build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Решавање на сообраќајниот хаос во Скопје (250 мил)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Решавање на сообраќајниот хаос во Скопје (250 мил)
    Posted: 04-Dec-2012 at 09:49
Со оглед на тоа што сме богата држава и нели лесно трошиме и потпишуваме милионски договори за се и сешто еве вистинско место каде може да дадете предлог кој е вистинскиот начин да се потрошат 250 милиони евра за решавање на сообраќајниот хаос во Скопје.

Да видиме различни мислења и решенија поткрепени со аргумети за тоа каде го лоцираме проблемот и кои се најсоодветни решенија за исиот. Имате доволно пари на располагање па бидете креативни но истовремено и реални. *Тунели, мостови, подвозници, надвозници булевари, трамвај...

-----------------------------------------------------------

-Најпрвин за причинителите:

Тука правам поделба на две групи, возачи и пешаци. Односно автомобили и корисници на јавниот превоз. Повторно ќе речам, ние сме богата држава (така гледаме по вести со години нели) и на нас не влијаат цени на нафтени деривати и паркинзи. И покрај сите тие давачки не се откажуваме од возилата. Тоа е факт и мора креаторите на стратегии да го знаат тоа кога прават планови за развој на Скопје.

Од друга страна се пешаците кои само што добија нови автобуси, и тоа обновен комплетниот возен парк на ЈСП. Што значи дека нивните потреби се задоволени, само што потрошивме десетици милиони евра за пешаците и сега за сега сметам дека е доволно. Тоа воопшто не е работа за потценување.

Сообраќајниот хаос се создава од автомобилите и решение треба да се бара токму на тоа поле.

Трамвајот е решение за пешаци односно супститут на автобусите (кои се нови). Само ќе ја зголемат цената на превозот, уште толку ќе ги закрчат улиците, а времето на пат ќе биде исто. Додека автомобилите повторно ќе бидат на улиците. Сите го бираме најбрзиот пат, а тој повторно ќе биде со автомобил!
На Скопје му треба нешто сериозни, тоа е метро, а доколку нема можност за тоа не правете трамвај само за да кажеме дека го имаме.

-Решенија

Најдобро решение е изградба на нови сообраќајници кои покрај растеретување на постојните ќе овозможат ЈСП да ги промени трасите и да додаде нови автобуски линии. Win-Win ситуација и за двата учесници во сообраќајот. И оние со автомобили и оние пешки ќе стигнат побргу до посакуваната дестинација.
Прошитување на постојните е добра работа, но реално тоа е гола вода, лесна и брза работа која воедно е и доста евтина, па ни ја сервираат на дневна база. Со 50 милиони може да прошират речиси се.
Наместо да додадеме трамвај на постојните улици ние ќе ги поделиме автомобилите и автобусите.

Било која комбинација од следниве сериозни проекти верувам дека е добитна:

прв приоритет
Изгдарба на подземната сообраќајница (плоштад Македонија)
Иградба на мост кај МЗТ за растеретување на бул.Кузман Јосифовски Питу.
втор план
Продолжување на бул.Климент Охридски со мост преку вардар и тунел под Кале (најтежок проект споредм мене)
друго
Продолжување на Илинденска со мост преку Вардар (релативно лесно но не и приоритетно)

Додека 20-30 мил. би оделе за проширувања на улици и би се правеле без прекин од моментов па натаму. Што би се опфатило ке пишам другпат.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Dec-2012 at 10:59
spored mene prioritet broj eden e tunelot pod kale. od avion se gleda deka ova pretstavuva edno od najgolemite slepi creva koi go optovaruvaat mostot goce delcev kako i kluckata kaj aleksandar palace. vtoro e prodolzuvanje na ilindenska do obikolnicata, bidejki vaka problemot e samo polovicno resen. mzt i tunelot pod plostad bi gi ostavil za kraj
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Dec-2012 at 17:59
Размислував еднаш додека чекав автобус во аеродром,дека кога би постоел брз транвај кој би ги избегнал сите семафори и гужби од ново лисиче до центар,и би застанувал на помалку станици од автобусите,и ферари да имаше ЈСП па да го чекав него јас ќе го одбверев трамвајот(кога размислував за ова гледав во жардињерите помеѓу лентите на булеварот кои изгледаа некако доволно широки,а наместо чекање на раскрсницата трамвајот си поминува под неа за повторно да излезе во другата жардињера).Па нешто слично е во Загреб(само без подземните делови).
Онака ова го размислував па решив да го напишам тука,да не ми летне мислата
    

