build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)
    Posted: 23-Oct-2020 at 11:07
Се чини како да се работело на фасадата тука, мислам дека порано беше само гола конструкција.



За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-May-2017 at 12:07
Ристоска: Бараме замрзнување на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени се и генералните секретари

...Ќе бараме замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, имотот на партијата не се користи само за целите на партијата, има имоти кои се пасишта. Има 12 барања, во просек по 3 имоти, ваквиот имот имаме докази дека е предмет на кривично дело, Ќе се бара замрзнување на имотот на партиската зграда”, рече Ристоска...

http://a1on.mk/archives/742455
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Dec-2016 at 12:31
ВМРО-ДПМНЕ – Како изгледа седиштето на најбогатата партија во Европа

Внатрешноста на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше изложена за очите на јавноста. Партијата строго контролира кој влегува, а кој излегува. Таму не се одржуваат прес-конференции, а на оние кои влегуваат не им е дозволено да ги понесат мобилните телефони. Накусо, ВМРО-ДПНЕ има обезбедување посилно и од она на Американската амбасада. Сепак, на фан страницата на Фејсбук на „Странски служби“ (саркастично име на група индивидуалци кои на комичен начин прават осврти на актуелните политички случувања) се појавија оригинални фотографии од седиштето на партијата. Претходно, НОВАТВ објави фотографии од дел од уметничките слики кои се поставени на ѕидовите во седиштето, додека СКУП објави дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогатата политичка партија во Европа, побогата и од онаа на германската канцеларка Ангела Меркел.

Повеќе на: http://novatv.mk/vmro-dpmne-kako-izgleda-sedishteto-na-najbogatata-partija-vo-evropa/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 14-Nov-2016 at 00:08
Skopje by Carsten Bartmann, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 01-Nov-2016 at 22:59
Најлошиот дел од сето ова е што по читањето на анализава, не се осеќам изненаден или напизден... Едноставно како да си прочитав сиже на IMDb.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 01-Nov-2016 at 22:17
ИСТРАЖУВАЊA

Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец

Школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот

Автор: Владо Апостолов

Објавено на 01 ноември 2016


Власта носи привилегии, апсолутната власт, пак, носи голем имот. Вака некако може да се преформулира позната максима на англискиот историчар Лорд Ектон во случајот со ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиното ново, поголемо и накитено седиште во центарот на Скопје.

Денес тоа здание личи на неокласичен дворец, кој блеска со сите свои осум ката плус спорната тераса, буквално стуткан во триаголникот меѓу сивите остроаголни згради на хотелот „Бест вестерн“ и онаа на „Технометал-Вардар“.

Трагајќи по тоа како препознатливата жолта трикатница на ВМРО-ДПМНЕ се претвори во габаритен објект висок 29 метри, стигнавме до заклучок дека новото седиште ќе беше само нечија замисла, доколку партијата не ги поседуваше сите лостови на власта.

Приказнава е школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот.

Платиле по 110 евра за квадрат

ВМРО-ДПМНЕ управуваше со центарот на градот уште од самиот почеток на милениумов, меѓутоа дури откако партијата се зацврсти на централно ниво во 2007, советниците во општината Центар ги утврдиле границите на денешново здание.

Тогаш за прв пат по 1997 година го смениле деталниот урбанистички план (ДУП) и околу жолтата трикатница, која зафаќаше 200 квадратни метри, нацртале нова градежна парцела со површина од околу 1.200 квадрати.

Според овој ДУП, првичната идеја била таму да подигнат нова шесткатница со канцеларии, висока 25 метри и со габарит од нешто помалку од 700 квадрати, меѓутоа за да можела партијата да се шири и да се извишува, прво требало да ја регулира сопственоста врз земјиштето.

Целата градежна парцела се простирала врз државно земјиште и според официјалните документи уште на почетокот од наредната 2008 Катастарот ги земал работите во свои раце, прекројувајќи и спојувајќи парцели, така што ВМРО-ДПМНЕ можела потоа со еден договор во пакет да ја купи целата земја.

Тоа се случило веќе наредната 2009.

Таа година во јуни Миле Јанакиески во име на Министерството за транспорт и врски ѝ го продал целото земјиште на ВМРО-ДПМНЕ по пат на непосредна спогодба. Од страната на партијата овој договор го потпишал Мартин Протоѓер во улога на тогашен генерален секретар.

Со други зборови, ВМРО-ДПМНЕ од државата што ја водела самата партија купила две парцели, онаа под жолтата зграда и поголемата околу неа, со вкупна површина од 1.241 метар квадратен или речиси колку што изнесува градежната парцела за новото седиште. Партијата го купила земјиштето за нешто повеќе од 130.000 евра, односно приближно за 110 евра по квадрат.

Тоа е цена која е далеку пониска од пазарната во најатрактивната општина во Македонија, бидејќи истото Министерство за транспорт и врски во центарот на Скопје наредната 2010 година продаде државно земјиште на јавна аукција за 3.000 евра по квадрат.

Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ го искористила Законот за градежно земјиште, поточно одредбата која вели дека сопствениците на легалните објекти може да ја приватизираат целата градежна парцела со договор во четири очи според цените што ги одредува Владата.

Ова се впрочем и единствените пари што ВМРО-ДПМНЕ ги вложила за изградбата на новата зграда, бидејќи подоцна го ангажираше „Бетон“ – АД Скопје како коинвеститор.

Партијата го даде земјиштето, компанијата го градеше објектот.

Им се брзало за дозвола за градење

Откако ВМРО-ДПМНЕ го пазарила земјиштето, објектот почнал да се шири и да расте во височина.

Во наредните години со неколку промени на ДУП-от за Мал ринг, габаритот на објектот пораснал од почетните 700 квадрати на околу 1.200 или колку што е целата градежна парцела, скокнал од 25 на 29 метри со што се зголемил и бројот на катови од шест со приземје на осум со приземје и поткровје на кое подоцна му е доградена и тераса.

Па така летото 2012, ВМРО-ДПМНЕ преку весниците бараше коинвеститор што ќе изгради објект од два дела, кои ќе имаат посебни влезови и откако ќе финишира градењето, фирмата ќе биде обврзана едниот дел да ѝ го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ по принципот „клуч на рака“.

И додека траеле подготовките за новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, се случија локалните избори на кои партијата по повеќе од една деценија ја изгуби власта во општината Центар.

И за време на изборите поради скандалот со гласачите од Пустец, меѓутоа посебно по „бомбите“ на Зоран Заев и по истрагите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се дозна дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудела да не ја изгуби оваа општина, а подоцна кога сфатила дека тоа е невозможно со сите усилби го одложувала предавањето на локалната самоуправа избоксувајќи втор и трет круг на изборите.

Токму меѓу вториот и третиот круг на гласањето во општина Центар, на 10 април 2013 администрацијата на градоначалникот во заминување, Владимир Тодоровиќ, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ издала одобрение за градба на седиштето. Со тоа законски го покрила и обезбедила градењето на новото седиште и практично се спасила од ревизијата на урбанистичките планови, кои новиот градоначалник Андреј Жерновски се обиде да ја спроведе.

Има уште еден проблем со актуелната градежна маркичка на ова партиско седиште.

Она што е спорно од аспект на процедура е тоа што маркичката за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2012 добила преширока ознака Б, објект за комерцијални и деловни намени, а не поконкретна ознака Б4 – деловни простории или Б5 – хотел.

Правилникот за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, кој има сила на подзаконски акт, не дозволува во деталните урбанистички планови вака прешироко да се обележуваат градежните маркички туку стриктно бара да се дефинира нивната конкретна намена, хотел или, пак, деловни простории.

Проблемот е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ на овој начин била привилегирана да гради што сака во доменот на она што спаѓа под комерцијални и деловни објекти, а таа привилегија ја немаат другите организации, фирми и граѓаните.

За крај, вреди да се спомне дека скопски „Бетон“, кој со свои средства го изгради новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ врз земја што партијата ја купи по повластена цена, е градежната компанија што доби третина од парите наменети за изградба на „Скопје 2014“, дури 215 милиони евра до сега.

Таа е прва на листата фирми што добиле најмногу пари од проектот што го водеше ВМРО-ДПМНЕ преку Владата и преку општината Центар.

http://prizma.mk/kako-zholtata-zgrada-prerasna-vo-neoklasichen-dvorets/
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 620
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Oct-2016 at 20:27
Robbi-MKD да го консултирам дали оваа сала(на видеото) што последно често се појавува на по медиуми е во новото седиште на гујо?
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 824
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Aug-2016 at 15:58
Задната третина се соѕидува и се поставува фасада на овој објект



Edited by mirakuliks - 24-Aug-2016 at 15:59
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3897
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Jun-2016 at 10:28
Каков срам леле што се дешава
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1913
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Jun-2016 at 09:53
kaj ni e sega king da ne' prosvetli kako ova e prekrasna umetnost i drzavnicki poteg
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3897
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Jun-2016 at 21:28
Диктаторски ама изгради гипс ск 2016 па и 2017, тоа што Хитлер не успеа.

Edited by my Macedonia - 01-Jun-2016 at 21:30
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Jun-2016 at 20:14
Originally posted by Џоле

Република Северна Кореја Македонска

________________________________

Извори блиски до раководството на владејачката партија кои сакаа да останат анонимни, до редакцијата на НОВАТВ доставија фотографии од уметничките слики кои наводно за партијата ги изработуваат украински и бугарски автори. Дел од овие автори биле ангажирани и на изработката на сликите и масивните сцени поставени во Музејот на македонската борба и во други објекти од проектот Скопје 2014.













