build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 08-Sep-2020 at 16:18
УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ВЕВЧАНИ



https://24.mk/details/urivanje-na-divogradbite-vo-vevchani
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 11-Sep-2020 at 07:14
Зградата на Глобал Импакт што ја залепија до тротоар на Партизанска во Карпош 4 резултира со паркирани коли до самата зграда на тротоар што значи повторно или нефункционални подземни паркинзи или непродадени паркинзи...





https://www.facebook.com/InicijativaEden
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 274
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 11-Sep-2020 at 12:11
Многу се безобразни луѓево! Не може човек да помине пеш оттука пеш. Мора да се стават столбчиња од сите страни и по еден полицаец да казнува. Штом не им се дава пари за паркинг место нека ја продадат колата!
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 11-Sep-2020 at 20:33
Стефчо си земал пари за маркицата, семејството со плацот си земало пари, инвеститорите си ги продал становите, така да сега станарите, кои воопшто не размислиле каде купиле стан, треба да си го осетат тоа фино лепо. Баш така, стај столпчиња сегде и готово. (само поцврсти)
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 12-Sep-2020 at 17:03
ПРОТЕСТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРОТИВ „УРБАНАТА МАФИЈА“

Главната улица во Ѓорче Петров, денес точно на пладне беше блокирана од револтираните жители на оваа општина, кои се против изградбата на 60 метарски високи згради и нови 800 станови, кои во месноста Јурија ќе донесат нови 3000 жители. Од општината тврдат дека дозвола за градба нема. Иако протестот беше најавен и организиран од страна на граѓанската иницијатива против урбаното дивеење – спас за Дексион и Јурија, на истот присуствуваа и викоки функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стоп за урбаната мафија“ – под ова мото ѓорчепетровци денес точно напладне ја блокираа главната сообраќајница „Ѓорче Петров“ во знак на протест што надлежните од општината веќе две недели се глуви на нивните барања да се ревидира Деталниот урбанистички план С3 24 за Јурија, со цел да се намали планираниот габарит и висината на зградите вцртани со маркиците на ДУП-от.

- Јавно го прашуваме градоначалникот Александар Наумовски, дали се потрудивте да ги информиравте граѓаните на ова населено место за овој променет ДУП, и што ќе се гради тука. Дали одржавте јавни расправи за предметниот мафијашки урбан план, донесен експресно по ваша нарачка .Ви посочуваме, дека ние граѓаните го имаме главниот збор. Дека јавниот, а не приватниот интерес во нашата општина ќе одлучува за јавниот простор. - изјави Борис Шамбевски.

Жителите реагираат дека со планот кој предвидува да се изградат згради високи по 58 метри и со 17 ката, и населување на 3000 жители, ќе се наруши нормалното живеење во населбата Јурија и целата општина, бидејќи ќе се запре струењето на воздухот, ќе се зголеми аерозагадувањето, а воедно ќе се создаде проблем и со сообраќајното поврзување. Граѓаните велат дека она што недостасува во општината, се градинки, училишта и паркови.

„Еднаш ова место го одбранивме, ќе го одбраниме уште еднаш, тоа на сите да им биде јасно.“

„На само 150 метра од овде се Вардар и Сарај, каде од Матка доаѓа чист и свеж воздух, и вие кога ќе подигнете еден ѕид од 17 ката, што ќе се случи?“

”Немаме против да се гради, ама нешто покорисно,попаметно, деца да се запослат, децата немаат каде да си играат“.

„Место да се изградата градинки, прашајте ги младите, мака мачат. Треба градинки, треба школи.“

Од Општината преку соопштение информираат дека минатата година спровеле 2 јавни анкети ,за донесениот урбанистички план со кој се овозможува услови за градење, но дозвола се уште не е издадена. Од таму, потенцираат дека во просторот значаен дел е одделен за зеленило, планиран е и јавен парк, во зона надвор од градежни парцели.

„Ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија кои беа вообичаени во изминатиот 10 годишен период – кога се реализираа „ѕидови“ долж улиците. Протокот на воздух апсолутно нема да биде спречен.“ - општина Ѓорче Петров.

Денешниот протест беше најавен и спроведен од страна на граѓанската иницијатива „Против урбаното дивеење за спас на Дексион и на Јурија“.На истиот во позадина поддршката ја дадоа и истакнати членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајливски и Владимир Неловски.

