build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 24252627>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 06-May-2021 at 12:27
Три нови молови се пред отворање годинава во Скопје, следуваат подобри денови за шопинг-потрошувачката

Во услови на едногодишна пандемија на коронавирусот, падна личната потрошувачка на граѓаните. Според официјалните податоци ,во 2020 година граѓаните потрошиле 5,27 милијарди евра а во 2019 година финалната потрошувачка изнесувала 5,59 милијарди евра, што е за 5,6 проценти повеќе. Потрошувачката паѓа поради падот на расположливот доход на домаќинствата и негативните поместувања на пазрот на трудот. Воздржаноста од пазарење се должи на неизвесноста околу работните места и идните примања, покажува анализа на Народната банка. Сепак позитивни се очекувањата за следниот период кога со заздравувањето на економијата се очекува и раст на потрошувачката на граѓаните.

Во меѓувреме во поголемите градови се отвораат нови дуќани, во главниот град и неколку нови молови. До крајот на 2021 година се очекуваат три нови трговски центри во Скопје, со што бројката ќе се искачи на 130,000 метри квадратни дополнителен модерен простор за шопинг во главниот град.

И покрај кризата предизвикана од пандемијата, 2021 се очекува економски да биде поуспешна од 2020, што би можело истото да важи и за приватната потрошувачка. Професорката на катедрата по маркетинг на Економскиот факултет при УКИМ, Николина Паламидовска-Стерјадовска, вели дека ваквите храбри одлуки на инвеститорите се темелат на соодветни анализи, иако станува збор за релативно мал пазар.

- Иако во наредниот период ќе следи отежнато закрепнување на економијата, во случајов станува збор за бизнис одлуки донесени врз основа на анализи за поврат на инвестициите на подолг рок. Притоа и покрај релативно малиот пазар и ограничената куповна моќ на македонските купувачи, треба да се земе предвид дека и регионалниот пазар е таргет на овие компании, т.е. странските купувачи кои доаѓаат да купуваат или транзитираат низ нашата земја. Секако, успехот на овие инвестиции ќе зависи и од атрактивноста на понудените брендови, при што треба да се земат предвид и поместувањата во структурата на потрошувачката во периодот на пандемија, вели Паламидовска-Стерјадовска.

Есенва скопјани, но и граѓаните од цела држава и пошироко, ќе имаат прилика да го посетат најголемиот и убедливо најрепрезентативниот шопинг центар во регионот, Ист Гејт Мол. Објектот интензивно се гради, а од компанијата велат дека активностите, и покрај проблемите и забавувањата кои ги наметна пандемијата, течат според планот, па инвестицијата ќе биде завршена во предвидениот рок.

„Ист Гејт Мол има територијален опсег од популација од 1,2 милиони потрошувачи кои живеат во близина на три часа возење, и според тоа, анализите покажаа дека 12 милиони домашни и странски посетители ќе го посетат центарот само во првата година и дека барем 1/3 од 6,9 милиони транзитни патници од автопатот М4, ќе застанат на попатна пауза трошејќи минимум 15 евра“, изјави неодамна извршниот директор на Ист Гејт, Игор Давков, за „Фактор“.

Добар знак за побарувачката се новите брендови кои најавуваат влез на пазарот наскоро. Скопје Ист Гејт во Автокоманда е предвидено да има нето-простор за продажба од 57,000 квадратни метри, Дајмонд Лимак во Центар најавува 47.000, додека Скај Сити Мол на Џевахир во Аеродором треба да биде 25.000.

