build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Аеродроми
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 121>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 19-Jun-2010 at 02:53
Originally posted by Plugger


TAV bese edinstveniot na tender drugite site se otkazaa kolku sto znam jas. Za kargo aerodromot vo Stip se pravele nekoj si vremenski ispituvanja i rekoa deka za 10 godini ke go napravele.

TAV neka pravi sto saka ali do prvi Mart 2013 godina mora da bidat celosno gotovi aerodromite vo Skopje i Ohrid inace sve ke im propadne.


Другите се откажаа, ама не испуштај од вид дека откога ТАВ победи, беа сменети условите на тендерот - беше долгорочно одложен проблематичниот аеродром во Штип (кој беше наведуван како главна причина за повлекување на конкурентите, поради неговата економска неисплатливост) и на ТАВ му се дозволуваат разноразни одолговлекувања генерално. Да важеа тие услови за сите уште од сам почеток, не би се кладел дека другите ќе се откажеа...

Дури и јас како подржувач на влезот на оваа турска компанија (од меѓународно-политички аспект) почнувам да го губам трпението. Добија секакви повластици, а после толку време сеуште работите стојат во мртва точка. Единствено што се случи во меѓувреме е што наместо првичниот рендер за терминалот (кој очигледно бил за мачкање очи) ни сервираа нова визија која пре би ја сврстил во индустриски хали отколку во репрезентативни аеродромски терминали.

А рокот не е март 2013, туку за скопскиот е октомври 2011, а за охридскиот е март 2011.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 19-Jun-2010 at 03:22

постои ли можност за санкција.. од типот на протести, рибање по медиуми (мада уво не ги боли).. не контам како може да бидат толку несериозни.. вака-така мислам дека одговорност има и владава.. епа сеа ако не признаваат ко македонија не значи дека треба да се понашаат ко дивјаци.. ни договор ни бутур не важи за нив..



Edited by Cloverstack - 19-Jun-2010 at 16:18
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 01-Jul-2010 at 12:51

Previous

А што очекувавте од Турциве???
Балкански менталитет нема што да се очекуваDump(без навреда али тоа е тоа).
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 02-Jul-2010 at 18:49


Има некој скоро поминато за да потврди? Инаку текстот е од дневникот Капитал.

P.S. Квалитетот е малку шугав бидејќи е сликано со мобилен.Big%20smile

Edited by Мартин - 02-Jul-2010 at 18:50
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 02-Jul-2010 at 19:03
martin a najnoviot broj na kapital e ili postar
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 02-Jul-2010 at 19:10
Originally posted by axel

martin a najnoviot broj na kapital e ili postar
Денешниот.
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 05-Jul-2010 at 22:27
Веројатно повеќемина од вас биле на аеродромов сигруно некои и на сегашниот "терминал." Сигурен сум дека во регионот Скопскиот аеродром е во најлошо состојба. Да не зборувам за смешните ситуации што сум ги видел и грдата слика од дивите таксисти до затруени патници со храна. Уште повеќе боли кога знаете дека е во план реновирање со фирма што добила на концесија и сега си играат како мали деца. Во оваа држава крајот нема крај.

Edited by Supervisor - 05-Jul-2010 at 22:28
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 16-Jul-2010 at 03:48
@Martin
Vo tekstot e tocno  deka se e poskapeno.Najzainteresirani se za onoj del od aerodromot koj nosi brza zarabotuvacka-bife,frisopot,prodavnickata...Aracot go sobiraat sekojdnevno.
Tocno e i deka ima nekoi bageri koi patem nisto ne rabotat.Za terminalot seuste nema aber,ama ete,uste ja ispituvale pocvata.Kako trgnale,ke ja ispituvaat uste 2 godini.Ko mocuriste da ima tamu...Vo Stip ispituvaat vetrovi,ovde pocva,vo Ohrid nisto ne ispituvaat.Se si stoi kako sto e.
Inaku,prostorot koj e ograden e so golemina na eden pomal plac od ,taka da toj del nema nikakva vrska so terminalot.Nemaat pari duri ni da kupat uniformi za vrabotenite(sekoj si kupuva so svoi pari),pa zatoa mozete da primetite kako nekoj nosi uniformi so posvetla,a nekoj so potemna nijansa.
Celata investicija za ovie 5 meseci(ili 2 godini,kako se zeme) se nekolku nalepnici TAV.Malku li e?