Според информациите на НОВАТВ, нарачани се над 50 уметнички слики со позлатени рамки. Најголема, со огромни димензии четири метри на осум метри, ќе биде фамилијарниот портрет на екс премиерот Груевски, заедно со сопругата Боркица, двете ќерки и неговата мајка Нада. Според изворите на НОВАТВ опремувањето на седиштето чини повеќе милиони евра. Надлежен за визуелниот дел и како да изгледаат сликите бил генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, кој им давал сугестии на авторите.

НОВАТВ ги побара авторите на уметничките слики и портпаролот на партијата Иво Котевски. Со него сакавме да ги провериме инфромациите дека набавката на сликите се одвивала преку постоечки набавки за државни институции, но и покрај тоа што добивавме известувања дека нашите пораки се прочитани, тој не одговораше на нашите пораки ниту повици.

http://novatv.mk/ukrainsko-art-stsenario-vo-partiskata-zgrada-na-vmro-dpmne/

 
Ми се допаѓаат сликите, мислам дека одлично ќе се вклопат во објектот, но само под услов истиот да биде пренаменет во затвор.
 
Мислам дека државата треба да изврши експропријација на овој објект, да го пренамени во затвор од најлоша категорија во целата држава, како на пример, како што е со затворите со максимално обезбедување во САД, каде што затворениците остануваат затворени 23 часа во едно деноноќие во ќелиите, а само 1 (ЕДЕН) час во деноноќието им е дозволено надвор од ќелиите - во мензата, бањата и затворскиот двор.
 
Бидејќи не сакам таканаречениот плоштад ВМРО да се претвори во затворски двор, мислам дека ќе биде најдобро ваквиот затвор да биде без затворски двор, така што затворениците надвор од ќелиите ќе можат да одат само во мензата и бањата.
 
Овие слики да бидат сместени во затворската менза.
 
Затворот мора да биде наменет исклучиво само за осудени службени лица и поранешни државни и јавни функционери. Ќе биде интересно да се видат бирократските ѓубриња од луѓе во мензата како ручаат и гледаат во сликите на луѓето поради кои завршиле зад решетки, па ако по чиста случајност некоја од тие личности од сликите заврши со нив во затворската менза, ќе биде интересно да се видат реакциите на бирократските ѓубриња кога ќе ги видат истите тие личности на лице место, а не само на сликите.


Edited by Dexter26 - 01-Jun-2016 at 20:18
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Jun-2016 at 19:24
Видете, ако сте ги гледале т.н. уметнички дела од времето на Сталин, во последната фаза од нивната изработка на луѓе на платно, тогаш се ќе разберете. Добро е што овие дела ќе бидат поставени во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е и да се врати дотичниот на премиерска позиција. Еден поглед на нормален човек од страна што ќе им дојде ќе биде доволен со кого си имаат работа.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 01-Jun-2016 at 19:07
Груевски! Партијата! Државата!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 744
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 01-Jun-2016 at 18:52
многу смешно. корупцијата без крај, како да е од некој филм...





Edited by macedonia - 01-Jun-2016 at 18:54
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 01-Jun-2016 at 18:42
Република Северна Кореја Македонска

________________________________

Извори блиски до раководството на владејачката партија кои сакаа да останат анонимни, до редакцијата на НОВАТВ доставија фотографии од уметничките слики кои наводно за партијата ги изработуваат украински и бугарски автори. Дел од овие автори биле ангажирани и на изработката на сликите и масивните сцени поставени во Музејот на македонската борба и во други објекти од проектот Скопје 2014.













Според информациите на НОВАТВ, нарачани се над 50 уметнички слики со позлатени рамки. Најголема, со огромни димензии четири метри на осум метри, ќе биде фамилијарниот портрет на екс премиерот Груевски, заедно со сопругата Боркица, двете ќерки и неговата мајка Нада. Според изворите на НОВАТВ опремувањето на седиштето чини повеќе милиони евра. Надлежен за визуелниот дел и како да изгледаат сликите бил генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, кој им давал сугестии на авторите.

НОВАТВ ги побара авторите на уметничките слики и портпаролот на партијата Иво Котевски. Со него сакавме да ги провериме инфромациите дека набавката на сликите се одвивала преку постоечки набавки за државни институции, но и покрај тоа што добивавме известувања дека нашите пораки се прочитани, тој не одговораше на нашите пораки ниту повици.

http://novatv.mk/ukrainsko-art-stsenario-vo-partiskata-zgrada-na-vmro-dpmne/
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Apr-2016 at 17:04
...најчуваната зграда во Македонија во изминативе две и пол децении
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 27-Apr-2016 at 14:09
Исти се! Ах тој фашистички диктатор...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13221
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 27-Apr-2016 at 13:54
Претерана споредба?

За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2275
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Jan-2016 at 20:42

SSC

Edited by Staro Skopje - 03-Jan-2016 at 20:43
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.