build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 120121122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12474
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2421 Posted: 29-Oct-2020 at 10:35
Корона кризата ги одложи плановите за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром

Огромните загуби што ги донесе корона кризата во авиосообраќајот ќе ги одложат и плановите за реконструкција и проширување на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Од турската компанија ТАВ Македонија, која е концесионер на македонските аеродроми, за „Мета.мк“ велат дека во моментов се обидуваат да го одржат бизнисот во живот. Бројот на патници на македонските аеродроми во моментов е намален за 68 отсто во првите осум месеци од годинава, во споредба со идентичниот период лани.

„Се обидуваме да ги исполниме своите финансиски обврски навреме, во ситуација кога имаме драматично намалени приходи. Затоа, сите дополнителни инвестиции што беа планирани пред кризата ковид-19, сега се запрени, сè додека не закрепнеме од овој огромен удар“, велат од ТАВ Македонија.

Инаку, охридскиот аеродром лани ја надмина бројката од 315.000 превезени патници, што претставуваше позитивен рекорд во неговата историја. Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Томислав Тунтев во интервју за „Мета.мк“ објасни дека терминалната зграда на охридскиот аеродром била димензионирана да прими максимум 300.000 патници на годишно ниво.

Поради ова, аеродромскиот оператор размислувал во првата фаза да оди со реконструкција и проширување на постоечката терминална зграда, а во следната фаза да бидат преземени инвестиции во нови инфраструктурни објекти, кои би значеле можност за прифаќање и отпрема на околу 600.000 до 700.000 патници годишно, вели директорот на АЦВ.

„И сето тоа, веќе беше во фаза на план, на проект, имаше преговори и со владата, во однос на релокација на одредени средства, оние што останаа од неуспешниот проект за штипскиот аеродром, и реална беше потребата од реконструкција и проширување на инфраструктурните капацитети на охридскиот аеродром“, информира Томислав Тунтев.

Сепак, финансиските штети што ги предизвика корона кризата во авиоиндустријата и намалувањето на бројот на патници ги одложија плановите за инвестирање во реконструкција и проширување на охридскиот аеродром.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека двата македонски аеродрома, заклучно со септември 2020, годинава имале 631.791 патник. Лани во првите девет месеци биле превезени 2.043.228 патници, односно авиосообраќајот само досега изгубил над 1,4 милиони патници, без притоа во оваа бројка да се вкалкулира планираниот годишен пораст на патници којшто се очекуваше на аеродромите за годинава доколку не се појавеше пандемијата. Притоа, охридскиот аеродром од јануари до септември 2020 година опслужил вкупно 66.964 патници.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев изјави дека доколку се средат работите околу пандемијата, во смисол на вакцини, поголем број на оздравени, поголем број на патници кои ќе сакаат да ги користат услугите на воздушниот сообраќај, тогаш воздушниот сообраќај би можел постепено да закрепнува со едно ниво, со кое во 2023 година можеби ќе дојде на ниво на коешто беше минатата година. Инаку, тој информираше дека за претстојната зимска сезона, само еден или два авиопревозници најавиле дека би можеле да имаат операции на охридскиот аеродром.

https://meta.mk/korona-krizata-gi-odlozhi-planovite-za-rekonstrukczija-i-proshiruvanje-na-ohridskiot-aerodrom/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2422 Posted: 25-Nov-2020 at 15:40
Твитер профилот на скопскиот аеродром редовно објавува интересни фотографии, па направив избор од највпечатливите:

https://twitter.com/skopjeairport





















Edited by Џоле - 25-Nov-2020 at 15:41
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5303
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2423 Posted: 25-Nov-2020 at 16:40
777 на Etihad беше дојден за хуманитарната помош од ОАЕ?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2424 Posted: 25-Nov-2020 at 18:10
Да.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2425 Posted: 12-Dec-2020 at 13:20




https://twitter.com/skopjeairport
За сè има вторпат
Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #2426 Posted: 05-Jan-2021 at 16:24
https://ekipa.mk/samsonenko-nikade-go-nema-i-simev-i-spaseski-si-zaminaa-od-vardar/

Dali nekoj znae nekoja informacija povekje deka Qatar Airways ke operira so Skopskiot aerodrom i ke stane sponzor na Vardar?

Sponzorstvo na Vardar mozebi e i realno ama ova prv pat go citam deka ke se meni koncesionerot na aerodromot...https://ekipa.mk/samsonenko-nikade-go-nema-i-simev-i-spaseski-si-zaminaa-od-vardar/

Edited by laziale - 05-Jan-2021 at 16:25
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 509
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #2427 Posted: 19-Jan-2021 at 12:05
dafuq:  "Според најавите, катарските инвеститори, со финансиска поддршка, ФК Вардар треба да го преземат од март, доколку успешно завршат преговорите и со надлежните институции за нивни инвестициски влез во Македонија преку изградба и на карго-аеродромот."

