build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 121>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 22-Dec-2008 at 16:04

А тоа што премиерот е од Штип, а Штип доби и универзитет и аердором... Не е малку симптоматично? Не дека имам против тоа да се развива источна Македонија... Штип, Струмица и Кочани се многу важни градови, треба повеќе да се инвестира во нив.

Edited by гитардемон - 22-Dec-2008 at 16:04
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 23-Dec-2008 at 23:20
И по којзнае кој пат.... прикаски со експропријација...

ТАВ бара чист терен за градење


Од ТАВ велат дека нема да се откажат од инвестицијата во Македонија, но ќе почекаат да се реши експропријацијата на земјиштето пред да се впуштат во милионскиот бизнис


Турската компанија ТАВ не се откажува од инвестицијата во земјава и ќе ги модернизира аеродромите откако државата ќе им предаде во владение чисто земјиште, без имотно-правни проблеми. Согласно концесискиот договор што Владата го потпиша со ТАВ пред три месеци, денеска требаше да се изврши свеченото примопредавање на аеродромите, но постапката се пролонгира, како што дознаваме, за еден до два месеци.

Дали влезот на ТАВ ќе се официјализира по два месеци, одговор побаравме од централата на ТАВ во Турција. Оттаму не информираа дека никој во ТАВ не размислува за откажување од инвестицијата во Македонија. Истакнуваат дека им е подготвена целокупната техничка документација и само чекаат да се отстрани недостатокот што ја кочи сигурноста да се впуштат во ваков милионски бизнис.

Дека се одложува примопредавањето поради проблеми на терен, потврдуваат и од Министерството за транспорт и врски од каде информираат дека во моментов се врши експропријација на земјиште на аеродромите во Скопје и Охрид поради планираното продолжување на полетно-слетните патеки, како и на локацијата каде е предвидена изградба на карго аеродром крај Штип.

- По предавањето на земјиштето од страна на државата, почнуваат да течат роковите за реализирање на предвидените инвестиции - 20 месеци за завршување на градежните работи на аеродромот Александар Велики во Скопје, 12 месеци за аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид и 36 месеци за изградба на карго аеродром во Штип - истакнуваат од ресорното министерство.
Сопствениците на имоти околу охридскиот аеродром не се задоволни што државата им нуди девет пати пониска цена од онаа што тие ја бараат. Слично е со земјиштето на кое треба да се гради карго аеродромот кај Штип. Таму сопствениците на земјиштето бараат по пет евра за квадратен метар, наместо 200 денари за квадрат, колку што им понуди државата. Од Министерството не кажуваат детали дали е најден компромис околу цената по која ќе биде откупено земјиштето.
И покрај овој проблем, како што дознаваме, тимови на ТАВ Македонија, компанијата која ќе стопанисува со аеродромите, се постојано на терен бидејќи пролонгирањето на роковите не е по нивна вина. Инженери веќе прават анализи на состојбите и се подготвуваат како секој момент да треба да почнат со работа.

Проектот за модернизација на аеродромите е вреден над 200 милиони евра. За 20 години колку што ќе управува со аеродромите, ТАВ треба на државата да и плаќа годишен концесиски надоместок во вкупна вредност од 40 милиони евра. Договорот предвидува да нема отпуштања на вработени од аеродромите во првите неколку години. Од ТАВ ветија дека од скопскиот аеродром ќе направат помала верзија на истанбулското авиопристаниште. Ќе мораат да го зголемат прометот на патници за да можат за 20 години да си ја повратат инвестицијата.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=42503E62A1A7754690C60F248A5EA056


Edited by pbanks - 23-Dec-2008 at 23:21
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 26-Dec-2008 at 12:39
Одлагање на Договорот за концесија за аеродромите

Владата вчера донесе заклучок за продолжување на рокот за влегување во сила Договорот за концесија на аеродромите “Александар Велики“ – Скопје, “Св. Апостол Павле“ – Охрид и новиот карго-аеродром во Штип.