Edited by zdravozivo - 05-Dec-2012 at 18:13
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 338
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 05-Dec-2012 at 18:41
Решение за растеретување на сообраќаjот во Скопjе

- Пробив на булевар под Кале што ќе jа поврзе Македонско-косовска Бригада со бул. Климент Охридски
- Проширување на Бул. Никола Карев од Битпазар до излезот на Скопjе (пластичарската улица) со тоа што ќе добие 3 ленти од секоjа страна.
- Забрана за товарни возила, трактори и запрежни коли во Центар
- Воведување на трамваj или лесна железница по широките булевари додека каj потесните булевари ќе се догради посебна патека за трамваjот (или во средина на булеварот или лево/десно од него)
- Изградба на Бул. Македониjа
- наjефикасно решение - воведување на метро но за жал не им е економски исплатливо на градските власти

Edited by Macedonicus - 05-Dec-2012 at 18:42
ಠ_ಠ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Dec-2012 at 00:37

Пред се мора да се нагласи дека ни ги испраа мозоците со тотално нереални напумпани суми за разноразни проекти и мислам дека за 250 милиони евра може да се направат чуда во инфраструктурата на Скопје. Реално, 250 милиони се огромни пари и може да се состави импресивна листа на проекти.

Ова е мојата листа на приоритети (со изземен јавен превоз, како што на старт нагласи alexsend, мада се разбира и овде има проекти кои обезбедуваат на пример денивелирани траси за шинскиот превоз и слични директни и индиректни придобивки):



I - Изградба на најургентните секции на урбаната автопатска мрежа

1. Јужен Булевар - делница помеѓу студентскиот дом Гоце Делчев и Тутнски комбинат.
- Делот од Нова Македонија до подвозникот кај Кисела Вода, заедно со приклучоците, паѓа на товар на турски „Лимак“, како дел од купопродажниот договор за целото земјиште зад Стара железничка и Рамстор.
- Делот од Нова Македонија до студентскиот Гоце Делчев отсекогаш сум предлагал дека во прва фаза може да се реши вака:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=33&PID=6689#6689
Ова би значело изградба на коловоз со три ленти во должина од 120 метри за поврзување со улица Железничка и околу 1 километар од Брадфордска то студентскиот. Тоа реално сигурно не кошта повеќе од половина милион евра. Поскап дел ќе биде експропријацијата во овој реон:
41°59'49.83"N  21°23'40.99"E
За да се протне еден коловоз би требало да се експроприираат 20 до 30 објекти, претежно субстандардни. Еве преку сила нека е, за најдарежлива експропријација би рекол дека нема да треба повеќе од 4,5 милиони евра, значи вкупна цена на проектот во песимистичка варијанта е околу 5 милиони евра.
- Изградба на сложена клучка кај Тутунски комбинат за поврзување со булеварот Крушевска република. Тешко е да се направи проценка на цената, но би рекол дека безбедно може да кажеме дека може да се изведе во рамки на 10 милиони евра.

2. Изградба на булевар Крушевска република.
Логиката е дека за да Јужен булевар (во каква и да е форма) добие вистинска смисла и функција, неопходно е да се изгради и Крушевска република. Проектот е сложен и скап, но ни од далеку до таа мерка како што се обидуваат да го претстават неспособните и малодушните политички елити. А и финансиски е во рамки на можностите. Имено се работи за 1,5 километри. Еве да речеме дека ќе се гради подземна траса за да се избегнат проблемите во Маџир Маало. Околу 800 метри се поскапиот дел, а околу 700 метри може да се изградат со dig&cover. Во секој колку е реално таков тунел без некои специјални барања или екстремни услови, да чини над 50 милиони евра по километар? Значи еве да земеме рамка од 75 милиони евра за Крушевска Република со подземна траса. Доколку се оди со мостовско решение, самата изградба ќе биде значително поефтина, еве да земеме 20 милиони евра по километар, значи вкупно 30. Тоа значи дека ако одиме со истата рамка од 75 милиони евра, остануваат 45 милиони за експропријација. Површината што би требало да се експроприра во Маџир Маало е околу 20.000 метри квадратни и пополнета со стари субстандардни објекти. Површината во Крњево е уште помала, земјиштето таму е значително поефтино, а и објектите се иста беда и мизарија. Заклучокот е дека 45 милиони евра би завршиле работа за експропријација, значи повторно остануваме во рамката од 75 милиони евра вкупно за Крушевска Република.

