build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
30ran View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote 30ran Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 21-May-2009 at 22:12
Браво како го обајсни проблемов сега гледам дека целиот тој венец од Струмица до Алшар е волшебен и треба да се чува. Во еден момент овој без везе напис од Глобус ме попишмани, ама ти ми ја врати вербата дека тука се крие решението за сфетовната енергиска криза. Всушност нас не ни треба ни Шенген виза. Тие ќе се молат да дојдат кај нас. Тоа неутринот треба да се преименвуа во македонин дека само лорандот може да го фати и да биде извор на енергија за цел свет. Ќе ни се молат и од руски Газпром, да не зборам за арапине за да не ги затворат своите погони.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 21-May-2009 at 23:01
верувај дека и практично да го искористат лорандитот за ловење на неутриното, ние ќе бидеме последните кои ќе имаат монопол врз него! да, треба да се одаде признание дека само во Македонија го има кристалот на талиум во најчиста форма и во неспоредливо најголеми залихи во однос на сите останати познати наоѓалишта низ светот, кои ај што се малку туку скоро и да не е ни исплатливо да се треби талиумот од таму, но искрено освен признание и тапшање по рамо не верувам дека нешто повеќе би можеле да добиеме, големите за лигнит или нафта тераат окупации врз суверени земји а не па за употреблив лорандит со такви својства...
 
факт е едно дека ако ништо друго дури и во романтичарски занес, можеме цела оваа светски признаена теорија да ја спакуваме како екстра туристички момент за експлоатирање, кој во однос на природната понуда би предничел и како раритет но и како куриозитет, кај баш тука најде да падне цело парче од сонцето!
 
најнапред треба еден поголем природно-научен музеј кај самиот локалитет, ајде нека биде конопиште, поголем во смисла каде детално би се обработила цела тема и со лорандитот, но и со другите раритетни минерали во Македонија, а не како што сега е покриено се со едно оскудно цеде, кое и случајно имам налетано на него каде како на лоша лента се наредени позначајните минерали и кристали во МКД и смешно оскудни информации само за нивната локација, она направиле копи пасте од самата денешна исто толку оскудна поставка во природно-научниот музеј во золошка градина. додуша немам отидено едно 3-4 год натака, но не ми се верува дека нешто особено е сменето! значи немаме основна нормална (а не па атрактивна) поставка која би го актуелизирала ваквото богатсво и за самите нас но и за добронамерните гости, а не па некаква маркетинг стратегија за експлоатација на оваа засега само теориска потврдена енергетска мистерија, за чие посеопфатно докажување и постојано промовирање е заслужен повторно македонец др. Паскал Сотировски редовен професор по астрофизика на сорбона... mk.wikipedia.org/wiki/Паскал_Сотировски  
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-May-2009 at 02:47
30ran добредојде


.....................................................................................................................................................................

Бетон брилијантна ти е идејата за музејот кај Конопиште, само нема да е добро да застанеме на тоа, туку мислам ќе треба да се надоврземе и со аеродром кај Стрмашево, инаку како би ги донеле таму сите тие силни туристи што ќе ги привлече музејот откако лорандитот ќе ги реши енергетските потреби на човештвото еднаш засекогаш?

Но секако не толку брилијантно како ова:
Originally posted by beTon

но битно е да се напомене дека со истиот тој елемент е докажано теориски дека може да се улови таа неутрино честица, со која повторно теориски доколку се стабилизира т.е. улови, во само една таква чистица ќе има енергија колку едно мало сонце, фактички затоа е и цела оваа дешавка и фама

Nuts
Back to Top
treset View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 22-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote treset Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-May-2009 at 22:15
Beam me up Scotty или beam me down Cloverstock во Стрмашево за да го видам музејот во Конопиште.
Ќутењето е злато, ама не и за сезнајковците. Паскал беше голем хуманист, незваничен југословенски амабасадор во Париз, држеше живописни предавања, да беше жив во светлина на новите сознанија ќе одржеше друго предавање.
А таа една чистица со толку енергија колку едно мало сонце ... легенда!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-May-2009 at 18:31
незнам што не ви е јасно!? па прашајте, нема од што да се срамите! или муабетов го терате од екстра потреба за абење вишок простор во нишкава во тој случај ојте на вечерно пливање таму покомформо ќе се чувствувате Dunno

ако нешто не сте чуле, незначи и дека не постои, во секој случај со сеир фаќање не дека нешто сте успеале да оспорите, туку само непотребно се растегнува како мастика нишкава!

