build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Паркирање и паркинзи (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање и паркинзи (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 39404142>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7710
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 04-Nov-2021 at 22:04

фокусот треба да биде на тоа сите тие 5 милијарди станови што ги напикаа во Аеродром, да си ги користат гаражите, и евентуално да се направат паркинзи на критични места ко мичурин и острово, ам апод услов строго да се забранува паркирање насекаде и да се расчистуваат одма возила
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 779
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 04-Nov-2021 at 22:06
Originally posted by zabegan


фокусот треба да биде на тоа сите тие 5 милијарди станови што ги напикаа во Аеродром, да си ги користат гаражите, и евентуално да се направат паркинзи на критични места ко мичурин и острово, ам апод услов строго да се забранува паркирање насекаде и да се расчистуваат одма возила

Да, но не е само тоа решение на проблемот. Проблемот е и во тоа што не ги користат гаражите, но и тоа што нема доволно паркинг места во однос на тоа колку продавници има, кафичи, мали фирми итн.

Edited by skopskodete - 04-Nov-2021 at 22:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 22-Nov-2021 at 13:12
Originally posted by stef4o

Во Мичурин откако е отворено Блок Кафе ситуацијата со паркираните коли е ваква...дури мислам дека не ни се обидоа воопшто да поставуваат столбчиња за да се спречи паркирање на тротоар(од твитер)







Утринава ставиле столбчиња(од твитер)



Back to Top
zlate676 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Aug-2019
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7
  Quote zlate676 Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 25-Nov-2021 at 14:16
Убаво што ставиле на оваа страна, треба и од другата исто да се среди кај порта.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 29-Nov-2021 at 16:54
На ул.Милан Зечар во Стар Аеродром,честопати се случува новодојдените станари во 10-катниците да узурпираат паркинзи на станарите од кулите се додека овие не решат да си стават рампи на паркинзите



https://www.facebook.com/jassumodopstinaaerodrom/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 779
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 29-Nov-2021 at 17:13
Ваљда треба веќе да се блокираат и самите улици со паркирани автомобили, па тек тогаш да им текне од општината да го решаваат овој проблем.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 29-Nov-2021 at 17:50
Originally posted by skopskodete

Ваљда треба веќе да се блокираат и самите улици со паркирани автомобили, па тек тогаш да им текне од општината да го решаваат овој проблем.


Натаму оди работата,од 2013 кога решија да го трупаат делчот со нови 50 згради до денес немаат ниту една инвестиција на поле на паркирањето.Нормално е дека ќе биде хаос при толкав прилив на нови станари(притоа не постои законска обврзаност за купување на паркинг).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 10-Dec-2021 at 17:47
ПЛАТЕНИОТ ПАРКИНГ Е ВОВЕДЕН ИЗБРЗАНО И СОЗДАДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ НЕРЕД, СМЕТААТ И ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО ВЕЛЕС

И власта и опозицијата во Советот во Велес сметаат дека платениот паркинг во градот е воведен избрзано и без анализи. Одлуката беше донесена во ноември 2020, а почна да се применува од август годинава.

„Платениот паркинг во Велес беше неоправдано и брзо воведен, несоодветно и без анализа. Повеќе се направи неред отколку што се воведе ред. За да не плаќаат паркинг, возачите ги узурпираа улиците околу центар, што го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот. Брза помош и пожарна знаат како им е кога треба да стигнат до потребното место“, рече Марјанчо Николов, советник од СДСМ.

Тој праша дали ќе биде укинат или ќе има одредени промени.

„На Велес му треба платен паркинг, но не ваков. Три паркинзи, пред судот, кај Саатот и кај Ликовниот салон носат пари, оние кај гимназијата и кај автобуската се празни. На лицата кои се ангажирани како времено вработени договорот им истекува на 15 јануари. Немаме ниту канџи, ниту пајак служба за санкционирање ако некој се паркира, а не плати. Ако започнеме со изградба на катна гаража, прашање е дали ни е потребно ЈП за паркинзи. Се сложувам дека одлуката за платен паркинг е пребрзо донесена, без анализи. Таа е по примерот од Кавадарци, па е менувана. Мојот став е дека платениот паркинг треба да се стави во мирување и да се започне со изградба на катна гаража“, рече градоначалникот Марко Колев.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/plateniot-parking-e-voveden-izbrzano-i-sozdade-ushte-pogolem-nered-smetaat-i-vlasta-i-opozitsijata-vo-veles/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 11-Dec-2021 at 12:57
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОСТАВИ 50 ЖАРДИНИЕРИ НА БОЕМСКАТА УЛИЦА ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ КОЛИ



На вториот дел од Боемската улица во скопско Дебар Маало поставени се 50 високи жардиниери. Како што вели градоначалникот Горан Герасимовски, жардиниерите се поставени за решавање на проблемот со паркирани коли секој ден долж улицата.

