build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Сончева енергија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Сончева енергија
    Posted: 28-Apr-2008 at 18:14

ЌЕ СЕ ГРАДАТ СОЛАРНИ ЕЛЕКТРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА


Соларни електроцентрали ќе се градат во Македонија Во Регулаторната комисија е веќе во тек изработка на ценовник за струјата произведена од сончева енергија. Ценовникот треба да стапи на сила од почетокот на јули оваа година.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски вели дека ценовникот е во подготовка, бидејќи веќе има голем број заинтересирани инвеститори.
- Интересот за вложување во овој извор на енергија е поврзан со откупната цена на струјата произведена од соларна енергија која е највисока од сите алтернативни извори на енергија. Очекуваме за два месеци ценовникот да биде готов, бидејќи тој е предуслов за доаѓање на инвеститорите - вели Ивановски.
Примената на соларната енергија во европските земји бележи пораст од 35 отсто годишно. Во моментов во Европа се инсталирани 115 гигавати во соларните колектори.
Најголемата соларна електроцентрала се наоѓа во Португалија, која произведува струја за 8.000 семејства, а за да се изгради беше потребна инвестиција од 60 милиони евра.
Доколку во Македонија оптимално се користи соларната енергија, емисијата на јаглерод диоксид во воздухот би се намалил за 375 илјади тони годишно. Македонија има 270 сончеви дена во годината, односно голем потенцијал за изградба на соларни електроцентрали.

ИВАНА БИЛБИЛОВСКА

преземено од: http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=25787&kategorija=%C5%EA%EE%ED%EE%EC%E8%BC%E0
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Apr-2008 at 19:58
Кога би го направиле ова би било прекрасно, но секогаш кај нас има едо НО ....

Иначе сега е падната цената на панелите 1W =1$, тоа и за нас е чак е приступачно, ако владата го исфрли уште и ддв-то и царината, па тогаш секој ке постави дома, и сите среќно ќе живееме.

линк за пад на цената на панелите

http://solveclimate.com/blog/20071219/1-watt-itunes-solar-energy-has-arrived
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 17-Sep-2008 at 19:00

An Israeli company will construct the first solar power plant worth 1 billion euros in the vicinity of Sveti Nikole that will solve the chronic problem with lack of electricity in the country. 
Ovce Pole, where there are 319 sunny days in the year will be the first solar valley in Europe where the solar energy will be maximally used. The signing of this agreement between Sveti Nikole Mayor and the leading people of the Israeli multinational company AIG for construction of 90 windmills that took place in June heralded the construction of the solar valley. From within the Israeli company they promised that the windmills will be finished in six months and the power plant in three years.
Sources: Spic; Kanal5

качено од http://www.skopjediem.com/assets/pages/sub_news2.html

ApplauseBanana
RollinEeek

Ова ако дојде реалност ќе биде па супер.

Брз превод, се планира да се гради Соларна станица за енергија и 90 ветерници.

1 милјарда евра за Соларната а преку други вести милам околу 360 м евра за Ветерниците.

АИГ ветува дека ветерниците ќе се доизградат за 6 месеци, а соларната станица за 3 години.

п.с Море остарев 100ти пост Cheers



Edited by shyes - 17-Sep-2008 at 19:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Nov-2008 at 08:40

Производство на столбови за сончеви колектори во Прилеп

ПРИЛЕП - Столбови за ветерници и сончеви колектори ќе произведува словенечкиот, а не израелскиот партнер, како што претходно беше најавувано. Вака реши Собранието на акционери на прилепската фабрика за челични конструкции „Металец“.

