build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Аеродроми

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 124>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 20-Jul-2010 at 05:27

Совети за аеродромите летаат со 500 евра на час

Министерството за транспорт и врски ангажира фирма од Холандија за чија правна помош за договорот за концесија на аеродромите ќе и' плаќа по 500 евра од час

По 500 евра од час за правни совети и мислења за договорот за концесија на македонските аеродроми добиваат консултанти од холандска компанија што ја ангажира Министерството за транспорт и врски. Ресорното министерство на јавен оглас ја избра фирмата „Интервистас консалтинг груп“ од Холандија, која за 120 до 150 работни часа советување ќе добие околу 74.000 евра. Грубо пресметано, за осум работни часа дневно, еден консултант ќе добива по 4.000 евра.

Договорот со холандската компанија, Министерството го склучи на 23 март годинава, а треба да заврши за шест месеци, односно до 23 септември. Според јавниот оглас, за тој период консултантите треба да даваат совети, мислења и анализи за учество во преговори и укажување на последиците од договорот за концесија на аеродромите склучен со турската компанија ТАВ. Но, останува нејасно зошто се бараат правни совети за последиците од договорот и за условите за неговото склучување откако тој е потпишан и веќе се спроведува.

Од јавниот оглас е тешко да се заклучи што конкретно ќе работат консултантите. Во описот на предметот на договорот за јавна набавка е посочено:

„Набавка на правни услуги и тоа совети, мислења, анализи (предлог-текстови, укажување на последиците и учество во преговори) потребни за договарање на главните услови и одредби на Договорот за согласност и преземање, според Договорот за концесија на аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид и на нов карго-аеродром во Штип“, пишува во условите на јавната набавка.

Таму е прецизирано дека бараните услуги не се однесуваат на правна помош, односно на адвокатски услуги.

Од Министерството за транспорт и врски не добивме прецизен одговор што конкретно ќе биде задачата на ангажираната компанија. Иако инсистиравме на детали за набавката, од ресорното министерство не објаснија зошто токму сега, кога ТАВ веќе работи на аеродромите, а договорот за концесија и за преземање веќе се потпишани, им се потребни вакви услуги. Единствено добивме писмен одговор во кој е посочено:

„Правните услуги се однесуваат на Договорот за согласност и преземање кој произлегува од Договорот за концесија на аеродромскиот систем на Македонија за негова модернизација и развој. Со предметниот договор се ангажирани две лица за давање правни услуги“.

Оттаму уште дообјаснуваат дека холандската компанија „Интервистас консалтинг груп“ дала најдобра понуда на меѓународниот оглас. Според податоците објавени на интернет-страницата за јавни набавки, оваа компанија всушност била и единствен понудувач, при што понудила цена од 33.715 денари по час советување по човек.

На интернет-страницата на холандската компанија е објавено дека склучиле договор со македонската влада за услуги за постојните аеродроми.

- Бевме избрани од македонското Министерство за транспорт за да развиваме, препорачуваме и имплементираме модел на јавно-приватно партнерство за развој на аеродромите во Скопје и Охрид за период од шест месеци - пишува на страницата на „Интервистас консалтинг груп“.

Холандската компанија не е единствената што ќе му дава совети на Министерството во врска со концесискиот договор со ТАВ. Транспорт во февруари годинава по вторпат распиша јавен оглас преку кој бараше консултант кој ќе врши надзор врз спроведувањето на концесискиот договор. Според огласот, избраната компанија треба да дава консултантски, архитектонски и инженерски услуги, како и да прави технички испитувања и анализа на аеродромите во Скопје и во Охрид, но и на просторот каде што по десетина години треба да се гради карго-аеродромот во Штип. Таа консултантска компанија ќе биде ангажирана за период од две години.