Како што информира од министерството за транспорт и врски, продолжување на рокот е како резултат на глобалната економска криза. Со што настанаа непредвидливи случувања и истите претставуваат настан од виша сила чие појавување не можеше да биде разумно предвидено на датумот на потпишување на Договорот за Концесија.

Согласно со новиот рок ТАВ (TAV Havalimanları Holding A.S. и ТАВ Македонија, ДООЕЛ Скопје) ќе започне со оперирање (користење) и инвестирање во аеродромскиот систем во Република Македонија на 30.08.2009 година.

За таа цел, Владата на Република Македонија, претставувана од Министерот за транспорт и врски и ТАВ  ќе склучат анекс кон Договорот за концесија.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47035&kategorija=2

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 26-Dec-2008 at 12:43

Согласно со новиот рок ТАВ (TAV Havalimanları Holding A.S. и ТАВ Македонија, ДООЕЛ Скопје) ќе започне со оперирање (користење) и инвестирање во аеродромскиот систем во Република Македонија на 30.08.2009 година.

Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 26-Dec-2008 at 12:46
До времето кога околните градови ќе имаат космодроми се надевам дека ние конечно ќе имаме пристоен аеродром. 
Back to Top
Ivan View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ivan Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 09-Jan-2009 at 00:38
A sega ste i ljubomori zatoa sto pocna i vo drugite gradovi nesto da se slucuva.
Ubavo vi e vam koga za eden mesec vi davame po 250-300 evra kirija a kolku za sporedba vo stip istiot stan mozes da go iznajmis za 100-150 evra
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 09-Jan-2009 at 00:52
Originally posted by Ivan

A sega ste i ljubomori zatoa sto pocna i vo drugite gradovi nesto da se slucuva.
Ubavo vi e vam koga za eden mesec vi davame po 250-300 evra kirija a kolku za sporedba vo stip istiot stan mozes da go iznajmis za 100-150 evra

Иван (Мој имењак) најнапред добредојде. Многу ми е жал што уште од прв пост настапи вака! Ќе ти кажам дека си во голема грешка што мислиш дека сме љубоморни за некои проекти! Напротив, се радуваме на било кое ќоше што се гради во Македонија! Пошто досега мислам дека сеуште немаме член од Штип, очекувам од тебе да го претставиш и ти твојот град! Ќиријата не ја одредуваат колективно граќаните на Скопје, него секој си го прценува својот стан! Голема средина генерира и големи цени! Се слагам дека рамномерниот регионален развој е голем проблем на нашево општество и те поканувам заедно тука (во друга нишка) да наоѓаме решение!

Што се однесува до аеродромот, како прво многу романтично гледаш на тие работи и со голема доза на непромислен локал-патриотизам! Обиди се прво да процениш кои се реалните потреби на Македонија, а после тоа на Штип! Штип ни е, нити па еден аеродром ќе го направи метропола! Но може да биде многу поубаво место за живеење ако колективно размислуваме квалитетно!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4702
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 09-Jan-2009 at 00:55

На што да бидиме љубоморни мене тоа не ми е јасно? Баш би сакал да се развие аеродромот и да бидеме љубоморни сите дури и сите соседни држави (иако не гледам поента да љубомориме туку пологично е да бидеме горди). Проблемот и дискусијата што се води овде е колку е оправдан овој аеродром и дали уствари ќе биде нешто од него или ќе седи за џабе таму. Навистина можи ќе го туркаат да се развие ама ако не е позициониран на добро место и нема некаква корист од него особена, ќе пропадни... Така што, види ти сам дали љубомориме или се мислиме зошто мора да се прават вакви глупости. А локал патриоти има на секој чекор, разумни нема многу.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 09-Jan-2009 at 04:07
@ Ivan

