build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Македонски градови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Охрид - град на УНЕСКО
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Охрид - град на УНЕСКО

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 414243
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 08-Jul-2020 at 19:31
Ohrid 1863

The pictures taken by the Viennese photographer Josef Székely during the 1863 Austro-Hungarian Balkan expedition are among the earliest of this part of Europe.

The trip was led by Johann Georg von Hahn - a German scholar and Austrian diplomat, regarded as the father of Albanian studies. It captured life in today's Albania, Kosovo and Macedonia, at the time one of the least explored areas of Europe.

From Durrës, Shkodra and Prizren - then the largest city in the area with 46,000 inhabitants and a centre of a Sanjak - the party of five, including the family doctor of the Bey of Vlorë and a Franciscan priest, advanced south along the river Black Drin, via Dibra (Debar) to Ohrid.

Von Hahn was particularly fascinated by Ohrid and the lake. The group spent ten days here in September 1863 and Székely took eleven photographs of the magnificent town and the surrounding area.

The Székely Collection was first published in the Robert Elsie's album Writing in Light: Early Photography of Albania and the South Western Balkans, 2007. The photos are now at the Bildarchiv of the Austrian National Library in Vienna / www.bildarchiv.at. Thanks to both.


https://www.facebook.com/MyCenturyTV/posts/2376476829069364

За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 09-Jul-2020 at 00:00



Калишта




Свети Наум




Свети Пантелејмон




Света Софија






Пресвета Богородица со Охрид




Самоилова Тврдина






Канео




Заум



~

http://albanianphotography.net/szekely/index.html



Edited by Zelenikovo - 09-Jul-2020 at 00:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #843 Posted: 21-Jan-2021 at 17:33
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #844 Posted: 16-Apr-2021 at 09:17
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #845 Posted: 27-Apr-2021 at 07:35
Украинците го откриваат Охрид, благодарејќи на нововоспоставената авиолинија Киев-Скопје



Edited by Џоле - 27-Apr-2021 at 07:35
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #846 Posted: 31-May-2021 at 17:19
НАЈКАТАСТРОФАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД УНЕСКО ЗА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН ДОСЕГА, НИШТО НЕ Е МРДНАТО

Уривањето на нелегалните објекти во Охридскиот регион рече недозволиво бавно, а мораториумот за градба беше полн со исклучоци и исто како да не беше донесен, се вели во извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, која го посети подрачјето во јануари минатата година. Заклучокот на катастрофалниот извештај на Мисијата е дека Охридскиот регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност.

„Инвентарот на нелегалните градби е чекор напред, но уривањето на нелегалните објекти тече премногу бавно, посебно во Северна Македонија. Мораториумот на сите урбани трансформации и промени на брегот кој беше препорачан во 2017 година беше воспоставен во август 2019 година, по двегодишно одложување, од општините Охрид, Струга и Дебрца во Северна Македонија. Но, одлуките на општините вклучуваат неколку исклучоци за бројни градежни активности, и со тоа се губи смислата на мерката. Мисијата смета дека мораториумот треба да биде построго спроведуван и исклучоците да бидат значително ограничени. Идеално, само обично одржување и работи поврзани со отпадните води треба да бидат вклучени во исклучоците и да се дозволи да продолжат, а сè друго треба да биде запрено додека не се направи комплетна проценка“, се вели во извештајот на 125 страни.

Мисијата заклучува дека дејствијата побарани уште во 2017 година не се комплетирани за да се адресираат ранливостите и заканите идентификувани тогаш, а како резултат на тоа не е запрена постепената ерозија на атрибутите, сè уште се развиваат проекти кои се закана, а Мисијата откри и нови закани.

„Затоа, евидентно е дека подрачјето е многу ранливо порaди значителни проблеми со менаџментот и лоша имплементација на законите. Ова доведе до несоодветни интервенции, негативни ефекти на урбаното планирање и предлози за големи проекти, кои резултираа со сериозно нарушување на урбанистичкото урбаниот, руралниот и природниот пејзаж, што пак предизвикува подрачјето да ги исполни условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност“, велат од Мисијата на УНЕСКО.

Пред да дојде Реактивната мониторинг мисија во јануари минатата година, УНЕСКО го објави најнеповолниот извештај за Охридскиот регион, во кој беше побарано отстранување на дивопоставените објекти вдолж брегот на Охридското Езеро и во заштитеното подрачје на градот, целосна забрана за градба, усогласување на урбанистичките планови со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, заштита на старата градска архитектура и отстранување на урбаната опрема околу значајните знаменитости во градот и сончевите колектори од куќите во Стар Град, меѓу другото.