ајде да не излезе дека тресет се нашол на право место еве нешто инфо:
конкретно иако доста пати имав порано слушано приказни од некој што чул а неразбрал, сепак никогаш не ни претпоставував дека волку голема фама има околу неутриното!
пред едно 5-6 години имаше научен документарец на МТВ, мислам дека е и единствен од тој тип снимен досега, каде наши физичари вклучувајќи го и Паскал дискутираат за лорандитот и загатката на неутриното, каде потенцираат дека преку детекцијата на неутриното може да се објасни сончевиот модел на постанок на светот, а со тоа и евентуално преку заробување на оваа честица, односно нејзино стабилизирање во одреден простор, може да се добие чист и непрекинат извор на енергија, симболично тоа го објаснија како вештачко сонце на дланка... инаку дефакто Паскал го реафирмира лорандитот повторно со неговите истражувања како минерал со кој може да детектира но и улови неутриното, тоа се наведува и во самиот документарец, се надевам некој ќе го ископа и ќе го качи на нет документарецов, како би немало потреба од понатамошно безсвестие

сега конкретно со екпериментите на тешка вода за детекција и ловење на неутриното се објави дека со галекс имаат постигнато голем напредок, што значи дека како теорија ловот на неутриното се потврдува и веќе добива практични примери... 

An artificial neutrino Sun

The Sun is not easily mimicked... even if one is content with emulating its neutrino light (accounting for less than 1% of the Sun’s total emitted power).Researchers, however, do have one advantage: they have the option of bringing their surrogate Sun as close as they wish to the detector... ...41
www.cea.fr/var/cea/storage/static/gb/library/clefs49/pdfGB/035a044cribierGB.pdf


Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено "вештачко сонце" кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии.
mk.wikipedia.org/wiki/Лорандит


If the power of the Sun could be understood, say scientists, then hypothetically, humanity could reproduce it. It could create many "small suns" Energy production facilities akin to nuclear plants, but without the radioactivity. They could produce environmentally clean power.
www.worldpress.org/Europe/2781.cfm

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 23-May-2009 at 18:51
патем тресет добредојде, но мислам дека си го утнал местото! да, молчењето е најголемата мудрост, но се чудам од каде истата на јавен форум очекуваш да ја најдеш, па кога на истата се повикуваш гледај и да ја живееш, а не на други да им ја товариш како грижа на совест!

она со музејот е чисто идеа која може некому би му се чинела како лудост, но кога можат луѓе во светот да прават пари од текстилни музеи, зошто ние не би направиле некоја атракција со природно-научен музеј во конопиште и тоа не би молзеле пари!? тука во пакет како туристичка понуда би оделе и ски центарот, и вулканската висорамнина Витачево, но мора ова се дае и логистички и маркетиншки квалитетно организирано, сега освен за авантуристи на ова место за друг нема карта...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-May-2009 at 01:42
Бетон ајде прво одлучи се дали „стабилизираното“ (како што го опишуваш) неутрино ќе служи како извор на енергија или за подобро разбирање на реакциите во сонцето од што евентуално потоа би можеле да произлезат можности за нови начини за вештачко ослободување на енергија, за да знае човек на што да ти одговори, бидејќи во онаа каша тоа не може да се разграничи, а верувам сваќаш дека не е исто. И дали треба да отвориме нова тема за нуклеарна физика, или можеби е најдобро тоа со неутриното да го им објасниш на некој форум што се занимава со таа тематика па да видиме како ќе биде прифатено.


Edited by Cloverstack - 24-May-2009 at 01:43
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 24-May-2009 at 03:08

кло искрено очекував некоја реакција, но ваква небаре зборуваме за раноградинарски патлиџани?

значи убаво кажувам за оној што сака да чита: со детекцијата да се докаже сончевиот стандарден модел, кој теоретски е веќе поставен (фузија во сонцето), а со евентуално заробувањето односно стабилизирањето и контролирањето на овие честици да се произведе фузиска реакција, со што би истерале и вештачко сонце!
 
 конкретно сега веќе детекцијата е надмината во однос на сите познати форми на неутрино честици (заради осцилациите на честиците при патот од сонцето до земјата), сега се оди на втората фаза односно и практично искористување на веќе детектираните неутрино честици и нивно стабилизирање(досега само на миг можат да ги задржат). но најголем проблем што го истакнуваат научниците не е сега како да се произведе оваа реакција, туку како истата да се контролира откако ќе се јави, со оглед дека станува збор за големо количевство енергија!
 