(Не)транспарентен транспорт

Транспарентноста, која не ја покажува на дело, Министерството за транспорт ќе ја промовира преку скапа медиумска кампања. Ресорот неодамна ја ангажира агенцијата „Република“ за изработка на медиумска кампања тешка над 100.000 евра, преку која ќе ги уверува граѓаните дека работи транспарентно, законски и без корупција. Сево ова се прави во период кога генералната оценка на јавноста е дека ова Министерство е затворено за комуникација со медиумите, со што информациите не стасуваат и до граѓаните.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F19DA286DEF78E4DBA0CAEFBEA1B2E4C
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 22-Jul-2010 at 20:03
Originally posted by Plugger


The Macedonian, Epa racunaj avtobuska karta od Skopje do Belgrad chini okolu 60 evra i plus patuvas barem 6 sati zavisi na granica kako ke si pomines a vaka so eftinite letovi ke bide 20-30 evra i ke patuvas za 40 minuti.
Inace eve poveke informacii od izgradbata na aerodromot, navistina dobro izgleda sega za sega i na veliko gradat.

http://sitel.com.mk/video/biznis/noviot-skopski-aerodorm-ke-bide-10-pati-pogolem-od-stariot


Ne znam od kaj gi vadis cenive,ama ocigledno si skroz neupaten...
Kako prvo,avobuska karta do Belgrad(povratna) cini 1.900 den,a ne 60 EUR.Kako vtoro,avionska karta cini 160 EUR.A za 20-30 EUR avion do Belgrad,toa e epten neupatenost.Takvi ceni vo Makedonija prijatele nema da vidis.
PS Ne gradat na "veliko",si se zeznal malku.Toa sto Sitel ima "eksluzivnost" da ja snima izgradbata dovolno govori.Zalosno e sto viknale 10 rabotnici za da gi snimaat i da pokazat deka nesto se raboti.A uspat,na eden obicen dozd patnicite plivaat vo voda.
PPS Investicijava od 200 mil na kraj ke se svede na 10 mil.Ona e obicen hangar,a nie hangar vekje imame,samo sto e pomal od "noviov".Se na se,jad i beda.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 24-Jul-2010 at 07:17

20-30 evra tie so eftinite letovi, ja od Minhen do London letav za 1c so Ezy Jet. 160 evra e so JAT da letas zatoa rekov deka mora da donesat eftini letovi za da ne idat nashite do Belgrad i Sofia.

A ti licno ako ne veruvas deka TAV ke gi sredi aerodromite ima mnogu primeri kako go napravile toa, ete vidi go Gruziskiot aerodrom vidi go aerodromot vo Ankara kolku dobro e sreden. Napraven e po svetski standardi, si imaat oni dogovor ako go prekrshat ke plakjaat penali. Vaka se pravi vo sekoja drzava ne znam zosto mislis deka nema da gi sredat aerodromite.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 27-Jul-2010 at 16:21

Турски ТАВ ќе отпушта доброволци со отпремнина

Наместо пет години да не бркаат од работа како што стои и во договорот со македонската Влада, менаџерите од ТАВ до денеска го очекуваат списокот вработени што сами ќе се пријават да бидат прогласени како технолошки вишок.

Станува збор за пакет што турските менаџери им го понудиле на вработените особено оние кои се близу до пензија. За тие вработени ТАВ се обврзува да им исплати по 40 % од месечната бруто плата за наредните шест години. Засега има околу осумдесет вработени што се пријавени, што од скопскиот- што од охридскиот аеродром. Менаџерите не даваат одговори зошто ова го прават иако тврдат дека на аеродромите не постои превработеност.

Но според неофицијални информации ова се прави според извесна студија што била направена пред ТАВ да ги преземат аеродромите. Според таа иста студија, од 600 вработени на скопскиот аеродром требало да се намалат до 400. На охридскиот од 145 треба да се намалат до 90 вработени. Но ова од ТАВ го демантираат.

И додека траат преговорите со вработените и Синдикатот, менаџерите не откриваат дали најдоа кредити за реализација на целата инвестиција вредна 200 милиони евра. Тоа ќе го стореле на средбата со новинарите дури во септември.

И првиот човек на ИК Банка не открива дали ТАВ ги повлекоа 10-те милиона евра кредит што им ги одобрија за пред финансирање на нивниот проект.

Реконструкцијата на скопскиот и охридскиот аеродром треба да заврши за една година. Турците со нив ќе стопанисуваат во наредните 20 години.

27.07.2010, 15:09
http://www.time.mk/read/9b22d6464d/9ae3764c2d/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 27-Jul-2010 at 19:01

ИК БАНКА отвори нова Експозитура на Аеродромот “Александар Велики”

Уште еден чекор поблиску до клиентите

Скопје, 27.07.2010 год.

