build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 09-Feb-2010 at 21:14
Реновирана концертната сала во Музичкото во Битола
ВТОРНИК, 09 ФЕВРУАРИ 2010 17:42


Грантот од Холандската влада и од Светската банка, како и поддршка од Министерството за образование кои Државното музичко училиште Битола ги доби минатата година, овозможија училиштето да се модернизира, да добие нов лик, пред се концертна сала во средното училиште, која е од голема важност за изведбите на учениците. Еден дел од парите од проектот, пак, се наменија за обнова на 40 години стариот инструментариум.



- Сите гранта се реализирани, се направи кабинет за слушање музика, се набавија три електрични пијанина и сала која ќе служи за потребите на школото - вели Панде Тунтевски, директор.

Сега музичкото училиште располага со две концертни сали, една во основното, со капацитет од околу 70 седишта и оваа во средното со околу 120 седишта,



-Ја користиме за поголеми концерти, интерни часови, пијанината се во подобра состојба отколку тие во малата сала - додава Тунтевски.

Но, и понатаму најголем проблем за ова училиште е тоа што е поделено во две згради, односно што основното и средното функционираат одделно.

-Спојот треба заеднички да се реши со локалната самоуправа и Министерството за образование. Поради поголема професионалност, треба помалите да гледаат како поголемите музицираат, тој контакт тие сега го немаат - додава Тунтевски.

Ваков проблем на пример, не постои во Штип, Скопје и во Тетово, каде што исто така има музички училишта.




http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17691:2010-02-09-16-44-26&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


Па може и не е толку важна веста како вест, ама сепак тука учеше и порасна Тоше Проески, па веројатно може да се каже дека училиштето е важно

Edited by Cloverstack - 09-Feb-2010 at 21:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 20-Feb-2010 at 16:12

Во Сарај ќе се гради нов универзитет

Покрај Вардар, според ДУП, е предвидено да се изградат средно училиште и здравствена установа

Сања Наумовска

Општина Сарај ќе добие нов универзитет, средно училиште и здравствена установа. Објектите ќе се градат покрај кејот на Вардар, веднаш на влезот во Општината, на државно земјиште. Деновиве Министерството за транспорт објави оглас на кој на јавно наддавање нуди парцела од 21.451 квадратни метри наменета за високообразовна институција. Новиот универзитет ќе се гради на површина од 6.450 квадрати со висина од 10,2 метра.

Веднаш до него, во комплексот административни објекти, зацртани во Деталниот урбанистички план, донесен минатата година, има и маркичка за средно училиште со површина од 5.000 квадратни метри. Општинарите веќе поднеле иницијатива до Градот Скопје да се направи проект врз чија основа ќе се утврди финансиската конструкција. Парцелата за здравствената установа е со површина од 14.600 квадрати, информираат од Сарај.

Во Општината велат дека се задоволни, бидејќи досега се јавиле поголем број институции заинтересирани за локацијата за високообразовна институција. Според објавата на Министерството, парцелата се дава на долготраен закуп од 99 години, за која годишно ќе се плаќа одредена закупнина. Висината ќе се одреди на јавното наддавање закажано за 16 март. Почетната цена е 20 денари за квадратен метар, а наддавањето ќе се врши постапно, со зголемување на цената од најмалку еден денар. Најдобриот понудувач ќе треба во рок од 15 дена да ја плати закупнината за првата година, а новиот универзитет ќе треба да се изгради во рок од 3 години.

„Комплексот објекти ќе се гради веднаш десно од железниот мост, на влезот во Сарај. Според нашите надлежности, Општината ќе ја направи сета потребна инфраструктура, а моментално има асфалтиран пристапен пат“, велат во Сарај.

Истовремено, информираат оттаму, ќе треба да бидат регулирани односите со оние сопственици чиј приватен имот делумно влегува во понудената парцела. Станува збор за 102 квадрата земјиште во сопственост на државата и приватник и 14 квадрати приватен имот. Во Сарај велат дека сопствениците не се противат на изградбата на институцијата и дека останува само да се утврди дали тие ќе го продадат земјиштето или, пак, ќе добиваат од средствата наплатени од закупнината.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9BC2195AF9FA43468DBD53EDE598D859
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 21-Feb-2010 at 10:15
Колеџ „Јахја Кемал“ и во Струмица

Струмица, 18 февруари (МИА) – По Скопје, Гостивар и Струга наскоро и во Струмица ќе биде отворен колеџ „Јахја Кемал“, во кој ќе се школуваат средношколци од целиот југоисточен регион.

