build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов објект на Комерцијална Банка (Сан Марко)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Apr-2008 at 10:31
Да не навлегувам премногу во тоа дека целата работа околу објектов е многу матна (како експресно доби маркица и дозвола). За тоа веќе зборувавме.

Но неможе а да не ми падне во очи стандардната новинарско дилетантство. Ни мање ни више монструм. Како црквата некој не ја нарече монструм? Тогаш ќутеа како мулиња а сега почнуваат да хушкаат слично како во случајот со Лумикс каде од комплетно легитимен објект направија баук.

И живо ме интересира кои се тие архитекти на кои ќе им се наруши автентичноста на градот. Т.Е. во право се, централниот плоштадот залепен за пасиште на кое живеат чергари е стварно нешто автентично, никаде во свет го немам тоа видено. Bash

НЕЛЕГАЛНИ СЕДУМ МЕТРИ ОД ОБЈЕКТОТ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД
Главата на монструмот е дивоградба?

Елена Мачевска

За објектот во изградба на градскиот плоштад се платени комуналии само за висина од 22, 5 метри, иако според ДУП за оваа локација новиот објект ќе биде висок 29 метри, дознаваме од извори во општинската администрација. Градоначалничката на општина Центар, Виолета Аларова, не знаеше за колкава сума и за колку квадратни метри се платени комуналии. - Јас не сум потпишала ништо за овој објект. Тоа го прават планерот и раководителот на секторот за урбанизам. Информации треба да барате од таму. Инаку, ништо не е работено нелегално, се е законски - вели Аларова. Архитектите, пак, тврдат дека објектот на градскиот плоштад ќе ја наруши автентичноста на градот. Тие сметаат дека секое место мора да има простор што ќе претставува лице каде што граѓаните ќе се одмораат и ќе се рекреираат. - Во последно време Деталниот урбанистички план се донесува врз основа на партиски барања. Никој не ги прашува архитектите. Политичарите не го третираат централното градско подрачје така како што треба, туку за остварување на некои свои желби. Ставаат маркички и каде што треба и каде што не треба - велат архитекти од „ЗУМ“, претпријатие за урбанизам проектирање и инженеринг. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија велат дека сега веќе е доцна да се реагира за овој објект. - Треба да се реагира додека не се стави маркичка за оваа локација. Моравме да преземеме нешто пред да почне изградбата - вели Кокан Грчев од Асоцијацијата на архитекти. Според него, секој можел да реагира на јавната презентација за овој локалитет. - Сега објектот има маркичка и неговата градба е легална. Спорна е само неговата висина, која требаше да биде 22,5 метри. Не знам кога се направени измените и сега висината на објектот изнесува 29 метри - додава Грчев. Инаку, инвеститор на објектот на плоштадот пред зградата на Македонски телекомуникации е италијанската компанија „Сан Марко“. Сопственик на парцелата е скопската фирма „Уни-М“, која во Централниот регистар е пријавена како претпријатие за трговија на мало. Веќе неколку дена во просториите на ова претпријатие на улицата Наум Наумовски - Борче нема никој. Исто така, ниту од општина Центар не сакаат да кажат за каков објект станува збор. Надлежните ниту вчера не потврдија дали се платени комуналиите и за колкава катност. Од Центар не сакаат да кажат ниту, пак, на која седница се усвоени измените на Деталниот урбанистички план за локалитетот „Мал ринг“. Сепак, како што дознаваме, на 72. седница на Советот на општина Центар набрзина и без многу дискусии било инсистирано да се усвои овој план. Според информациите, објектот се гради на површина од 3.500 квадратни метри и ќе биде висок 29 метри, со приземје, седум ката и со дополнителен кат под покривот.

Е. М.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1372&ArticleID=89082
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Apr-2008 at 12:21
Во Македонија кога ќе го видиш насловот и пред да почнеш да ја читаш веста, мораш онака измеѓу да ѕирнеш уствари со кој медиум си имаш работа! Еве на пример ова у време е излезено. Знаеме дека време е на Велија, може му е криво што не успеал да ја земе парцелата, може се има срчкано со газдата, или па сеуште го гази за опаш трифка. Значи секој текст е од интерес, дури и временска прогноза!!!


А онаа па реченицата болдираната...!!! Па вреди ли бе за ова да се трошок да се прави по весници?! Текстов е стварно тенденциозен и тука завршува. За жал пак доаѓа она со вицот со пеколот!!!
Back to Top
JoAnS View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote JoAnS Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 18-Apr-2008 at 17:46
Zgradava definitivno ke go razubavuva plostadot, samo steta sto ke ja skriva postoeckata zgrada na MT.....
Ali kako i site objekti vo Skopjevo sto se gradat premnogu zalepeni, zosto pa ova bi bilo porazlicno....
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 18-Apr-2008 at 17:50