„Жардиниерите ќе ги заменат досегашните ниско-подни бетонски топки. Воведуваме ред во сообраќајот на Боемска улица на сметка на зголемување на безбедноста на движењето на пешаците“, вели Герасимовски.

Дополнително, во жардиниерите се засадени и 50 садници од ниско урбано зеленило, кои како што вели Герасимовски, освен што ќе ја разубават улицата ќе го намалат загадувањето и ќе придонесат кон заштита на животната средина.

Улицата Боемска секоја вечер е блокирана од коли, а тоа е така од нејзиното отворање во времето на ексградоначалникот Андреј Жерновски. Гостите на кафеаните слободно си ги оставаат колите кај ќе стасаат на улицата и никој не ги казнува ниту пајак ги крева возилата.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-postavi-50-zhardinieri-na-boemskata-ulitsa-za-da-ne-se-parkiraat-koli/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 13-Dec-2021 at 18:27
Паркирањето ќе поевтини за 10 денари

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски паркинг“ до петок треба да одлучи за новата намалена цена на нивните паркинг услуги. Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски за весникот ВЕЧЕР изјави дека се подготвува новиот ценовник, според кој, паркинг услугите ќе поевтинат за 10 денари.

-Во зоната А паркирањето наместо 50 ќе чини 40 денари од час, во зона Б наместо 40 ќе чини 30 денари, додека во зона Ц и Д која е зонско паркирање наместо 20 ќе чини 15 денари. Во катните гаражи и на паркингот кај Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, паркирањето наместо 30 ќе чини 20 денари од час – информираше Јакимовски.

Овој предлог ценовник откако ќе биде усвоен од Управниот одбор, потоа ќе оди на седница на Советот на град Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изминативе денови информираше дека испратила барање за намалување на цената на паркирањето за 25 проценти до ЈП „Градски паркинг“, за што се чека одлуката од Управниот одбор на претпријатието.

https://www.vecer.press/паркирањето-поевтинува-за-10-денари/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7710
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 13-Dec-2021 at 21:45

ова се случува кога политика купува гласови на краток рок додека може, без размислување за ништо во поглед на иднина
нема никаква логика ваков потег, многу пологично е да поевтини драстично паркирањето во гаражите кои зјаат празни на пример, а да се покачи на уличните паркинзи
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2076
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 13-Dec-2021 at 21:48
Originally posted by zabegan


ова се случува кога политика купува гласови на краток рок додека може, без размислување за ништо во поглед на иднина
нема никаква логика ваков потег, многу пологично е да поевтини драстично паркирањето во гаражите кои зјаат празни на пример, а да се покачи на уличните паркинзи
Uste kolku da poevtinat garazite, zarem 20 vi e mnogu?!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7710
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 13-Dec-2021 at 21:57
Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan


ова се случува кога политика купува гласови на краток рок додека може, без размислување за ништо во поглед на иднина
нема никаква логика ваков потег, многу пологично е да поевтини драстично паркирањето во гаражите кои зјаат празни на пример, а да се покачи на уличните паркинзи
Uste kolku da poevtinat garazite, zarem 20 vi e mnogu?!
каде е 20? ок, може сум грешка, ама ми ја сфаќаш поентата
ако гаражите и уличните паркинзи имаат иста цена па, уште побетер
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2076
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #814 Posted: 13-Dec-2021 at 22:02
Originally posted by zabegan