„Акционерите не прифатија докапитализација на фирмата што ќе се случеше доколку израелската компанија од Тел Авив беше инвеститор на капацитетите за алтернативна енергија“, рече Јандре Здравески, директор на „Металец“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=4C4B65E00090AD48894423573CB561EF


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 24-Jan-2009 at 00:44

ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ИЛИНДЕН


Централа од сончева енергија ќе прави струја


Централата ќе биде готова за два и пол месеци, а во неа 70.000 инвестираше скопската фирма Сиесто, која ја изградил првата еколошки и енергетски независна куќа во земјава


За два и пол месеци во скопската населба Илинден ќе почне со работа првата, комерцијална, сончева, електрична централа во земјава. Централата ќе ја преработува сончевата енергија во електрична и ќе ја продава на дистрибутивната компанија ЕВН - Македонија. Според Звонко Марковски, директор на скопската фирма "Сиесто", инвеститор на централата, таа веќе се гради на локација во селото Кадино, а струјата што ќе биде произведена ќе биде за 11 отсто поевтина од онаа што сега потрошувачите ја плаќаат на дистрибутивната компанија.
- Цената на струјата ќе изнесува 46 евроценти по киловатчас -вели Марковски.

Тој додава дека Централата ќе биде со капацитет од приближно 11 киловолти, а на годишно ниво ќе произведува околу 22 мегаватчасови струја. Инвестицијата е вредна 100.000 евра, од кои 70 проценти ги покрива самата компанија, а 30 отсто од парите се обезбедени од програмата на Светска банка за поддршка на обновливи извори на енергија.

Марковски се пофали дека Сиесто пред три години ја изградил првата еколошки и енергетски независна куќа во земјава, којашто своите потреби за електрична енергија и топла вода исклучиво ги задоволува со искористување на сончевата енергија. Дел од струјата што тие ја произвеле како вишок им останала неискористена, бидејќи немало соодветен закон за да ја купи некој. Ситуацијата сега е изменета, донесена е посебна тарифа и законска регулатива со што веќе има можност струјата да биде откупена.

Во земјава има огромен потенцијал за користење на обновливи извори на енергија, смета Љиљана Поповска, претседател на ДОМ. Таа на вчерашната трибина "Обновливи извори на енергија - излез од енергетската криза "укажа дека сонцето, ветерот, биомасата и геотермалните води ги има во доволни количини во земјава, а многу малку се користат и смета дека треба да се поучиме од земјите каде што овие извори максимално се искористени.
- Во Португалија над 40 проценти од вкупната енергија се добиваат од обновливи извори на енергија. Класичен пример е градот Барселона каде што над 50 проценти од вкупната енергија се добива со преработка на отпадот, укажува Поповска.

Таа вели дека слична е состојбата во Словенија, каде што топлинската енергија најчесто се добива од обновливи извори на енергија. Според Поповска, градот Скопје исфрла огромни тони на ѓубре, коишто можат да се искористат како енергија. Таа предлага да се направи едно обединување на науката со економијата, бидејќи има голем број инвеститори коишто можат на тој начин да се реализираат.

Новиот претседател на САД, Барак Обама, веќе најави дека над 500 милијарди долари ќе бидат потрошени за обновливи извори на енергија.

Од биомаса струја за цела Македонија
Од биомаса може да се обезбедат целокупните потреби на електрична енергија во земјава. Според Јасна Иванова- Давидовиќ, директор за развој и инвестиции во Електрани на Македонија, во биомасата има теоретски потенцијал за околу 8.800 гигават-часови годишно или онолку колку што земјава троши на годишно ниво. Македонија е увозно зависна од струја, бидејќи 30 отсто од потребите за електрична енергија на годишно ниво ги задоволува од надворешни производители.
Во домашните производствени капацитети обновливите извори учествуваат со 20 проценти од вкупното производство на електрична енергија. Токму поради тоа, смета Иванова-Давидовиќ, треба да се интензивира градбата на вакви објекти.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3FE13E94B136544FA3C482DA6320B0D3
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 24-Jan-2009 at 02:39
Ме зачудуваат податоциве за Португалија и сличните! У секој случај браво за инвестицијава.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 27-Apr-2009 at 09:26

Сонцето не го трошиме

Поради нискиот животен стандард, изградбата на соларни колектори е прескапа инвестиција за граѓаните, иако земјава има 270 сончеви денa во годината

Македонија има голем потенцијал за искористување на сончевата енергија, но поради нискиот животен стандард изградбата на сончеви колектори е прескапа инвестиција за граѓаните. Вложувањето во сончеви панели за топла вода во просек се враќа за 5 до 6 години што ги прави поисплатливи за инвестирање во споредба со фотоволтажните панели за производство на електрична енергија за што се потребни 20 до 25 години. Искористувањето на сончевата енергија како највисока примена на енергетската ефикасност најдобро се остварува преку изградба на пасивни куќи кои се вистински штедачи на енергија.

