build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавна чистота
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 10-Jun-2020 at 15:43
ШИЛЕГОВ: НОВИ ПОЛУПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ СЕ ТЕСТИРААТ ВО КАРПОШ 3

Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска одржаа прес-конференција на улицата „Никола Русински“ во Карпош 3 каде што се поставени полуподземни контејнери.

- Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител Molok Ltd. кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. Никола Русински, зад ТЦ Лептокарија во Карпош, поставени се 6 вакви контејнери, од кои 2 се со капацитет од 3 кубни метри, а 4 се со капацитет од 5 кубни метри. Овие контејнери имаат извесни предности во однос на другите видови од кои може да се издвојат заради поголемиот капацитет, мал надземен дел, побрзо празнење, можност за заклучување и поголем век на експлоатација – рече Шилегов.

Тој додаде дека овој пилот проектот ја дава и можност за селектирање на отпад и граѓаните покрај селекцијата на комуналниот отпад ќе можат да селектираат и електронски и кабаст отпад.

- Во неколку месечниот тест период во рамките на овој пилот проект ќе ги согледаме сите предности и предизвици од користењето на овие садови за отпад од домаќинствата, по што ќе бидат направени внимателни анализи за исплатливоста на инвестирањето во вакви контејнери барем за оние делови од градот каде што просторните услови тоа го дозволуваат. Граѓаните веќе ги чувствуваат промените со новиот концепт на третманот на комуналниот отпад во Град Скопје. Промените се видливи и мерливи. Градските улици се почисти, сменети се голем дел од садовите за комунален отпад и нивното празнење е сега побрзо и поефикасно, во тек се повеќе активни кампањи за услугите за подигање кабаст отпад и бесплатното подигање на стрништата и отпадот после берба на земјоделските производи. Тоа значи дека се движиме во правилна насока и доколку сите заедно се погрижиме, за релативно кратко време ќе имаме неколкукратно почист град од она што сме навикнале да го гледаме до неодамна – кажа Шилегов.

Шилегов денеска уште еднаш упати апел граѓаните прописно да го фрлаат отпадот од домаќинствата користејќи ги садовите исклучиво во согласност со нивната намена и да го фрлаат отпадот во пропишаното време, односно од 19 до 22 часот навечер, во затворени пластични кеси, не оставајќи храна и облека надвор од контејнерите и слично.

- Епидемијата на коронавирусот не потсети сите, како граѓани, дека мораме да се грижиме за личната хигиена, хигиената во нашите домови, но и надвор од нашите домови на ист начин, со цел сите заедно да ги користиме придобивките кои ги нуди живеењето во еколошки чистата животна средина – порача Шилегов.













https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 20-Jun-2020 at 12:57

od fb.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 10-Jul-2020 at 10:51
Потегот меѓу напуштената зграда спроти Вип Хотел и МРТВ тотално запуштен и полн со отпад,дивонаселени семејства,импровизирани живеалишта,спалување отпад...











https://www.facebook.com/groups/883203825068334/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 13-Jul-2020 at 16:29
Излетничките места околу Скопје секој викенд се претвораат во депонии



Ова е сликата по викендoт на едно од омилените излетнички места на скопјани, Марков манастир.

Пластички шишиња, чинии, лимеки, кеси... Наместо во контејнер на скопјани полесно им ѓубрето да го фрлат на земја.

Мештаните велат дека сликата е ваква после секој викенд, особено во лето кога голем број граѓани викендите ги поминуваат на пикник покрај Маркова Река. Дел од ова ѓубре не останува на едно место бидејќи кучињата скитници, но и добитокот знаат да го разнесат наоколу.

-Цело лето кога ќе дојдеш, има ѓубре. Го земаат со камион и го носат ама многу е доцна и секогаш има ѓубре. Многу доцна, по месец два, вели Даут Идриз, локален жител.

Од општина Студеничани велат дека веќе е испратена екипа која ќе го исчисти ѓубрето.

-Во Маркова Сушица имаме поставен голем контејнер каде редовно се подигнува ѓубрето кое се собира и се носи во депонијата Дрисла. Секои две недели организираме собирање на сметот што се остава од луѓето кои одат на пикник, велат од општина Студеничани.