Според организаторите, блокадите и протестот ќе продолжат и во следните денови, се додека не се исполнат нивните барања.

https://www.24.mk/details/protest-vo-orche-petrov-protiv-urbanata-mafija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 12-Sep-2020 at 17:26
Протести во Ѓорче Петров против нови висококатници



https://telma.com.mk/2020/09/12/протести-во-ѓорче-петров-против-нови-в/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 141
  Quote David Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 12-Sep-2020 at 17:57
Добро што се протестира против урбаната мафија,само не ми е јасен моментот протестирање против "висококатници" ? Значи ако е ново планирана зграда 17/27/37...спрата=лошо,а ако беше 7 ќе беше добро ?


Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 12-Sep-2020 at 18:16
Да беше до десет ката глатко ќе поминеше без коментар ама штом се спомне нешто високо околу 20 ката веднаш е проблем...никој не гледа каква изведба и квалитет се добива,кој ќе гради како е поставеноста на објектот дали инфраструктурата е способна да опслужи таков габарит(затоа се случуваат масивни згради на непромислени локации,затоа многу потенцијали на градот се сведоа на маркици меѓу шест и десет ката). Да си имаа куќи на парцелата и да требаше да си добијат по некое станче чинам немаше да се крева многу галама дури и за 20 катница.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 274
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 12-Sep-2020 at 18:16
Тука може да се направи огромна штета од која нема да има враќање назад.
Прво во Хром се дозволија згради на места на куќи. Ајде тоа ќе помине. Потоа делот позади СП Планет се смени исто така, па кај и да е и таму ќе се гради. Пола од зградите долж булеварот накај Сарај се распаѓаат, па да кажеме според економската ситуација на граѓаните и тоа ќе се урива па гради (преку системот куќа за стан).
Е сега, доколку се дозволи и тој дел кај Јурија да се претрупа со нови објекти и нови жители, јавниот транспорт и самата сообраќајна инфраструктура нема да може да го издржи тоа. Плус ја имаме општината Сарај, веднаш до Ѓорче која исто така ќе се шири и развива. Па тоа нема може со часови да се дојде до центар. Не подземни булевари, автопати ќе треба да се градат. Плус на сето ова е тоа што граѓаните булеварот Ѓ.П. го користат како автопат кон Тетово. Не знам останува да видиме, ама нема да е на арно.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 15-Sep-2020 at 00:48
Originally posted by stef4o

Да беше до десет ката глатко ќе поминеше без коментар ама штом се спомне нешто високо околу 20 ката веднаш е проблем...никој не гледа каква изведба и квалитет се добива,кој ќе гради како е поставеноста на објектот дали инфраструктурата е способна да опслужи таков габарит(затоа се случуваат масивни згради на непромислени локации,затоа многу потенцијали на градот се сведоа на маркици меѓу шест и десет ката). Да си имаа куќи на парцелата и да требаше да си добијат по некое станче чинам немаше да се крева многу галама дури и за 20 катница.
и имаш коментари дека децата играле таму и тоа им било единственото зеленило, а тоа змијарник со исушени треви
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 16-Sep-2020 at 15:07
Граѓаните не сакаат висококатници, од општината тврдат дека ќе има проток на воздух



https://kanal5.com.mk/gragjanite-ne-sakaat-visokokatnici-od-opshtinata-tvrdat-deka-kje-ima-protok-na-vozduh/a439076
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 17-Sep-2020 at 06:38
Стопирање за урбаното дивеење – ѓорчепетровци не се откажуваат, не сакаат 17-катница во својата општина



https://tv21.tv/mk/stopirane-za-urbanoto-diveene-gorchepetrovtsi-ne-se-otkazhuvaat-ne-sakaat-17-katnitsa-vo-svojata-opshtina/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 19-Sep-2020 at 13:37
Скопје ја живее агресивната урбанистичка политика

blob:https://www.slobodnaevropa.mk/6f6c1184-8d60-4a98-bb7e-4e778992de2e

https://www.slobodnaevropa.mk/a/урбана-мафија-скопје-хаос/30837798.html
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 22-Sep-2020 at 07:09
Пристапот до градежен профит во вечен конфликт со пристапот до правда

Веќе седум години жителите на улицата Мексичка во скопската населба Тафталиџе можат само беспомошно да ја го гледаат приватниот објект изграден врз нивното некогашно детско игралиште и парк. Две генерации израснаа на овој простор, опеан во песните на Леб и Сол. За третата веќе немаше место.



Паркот беше приватизиран, на него се нацрта градежна маркичка и на него се изгради зграда. Веднаш до споменикот на мексиканската солидарност, таа денес стои како споменик на несолидарноста и на борбата што локалното население ја водеше, но ја загуби.