а за дебатирање што да ти кажам, јас фрлам муабет онака како што сум прочитал и разбрал, а не онака како мислам дека треба!
ако мене ме прашуваш, сеуште имам многу непознати конкретно со лорандитот и начинот на кој теоретски може да се улови со него неутриното.
имам чуено дека наводно проблемот е бидејќи својствата кои ги има овој минерал при контакт на дневна светлина ги губи, па затоа бил проблематичен за и практично да се потврдат тие теории околу него и неутриното! е сега за ова и баш не сум сигурен па затоа и до сега го немав наведено како констатација некаква во прилог на муабетов.
 
но негледам зошто би било дискутабилно да пренесам инфо кое е и официјално! како детекцијата на неутриното и негово искористување. мислам на самиот научен документарец за лорандитот овие теории и претпостапки се подетално и појасно објаснети! тогаш на момент го фатив и никогаш повеќе, сигурно доколку се побара да го свртат на трета тоа и ќе го направат, ако веќе и не го сториле, па може да се качи и на нет за евиденција истиот. во секој случај збор на научник кому та проблематика му е спецјалност и моја интерпретација на нигов муабет ни на сон не можат да се споредат!
 
Друго !?! Smile
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 27-May-2009 at 17:44

Алшар ќе стане споменик на природата

Миомир Серафиновиќ Коментари (0)   
27.05.2009 16:21
Алшар

 

Алшар ќе стане споменик на природата, со закон со 11 точки оваа област во јужна Македонија, богата со минерали на реткиот и скапиот елемент Талиум ќе биде заштитена од државата.

Големи количества минерали вредат многу пари - сметаа надлежните и тоа е и дополнителна причина за државна грижа за Алшар.

„Досега се смета дека резервите што ги има, доколку се извадат, по досегашните цени би биле околу две милијарди евра. Сигурно дека ќе биде многу повеќе во услови на технологии коишто ќе бидат многу поиздржани за да можат тоа да го експлоатираат“, изјави Соња Лепиткова, заменик министер за животна средина.

Претпоставките се дека во Алшар покрај минерали на талиум, има и огромно количество злато, но вистинска експлоатација на тој метал немало никогаш.

„По извршените анализи во хемиска лабараторија во Невада, кај нашиот партнер, дојдовме до заклучок дека сите бушотини покажуваат знаци на постоење на злато“, рече Ангел Еленов, АД „Рудкоп“.

Најпознат минерал откриен во 19-тиот век во Алшар - е лорандит. Интересот на научниците но и на пустоловите за Алшар отсекогаш била голема. Се вршеле ископувања и истражувања но имало и диви копачи.

Пред еден месец 6-мина Германци и Унгарци беа фатени како носат половина тон руда и минерали од Алшар. Беа ослободени, а рудата им беше одземена. Сега законот за заштита на Алшар влегува во собраниска процедура-во петок првпат ќе го разгледуваат пратениците во комисијата за екологија.

Дамјан Варошлија - web новинар



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109167

Edited by Cloverstack - 27-May-2009 at 21:47
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 23-Aug-2009 at 14:20

Австралијци ќе бараат злато во Кратово

Австралиската „Џенесис ресорсес“ учествува во проектот со 62 процента

Миркица Поповиќ

Австралиска компанија ќе бара злато во Македонија. Имено, компанијата од Австралија „Џенесис ресорсес“ најавила активно продолжување на работата на рудникот „Плавица“ во Македонија. Ова го објави грчкиот бизнис-портал „ЕМЕА бизнис монитор“. Оваа важна инвестиција, која за нас речиси непознатата австралиска компанија ја почна уште летото 2007 година, се однесува на проект за ископување злато и бакарна руда на територијата на нашата земја.

Ова е заеднички проект на австралиската компанија и македонската групацијата „Силекс“. „Џенесис ресорсес“, која се занимава со истражување и развој на рудници за минерали и природни богатства, учествува во проектот со 62 отсто.

Ископувањето се планира да се изведе во рудникот „Плавица“ во Кратовскиот регион, на оддалеченост од 65 километри од Скопје, за кој се смета дека изобилува со злато и бакарна руда.

Во регионот немало ископувања на злато уште од 1930 година. Покрај проектот во Македонија, „Џенерал ресорсес“ е фокусирана и на испитување извори на манган и на железо во Австралија.