Ѓубрето кое несовесните граѓани го оставаат на земја им прави проблем и на локалните сточари. Често пати се случува добитокот да се затруе од пластиката.

https://sitel.com.mk/izletnichkite-mesta-okolu-skopje-sekoj-vikend-se-pretvoraat-vo-deponii
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 23-Jul-2020 at 11:41
СЕ ЧИСТИ СЕВЕРНАТА СТРАНА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР
Екипи на градските јавни претпријатија континуирано работат на терен на чистење и уредување на северната страна од кејот на Вардар, на потегот од реката Лепенец до Аеродром.
Оваа акција која започна минатиот месец, Град Скопје ја реализира во соработка со УНДП, кои помагаат со поставување урбана опрема – корпи за џебен отпад кои недостасуваат од оваа страна на реката.
Оваа запоставена страна од кејот на Вардар, наскоро ќе стане нов добро уреден јавен простор.









https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 01-Aug-2020 at 09:16
Низ Охрид(твитер)









Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 04-Aug-2020 at 13:01
ФОТОВЕСТ: Цело Скопје е со депонии, алишта, кревети, фотелји




Горе-долу во речиси сите скопски населби граѓаните објавуваат на Фејсбук фотографии од депонии што ги направиле некои нивни соседи.
– Цело Скопје е со депонии, расфрлани алишта, кревети, фотелји, на нередот му нема крај. Самите сме виновни, да живееш во својот град и да фрлаш во својот град….само казни и патроли, волонтери, а за награда ваучери за ЈСП, кино, храна – коментира Слаѓана Танчева.

Лиле Живковиќ објави фотографии од расфрлано ѓубре околу контејнерите пред зграда на улица „ 16. Македонска бригада“ (спроти стадионот на Металург).



– Секој коментар е непотребен. Ова ѓубре е расфрлано и вака стои со денови. Со оглед на ниската свест, немањето совест, високиот примитивизам, безобразлук, простотилак… веројатно треба контејнерите да бидат под видеонадзор и под итно да се пропишат строги казни, па можеби и ќе се решат овие проблеми. За жал, ова е слика скоро околу сите контејнери, Имаат ли надлежните идеја, план, стратегија… или само фотелјите ги интересираат – прашува таа.

https://www.vecer.press/фотовест-цело-скопје-е-со-депонии-алиш/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 09-Aug-2020 at 14:27
СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ВОВЕДЕ НОВА УСЛУГА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ОД ДОМОВИТЕ

Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ воведе нова услуга за подигнување кабаст отпад внатре од домот. Досега кабаст отпад екипите на „Комунална хигиена“ подигнуваа само од пред домовите, но велат дека поради барања на граѓани воведена е оваа услуга.

„Жителите на Скопје коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт со специјалните возила на претпријатието. Со воведените измени на услугата, граѓаните ќе имаат можност да ја одберат опцијата нивниот кабаст отпад да биде преземен директно од внатрешноста на домот, без разлика дали станува збор за индивидуални или за колективни домаќинства“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Според новиот ценовник, подигнување и транспортирање на кабаст отпад внатре од домот чини 2.800 денари, изнесување од пред врата 2.000 денари, а изнесување на кабаст отпад без работници односно користење само на возилата на претпријатието чини 1.600 денари.

Бесплатно е депонирањето на кабаст отпад во пунктовите на претпријатието во Карпош 3 и Варариште, ако тие самите го донесат со свое возило.

„Апелираме до граѓаните да ги користат нашите услуги за одлагање на кабаст отпад, да не го фрлаат крај контејнерите и на разни други локации низ градот“, велат од „Комунална хигиена“.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopska-komunalna-higiena-vovede-nova-usluga-za-podignuvane-kabast-otpad-od-domovite/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Online
Posts: 667
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 09-Aug-2020 at 17:06
Или најевтино...го оставиш пред контињер
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 09-Aug-2020 at 19:01
дали сериозно мислат дека некој ќе плати 2000 денари за да фрли нешто?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 09-Aug-2020 at 20:14
Браво, со апел ќе решат све! Ипосле ќе вадиме теории за менталитет и слични будалаштини. Едноставно нема економска логика да плаќаш. Глупа стратегија, псоле работниците пак го чинат комуналното претпријатие исто пари за да чистат околу контињери. Подобро бесплатно целосно.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 10-Sep-2020 at 20:13
Многу смрди градов во последно време, или повеќе го забележувам тоа поради коронава и зголемената свест за јавна чистота, како и носењето маска на одредени места (а со тоа и намалената раздразнетост при носењето и отсуство на миризлива адаптација кога ќе ја извадам)?