Мексиканскиот парк е само еден од многуте примери на уништување јавни простори и зелени површини и на директно нарушување на непосредната животна средина во урбаните центри. Ова е игра што е однапред наместена, порачуват експертите што ги консултиравме. Правилата за урбанистичко планирање им овозможуваат пристап до профит на градежните инвеститори и на граѓаните како сопственици на имоти, но не и пристап до правда на граѓаните како жители на одредено подрачје, при носењето одлуки за непосредното уредување на просторот во кој што живеат.

Ова е процес кој што трае повеќе од две децении. На сите засегнати фактори им е јасно дека со него значително се намалуват зелените површини по глава на жител во одредени области, инфраструтурата се преоптоварува, потрошувачката на енергија се зголемува, а просторот се користи крајно неодржливо. Исто така е јасно дека прекумерното градење е една од причините за загадениот воздух, поради густата градба, спречувањето на циркулацијата на воздухот, намалувањето на дрвјата и поради градежната прашина. Нејасно е само зошто никој не се обидува да ги смени правилата.

Јавни анкети што не се баш јавни

Од Тафталиџе до Аеродром, од Бутел до Кисела Вода, како и во Тетово, Охрид и на други места низ земјава се одржале стотици протести и се воделе многу иницијативи откога во некое соседство ќе се загради одреден парк, игралиште или друг простор со градежни тараби, а булдожерите ќе почнат да копаат дупка за темели. Едноставно пребарување на Гугл покажува дека барем по 3-4 такви настани годишно го привлекуваат медиумското внимание.

Во најголемиот број случаи локалните власти одговараат со аргументот на врзани раце – деталниот урбанистички план бил донесен одамна, инвеститорот имал сопственост или право да гради, и тие не можат да го спречат или да не му издадат дозвола. Понекогаш тие додаваат дека граѓаните, ако им пречела градбата, можеле и требало да реагираат кога деталниот план бил изложен на јавна анкета.

За жал, јавната анкета е само име за процес кој што е далеку од јавен. Ниту целата заинтересирана јавност може да учествува на неа, ниту таа служи за решавање прашања од јавен интерес. Јавните презентации и анкети законски се определени на начин што повеќе ја исклучува јавноста, отколку што вистински ја вклучува, вели архитектката Дивна Пенчиќ.

„Тие се остваруваат во фаза кога е веќе изготвен урбанистичкиот план и се однесуваат исклучиво на граѓаните кои се жители на делот од градот за кој се изготвува планот и на институциите кои што тука имаат директен интерес. Во таа фаза се можни само мали корекции во однос на загрозени сопственички права или за инсталации на Водовод, ЕВН, БЕГ и други. Јавноста, граѓаните и граѓанските иницијативи и организации, кои се засегнати во смисла на загрозување на правата на квалитетни животни услови и здрава животна средина, односно поборниците за повисоки цели и за доброто на сите граѓани, всушност, немаат инструмент за делување. Грубо се отфрлаат какви било нивни барања и укажувања, па нивниот глас ниту се слуша, ниту се уважува“, објаснува Пенчиќ.

Според нејзиното објаснување, кога станува збор за јавните анкети, секој плански опфат се третира како да е изолиран од остатокот на градот, а секој имот како да се свет за себе. Буквално, ако некоја тесна уличка е граница меѓу два плански опфата (што е чест случај) луѓето што живеат на едната страна немаат никакво право да интервенираат ако тоа што се планира од спротива сериозно влијае вез нивните животи. Поднесувањето забелешки се прифаќа само ако подносителот е сопственик на некој имот, и само тие се разгледуваат. Други забелешки, кои се однесуваат на јавниот интерес или укажуваат на намалување на квалитетот за живот, најчесто се отфрлаат како барања без законска основа.

„Тоа би било прифатливо ако претходно општината и планерот одговорно си ја вршат нивната улога и работа, а тоа е заштита на јавниот интерес, и не би изготвувале решенија кои ги загрозуваат условите за живот и предизвикуваат загадување и узурпација на земјиште и на објекти што им припаѓаат на сите граѓани. Но, сведоци сме на едно паушално, површно и инвеститорски-ориентирано планирање, кое без исклучок ги загрозува основните човекови права на квалитетна животна средина и достојни услови за живот“, нагласува Пенчиќ.