Охридскиот регион е на листата на Светско наследство на УНЕСКО од 1979 година.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/najkatastrofalen-izveshtaj-od-unesko-za-ohridskiot-region-dosega-nishto-ne-e-mrdnato/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #847 Posted: 24-Jul-2021 at 10:26
УНЕСКО ЈА ОДЛОЖИ БЕЗ РОК ОДЛУКАТА ДАЛИ ОХРИД ДА СЕ СТАВИ НА ЛИСТАТА ЗАГРОЗЕНО СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска го одложи гласањето за тоа дали Охридскиот Регион треба да се стави на Листата на светско наследство во опасност, затоа што за оваа одлука немаше консензус меѓу делегациите што учествуваат на на 44-та седница на Комитетот во Фужоу, Кина. Делегацијата на Босна и Херцеговина поднесе амандмани на Предлог-одлуката, според кои се бара на Македонија и Албанија да им се даде уште 2 години за да постапат по препораките од УНЕСКО, па потоа да се одлучува дали Охридскиот Регион ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. На ова реагираше делегацијата на Норвешка, па гласањето беше прекинато.

Претседавачот со Комитетот на УНЕСКО, одлучи Комисијата за светско наследство, заедно со претставниците на Норвешка, Босна и Херцеговина, Бахреин и Русија на посебна средба да ги надминат несогласувањата за амандманите, но нема рок кога би требало да се одлучува за Охридскиот Регион.

Вчера, граѓанскиот сектор го повика УНЕСКО без одложување да го стави Охрид на листата на земји со загрозено наследство. Од граѓанската иницијатива Охрид СОС велат дека давање нова шанса за спроведување на препораките за заштита на природните богатства ќе значи продолжување на деградацијата на регионот и замижување пред реалната состојба.

„Мора да забележиме дека следејќи ги сесиите на 44. Седница на Комитетот за светско наследство, сведочиме многу разочарувачки потези од некои од делегациите, кои резултираат со усвојување на крајно изменети одлуки кои не ја одразуваат реалната состојба на добрата што се предмет на дискусија. Ваквите неодговорни предлог-измени на Босна и Херцеговина ќе донесат само штета и се закануваат да ја запечатат судбината на Регионот, за која Центарот веќе предупреди дека ‘се движи кон точка од која нема враќање’. Ќе ни помогне ли Босна и потенцијално другите ‘пријатели’ таа точка да ја достигнеме побрзо? Се надеваме дека делегациите во овогодинешниот Комитет нема да го следат овој предлог. И очекуваме Комитетот да биде доследен на Конвенцијата за светско наследство и да не дозволи уште една политичка одлука која ќе значи дозвола за уништување на Охридскиот Регион“, соопшти денеска Охрид СОС.

Во предлог-одлуката, која требаше да биде усвоена на состанокот стои: „Комитетот за Светско наследство одлучи да го впише Природното и Културното наследство на Охридскиот регион (Албанија, Северна Македонија) на Листата на Светско наследство во опасност. Комитетот за Светско наследство бара од двете земји да развијат детален стратешки план за санација и акциски план во фази поврзан со јасно дефинирани цели и исходи за да се ублажат заканите на краток и долг рок. Комитетот за Светско наследство, исто така, бара од двете држави, во консултација со Центарот за Светско наследство да развијат предлог за посакувана состојба на заштита која кога ќе биде постигната би се отстранил на Охридскиот Регион од Листата на Светско наследство во опасност, како и пакет на корективни мерки, вклучувајќи временски рокови за нивна имплементација“.

Претходно во предлог-одлуката се наведуваат причините за промената на статусот.

Комитетот е разочаран од наодите на Реактивната мониторинг мисија од 2020 година. Во врска со Македонија, Комитетот смета дека е направено премалку да се запре уништувањето на урбаниот и поширокиот пејзаж со несоодветни конзервација, реконструкција и развој. Комитетот е длабоко загрижен од заклучоците на Реактивната мониторинг мисија, која смета дека високите објекти близу до езерото, слабиот архитектонски квалитет на изграденото (посебно во поголемите градови Охрид, Струга и Поградец, но и долж брегот надвор од градовите), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежјето за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание на универзалната вредност на Охридскиот Регион.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/unesko-ja-odlozhi-bez-rok-odlukata-dali-ohrid-da-se-stavi-na-listata-zagrozeno-svetsko-nasledstvo/
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #848 Posted: 24-Jul-2021 at 10:54
Liverpul go izgubi statusot, toa e opomena deka e možno da se izgubi. Vo razgovor so Ohridjani, pretežno pomlada vozrast, baš im e gajle za UNESCO, neka se puštat kafanite da odat do srede ezero i neka teče zabavata
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #849 Posted: 24-Jul-2021 at 14:11