Инаку видов неколку камиони за ѓубре на КХС со врата позади, конечно. Мислам дека беа некаква донација.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 10-Sep-2020 at 20:54
За жал хигиената е на доста ниско ниво тоа е така со години но чинам станува се полошо. Возилата на КХС се за нигде,по секое застанување за празнење контејнери доле истекува многу од отпадот и потоа цела улица лепи и смрди дел од камионите им се над 15 години некои дури и повеќе па така да не е ни чудо....тие со капак што си ги видел можеби се од новите за оние големите контејнери поставени поред булеварите. Како за почеток би било добро да се сведат на минимум мини депониите поред секој контејнер(само со бесплатно подигање на кабастиот отпад и шут од страна на КХС од домовите или по некоја симболична цена а не како сега што бараат по скоро 50 евра за таква услуга). Потоа да се настојува овие металните децениски стари контејнери без капак постепено(побрзо да се заменат со нови). Сепак тука останува менталитетот на народот бидејќи и подземните контејнери со тек на време станаа надземни дури понекогаш се фрла шут во нив што може да ги оштети камионите за нивно празнење.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 10-Sep-2020 at 21:32
Секогаш смрдел градов не знам што се чудите Смрди од спојот на топлото време и исцедокот, кој го пуштаат камионите на КХС. Ова е со години.

За другиот дел на хигиената не ни сакам да зборувам.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2210
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 10-Sep-2020 at 21:50
Во последно време како повеќе да смрди. Може само случајност неколку пати да сум поминал малку по камион на КХС. Мора да се реши проблемот со нив, не може нонстоп да капе ѓубре!

Вчера. Рандом локација: библиотека; 1cm, 1m и 1km во било кој радиус може да се направи иста слика. Можеби комунална полиција и плаќање по учинок би ја подобрило ситуацијата, покрај поставувањето на многу повеќе канти за отпад.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 11-Sep-2020 at 12:05
Мора да се почне некако со решавање на проблемот со кабастиот отпад околу контејнерите како за почеток КХС мора да ја спушти цената за подигање на отпадот од домовите (бесплатно би било супер) за да може да се почне од негде со решавање на овој проблем...иако знам дека и беспари да биде пак ќе биде слично околу контејери бидејќи тука настанува судир со менталитетот и некои чудни навики што ги имаме и затоа мора паралелно да фрчат и казни за секое одлагање на ваков отпад во или вон контејнерите.

Дотогаш вака(локација паркинг зад Капитол)



https://www.facebook.com/groups/vozduhsega

ништо подобро и во Карпош 4



Edited by stef4o - 11-Sep-2020 at 12:07
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7376
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 12-Sep-2020 at 01:14
инаку, кај многу контејнери во градов го приметувам истиот проблем, се скапува и растекува ѓубрето, и бидејќи се воглавно на улица, се разнесува при поминувањето на возила
миризбата е неподнослива, и асфалтот е одвратен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 15-Oct-2020 at 11:00
До кога со овие смрдливите бензински дувалки ќе ја решаваме чистотата низ градов,само безвезно расфрлање прашина и ѓубре насекаде,ова е од вчера во Капиштец на улицата Васил Ѓоргов која е во реконструкција



https://www.facebook.com/vozduhsega
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 22-Oct-2020 at 11:08
Во Карпош



https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6908
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 24-Oct-2020 at 14:06
Изминатава недела на ул.Симеон Кавракиров во Мичурин поставија од новите контејнери и тоа е засега добар потег бидејќи истите се многу почисти и естетски изгледаат поубаво,се празнат со нов камион кој поминува околу 23 часот и не се создаваат гужви како што беше во минатото.Добро е само подолго да се сочуваат контејенрите и во иднина се повеќе да се заменуваат старите со нови.

Еве една фотка од твитер

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 26272829>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.