- Македонија има 270 сончеви денa, но сончевите колектори не се застапени зашто основната инвестиција е многу скапа - вели Милан Неделковски од невладината организација „Проактива“.

Цената на фотоволтажните панели зависи од потребите за енергија и се движи од 500 евра за производство на струја само за осветлување мали викендички, па до 10.000- 15.000 евра за задоволување на потребите од струја за цела куќа. Директорот на фирмата за производство на специјална индустриска електроника „Сието“, Ѕвонко Марковски, објаснува дека цената најмногу зависи од тоа дали употребувате апарати во домаќинството со висока или со ниска потрошувачка на енергија.

Според генералниот секретар на Македонскиот центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ), Македонка Димитрова - Андонова, во Македонија најраспространети се термалните колектори за загревање на санитарна вода.

- Поради високата цена, фотоволтажните панели многу малку се употребуваат. Најголема употреба на сончеви колектори има во угостителските објекти, а по градови во Гевгелија и Кочани, меѓу другото и поради постоење на фабрички погони за склопување на уредите за претворање на сончева енергија - вели Димитрова- Андонова.

Пасивната куќа е градба со максимална топлинска изолација на ѕидовите, која користи обновливи извори на енергија. За пасивна куќа во Европа годишно се потребни само 15 киловати на квадратен метар дополнителна надворешна енергија.

- Пасивната куќа всушност самата ги загрева и лади внатрешните простории - објаснува Димитрова-Андонова.

За разлика од Македонија, во светот се градат цели населби со пасивни куќи. Најмногу пасивните куќи во Европа се застапени во Германија, Австрија и Шпанија.

- Германија е отидена најнапред во регулативата за имплементирање на енергетската ефикасност. Високиот стандард на населението овозможува градење пасивни куќи кои одржуваат доволно ниво на топлина за да не им требаат дополнителни извори на енергија- вели генералниот секретар на МАЦЕФ.

Македонија е прва земја на Балканот што има воведено соларен тест центар во рамки на Републичкиот хидрометеоролошки завод.

- Тест-центарот ја мери искористливоста на сончевото зрачење на сончевите колектори и издава сертификати за панелите произведени во земјава- вели Владимир Карчицки, претседател на „Проактива“.

За да се поттикне искористувањето на сончевата енергија, која е обновлива и не ја загадува животната средина, Владата две години по ред одобрува 500 субвенции од по 300 евра за инсталиран систем. Воведени се и повластени тарифи за производство на енергија од обновливи извори кои вклучуваат намалување на данокот на додадената вредност на 5 отсто за делови од системите за искористување на сончевата енергија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=55CDA23678460E48BAB88B6645B1CAEF

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Apr-2009 at 21:47
Сето ова е прекрасно но кој во МК може да одвои тие илјадници евра !!??

А владата ја имаше таа акција за топлотни панели кој се исто со илјада евра, а добиваш 300, што за мене е промашена работа бидејќи подобро да ги стимулира нашите произведувачи да цената падне на можностите на населението, па подоцна со намалена потрошувачка на енергија да ги поврати „вложените“ средствата
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 11-May-2009 at 09:24
Сонцето го користиме помалку од еден отсто
Бадијала имаме најсилно сонце во Европа, кога не знаеме да го користиме.

Австрија што има 35 отсто помалку сончево зрачење од Македонија, има над 100 пати поголема искористеност на оваа енергија. На Македонија како држава и се потребни измени и допрецизирања на законските и подзаконските акти за да се зголеми употребата на сончевата енергија, е заклучокот на вчерашната експертска трибина во организација на ДОМ за поголема примена на сончевата енергија.