Следејќи ја својата стратегија континуирано да биде чекор поблиску до своите клиенти, ИК БАНКА отвори нова Експозитура на Аеродромот “Александар Велики” во Скопје.

Преку новата Експозитура на Банката, на правните и физички лица ќе им бидат на располагање сите производи и услуги на Банката: штедни влогови, платен промет во земјата и станство, електронско банкарство, кредитирање на правни и физички лица, трансакциски сметки, менувачко работење, Western Union - брз трансфер на пари, Visa, MasterCard и Maestro платежни картички, е-комерц и друго.

Дистрибутивната мрежа на филијали и експозитури ширум земјата, сега брои вкупно 20 локации распоредени во 11 градови.

ИК БАНКА во првата половина од оваа година ја зголеми својата актива за 28%. Во овој контекст ИК БАНКА продолжува да се развива и расте, а до крајот на оваа година планирано е отворање на дополнителни Филијали/Експозитури во државата.

ИК БАНКА ќе продолжи со силната поддршка на сите сегменти од македонската економија, почнувајќи од население и микро бизниси, преку малите и средни претпријатија, до големи корпорации и проекти. ИК БАНКА постојано инвестира во нови производи, услуги и технологија со цел да постави стандарди на услуги за клиентите на повисоко ниво, давајќи поддршка на македонската економија со поволни кредитни можности. Преку нејзините стандарди за висок квалитет, ИК БАНКА покрај македонските субјекти се стреми да биде Банка на избор и за меѓународните инвеститори.

http://www.ikbanka.com.mk/default.asp?ItemID=45005A1F6D05C947ACC75B90381836E1



МИА фото
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 28-Jul-2010 at 12:11

Пристигнува метеоролошката станица за аеродромот во Штип

 
Истражувањето на временските појави во близина на светиниколското село Ерџелија се прави по забелешката на ТАВ дека штипскиот аеродром не може да се гради без релевантни податоци за движењето на ветровите, што е еден од примарните услови за безбеден авионски сообраќај
 
Нова автоматска метеоролошка станица ќе биде поставена во почетокот на август, која ќе ги мери временските појави и промени над локацијата предвидена за изградба на карго-аеродромот во Штип. За оваа намена, во Управата за хидрометеоролошки работи се води постапка за набавка на опремата, која треба да ги задоволи стандардите на ИЦАО. Станицата ќе биде опремена со сензори за следење на температурата и влажноста на воздухот; правецот, брзината и ударите на ветерот; воздушниот притисок, количеството и видот на врнежите; глобалната радијација; температурата на почвата, оптичката видливост и сензорот за електрични празнења.

Истражувањето на временските појави во близина на светиниколското село Ерџелија се прави по забелешката на ТАВ, новиот оператор на постојните аеродроми во Скопје и во Охрид, дека штипскиот аеродром не може да се гради без релевантни податоци за движењето на ветровите, што е еден од примарните услови за безбеден авионски сообраќај!? Метеоролошките мерења и набљудувања ќе се прават во наредните десет години, временски период што е определен во Правилникот за посебни услови за планирање, изградба и реконструкција на аеродромот. Финансиските средства за реализација на истражувањата се обезбедени со ребалансот на буџетот во бруто-износ од 6,5 милиони денари.

- Врз основа на податоците добиени од автоматската метеоролошка станица поставена на планираната локација, како и врз основа на податоците од регионот, ќе биде изготвена студија за оптималните и ограничувачките метеоролошко-климатски услови - велат од УХМР.

Изградбата на новиот карго-аеродром е дел од дваесетгодишниот концесиски договор меѓу македонската влада и турската компанија, за преземање на аеродромите „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“. Со овој договор ТАВ се обврза да изврши модернизација и реконструкција на скопскиот и на охридскиот аеродром. На „Александар Велики“ е предвидено да се изгради нова терминална зграда од 40.000 квадратни метри, да се продолжи полетно-слетната патека за 500 метри и други зафати. На аеродромот во Охрид треба да се изврши реконструкција на постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИП-објект. Од преземањето на аеродромите на 1 март годинава, неколкупати беше најавувано свечено почнување на градежните работи. Но досега нема официјална потврда кога ќе се почне со реализацијата на овој проект, чија вкупна инвестиција е проценета на 200 милиони евра, во наредните 20 години.

