build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 23>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 04-Jun-2014 at 17:38
Дома Мебел во Ѓорче Петров, Скопје





disinternacional.com.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 05-Jun-2014 at 07:04
Мебел Лачка, Визбегово



mebel-lacka.com

Edited by Џоле - 05-Jun-2014 at 07:05
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 05-Jun-2014 at 07:11
Набизи, Струга












За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 05-Jun-2014 at 13:08
Lacka е Љацка веројатно
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 05-Jun-2014 at 15:10
Originally posted by гитардемон

Lacka е Љацка веројатно


На нивната официјална интернет страница стои „Лачка“, со латинично Ч... Проверив пред да објавам.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 06-Jun-2014 at 14:50
Пододекор, Велес



Edited by Џоле - 06-Jun-2014 at 14:51
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 06-Jun-2014 at 15:14
Гледате, не било страшно ако компанијата не ти се вика Džeki Prom, можело и на кирилица нешто.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 06-Jun-2014 at 18:13
Originally posted by гитардемон

Гледате, не било страшно ако компанијата не ти се вика Džeki Prom, можело и на кирилица нешто.

Едно време се зафркававме со другарите кога ти ѕвонат да се претставиш како фирма со некое интересно име. Фаворит беше на еден пријател од Сингелиќ „ало Тука ВИНКЛЕР БРЉО„
Back to Top
WiccanWitch View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote WiccanWitch Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 18-Jun-2014 at 10:19
Отворање на трговскиот центар РЕМ во Тетово
   


Во центарот на Тетово денеска свечено ќе биде отворен трговскиот центар РЕМ, инвестиција од 40 милиони евра и најголем трговски центар во западна Македонија.

Инвеститор на РЕМ (REMall) е Шефки Идризи, директор и сопственик на „Ренова“. Покрај трговски центар, комплексот ќе има и станови и хотел.

На отворањето ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.
http://sitel.mk/mk/otvoranje-na-trgovskiot-centar-rem-vo-tetovo
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 06-Jul-2014 at 02:59
Реконструкција на стоковната куќа во Велес сликано денес..



Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 14-Jul-2014 at 11:14
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ ЗАПОЗНА СО НОВИОТ ТРГОВСКИ, ШОПИНГ И ЗАБАВЕН ЦЕНТАР ВО ИЗГРАДБА НА КАМ ВО ОХРИД

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна посета на Трговскиот центар кој компанијата КАМ го гради во поранешната фабрика на „Отекс“ во Охрид.





Од страна на првиот човек на КАМ Гоце Камчев, Бакрачески беше запознаен со визијата на проектот, кој ќе биде вистински регионален центар, насоките во кои ќе се развива целиот комплекс и со богатата понуда која ќе се нуди за охриѓани и гостите.

Првиот човек на Охрид ја поздрави идејата и најави широка поддршка за непречено да се реализира целиот проект, во кој според првичната проекција ќе работат на 300 луѓе.





Со површина од над 12.000 м2, Трговскиот центар на КАМ ќе биде најголемиот регионален трговски, забавен и шопинг центар, а четврти по големина во Македонија. станува збор за инвестиција од над 8 милиони евра, најголема во последните години во Охрид.

Трговскиот центар располага со сопствен отворен и покриен паркинг за преку 350 возила, а ќе содржи над 50 продавници, банки, менувачници, кафулиња, ресторани, спа центар со затворен базен, супермаркет, внатрешна шопинг улица и најголем и најмодерен забавен центар.

Покрај богатата природна и туристичка понуда, градот добива нова дестинација со многубројни содржини на едно место, за сите гости во и вон сезона.











http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=4072

Edited by Џоле - 14-Jul-2014 at 11:15
За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 17-Jul-2014 at 19:24
Стоковната у Велес


23ka.wordpress.com
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 17-Jul-2014 at 21:31
Originally posted by Џоле

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ ЗАПОЗНА СО НОВИОТ ТРГОВСКИ, ШОПИНГ И ЗАБАВЕН ЦЕНТАР ВО ИЗГРАДБА НА КАМ ВО ОХРИД

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна посета на Трговскиот центар кој компанијата КАМ го гради во поранешната фабрика на „Отекс“ во Охрид.
 
...
 
http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=4072

 
Ова е од пред недела дена ?
 
Доколку е, тогаш слободно можеме да дојдеме до заклучок дека тој нов трговски, шопинг и забавен центар ќе се гради уште долги, долги години, бидејќи изминативе 3 (ТРИ) години го имам видено токму ваков каков што е однадвор.
 
Дури и доколку најголемите градежни зафати се прават одвнатре, сепак 3 и повеќе години е премногу за вакво влечкање.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 18-Jul-2014 at 01:28
Originally posted by Dexter26


Originally posted by Џоле

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СЕ ЗАПОЗНА СО НОВИОТ ТРГОВСКИ, ШОПИНГ И ЗАБАВЕН ЦЕНТАР ВО ИЗГРАДБА НА КАМ ВО ОХРИД

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари работна посета на Трговскиот центар кој компанијата КАМ го гради во поранешната фабрика на „Отекс“ во Охрид.
 
