build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Катна гаража Смилевски конгрес (кај МНТ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 456
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 17-Aug-2016 at 01:08
Не мешај баби и жаби... кога зборувам за подземна гаража наместо катна се однесува на тоа дали влијае на изгледот на околината или не. Друга работа... и самите катни каражи имаат подземни нивоа... така да не ми кажувај дека е поскапо... само ги градиш двете подземни нивоа и толку, не идеш нагоре... зачувуваш пари...

Потоа... Муабетот за неградење за да не се переле пари ти е многу прост... Изговор за перење пари може да бара само човек кој нешто не у ред со него... а притоа пази, свесен е за тоа дека е така... Значи... треба да се гради, али треба да се гради правилно, промислено, испланирано и на крај тоа да биде функционално и оправдано... И притоа да не се перат пари секако... Јасно?

Потоа... требаше да му ја мислат кога го опнаа археолошки на кеј и сите други објекти дека таму не им е место и дека нема соодветна инфраструктура за такви објекти... не дека бројот на луѓе би бил голем, туку чисто урбанистички е неиздржано... Иако сите објекти си имаат подземни паркинзи (со сите маани и пропусти но добро) за вработените веројатно... за посетители... и така е центар, и така се музеи... може и пешки... освен „елитата“ па мора со коли да се начукаат пред театар... али нема врска... А да не зборам за рампата на подземниот паркинг на театарот... мизерија...

Е сега, да идеме на другиот пост...

На Гоце Делчев ќе се возат автомобили... точно таа една е од главните сообраќајници во Скопје... но главно е трансфер исток запад... А гаражата си нема никаква врска со тоа... Евентуален паркинг би бил потребен за просторот околу карпошово востание и чаршијата... но не таму... Всушност, многу подобра опција е планираниот подземен паркинг кај Скендербег... ако се изгради...

Зборот ми е... поим си немаат од урбанизам... и само колку за да можат да напунат простор... некој комплекс ваљда... и да напунат џебови... садат катни гаражи кај ќе им дојде...

И кога се зборува за пешачка зона на Мал Ринг се зборува за добро испланиран урбанистички концепт кој ќе ги вклопува и ќе вклучува содржини од страна кои ќе го подржуваат тој зафат... али да не почнувам да ти зборам, џабе е... незамисливе се тие работи за вас...

А иначе за 100 години може ќе летаме... ако тогаш катнава гаража ни се исплати... сме ја утнале работата... и тоа сега... али на кого да му кажеш...

Edited by FoSsiL - 17-Aug-2016 at 01:10
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 10-Oct-2016 at 15:31
Изградбата на катната гаража, кај МНТ, поскапе за половина милион евра
   
Дополнителни 242.000 евра ќе бидат потрошени за доградба на катната гаража во близина на Музејот на холокаустот, во централното подрачје на Скопје. Тендерот е договорен во четири очи, односно без објавување на оглас, Акционото друштво за станбен и деловен простор одлучило договорот да му го додели на италијанската компанија Scientia Srl.

„Оправданост за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување:
таквите работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“, се наведува во склучениот договор, објавен на Бирото за јавни набавки.

Основниот договор за катната гаража чини 3,8 милиони евра, а набрзо откако беше склучен беше дополнет со уште еден анекс договор во вредност од 222.000 евра. Со новиот анекс почетната цена на гаражата се зголеми за речиси половина милион евра. Катната гаража ќе биде со вкупна површина од 10.037 метри квадратни и вкупен број од 169 паркинг места. Изведувач на проектот е градежната фирма „Ламоне морена”, а проектот го изработи ГС „Проект” – Скопје.

На удирањето на темелите тогашниот премиер Никола Груевски рече дека во централното градско подрачје на Скопје, постојано се градело и се преградувало, но никогаш не се водело сметка дека таму каде што ќе се собираат многу луѓе ќе треба некаде и да паркираат, па затоа Владата одлучила да изгради седум катни гаражи.

http://fokus.mk/izgradbata-na-katnata-garazha-kaj-mnt-poskape-za-polovina-milion-evra/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 16-Oct-2016 at 16:43
Денешна...

За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1875
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 17-Oct-2016 at 10:04
od ovaa strana izgleda super, i interesno se vklopuva so nadvoznikot. samo uste staklata da bea pomalce refletiracki
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 12-Apr-2017 at 23:26
фото: миа.мк



За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 13-Apr-2017 at 08:36
Белите линии и стрелки уште не пуштенa гаражата a веќе се избледееени.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 13-Apr-2017 at 20:08
пуштена е гаражава?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11706
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 13-Apr-2017 at 21:08
Наводно е завршена, се чека Општина Центар да даде дозвола за нејзино пуштање во употреба.
За сè има вторпат
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 20-Aug-2017 at 02:22
Одамна е завршена гаражава, знае ли некој зошто уште не е во употреба?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 04-Jan-2018 at 19:08
Што бидна со гаражава уште ли чека дозвола за пуштање?Еве неколку фотки превземени од фејсбук






Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1875
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 05-Jan-2018 at 12:15
ne znam sto napravija so garazava, odamna e gotova, ali edvaj cekam da ja probam, i toa do gore
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 22-Apr-2018 at 02:09
Некое инфо за гаражава има ли?
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1875
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 23-Apr-2018 at 10:07
godina dena stoi gotova i uste ne e pustena, ova samo kaj nas moze da se desi
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1633
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 24-Apr-2018 at 17:13
Ќе треба па да се реновира дур ја пуштат...
Се надевам ќе биде безбедна за паркирање, за разлика од околината каде секојдневно има провали по возила.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 28-Oct-2018 at 13:47
Еве некои основни информации за гаражава.Само нема информација кога ќе биде ставена во употреба.

Локација: во непосредна близина на музејот на холокаустот и граничи со надвозникот и улиците Иљо Војвода и новопланирана улица.

Број на гаражни места: вкупно 169

Вкупно нето површина по сите нивоа: 10.037 м²

Вкупно нето површина на деловен простор: 1.539 м²

Kатната гаража „Смилевски конгрес“ покрај функцијата за паркирање има и мултифункционален деловен простор кој е сместен во периферните делови, во краците на приземјето и на двата ката

Паркирањето е сместено во кружно јадро и се простира од кота – 3,00м па се до кота + 20,70м

Објектот има едно подземно ниво до кое се стигнува преку новопланираната улица, а преку подземното ниво се врши движењето на возилата во катната гаража, паркирањето во оваа гаража поради големината и типот на урбанистичката маркица за разлика од другите катни гаражи кои се градат е решено во кружно јадро и е
спирално што на објектот му дава специфичен облик.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 537
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 28-Oct-2018 at 15:26
Колку кошта во просек паркингот во катниве гаражи низ Скопје?
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1850
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 28-Oct-2018 at 19:14
25-30 денари за час.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 456

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.