Лимак Холдинг во својот најнов извештај најавува дека трговскиот центар и деловните простории во рамките на комплексот „Дајмонд“ треба да бидат готови со изградбата во последниот квартал од 2021 година, Трговскиот центар во рамките на „Џевахир Скај Сити“ според претходните најави треба да биде отворен во текот на оваа година.

https://faktor.mk/tri-novi-molovi-se-pred-otvoranje-godinava-vo-skopje-sleduvaat-podobri-denovi-za-shoping-potroshuvachkata
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1008
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 06-May-2021 at 13:42
Сите три ги изградија сред најурбаните населби, од наредна година веќе ќе имаме тотално замирање на маалските продавници и малите бутици,а понатаму најверојатно Рамстор и трговскиов кај Џевахир ќе потонат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 10-Jul-2021 at 10:03
ДИСКОНТНИОТ СИНЏИР „МЕРЕ“ ИЛИ ПОЗНАТ КАКО РУСКИ „ЛИДЛ“ - отвори фирма во Македонија и бара работници

Рускиот дисконтен синџир маркети „Мере“, или како што на Запад го нарекуваат „рускиот Лидл“ отворила фирма во земјава и бара вработени за повеќе градови низ цела држава, објави порталот Велес 365.

Порталот Инсторе пишува дека според податоците од Цeнтрален регистар, „Мере“ влегува преку фирмата „Русторг ДОО“ - Прилеп, основана пред околу две недели (на 16.06.2021) со адреса булевар „Гоце Делчев“ бр.84, Прилеп. Како претежна дејност е наведена „трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун“. Основана е со влог од 200.000 евра. Сопственици се Валериј Генадијевиќ Јаковлев, Евгениј Генадијевич Пшеницин, Сергеј Иванович Шнајдер и Андреј Иванович Шнајдер, сите со адреса во сибирскиот град Краснојарск. Управител е Евгениј Петрович Боклач.

Компанијата веќе објави огласи за вработување во кои бара менаџери за развој во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Струмица, Гостивар, Тетово, Велес, Штип, Кочани, Прилеп, Битола и Кавадарци, менаџер за набавки, систем администратор…

Овој руски синџир супермаркети, како што пишуа порталот, во британските медиуми го опишуваат како „руски Лидл“, поради тоа што работи со цени дури за 30 проценти пониски од најповолните маркети во Велика Британија, како што се „Алди“ и „Лидл“. Има 3.200 продавници ширум светот.

Во нашиот регион присутен е и во Србија од декември лани, и таму планира да отвори вкупно 100 продавници.

https://faktor.mk/diskontniot-sindzir-mere-ili-poznat-kako-ruski-lidl---otvoril-firm-vo-makedonija-i-bara-rabotnici
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 24-Jul-2021 at 17:11
Трговскиот синџир ја збогати својата мрежа со две продавници

ЖИТО СО НОВИ МАРКЕТИ ВО ВЕЛЕС И ВО ГОСТИВАР



Жито Маркети, еден од најголемите малопродажни национални ланци, за само неколку денови се збогати за две нови продавници во своето потфолио, во Велес и во Гостивар.

Денес, во населбата Превалец во Велес беше отворен новиот маркет, со што Жито Маркети станаа подостапни за жителите од овој дел од градот.

Новотоворениот маркет во велешката населба Превалец е со површина од 160 м2, со две наплатни каси и овозможи десетина нови вработувања. Предноста на овој маркет е што во себе вклучува и пиљара Friutland, со што потошувачите секојдневно ќе имаат на избор свежо овошје и зеленчук.

“Ова е уште еден чекор што ја следи развојната политика на Жито Маркети. Секаде каде што ќе се укаже можност, ние ќе се обидеме да дојдеме сè поблиску до нашите потрошувачи, без оглед дали станува збор за Велес, за Скопје, за Гостивар или за некој друг град во државата. Наша главна цел е да им се ставиме на располагање на нашите ценети клиенти што е можно поблиску до нивниот дом, нивното маало. Нивната доверба, пак, ја оправдуваме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи”, изјави Стојанче Тодороски, Административно – технички директор на Жито Маркети.

