build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Мина

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Св. Мина
    Posted: 05-Feb-2008 at 19:53

Св. Мина - Скопје


Пред некој ден реков дека ке пуштам пост за Црквата Света Мина - која до земјотресот постоеше ... а беше урната по земјотресот ... Самата црква Свети Мина била веднаш до Пресвета Богородица ... што би се рекло на неколку метра ... на неа се повикува и градоначалникот Костовски и посочува дека на темелите на оваа црква може Владата да го реализира проектот за уше една Црква ... доколку Владата сака да прави црква, темелите на "Св. Мина", веднаш до "Св. Богородица" се тука, ископани и нека повелат нека градат...

Низ интернет пронајдов неколку стари слики каде се гледа како изгледала Света Мина ...

Прекрасна фотографија каде убаво се гледа местоположбата на Св.Мина веднаш до обновената Пресвета Богородица ... двете кубиња најлево на фотката ... Од фоткава може и да видиме зошто овој мост се вика “Железен мост“ ... некако ми се гледа дека темелите на мостот се сеуште исти ...
Во позадина јасно се гледаат двете куполи на Свети Мина ... десно од минарето на Бурманли Џамија ...
Сликата%20“http://i234.photobucket.com/albums/ee251/djurob_bucket/PANOR1.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.
И на оваа фотка ако малку се задлабочите ке ја видите Св.Мина ...


И тука десно убаво се гледаат куполите на Св.Мина ...


Оваа фотка до сега дава најасна слика на двет куполи на Св.Мина ...

Како и оваа - но од друг агол ...

Оваа ја барав - дава најубав преглед на местоположбата на Св.Мина ...

И на оваа десно се гледаат куполите на Св.Мина ...


** Црквата Свети Мина за МПЦ е значајна бидејки во неа е донесена Одлуката за самостојност на МПЦ - потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година во црквата на Свети Мина  во Скопје, и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент.

** Посебно засилена собирачка активност на црковни богослужбени предмети, фрески, икони и ракописи се развила со оформувањето на Црковниот музеј во црквата "Св.Мина" во Скопје во 1933 година.

**
До Соборната црква “Света Богородица”, се наоѓала запуштена  црква, “Света Мина” која била изградена во 1902 година под влијание на  грчката (односно влашката) и српската пропаганда и која за време на Првата светска војна била претворена во коњска  штала. На идеја на Митрополитот скопски Јосиф и директорот на банката “Вардар”, Милан  Јовановиќ-Стојмировиќ, биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 год. била обновена и претворена во Црковен музеј на Скопската Епархија. Имала 250 м2 корисна површина и во неа требало да се чуваат икони, фрески и друго. “Света Мина” настрадала во земјотресот во 1963 година.
**
Црквени музеј у Скопљу ве˚ је скоро довршен, “Вардар” 9 декеври, 1935, 2.

Светиот великомаченик Мина

По потекло Мисирец и војник по занимање Свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската и градот и луѓето и сѐ и отиде во пуста планина. Бидејќи на Св. Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги изобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша Свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Мисир, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова Пирос го подложи Свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, па најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Св. Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секого којшто го слави Св. Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помогнал. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.



Edited by pbanks - 06-Feb-2008 at 09:58
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Feb-2008 at 20:01
@ волан

Фала за уште еден детален и исцрпен пост...

Штета што немаме подобри фотографии од црквава - имам впечаток дека била многу поубава од возобновената Св. Богородица.

Еве сепак уште една, по заслуга на pbanks:


Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Feb-2008 at 20:27
Е благодарам ... и повеќе од другите фотки ке да се од него закачени или се лажам
Осем првата која ме зеза сите други поголеми можете да ги видите ако кликнете со десен клик на фотката и одберете прва опција ...


Edited by волан - 05-Feb-2008 at 20:31
волан
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Feb-2008 at 10:09
Кога почна да се реконструира Св. Богородица јас бев во заблуда дека всушност се работи за Св. Мина. Ако требаше да бирам која црква ќе се обновеше од Старо Скопје Св. Мина ќе беше мојот избор. Не за друго ама ми се свиѓаат кубињата.

Но... филмот за обнова на Старо Скопје веќе толку многу се извулгаризира и почна да служи како параван за нов тип на урбан криминал, диригиран директно од државниот врв што ми се гади на самата помисла било што да се реновира или реставрира.

Слободните површини и субстандардните населби во центарот на Скопје секогаш ме ваделе од такт, но барем постоела надежта дека еден ден даму ќе никнат објекти со кои ќе се гордееме сите. Наместо сите, со франкештајнот ака Мал Ринг ќе се гордеат само Груевски и ограничен број подржувачи на узурпацијата на строгиот центар.

Чисто да се напомене дека оваа традиција ја почна Пенов кој го изгради плоштадот по негова мера, игнорирајќи ги резултатите од тогашниот конкурс. Правилата на игра ги постави тој, овие само ги доусовршија.

Малку офтопик во оваа нишка но за жал убавата асоцијација кога гледав слики од Старо Скопје полека но сигурно ми се претвора во ноќна мора.

Во контекст на секцијата каде што е ова постирано, секако мислам дека веќе и нема потреба да се спомене дека волан направил одлична работа Thumbs%20Up
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 20-Aug-2009 at 18:43
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Aug-2009 at 18:49
значи ова е црквата што треба да се реконструира?

Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Feb-2011 at 22:44
desno se poznava sv. mina

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Mar-2012 at 18:48

зголемена четвртата од првиот пост



http://www.makedonskosonce.com/broevis/2002/sonce421/Tekst38.htm

Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 718
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 13-Dec-2015 at 23:14
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Dec-2015 at 23:20
Навистина не ми е јасно зошто куливе биле срушени во 1935
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.