build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објект на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 25-Feb-2020 at 15:56
А некако да го зазеленат со оној мов или како и да се вика баш би било кул
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6529
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 20-Jul-2020 at 11:05
од твитер

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 20-Jul-2020 at 14:51

кога го гледаш од одозгора е уште поодвратно... жалосно е што вакви чирови си стојат вака додека чекаме да поминат судски спорови, односно да се нагодат едни со други, наместо уште у прв ден владеење да му удреа една хилта
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 266
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 20-Jul-2020 at 17:25
Во овој дел само чистка од непотребни работи. Првин ова чудо, тоа терасата на Дистрикт. Да може нормално да се проаѓа.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 20-Jul-2020 at 19:46
Споменик МајкаТереза, терасата на Дистрикт, машинските елементи на хотелот кои се исто така на среде улица. Улицата (миниплоштадот) се заебаа урбанистички уште со објектот на комерцијална банка (тогашен во изградба деловен центар Магор), ама овие другите три кои ги набројав стварно се испрчени на среде улица.

Тука требаше по сите нормални урбанистички критериуми по свет, да се оформи само плоштадче и да му се даде само поента некоја со еден од испрчените споменици по плоштад. Така ќе имавме и добро оформен јавен простор и еден споменик помалку на главниот плоштад. Овакво размислување е, како да кажам, 1+1=2, во урбанизам.

Полигоните не баш прецизни на сликава, ама се што е црвено е вишок овде.



Edited by user8642 - 20-Jul-2020 at 19:48
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 21-Jul-2020 at 17:28

баш си е ок објектот на комерцијална, со оглед на тоа дека се две улици, а не една, а без маасивниот објект на Мериот, се формираше како некој визуелен лендмарк на вилушка на две улици
не е потребен плоштад, затоа што на целиот регион таму, има една цела шака вкрсувања меѓу улици каде природно си се формираат плоштадчиња

вистинските натрапници се споменикот, терасата на дистрикт и агрегатот на Мериот... агрегатот на Мериот мора да е таму, затоа што секој објект што работи 24/7 мора да има свој извор на енергија, и може да забележиме дека многу објекти имаат такви... проблемот е што објектот на Мериот е премасивен за својата локација, и мора да трпи вакви импровизации

многу наивно е да се мисли дека ако тука имало простор за споменик, дека ќе немало на плоштад... сите знаеме дека спомениците се нафрлани без концепт, и дека ако имаше тука споменик, ќе имаше на плоштад, а ако мислиш на дислокација, мислам дека сега барем сите знаеме дека тоа со сигурност нема да се случи во блиска иднина

фонтаната и споменикот на мајка тереза е најлесно да се отстранат, затоа што немаат никаква функција, не се доградени и можат да се отстранат на база на тоа дека се буквално на сред улица
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 21-Jul-2020 at 18:10
Originally posted by zabegan

баш си е ок објектот на комерцијална, со оглед на тоа дека се две улици, а не една, а без маасивниот објект на Мериот, се формираше како некој визуелен лендмарк на вилушка на две улици
Не се гледа на "виљушката" само од една страна. Еве ти една перспектива од другата страна. Овој објект е натрупан кајшто не му е место урбанистички, "краде" јавен простор, твој простор. Тоа што ова зграда е остров на модерна архитекура во гипсаното море, не ја оправдува воопшто погрешната урбанистичка позиција. Нема потреба да ја браниме на тој начин.





Originally posted by zabegan

агрегатот на Мериот... агрегатот на Мериот мора да е таму, затоа што секој објект што работи 24/7 мора да има свој извор на енергија
Како тоа само на Мериот мора надвор да му бидат агрегатите?? Како тоа Телеком на 100 метра од тука, а функционира со критична инфраструктура (ИТ мрежа што не трпи испади на струја). Или Охридска банка, или Комерцијална веднаш позади? Или па ДЦ Соравиа исто така во центар на Скопје со прибрани генератори во подрум. Како тоа сите може да си ги приберат агрегатите во подруми и во рамки на имотот, само Мериот може на улица да истопори. А доволно е доле во подрум само 3 паркинг места да се пренаменат во машинска сала за агрегати.