Неколку денови претходно, во Гостивар беше пуштен со работа новореновираниот маркет што на гостиварчани им донесе збогатена понуда за избор на стока за широка потрошувачка за цени што го почитуваат домашниот буџет. Маркетот што е лоциран на улицата Беличица, број 15, во близина на Градскиот пазар во Гостивар, е со површина од 360 м2 и има две наплатни каси, со петнаесетина нововработени. Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 07,00 до 21,30 часот од понеделник до сабота, а во недела и празници од 08,00 часот до 16,00 часот.

https://faktor.mk/zito-so-novi-marketi-vo-veles-i-vo-gostivar
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 27-Jul-2021 at 14:54


https://www.instagram.com/paolosabor/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 14-Aug-2021 at 08:54
Рамсторе“ отвори нов маркет во Џевахир





Денес, 13.08.2021 „Рамсторе Македонија“ го отвори новиот „Рамсторе експрес маркет“ во комплексот „Џевахир Ckaj Сити“ во блок А.

Модерно дизајнираниот маркет се простира на површина од 250 м2, располага со 2 наплатни каси, 15 паркинг места, а за услугата ќе се погрижи тим од 12 вработени .

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, свежо месо, топол леб и вкусни пекарски производи, како и повеќе од 3000 други производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот.
Големиот број на промоции, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет кои ќе траат до 22 Август, а покрај големите попусти потрошувачите можат   да ја искористат и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.

„Рамсторе Македонија“ и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 4 нови маркети до крајот на годината .

„Рамсторе“, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од „СИТИ ПЛАЗА Холдинг“ кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.

https://nezavisen.mk/ramstore-otvori-nov-market-vo-dzhevahir/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 03-Sep-2021 at 17:14
Kam mall Location: Bitola, Macedonia. Area: 5631m2. Status: Completed







https://www.facebook.com/SL-ArchitectureDesign
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 05-Sep-2021 at 16:58
Вчера се отвори нов маркет Семпер во Стар Аеродром на ул.Фрањо Клуз бр.7





https://www.facebook.com/SemperMarket
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 24-Sep-2021 at 15:35
Се отвори првата Reserved продавница во земјава!




По Лондон, Берлин, Москва и Тел Авив, вчера во „Скопје Сити Мол“ на површина од 1 700 квадратни метри се отвори првата Reserved продавница во земјава.
Reserved е дел од Групацијата LPP SA, присутен во 25 земји со мрежа од повеќе од 440 продавници. Познат е како млад моден бренд, кој во своите колекции успешно успева да ги комбинира класичните моменти со храбрите модни исчекори. Оваа храбра синергија се чувствува во женската, машката и во детската колекција за оваа сезона, чија суштина лежи во геометрискиот крој, текстурата и квалитетот на ткаенините, острите кроеви, униформните бои, кои сами по себе се елеганцијата за секоја пригода.

https://faktor.mk/se-otvori-prvata-reserved-prodavnica-vo-zemjava
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 08-Oct-2021 at 08:42
ФАКТОР ДОЗНАВА: Косовскиот ланец маркети Вива фреш го купува штипски Кит-го: Договорена милионска трансакција



Косовската компанија Viva fresh store (Вива Фреш сторе) го купува штипскиот ланец маркети Кит-го, дознава Фактор. Според нашите информации договорот е веќе направен, а Вива фреш за сите маркети на Кит - го ќе искешира над 50 милиони евра. Иако трансакцијата е повеќе од извесна комплетното преземање ќе се реализира од јануари следната година. Првиот човек на Вива фреш сторе во Македонија Беким Бекири за Фактор ја потврди информацијата, но не сакаше да соопштува детали. Побара прашањата да ги испратиме на мејл, но не добивме одговор.

Инаку Viva Fresh Store е лидер ланец на маркети од Косово. Има 64 маркети во 21 град и работи со повеќе од 60 000 различни производи.Според податоците оттаму Вива фреш сторе има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Во август 2019 година Вива фреш ја почна својата експанзија во Скопје. Во таа година компанијата купи и локална фабрика за месо од каде ги снабдува со свежо месо сите 64 продавници во Косово.

