар, 93 во Чаир, 50 во Кисела Вода…

Според видот на објектот, бесправно се изградени 215 куќи, 208 се надградби и адаптации, 148 деловни објекти, 163 гаражи, 215 огради, 13 скалила, 34 тераси, 48 летни тераси, 107 настрешници, 115 времени објекти, и 137 помошни објекти.

http://www.plusinfo.mk/vest/95228/Lani-drzhavata-izgradila-67-divogradbi


Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3828
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 30-Jun-2013 at 14:26
Se ostranuvaat trasite vo kejot na struga

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 30-Jun-2013 at 15:01

 Е ова е дефинитивно вест на денот. Само напред, градоначалникот за ова треба да добие подршка и од граѓаните и не треба да запре тука. Како што слушам и плажите се пребукирани.


Започна демонтирањето на терасите крај Црн Дрим

Датум на објавување
Посети: 196

Дел од сопствениците на објектите поставени на шеталиштето покрај реката Црн Дрим не го почекаа рокот утврден од страна на градоначалникот Зијадин Села за да го ослободат овој простор.

Деновиве тие започнаа со демонтирање на терасите кои се наоѓаа на овој атрактивен дел на Струга, јави порталот strugalajm.com.

Неодамна Општина Струга, преку писма ги информираше сопствениците на спорните тераси дека, доколку до денешниот ден, 30-ти јуни, не ги отстранат импровизираните метални конструкции и тераси од шеталиштето, истото ќе го направи посебна компанија, а трошоците ќе паднат врз сопствениците.

За оваа намена, претходно Општина Струга распиша тендер на кој беше одбрана специјализирана компанија.

Супер радио

http://ohridpress.com/struga/97-struga/8635-започна-демонтирањето-на-терасите-крај-црн-дрим



Edited by kultuzin - 30-Jun-2013 at 15:07
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 30-Jun-2013 at 15:57
Подршка за градоначалникот,ама ме интересира што ќе прави со таа стаклената летна тераса на Дилавер Бојку десно на сликата.Ако го отстрани тоа,тогаш стварно е за почит.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.