3. Постоечкиот сегмент на северниот булевар да биде целосно подигнат до стандарди на урбан автопат. Ова би опфатило:
- Изградба на мала дијамантска клучка наместо крстосницата во Автокоманда, реално во никој случај не повеќе од 3 милиони евра.
- Санирање на постојните два подземни пешачки премини и изградба на неколку нови надземни пешачки премини (еден близу споменатата клучка, од страната на ЕРА Сити,  друг кај Алкалоид, трет кај бензинската во Маџари, и евентуално уште 1-2 доколку има потреба на уште накоја локација). Реално не повеќе од 1,5 милиони евра.
- Минорна експропријација на неколку места на влезот во Скопје, каде што приватните имоти се до самиот раб на сообраќајницата и затворање на непрописните сообраќајни приклучоци. Најпесимистички гледано, во никој случај не би надминало 0,5 милиони евра.

Значи за вкупно околу 95 милиони евра, би можеле да добиеме веќе опиплива и функционална мрежа на урбани автопати, со огромни бенефити.


За останатите 155 милиони, ќе пишам набргу.



Edited by Cloverstack - 10-Dec-2012 at 00:47
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 10-Dec-2012 at 17:40
Во овој пост ќе се задржам само во делот на прошитување на веќе постоечки улици -->

--Бул.Илинденска, од причина што има уште само 500 метри до остварување на целта.

--Комплетирање на Митрополит Теодосиј Гологанов1.100 метри.

--проширување на делот од Бул.Србија од кружниот тек кај Усје до Сава Ковачеиќ - околу 600 метри.

--продолжување на Бул.Партизанска до кружниот тек кај Св.Петар и Павле - околу 550 метри.

--проширување на Бул.Никла Карев во делот кај пластичарите како и улицата Цветан Димов.

--делот од Бул.8-ми Септември до Бул.Словенија во должина од околу 1.000 метри иако не е итно сепак го сметам за црна точка од безбедносен аспект.

--Проширувањето на Бул.3-та Македонска Бригада не би го ставил на листата за 2013-та, но во секој случај тој мора да биде проширен пред кулите на турците да бидат пуштени во употреба - околу 2.200 метри.

--Продолжување со проширувањето на Бул.Првомајска/Борис Трајковски би го ставил во мирување и би дал предност на проектите погоре, евентуални дополнителни 500 метри.

--Проширување на Бул.Авној би одело во пакет со мостот кај МЗТ, значи го оставаме за некое идно време.

Се погоре наброено не би чинело повеќе од 10-12 милиони евра
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Dec-2012 at 19:57

--Проширување на Бул.Авној би одело во пакет со мостот кај МЗТ, значи го оставаме за некое идно време.

Не... Не... не...

Ова треба да е приоритет.... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 11-Dec-2012 at 20:49
Originally posted by Cloverstack



2. Изградба на булевар Крушевска република.
Логиката е дека за да Јужен булевар (во каква и да е форма) добие вистинска смисла и функција, неопходно е да се изгради и Крушевска република. Проектот е сложен и скап, но ни од далеку до таа мерка како што се обидуваат да го претстават неспособните и малодушните политички елити. А и финансиски е во рамки на можностите. Имено се работи за 1,5 километри. Еве да речеме дека ќе се гради подземна траса за да се избегнат проблемите во Маџир Маало. Околу 800 метри се поскапиот дел, а околу 700 метри може да се изградат со dig&cover. Во секој колку е реално таков тунел без некои специјални барања или екстремни услови, да чини над 50 милиони евра по километар? Значи еве да земеме рамка од 75 милиони евра за Крушевска Република со подземна траса. Доколку се оди со мостовско решение, самата изградба ќе биде значително поефтина, еве да земеме 20 милиони евра по километар, значи вкупно 30. Тоа значи дека ако одиме со истата рамка од 75 милиони евра, остануваат 45 милиони за експропријација. Површината што би требало да се експроприра во Маџир Маало е околу 20.000 метри квадратни и пополнета со стари субстандардни објекти. Површината во Крњево е уште помала, земјиштето таму е значително поефтино, а и објектите се иста беда и мизарија
Сега забележав, кај болдираниот дел сум направил значителна грешка, односно тоа е вкупната површина која ќе ја опфаќа булеварот Крушевска Република, вклучувајќи ги и постојните улици и јавни површини, а не само приватните површини. Значи површината за експропријација ќе биде многу помала.  Cheers