Претходно, влегувањето на турски ТАВ беше неколкупати одложувано поради светската економска криза.
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 31-Jul-2010 at 18:31

Скопскиот аеродром се уште во старо руво

сабота, 31 јули 2010, 16:29

Реконструкцијата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ веќе пола година тапка во место. Од инвестицијата вредна 200 милиони евра, која турската компанија ТАВ во март годинава ја склучи со Владата, засега нема ни трага. На „Александар Велики“, откако дојдоа, Турците поставија
само еден киоск за пијалоци и цигари.

Раководството на турски ТАВ и денес не сакаше да даде изјава, зошто и после 5 месеци од кога се присутни на скопскиот аеродром, градежните работи се уште не се започнати. Велат дека одговор ќе дадат кога тие ќе сакаат.

Модернизацијата на аеродромот „Александар велики“ планирано е да се заврши за околу 2 години, а една од придобивките би била и зголемување на бројот на патници, од досега скромните 600 илјади на 1,5 милиони, со тенденција да се достигне бројка и од 3 милиони.

И покрај тоа, бројот на патници од година во година се повеќе се намалува. Според евиденцијата на скопскиот аеродром, во изминатиот период од 5 години, зголемување се забележува само во периодот од 2005 до 2008.

Намалувањето започнува од 2009 па наваму. Според досегашните податоци, и оваа година се очекува да заврши со намалување на протокот на патници. Повеќето од нив, кои денеска ги затекнавме на скопскиот аеродром не се во задоволни од услуги и бараат промени.

Освен планираната доизградба на скопскиот и охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, во проектот помеѓу Владата и турски ТАВ, влегува и изградба на карго – аеродром во Штип. ТАВ ги доби трите аеродроми на концесија во период од 20 години.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=37&eventid=25793


Edited by pbanks - 31-Jul-2010 at 20:01
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 31-Jul-2010 at 19:32
ima 3 opcii kako odgovor za vestot:
moze se spekulira
mozebi vestot e star
 se raboti za neznaenje
 
znaete site deka imase video sto pokazuvase kako se gradese vo aleksander mkd.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Online
Posts: 624
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 31-Jul-2010 at 20:14
ne bi rekol deka ne se raboti! Bas denes bev do aerodrom i vidov kako ja imaat do pola urnato zgradata stoe samo betonska konstrukcija i sto ja pocnaa nasive pred 10-tina godini( juzno od segasnata terminalna zgrada) i imase rabotnici. Na toia mesto treba da ima kargo zgrada. a na mestoto kade treba da se gradi novata imase nekolku bageri.

Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 03-Aug-2010 at 12:25
ова е само очајнички обид на една наша телевизија да дојде до дозвола за снимка од лице место. Пред некој ден имаше објава од нив дека барале пристап, но биле одбиени. Тоа е политика, за Сител може, за Алфа(изгледа и за останатите) неможе
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 04-Aug-2010 at 04:43

КОМЕРЦИЈАЛНА, СТОПАНСКА И ТУТУНСКА БАНКА СЕ ПОВЛЕКОА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

ТАВ барал 700 евра за поставување банкомат

За трите банки тој износ бил неприфатлив зашто бил далеку повисок од 100-ината евра што ги плаќале до доаѓањето на Турците