Се надевам дека ќе најдеш спремност работите да ги погледнеш од пообјективен аспект и да размислиш подлабоко околу тоа како и зошто се планираат и градат аеродроми, а и околу тоа зошто тука на форумов владее таква збунетост и незадоволство од најавите за штипскиот аеродром и неговата „планирана“ идна улога (во отсуство на некакво убедливо логично објаснување зошто се форсира на тој начин). Очигледни се објективните критериуми за тоа спротиставување, а не љубомора. Плус тоа на форумов не сме само Скопјани...
Токму ти ја направи таа грешка и настапи исклучиво локал-патриотски, игнорирајќи се друго. Ете дури и кириите ги уфрли во приказнава. Не знам дали некој форумаш издава стан под кирија и „му е убаво“, ама мислам ќе се сложиш дека таква работа нема место во рачуницата дали и каков аеродром треба да се гради кај Штип.

На крајот на краиштата дури и да гледаш себично, не е битно кој од каде е, Македонија е толку мала што утка во ваква крупна инвестиција драстично ќе ја почуствуваме сите на своја кожа, кој директно кој индиректно.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 09-Jan-2009 at 10:33
Јас само би додал дека се надевам дека непотребнава драма ќе се расчисти на убав начин и дека Иван ќе остане со нас и на конструктивен начин (а не со дискредитација на другите) ќе го промовира развојот на Штип инаку ќе морам да ги отстранам последниве 3-4 поста ако не друго од почит кон форумашите кои ги напишаа претходните 260 поста во кои локалпатриотизмот ни во еден момент не беше лајт мотивот. 

Edited by pbanks - 09-Jan-2009 at 10:33
Back to Top
Ivan View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ivan Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 10-Jan-2009 at 16:31
Najprven sakam da se izvinam sto izlegov od temava, megutoa se iznervirav citajki gi prethodnite postovi kako se napaga mojot grad. A i samite mozete da zabelezite deka mnogu forumdzii izlegle od temava. Se izvinuvam uste ednas ako navrediv nekogo i se nadevam deka vo idnina ke sorabotuvame.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 10-Jan-2009 at 16:44
Originally posted by Ivan

Najprven sakam da se izvinam sto izlegov od temava, megutoa se iznervirav citajki gi prethodnite postovi kako se napaga mojot grad. A i samite mozete da zabelezite deka mnogu forumdzii izlegle od temava. Se izvinuvam uste ednas ako navrediv nekogo i se nadevam deka vo idnina ke sorabotuvame.

Јас го ценам твоето извинување но изгледа повторно не си не сватил. Јас колку што се се сеќавам досега никогаш нити сме навредиле нити сме нападнале некој град. Никој досега не рекол ништо лошо за Штип. Све лошо што се кажало досега, отишло на адреса на владата заради лошо планирање, или па некој друг што заслужил. Дај човече те молам биди рационален малку, читај што пишуваме!

Досега нема некои посериозни отстапувања од темата. Пак е све поврзано со еародроми.

И јас исто така се надевам дека ќе соработуваме! Thumbs%20Up Досега сеуште егзактно не се искажа дали си ЗА или ПРОТИВ, но повеќе од очигледно е дека си ЗА изградба на аеродромов. Е сега ако можеш, би сакале да прочитаме неколку аргументи што ќе го поткрепат тврдењето дека "на Штип му треба аеродром".
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 19-Jan-2009 at 23:12
ТАВ ги распродава вложувањата


Турската компанија ТАВ, која управува со повеќе регионални аеродроми, меѓу кои и македонските авиопристаништа, продава една третина од своите вложувања за да обезбеди пари за плаќање на долговите што доспеваат во 2009 година, како и за нови регионални понуди за проекти во инфраструктурата, пишува Фајненшл Тајмс.