Јана Белчева-Андреевска, доскорешната претседателка на советот на општина Центар и активист во движењето „Здравје пред профит во Центар“, пак, вели дека ако општините имаат правилна визија и постават стратешки приоритети за просторот што треба да го уредат, тогаш и сегашните правила би биле доволни за да обезбедат учество на граѓаните и заштита на нивните права во непосредната околина. Но бидејќи тие не поставуваат приоритети, планерите имаат слобода да да работат во корист на инвеститорите, од што имаат финансиски интерес.

„Затоа планови се изработуваат за вредност од едно евро, а речиси никој не го гледа тоа како сомнителна пракса“, вели Белчева-Андреевска.

Битка со ветерници во институциите

Александар Михајловски е еден од жителите на Мексичка што учествувале во борбата за да го спасат паркот и игралиштето, но не успеале, иако се обратиле до бројни институции. Дознал дека земјиштето веќе не е јавен простор од сосед што му дошол на врата за да го информира дека имало промени во урбанистичкиот план, со градежна маркичка на игралиштето, и дека може да поднесат приговори во законскиот рок.

„Дознавањето за проблемот беше клучно, оти се случи 10 години по приватизацијата за која ние не знаевме дека се случила – по кој рок застарувале сите можности за жалби. Почекано е да помине времето од 10 години за да се активира правото на сопственост и да се заокружи градежна парцела со откуп на јавно земјиште, со дозвола од надлежното Министерство за транспорт и врски“, вели Михајловски.

Поднеле приговори за нацрт ДУП-от, им биле одбиени како неосновани. Приговарале до општината дека не е побарана согласност од непосредните соседи за новата градежна парцела, ги одбиле бидејќи немало основа. Како што вели, општината им ги развлекувала роковите за одговори додека инвеститорот ја спроведувал добиената дозвола за градба, а фирма за обезбедување го чувала градилиштето. Се обратиле и до градот Скопје кој што се прогласил за ненадлежен, бучавата од градилиштето ја пријавиле до МВР од каде им рекле дека немаат мерачи за бучава, барале податоци од градскиот архив, но не ги добиле итн. Поднеле и тужби до Основниот суд, Управниот суд и претставка до правобранителот. Најчестиот одговор им бил дека не се надлежни.

Примерот со Тафталиџе покажа дека дури и кога локалните жители се борат за некое општо добро, немаат никаква гаранција за успех. Оние што не се жители, пак, можат само да покренат иницијатива надвор од законските процедури за урбанистичко планирање, користејќи ги уставните права за граѓанско организирање и активизам.

Таков пример е случајот со имотот на фабриката Треска во Скопје, исто така денационализиран во последниве години, каде што неколку градежни фирми веќе купија парцели и очекуваат да им се дозволи да направат згради. Здружението Здравје пред профит во Центар поднесе петиција за просторот да се уреди на јавен конкурс, со цел да се задржи што повеќе од зеленилото во фабричкиот круг, која ја потпишаа поголем број архитекти и граѓани. Бидејќи не се дел од процедурата, судбината на ваквите иницијативи зависи исклучиво од волјата на локалните власти.

За промени, правата треба да бидат над волјата

Урбанистичкото планирање преку јавни конкурси, барем на позначајните урбани подрачја, е решението со кое ќе се обезбеди поголема јавност во постапката и поголема заштита на правата на граѓаните во уредувањето на просторот, вели архитектката Пенчиќ.

„Преку нив ќе се добијат решенија кои ќе понудат најдобро исполнување на критериумите, ќе создадат позитивен натпревар помеѓу планерите и архитектите, ќе бидат на јавен увид и ќе понудат подобри решенија. Досегашната пракса на избирање фирма преку тендер, која не чуствува никаква одговорност да бара нови, современи и квалитетни решенија, туку напротив се однесува според „вие сте ме избрале и јас ќе го правам тоа што го сакам и го знам“, досега не даде добри резултати, напротив ја доведе планерската струка до дно на некомпетентност и несовесност, а градовите до најпримитивна, сурова шпекуланска и неквалитетна изградба“, истакнува Пенчиќ.

Според Белчева-Андреевска, граѓаните мора да се сензибилизираат за важноста да учествуваат во урбанистичкото планирање за да ги заштитат своите права во животниот простор. Како што објаснува таа, досегашното искуство покажало дека ниту една институција вклучена во урбанистичкото планирање не покажувала доволна грижа за јавниот интерес. Ниту градот Скопје се грижел за излегувањето од параметрите на Генералниот урбанистички план, ниту Министерството за образование за капацитетот на училиштата, ниту Министеството за труд и социјала за капацитетот на градинките преоптоварен поради доселувањето нови жители во одредено место, ниту МВР за сообраќајот, ниту ДЗС за заштита од ризици. Сите давале зелено светло.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев вели дека засега, во отсуство на други механизми, граѓаните треба да ги користат можностите за поднесување приговори на јавните анкети.

