build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Обнова на манастирот Трескавец

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1872
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Обнова на манастирот Трескавец
    Posted: 04-Feb-2013 at 14:54
Гори манастирот Трескавец
Македонија | 4. февруари 2013 - 14:33
Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен

667
Пламени јазици го зафатија манастирот Трескавец во Прилеп. Изгорени се двата конаци, потврдуваат извори на Press24 од терен. Засега нема информации во какви околности избил пожарот. Нашата екипа се упати кон манастирот. Очекуваме повеќе информации.
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Feb-2013 at 15:18
Лоша работа,манастирот е непристапен со обични пожарни,пред многу години се случи истото и изгореа сите конаци.Вака од градов се гледа само чад.
Можи @gjoko ќе ни каже некоја информација повеќе
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
dime View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Sep-2012
Location: prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dime Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 04-Feb-2013 at 15:43
Противпожарните екипи не можеле да стигнат до манастирот
Понеделник, 04 Февруари 2013 14:52

Според најновите информации пожарот во манастирот Трескавец во Прилеп избувнал околу 14 часот.


Пламените јазици го зафатиле целиот објект на манастирот, а изгорени се двата конаци.

Информациите до кои дојде Курир говорат дека противпожарните екипи не биле во можност да стигнат до објектот за да пристапат кон негово гаснење.

По пријавата на случајот во полиција, МВР го информирал Центарот за управување со кризи кој треба да превземе мерки за гаснење на пожарот во манастирот.

Манастирот пред околу 30 години беше изгорен до темел, но истиот беше целосно обновен со донации од граѓани и прилепски фирми.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/102183-Protivpozarnite-ekipi-ne-mozele-da-stignat-do-manastirot
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Feb-2013 at 15:44

Еве ги последните информации од Дневник

Датум: 04.02.2013, 14:44

Пожарникарите пристигнале кај Трескавец, ангажиран и хеликоптер

Пожарникарите успеале да пристигнат кај манастирот Трескавец, кој од околу еден часот попладнево е во пламен. Било дадено одобрение и за ангажирање хеликоптер во гаснењето на пожарот.

Според информации од Управата за заштита на културното наследство, огнот ги зафатил конаците, а црквата, која е споменик на културното наследство, не е во опасност од пламените јазици.

Центарот за управување со кризи во Прилеп упати апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот што го зафати овој голем манастирски комплекс.

Пред околу три децении огнена стихија го изгоре до темел, манастирскиот комплекс од 13 век, „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, кој се наоѓа на десетина километри од Прилеп. Тогаш манастирското богатство темелно се обнови во автентичен стил со донации од граѓаните и од прилепските фирми.

Неодамна почна изградбата на пат за манастирот, вреден 1,5 милион евра, финансиски поддржан од Министерството за транспорт и врски.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1872
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Feb-2013 at 16:21
sega moze da se slikame so patot nov
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Feb-2013 at 17:11

ФОТО: Еве што остана од манастирот во Трескавец - фотографии од пожарот
Македонија | 4. февруари 2013 - 16:27
Погледнете ги фотографиите од пожарот кој попладнево избувна во манастирот Трескавец. Според досегашните информации, изгорени се сите четири конаци и се прават напори да се спаси црквата "Успение на Пресвета богородица“.



http://press24.mk/story/pozhar/foto-eve-shto-ostana-od-manastirot-vo-treskavec-fotografii-od-pozharot

Back to Top
Goki View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2013
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote Goki Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Feb-2013 at 20:14
Da pogodam, sto se slucilo... zastareni uredi i izolacii... isto kako i vo postata vo Skopje...

