build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавна чистота

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 11-Jan-2021 at 18:46
Јас мислам дека некој барал нешто низ контејнерот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 14-Jan-2021 at 15:11
ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНИ ПРВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СОБИРАЊЕ ОТПАД



Велес ги доби првите подземни контејнери. Седумте контејнери се поставени на различни локации: во центарот на улицата Илинденска, на улицата 8 Септември меѓу Централен регистар и Основен суд Велес, спроти театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и на улицата Методија Андонов-Ченто близу општинската зграда.

„Контејнерите се исклучиво наменети за комунален отпад и во нив не треба да завршуваат картонска и ПЕТ амбалажа, градежен шут и жар и пепел од домашни ложишта. За отпадот што може да се селектира општината на јавните површини има поставено соодветни садови“, велат од локалната власт.

Подземната вреќа за собирање отпад е изработена од водонепропусен полиестер со волумен од три кубни метри. Контејнерите ќе се празнат во утринските часови секој ден од страна на ЈКП „Дервен“. Комуналното претпријатие набави и нова хидраулична дигалка поради специфичниот начин на празнење на контејнерите. Со овој начин на собирање отпад, бездомните животни нема да можат да го растураат наоколу.

„Контејнерот се користи така што се притиска ножната педала која го крева капакот без да се има контакт со неговите делови. Апелираме до граѓаните да не паркираат возила пред локациите каде што се поставени контејнерите, за да можат да се празнат“, додаваат општинските служби.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-veles-postaveni-prvite-podzemni-kontejneri-za-sobirane-otpad/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 16-Jan-2021 at 15:39
НОВИТЕ ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ВЕЛЕС ПРАЗНИ, ЃУБРЕТО СЕ ОСТАВА ДО НИВ



Само четири дена откако беа поставени првите подземни контејнери за смет во Велес, се појавија проблеми. Граѓаните наместо во контејнерите, ѓубрето го оставаат до нив, па бездомните кучиња и мачки веднаш го расфрлаат по улиците.

Комуналните работници во првите денови откако тие се поставени при празнењето на вреќите, кои имаат капацитет од три метри кубни, констатирале дека тие се празни.

„Апелираме до граѓаните сметот од домаќинствата да го фрлаат во новопоставените подземни контејнери кои се лоцирани на местата каде претходно имаше садови за смет, а не околу нив“, реагираат од велешкото комунално претпријатие „Дервен“.

Од таму ги потсетуваат граѓаните дека начин на употреба на новите контејнери е едноставен, се притиска педалата, автоматски се крева капакот и сметот се остава во кесата, без било каков допир со рака.

Во вторникот на седум локации во централното градско подрачје во Велес, беа поставени седум подземни контејнери. Од локалната власт најавуваат дека во наредниот период ќе се постават повеќе на други локации.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/novite-podzemni-kontejneri-vo-veles-prazni-gubreto-se-ostava-do-niv/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 17-Jan-2021 at 15:48
ЗАПАЛЕНИ ВКУПНО 70 ОД 200 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ПОСТАВЕНИ ЛАНИ ВО СКОПЈЕ

Лани низ Скопје се поставени 200 нови контејнери со зафатнина од 3,2 метри кубни и 500 нови корпи за ситни отпадоци. Во овој период, запалени биле 70 контејнери, а сторителите се непознати.

Нови 47 возила за собирање ѓубре и чистење и миење на улиците низ Скопје ќе купи годинава јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Од претпријатието велат оваа набавка ќе се реализира пролетва и со тоа многу поефикасно и поквалитетно ќе се извршуваат активностите.

„Лани за три проценти беше зголемено количеството на подигнат отпад од домаќинствата во Скопје односно собрани се 158.476 тони комунален отпад. Преку координирани заеднички активности со Градот Скопје и останатите градски јавни претпријатија, беа реализирани акции за генерално чистење на сите скопски општини, како и комплетно расчистување на двете страни на кејот на реката Вардар, каде што беа поставени 120 нови корпи наменети за одлагање ситни отпадоци. Изминатите 12 месеци, исчистено е над 9.000 метри кубни отпад од диви депонии, создадени како резултат на несовесно одлагање на отпадот од страна на поединци и правни субјекти“, велат од „Комунална хигиена“ во извештајот за работата во 2020 година.

Претпријатието лани воведе нова услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од домовите на граѓаните. Граѓаните коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, можат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 да нарачаат екипите на „Комунална хигиена“ со специјални возила да го преземат и да го транспортираат кабастиот отпад. Оние што имаат обезбедено сопствен превоз, може бесплатно да го одложат својот кабаст отпад во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, во терминот од 7 до 19 часот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zapaleni-vkupno-70-od-200-novi-kontejneri-postaveni-lani-vo-skopje/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4980
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 17-Jan-2021 at 17:30
Јас сум сигурен дека често се фрлаат отпушоци или жар, па отпадот сам се запалува. Не е дека секогаш е намерно.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 04-Feb-2021 at 18:17
Стотици садови за отпад две години стојат во „Комунална хигиена“, преголеми се за скопските улици





Уште во октомври 2019 година Градот Скопје на комуналното претпријатие во главниот град му донираше садови за отпад со поголема зафатнина со цел да се реши проблемот со оптадот, но бидејќи повеќето локации каде треба да се постават се направени за помали садови, тие две години стојат во дворот на „Комунална хигиена„.