Back to Top
laziale View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 06-Feb-2018
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote laziale Quote  Post ReplyReply #2428 Posted: 20-Jan-2021 at 15:31
https://www.exyuaviation.com/2021/01/qatar-airways-delays-skopje-return.html

Qatar go odlozuva vrakanjeto...do 6ti juni najrano :/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1490
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2429 Posted: 29-Jan-2021 at 02:38
Fun fact... Само замислете каков друг тек ќе имал развојот на регионов ако останел клучна геостратешка воена точка на ЈНА и СССР. Сосема инаку ќе изгледаше све, почнувајќи од тоа дека немаше котлината да биде едно огромно споено село.

Аеродром Тетово
Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникотПрејди на пребарувањето
Аеродром Тетово
Tetovo Airport
МЗВП: N/AМОЦВ: N/A
Општо
Аеродромски вид     Воен / спортски
Сопственик/Оператор     ЈНА
Служи за     Тетово, Македонија
Местоположба     Жеровјане
Надм. височина     1,510 ст / 460 м
Координати     41°55′38.0″N 020°56′59.8″E
Писта
Правец     Должина     Површина
ст     м
?     8.200     2.500     бетон

Аеродром Тетово — поранешен воен аеродром на ЈНА, најсовремен на целиот Балкански Полуостров во тоа време. Се наоѓал на 8 км јужно од Тетово, покрај автопатот Тетово-Гостивар од левата страна во атарот на село Жеровјане. Подоцна бил напуштен, па се користел како спортски. Со текот на времето целосно руинирал, и денес скоро и да нема остатоци од него. Бил изграден во 1948 година.[1]

Особености
Аеродромот бил завршен во пролетта во 1948 година на барање на Советите и се сметал за најсовремен воен аеродром на Балканот. Имал бетонска писта, која била долга 2.500 метри и широка 150 метри, а се наоѓал на „8 км јужно од Тетово на левата страна од патот кон Гостивар“, односно во атарот на тетовското село Жеровјане. Се протегал сè до клучката од селото Горно Седларце.

Градбата била изведена на барање на советските власти и под надзор на советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од советско производство кон крајот на 40тите годни на 20 век биле распоредени на аеродромот. Според еден извештај на ЦИА, од декември 1948 година, во една голема анализа на воздухопловните сили на Југославија било наведено дека тетовскиот аеродром бил втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3тиот воздухопловен регимент. Според кој било наведено дека советите имале намера тој да биде најсовремен аеродром на целиот Балкански Полуостров, кој морал да биде користен од советските воздухопловни сили. Имал современа опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Тука биле сместени 250 авиони: 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели „јак“, „стормовик“, „петлјаков“, „мартин“. Овој аеродром се сметал за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана на јужна Србија и нивни напади на Грција и Турција. Ова била главна база на сите авиони од СССР каде товареле нафта и бомби, и на враќање, извршувале нови напади врз нивни цели.

После судирот со СССР и Информбирото и повлекувањето на советските војници од тогашна Југославија, аеродромот постепено го изгубил својот воен карактер и повеќе не се споменувал во разузнавачките документи. При крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години од 20 век се користел иаклучиво како спортски аеродром на Аеро-клубот од Тетово. Тогаш веќе бетонската писта била распадната и заменета со трева. Аеродромот исто така многу се користел и за тренинг на падобранци кои полетувале со авиони од моделот ПО 2. Овие авиони доаѓале од Скопје. Во тоа време хангарите и зградите постоеле, но биле во фаза на распаѓење. Но како минувале годините, дел по дел од пистата се одземал и се претворал во ниви. Денес комплетно пистата е заменета со ниви. Денес ова место, месните жители сè уште го нарекуваат „аеродром“.[2]

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC_%D0%A2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%BE

http://www.gavro.com.mk/go-ljubim-tetoo/news/ciatetovskiotaerodrom-najmoderennabalkanot

Edited by user8642 - 29-Jan-2021 at 02:41
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2430 Posted: 03-Aug-2021 at 17:54


https://twitter.com/FilipMfM/status/1420792788132716547/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13807
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2431 Posted: 30-Aug-2021 at 08:13
Случајно налетав на картава...

За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5303
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2432 Posted: 30-Aug-2021 at 14:52

Доказ колку сме назад и колку авијацијата во државава е на смешно ниво. На времето имаше едриличарски друштва, падобранци, аероклубови... Сега едвај се лета и рекреативно. По хангарите низ Битола и Прилеп уште има авиони со регистрација од СФРЈ.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1490
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2433 Posted: 14-Sep-2021 at 21:15
Интересно како Полог и Струмица немаат ниту по еден земјоделски/спортски аеродром. А терените на двете котлини баш го дозволуваат тоа, дури Тетово некогаш имал аеродром и тоа голем воен руски аеродром непоредно после втора светска војна.