Но ете нека остане истата проценка за Крушевска Република (75 милиони евра), а овие неколку милиони разлика, нека бидат резерва за секој случај, поради обемноста и компликуваноста на проектот.


Edited by Cloverstack - 11-Dec-2012 at 23:20
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Dec-2018 at 05:50

најсоодветен одговор би бил Хасо на мајтап нека ја сврти по вијуги на градски очуви, мајтапот пак ќе треба да е како да се напраи уште една лента за Коњи Магариња и Запрежни Коли, иако и тие заедно со Моторџии и Велосипепдисти се најзагрозена категорија на од смог сардисани Сограѓани, не знаеме официјално само колку микрограми на м3 имет пм-ки по улици [1]
веројатно доколку се отворат скопските сообраќајни артерии градот ќе бидне архи-скопски експонат, правејќи од Мал Ринг пешачка зона, во Голем Ринг пак со возило да можат да влезат само скопски регистрации кои повторно за да се мотивираат што повеќе да го заобиколуваат Центар да се баждарат со вињети, односно се форсира Народ на Јавен и Велосипедски транспорт ... ех закаснети СИ беа и до сега, а и сега се успани градските власти, само каква папазјада ќе биде тоа вијадиктот со тунелот под Кале ама ај што наум тоа надрум како најскапо и најризчно решение воедно, велам најризично бидејќи сигурно ќе се тера со асеизмички есап по стандарди од '63-та, а тие ето во Кјото се имаат покажано како хаварија вејтинг ту вејкапак ... ок не се задремани топтан надлежните но СМЕШНО е што наопаку се тераат мерките, најнапред треба да се има алтернативи а потоа да се промовираат порепресивни мерки меѓу кои најбезболна бар во однос на сообраќајниот хаос во Скопје се центарски вињети за премин и тоа на дневна основа ...

... но каде и како да го заобиколат Центар скопјани додека не се одзатнат или прошират грото артерии, додека не се пушти бар Мост кај МЗТ ем Клучки кај Саем Мавровка и Соборна, нормално и онаа фамозната кај Тутунски, фрли рипче фати крапче, ова бркаат крапои ко тунелот под Кале, за на крај така само да им скубнат и рипчината од рака ... нејсе повеќе вињети помалку сообраќен хаос ... бар ќе се ескивираат идни склет статистики, при што искуствата со БТР од Истанбул може се најпогодни за ресетирање запушен проток [1] тамам далеку е муабетот од ЛА [2] но блиску до Бришел [3] ако не сме и дамбетер нели aadt мерачи по раскрсници и да имаме ко кај оние за аерозагадување ќе треба да се расипуваат за да не се крева прашина и се бара отчет от тутковците градски ...

Congestion charge has been used in several cities around the world such as Singapore, London and Stockholm where the tool has shown already many positive results. This approach has reduced the congestions, emissions and the travel times, (Pike 2010, Dennis et al. 2009). After the implementation Singapore reduced the congestion with 13%, London with 30% and Stockholm with 25%. [1]