– Во октомври 2019 година, Градот Скопје му донираше на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје 540 контејнери за одлагање мешан комунален отпад со зафатнина од 3,2 м3, како и 30 садови за селекција на отпадот (донација преку ПАКОМАК), од коишто 15 садови се наменети за пет-амбалажа, а 15 садови за одлагање хартија, картон итн. Во текот на 2019 и 2020 година, претпријатието ги поставуваше новите контејнери со зафатнина од 3,2 м3, при што се појави потреба од прилагодување и адаптација од урбанистички аспект на постоечките локации коишто дотогаш беа наменети за старите садови со зафатнина од 1,1м3, со крајна цел – поставените садови да не претставуваат пречка во одвивањето на сообраќајот, да не ја намалуваат видливоста и да не го попречуваат движењето на велосипедистите и пешаците – велат од „Комунална хигиена“ за „Независен весник“.

Мали корпи за селекција на отпадот забележливи се во сите поголеми, затоврени шопинг-центри во Скопје, како и во некои од поголемите маркети, каде, за чудо, може да се нјадат и садови за собирање стари батерии. Но, и во нив, забележливо е дека се фрлаат и други отпадоци.

Од „Пакомак“ за „Независен весник“ велат дека одговор на прашањето зошто нема контејнери за селекција на улица, треба да се бара кај градската администрација и „Комунална хигиена“.

– „Пакомак“ уште во септември 2019 на Град Скопје му донираше 30 големи модерни контејнери од 2м3 за селекција на пластика/лименки и хартија. Тие се контејнери од ист тип како новите и беа купени по сугестија од Градот, како стратегија дека во таков тип контејнери ќе се шири понатаму селекцијата на отпадот меѓу граѓаните. За жал, тие контејнери се уште не се поставени и се на плацот на „Комунална хигиена“, иако неколку пати реагиравме до Градот – велат од „Пакомак“.

Појаснуваат дека тоа се контејнери наменети токму за широки улици какви што има во повеќето општини и населби во Скопје.

Веруваат дека со помош на совесни граѓани и медиумска поддршка, може да се стигне до критична маса (над 50%) совесни граѓани кои ќе влијаат на голем позитивен исчекор во управувањето со отпадот.

Секако, признаваат, инфраструктура за селекција е предуслов и „Пакомак“ се труди максимално согласно ресурсите кои ги има, но потребна им е и поддршка од општините и државните институции.(Б.Б)

https://nezavisen.mk/stotici-sadovi-za-otpad-dve-godini-stojat-vo-komunalna-higiena-pregolemi-se-za-skopskite-ulici/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 10-Feb-2021 at 14:47
Град Скопје продолжува да инвестира во јавната чистота

НАБАВЕНИ НОВИ МАШИНИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДСКИТЕ ТРОТОАРИ И ВЕЛОПАТЕКИ
Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини. Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини.







https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13428
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 10-Feb-2021 at 17:26
Ааааа, конечно на некој му текна дека и велопатеките треба да се чистат. Амин.

Edited by Џоле - 10-Feb-2021 at 17:26
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8878
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 10-Feb-2021 at 17:40
Се надевам нема да дремат метларкиве по некои депоа и магацини туку треба да се активни на улиците не е само поента да се набават туку и да се види некаков ефект.Но имаме проблем преголем со диви паркинзи и градилишта од кои дневно стотици коли и кипери излегуваат и затоа поред рабниците од скоро секоја улица има 2-3cm кал и песок поготово деновиве кога врне а кога е суво се создава многу ситна прашина.Тука само закон и казни друг спас нема,метларките кога ги пуштаат по улица(конкретно низ Мичурин и Стар Аеродром) од позади се ствара магла од прашина.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 10-Feb-2021 at 17:59
Овие метларки се ефикасни само ако имаме совршени тротоари и улици. Не се овие за Скопска инфраструктура. Подигнати нерамни шати, џепови што имитираат сливници, дупки, релјеф по тротоарите. Така да уште сме ние за метла онаква разчеруапа како од гранки собрани. Не зашто не сме достојни за автоматизација, туку зашто имаме уште многу да работиме на улиците за да дојдеме до стадиум кога овакви машини може да се супер-ефикасни.
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 10-Feb-2021 at 18:55
Патеката на кејот од левата страна на Вардар е полна со срчи, скоро невозможно е да се вози велосипед. Се надевам дека ќе се користат и за рутинско читење на патеките од двете страни.

Инаку метларкиве се од Брако?
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1135
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 10-Feb-2021 at 18:57

Да, од Брако се, имаат македонско знаменце од страна.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.