build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Верски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 606162
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1221 Posted: 01-Dec-2021 at 19:13
Барав тема за црквава, но не најдов, па тука ќе објавам. Неодамна разгледував една галерија на фотографии од празникот Мала Богородица и ми падна во очи дека столбовите на црквата „Рождество на пресвета Богородица“ во Скопје добиле декорации, а ѕидовите фрескоживопис.

Пред (фото: Википедија):



Потоа (фото: миа.мк):



За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1222 Posted: 04-Dec-2021 at 18:47
Wow, очобол
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1767
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1223 Posted: 04-Dec-2021 at 20:10
Јас навивав за претходната верзија, минимализам до доволно православни ерхитекотнски елементи, светли ѕидови, без непотребно шаренило кое нема ни теолошка основа, односно не се ни икони.

Edited by user8642 - 04-Dec-2021 at 20:11
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1224 Posted: 17-Jan-2022 at 17:53
Фасада со штоковани травертински плочи - Црква Св. Илија - Аеродром, Скопје











https://www.facebook.com/rieptravertine
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1225 Posted: 02-May-2022 at 16:58
КАПЕЛАТА ВО ТЕТОВО 17 МЕСЕЦИ ЧЕКА ДА СЕ ИСПРАВАТ ГРЕШКИТЕ ВО ИЗВЕДБАТА, ПОВТОРНО ЌЕ СЕ РАСПИШУВА ТЕНДЕР ЗА ДООПРЕМУВАЊЕ



Капелата во Тетово 17 месеци не е предадена во употреба ниту пак се отстранети грешките во проектирањето и градбата.

„Пред капелата да биде комплетно пуштена во употреба направени се консултации со црковните служби во Општина Тетово и со советничките групи кои имаа неколку забелешки во врска со капелата. Сепак, ова е еден капитален проект за граѓаните од православна вероисповед и секако треба да е комплетиран без било какви пропусти кои ќе се решат пред пуштање во употреба. Веднаш пристапивме кон регулирање на тие забелешки и очекуваме до април месец истата да биде целосно пуштена во употреба. Станува збор за ситни технички работи кои за да се отстранат но, како и да е, април месец би бил терминот за нејзино пуштање во употреба“, рече во јануари 2021 тогашната градоначалничка на Општина Тетово Теута Арифи оправдувајќи го доцнењето на предавањето во употреба на капелата на православните гробишта во Тетово.

А тие „ситни технички работи“ всушност претставуваа целосно промашување во проектирањето на капелата, бидејќи комората каде треба да се чуваат телата на починатите додека не се изврши погребот е целосно погрешена. Направена е толку мала што во неа не може да се остави ниту една полица на која треба да се положи телото на починатиот.

Сега, новиот градоначалник на Општина Тетово Билал Касами најавува дека капелата конечно ќе биде завршена, а за тоа најави распишување на тендер за отстранување на грешките во проектирањето и изградбата.

„Овие денови ќе се отвори процедура за распишување тендер за доуредување на капелата и се надеваме кога ќе се завршат сите тие процедури брзо ќе биде пуштена во употреба“, изјави градоначалникот Касами.

Со одлука на Советот на Општина Тетово, капелата започна да се гради во октомври 2015. Градежните работи траеја повеќе од три години и конечно беа завршени во 2018. Потоа се чекаше 2 години за внатрешно да се опреми, за во февруари 2020 капелата да биде предадена на управување на ЈКП „Тетово“. Но, досега капелата уште не е ставена во функција сега поради погрешно проектираната комора. Во меѓувреме, почнаа да паѓаат и делови од фасадата, па најверојатно и за тоа ќе треба да се обезбедат дополнителни средства за санација.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kapelata-vo-tetovo-17-mesetsi-cheka-da-se-ispravat-greshkite-vo-izvedbata-povtorno-ke-se-raspishuva-tender-za-doopremuvane/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 606162

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.