може паметно е да се направат некои улици во Скопје строго како Велоавтопати, пример Јужен Вело Автопат може да е склепан од улиците Васил Ѓорѓов (Капиштец) преку Јордан Мијалков (Железничка) па накај Антон Попов и ДимоХаџиДимов (24-ка К.Вода) и комотно нагоре кон Теферич, а единствено право на излез по тие улици да имаат автомообили на локални жители кои немаат како поинаку да стигнат до булеварски сообраќајни артерии но при што би лазеле со 10км/с евентуално еко-Автобуси во прва лента да можат да тераат јасно обележани и со ротациони светла, но за ова да е функционално би требало и монтажни Вело Надвозници над сите попатни семафорски Раскрсници но и автомобилски надвозници за раскрсниците по сервисните улици доколку сакаме исцело Урбани Вело Автопати ... ваква централна вело артерија би била пр. Владимир Комаров која кај НБР би скршнала кон Вардар за преку Вело Подвозник да затера по Кеј се до Влада каде би скршнала преку Илинденска со внатре паралелната нанеа во Дебар Маало ул. Орце Николов, при што по Кеј до Вардар би требало да има некаква ограда која би оневозможила Пешаци да скиткаат по Вело Артија на Кеј бар во шпицови наутро и напладне ... Аеродром и Автокоманда не куца магарето бидејќи имаат широки булеварски вело артерии, но пак во Аеродром треба поместување на вело патеките од булеварскиот тротоар на пешаките тротоари бар напола преполовени та и со тараби одвојување а кај Бисер Пешачки Премин и евентуално врати за излез кон Автобуски кои може да се избегнат и со благи вело надвозници вкрстени од благи вкопани пешачки премини ко Автобуски Станици ... НОРМАЛНО сето ова делува сулудо за повеќемина но ако сакате некој да спичи со Точак 40км на саат нема како поинаку, сега па со ова еБајкоите и еТротинетите дамбетер ... да не говорам за оние кои сакаат да транспортираат товар со Вело Приколки како поинаку ... НОРМАЛ во најдобар случај ќе речете футуризам, ок, нели ќе сме удределе со јаки мерки и еко-5 елитизам, но еве има ли бар ваква Вело алтернатива, хм каде е Чаир каде Бутел како таму да се направи вакво нешто, е тоа би било футуризам, којзнае можеби со Вело Тјуб кој би одел в среде над булевари јасно со вентилација со хепа филтри камери осветлување, може комотно и закосен плексиглас за почеток да опнат ко за поефтино, но штом ги јавнат улици вака тоа чинам би било и туристичка атракција која може да тера се до Водно и претпоставувам почетна за Жичара кај ОУ Кочо Рацин ... бидејќи деликветни секогаш ќе каменуваат демолираат или палат ваков тјуб паметно е плексито да ет ламинирано, та и со бакарна мрежа оградено таман да биде и емф фри та додека се вози внатре да не може на телефон да се зборува во кој случај треба ПП боци на секој пола километар, но и чеканчиња за кршење плексиглас ...

... кога ќе почне Народ се повеќе да глави по Метежи сред Шпицои и те како би се покажала исплатливи вакви алтернативи, ако на тоа пак се додаде и центарска рфид-вињета ко такса за гужва, а ете има вистинска а не турни ме да кинисам вело алтернатива, туку вело хајспидки, е дури тогај скотјани ќе станат Скопјани развозени со Точаци и повеќе од некогаш [1][2] а се надеваат мнозина с-инжињери дека само со жими мајка заложби по акциони планои дека нешто на поарно ќе се смени [3][4] ниту субвенции за вело маски да фрлат а не пак да скинат данок и царина за Велосипеди и Вело Опрема, не пак *Вело Приколки да закачат на Градски Автобуси нив пак да ги сторат бесплатни а капак да трасираат низ цело Скопско Поле та и потака Вело Автопати ...
единствен можен убав филм во нерешавање на Сообраќајниот Хасо ет што вака ќе се мотивира што повеќе Народ да се иселува а така и да си дојдат работите на свое ко што било пред земјотресот '63-та, таман ќе останат во градот само фосили отпорни на пм-ки и леукемии, иако штета за сето тоа несразмерно државно инвестирање во една центрифуга која веќе сама по себе не може да ги издржи не само инфраструктурните туку и економските зицери, за административно коруптивно непотистичко неагилните и да не верглам, доволно е да се праша Чоек зошто и Танга имале и пак никој не ги есапи за револуцинерни, реално џабе танги ако грло ти е запушено, дефакто додека не ја одзатнат Матка 1 градот убав тнко да почне и малку од малку да дише, само што врви сомнеж и за втората Матка ко што е предочено во фуснота 8 и 9 на следниот линк [1] ...



Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.