Една од мерките што можат да помогнат во постигнувањето на целта е државата да обезбеди финансиски средства, кои би им биле позајмени на комерцијалните банки за инвестиции во сончеви колектори.

- Овие средства би им биле доделувани на заинтересираните со поволна каматна стапка не повисока од 3 отсто. На овој начин овие средства ќе обезбедат нови мали енергетски капацитети и би се отвориле нови зелени работни места – изјави Златко Чулев, сопственик на „Етерна Солар“.

Звонко Марковски од „Сието“ препорача намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, за фотонапонските системи, исто како кај сончевите термални колектори и овозможување физички лица да произведуваат и продаваат струја.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=389&ArticleID=24181
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 02-Jun-2009 at 12:10
Сонцето од Кадино ќе н? внесе во Европа
Економија
Македонија од утре ќе фати чекор со Европа. Со пуштањето во употреба на првата сончева централа во Кадино државата ќе се вброи во редот на високоразвиените земји како Австрија, Германија, Грција или Словенија кои одамна имаат вакви централи. Иницијатор и носител на проектот за изградба на сончевата централа е Звонко Марковски од фирмата „Сието“ каде што се произведени и голем дел од материјалите потребни за централата.

- Централата почна со пробна работа од пред 2-3 недели. Сета произведена струја е наменета за продажба, а се добива со помош на фотонапонски панели (таканаречени фотоволтаици). Нејзината моќност е 10,2 киловати, а годишното производство околу 22 мегават часови. Лиценцата за работа ја добивме минатиот четврток од Регулаторната комисија за енергетика, а во следните 2-3 дена треба да се потпише и Договорот со МЕПСО - ни изјави Марковски. Произведената струја ќе се предава на нисконапонската мрежа на ЕВН- Македонија, а плаќањето на предадената струја ќе оди преку МЕПСО, бидејќи според законската регулатива државата преку привилегирани тарифи ја откупува струјата произведена од сонце, ветер и биомаса.

Инвестицијата е околу 100.000 евра, од кои 70 отсто се сопствен капитал, а 30 отсто од кредитна линија на ГЕФ, програма на Светска банка.

Но, Марковски не застанува тука. Тој очекува ваквиот проект за изградба на сончеви централи да добие поширока примена во целата држава и веќе ја промовира идејата за 10.000 сончеви покриви во Македонија. Целта е преку една ваква инвестиција, која ќе ја поддржи државата, со поволни кредити граѓаните сами да произведуваат струја.

-На тој начин и парите и струјата ќе останат во Македонија. Доколку има странски инвеститор струјата ќе остане тука, но парите ќе отидат надвор. Освен тоа Македонија ќе добие една огромна соларна централа од 40 мегавати, која ќе произведува чиста зелена струја во наредните 50 години, а ќе се отворат и нови работни места - вели Марковски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=408&ArticleID=25818
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 02-Jun-2009 at 12:56
Е го споредија човекот што си прави сам струја на покривот и му останува малку вишок, со централите во Германија и САД. Абе да се чуди чоек.

Инаку за поздравување е ова, барем некому му текнало дека не мора да плаќа за струја, туку може и да му плаќаат.


Edited by гитардемон - 02-Jun-2009 at 12:57
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 02-Jun-2009 at 18:19
Готово, влегуваме во развиениот свет... Стварно бе што е ова, иронично е напишано или во тек е некој натпревар за најглуп новинарски напис?

Туку нели има субвенции за ова? Ме буни тоа 70% сопствен капитал и 30% кредит.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 02-Jun-2009 at 18:41
Тие да не беа за соларни колектори, онакви обични за бојлери, бидејќи мислам дека не се истите. Тие навистина се фотоволтаични ќелии, но мора да е поинаков системот. Ама како и да е, и тие субвенциите за бојлери, и тие завршија пред веќе година дена и повеќе.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Jun-2009 at 18:43
Да дефинитивно не се истите, можеби ми се испомешало за што се субвенциите.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 02-Jun-2009 at 21:28
Бе зразлика какви се, колкушто се сеќавам мислам дека беше за соларни панели, без разлика дали се фотоволтаични или оние со флуид (најчесто нафтен дериват) кои се стриктно за затоплување вода.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 02-Jun-2009 at 22:39
Previous За сончеви панели за топла вода
Државата лани за првите 500 колектори во Македонија даде субвенции од 30 проценти од нивната вредност