Колеџот трајно ќе биде сместен во еден од објектите на поранешната струмичка касарна, но до создавањето услови во касарната, учениците две години ќе посетуваат настава во поранешната детска градинка на предилницата „Струмичанка“ која ќе биде реновирана и приспособена за таа намена.

Запишувањето на ученици во оваа реномирана средношколска установа ќе почне од први април и ќе трае до 9 мај, така што родителите кои ќе се одлучат да ги школуваат своите деца во колеџот веќе треба да се подготвуваат за комплетирање на потребните документи.

Годишните трошоци и за школување изнесуваат од две до 2.500 евра. Најголем дел од овие средства, односно 1.500 евра се за школарина, 300 евра за хранарина, 150 евра за униформа и од 300 до 500 евра за учебници, литература и за мдруги дополнителни трошоци.

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/581805/index.html
Back to Top
Addvert View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Location: Sofia, Bulgaria
Online Status: Offline
Posts: 153
  Quote Addvert Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 21-Feb-2010 at 13:26
Скалите на Ректоратот.... некоја заебанција се сигурно... Crazy
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 23-Feb-2010 at 14:49
luge sto se slucuva vo ovaa lokacija?
 42° 0'7.04"N 21°26'37.50"E
znam deka bea urnati baraki sto ne mu pripagale nikomi i ke se gradi nesto
dali e verski objekt ili uciliste??
ako ojt nekoj slucajno neka dava informaciiBig%20smile
 
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 23-Feb-2010 at 16:14
Локацијата што ти е поставена е од училиштето Лирија. Срушено е цело училиште или само некои бараки?

Ако е дел, веројатно ќе се гради нов објект за училитето.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 23-Feb-2010 at 16:33
ne krale
 ucilisteto liria e ovde  42° 0'31.26"N  21°26'41.35"E
znam deka bese nesto nepotrebno
divogradba bese ili nepotrebni baraki itn.
vidov ednas porano vo starnata na opstina cair ama ne mozam da ja najdam........
mislam deka bese nesto kako dzamija no samo za zenite, ama navistina ne sum siguren....
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 23-Feb-2010 at 16:49
go premediv vo google.mk deka bese na albanski
 
eve za sto se raboti
prviot vest

 16/07/2009 Денеска во општина Чаир направи за создавање на камен темелник на новата учебна "Манастир Конгресот. Иницијатива, проект и градежна дозвола е примена, односно им беа доделени од страна на општина Чаир, а финансиските средства на градоначалникот беше посветеност обезбедени од страна на Министерството за образование и наука со вредност од 2 милиони евра.


Оваа школа на модерни тип кој ќе биде еден од најубавите училишта во градот Скопје ќе се капацитет за 800 ученици со сите услови за модерна настава.
 
Делата на ова училиште од страна на работа компанијата мора да заврши во рок од 17 месеци.

vtoriot vest
• ОУ "конгрес манастир" изградена во 1964 година, по катастрофалниот земјотрес во Скопје и е еден од најстарите училишта каде што наставата се одржува на албански јазик. Како резултат на долготрајни употреба на објектот и максимална (45 години) тој е целосно амортизирана, па со помош на градоначалникот, г-дин Изет Mexhiti, Министерството за образование и наука и Владата на Република, беше одлучено дека овој објект се распадна и да се изгради ново училиште тема.


Решение за изградба на нови училишни објекти и на финансиски средства за истата цел, донесени на Република Македонија Владата на буџетот за 2009 година.

Рушење на стариот објект започна на датум 22.06.2009, а во врска камен-темелник на новиот објект се очекува да биде 10-15 од јули 2009 година. Новиот објект се очекува да биде изграден во рок од 12-15 месеци.
 
a interesno ke bese da ojt nekoj da slika da vidime kako ke izgleda najubavata uciliste vo skopje!
admin ve molam prefrleto gi postovite vo obrazuvanite institucii
 

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 23-Feb-2010 at 17:05
Првото место што ми го покажа гарантирам дека сер бараките кои беа дел од училиштето Лирија. Колку што знам таму ќе се гради нова зграда за училиштето.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 23-Feb-2010 at 17:18

ОФТОПИК: Симпатично е како Гугл Транслејт превел Битолки Конгес - Конгрес Манастир, за името на училиштето. Претпоставувам од Монастир, (Турското, Грчкото и Албанското име на Битола).