PS Barem eden avtobus za patnicite da kupea(ili iznajmea).Rezil.Edistven aerodrom vo Evropa sme koj nema linija do aerodrom.Vazno ima taksisti koi go derat narodot.Pocetna cena 30 EUR pa nagore...Vo zavisnost od toa koj e zrtva.


Edited by Sale SK - 16-Jul-2010 at 04:13
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 16-Jul-2010 at 14:41

ЗГО­ЛЕ­МЕН БРОЈОТ НА СЛЕТУВАЊА НА ПРИВАТНИ АВИОНИ НА "СВЕТИ АПОС­ТОЛ ПАВЛЕ"

Ох­рид­ски­от аеродром станица за богаташи

Бо­га­ти бизнисмени слетуваат на Охридскиот аеродром за да се одморат или да на­пол­нат гориво, а потоа продолжуваат кон некој од грчките острови. Само во јуни сле­та­ле 30 мали авиони, што е речиси двојно повеќе од истиот месец лани

Ох­рид­ски­от аеродром станува сe попривлечен за богати бизнисмени што имаат сопс­тве­ни авиони или, пак, можат да закупат некое помало летало. Само во јуни, на ае­род­ро­мот "Свети Апостол Павле" слетале 30 мали авиони. Тоа е речиси двојно по­ве­ќе од истиот месец лани, кога на Аеродромот слетале 18 авиончиња.
Тие не слетуваат во Охрид зашто нивните газди сакаат да престојуваат во градот, ту­ку Охридскиот аеродром го користат за одмор или за полнење гориво.
Доз­на­ва­ме дека со малите клипни авиони летаат бизнисмени од регионот што, сами или со семејствата, одат на летување на некој од грчките острови. Има парајлии што сами ги управуваат авиончињата, и летовите до Охрид и до грчките дестинации ги из­ве­ду­ва­ат од задоволство.
На Охридскиот аеродром било забележено и слетување на мали амбулантни ави­о­ни, а на прсти се бројат и познати фаци што дошле во Охрид со сопствено авионче. Та­ка славниот тенор Хозе Карерас во 2005 година на Охридско лето стигна со мал приватен авион. Претходно, во 2000 година, топ-моделот Наоми Кембел со при­ва­тен авион дојде во Охрид да го посети тогашниот дечко актерот Џозеф Фајнс, кој во Мариово го снимаше филмот "Прашина" на Милчо Манчевски.
Ста­тис­ти­ка­та покажува дека летово е зголемен сообраќајот на Охридскиот ае­род­ром. Во мај лани имало 1.894 патници што слетале и полетале од "Свети Апостол Пав­ле", а овој мај 2.932. Во јуни лани имало 2.922 патници а годинава во јуни 3.996. Ла­ни во јуни немало ниеден транзитен патник, а истиот месец годинава 1.013. (Д.Ч.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=AA39C2100F1CF3409B4C8F5D1C59044D
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 16-Jul-2010 at 17:50

ТАВ го гради Александар Велики со полна пареа

ТАВ го гради Александар Велики со полна пареа. Сител ја доби екслузивната можност одблиску да регистрира како се одвиваат работите на најголемиот македонски аеродром.

Турците се задоволни, велат дека се тече според плановите. Засега, ја привршуваат новата противпожарна зграда. Се гради според сите меѓународни стандарди на најповолната и најблиска позиција до пистата.

Кога ќе биде готов новиот терминал ќе изгледа вака. Во моментов главните градежни активности се точно тука. Ќе биде десет пати поголем од сегашниот. Ќе има шест патнички моста од каде автобусите ќе ги земаат патниците за да ги однесат до авионот. Внатре ќе има продавници, фри шопови, ресторани и дури 23 места за чекирање наместо сегашните 8. Позади новиот терминал ќе се гради паркинг за 1.200 возила и од него ќе се излегува директно на автопатот.