ТАВ е создадена во 1997 година, кога компанијата учествуваше во изградбата на неколку терминали на новата зграда на аеродромот во Истанбул. Компанијата сега управува со шест аеродроми во Турција, Македонија, Грузија и Тунис. Таа веќе го има добиено правото за да управува со уште пет други аеродроми, а се подготвува да се јави на тендери за нови проекти во инфраструктуата во Латвија, Абу Даби и Казахстан.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D0E1A60416F6A640B151858881AB2934


Чим пропаднаа овие, тешко да биде нешто кај нас! Или можеби сум песимист?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 21-Jan-2009 at 16:57
Еве од А1 фатив некои снепшотови каде уствари треба да биде лоциран аеродромот и какви ќе му бидат контурите!












Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 21-Jan-2009 at 17:12
41°49'36.85"N  22° 3'41.20"E


Насока на писти 13/31  Big%20smile


Edited by Cloverstack - 21-Jan-2009 at 17:21
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 26-Jan-2009 at 21:26
Еве неколку мои слики од Аеродром Скопје...За баксуз, апаратот ми тресна на аеродром во Загреб и сликите се со ужасен квалитет но тоа е тоа... Некои од моите впечатоци се-
1) Скалите за качување во авион немаат покрив, многу се високи, што претставува проблем за постарите.
2) Нема никаков превоз од терминалот до авионот. И во Загреб нема цевки-излези но има минимум 10тина одлични автобуси кои те носат до авионот. Кај нас мораш да одиш пешки. Дополнителен резил беше и замрзнатата писта зимоска, при што едно службено лице ги предупредуваше сите патници со ВНИМАВАЈТЕ-МНОГУ СЕ ЛИЗГА...А знам дека има еден доста солиден зглобен автобус (со супер дизајн, бело-портокалово-син), но тој стои паркиран. Какава функција има никој не знае!
3) Пунктовите за пасошка контрола се само 2 на број. Плус има некакво идиотско разделување на ДОМАШНИ и СТРАНСКИ (ЕУ И НЕ-ЕУ), кое патем никој не го почитува, ниту патници ниту надлежни.







И последниот резил- ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО МАК:
Ја поздравувам кампањата НО: да напишеш дека Македонија е земја со EXCELLENT INFRASTRUCTURE (Wi Fi country) си е срамно и чиста лага, небаре на секој странец не му станува јасно колку е ОДЛИЧНА ИНФРАСТРУКТУРАТА кога ќе го види мизерното зградуле на аеродромот.


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 26-Jan-2009 at 22:35
мене ова инвест ин маседониа ми личи на последен крик за помош, просиме во стилот: Дај жити се пет денари господ да те благослови

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 26-Jan-2009 at 22:39
Originally posted by zabegan

мене ова инвест ин маседониа ми личи на последен крик за помош, просиме во стилот: Дај жити се пет денари господ да те благослови



Кампањите за привлекување на инвеститори се нормални за сите земји, нема ништо просјачко во оваа кампања. Офтопик
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 29-Jan-2009 at 20:31
Previous

apsolutno se soglasuvam!!! da se reklamira edna zemja so svoite uslovi za biznis i investiranje e del od politikata na sekoja zemja i site evropski zemji porano ili podocna imaat pominato niz toa! Nema apsolutno nikakov prostor za zamerka na ovoj plan!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 30-Jan-2009 at 02:33
Оваа кампањава веќе толку за кратко време се излити некако! Практично и нема ефекти повеќе. Пораката е пратена, ама џабе што е пратена. Пред некој ден слушам еден владин член (ај да не кажам кој да не ме докачи и мене руката железна па да излезам национален предавник.....) изјавува како некоја си компанија дошла тука поради профит. Ама го кажува она со тон како да дошол ѓаволот у Македонија и да ги осиромашува локалниве граѓани. Слушам и се чудам, не ми се верува, чоече што кажува типов!!! Малку може би избегав офтопик ама нека не ве чуди инвестицијава кога комплет ќе си отиде одтука и воопшто нема да се реализира како и дузина други најави! Тоа што еден будала ќе заеба за 4 години, 100 паметни за 4000 години нема да можат да оправат!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 121>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.359 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.