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 23-Feb-2010 at 17:24
taka e samo na albanski se vika manastir ne monastirBig%20smile
inace eve edna mala slika od net sto najdov
 


Edited by my Macedonia - 24-Feb-2010 at 12:29
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 25-Feb-2010 at 18:44
ЧЕТВРТОК, 25 ФЕВРУАРИ 2010 17:27



Дали 122. 047 илајди евра од програмата Јапонска грант помош на мали проекти за цивилна безбедност од 2008мата се трошат наменски, денеска дојде да провери министер од јапонската амбасада во Виена, задолжена за одржување на односите меѓу двете земји



„ Јапонија го помага развојот на Македонија од 93тата, кога ја призна нејзината независност, до 2008 имаме донирано околу 560 милиони евра.Соработката ќе ја продолжиме и во иднина со цел развој на образованитео и јавното здравство."- вели Масото Исо амбасада на Јапонија во Виена.

Дека во иднина Јапонија пак ќе ја помага Македонија, зборува најавената изградба на хидросистем во северо-источна Македонија, но и новиот договор за уште една реконструкција.



„ Во текот на вчерашниотден потпишавме уште еден договор за реконструкција на уште едно училиштеденовиве официјално ќе дознаете за кое станува збор."- вели Владимир Талески градоначалник на Битола.



Поголемиот дел од средствата се искористија за обнова на училишната зграда на турското училиште, чија реконструкција беше оценета како оправдано искористени пари.



„ Среќнисме штоЈапонската Влада донира огромни средства некаде околу 53 000 евра со која се реконструира училиштето."- вели Јане Ангелевски директор на ОУ Гоце Делчев.



Околу 14 илјади евра за две пежо-а 107, Јапонија донира за Здравствениот дом од Битола со цел јакнење на капацитетите на установата, преку мобилни медицински екипи.



„ Поминавме за една година 40 000 км и пруживме помош на колу 7000 пациенти, зависно што ќе понудат тоа ќе побараме во иднина незнам што ни е потребно во монемтов но зависноод понуденото тоа ќе побараме."- вели Благој Радевски дирекотрна Здравествен дом.



Јапонските претставници и тука добиле впечаток дека донацијата е според планираното и дека возилата се одржуваат со големо внимание .

http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=18373&Itemid=106


Училиштето отсекогаш било руина, а не верувам и дека нешто е сменато сега.




Edited by Cloverstack - 25-Feb-2010 at 19:17
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 26-Feb-2010 at 09:17
Originally posted by Raisinloaf

Eве рендери за Универзитетот во Штип , нема само Студентски дом да се гради Ректоратhttp://ugd.edu.mk/images/stories/file/idejni_resenija/filoloski.jpg


Ректоратов е некоја реконструкција или „Штип 2014“?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 26-Feb-2010 at 18:11


41°44'10.78"N  22°10'56.44"E

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 04-Mar-2010 at 15:21

Идните уметници напикани во шупи

Изградбата на единственото средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ не може да продолжи бидејќи Општина Центар ја стопира изградбата, велат во Министерството за образование. Оттаму додаваат дека општинарите го избришале објектот од детаљниот урбанистички план. Поради стопираните градежни работи, неизвесно е дали новото училиште ќе биде готово до следната учебна година, а во меѓувреме младите уметници се школуваат во импровизирани услови во помошните простории на некогашниот објект.

- Училиштето го нема во детаљниот план и не знаеме што е предвидено на таа локација. Изградбата на училиштето ја почнавме лани во ноември, а по неколку дена општина Центар ја запре изградбата. Ние имаме и програма и пари за изградба на училиштето и изградбата сега зависи исклучиво од брзината на Општината - велат во Министерството за образование.

Во Општина Центар велат дека не знаат во што е проблемот со изградбата на средното уметничко училиште и додаваат дека според планот за локалитетот Буњаковец 1, донесен во 2005 година, на локацијата е предвиден објект за образование, односно средно училиште. Исто така додаваат дека постапката за добивање одобрение за градење е уредно водена во Општината.

Неодамна министерот Никола Тодоров изјави дека доградбата на новата училишна зграда зависи исклучиво од Општина Центар. Тој додаде дека има проблем со детаљниот урбанистички план и дека новото училиште го нема во него. Според наши сознанија, Тодоров имал средба со градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, на која се договориле да се забрза внесувањето на маркичката за новиот објект на „Лазар Личеновски“. Градоначалникот Тодоровиќ му ветил оти ќе го стори тоа многу брзо.

Училиштето е урнатина, над која се издига нова бетонска плоча и мали купчиња тули, а во долниот дел се наѕираат мозаици и фрески на ѕидовите од старите училиници т.е ателјеа. Учениците учат во два мали стари објекта, кои порано биле придружни објекти на училиштето.