Зградата на Телеком и онака нема да може да се гледа од плоштад кога ќе се комплетира Мал Ринг. Мене ми се допаѓа добивањето на густина. Доколку излезе како што треба зградава на што се надевам сигурно ќе биде импресивно да помине човек на уличката меѓу нејзе и Телеком.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 18-Apr-2008 at 17:59
Еве денеска веќе мислам дека се заврши со копање. Се поздава веќе обликот на дупката, барем колку што можев да заклучам од камерата на идивиди. И да ви кажам не ми изгледа дека ќе биде толку големо како што го замислував!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Apr-2008 at 19:27
@ pbanks

Зградата на телеком веројатно ќе се надѕираше ако оваа не се вцрташе, ама тоа ми е прилично ирелевантно. Мене на пример многу повеќе ми боде очи тоа што зградава не ја прати линијата на другите објекти (кога се доаѓа од кај кружниот тек) и го нарушува континуитетот на улицата. Така е кога некој сака да вцрта маркица во постоечки концепт, на место на кое реално нема доволно простор, па тој мора да се узурпира во околината...

Bash Bash Bash



@ JoAnS

Добредојде Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 20-Apr-2008 at 13:34
Originally posted by lslcrew

Еве денеска веќе мислам дека се заврши со копање. Се поздава веќе обликот на дупката, барем колку што можев да заклучам од камерата на идивиди. И да ви кажам не ми изгледа дека ќе биде толку големо како што го замислував!


се гледаше по маркицата од ДУПот дека ќе биде малечка основата
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 20-Apr-2008 at 14:36
Добро, ја кога видов кога го заградија просторот, ми се виде дека ќе биде нешто којзнае колкаво дури и поголемо од телеком. У секој случај зградата е убава вака според рендерите така да не е битно колкава ќе биде.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 12-May-2008 at 18:29
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 13-May-2008 at 00:57
Парцелава некако изгледа ептен мала знае некој квадратура??? На рендерите пак обратно  таму зградата изгледа широка....
Back to Top
nikla802 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 18-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote nikla802 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 20-May-2008 at 01:57
...se vrti muabet deka gazda i mangup pozadi celava (epten golema) zavrzlama stoi Sveto Pivara.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 20-May-2008 at 02:03


Не би ме изненадило... Одамна е јасно дека повеќето наши „олигарси“ ги финансираат и одлично функционираат и со двете големи партии, па не им прави некоја разлика кој е моментално на власт. Затоа можат да прават буквално што сакаат, а ние со законите и со урбанистичките планови може да си го избришеме газот.

Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 20-May-2008 at 08:06
Originally posted by nikla802

...se vrti muabet deka gazda i mangup pozadi celava (epten golema) zavrzlama stoi Sveto Pivara.


ај да склопам една шпекулација (базирана исклучиво на тоа што го имам читано по медиуми пред неколку години). Свето стребаше да го донесе Радисон САС во Македонија. Се зборуваше за локации во Скопје и Охрид. Локацијата во Скопје беше 5.2 во мал ринг која си постоеше уште пред претходниве ревизии и вметнувањето на 5.2.2. Според медиумските написи целата работа заглави со земјиштето. Дел имаше Свето а дел беше предмет на денационализација и спорови. Дали делот што го имал Свето тогаш е овој во делот на 5.2.2 и решил елегантно да искористи со помош на заврзламава.... може само да нагаѓаме.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 20-May-2008 at 08:48
Како и да е, едно е јасно. Сигурно е некој домашен, а не некаков си италјански инвеститор, кој ете имал баш толкава желба и потреба да гради зграда со основа 2х2 во средина која не му е позната. Ама еве нашиве олигарчиња упорно се кријат зад разноразни „странски“ фирми. Сигурно си имаат некаква математика.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 25-May-2008 at 17:09
Прва плоча:
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 19-Jun-2008 at 02:59
Ова више почна да никнува над земја. Вчера биднаа и првите столбови над земја.

Утре сабајле во посветла варијанта!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 19-Jun-2008 at 15:02
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8901
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 19-Jun-2008 at 15:10
Да легне плочава на први кат за некоја недела па да почнеме да сликаме и од терен Малце друга перспектива да добиеме
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Jun-2008 at 15:46
PreviousСамо многу мала ми се чини основата. Се надевам нема смешно да делува.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 19-Jun-2008 at 17:26
Originally posted by UrbanFreak

PreviousСамо многу мала ми се чини основата. Се надевам нема смешно да делува.


Основата е колку Македонска Банка и веројатно нешто малку поголема, така да иако се слагам со тебе дека не е баш најдобро решение, сепак не го гледам тоа како некој голем проблем... Објектот сепак е складен и изгледа убаво.

Но дури и за да збутаат толкава мала основа во веќе обмислен урбанистички план, морале тотално да ја нарушат градежната линија од јужната страна и да навлезат во нешто што треба да биде широк пристап од и кон плоштадот... Така да сега кога ќе се иде према плоштад од таа страна, прво ќе се иде по широка пешчка улица, а после ќе мора да се помине низ упола потесно пролазче за да се излезе на плоштад...

Crazy

Вакви груби злоупотреби за нечии лични интереси се можни само во крајно корумпирани и несредени држави. Абе за ова некои треба да лежат!


Edited by Cloverstack - 19-Jun-2008 at 17:27
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.