„Секој анкетен лист е важен и стручната служба, односно Комисијата составена од внатрешни и од надворешни членови мора да одговори на него“, вели Богоев.

За да овозможи поголема јавност во урбанистичкото планирање и заштита на јавниот интерес, тој во општината формирал комисија од двајца внатрешни членови и тројца надворешни – планери и универзитетски професори. Но и самиот вели дека за остварување на граѓанските права е многу важна волјата на градоначалникот и на општинската администрација.

„Како локална самоуправа остануваме отворени и за изнаоѓање на други механизми за учество на граѓаните. Сметам дека тие треба да бидат носени во координација со ЗЕЛС, Владата и другите засегнати странаи. Решенијата да бидат заеднички, да важат за сите. Само така ќе имаме системски промени“, истакнува Богоев.

https://www.porta3.mk/pristapot-do-gradezhen-profit-vo-vechen-konflikt-so-pristapot-do-pravda/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 22-Sep-2020 at 07:10
KOD - Divogradbite kaj Mavrovka i gradbite na Veljko Hrshum 20.09.2020



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 30-Sep-2020 at 07:15
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 05-Oct-2020 at 12:03
од 13:24 до 24:15



https://telma.com.mk
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #378 Posted: Yesterday at 13:25
ВЕВЧАНИ ПОЧНА СО УРИВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ, ВО СТРУГА НЕ СЕ УРИВА ОТИ НИКОЈ НЕ СЕ ЈАВУВА НА ТЕНДЕРИТЕ, ВО ОХРИД АКЦИЈАТА ЗАПРЕ СО ЕДНА УРНАТА КУЌА

Во Вевчани почна уривање на дивоградбите. Според решението од Градежниот инспекторат, во оваа Општина има 10 нелегални градби од 2013 досега, од кои пет се од времен карактер, огради, настрешници, скалила, додека останатите се цврста градба.

Дел од дивоградбите граѓаните сами ги отстрануваат во договор со Општината и Комуналното претпријатие. За дивоизградените објекти кои се цврста градба се чека потпишување договор со фирмата избрана во постапката за јавна набавка.

„Динамиката на рушењето ќе зависи од средствата. Во буџетот на Општината имаме предвидено 250.000 денари за оваа намена, но отстранувањето чини многу повеќе. На крај на година сме и не можеме да обезбедиме повеќе средства“, вели градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Јанкоски најавува до следната година комплетно отстранување на сè што е изградено нелегално.

Во Охридско-Струшкиот Регион, Општина Охрид прва започна со решавање на проблемот со дивоградбите во јули, но од август акцијата стагнира. Со издадено решение за уривање багерите срушија само една куќа, објект лоциран во близина на езерскиот брег, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои бeа надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП). Голем број нелегални градби, кои треба да бидат дел од акцијата на Охрид за чистење на градот од дивоградбите по препорака на УНЕСКО, останаа. Во општината има 1.076 дивоградби, а 406 се во заштитеното подрачје.

Струга, пак, е пример за некотролирана и несоодветна урбанизација, но засега нема никакви активности за рушење на објектите кои излегле надвор од законски пропишаното, а нема ни податоци колку од нив треба да се срушат.

Од Општината се правдаат дека активностите за рушење не се почнати бидејќи им пропаѓале тендерите затоа што со години ниту една фирма не се пријавувала во постапките.

„По основ на барање на граѓаните за легализирање има околу 12.000 времени објекти и цврсти градби, но поголемиот дел од нив се објекти кои се изградени пред 30-40 години. Од нив, половината се одбиени поради непотполна документација. Имаме 3.000 легализирано. Уште ги немаме разгледано предметите кои ќе бидат опфатени со постапката за рушење. Неколку пати сме објавиле тендер за рушење, но никој не е јавен“, вели Натмир Меџипи, раководител на Одделението за урбанизам.

Во најновиот план за управување со Светското и културно наследство во Охридскиот Регион до 2029 година, наведено е дека прекумерната и неконтролирана урбанизација негативно влијае врз зачувувањето на автентичноста на старите градски јадра на Охрид и Струга.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vevchani-pochna-so-urivane-na-divogradbite-vo-struga-ne-se-uriva-oti-nikoj-ne-se-javuva-na-tenderite-vo-ohrid-aktsijata-zapre-so-edna-urnata-kuka/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.