Директорот Ицко Петрески вели дека наставата се одвива во отежнати услови и дека не знае зошто престанала изградбата.

- Не сум во тек што се случува со изградбата. Во училиштето се образоваат околу 190 ученици, во 17 училиници. Првпат во историјата на училиштето наставата се одвива во две смени. Точно е дека во училишниот двор не е безбедно за учениците, бидејќи е неоградено градилиште, но поставивме неколку опомени на листови на кои пишува дека градилиштето не е безбедно. Исто така сите професори и вработени внимаваат на движењето на децата - вели Петрески.

Учениците и родителите реагираат дека во училиштето не се почитуваат ниту минимум од стандардите за учење вајарство, сликање или други ликовни правци.

- „Лазар Личеноски“ е училиште со 60-годишна традиција и важи за најреномирано во земјава. Искрено стравувам детето да го пуштам на настава прво поради безбедноста, а потоа поради лошите услови за работа. Па овие деца се идните ументници на Македонија, тие што ќе градат споменици и ќе ја пренесуваат историјата низ уметнички дела. Кога државата вака се однесува со своите подмладоци, сериозно треба да се плашиме за нашата, но и за нивната иднина - вели револтиран родител на дете што учи во „Лазар Личеноски“.

Марија Тасев

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=721DB3ED6576AF46B1065EDA6741A992
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 08-Mar-2010 at 01:31

Училиштето во Дреновец голем срам за образованието

Опремата - клупи, столчиња, табли никако да стигнат до училниците

Гојко Ефтоски


ТЕТОВО - Новоизграденото училиште во населбата Дреновец во Тетово се' уште е празно. Изминува и второто полугодие од учебната година, но џагор на деца во објектот нема. Училиштето е затворено, а вратите на двориштето се затворени. Официјалното предавање се случи лани на 10 септември. Пресекувајќи ја панделката, министерот за образование и наука Никола Тодоров се прошета по ходниците и влезе во две училници, единствените опремени со клупи и со столчиња. Оттогаш, Општината ги заврши своите обврски со поставување ограда и приклучок за канализационата мрежа. Министерството презеде обврска за опремување и финансирање потребен кадар - наставнички и технички. Но, обврските на надлежниот ресор останаа само ветувања.

„Не знам дали училиштето е споменик, срам или украс во нашата населба. Секојдневно двапати ја носам мојата ќерка Мердијан, ученичка во прво одделение до училиштето во Месната заедница ‘Мирче Ацев‘. Дневно поминувам 15 километри“, ни рече Хамим Мисими, жител на населбата Дреновец 2, татко на шестгодишна ученичка.

Бајрам Кучи е претседател на Месната заедница „Дреновец“. За него велат дека е еден од најзаслужните за изградба на училиштето, а сега е повеќе од чувар. Секој слободен момент и дење и ноќе е кај училиштето. Тој ги отклучи вратите на објектот за да видиме што се случува. Глетката е зачудувачка: училниците, кабинетите, канцелариите се празни. Се разбира, освен оние две училници во кои за чинот на предавањето на училиштето со два трактора била донесена опремата, клупи и столчиња. Но и во нив нема училишни табли.

Ариф Цека е директор на ОУ „Братство - Миѓени“ во Тетово. Училиштето во Дреновец е подрачно и наменето за децата од населбата, се' до десниот брег на Поројска Река. „Според наша евиденција, 570 ученици требаше да почнат настава во новите простории. Но, бројката е значително поголема, бидејќи има деца што одат и во други училишта освен во нашето. Беше предвидено да посетуваат настава и осум паралелки од економското училиште каде што часовите се скратени, бидејќи наставата е трисменска“, објаснува Цека. Предвидени биле и две паралелки за прво одделение. За нив, привремено, 44 ученици биле сместени во една, во сегашното училиште „Братство - Миѓени“. Со нив работи наставничката Раза Идризи.

„Многу е тешко, речиси невозможно да се работи со деца од прво одделение во олку голем број. Тоа нема никаква педагошка оправданост. Мене ми кажаа дека ова е само привремено решение додека се преселиме во новото училиште. Таму децата требаше да бидат поделени во две паралелки. Од тоа ништо“, вели наставичката Идризи.