Edited by user8642 - 21-Jul-2020 at 18:10
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 21-Jul-2020 at 18:43

па ако се поместиш уште два метра полево, ќе ти изгледа ко да е на сред улица објектот... можеш по фотографијава погоре да видиш дека така личи Еуростандард дека отстапува од линијата на Мериот по таа логика
и линиите што ги имаш зацртано, не се најпрецизни, затоа што сателиот прави слики под агол... кога ќе излезеш на терен, ќе видиш дека тоа што отстапува од линија на улицата се „ушињата“, кои се заакривени на надвор по вертикала, а во основата отстапуваат се на се, околу метар, што при толку големи објекти не е воопшто приметен
нафтен агрегат, ако не сум грешка, не може да биде сместен во подрум, а не е како да нема веќе 500 машини, за вентилација, ладење, греење, вода и струја во подземните нивоа на хотелот и на покривот, а паркинг места нема доволно ни за гостите, а не па за вработени и за евенти...
пак ќе кажам, проблем е локацијата и масивноста на хотелот, за да може да функционира по своите брендови стандарди... не ми споредувај интернационален угостителски бренд со фирми што те шетаат по шалтери и редовно им паѓаат системи

назад на објектот на Комерцијална... ко да имаш заборавено дека е изграден пред сето тоа лудило, ама ај... сега што, треба да и удриме хилта на

и назад на споменикот, споредуваш објект што блокира цела улица со објект што блокира метри од улица, јас само ти кажав што е тука приоитетно, а тоа е повеќе од јасно дека е споменикот, па после се друго
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 21-Jul-2020 at 21:01
1. Немора да се запињаме сега. Еве по кој план е изградена зградава и јасно се гледа дека е опструирана линијата на улицата. Во прилог за споредба и стариот ДУП Мал Ринг пред да почнат глупостите од пред 15тина години каде ја нема зградава и е сосема урбаниситчки исправен. Значи не е до поместување лево десно за сликање, зградата е испрчена на сред собирна улица према централен градски плоштад.






2. Агрегати може и треба да се приберат по машински хали во подруми. По центар на Скопје има барем 30тина агрегати, немам точна бројка и сите се културно фино предвидени со проект, прибрани кај што им е место и нема никаков проблем. Па во Скопје има неколку помали-котлари за парно што се многу повеќе од агрегати и нема промблем да се во подрум, напротив треба да се баш тамо во подрум. И тука поголеми издувни гасови има па соодветно се менаџираат. Ти кажувам ствари за кои имам и некој професионален допир и не реплицирам само на памет. И апсолутно нема никаков проблем со издувни гасови тоа има како да се изведува надвор од објектот.

Edited by user8642 - 21-Jul-2020 at 21:03
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 22-Jul-2020 at 19:21

поентата ми беше дека не е исто да одземеш метар-два од улица, и да ја блокираш целата улица со масивен објект, имам милијарда пати поминато од таму и знам дека тоа што го има на маркици и на гугл мапс, не е исто во реалност
исто така, дека проблемот е поопширен, а ти почнуваш од некој кој најмалце го засега, а тоа е објектот на Комерцијална, а ако одиме по таа логика, тогаш проблемот е дека Мериот е премасивен и несоодветен за својата локација
Доколку може да стои некаде внатре ок, ама со сигурност ти гарантирам дека подземјето на објектот е веќе полно со машини и магацини, а по сите спратови посебно има машински соби и центри од кај што се управува со нив, сигурно не е дека нејќеле ова да им стои во подрум, туку има некоја друга причина

дискусијава ја правиме затоа што објектите на комерцијална и мериот се во функција и од нив опстојуваат фирми... објектот на Мајка тереза е само куп бетон со скелиња и џунгла околу него, и доколку би бил направен, никој не би имал корист од него... ако се отстрани, ќе може да се помести терасата на Дистрик на пример, а со оглед на тоа колкава улица ќе се отвори, и колку мал е обемот на комерцијална, агрегатот на Мериот ќе биде и незабележителен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Jul-2020 at 23:32
Originally posted by zabegan

знам дека тоа што го има на маркици и на гугл мапс, не е исто во реалност
Ова е едноставно невозможно. И во криминалот во урбанизмот па пак има геометри, елаборати, премер. Не е така како што викаш. Зградата е според план, ама планот е урбанистички погрешен.
Originally posted by zabegan

дискусијава ја правиме затоа што објектите на комерцијална и мериот се во функција и од нив опстојуваат фирми...
Ајде бе?! Па значи по оваа логика само индустриските зони имаат смисла, ништо друго?!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7352
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 23-Jul-2020 at 16:07

па не мораше да ми го скратиш повеќе од половина аргумент
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 171819

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.