build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центар Кожуф

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 02-Feb-2014 at 19:19
istrazija kolku sakas, ne platile struja i nema skijanje ovaa sezona na ovoj svetski ski centar naJJubaf na balkano I europa I taka nataka
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 01-Mar-2014 at 21:09
патот до скијачкиот центар од гугл

Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 26-Mar-2014 at 02:08

znae li nekoj nesto za avstriskiot partner koj se povlekol po grckata kriza, i voopsto kolku krizata ko takva gi odvrakja grcite da skijaat na kozuf

koja sodrzhina mu falu na centarov, mozhebi konjichki klub ili banja, komotno mozhat i za FFM da napravat regionalen trening centar a i ksm bi imale fajde od letni kampovi gore



Edited by +Protagorist - 26-Mar-2014 at 02:10
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 31-Mar-2014 at 21:36
Originally posted by Portal

istrazija kolku sakas, ne platile struja i nema skijanje ovaa sezona na ovoj svetski ski centar naJJubaf na balkano I europa I taka nataka


Со извинување однапред, иронијата на "Портал" е супер бидејки за жал во последно време оваа нишка стана многу жална, со емотивни постови, клипови со демагогија и чудни вон-димензионални прашања.

К


Edited by KraFT - 31-Mar-2014 at 21:39
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 03-Jul-2014 at 20:20
Пред една недела 3 дена бевме на СКИ центар Кожуф од каде што учествувавме во натпревар од светски ранг.
 
Ангел Наков ни овозможи да го користиме ресторантот што се наоѓа на 2030 метри надморска висина - веднаш до ски патеките.

Што се однесува до проблемот со струјата веќе е решен и големиот агрегат кој што го носевме немаше потреба да се вклучува Applause

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 07-Jul-2014 at 18:40
а што натпревар е тоа во среде лето?малку сум неупатен во овие работи

Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 10-Jul-2014 at 19:51
Наптревар на ултра кратки бранови меѓу радиоаматери од целиот свет.

За добар пласман потребна е добра локација а пожелно е да биде на што повисока точка која што доминира со околината.

Ски центар Кожуф ни одговара по сите параметри што ни се важни, релативно лесен пристап, електрична енергија, голема надморска висина итн.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 06-Nov-2014 at 22:58
03.11.2014

Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 08-Nov-2014 at 13:47
Ima nekoj informacija sega, ovaa godina ke imali skijanje na Kozuf ?? platenilise dolgovite za struja... i slicno
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 15-Dec-2014 at 13:41
Kожув нуди слободно скијање надвор од ски-патеките



Веќе десетина дена не е прооден патот до ски-центарот „Kожув“. Причината е свлечиште од одрони на земја и карпи како и снежна покривка од триесетина сантиметри на последните 8 километри до населбата. Од ски-центарот велат дека во вакви услови првпат од нивна страна се нудат фри рајд-можности или слободно скијање надвор од подготвените ски-патеки. Се прават договори со туристи што би дошле заради вакво нешто во групи, а тие до центарот ќе бидат однесени со ратраци или со специјални машини за чистење снег...

повеќе на: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=F429A787EF714B43B779CA311AE6B5FC

Edited by jyvation - 15-Dec-2014 at 13:41
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 20-Dec-2014 at 23:05
Состојба на патот Смрдлива Вода – Ски центар Кожуф Р112 19.12.2014











Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 23-Nov-2016 at 09:04
СКИ-ЦЕНТАРОТ „КОЖУФ“ ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ

Велес – Акционерското друштво Ски-центар „Кожуф“ отиде во стечај. Ова е одлука на Основниот суд во Велес, кој за стечаен управник го именуваше Богољуб Макревски. На тој начин е затворена една од поголемите гринфилд-инвестиции во земјава, вредна 20 милиони евра. Ски-центарот и досега не работеше поради лошата финансиско- материјална состојба и долг од 12,5 милиони евра. Стечајот е отворен по барање на 11 поранешни вработени. Иако нивното барање е доставено на 17 март, рочиштето за отворање стечај се одлагаше во неколку наврати, со цел да се најде решение и излез од кризата. На вчерашното рочиште, претстечајниот управник Макревски на присутните предлагачи им ги образложи ситуациите што може да настанат во случај да се отвори или да не се отвори стечај и какви се нивните можности да си ги намират побарувањата.