Се пожалија и родителите. Зулбеар Сулејмани за рака ја водеше својата внука Аљтина. „Секој ден мора возрасен од семејството да доаѓа до училиште и да пешачи најмалку три километри во еден правец. Ова е малтретирање“, нагласува Сулејмани. Реџеп Шаќири со својата ќеркичка Ринора минува два часа дневно - за доаѓање и за враќање. „Некогаш ангажираме такси, но најчесто пешачиме. Ветија дека ќе биде кратко, а помина цела учебна година“, истакнува Шаќири.

Училиштето во Дреновец е едно од најсовремените во тетовскиот крај. Во изградбата се вложени околу два милиона евра. Зафаќа 5.200 квадратни метри корисна површина. Има 52 простории, училници и кабинети со капацитет од 500 ученици во една смена. За да профункционира, потребни се околу 50.000 евра за опрема. Но, тука треба да се вработат и 29 лица, од нив 19 наставници, а 10 се технички и помошен персонал. Ова е во надлежност на Министерството за образование и наука. Иако досега биле испраќани повеќе писмени барања од Секторот за образование на Општина Тетово и од управата на училиштето „Братство-Миѓени“, засега нема никаков одговор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D5094775011E7348B38267729B97A068

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 13-Mar-2010 at 18:07
Објект во изградба на ДУТ (Државен Универзитет Тетово). Има повеќе во изградба, ама нема кој да извести од терен.

www.mia.com.mk


Edited by lslcrew - 13-Mar-2010 at 18:08
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 16-Mar-2010 at 12:31

РЕНОВИРАЊЕ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ОСНОВНОТО И ПОДРАЧНИТЕ УЧИЛИШТА "РИСТО КРЛЕ"

Општина Илинден во насока на реновирање и модернизирање на училишните простории и згради, се со цел на учениците да им се обезбедат квалитетни услови за реализирање на наставната програма како и да се подигнат нормите, вредностите и стандардите во образованието,реализира неколку активности.

Извршена е замена на сите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци и нови алуминиумски влезни врати во Подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино.

Во Подрачното училиште во населното место Бунарџик се изврши покривање на влезните училишни скали како и интензивно се работи на целосно оградување на училишниот двор.

Додека пак во Централното основно училиште Ристо Крле во населено место Кадино целосно се променети со нови алумиумски врати сите влезови  во основното училиште како и од страна на Министерството за образование се добиени 112 компјутери за учениците,113 лаптопи за учениците од прво до трето одделение,25 лаптопи за наставничкиот кадар како и целосно се обезбедени компјутерски маси и столчиња.

На овој начин на учениците од Централното основно училиште и двете подрачни училишта Ристо Крле  во општина Илинден значително ќе им се подобрат и обезбедат поквалитетни услови за покажување на своите способности и постигнување на високи резултати во образовнот процес.

http://www.ilinden.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 17-Mar-2010 at 00:05
Ќе се гради високообразовна институција во Сарај

Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа лицитација за давање под долготраен закуп од 99 години на државно градежно земјиште во општината Сарај, со намена за „високо образование – наука“. Земјиштето го доби тетовскиот „Универзитет на Југоисточна Европа“, кој за парцелата со големина од 21.335 метри квадратни ќе треба да исплаќа годишна закупнина од 448.035 денари, односно 21 денар за квадрат. Почетната цена изнесуваше 20 денари за квадрат.

Понудувачот е должен во рок од 15 дена да ги уплати средствата за едногодишна закупнина. Доколку средствата не се уплатат во предвидениот рок, ќе се смета дека земјиштето не е дадено под закуп, а депонираните средства нема да бидат вратени. По извршената уплата се склучува договор за долготраен закуп со кој најповолниот понудувач се обврзува дека предвидениот објект ќе го изгради во рок од три години.

Според деталниот урбанистички план, новата високообразовна институција ќе се гради на површина од 6.450 метри квадратни со максимална висина од 10,2 метри. Локацијата е покрај реката Вардар, кај главниот влез во општината од Скопје. Таму се вцртани и маркички за средно училиште и здравствена установа.

http://www.build.com.mk/?p=2384

Edited by Cloverstack - 17-Mar-2010 at 00:07
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 22-Mar-2010 at 01:11

Студентски бараки за резил

Бараките што се дел од Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се распаѓаат. Студентите сместени во овие бараки живеат со мизерни услови. Собите смрдат на мувла, прозорците и вратите не се затвораат... но, најстрашно е во тоалетите. Тие се вистинска закана за здравјето и потенцијален извор на зараза. Во ова можеше да се увери и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, кој во саботата го посети овој студентски дом, при што беше згрозен од она што го виде на самото место.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=56F1A7D285DD814184EA54647AE8AF8E
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.