Originally posted by Denko

Originally posted by zabegan


ова се случува кога политика купува гласови на краток рок додека може, без размислување за ништо во поглед на иднина
нема никаква логика ваков потег, многу пологично е да поевтини драстично паркирањето во гаражите кои зјаат празни на пример, а да се покачи на уличните паркинзи
Uste kolku da poevtinat garazite, zarem 20 vi e mnogu?!
каде е 20? ок, може сум грешка, ама ми ја сфаќаш поентата
ако гаражите и уличните паркинзи имаат иста цена па, уште побетер
Taka pisuva vo izvestajot.
https://www.vecer.press/%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D0%B2%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-10-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7710
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #815 Posted: 15-Dec-2021 at 22:55
секако движење во права насока би било да се ослободиме од ужасното привремено решение од паркинзи на тротоар и огромни празни парцели кои се коирстат за паркинг, да се искористат за други намени
само во центар во последниве 10 години се изградија 7-8 гаражни објекти и барем дел од останатите објекти имаат големи гаражи, и пак во најголем дел од времето не се полни
имаме и комични ситуации каде веднаш до гаражите има паркинг простор и никој не е будала да врти поспратови да бара место ако му е паркинг местото надвор поблиску
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1340
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #816 Posted: 17-Dec-2021 at 20:45
Меркава е оправдана само ако истовремено спроведуваш казнена политика за казнување на сите кои се застанати на „пет минути“, за сите кои се паркирани на тротоари и слично, ама бидејќи знаеме дека самиот Град нема комунална полиција, а МВР знаеме колку е експедитивно, доаѓаме дека е глупост.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 706
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #817 Posted: 18-Dec-2021 at 00:55
Тага. Секако ништо не очекував од новата градска управа, ама вакви глупи потези па ич. За некој петпарашки популизам се ускратуваат средства кои градот може да ги прибира, а обратна мерка во иднина е каде-каде потешка (во смисла на поскапување). Не сфаќам шо стратегија тера. Крати директни приходи, стимулира користење кола, а од друга страна намерава да воведе бесплатен превоз. Најди му нзс.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13689
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #818 Posted: 21-Dec-2021 at 18:04
ЏАБЕ И ЖАРДИНИЕРИТЕ НА ГЕРАСИМОВСКИ, БОЕМСКАТА УЛИЦА ВО ДЕБАР МААЛО ПАК ПОЛНА СО ПАРКИРАНИ КОЛИ



Не помагаат ниту жардиниерите кои Општина Центар ги постави на Боемската улица во Дебар Маало, за да се спречи дивото паркирање коли. Пред три недели, 50 жардиниери со зеленило беа поставени од двете страни на улицата за да се скрати просторот за паркирање, но џабе.

На улицата и понатаму секој ден слободно се паркираат коли од гостите во кафеаните. Сопствениците на возилата ги поместуваат жардиниерите и се паркираат меѓу нив. Дел од нив се паркираат и врз подземните контејнери искористувајќи го тоа што просторот околу нив е слободен за да може камионите на ЈП „Комунална хигиена“ да го собираат ѓубрето.

Полиција и пајак да казнуваат никогаш нема.

Боемската улица 2 постојано е окупирана со коли бидејќи за разлика од Боемска 1 не е пешачка зона. Ексградоначалникот Саша Богдановиќ во својот мандат велеше дека единствено решение за овој проект е таа да се затвори за сообраќај, за што изготвиле решение, но чекаат Министерството за внатрешни работи да им го одобри. Но и по 4 години нема одобрение од МВР

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dhabe-i-zhardinierite-na-gerasimovski-boemskata-ulitsa-vo-debar-maalo-pak-polna-so-parkirani-koli/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13977
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #819 Posted: 28-Dec-2021 at 18:36
Безвластие на секој чекор

Паркот „Ибни пајко“ во Скопје претворен во паркиралиште



Узурпирани јавните површини позади Националната филхармонија. Како што може да се види на видеото од Фронтлајн, повеќе возила се паркирани на патеките за пешаци и сервисната улица во паркот „Ибни Пајко“.

Градскиот парк „Ибни Пајко” се наоѓа позади Националната филхармонија на површина од околу 11.000 квадратни метри. Паркот е отворен во Јуни 2019 година и располага со пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а исто така поставена е функционална урбана опрема.





https://frontline.mk/2021/12/28/video-parkot-ibni-pa-ko-vo-skop-e-pretvoren-vo-parkiralishte/
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 779
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #820 Posted: 28-Dec-2021 at 20:55
Ццц... Мора секое убаво нешто да се расипе.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 39404142>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.