Инаку за годинава Вива фреш планираше експанзија и во Македонија и во Албанија.

Кит-го пак потекнува од Штип и постои 23 години. Низ тие години се изгради во препознатлив бренд во малопродажбата. На продажба, според нашите неофицијални информации се неколку десетици деловни единици на брендот, а Тера маркет и Супер Кит -го остануваат кај штипскиот сопственик. Кит-го оперира во 11 градови во државата.

Фактор веќе објави дека штипскиот гигант, компанијата на Кирил Гогов, лани оствари приход од продажба во износ од 65,2 милиони евра што е за 3 отсто повеќе од 2019 година. Добивката на друштвото изнесува 2 милиони евра што е за 18 отсто помалку од претходната година.

https://faktor.mk/kosovskiot-lanec-marketi-viva-fresh-go-kupuva-shtipski-kit-go-dogovorena-milionska-transakcija
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 08-Oct-2021 at 17:16
„Рамсторе“ го отвори третиот маркет во Чаир



Денес,   8-ми Октомври , компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов Рамсторе Експрес маркет, лоциран на улицата Кемал Сејфула бр.14 во Чаир

Модерно дизајнираниот „Рамсторе Експрес“ маркет кој е 28. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 10 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, како и повеќе од 5000 производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет и ќе траат до 17.10.2021, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.

Со новиот маркет во Чаир, синџирот „Рамсторе” – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Рамсторе Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 3 нови маркети до крајот на годината .

Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од „СИТИ ПЛАЗА Холдинг“ кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.

https://nezavisen.mk/ramstore-go-otvori-tretiot-market-vo-chair/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 12-Nov-2021 at 18:03
Originally posted by stef4o

Тинексот спроти Вучко во нас.Острово-Аеродром е затворен најверојатно поради реновирање,на вратите пишува поради градежни работи но немаше ништо на терен. Незнам колку може добро да функционираат три исти маркети на доста мал простор бидејќи отворија нов маркет во новата зграда на Саф Комерц и во новата зграда на ЗСФ кај Мајчин Дом плус наскоро ќе ги има и во новиот Ист Гејт.


После реновирањето,всушност Тинекс ја напуштил локацијата и сега е отворен нов маркет на Кипер,ова им е чинам втор маркет во Аеродром по оној во Мичурин

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 29-Dec-2021 at 12:06
Некој нов маркет во Мичурин,на местото каде беше Жито

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 29-Dec-2021 at 13:30
Кој им го смислувал логото имал смисла за хумор Или, пак, навистина се толку глупи и не забележале ништо. Нека се распрашаат што значи ass на англиски.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20847
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 29-Dec-2021 at 13:44
Затоа и постирав,првпат го гледам овој маркет кој сеуште не е отворен мислев да не го има во некој друг дел од градот па сега се проширува и овде...
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 29-Dec-2021 at 19:15
Не верувам дека англиски им била појдовната точка за името АС, 100% е некоја комбинација од „Ана/Стефан“, „Александар/Софи“ или како и да е
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 29-Dec-2021 at 21:41
Имате нови вести за Лидл?Во која фаза се?
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 14-Apr-2022 at 14:59
дали некој може да стави фотографии или информации за отворањето на ТЦ Вел Сити во Велес?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 14-Apr-2022 at 17:39
Имаш тука видеа


https://www.facebook.com/velcityveles/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15260
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 19-Sep-2022 at 15:43
Нов продажен објект на Клевер МК (канцелариски материјали и слично), на ул. 808 бр. 2 во Скопје















локација

https://www.google.com/maps/place/Klever-MK+Knizhara/@41.9989596,21.4620372,18z/data=!4m5!3m4!1s0x0:0xa82122f89d3f22d0!8m2!3d41.9989264!4d21.4623131
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 24252627>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.598 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.