Дури овој источен дел од Македонија има потенцијал и за посериозен аеродром од неколку аспекти:
1. Како трета точка во државава еквидистантно пополнувајќи го триаголникот со Скопје и Охрид
2. Да покрива земјоделство во тој реон
3. Да го пополни празниот кург без аеродром на 150км околина меѓу Скопје/Софија/Солун потенцијално зафаќајки "италијанци" од Радовиш/Струмица/Петрич/Гевгелија/Штип/Неготино/Кавадарци/Валандово
4. Близина со полиготот Криволак и употреба на аеродромот во воени цели.

Би го сместил аеродромот некаде во долината во општина Конче, некаде околу езерото Мантово. И тоа би му опнал писта 7километарска, со нагиб од 50-тина метри што би ја направило одлична полетно/слетна рамнина за супер-тешки авиони. Спејс-шатл ако полета некогаш пак, да може ова да биде емерџенси-писта за него, како што се само неколку такви низ свет. Вакви "услуги" безбедносни никој од државите во околината не нудат на НАТО, особено со блискоста на Криволак. Со ваков проект Македонија може безбедносно да си ја бетонира иднината.
https://en.wikipedia.org/wiki/Space_Shuttle_abort_modes#Emergency_landing_sites



Edited by user8642 - 14-Sep-2021 at 21:28
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5303
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2434 Posted: 15-Sep-2021 at 12:20
Yeah nah, that's not how airports work my man.

Кога еден ден куповната моќ на населението ќе порасне, можеби и нема да биде лоша идеја да има аеродром на југоистокот со капацитет за некои 300.000-500.000 патници годишно. Но, кога еднаш ќе дојде тој ден, веројатно тој дел на државата веќе ќе има директна автопатска врска со Скопје, како и со Солун и Пловдив (и ќе нема граница), така што ќе има доста голема конкуренција, и приватен инвеститор не би се нафатил да гради аеродром таму. Е сега со растот на Wizz Air кој лета од секое селско аеродромче во ЕУ и поранешна Југославија, можеби би имале барем почетно некаков заинтересиран оператор. Државата да го гради, пак, нема никаква смисла во XXI век.

А сега малку од мојата експертиза да ти дообјаснам - писта од 7 километри е нешто најнепотребно на светот. Долги писти (над 4000 метри) се градат каде што воздухот е многу редок - најчесто или на многу голема надморска височина (Тибет), или на места каде што температурата е доста висока во текот на цела година и/или има влажност (Дубаи, Доха, Абу Даби). Генерално 2 километри се доволни за 737/320. За поголем авион (кој никогаш нема да има потреба да лета до Струмица) треба малку повеќе, но сетоа тоа чини голема сума на пари да се изгради и да се одржува.

Нагиб од 50 метри на писта од 3000 метри е нешто многу ретко. Толкав нагиб (+/- 2%) најчесто захтева посебни одобренија за оперативна употреба, а од нагибот нема некаква комерцијална предност (бидејќи поволен нагиб не смее биде земен во предвид при комерцијални операции, но неповолниот мора да биде земен во предвид). Исто така многу зависи во кој правец би се полетувало и слетувало, а тоа често не е фиксирано.

Исто така, локацијата што си ја избрал е кошмар од оперативен аспект. На зима има ризик од создавање на магла во долината. Потоа, планините наоколу влијаат многу на полетниот и слетниот пат (бидејќи има одредени агли/нагиби/наклони на полетно-слетниот пат кои мора да бидат запазени), и се огромна пречка на ваков аеродром како што си зацртал.

Со толкава котлина одма до долината, идеална локација таму би била накај Босилово, Радово или Петралинци, во зависност од ружата на ветрови.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1490
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2435 Posted: 15-Sep-2021 at 18:30
Мене ми беше идејата за нагласена безбедносна употреба во комбинација со Криволак. Комерцијалната ми е второстепена. Пред некој месец Шеќеринска изјави дека ќе граделе писта за дронови на Криволак, која патем незнам каде ќе ја сместат тамо кај што нема ич рамен терен. Па си викам, кога може за дронови, што па да не направиме еден Баграм во сред Балкан кој ќе го користат "империи" што го владеат просторот.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12474
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2436 Posted: 21-Sep-2021 at 16:39
Денес на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна првиот лет од Санкт Петербург, со кој официјално ја отвораме новата авиолинија.



https://www.facebook.com/bochvarskiblagoj/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 120121122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.