Затоа за такви работи треба да одлучуваат стручњаци, а не луѓе сретнати на улица.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #850 Posted: 25-Jul-2021 at 15:12
УНЕСКО ДАДЕ УШТЕ 2 ГОДИНИ РОК ЗА ОХРИД ДА ГО ЗАШТИТИ ПРИРОДНОТО НАСЛЕДСТВО

Охридскиот Регион уште 2 години нема да биде впишан на Листата на светски културни и природни наследства во опасност, откако Комитетот за светско наследство денеска одлучи Македонија и Албанија да добијат уште две години да ги исполнат препораките на УНЕСКО. Оваа одлука предвидува прецизна листа на обврски и временски рокови, како и строг надзор од УНЕСКО за исполнување.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлуката ја донесе попладнево на 44-та седница во Фужоу, Кина, по тридневни интензивни консултации на делегациите откако Норвешка и Австралија беа против предлогот Македонија и Албанија да добијат дополнитеен рок до 2023 за отстранување на проблемите кои ги загрозуваат универзалните вредности на Охридскиот Регион. Првичен предлог на Реактивната мисија беше Охридскиот Регион да се стави на Листата наследство во опасност, но тоа беше изменето завчера по амандманот предложен од Босна и Херцеговина.

„Остануваме впишани на престижната листа на УНЕСКО. Но, ако целото крајбрежје, целото културно наследство, ако нашите Охрид, Струга и Дебарца не се впишани во нашите срца, бадијала е впишувањето или отпишувањето од која било листа“, вели министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска.

На крајот на сесијата, министерот за животна средина Насер Нуредини му се заблагодари на Комитетот што ги препознал напорите на двете држави и што даде дополнителен период за целосно да се заврши започнатата работа и за целосна имплементација на добиените препораки.

„Задоволни сме што Охридското Езеро и регионот ќе добијат шанса да го одржат својот статус и во дадениот рок ќе имаме време да ја комплетираме заштитата на ова исклучително природно и културно наследство. Сепак, ова значи и дополнителна одговорност, така што сега е време навистина заедно да работиме и да осигураме дека во иднина нема пак да се најдеме во иста ситуација. Затоа, ги поканувам сите партии, приватниот сектор, локалната власт и граѓанските организации да соработуваат и да придонесат за заштитата на Езерото и на целиот регион“, рече Нуредини и додаде дека верува оти соработката за заштита на Охридскиот Регион ќе биде пример за регионална соработка.

Претставникот на Охрид СОС го осуди дадениот дополнителен рок од 2 години, и кажа дека со истата одлука во 2019 Комитетот на УНЕСКО придонесе Охридскиот Регион да има 2 години повеќе за бетон, ѓубре и загадување и дека и со оваа одлука ќе се случи истото.

Минитерката Стефоска вели дека оваа одлука е последен момент, последен аларм да се интензивираат активностите на сите засегнати страни со цел да се зачува статусот на Охридскиот Регион. Таа вели дека Комитетот со оваа одлука го препозна и уважи напредокот на Македонија и Албанија за зачувување и на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион. Таа вели дека со оваа одлука, Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на Регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство. Двете земји добиваат повеќе време за да ги исполнат препораките кои произлегуваат од реактивните мониторинг мисии и одлуките на Комитетот.

Покрај засилената конкретна соработка со Албанија, во периодот кој претстои, Стефоска вели дека се засилува соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери со цел соодветна рехабилитација и управување со Охридско-Струшкиот Регион.

Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2020 забележа дека е направено премалку да се запре уништувањето на урбаниот и поширокиот пејзаж со несоодветни конзервација, реконструкција и развој. Мисијата смета дека високите објекти близу до езерото, слабиот архитектонски квалитет на изграденото (посебно во поголемите градови Охрид, Струга и Поградец, но и долж брегот надвор од градовите), и несоодветната и претерана употреба на крајбрежјето за туристичка инфраструктура, имаат големо негативно влијание на универзалната вредност на Охридскиот Регион.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/unesko-dade-ushte-2-godini-rok-za-ohrid-da-go-zashtiti-prirodnoto-nasledstvo/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4009
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #851 Posted: 03-Nov-2021 at 14:32
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #852 Posted: 09-Nov-2021 at 20:41
Од овој агол ретко сме имале фотки:

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #853 Posted: 06-Jan-2022 at 16:33
Охрид за Нова година oд високо

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #854 Posted: 19-Feb-2022 at 12:00
Кон крајот на 1920-тите години, голем број на млади луѓе од целата територија на Кралството Југославија дошле да живеат и работат во Македонија, привлечени од добрата понуда на работа и егзотичноста на овој непознат регион од младото југословенско Кралство. Еден од нив е и хрватскиот фотограф Мирослав Бељан.