Odrzuvanje i obnovuvanje na uredi i aparati, nesto sto ne postoi vo Makedonija. Ako raboti - ne go cepkaj.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Feb-2013 at 21:00




Edited by Makedonij - 04-Feb-2013 at 21:07
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Feb-2013 at 21:12
Страшно е ова , треба да се научиме да ги штитиме ваквите културни знаменитости со непроценлива вредност пред да се случат вакви несреќи. Среќа во несреќата е што црквата не е зафатена од пожарот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Feb-2013 at 21:38
Originally posted by kultuzin

Страшно е ова , треба да се научиме да ги штитиме ваквите културни знаменитости со непроценлива вредност пред да се случат вакви несреќи. Среќа во несреќата е што црквата не е зафатена од пожарот.
требаше да научиме уште од пожарот во бигорски...
сега само се надевам дека ќе го реконструираат овој манастир, и малце ќе се посвети внимание на заштита на старите објекти во земјава кои се катастрофи што чекаат да се случат, со сите запаливи материјали во нив, и слабото одржување (во смисла на обезбедување) на објектите... помалку веројатно е, ама барем да се надеваш...

среќа само што и овој, и оној пожар во Бигорски, не ги зафатија манастирите, што всушност се највредни делови од комплексите... нив и да ги реконструираш, нема да вреди, ќе се изгуби целосната вресност на манастирите


Edited by zabegan - 05-Feb-2013 at 02:42
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 05-Feb-2013 at 00:44
За жал веќе неколку годину наназад заштитата на старите Манастири и Цркви воопшто не е приоритет на Државата. Пред неколку години се случи Бигорски, еве сега Трескавец, а никој ништо не превзема и сигурен сум дека во ниеден манастир во РМ нема ППА....
.... навистина е жално, вакви манастири да имаше во некои други земји ќе беа и тоа како заштитени, а кај нас никој не се грижи.
... И навистина не ми е јасно каква потреба имаме да се града Цркви кога постоечки не можеме да ги сочуваме....
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1872
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 05-Feb-2013 at 09:09
da ne zboruvam pak koja e razlikata na vrednosta na tie sto treba da gi zacuvame i tie sto se gradat denes
u princip ne sakam meshanje na politika vo ova, ama dali e fer be da dade ministerstvoto za kultura uste 1 milion evra od bugetot za mebel vo triumfalnata kapija, a posle pozarot vo bigorski da ne dade ni denar za obnova i zastita na instalacii i protivpozarna zastita vo manastiri stari do 8 veka?


Edited by xnx - 05-Feb-2013 at 10:48
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 05-Feb-2013 at 11:10
Има нешто што смрди околу целава работа, но не е димот од пожарот. . .
Огромни штети прават пожарите по манстирите ширум Македонија, а потоа има игри и огромни профити за сите при обновата на уништените манастири.
Едноставно, страшно !
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 05-Feb-2013 at 15:50
Originally posted by martind

За жал веќе неколку годину наназад заштитата на старите Манастири и Цркви воопшто не е приоритет на Државата. Пред неколку години се случи Бигорски, еве сега Трескавец, а никој ништо не превзема и сигурен сум дека во ниеден манастир во РМ нема ППА....
.... навистина е жално, вакви манастири да имаше во некои други земји ќе беа и тоа како заштитени, а кај нас никој не се грижи.
... И навистина не ми е јасно каква потреба имаме да се града Цркви кога постоечки не можеме да ги сочуваме....


Слабо си информиран

Измеѓу тие, прво беше Лесново, па Согле, а еве сега и Трескавец. У меѓувреме превентивно беше обновет конакот во Зрзе...
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Feb-2013 at 15:54
Како изгледа Трескавец по пожарот?

Утринава заедно со претставници од Завод и Музеј градоначалникот Ристески го посети манастирскиот комплекс „Трескавец“ кој вчера попладне го зафати огнена стихија во која до темел изгореа конаците.
Во текот на денот ќе се врши увид во манастирот „Трескавец“ со цел да се утврди која е причината за појавата на пожарот во кој целосно изгореа конаците, а со пожртвуваната интервенција на прилепчани, на надлежните служби беше спасена црквата Успение на Пресвета Богородица од 13 век, како и сите вредни предмети.
Денеска за состојбата во манастирот ќе расправа економскиот совет на општина Прилеп, а на пладне ќе се одржи и вонредна седница на Советот.

Пожарникарите и доброволоци се на терен и будно ја следат состојбата, а во текот на наредните денови ќе започне и расчистувањето на просторот. Ќе се работи на нов проект за изградба кој ќе биде според стандарди за градба, согласно законот за заштита на културното наследство.