Во „Силекс“ велат дека соработката и заедничките истражувања со австралиската компанија траат повеќе години.

„Имаме обезбедено концесија за овој рудник, кој е интересно наоѓалиште за злато и на бакарна руда. Сепак, потребно е уште повеќе да се истражува и да се вршат испитувања пред да почне ископувањето“, изјави директорот на рудникот, Васил Ристовски.

Според Интернет-страницата на австралиската компанија, за проектот во „Плавица“ се обезбедени две дозволи за истражувања, кои покриваат површина од повеќе од 200 квадратни метри, и тоа кај Карпатскиот вулкански лак, голема епитермална област што поминува низ Источна Европа и се смета за лежиште на злато, бакарна руда и сребрени минерали.

Во оваа област во римско време имало топилница за злато и се изработувале монети и разни други предмети, а исто така се вршеле и подземни минирања од британски рударски компании. Во поново време, рудникот „Плавица“ бил предмет на анализи и истражувања од страна на поранешната југословенска влада, потоа водечката рударска компанија „Рио тинто“ и „Европски минерали“, кои само го потврдиле потенцијалот за рудни богатства на оваа област.

Сепак, од „Џенесис ресорсес“ сметаат дека нема конечни заклучоци од истражувањата на овој регион, бидејќи засега се направени само четириаголни дупки и многу од нив не се испитани. Врз основа на ова, австралиската компанија смета дека досегашната работа нема обезбедено соодветни тестирања на минерализираната структура што се верува дека постои во рудникот.

Според наведениот проект на веб-страницата на „Џенесис“, компанијата почнала целосен преглед на опширната база на податоци за досегашните испитувања на рудникот. Компанијата планира да ги искористи податоците за идентификување блиски цели за дупчење кои ќе го тестираат потенцијалот за висококвалитетни разграничени ресурси на злато и бакарна руда.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9283C01E40163748914E9FE6B664678E
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Sep-2009 at 00:12
Нови инвестиции во рудникот „Саса“

Кочани - Нови инвестиции од седум до осум милиони евра во „Саса“, најавува раководството на рудникот, кој е во сопственост на руската компанија „Солвеј индустрио“. Според менаџерите, оваа инвестиција во рудникот во Македонска Каменица треба да овозможи зголемување на бројот на сегашните 700 вработени. Од „Саса“ информираат дека планските предвидувања за годишно производство од 870 илјади тони ископана оловоцинкова руда, се остварени за неполни осум месеци од работењето.

Според Максим Прохоров, директор за инвестиции во „Саса“, иако економската криза се чувствува и во овој рудник, сепак, се остварува производство, оловоцинковиот концентрат редовно се пласира, а ископот на руда постојано се зголемува. „Во четвртиот квартал од 2008 година, со наглиот пад на цените на обоените метали, во рудникот се појавија проблеми со пласманот на концентратот, а беа стопирани и некои инвестициони програми. Но, и во такви услови бројот на вработените не беше намален, не беше скратена работната недела, ниту намалена платата на работниците“, вели Александар Крихтин, генерален директор на „Саса“.

Кон крајот на 2008 година раководството на „Саса“ доби дозвола за детаљни геолошки истражувања на нови рудни наоѓалишта, а според ангажираниот стручен тим, резервите на руда се мошне големи, со што се зголемуваат перспективите на рудникот. Досегашните геолошки истражувања покажале дека во ревирот Свиња Река под кота 1059 постои големо присуство руда за натамошна експлоатација. Веќе е изработена инвестициска програма, како и активности за дополнување на минерално суровинската база на рудникот, со цел да се одржат веќе постигнатите производни капацитети. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E688AA6A512B6498C71B72C5B3FB3AA


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-Sep-2009 at 20:30
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-Sep-2009 at 15:07
„БУЧИМ“
Ново рудно наоѓалиште