Според договорот, Александар Велики ќе биде готов до крајот на идната година.

ТАВ почна со работа пред два месеци и велат дека се тече според планот. Интензивните градежни работи не пречат во одвивањето на авиосообраќајот. Напротив во јуни регистрирале за 17% повеќе патници во однос на истиот месец лани. А за 15 дена од овој месец зголемувањето е за 11%.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/tav-go-gradi-aleksandar-veliki-so-polna-parea

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 16-Jul-2010 at 17:54

Ќе има шест патнички моста од каде автобусите ќе ги земаат патниците за да ги однесат до авионот.

-Како тоа?


Инаку добро што почнале.



Edited by FoSsiL - 16-Jul-2010 at 17:55
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 609
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 16-Jul-2010 at 18:28
епа тоа е толку знаат новинариве  Smile
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 16-Jul-2010 at 18:41

Не дека се новинари, секој човек знае отприлика како изгледа еден аеродром.


Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 16-Jul-2010 at 20:02
Има и видео само не можам да го копирам видете го на линкот можеби има нешто повеке за тие моста али ја мислам дека е нешто слично на другите аеродроми сме го коментирале ова на истиов форум :
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=21&PN=9
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 16-Jul-2010 at 21:31
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 16-Jul-2010 at 22:49
Терминалната зграда воопшто не ми се допаѓа,очекував далеку по футуристичен изглед(али ипак,подобар ќе биде од онаа трафика сега)...успут,фала богу што почнаа.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #597 Posted: 17-Jul-2010 at 00:34

ухуху мене ми се допаѓа многу. Пристоен аеродром кој ќе задоволува потреби, комфор, потреби. Ако споредувам со рендерот што го имавме претходно, овој далеку повеќе ми се допаѓа. Се гледа дека се припазува со финанските средства, но е пристоен и тоа е најважно. А и вопшто не би ми се допаѓал да беше само стакло, ќе беше аквариум.

Едно прашање. А што ќе биде со контролната кула. Останува или нова ќе градат? Какви се обврските околу ова? 

Или пак контролата на летање си е засебна институција (компанија). Дали има некој договор за инвестирање и во во овој сегмент, или пак ова останува на државата.

Сепак на ТАВ би му одговарало да се инвестира во контролата на летање и контролната кула. Ако не сега, кога ќе му се зголеми бизнисот, како што се очекува.

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #598 Posted: 17-Jul-2010 at 01:21
Не ми се свиѓа. Ги гледав другите проекти на ТАВ и нашиов е најтапа.(али барем внатре ќе личи на прав аеродром)
А исто не ми се свиѓа што ќе треба да рипаме од џебовите(мостовите) доле за аутобусот да не однесе до авионот, боље ќе беше директно од мостот да се влагаше во авион.

Edited by toasumjas - 17-Jul-2010 at 01:23
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #599 Posted: 17-Jul-2010 at 01:23
LOLLOLLOLLOLLOL Тоа е, ние секогаш потешкиот пат го одбираме.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #600 Posted: 17-Jul-2010 at 01:24
Originally posted by toasumjas

А исто не ми се свиѓа што ќе треба да рипаме од џебовите(мостовите) доле за аутобусот да не однесе до авионот, боље ќе беше директно од мостот да се влагаше во авион. 
Сигурно ќе биде од мост директно во авион. За таа теоријата на новинарката со автобусите навистина не знам што да кажам, премногу поетска слобода си земала... тотално вон памет е тоа.


Едит:
ааааа сега гледам си едитирал, си ставил смајли за да укажеш дека не мислиш сериозно... остај ме мене, знам да бидам голем буквалист кога нема смајлиња  Big%20smile


Edited by Cloverstack - 17-Jul-2010 at 01:26
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2829303132 121>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.452 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.