Втора стимулативна мерка се директните субвенции за домаќинства кои ќе постават сончеви колекторски системи за загревање на топла вода. На почетокот од 2009 година беше објавен јавен оглас за покривање на дел од трошоците на првите 500 баратели за субвенции за поставување на сончеви колекторски системи, но постапката е прекината по укажување на Државната комисија за спречување на корупцијата. Постапката ќе продолжи по завршување на претседателските и локалните избори. Сончевите колекторски системи и компоненти се ослободени од царина, а даночната стапка е 5 отсто.


Edited by Vladimir P - 02-Jun-2009 at 22:40
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 02-Jun-2009 at 23:06
Gledav pred nekoj den na discoveri ili na nekoja druga tv program bese deka vo egiped se postaveni solarni elktran na prostor od 5h(hektari) vkupno solarni elk. imas okolu 400 deka tie 400 se dovolno da go osvetlat luksor i industrijata sto se naoga vo luksor  a mie ovde ne mozem da izgradime ne 10 od tie 400Dunno vo sto e rabotava dali naselenieto e naviknato na nafta i gas i rudni bogastva 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 02-Jun-2009 at 23:57
Алтернативните (природно обнивливи) извори на енергија и методите со кои се добива таа енергија прават да таа енергија е во просек четири пати поскапа од онаа енергија добиена од фосилни извори. Тука е главната поента. Све додека не ги исцицаме фосилните горива на земјинава топка, односно све додека тие фосилни горива не се сведат на минимални резерви и нивната цена додека не се дигне за четири пати и да се доведат на исто компетитивно ниво со обновливите извори, се дотогаш алтернавните енергетски извори ќе се сведуваат на некоја нго-фарса, на фризирани акции, субвенции и слично и тоа све поради економската логика која владее со човештвото. Пааа незнам и во кој крајно анти-капиталистички систем да преминиме пак економската логика е двигателот на економијата (во спротивно и не постои економија него вегетативно задоволување на основни човекови потреби) и повторно се враќаме на она погоре кажаното во мојот пост дека све додека фосилните горива се поефтини, до тогаш алтернативите ќе се на ова ниво коешто се.

Edited by lslcrew - 03-Jun-2009 at 00:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Jun-2009 at 00:16
Плус тоа едно е соларна енергија во Египет, друго во Македонија, трето во Ирска на пример. Затоа пак Ирска која има малку сонце има многу ветар. Ние за жал изгледа сме во некоја средина - имаме и од едното и од другото, но сепак недоволно за да биде поисплатлив некаков позначаен удел во производството, барем засега.


Edited by Cloverstack - 03-Jun-2009 at 00:19
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 03-Jun-2009 at 11:18
Затоа имаш најмногу производство на алтернативна енергија и најмала зависност од фосилни горива во скандинавските земји. Не знаат што да прават со парите владите, можат комотно да ги продаваат бакнотите и како тоалетна хартија за сиромашните. Затоа се тие толку напредни. Ние, а камоли Руанди и Замбија, немаме пари за обични централи, патишта и за пруги (па и за леб), а не за ваква работа. Плус, тие земји на север се толку мали што ем не е тешко да се снабдуваат од обновливи извори, ем не му боди очи никому ако престанат да откупуваат нафта и јаглен. Да речи САД не користиме повеќе нафта од утре, ќе видите Shell, Exxo, BP и уште 20000 фирми во светот како ќе се раздрмаат, и ќе почнат одма во конгресот милијарди долари за поткуп да се плаќаат. Затоа не оди, не сум хипик, ама хипиците во право се кога викаат the big corporations rule the world man!


Edited by гитардемон - 03-Jun-2009 at 11:19
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.