Десет милиони евра нови инвестиции вложува рудникот за бакар „Бучим“ за продолжување на работниот век до 2018 година. - Кога пред три децении бил означен почетокот на работата на рудникот, проектот предвидувал дека тој ќе биде во функција седумнаесет години. Но, секогаш биле изнаоѓани нови можности, кои овозможиле „Бучим“, на 29 ноември годинава, да одбележи триесет години од работата. Ние имаме идеја да обезбедиме услови за работа за уште една дестолетка и од тоа нема да отстапиме бидејќи цениме дека на овој терен има уште скриени ресурси - вели Николајчо Николов, заменик на генералниот директор. Развојната програма се темели на дополнително утврдување на најмалку 33 милиони тони рудни резерви. Наскоро ќе почнат геолошките истражувања на новите рудни тела „Бунарџик“ и „Вршник“, како и на централното рудно тело. Наредната недела на локацијата на која се наоѓа рудникот ќе биде поставена една од најголемите дупчалки, која ќе биде земена на заем од рудникот „Саса“ и која за утврдување на резервите на бакар ќе оди во длабочина до 300 метри.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1818&ArticleID=122167
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 22-Sep-2009 at 00:14
„Бучим“ го продолжува работниот век

Со нови инвестиции од десет милиони евра рудникот за бакар ќе работи до 2018 година

Иван Бојаџиски



ШТИП - Десет милиони евра нови инвестиции вложува рудникот за бакар „Бучим“ за продолжување на работниот век до 2018 година. За таа цел е изготвена развојна програма за периодот 2010-2018 година во која се предвидени сите активности, кои менаџментот ќе ги реализира за подолг живот на овој значаен стопански капацитет за македонската економија.

„Кога пред три децении бил означен почеток на работата на рудникот, проектот предвидувал дека ќе биде во функција седумнаесет години. Но, секогаш се наоѓале нови можности, кои овозможиле ‘Бучим‘, на 29 ноември годинава, да одбележи триесет години од работата. Имаме идеја да обезбедиме услови за работа за уште една дестолетка и од тоа нема да отстапиме, бидејќи сметаме дека на овој терен има уште скриени ресурси“, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор.

Развојната програма се темели на дополнително утврдување на најмалку 33 милиони тони рудни резерви. Во таа смисла наскоро ќе почнат геолошките истражувања на новите рудни тела „Бунарџик“ и „Вршник“, како и на централното рудно тело. Најголем акцент ќе биде ставен на рудното тело „Бунарџик“, бидејќи на другите две рудни тела од претходно се вршени геолошки истражувања, кои сега само треба да се докомплетираат и на кои се утврдени резерви на бакар.

Идната седмица на локацијата на која се наоѓа рудникот ќе биде поставена една од најголемите дупчалки, која ќе се земе на заем од рудникот „Саса“ и која за утврдување на резервите на бакар ќе оди во длабочина до 300 метри.

„Програмата предвидува инвестиции од десет милиони евра. Половина од оваа сума ќе биде вложена во геолошките истражувања, а другата половина во капитален ремонт на машините и на опремата, но и за набавка на нова механизација. Нашите предвидувања врз база на некои претходни истражувања се дека содржината на бакарот во сировата руда во новите рудни тела е како и постојната, но малата профитабилност ја прават цените на бакарот на Лондонската берза, кои се заокружија на околу 6.300 долари по тон. Имаме најави дека оваа цена ќе остане подолг период поради фактот дека светската економија по времето на рецесијата повторно се буди“, потенцира Николов.

Тој изрази надеж дека во Македонија, за десетина години, ќе бидат откриени нови рудни лежишта на бакар, со значителен потенцијал и оти од тој аспект „Бучим“ ќе има иднина и за подолг рок од моментно планираниот.

Во „Бучим“ се задоволни од последните средби во Министерството за економија при што се водела дебата за спроведувањето на тарифникот за концесиски надоместок за металите.

Николов, кој воедно е и претседател на Македонската асоцијација за рударство, вели дека голема помош во разјаснувањето на прашањето што пред неколку месеци ги револтираше рудниците, добиле од Катерина Костевска, државен секретар во Министерството и одговорните од Секторот за минерални суровини.

„Откако заеднички ја утврдивме состојбата, се договоривме за конструктивност во спроведувањето на тарифникот за концесиски надоместок, како и за стабилна политика во однос на издавањето концесии и дозволи за работа. Односно да се поправат лошо формулираните договори, кои предизвикуваат проблеми на релација рудници - Министерство за економија“, објасни Николов.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=905CB1FC334C5740BC8E481EED5FC70A
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 26-Sep-2009 at 15:31

РУДНИКОТ ВО ПАНТАЛЕЈ, КОЧАНСКО НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ДА РАБОТИ

От­кри­е­на главната жила со каменот габро

Гра­нит­ни­от камен габро се користи ка­ко подлога за мерни инструменти во ав­то­мо­бил­ска­та индустрија и целата количина ќе се извезува за Германија