...  http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=4072
 Ова е од пред недела дена ?  Доколку е, тогаш слободно можеме да дојдеме до заклучок дека тој нов трговски, шопинг и забавен центар ќе се гради уште долги, долги години, бидејќи изминативе 3 (ТРИ) години го имам видено токму ваков каков што е однадвор.  Дури и доколку најголемите градежни зафати се прават одвнатре, сепак 3 и повеќе години е премногу за вакво влечкање.




Друже кај нас така функционираат работите, сите како да се натпреваруваат кој подолго ќе гради и кој повеќе ќе се влечка-буквално во секој проект и се друго што се гради
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12538
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 24-Jul-2014 at 09:21
Нова инвестиција на компанијата „Белина“ во Општина Илинден


     
По повод одбележувањето на Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, во економската зона Марино-Кадино на свечен начин беше предаден во употреба нов стопански објект, инвестиција на компанијата „Белина“. Пред поголем број гости објектот го предадоа во употреба градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и сопственикот на „Белина“ Љупче Николовски.



Паралелно со отворањето на новиот објект, компанијата „Белина“ која што се занимава со трговија на големо со алати, земјоделска механизација, железарија, авто козметика, бои, лакови, фасади...го одбележа и 20-ет годишниот јубилеј од своето постоење.





Новиот стопански објект во кој ќе бидат вработени 18 лица располага со магацински и деловен простор на површина од 4.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција изнесува 600 илјади евра.

http://ilinden.gov.mk/nastani/nova-investicija-na-kompanijata-%E2%80%9Ebelina%E2%80%9C-vo-opshtina-ilinden

Edited by Џоле - 24-Jul-2014 at 09:24
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 07-Aug-2014 at 22:04
СКОПСКИ ПАЗАР ОТВОРИ НОВ СП МАРКЕТ ВО ЦЕНТАР

На 06.08.2014, Скопски Пазар АД Скопје отвори нов супермаркет од ланецот СП маркети во општина Центар. Новиот маркет се наоѓа на ул. Св.Кирил и Методиј бр.20, во близина на зеленото пазарче, спроти поранешен цветен пазар.
Новиот СП маркет кој се простира на површина од 420 метри квадратни, ќе вработи 15 лица и ќе понуди богат асортиман на производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот потрошувачите исто така ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на Топлотека, печено пиле и свежо печен багет, како и слаткарски производи.
Новиот СП Маркет ќе работи од 8 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 8 до 20 часот во недела.







http://www.skopskipazar.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=198%3Anov-market&catid=3%3Adenes&Itemid=97&lang=mk
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 09-Aug-2014 at 13:22
Жито Маркети го отвори својот десетти маркет во Велес

Големото семејство на Жито Маркети оваа сабота доби проширување, во Велес се отвори 10-тиот маркет во овој град. На површина од 240 метри квадратни, маркетот ќе ги нуди сите поволности и бенефиции потребни на современиот македонски потрошувач, додека квалитетот на производите и услугата на персоналот ќе бидат во согласност со високите стандарди на компанијата.



Навистина сме задоволни од динамиката на проширувањето на Жито Маркетите на низ цела Македонија. Особено не радува што новиот маркет се отвора токму во Велес, од каде и започнува приказната на Жито Маркети. Секако, нашата приказна не завршува тука – во план ни е понатамошно проширување, со цел да ги покриеме сите градови низ Македонија како и да ја зголемиме нашата мрежа во градовите во кои веќе сме присутни, изјави Далибор Ѓошевски, Генерален менаџер на компанијата.

Отворањето на десеттиот Жито Маркет во Велес, компанијата го одбележи со бројни изненадувања за посетителите на првиот работен ден, акции, попусти, промоции, презентации и дегустации се само дел од нив. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 6 часот наутро до 22 навечер, а во недела од 6 наутро до 14 часот. На отворањето беше присутен и Градоначалникот на Општина Велес, М-р Славчо Чадиев.

Маркетот, кој донесе девет нови вработувања во Велес, се наоѓа на улицата 8-ми септември, во центарот на градот. Со тоа вкупната бројка на Жито Маркети се искачува на 34 на територијата на целата Република.

http://kurir.mk/republika/opstini/168105-Zito-Marketi-go-otvori-svojot-desetti-market-vo-Veles-

Edited by jyvation - 09-Aug-2014 at 13:23
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 09-Aug-2014 at 14:03
Спремаат и во Кичево еден маркет
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 09-Aug-2014 at 16:12
Originally posted by gjoko

Спремаат и во Кичево еден маркет


Едни се отвораат други пак се затвораат и така све во круг.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 26-Aug-2014 at 16:29
Реконструкција на стоковната куќа во Велес

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.