На скопскиот аеродром "Александар Велики" ги нема банкоматите на трите македонски банки - Стопанска, Тутунска и Комерцијална банка. Сега на аеродромот има само експозитура на ИК банка, отворена пред неколку дена.
Трите банки објаснија дека причината за повлекувањето од Скопскиот аеродром е неусогласување на условите на договорот за соработка.
"Тоа не значи дека по извесно време, доколку двете страни процениме дека има место за договор, нема повторно да го вратиме банкоматот на аеродромот 'Александар Велики'", велат од Тутунска банка.
Од Стопанска банка објаснија дека ја продолжуваат добрата соработка со ТАВ и дека ќе постават банкомат кога ќе биде изградена новата аеродромска зграда, на дојдовниот терминал, зашто и досега немале многу ќар од банкомат поставен на терминалот од кој патниците заминуваат од земјава.
Од ТАВ Македонија, компанијата концесионер на аеродромот, велат дека одлуката да бидат отстранети банкоматите, ја донел менаџментот на самите банки.
"Банките не ја прифатија понудата на ТАВ да бидат продолжени договорите за соработка. Единствена банка која ја прифати понудата на ТАВ и го потпиша договорот е ИК банка. На сите банки им беа понудени исти услови и договори за соработка", изјавија од ТАВ Македонија.
Неофицијално, банките и новиот газда на аеродромот не успеале да се договорат за цената на закупот за поставувањето на банкоматите. До влегувањето на турски ТАВ во аеродромите, банките плаќале под 100 евра месечно закуп. Турците, наводно по совет на консултант, прво им побарале по 700 евра месечно, а по преговорите го преполовиле месечниот износ за закуп, но за трите банки не бил прифатлив ниту овој износ.
ИК банка, чиј мнозински акционер е "Демир-Халк банк", холандска банка во турска сопственост, обезбеди кредит од 10 милиони евра за ТАВ, како предфинансирање за реконструкцијата на аеродромите. (А.С.)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=BA26BFF028DC5A44AE3098501B04EF65
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 08-Aug-2010 at 18:29

Турски ТАВ ќе го разбива монополот на Макпетрол

Александар Момировски Коментари (2)   
08.08.2010 19:02
 

 

Ќе се разбива две деценискиот монопол на Макпетрол во снабдувањето со керозин на авиокомпаниите што летаат од македонските аеродроми дознава А1.

Концесионерот ТАВ планира од есен да го либерализира пазарот. Турците размислувале да им дозволат продажба на керозин и на други компании од нафтената дејност.

Договорот за ексклузивитет со Макпетрол истекува во септември. Деновиве интензивно се разговара со други компании за влез во бизнисот на продажба на висококвалитетното гориво што ги движи турбинските мотори на авионите.

Најсериозни конкуренти на Макпетрол се Лукоил и Окта. ТАВ планира да изгради уште неколку пумпи за точење на керозин на двата аеродрома, покрај оние што ги користи Макпетрол.

Токму цената на керозинот што се точи во Македонија авиокомпаниите ја посочуваат како една од клучните причини за скапите авиобилети.

Тврдат дека керозинот во Македонија е најскап од цела Европа. Од агенцијата за цивилна воздушна пловидба велат дека цената не е во нивна надлежност но потврдуваат дека авиокомпаниите редовно се жалат дека на домашните аеродроми се продава многу скап керозин.

Во Македонија никој не ја контролира цената на безбојното запалливо гориво за авиони. Тоа самостојно го прави Макпетрол во услови кога енергенсот не на листата на регулаторната комисија за утврдување на цената.

За да ги избегнат големите давачки, пракса на авиокомпаниите што оперираат од земјава е со керозин да се снабдуваат на аеродромите во други држави.

Во Македонија тон керозин чини околу 800 евра, а за споредба во Германија цената е околу 590 евра.

Инволвираните во авиобизнисот со кои контактираше А1, велат дека демонополизацијата на продажбата на керозин би била одлична вест бидејќи така нафташот Макпетрол ќе престанел да им наплаќа астрономски цени.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126163
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #633 Posted: 10-Aug-2010 at 03:13
Originally posted by axel

Реконструкцијата на скопскиот аеродром „Александар Велики“ веќе пола година тапка во место. Од инвестицијата вредна 200 милиони евра, која турската компанија ТАВ во март годинава ја склучи со Владата, засега нема ни трага. На „Александар Велики“, откако дојдоа, Турците поставија
само еден киоск за пијалоци и цигари.
Раководството на турски ТАВ и денес не сакаше да даде изјава, зошто и после 5 месеци од кога се присутни на скопскиот аеродром, градежните работи се уште не се започнати. Велат дека одговор ќе дадат кога тие ќе сакаат.