По десет месеци ископувања со стотонски машини, пронајдена е и откриена главната жила со камен габро, кој се одликува со за­до­во­ли­тел­на компактност, што значи рудникот кај кочанското село Пан­те­леј наскоро ќе започне со комерцијална работа.
"Ни останува да се спуштиме уште еден - два метра и да ја отстраниме ја­ло­ви­на­та од каменот, за кој жилата ја пронајдовме на петнаесетина мет­ри длабочина, како што кажуваа геофизичките истражувања. За два месеца започнуваме со експлоатација", ни рече Дејан Михајлов, ру­дар­ски инженер, раководител на површинскиот коп кај Пантелеј, кој прет­ста­ву­ва германска инвестиција, досега во висина од околу еден ми­ли­он евра.
Гра­нит­ни­от камен габро, кој е извонредно скап, се користи ка­ко подлога за мерни инструменти со голема прецизност во ав­то­мо­бил­ска­та индустрија. Со нив се мерат клиповите, цилиндрите и турбините на автомобилите. Сите извадени количини ќе се извезуваат во Гер­ма­ни­ја каде што инвеститорот има склучени повеќегодишни договори со "Мер­це­дес", БМВ, "Волво" и со "Ербас".
Ја­ло­ви­на­та од габрото, пак, ќе се дроби и од неа ќе се прави риз­ла за асфалт, со што рудникот кај Пантелеј ќе се користи по­ве­ќе­на­мен­ски.
Ко­га ќе започне експлоатацијата по Нова година, ќе се ре­а­ли­зи­ра­ат триесетина вработувања, а кога ќе се активира и фабрика за при­мар­на обработка на каменот ќе има уште педесетина вра­бо­ту­ва­ња.
(И.Ст.)


http://vest.com.mk/?ItemID=7473844A7403384E90BCB6CA93292A75
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 01-Oct-2009 at 15:39
ПО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦЕНА И ПОБАРУВАЧКА НА МЕТАЛИТЕ
Странците им се нафрлија на рудите

Странските сопственици на рудниците во земјава планираат да вложат околу 30 милиони евра за подобрување на производството и на условите за работа. На тоа ги поттикна поволната клима најавена со зголемените цени на рудите и на минералите на светските берзи и постепеното зголемување на побарувачката кај преработувачите. - Во наредните пет години рудниците планираат да инвестираат околу 30 милиони евра за обнова на техниката и на опремата, но и за истражување на потенцијалните наоѓалишта - вели Николајчо Николов, претседател на Асоцијацијата на рудари на Македонија. Тоа, според него, ќе овозможи рудниците поуспешно да се вклопат во светските трендови на пораст на цените и на побарувачката. Рудникот „Бучим“, според податоците со кои располага Асоцијацијата, планира да инвестира пет милиони евра во опрема и во обнова на техниката. Во рудникот „Саса“ се планира инвестиција од 2,5 милиона евра кои главно ќе бидат насочени кон истражување нови наоѓалишта. Во „Злетово“ и „Тораница“ се планира инвестиција од 2,9 милиона евра за стабилизирање на ходниците и за подготовка на истражувања на нови наоѓалишта. „Фенимак“ планира инвестиција од 20 милиони евра за подобрување на производството. Од Синдикатот на индустрија, рударство и енергетика (СИРЕ) велат дека е добро што рудниците планираат инвестиции за обнова на опремата и на техниката, кои ќе овозможат вработување на поголем број рудари, а за работниците е мошне важно да се инвестира во рударската инфраструктура. - Инвестирањето во безбедноста на рудниците не го сметаме како посебна инвестиција. Во овој дел секојдневно мора да се инвестира за да не се случуваат немили настани како тие што ги имавме неодамна во неколку рудници и - и“вели Маре Анчевска, генерална секретарка на СИРЕ. Од рудниците се жалат дека тешко доаѓаат до концесии за експлоатација на нови наоѓалишта бидејќи постапката е многу долга. - Побаравме од Министерството за економија да се забрза процесот на давање концесии за нови истражни дејства, што ќе овозможи и побрз процес на експлоатација на рудата и“вели Николов.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1827&ArticleID=122901
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-Oct-2009 at 15:27
СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА НОВИ ИСТРАЖУВАЊА
Ќе се копа во потрага по минерали