Бељан е роден во Загреб во 1909 година. Таму го научил фотографскиот занает, црпејќи знаења од напредните австриски и германски фотографски техники како и уметничките естетики на авандгардниот германски филм кој претставувал нешто најмодерно во уметноста во Европа од тоа време. Кон крајот на 1920тите години Бељан доаѓа во #Струга каде што соработува со македонскиот фотограф Ставре Попоски. На почетокот на 1930тите години отвора фотографски дуќан во Охрид, кој бил лоциран во близина до пансион-хотелот Белви крај Охридското Езеро. Во Охрид ја среќава и се венчава со својата љубов – Македонка , Охриѓанка која подоцна и самата работела како фотограф во Воената Болница. Го поминува целиот свој живот во Охрид каде што и починува во 1998 година.


Дуќанот на Мирослав Бељан во Охрид



https://www.facebook.com/artlexicon.mk/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14155
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #855 Posted: 08-Apr-2022 at 09:34


По повод 50-годишнината од изградбата на вонземската архитектура за бензиската пумпа „Билјанини извори“ во Охрид, каде член на тимот на проектот воден од архитектот Ѓорѓи Голев бил и дедо ми Идрис Сефиданис, за што добива Орден со сребрен венец од Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на 12.X.1978 г.


фесјсбук статус на Anis Sefidanis



Edited by Џоле - 08-Apr-2022 at 09:36
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 15007
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #856 Posted: 14-May-2022 at 13:42
УНЕСКО: Од покривите во Охрид треба да се отстранат клима-уредите!



До февруари 2023 година, по барање а УНЕСКО, жителите на стариот дел на Охрид, треба да ги отстранат или да постават на друго место, сите елементи што им се на крововите – од клима уреди,сончеви бољери, панели, сателитски антени.

УНЕСКО и сите закони кои ги имаме тука за заштитеното старо градско јадро укажуваат на тоа вие и да имате клима, треба да биде поставена некаде каде нема да се гледа.На многу од нив има поставено панели,сончеви бољери.Сите тие се забранети и не треба да бидат таму“, изјави Миште Туткоски-директор на Завод и музеј Охрид

Станува збор за повеќе стотици вакви нелегално поставени елементи, а голем е бројот и на доградби, бесправно изградени настрешници, гаражи, зидови, велат од музејот.

„Ние вршиме увид и реагираме и пуштаме пријави до Управата за културно наследство.Меѓутоа нема никаква разрешница да бидам искрен. Понатаму тие пуштаат инспекциски надзори.Во нивните решенија, тие можат да им укажат, да им изречат казни, задолженија да ги отстранат тие елементи.Но ете не мислам дека се спроведуваат до крај сите задолженија кои ги добиваат граѓаните“, изјаи Мише Туткоски- директор на Завод и музеј Охрид

За ситуацијата во која се наоѓа охридскиот регион, постои голема загриженост.

„Цела Македонија, комплетно со власт и влада гледа што се случува во Охрид и градби и дивоградби. И мора да се испочитува она што УНЕСКО го бара. Ова е град на УНЕСКО, град на Свети Климент и тој примат треба да се задржи, а не да се задржи приматот на одредена групација на луѓе, за лични интереси од кои граѓаните на Охрид бенефит не гледаме“, изјави Никола Иванчиќ-сопственик на агенција за недвижнини

Охрдиките власти досега успеваа да ја пролонгираа одлуката на УНЕСКО, Охрид да не се најде на листата на загрозени подрачја, но Постои страв дека поради краткиот рок кои институциите го имаат на

УНЕСКО, исто така бараше да се запре со нелегалната градба и да се реши проблемот со загадувањето на езерото.

Постои страв дека поради краткиот рок кои институциите го имаат на располагање за решавање на сите поставени задачи од страна на УНЕСКО, Охрид може да се најде на листата на загрозени подрачја под негова заштита, веќе следната година. /

https://alsat.mk/mk/unesko-od-pokrivite-vo-ohrid-treba-da-se-otstranat-klima-uredite/
Carpe diem
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #857 Posted: 15-May-2022 at 21:06
Ајдеее, а кај да ги стават?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 414243

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.320 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.