Vo koja normalna zemja nekoj "gostin" se odnesuva vaka?Nivna sopstvenost li e aerodromot(pa duri i da e)?Vaka li se odnesuva seriozna kompanija koja planira da ostane ovde da ?Vaka se odnesuvaat adolescenti.
Nego,aj da ne pocnuvam,smaceno mi e vekje.
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #634 Posted: 10-Aug-2010 at 09:48
ова тврдење не е точно... сител беше на лице место и виде дека градежните работи се одвиваат од утро до вечер.Smile
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #635 Posted: 10-Aug-2010 at 10:10
Originally posted by Sale SK


Vo koja normalna zemja nekoj "gostin" se odnesuva vaka?Nivna sopstvenost li e aerodromot(pa duri i da e)?Vaka li se odnesuva seriozna kompanija koja planira da ostane ovde da ?Vaka se odnesuvaat adolescenti.
Nego,aj da ne pocnuvam,smaceno mi e vekje.
 
не велам дека не си во право, ако пред пар месеци гледавме со скепса на твоиве кажувања, со тек на време се испостави дека се повеќе си во право..
 
но, што е ова тука.. сепак е оградено, има некој булдожер.. се дешава ли нешто.. једино знам дека некој фришоп правеа па по 2-3 недели кога бев, беше направен.. може ли да очекуваме конечно нешто конкретно (читај крај на инвестицијава, згради мади и све останато) во догледно време, некои 10ина месеци, колку што останаа ако не се лажам.. не контам... ќе помине и овој рок, и ако не е изградено што правиме.. !? повторно ништо !? кадија те тужи, кадија те суди а ? пусто турско Smile
 
фоткиве се од пред 3 недели.. ако некој лета, нека сликне.. од мене нови, здравје во октомври..
 
е да, ако не се лажам и од лево и од десно на постојната зграда сум приметил раздвижување, можда ќе звучи смешно, ама гледано од авион на писта, од која страна треба да се наоѓа новата зграда, за да знаеме на што да се посветиме?
 
 
 
 
Back to Top
Skopje View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Skopje Quote  Post ReplyReply #636 Posted: 10-Aug-2010 at 13:07
од мене очекувајте слики при крајот на август
Back to Top
Swimmer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
  Quote Swimmer Quote  Post ReplyReply #637 Posted: 10-Aug-2010 at 13:12

екстра таман ќе се надоврземе, секој месец рифреш... Big%20smile  мххх сител..

Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #638 Posted: 12-Aug-2010 at 04:58
Eve Intervju so Turskiot direktor na TAV, pocnale veke profit da pravat taka da ocigledno e deka financiskiot del nema da ima nekakov problem.

"Vo koja normalna zemja nekoj "gostin" se odnesuva vaka?"

Ne mie jasno zosto mislis deka se gosti, tuka e biznis u prashanje neka pravat sto pravat neka zabushavaat kolku im dusha saka ali do krajot na drugata godina ako ne se gotovi aerodromite ke se raskine dogovorot i ke izgubat se sto vlozile ili ke plakjaat golemi penali.

Rokot im e daden i e potpisan taka da sea topkata e na niven teren. Ali edno da znaes imaat 10 aerodromi pod nivna kontrola ako ne i vise, sigurno ne bi dozvolile da si go srushat imidzot na nivniot biznis kako ozbilna kompanija so mnogu vlozeni sredstva.Ako mozhat vo Gruzija sigurno mozhat vo Makedonija.

http://www.bloomberg.com/news/2010-08-11/tav-raises-sales-growth-target-to-more-than-20-on-ground-handling-units.html
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #639 Posted: 12-Aug-2010 at 20:29


Uploaded with ImageShack.us


Ova e od pred nekoj den, i e glavnata terminalna zgrada. Vo meguvreme postavija uste eden kran, a se montiraat uste dva. Isto taka se raboti i na ramnenje na delot kaj sto kje bide prodolzena poletno-sletnata pateka(kon jug). Poslednive 3-4 nedeli se raboti so silen intenzitet...

Edited by ATC@LWSK - 12-Aug-2010 at 21:12
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #640 Posted: 12-Aug-2010 at 20:34
До модераторите: Ако може да ја намалите сликава, вака ништо не се гледа

Disregard... Yes


Edited by ATC@LWSK - 12-Aug-2010 at 21:12
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3031323334 124>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.465 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.