„Друштвото е со блокирана жиро-сметка три години. За минатата година според завршната сметка должи 758 милиони денари. Но, има и обврски кон директните вложувачи. Така што, правно се исполнети условите за отворање стечај. Има инвеститор кој сака да влезе во Друштвото со милион евра и да ја деблокира сметката и така да бидат исплатени парите. Одлуката е на барателите“, изјави Богољуб Макревски, претстечаен управник во Ски центар „Кожуф“ со седиште во Кавадарци.

Откако го сослушаа дел од поранешните вработени решија да побараат отворање на стечај, а стечајната судијка го прифати нивното барање. Залудни беа напорите и укажувањата од извршниот директор на Ски-центарот, Ангел Наков, да ги разубеди од ваквиот чекор.

„Нивните побарувања се околу 40.000 евра или 0,3 отсто од вкупните долгови. Во почетокот, во 2011 година на вработените авансно им дававме пари на рака, со очекување дека кризата ќе помине. Има големи компании на кои им должиме, а кои не бараат друштвото да оди во стечај, оти веруваат дека ќе излеземе од кризата. Имаме две сериозни странски компании кои сакаат да влезат со висок влог. Предлагам да се почека. Треба овие лица да знаат дека целиот имот е под хипотека на Стопанска банка и ако отидеме во стечај, тие нема ништо да добијат. До ваква неликвидна ситуација и Ски-центарот да не работи пет години, дојдовме затоа што толку години не се изгради регионалниот пристапен пат. Започна да се гради 2011, а имаме најава дека ќе профункционира деновиве“, изјави Наков.

Тој потсети дека Центарот работел само три години од отворањето, од 2007 до 2010, а потоа бил празен. Центарот се простира на 1.500 до 1.700 метри надморска височина, веднаш на границата со Грција. Поседува повеќе ски-патеки, најголемата жичарница на Балканот, ресторани, машини за создавање и чистење снег, 700 бунгалови за гости. Планот на инвеститорите беше Кожуф да биде македонски одговор на бугарското зимско одморалиште Банско. Собранието на доверители на кое ќе се разгледуваат побарувањата на доверителите е закажано за средината на јануари следната година.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B91BDF17150B9B47B826EB4F03FF11B9
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 17-Jul-2018 at 14:34

Дали ски центарот Кожуф ќе се врати на сцена?!

skimacedonia 11/07/2018 Коментрај

Kozuf%20Januari%202016%20%289%29

Собранието на доверители Ски-центарот Кожуф донесе одлука да се зголеми бројот на членовите на Oдборот на доверители од три члена на пет члена, кои треба да му помогнат на ски центарот да излезе од криза и да профункционира.

Собранието на доверители донесе одлука со која за нови членови на Одборот на доверители се избрани доверителите „Мигро ресортс“ ДООЕЛ Гевгелија и „Гофи груп оф финанце анд инвестмент С.А“ (GOFI GROUP of finance and investment S.A) од Швајцарија, па така новиот Одборот на доверители e во следниот состав: Стопанска банка АД Скопје, Република Македонија-Министерство за финансии-Управа за јавни приходи-РД Прилеп, акционерското друштво за осигурување и реосигурување Македонија Скопје Виена иншуренс груп, Мигро ресортс и Гофи груп.

Собранието на доверители ја прифати иницијативата за подготовка на План за реорганизација доставена од доверителот „АМБ траде интернационал ЛТД“ од Прилеп , кој треба да пристапи кон подготовка на планот за реорганизација и да го достави до Основниот суд Велес во рок од 45 дена.

Инаку новиот доверител во Одборот, „Гофи гроуп“ е фонд кој е во сопственост на македонскиот бизнисмен Трифун Костовски.



http://skimacedonia.mk/dali-ski-centarot-kozuf-ke-se-vrati-na-scena/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 313233

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.