Ова е трет пожар од 19 век па наваму во манастирот. Претходно конаците гореле во 1867 година и во 1990 година.







http://kurir.mk/makedonija/vesti/102280-FOTO-Kako-izgleda-Treskavec-po-pozarot
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Feb-2013 at 15:56
Originally posted by ovaj_stariov

Лоша работа,манастирот е непристапен со обични пожарни,пред многу години се случи истото и изгореа сите конаци.Вака од градов се гледа само чад.
Можи @gjoko ќе ни каже некоја информација повеќе


Neli go napravia patot?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Feb-2013 at 16:02
Владиката Климент: Во таа пепел ќе изникне манастирот како феникс (04.02.2013)

Изгореа конаците, а за среќа остана црквата „Успение на пресвета Богородица“. Срцето на манастирот е спасено. Тажна е сликата која денеска дојде до очите на секој човек со добра волја. „Трескавец“ изгледа на едно големо пеплосано тело, но, фала му на Бога, и на Мајката Божја што во целиот тој пепел живо е срцето, жива е црквата, остана трпезаријата. Кога е жив храмот Божји и кога е жив народот божји што го чини храмот, се надеваме дека во таа пепел ќе изникне манастирот како феникс сето она што е градено со векови, а денеска за неколку часа беше зафатено од пламените јазици.

Ова изјава ја даде владиката Климент, кој во својот емотивен апел сите да помогнат за да се спаси манастирот, потсетил дека и пожарот пред 23 години бил ист.

Владиката Климент вели дека првично пожарот почнал од гостинска соба и се ширел кон монашкиот конак. Во моментот на избувнувањето во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска попладнево пристигна во Прилеп.

- Сакам да изразам огромно жалење за овој денешен немил настан кој се случи на манастирскиот комплекс Трескавец. Изгореа конаците, но значајно е тоа што се сочуваа црквата која датира од 13. век и трпезаријата од 14 век - изјави министерката Канческа-Милеска.
Таа вети дека итно ќе се направи план за да се обнови манастирот и оти во моментов стручните лица од прилепскиот Завод и музеј вршат увид на лице место.

- Утре ќе доставиме целокупна информација до Владата. Ќе има акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел. Веднаш ќе се изработи проект и преку надлежните институции веднаш ќе пристапиме да извршиме брза санација и реконструкција за да се вратат автентичноста и сјајот на конаците што изгореа - изјави Канческа-Милеска.

Општина Прилеп за утре закажа вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет. Пред 23 години прилепчани заедно со сите во Македонија го издигнаа манастирот, така ќе биде и овој пат, уверува градоначалникот Марјан Ристески.

- За прилепчани манастирот „Трескавец“ значи многу. Потресно беше да се гледа како горат конаците. Но уверен сум дека сите заедно повторно ќе го обновиме. Сега е битно да се констатира состојбата, полека да се расчистува теренот и да се најде фирма изведувач на работите, изјави Ристески упатувајќи апел за обновата на манастирот да се придружат сите, не само од Прилеп.

Противпожарните екипи, доброволците ќе останат во манастирот Трескавец сè додека огнот целосно не се изгасне.




http://preminportal.com.mk/content/view/11504/1/

Edited by Makedonij - 05-Feb-2013 at 16:04
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Feb-2013 at 17:08
од Кичево се побара само Ленд Роверот-Дефендер од дирекцијата за заштита и спасување.Иначе во Македонија има многу манастири кои се на непристапен терен,бидејќи кога се граделе немало возила.Сега е друго време и треба да се мисли на тоа.Мислам дека за овој пат за манастирот новите возила Бремачи се добри,проблем е што се има само по 1 во секој град и собираат малку вода-1.3 тони што нема да заврши работа.

Требало кога се граделе конаците во 1990 после тогашниот пожар,дрвените греди да ги имрегнираат со заштитна смеса која многу го успорува горењето на гредите .

Но не сме македеонци ако не учиме на сопствени грешки
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Feb-2013 at 19:22
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Aug-2013 at 22:12
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.