На 40 нови локации во државава ќе се откриваат наоѓалишта на скапоцени камења и ќе се истражуваат минерали, гипс, варовник и цемент. Компаниите кои ќе ги спроведат геолошките истражувања вчера потпишаа договори со Министерството за економија, како избрани понудувачи на огласот објавен во почетокот на годинава на кој се јавија 133 фирми. - По извршената селекција, беа избрани како најдобри понудите на 40 компании. Три од нив се договори за украсни камења, исто толку за истражување на подземните води, а другите се однесуваат на неметалните минерални суровини. По извршеното истражување, доколку избраните компании се задоволни од покажаните резултати, следната недела треба да учествуваат на вториот оглас на кој ќе се доделат концесии за експлоатација - изјави министерот за економија, Фатмир Бесими. Тој потенцира дека со еднократниот надомест, кој на буџетската сметка го уплатија компаниите кои бараа дозвола за ископи на минерали, во државната каса се инкасираа околу 900.000 евра. Министерот Бесими рече дека во иднина се планира да се распише оглас за концесии за нови локации за истражувања на метали, што рудниците повеќе години ги бараат, но прво треба да се донесе нов закон за концесии на наоѓалишта на метали. Со новото законско решение, кое треба да биде готово до крајот на годинава, рудниците, освен досегашната можност да добијат дозвола за проширување на постојното наоѓалиште на руда, ќе имаат шанса да добијат и нова локација за копање на рудата. Бесими изјави дека до крајот на годинава и почетокот на идната, целото стопанство треба да излезе од рецесија, па според тоа Владата не подготвува нов пакет антикризни мерки за помош на бизнисот. Тој потенцира дека рудниците и целата металургија ќе излезат први од рецесијата, бидејќи цената на металите на светските берзи постојано расте. Затоа, Министерството за економија не предвидува поевтинување на концесијата за експлоатација на металите. Таа досега изнесуваше 0,5 отсто од цената на продадената минерална суровина, која се формира на Лондонската берза на метали, а од следната година износот што рудниците треба да го плаќаат на државата за добиената концесија, ќе се зголеми на еден отсто од продадениот концентрат на руда.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1829&ArticleID=123086
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 11-Oct-2009 at 21:49
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Oct-2009 at 14:08

Почнаа дополнителни истражувања во „Бучим“





 

Локалитетот Бунарџик во рудникот за бакар и за злато „Бучим“ во Радовиш дополнително се истражува, бидејќи таму има резерви од 18 милиони тони руда

 
 
%20  
Истражувањата се вршат со помош на компјутеризирана дупчалка и ќе траат три месеци, а со нив ќе се покаже дали е економски исплатливо да се отвори ново рудно тело во 2012 година. Николајчо Николов, заменик-директор на рудникот, вели дека веќе го направиле планот за развој до 2018 година.

- Во истражувањата инвестиравме 500 илјади евра, а со почнувањето на експлоатацијата на новото рудно тело во Бунарџик нашиот рудник „Бучим“ ќе продолжи да егзистира уште најмалку десет години - смета Николов.

Тој додава дека „Бучим“ веќе се подготвува за експлоатацијата на новото рудно тело. Раководството купило два дампери во вредност од два милиони евра и една современа дупчалка, која чинела 400 илјади евра. За наредниот период се најавува и изградба на фабрика за преработка на оксидна бакарна руда по пат на лужење, каква што на балканските простори имало само во Бугарија.

Во рударскиот сектор се очекуваат промени во цената на рудата. Таа на бакарот засега е стабилна и изнесува околу шест илјади долари за тон. Според Николов, кој е и претседател на рударската асоцијација, наредната година би требало да има поголема дебата и преговори со Владата во врска со најавеното двојно зголемување на цената на концесискиот надомест.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1013992287&id=10&prilog=0&setIzdanie=21810
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 30-Nov-2009 at 21:01
Еве една „детална“ вест. Би било добро доколку некој може да објасни нешто повеќе за што се работи.

Интензивно се трага по рудата габро

Интензивно продолжува потрагата по рудата габро кај рудникот во кочанското село Пантелеј. Расположивата механизација со која се врши ископот на теренот го прошири атарот на ископ и се очекува да се стигне подлабоко во земјата каде што се наоѓа жицата од рудата габро.

Станува збор за руда барана на светскиот пазар по многу висока цена, која спаѓа меѓу ретките руди во светот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F3A078C39761F141BC427256782BC51A
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.